Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.42 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Љубчо Георгиевски најави враќање или политичко самоубиство?
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(11-08-2012, 12:25 AM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 480829_10151083322598758_876286186_n.jpg]

Вака мафијашите си праќаат пораки? Icon_mrgreen

11-08-2012, 06:19 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

(11-08-2012, 06:19 PM)acko Wrote:
(11-08-2012, 12:25 AM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 480829_10151083322598758_876286186_n.jpg]

Вака мафијашите си праќаат пораки? Icon_mrgreen

Ako ste vo moznost postirajte go tekstot od vnatresnosta vo Fokus ,povrzana so fotografijata. Ke da e povrzana so glasini sto izlegoa za nastani vo septemvri.
11-08-2012, 06:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Image3.jpg]

[Image: Image00011-1.jpg]

12-08-2012, 05:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Image00021.jpg]

[Image: Image00031.jpg]
13-08-2012, 01:06 AM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0

08-09-2012, 11:07 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(08-09-2012, 11:07 PM)Kasandar Wrote:

Bravo Љубчо Георгевски е единствен македонски политичар кои ги кажува отворено и искрено болните вистини за македонските состојби. Но, мислам дека го чита и КОТЛЕ, зошто , скоро, сите негови мисли и констатации се искажани ставови на Христо...што е , дефинитивно, добро за Македонија. Е, сега, не ги спомна службите и врската со Србија, но затоа тој е Љубчо а јас сум Христо.

10-09-2012, 09:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: ljubco1-10.jpg]
10-11-2012, 03:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Ljupcho1-11.jpg]

10-11-2012, 03:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Ljupcho1-12.jpg]
10-11-2012, 03:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Георгиевски - ВМРО-ДПМНЕ стана сопствена карикатура

Ако се бара личен мотив за пресметка со Груевски, тогаш лично ја сфаќам новата идеја за ВМРО-ДПМНЕ, партијата која сум ја формирал во деведесетите денеска стана сопствена карикатура, вели лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Георгиевски, новоформираната коалиција отвори многу различни размислувања, меѓутоа ниедно од нив не води многу далеку од личниот интерес. Имате ли и други аргументи кои веќе не сме ги чуле зошто влеговте во ваква коалиција?

Мислам дека многу пати во мојата политичка кариера го имам дадено примерот дека за мене политиката е повеќе од личниот интерес и можеби во поглед на македонските политичари за тоа сум карактеристичен. Еднаш кога си дадов оставка од местото потпретседател на Претседателот на Македонија, вториот пат кога се повлеков од местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ и сега влегувам во една коалиција која личи на непринципиелна коалиција, затоа што нашите битки со господинот Црвенковски се добро познати на македонската јавност, и токму затоа кажувам дека во оваа коалиција не бараме ништо за мене како политичар и мојата намера во таа насока е многу основна - еден повик, еден крик и еден апел да кажам дека Македонија оди во тотално погрешен правец по сите три или четири основни елементи на суштествувањето на една држава, тоа е демократијата, тоа е меѓународната политика, тоа е економската состојба, а за жал во последно време и мултиетничките состојби во Македонија. Сметам дека владата која денес ја води Република Македонија, не само што води погрешна политика, туку таа го трасира патот на нашата држава кон една поголема катастрофа и тоа се единствените мотиви.

Ве држи ли некој личен мотив за пресметка со Груевски?

Ако зборуваме за лично, можам да кажам дека личниот мотив за пресметка е се уште поголем кон самиот Црвенковски, отколку кон господинот Груевски. Ако има нешто лично, без сомнение лично ја сфаќам новата идеја за ВМРО-ДПМНЕ, партијата која сум ја формирал во деведесетите денеска стана сопствена карикатура. Јас сметам дека денешното ВМРО, тоа може да го доживеете и како личен и како политички одговор, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ е мој личен пораз, тоа е иделологија којашто не постои, тоа е партија која лажно се претставува и едноставно се чувствувам одговорен таа позиција на ВМРО-ДПМНЕ да ја разобличувам до крај.

Програмата за изборите ќе ја пишувате сами или заедно со коалиционите партнери?

Програмата без сомнение ќе ја пишуваме заедно, при што граѓаните не треба да очекуваат некој спектакуларен текст од 150 или од 300 страни програма, затоа што такви програми имаме кај преродбата, така што таму може да се прочитаат многу работи кои никогаш нема да се остварат. Целта на програмата ќе биде во тие точки, во нешто што не обединува заеднички, а вториот момент е секој градоначалник треба да си направи своја програма, затоа што една е специфичноста за Скопје, друга за Охрид или Радовиш. Оној кој ќе биде градоначалник треба да ја даде конкретната визија за конкретното место или град.

А на ниво на партии останува единствената програма да се урне Груевски од власт?

Не, на ниво на лидери ќе остане програмата да ја вратиме демократијата и демократските принципи во Република Македонија, да излезе Македонија од оваа меѓународна изолација, да се постават темелите на една здрава економија и да се престане со ова нерационално задолжување, за уште понерационални проекти, да ја разобличиме оваа нова мултиетничка тензија која никому не му е потребна. Тоа ќе бидат основните политички постулати за кои сметам дека не се малку, затоа што се суштински.

Задоволни ли се од вашите изгледи како партија, како ВМРО Народна?

Јас сметам дека сме подготвени, мислам дека во секој случај ова е еден фер договор, ние сметаме дека оваа коалиција не е од долг и стратешки карактер, значи ова коалиција е за еден, два изборни циклуси, за локални, парламентарни евентуално претседателски избори и целта на оваа коалиција е да се создадат здрави и нормални демократски услови каде што повторно ќе се разделиме и ќе се бориме понатаму. Мене ми е многу мило што делот на нашата четворна коалиција што беше пред овој Сојуз на иднината, стои многу стабилно. И нашата првична идеја беше четворната коалиција, заедно ние, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство да настапуваме сами, меѓутоа гледајќи ги условите во кои не можеме да работиме дојдовме и до ова решение. Сметам дека оваа коалиција може да биде нешто што подолготрајно може да функционира во Република Македонија, како нешто што би го нарекле трет пат.

Мислите дека таа коалиција може да го реши спорот за името?

Во оваа коалиција по прашањето за спорот за името има различни ставови, има потврди ставови, има помеки ставови. Позицијата на ВМРО-Народна партија е најотворена, најлиберална по тоа прашање. Ние тоа прашање досега не сме го отворале, ниту пак сакаме да си го наметнуваме прашањето едни на други што треба да правиме и јас во таа насока можам да зборувам само за позицијата на ВМРО-Народна партија, затоа што прашањето е премногу специфично. Нашата позиција по тоа прашање е многу јасна, дваесет години се занимаваме со оваа работа, дваесет години гледаме дека не можеме да го решиме проблемот на овој начин. Македонија не може да се дозволи уште 20 или уште 40 години да се влече во оваа состојба и за мене ситуацијата е јасна. Не е во прашање само позицијата на Грција, тука е позицијата на сите земји членки на ЕУ и позицијата на сите членки на НАТО. И НАТО и ЕУ денеска ни велат – компромисот со името е прашање број еден кое треба да го затворите. Јас многу пати по тоа прашање отворено зборувам и сега сметам дека оној политичар кој сака одговорно да се однесува кон својата држава, треба храбро да влезе во решавањето на овој проблем. Манипулацијата со името значи нешто рејтинг повеќе, уште еден изборен циклус, меѓутоа ја водите Македонија на патот на катастрофата.

Од друга страна велите дека прашањето стои 20 години, а токму и вие и господинот Црвенковски бевте во позиција да го решите.

Јас и јавно сум преземал дел од одговорноста, меѓутоа можеби јас сум единствениот премиер кој направил некаков обид за решавање на името, но тогаш најголем дел од медиумската јавност не беше спремна за такво решение. Мене ми е жал што не ми беше дозволено на некој начин да влезам похрабро во завршување на тој процес и покрај тоа што јас можам да ви кажам дека тогаш ништо не зависеше од името, ниту процесите на евро-атланската интеграција. Јас ќе ве потсетам дека тогаш ниту Бугарија, ниту Романија беа членки ниту на НАТО, ниту на ЕУ, кога јас сакав да го решиме тој проблем.

Кои се вашите црвени линии ви поглед на решавањето на спорот за името?

Црвените линии се оние кои досега се добро исцртани - македонскиот јазик, прашањето на македонската нација. Иако кога ќе го отворите прашањето на македонската нација се поставува прашањето што значи име на држава, што значи нација. Основната работа од којашто треба да се почне е што владата на Република Македонија конечно треба да пресече за кое име разговара, за која додавка, дали за Горна или за Северна.

Се сеќавам на ваши изјави во кое велевте дека Бугарија не може да ни застане на патот кон евроинтеграциите, меѓутоа како што гледате во последните месеци се случува и тоа. Како го коментирате сето тоа?

Кога сум ја дал таа изјава состојбите меѓу Македонија и Бугарија биле на толку добро ниво кадешто не можел човек ни апстрактно да помисли дека Бугарија може еден ден да ја блокира Македонија, меѓутоа како што одат работите, бидејќи сите не претркуваат, значи најверојатно и Албанија и Србија ќе влезат пред нас во ЕУ, еден ден може да ни се случи и Косово да влезе во ЕУ пред нас, така што најверојатно ќе бидеме сведоци сите тие држави да ни поставуваат сопствени услови, затоа што очигледно ќе останеме на крајот на возот, според начинот на кој го решаваме проблемот.

А што се однесува до самата конкретност со Бугарија, мене ми е жал што оваа влада која денеска постои во Република Македонија во својата надворешна политика буквално ја преслика политиката на Македонија од времето на комунизмот, но не од оној комунизам во последните пет или 10 години, туку оној комунизам од седумдесетите години. Ние очигледно во овој момент сме отворени само кон северниот сосед и тоа максимално сме отворени без црвени линии и без граници, а сме затворени за сите други соседи. И не знам до каде ќе оди тој развој на оваа конфронтација, меѓутоа се плашам дека има уште простор каде македонската политика може да се развива во конфронтација.

Како што велите и самиот се уште голем предизвик за државата остануваат меѓуетничките односи, меѓутоа вие не се покажавме многу вешт во нивното разрешување, освен тоа се уште постојат тие контроверзни тези што ги изнесувавте во јавноста за размена на територии. Каков е сега вашиот поглед на овој се уште голем предизвик за државата?

Веќе нема проект размена на територии, сега има учете албански јазик ако сакате да имате иднина во Република Македонија. Тоа го зборувам неколку пати, тоа го зборувам и симболично, меѓутоа сметам дека и релано е така. Мислам дека еден од најголемите хендикепи на македонскиот народ во оваа заедничка држава е што Албанците ни го знаат јазикот, а ние не им го знаме. Тоа е реалноста. Ние мора да се навикнеме да живееме со Албанците, ние мора да се однесуваме многу потолерантно, ние мора да знаеме дека секој споменик изграден на лажна приказна прави иритација кај Албанците и за жал не прави иритација само кај Албанците. Јас сметам дека ние ги изгубивме Торбешите, Македонците Муслимани, во моментот кога почнавме да ја раскажуваме приказната за античка Македонија, затоа што и тие се најдоа негде навредени во таа приказна. Мислам дека полека, полека ќе ги изгубиме сите внатре етнички заедници раскажувајќи приказни за нашето славно измислено минато, а притоа не гледајќи дека демографијата не топи како народ и како нација. Едноставно сметам дека ние живееме во една хипноза и колку побргу се разбудиме од таа хипноза ќе ни биде подобро.

Во тој контекст дали мислите дека мислите дека би придонела за општата стабилност да се приклучи една партија од албанскиот блок во предизборната коалиција.

Апсолутно, тоа е и дел од нашиот нов имиџ, сметаме и Црвенковски и јас дека за нас беше идеално да влезе и една албанска партија во нашиот блок , за да демонстрираме една нова демократска, но и мулти-етничка реалност во Република Македонија. Тие обиди од наша страна не се затворени се уште, ние правиме обиди тоа да се реализира и верувајте дека ако тоа не се случи, нема да бидеме ние криви, затоа што нашата толерантност по тоа прашање е многу, многу голема.

По традиција очекуваме на изборите да чуеме различна реторика, по правило многу жестока. Имате ли информации коишто може да го искомпромитираат актуелниот премиер и кои ќе ги употребите против него во предизборната кампања?

За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска раководат со него, знам многу лични работи и многу пикантерии, меѓутоа не сакам и не е тоа мој стил и не сакам да одам во таа насока, освен ако директно не бидам нападнат и тогаш ќе мора да вратам со конкретни настани. Ќе ве потсетам за жал само на еден последен напад на господинот Бошковски, кога се обиде да ме нападне, па враќањето мислам му беше многу непријатно.
18-11-2012, 02:45 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

So sigurnost Ljubco e onoj fotorobot po koj tragaat nekolkumina vojni stratezi od doma so onie od sever.B.C si ja zavrsi svoja misija.
Po povlekuvanje na Ljubisav koj toa ne bi go storil i po cena na zivot ama zort, preku eden mnogu nizok metod ,go eliminiraa i mediumskiot guru na ova vlast koj se rasiri vo forma i obilk latasmanija.
I nego go pustja niz voda.Spekulacii velat deka i Sase Ivanovski u Politiko po nastap na Z.Ivanov nekogas socijalist i negov napad deka ovde se igra Srpsko ,zavrsi vekot na Politiko.
p.sSokoli sto sovet donese Mesic u Tetovo?
18-11-2012, 07:14 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Љубчо Георгиевски не се дава лесно:

Quote:Георгиевски се заканува: Знам пикантерии за врвот на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е мој личен пораз, тоа е идеологија која што не постои, вели во интервјуто за Слободна Европа, Љупчо Георгиевски

За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска раководат со него знам многу лични работи и многу пикантерии, меѓутоа не сакам и не е тоа мој стил и не сакам да одам во таа насока, освен ако директно бидам нападнат и тогаш ќе мора да вратам со конкретни настани. Ќе ве потсетам за жал само на еден последен напад на господинот Бошкоски, кога се обиде да ме нападне, па враќањето мислам му беше многу непријатно.

Ова, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, го вели лидерот на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, на прашањето дали има информации што може да го компромитираат актуелниот премиер и дали ќе ги употреби против него во предизборната кампања.

Во интервјуто поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер вели дека ако се бара личен мотив за пресметка со Груевски, тогаш лично ја сфаќа новата идеја за ВМРО-ДПМНЕ, партијата која тој ја формирал во деведесеттите, а која денеска стана сопствена карикатура.

„Ако зборуваме за лично, можам да кажам дека личниот мотив за пресметка е се' уште поголем кон самиот Црвенковски, отколку кон господинот Груевски. Но, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ е мој личен пораз, тоа е идеологија која што не постои, тоа е партија која лажно се претставува и едноставно се чувствувам одговорен таа позиција на ВМРО-ДПМНЕ да ја разобличам до крај“, вели Георгиевски.

На прашањето дали мисли оти опозициската коалиција, на која сега и припаѓа и неговата партија, може да го реши спорот за името, тој одговара:

„ Во оваа коалиција по прашањето за спорот за името има различни ставови, има потврди ставови, има помеки ставови. Позицијата на ВМРО-Народна партија е најотворена, најлиберална. Таа е многу јасна, дваесет години се занимаваме со оваа работа, дваесет години гледаме дека не можеме да го решиме проблемот на овој начин. Македонија не може да си дозволи уште 20 или уште 40 години да се влече во оваа состојба и за мене ситуацијата е јасна. Јас многу пати по тоа прашање отворено зборувам и сега сметам дека оној политичар кој сака одговорно да се однесува кон својата држава, треба храбро да влезе во решавањето на овој проблем. Манипулацијата со името значи нешто рејтинг повеќе, уште еден изборен циклус, меѓутоа ја водите Македонија на патот на катастрофата“, вели Георгиевски. (П.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C811E...3C9DD5A00A
19-11-2012, 03:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-11-2012, 02:45 PM)ЈорданПетровски Wrote: По традиција очекуваме на изборите да чуеме различна реторика, по правило многу жестока. Имате ли информации коишто може да го искомпромитираат актуелниот премиер и кои ќе ги употребите против него во предизборната кампања?

За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска раководат со него, знам многу лични работи и многу пикантерии, меѓутоа не сакам и не е тоа мој стил и не сакам да одам во таа насока, освен ако директно не бидам нападнат и тогаш ќе мора да вратам со конкретни настани. Ќе ве потсетам за жал само на еден последен напад на господинот Бошковски, кога се обиде да ме нападне, па враќањето мислам му беше многу непријатно.

Quote:ПРЕТПОСЛЕДНА СТАНИЦА

И на оваа игранка ќе задоцниме

„Потребно е само едно интервју во кое тој (Љубчо Георгиевски) ќе ја дораскаже приказната за тоа дека не познава политичар кој не примил кеш. Да земе и да раскаже дел од партиските тајни, но не за оној грев Додовски и ВМРО-НП, туку за неговото ВМРО-ДПМНЕ додека тој беше на чело. Та не биле политичари само Ламбе, Војо и Далавера, кои биле и останале единствени „чувари на партиските тајни“. Па, најверојатно и некој друг се погрижил за некое спонзорство, а сега с` уште е во владејачката партија. За тоа ќе добие поддршка тука, дома, а особено од надвор. И со тоа ќе покаже дека неговите пионерски идеи за македонска држава, за македонски пари, за македонска фудбалска репрезентација биле искрени. Затоа што и според него, сега тие идеи се и најзагрозени. Повеќе отколку и во 1992. За тоа вреди да се саможртвува.

Па повели, Војводо.

А денес, по интервјуто за „Слободна Европа“ станува сосема јасно дека состојбите во оваа држава може да станат многу порозови доколку инкубаторот на сите оние птици што не можат да полетаат, едноставно одлучи да ги врати во состојбата на сматок. Љубчо Георгиевски кажува дека знаел многу пикантерии за сите нив додека ги испилувал. Арно ама, како и секоја мајка, макар и техничка, не било негов стил за тоа да зборува. Демек ако они почнеле, и тој имал што да каже. Kаква перверзија. Човекот кој кажува дека оваа држава оди по сите основи во погрешен правец, решил да стане опозиционер, ама со стил. Откако им се закани и си обезбеди по којзнае кој пат сигурност само за себе, храбро и беспоштедно решил да влезе повторно во политичка битка за да ја спаси државава само заради нас, смртниците. Човекот не барал никаква функција, само сака да се држи до својот стил. А нема збор дека во овие времиња стилот ни е извонредно важен."

Kире НАУМОВ

BravoBravoBravo
(This post was last modified: 22-11-2012, 12:38 AM by ЈорданПетровски.)
22-11-2012, 12:37 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(22-11-2012, 12:37 AM)ЈорданПетровски Wrote:

Јордане, да го подржеше г-от Кире Наумов со само едно “ браво“, веројатно не би ти одговорил, но подржување со три “ браво“ ми е претерано. Значи, му аплаудираш со две раце, и тоа долго, што пак, може да доведе до вцрвенување на рацете, што некој може да го протолкува како заземање страна кон “ црвените“. Што, всашност, бара Кире Наумов од Љубчо Георгиевски, за да овој се докаже како вистински македонски патриот и поборник за независна Македонија? Бара да ги открие сите тајни во вмровскиот свет помеѓу 1998-2002 година, а можеби и покасно, па така да се оголи оваа актуелна власт, па опозицијата гордо и невино да заседне на владеачкиот трон, на чело со Бранко Црвенковски. Е, сега, за жртвата ( веројатна) што треба да ја даде и поднесе Љубчо Георгиевски, овој опозиционер не води сметка. Впрочем, кој во оваа земја веќе го спомнува Љубе Бошковски! Нели и тој зборуваше за големиот криминал кој би се докажал после, евентуална, победа на опозицијата на минатите парламентарни избори. Знаеш каде е сега тој? И кој во РМ се претргнува од судбината на Љубе? Само неговата фамилија и тесниот круг на партиските следбеници. Кире Наумув, најверојатно, мува не го лази за судбината на Љубе. Исто, ако , евентуално, Љубчо Георгиевски се одважи да ги издаде сите партиски тајни и во дуел остане поразен и ја сподели судбината на Љубе, кој во оваа жална Македонија ке жали за тоа, сем неговото семејство и група верни луѓе околу него! Тоа , пак, веројатно, ке овозможи на опозицијата на чело со Бранко, неколку скали да се доближи до тронот. Но, кој е Кире Наумов, за да бара таква жртва од Љубчо Георгиевски? Дали е тој независен новинар кој сака правда да излезе на светло на денот? Дали е тој обичен граѓанин кој сака да живее во попристојна држава, па бара од политичарите да дадат се од себе на тој пат? Дали тој живее во дијаспора, па е загрижен и вчудоневиден од постапките на македонските политичари, па бара од нив повеќе доблест? Не, ништо од тоа. Кире Наумов е член и активиста на СДСМ, човек од најголема доверба на Бранко Црвенковски. Инаку, како би станал тој прв човек на Агенцијата за разузнување во време на власт на СДСМ ( 2002-2006), каде Бранко Црвенковски е бил алфа и омега! Е, сега, друго. Киро Наумов е бил на таква позиција да знаел многу работи, кои не се за кажувања ( по , се уште, важечки непишани стандарди во РМ). Сигурно знае многу од валканиот веш и на Бранко Црвенковски и на луѓе блиски до него. Зарем мислиш, дека бранковците чесно го истерале својот мандат? Дека тие немаат валкан веш, што би можело да се искористи за проветрување во СДСМ, и правење на една почиста и покредибилитетна опозиција која, навистна, ке има шанса да се спротистави на оваа власт? Но, Кире Наумов не сака ТОЈ да даде таква жртва, тој бара од други. А, тој ке глуми мек опозиционер, кој ке се чува, нели, за некој нова функција , ако СДСМ дојде на власт. Еве, како се “ бори“ храбриот Кире Наумов за опозициската кауза. Па, тетка ми ( има 80 години и е сенилна) да добила шанса да учествува во дебатната емисија на Миленко Неделковски на Канал 5, похрабро би дебатирала.
На крај, што навистина кажа Љубчо Георгиевски во интервјуто? Кажа: “ За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска раководат со него, знам многу лични работи и многу пикантерии“. Значи, лични работи и пикантерии, кои сите ние во животот, повеќе или помалку, ги имаме. Не за нивниот потенцијален криминал, туку само лични нешта. Треба да си “ѓубре“, па такви работи да откриваш за блиски луѓе ( макар, подоцна и оддалечени) за да реализираш некој политички бенефит. Љубчо само предупреди, дека во некој момент каде неговота право да искажува слободно свои политички ставови биде загрозено, ке потегне по таа одбранбена алатка.
А, еве, една од дебатните емисии да го видите како Кире Наумов “ гине“ за Македонија:

22-11-2012, 09:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(22-11-2012, 09:38 AM)hristo Wrote: Јордане, да го подржеше г-от Кире Наумов со само едно “ браво“, веројатно не би ти одговорил, но подржување со три “ браво“ ми е претерано. Значи, му аплаудираш со две раце, и тоа долго, што пак, може да доведе до вцрвенување на рацете, што некој може да го протолкува како заземање страна кон “ црвените“. Што, всашност, бара Кире Наумов од Љубчо Георгиевски, за да овој се докаже како вистински македонски патриот и поборник за независна Македонија? Бара да ги открие сите тајни во вмровскиот свет помеѓу 1998-2002 година, а можеби и покасно, па така да се оголи оваа актуелна власт, па опозицијата гордо и невино да заседне на владеачкиот трон, на чело со Бранко Црвенковски. Е, сега, за жртвата ( веројатна) што треба да ја даде и поднесе Љубчо Георгиевски, овој опозиционер не води сметка. Впрочем, кој во оваа земја веќе го спомнува Љубе Бошковски! Нели и тој зборуваше за големиот криминал кој би се докажал после, евентуална, победа на опозицијата на минатите парламентарни избори. Знаеш каде е сега тој? И кој во РМ се претргнува од судбината на Љубе? Само неговата фамилија и тесниот круг на партиските следбеници. Кире Наумув, најверојатно, мува не го лази за судбината на Љубе. Исто, ако , евентуално, Љубчо Георгиевски се одважи да ги издаде сите партиски тајни и во дуел остане поразен и ја сподели судбината на Љубе, кој во оваа жална Македонија ке жали за тоа, сем неговото семејство и група верни луѓе околу него! Тоа , пак, веројатно, ке овозможи на опозицијата на чело со Бранко, неколку скали да се доближи до тронот. Но, кој е Кире Наумов, за да бара таква жртва од Љубчо Георгиевски? Дали е тој независен новинар кој сака правда да излезе на светло на денот? Дали е тој обичен граѓанин кој сака да живее во попристојна држава, па бара од политичарите да дадат се од себе на тој пат? Дали тој живее во дијаспора, па е загрижен и вчудоневиден од постапките на македонските политичари, па бара од нив повеќе доблест? Не, ништо од тоа. Кире Наумов е член и активиста на СДСМ, човек од најголема доверба на Бранко Црвенковски. Инаку, како би станал тој прв човек на Агенцијата за разузнување во време на власт на СДСМ ( 2002-2006), каде Бранко Црвенковски е бил алфа и омега! Е, сега, друго. Киро Наумов е бил на таква позиција да знаел многу работи, кои не се за кажувања ( по , се уште, важечки непишани стандарди во РМ). Сигурно знае многу од валканиот веш и на Бранко Црвенковски и на луѓе блиски до него. Зарем мислиш, дека бранковците чесно го истерале својот мандат? Дека тие немаат валкан веш, што би можело да се искористи за проветрување во СДСМ, и правење на една почиста и покредибилитетна опозиција која, навистна, ке има шанса да се спротистави на оваа власт? Но, Кире Наумов не сака ТОЈ да даде таква жртва, тој бара од други. А, тој ке глуми мек опозиционер, кој ке се чува, нели, за некој нова функција , ако СДСМ дојде на власт. Еве, како се “ бори“ храбриот Кире Наумов за опозициската кауза. Па, тетка ми ( има 80 години и е сенилна) да добила шанса да учествува во дебатната емисија на Миленко Неделковски на Канал 5, похрабро би дебатирала.

Ги следам ама не 100% емисиите на Миленко а со тоа и настапите на Кире. Кире барем на мене ми остава впечаток на човек кој сепак вистината ја става пред итересите на партијата, односно лидерот. Направи споредба помеѓу него и СДСМ-оските талибанци Фрчко, Трајаноски, Милжин, Најче, ... нема споредба.
Но да се вратиме на битното, на Кире, Љупчо да проговори "за сите нив додека ги испилувал". Кире не бара Љупчо да зборува за период 1998-2002 година, туку за периодот пред тоа. Периодот пред тоа е период кога Љупчо е купен од УДБа. Да проговори за улогата на Змејко, Доста, Мане, Далаверски, Филип,....посебно за улогата на Јаначковиќ.
Да не барам постари мои постови за да ти покажам дека барањето Љупчо да проговори за неговата замешаност во УДБИЗАЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ е поставувано и од мене и од ГРУПАЦИЈАТА и тоа одамна.
Во мојот последен контакт со Љупчо 2007 година, од него добив ветување дела кога ке биде надвор од Македонија ке ме побара повторно и ке разговараме за детали за обзнанувањето.
Инаку твојот став дека се бара жртва од Љупчо воопшто не држи. Тој е злосторникот, на негови плеки има премногу вина. Вина што УДБа е посилна после неговото владеење. Вина што ја имаме рамковна Македонија, односно вина за поразот во војната 2001 година.
За да ти ја дообјаснам вината докрај за поразот во војната ке ти наведам само еден сегмент. Додека Албанците плаќаа врвни инструктори од САД, Англија за да ги обучуваат, Љупчо ги ангажираше Аркан и Легија за да ги обучуваат неговите, какви беа квалитетите на Аркан и Легија се виде во Хрватска и Босна.
22-11-2012, 11:49 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(22-11-2012, 11:49 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Ах бе Јордане, ме насмеа. Од човек кој бил кадар на Бранко Црвенковски и кој бил на функција директор на Агенција за разузнавање ( 2002-2006) правиш јунак во борба поротив присаство и замешателство на УДБА во македонските работи. При што како главен и центар на удбината активност го ставаш Љубчо Георгиевски!? Му ставаш во уста и мисла на Кире Наумов, што тој ниту го кажа ниту го мисли. Неговото барање од Љубчо Георгиевски е да искаже што знае за врвните луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кога биле тие власт, или лични работи со кои полесно тие ке се дискредитираат. Кире не го интересираат луѓе од тип на “Змејко, Доста, Мане, Далаверски, Филип,...“ кои не се сегашна власт или се минорни фигури на оваа власт, ниту пак разобличување на улогата на УДБ-а во РМ. Кире има тековен интерес да се оголи оваа власт, како би СДСМ дошол полесно на власт. Точка. Да имаше Кире волја и доблест да ги обеледенува работите како што ти посакуваш, тој други прикаски ке ни кажува.

23-11-2012, 11:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(23-11-2012, 11:29 AM)hristo Wrote:
(22-11-2012, 11:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: Ги следам ама не 100% емисиите на Миленко а со тоа и настапите на Кире. Кире барем на мене ми остава впечаток на човек кој сепак вистината ја става пред итересите на партијата, односно лидерот. Направи споредба помеѓу него и СДСМ-оските талибанци Фрчко, Трајаноски, Милжин, Најче, ... нема споредба.
Но да се вратиме на битното, на Кире, Љупчо да проговори "за сите нив додека ги испилувал". Кире не бара Љупчо да зборува за период 1998-2002 година, туку за периодот пред тоа. Периодот пред тоа е период кога Љупчо е купен од УДБа. Да проговори за улогата на Змејко, Доста, Мане, Далаверски, Филип,....посебно за улогата на Јаначковиќ.
Да не барам постари мои постови за да ти покажам дека барањето Љупчо да проговори за неговата замешаност во УДБИЗАЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ е поставувано и од мене и од ГРУПАЦИЈАТА и тоа одамна.
Во мојот последен контакт со Љупчо 2007 година, од него добив ветување дела кога ке биде надвор од Македонија ке ме побара повторно и ке разговараме за детали за обзнанувањето.
Инаку твојот став дека се бара жртва од Љупчо воопшто не држи. Тој е злосторникот, на негови плеки има премногу вина. Вина што УДБа е посилна после неговото владеење. Вина што ја имаме рамковна Македонија, односно вина за поразот во војната 2001 година.
За да ти ја дообјаснам вината докрај за поразот во војната ке ти наведам само еден сегмент. Додека Албанците плаќаа врвни инструктори од САД, Англија за да ги обучуваат, Љупчо ги ангажираше Аркан и Легија за да ги обучуваат неговите, какви беа квалитетите на Аркан и Легија се виде во Хрватска и Босна.

Ах бе Јордане, ме насмеа. Од човек кој бил кадар на Бранко Црвенковски и кој бил на функција директор на Агенција за разузнавање ( 2002-2006) правиш јунак во борба поротив присаство и замешателство на УДБА во македонските работи. При што како главен и центар на удбината активност го ставаш Љубчо Георгиевски!? Му ставаш во уста и мисла на Кире Наумов, што тој ниту го кажа ниту го мисли. Неговото барање од Љубчо Георгиевски е да искаже што знае за врвните луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кога биле тие власт, или лични работи со кои полесно тие ке се дискредитираат. Кире не го интересираат луѓе од тип на “Змејко, Доста, Мане, Далаверски, Филип,...“ кои не се сегашна власт или се минорни фигури на оваа власт, ниту пак разобличување на улогата на УДБ-а во РМ. Кире има тековен интерес да се оголи оваа власт, како би СДСМ дошол полесно на власт. Точка. Да имаше Кире волја и доблест да ги обеледенува работите како што ти посакуваш, тој други прикаски ке ни кажува.

Да разјасниме првин околу тоа кое и колку време Кире Наумов бил во Агенцијата и како заминал од таму.

-Кире Наумов Од 21 јули 2006 година до 29 август 2007 година ја извршува функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.

-Првиот разузнавач Кире Наумов поднесе оставка

Кире јасно вели: "за сите нив додека ги испилувал"
"Деца" кои ги испили Љупчо се: Мане, Филип, Змејко, Далаверски и тие воопшто не се минорни фигури во оваа власт.
Груевски не е ИСПИЛЕН од Љупчо, многумина велат дека во владата е дојден како кадар на ДА. За функцијата председател на ВМРО ДПМНе е наметнат од Мане а каде е Мане таму се Доста и Керим.

Љупчо, беше запознат што подготвува УДБа уште 1997 година, во деновите пред да се случи "РАСКОЛОТ", лажниот судир на "македонисти" и "бугарофили", односно увертирата за несметан влез на УДБа во врвот на партијата и конечно купување на Љупчо.

Ако проговори Љупчо тоа ке значи крај на политичката кариера за: Црвенковски, Фрчковски, Груевски, Спасов, Бучковски, Костов, Трајанов, ... и луѓето од тесното нино опкружување.

Кире ниту ги знае деталите за игрите ниту има докази за тоа, затоа е излишно да се бара од него да зборува за работи кои се случувале седум осум години пред да биде назначен за директор на Агенцијата.
23-11-2012, 04:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Емисијата „Политико“ на Саше Ивановски, од петок, ќе се емитува на радио Канал 77.

Прв гостин на новата фреквенција ќе му биде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Емисијата ќе се емитува по вестите во 17 часот.

На својот Фејсбук профил, Саше најави дека Георгиевски „ќе има можност да одговори на нападите упатени кон него од провладини паразити“.

http://www.sky.mk/index.php/makedonija/3...georgievsk
04-12-2012, 09:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-12-2012, 09:05 PM)hristo Wrote: Емисијата „Политико“ на Саше Ивановски, од петок, ќе се емитува на радио Канал 77.

Прв гостин на новата фреквенција ќе му биде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Емисијата ќе се емитува по вестите во 17 часот.

На својот Фејсбук профил, Саше најави дека Георгиевски „ќе има можност да одговори на нападите упатени кон него од провладини паразити“.

http://www.sky.mk/index.php/makedonija/3...georgievsk

Саше е паразит на ЦРВЕНИТЕ КМЕРИ. Помеѓу него и Јанко разликата е само во стажот и почетоците, онаа главното, стилот, односно начинот на однесување кон гостите е тотално ист. И дваицата "боледуваат" синдромот на "ВЕЛОСИПЕДИСТ"
04-12-2012, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: 320515_10151267325198758_1839901662_n.jpg]

Поздрав за Христо !!
05-12-2012, 01:06 AM
Reply