Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.42 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Љубчо Георгиевски најави враќање или политичко самоубиство?
Author Message
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Љубчо вечерва беше кај Оливера во емисија. Кога ќе го објават ќе го ставам овде клипот. Рече дека Ване Цветанов бил надвор од државата поради конфликтот со власта.
14-04-2011, 09:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

14-04-2011, 10:39 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Значи целта на Љубчо е јавно да ги обедини Сијамските близнаци СДСМ-ДПМНЕ!

Кај Оливера 2-3 пати спомнаа дека работел бизнис. Што бизнис работи Љубчо? (Освен тендерското продавање на задницата?)
(This post was last modified: 15-04-2011, 05:11 PM by Solenik.)
15-04-2011, 05:09 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(15-04-2011, 05:09 PM)Solenik Wrote: Значи целта на Љубчо е јавно да ги обедини Сијамските близнаци СДСМ-ДПМНЕ!

Кај Оливера 2-3 пати спомнаа дека работел бизнис. Што бизнис работи Љубчо?

Па на крајот не виде, рече со градежништво се занимава, а и Љубе претходно кај Оливера го рече истото.

http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=104&gId=131
(This post was last modified: 15-04-2011, 05:13 PM by Nikola.)
15-04-2011, 05:11 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(15-04-2011, 05:11 PM)Nikola Wrote:
(15-04-2011, 05:09 PM)Solenik Wrote: Значи целта на Љубчо е јавно да ги обедини Сијамските близнаци СДСМ-ДПМНЕ!

Кај Оливера 2-3 пати спомнаа дека работел бизнис. Што бизнис работи Љубчо?

Па на крајот не виде, рече со градежништво се занимава, а и Љубе претходно кај Оливера го рече истото.

http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=104&gId=131

Многу рано ми се згади, па не можев да го догледам. Градежништво, а? Коинцидентно, тоа е стандардниот "бизнис" на сите мафијашки фамилии. Велат, таа индустрија била многу поволна за перење на големи количини на пари. Секако, "човекот кој го издејcтвува осамостојувањето на РМ, човекот кој имаше храброст да зборува за македонски пасош, македонска фудбалска репрезентација, македонско знаме", нема шанса да е замешан во бизниси каде што има прокот на "валкани" пари, кои треба да се перат.Bag
15-04-2011, 06:24 PM
Reply
Достоинство Offline
Junior Member
**

Posts: 39
Joined: Apr 2011
Reputation: 3

Градежништво, веројатно како проектант за фирмата на УДБ Генекс.
23-04-2011, 10:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Љубчо Георгиевски (23.04.2011)

ВО ДПМНЕ ТРЕБА ДА СЕ СРЕЌНИ АКО ОСВОЈАТ 45 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА



Со приближувањето на парламентарните избори, расте интересот за главните учесници во тој голем политички натпревар. Иако, за разлика од некогаш, Љубчо Георгиевски веќе не спаѓа меѓу најглавните играчи, интересот за него и за неговото мислење не е многу намален. Тој е речиси секојдневно на терен, во контакти со граѓаните, или има средби со странските амбасадори, кои внимателно ги следат случувањата на македонската политичка сцена...



[Image: ljubco3.jpg]


Официјалната кампања не е почната, но веќе и Вие имате одредени предизборни активности. Какви се Вашите досегашни впечатоци, што велат луѓето најчесто кога ги среќавате?

Да, иако официјалната кампања не е почната, таа се одвива одамна, благодарение на Владата, затоа што таа е четири години во кампања, па ние другите мора да се вклучиме малку побрзо за да ја надоместиме колку - толку нивната предност од тој аспект. Инаку, нема сомневање дека главниот проблем на луѓето е економијата. Народот сака да слушне видувања и за другите теми, но основната мака му е како да го помине месецот и да обезбеди пари барем за пристоен живот. Затоа, ние во нашата кампања ќе посветиме поголем дел токму на економските перспективи.

Кога ќе излезете со програмата за тие перспективи?

Деновиве. Јас подолго време, речиси уште на почетокот од кризата во 2008 година прогнозирав дека таа во светот ќе трае се’ до крајниот мандат на оваа Влада. Но, и не само толку. Мислам дека целата деценија што е пред нас ќе гледаме дека светот кому ние му припаѓаме, а тоа е Западот, ќе се бори со економска криза. Се случува големо прелевање на богатството во светот од западните кон источните земји, а незгодното за нас е што ние припаѓаме на тој запад, од кој сега се одлева капиталот. Од друга страна, факт е дека и самите многу придонесуваме за кризата да не’ погоди уште посилно. На прво место ја обвинувам буџетската амбиција на актуелната Влада, зашто во период на толку тешка општа економска ситуација, таа ги направи двата рекордни буџети на Република Македонија, што секако е дополнително оптоварување за економскиот живот во државата. Затоа ВМРО-НП сака да ја донесе свеста дека економското подигнување на земјата треба да биде приоритет на секого, и сите мора да се вклучиме во тој процес,особено партиите и интелектуалната елита.

Вашето конкретно враќање во политиката подразбира многу патувања, средби, контакти, интервјуа, говори, разговори... Колку денес сето тоа Ви е понапорно од времето кога ги водевте кампањите на ВМРО -ДПМНЕ?

Јас влегов многу млад во политиката, на неполни 24 години, и можеби тоа беше среќна околност, бидејќи во времето на најголемиот физички потенцијал, ја градев партијата, патував, зборував, ги убедував луѓето. Денес, по пауза од девет години, апсолутно ја чувствувам разликата. Притоа психичкиот напор е потежок од физичкиот. Еден од клучните моменти во кампањата е составувањето листи на кадидати. Токму деновове се отвора таа распарава, кои луѓе ќе се најдат на листите, на кое место ќе бидат поставени, колку простор ќе им биде посветен во кампањата и така натаму, што е најкомплицираниот дел од целиот овој процес. Најтешкото е да ги решите проблемите со сопствените луѓе. Секогаш било така, од 1990 година и продолжува да биде (се смее).

Ве фрустрира ли што на собирите денес имате далеку помал број луѓе отколку во времето кога Вие ја предводевте ВМРО ДПМНЕ?

Видете, кампањата што ја водам сега повеќе ја доживувам како правење чест на некое место - да се каже дека Љубчо Георгиевски дошол таму и не го заборавил тој град или тоа село. Инаку, од аспект на бројноста на луѓето, јас премногу долго се занимавам со политика за да се воодушевувам од тоа колку души ми дошле на митинг. Во кампањата 2002 година имавме апсолутен рекорд на посетеност на митинзите, а доживеавме катастрофален пораз. Се случувало и обратно, да ни дојдат само 200 или 300 луѓе на некој плоштад, а да оствариме триумфална победа во тој град. Затоа велам дека бројот на луѓето што ќе присустувваат на вашето предизборно претставување, не ви гарантира ништо. Многумина доаѓаат од љубопитност, а други затоа што сметаат дека треба да бидат видени. Одреден број остануваат дома за да не бидат видени кај одредена партија, бидејќи се плашат да не се дознае кого симпатизираат и за кого ќе гласаат. Секако, кампањите се важни и треба да се одработат што е можно посеопфатно. На луѓето им е драго да го видат одблиску човекот на кого се подготвени да му ја доверат својата судбина во следните четири години. Затоа ние сме должни да го удостоиме со внимание. Тоа е главниот мотив за мојот сегашен ангажман во кампањата на ВМРО Народна.

Што мислите за јавното преминување од владејачката во други партии и фрлањето партиски книшки во пластични кутии?

Сме виделе многу ситни трикови во политичката борба низ овие 20 години. Поминувањето од една партија во друга го имало цело време, дури и во поголем обем, па и сега во нашата партија се случува прилив на нови луѓе кои имале нечија друга книшка, но ние не правиме карневал од тоа. Секој има право да постапи како што мисли дека е правилно. Што се однесува до мене, мојата членска книшка на ВМРО - ДПМНЕ со број 1 од 1990 година, јас нема да ја фрлам во ниту една кутија, зашто таа ми е убав спомен и ќе ја чувам и натаму.

Верувате ли во 2004 година, кога дојде до разидувањето со Никола Груевски, дека брендот Љубчо Георгиевски е поголем од брендот ВМРО - ДПМНЕ, и оти може да се вратите на чело на партијата кога ќе посакате?

Двата бренда беа синоним еден за друг речиси една и пол деценија. Но, целиот тој случај има мала предисторија. Во 2002 година јас сфатив дека нападите врз мене се толку жестоки (како што претпоставувам дека сега се чувствува Бранко Црвенковски) што е потребно да се повлечам. Дополнителен аргумент беше поразот на изборите, кој на мојата одлука и’ даде морално оправдување. Подоцна, кога дојде до конфронтацијата со Груевски, јас никогаш не влегов стопроцентно во битка за враќање во ДПМНЕ, туку оставив тоа да го решат самите членови. Веројатно политичката истрошеност на името Љубчо Георгиевски си го даде својот резултат. Многумина не се водеа од тоа кој е похаризматичен лидер и поголем визионер, туку од прагматичната проценка кој ќе им донесе победа на следните избори. И факт е дека ја избраа победничката страна. Денес, ми се чини дека работите се променети од тој аспект. Сегашното раководство на владејачката партија придонесе да се истроши и тој бренд, и токму тоа е сега еден од главните проблеми на ВМРО. Дури мислам дека сите ние од партиите со тој предзнак треба да размислиме за напуштање на тоа име. Прво, идеолошки се откажаа од идеите на ВМРО, а ги нема веќе ни кадрите кои ја формираа. Ова денес нема многу врска со ВМРО од деведесеттите години.

Кога би се обиделе да бидете неутрални, како го оценувате владеењето на Никола Груевски? Дали тој за Македонија направи повеќе добри или повеќе лоши работи?

[Image: ljubco3.jpg]

Во првите две години, пред вонредните избори во 2008, имаа позитивен елан и остварија добар резултат. Од рака им одеа и движењата во светската економија, која тогаш го достигнувше својот врв. Но, по добивањето апсолутна власт, целосно се загубија во економијата, а она што особено не можам да го премолчам е огромното задолжување на Македонија, како кон странство, така и кон домашните банки. Кога јас заминав од власт, долгот изнесуваше 1,6 милијарди долари, исто колку и што наследивме, а денес се приближува до шест милијарди. Тоа зборува дека се води неодговорна економска политика. А, оти тоа еден ден ќе дојде на наплата, имаме многу примери во последно време, вклучувајќи и некои наши соседи. Втор момент е непродуктивното и штетно однесување во спорот за името со Грција. Сметам дека актуелната Влада само го влоши проблемот и што е многу лошо, го вклучи во дневнополитичката агенда, тврдејќи дека само тие се бранители на името, а сите други се предавници. Од ова произлегува третиот момент - нашето оддалечување од евро-атланските интеграции, кој пак е поврзан со првиот, бидејќи тие интерграции ќе донесат многу подобри услови за економски напредок. Кај Груевски има грешки и од поситен карактер - проектот Скопје 2014, така што ако го квантифицираме неговото владеење во проценти, би рекол дека направи 30 добри и 70 отсто лоши работи.

Каков изборен резултат предвидувате на 5 јуни? Малку е специфична актуелната состојба и во десниот и во левиот блок. Кај десницата има повеќе харизматични лидери (Вие, Груевски, Бошкоски, Филип Петровски...), но е разединета, додека левицата е многу покомпактна, а ќе го нема на листите најсилниот магнет за нивните гласачи - Бранко Црвенковски.

Јас сметам дека во ДМПНЕ треба да бидат среќни доколку освојат 45 пратенички места. Тие нереално се надеваат гледајќи ги анкетите. Тука не се работи само за тоа дека некој ги прави тие истражувања со цел да влијае врз јавното мислење. Дури и оние кои се направени најпрофесионално не треба да се земаат како сигурен показател, зашто постои момент на страв кај луѓето да го кажат своето вистинско мислење. Од човек кој е вработен во државната администрација или има бизнис поврзан со владините институции, односно чека субвенција од државата, голема е веројатноста да добиете лажен одговор. Луѓето одговараат онака како што мислат дека сака да слушне тој што им се јавува. Внимателно ги слушаат прашањата и ако барем малку почувствуваат или помислат дека анкетарот е наклонет кон Владата, даваат лажен одговор. Така, добиваме искрено изјаснување само на најхрабрите. Затоа велам дека власта ќе биде непријатно изненадена од резултатите. Уште во овој момент можам да ви кажам со релативно голема сигурност дека во Струмица, Куманово и Охрид ќе победи СДСМ. А, такви градови има повеќе. Затоа велам дека со 45 пратеници, во ДМПНЕ треба да бидат задоволни.

Таа игра со бројки што ја слушаме во изминатите недели е прилично субјективна, па би рекол на моменти тотално нереална и малку комична. Вашата партија истакна дека очекува 15 места во Парламентот, ЛДП - десет, Љубе Бошкоски најави победа, но веројатно реално се надева на исто толку, а Филип Петровски - пет. Кога на тоа ќе се додадат 30-те албански пратеници, останува дека СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ ќе се борат заедно за помалку од 50, а сосема сигурно нивниот капацитет е поголем.

Јас навистина верувам дека ВМРО - Народна партија може да ја оствари зацртаната цел од 15 пратенички места. Кај народот постои големо разочарување од владејачката структура, но нема никакво воодушевување ни од она што го нуди главната опозициска партија. Тука лежи тој простор на третите партии, можеби најидеален во досегашната парламентарна пракса во Македонија. Има атмосфера процентот на гласачи за некоја друга опција, освен двете главни, да биде најголем од сите избори што сме ги имале. Свеста кај гласачите созрева дека е најдобро за земјата да нема монопол на мала елита сконцентрирана во два политички субјекта. За земјата ќе биде најдобро да добие што поширока коалиција во идната Влада. Тоа е основата за квалитетна демократија во Македонија.

Очекувате мирни и регуларни избори?

Па, како што почна - не. Предизборниот амбиент е доста тензичен, и се плашам дека тоа може да се развие во уште полош процес. Не ми се допаѓа што политичарите избраа многу погрешен начин на меѓусебна пресметка - со казни, мавтање со хартии, затворања, уцени со затворање... Политичка платформа или победник или во затвор, е многу опасна, бидејќи ги принудува актерите во таа борба да одат до крајност, без оглед на последиците за државата. Тоа не е нормален развој на демократски процеси, каде поразениот ги прифаќа резултатите и работи за по четири години да ја освои власта.



Вашата реторика во последниве месеци е доста смирена во однос на тоа што го зборувавте пред 15 години. Каде ќе беше Македонија денес, ако уште тогаш се залагавте за она што го говорите денес? Сега сте подготвени за одреден префикс во името на државата, а во средината на 90-тите за предлогот Нова Македонија, велевте: „Зар државата да се вика како весникот?“.

Јас и денес не сум за името Нова Македонија, зашто сметам дека тоа е додавка што содржински ја менува суштината. Кај промената на некои мои ставови се работи за приспособување кон реалната состојба, што сметам дека треба да е карактеристика на секој разумен и интелигентен човек. Ние не смееме да ја нурнеме главата во песок и да се однесуваме како да сме сами на светот. Ако 20 години не можете да решите еден проблем на начин кој ви одговара, а евидентно состојбата нема да се промени ни во наредните 20, доколку продолжите по истиот пат, тогаш треба да побарате друго решение. Ова е многу долг период во човечкиот живот. За 20 години една генерација почина, друга генерација остаре, трета се роди и израсна, а проблемот стои. Значи, треба да сме разумни и на поинаков начин да влеземе онаму каде што ни е местото, во ЕУ и НАТО. А кога ќе влеземе ќе биде многу полесно да ја водиме главната битка. Советот на Европа е единственото место каде се изборивме за квалификацијата „македонско претседателство“, а тоа беше можно зашто таму сме членка. Бевме внатре и од внатре добивме една мала битка. Кога ќе влеземе во НАТО и во ЕУ, ќе почнеме да ги добиваме и поголемите битки.

Сте имале многу контакти со Грците. Што ним вистински им пречи - уставното име на земјава или нашето толкување на историјата дека Македонија е поделена поради несреќни историски околности и непринципиелноста на големите сили, и оти да постои правда би требало да биде обединета. Тие тоа го сметаат за иредентизам.

Кај нив постои страв од два аспекта. Прво е ова што го збрувате, бидејќи се’ уште им се присутни сеќавањата од граѓанската војна, која за малку ќе ја изгубеа, и секое ревидирање на нејзиниот исход го доживуваат како територијална претензија. Кога разговараме за спорот со името мора да сме свесни за тоа. Исто така, мора да сме свесни и за фактот дека во рамките на Турското Царство, целата географска Македонија не била административна единица со своја автономија, па е многу тешко да се дефинира и денес како посебен политички субјект. Тоа се нивните аргументи кога им објаснуваат на партнерите од ЕУ и НАТО зошто толку жестоко се спротивставуваат на нашето уставно име, што во принцип би било тотално неразумен став. На ова се надоврзува вториот момент, а тоа е погледот на антиката. Ние тука настапуваме преагресивно и им ја олеснуваме работата во убедување на Европјеците и Американците дека бараме прекројување на историјата, што може да води до други барања, за што големите евроатлантски институции се многу нерасположени, бидејќи не сакаат отворање на веќе затворени прашања. Затоа велам дека, со ова глумење „патриотизам“ само ги губиме позициите и си нанесуваме штета самите на себе.

Што мислите денес за Киро Глигоров, за неговата политичка улога кога беше на чело на државата?

Нема сомневање дека од сите претседатели на независна Македонија, Глигоров беше најквалитетниот. Од друга страна, во негово време останаа нерешени некои од најголемите проблеми на државата, а со целата моќ што ја имаше и со апсолутната медиумска контрола, беше во идеална состојба да ги реши. Но, мислам дека му недостасуваше храброст и тој шансата не ја искористи. На пример, односот со Албанците можеше да го постави на повисоко ниво, а веројатно и да го затвори проблемот со името. Ако успеа да пресече и да создаде атмосфера дека БЈРМ не е нешто страшно, сигурно можеше да направи и чекор понатаму. Дури би рекол во оние два месеца, за колку што рече дека ќе трае референцата. Мислам дека во многу случаи кога требаше да биде похрабар, тој се определи само да купува време за да остане популарен, и го одложи донесувањето на вистинските одлуки.

Неодамна ставивте јавна забелешка зошто некои телевизии, поврзани со власта, пуштаат премногу филмови и музика од поранешна Југославија. Зошто тоа толку Ви пречи? Вие лично, слушате ли барем некогаш Азра или Бијело дугме?

Апсолутно, токму пред некој ден ја слушав Азра, и тоа воопшто не ми пречи. Јас се спротивставувам на политиката на рејугословенизација, што медиуми кои се целосно провладини и наводно го бранат идентитетот, смислено, офанзивно и агресивно ја спроведуваат во Македонија. Инаку, апсолутно сум за се’ што е квалитетно од тој простор, без оглед дали е создадено во минатото или е нешто ново. Ми пречи некритичното промовирање на шунд од север. А, што се однесува до мојот личен однос, јас ни на 15 години, кога бев во свеста Југословен и не помислував дека може да ни се случи независна Македонија, не ја слушав Лепа Брена, која пред една недела ја наполни салата „Борис Трајковски“. Затоа, не можам да сфатам како некој денес плаќа скап билет за да оди на нејзин коцнерт. Но, тоа е однос на човек кој раскрстил со турбо-фолкот уште во тинејџерските години. Она на што реагирам е свесното градење сентимент кон нешто што сметам дека ја загрозува домашната продукција. Зошто никој не зборува за македонската музика? Ќе ве потсетам дека токму во нашите години, од 1998 до 2002, се случи кулминација на домашната сцена, кога македонските пејачи и автори беа секогаш на прво место.

Што е со филмот? Какво е Вашето мислење за „Неретва“, „Сутјеска“, „Валтер го брани Сараево“...?


Тоа се добри филмови, и со задоволство би ги гледал на секои пет години по еднаш (се смее). Проблемот е што сме бомбардирани со безвредни комедии од тоа време, кои денес немаат никаква актуелност, а ни ги наметнуваат, веројатно за да изградат одреден вредносен критериум кај гледачите. Враќањето во минатото има смисла само ако тоа со својот квалитет ве инспирира денес да бидете подобри. А, ова што го емитуваат Канал 5 и Сител сигурно не спаѓа во таа категорија.

За крај, што вели Вашето искуство, што е потешко - човек да се навикне на одговорностите што ги носи извршувањето висока функција или да се одвикне од привилегиите кога ќе замине од власта?



Двете работи се тешки, иако луѓето сигурно повеќе ги интересира како е да се живее по губењето на привилегиите. Периодот на одвикнување не е многу тежок и тоа го потврдувам од сопственото искуство. Но, кога еднаш ќе се одвикнете, тогаш на вистински начин го доживувате враќањето во нормалниот живот, што ја содржи во себе најголемата убавина. Ако направам мала анализа на целиот тој период ве уверувам дека денес живеам посреќно отколу кога ги имав најголемите првилегии од власта.

Миодраг Мишолиќ
24-04-2011, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Колку можеме и смееме да да му веруваме на Љупчо. Еднаш човек кој се продал многу лесно и поевтино се купува следниот пат. Тој денеска говори за Глигоров како за најквалитетен председател. Дилот е: ние ке ти ја симнеме бугарштината , онаа на што работи Ефтов и Ѕвонко (Диневски) а ти симни ја вината од Глигоров и Бранко за предавството.




Quote:Што мислите денес за Киро Глигоров, за неговата политичка улога кога беше на чело на државата?

Нема сомневање дека од сите претседатели на независна Македонија, Глигоров беше најквалитетниот. Од друга страна, во негово време останаа нерешени некои од најголемите проблеми на државата, а со целата моќ што ја имаше и со апсолутната медиумска контрола, беше во идеална состојба да ги реши. Но, мислам дека му недостасуваше храброст и тој шансата не ја искористи. На пример, односот со Албанците можеше да го постави на повисоко ниво, а веројатно и да го затвори проблемот со името. Ако успеа да пресече и да создаде атмосфера дека БЈРМ не е нешто страшно, сигурно можеше да направи и чекор понатаму. Дури би рекол во оние два месеца, за колку што рече дека ќе трае референцата. Мислам дека во многу случаи кога требаше да биде похрабар, тој се определи само да купува време за да остане популарен, и го одложи донесувањето на вистинските одлуки.
24-04-2011, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Страв од волкот лош


Јове Кекеновски

Можно ли е ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, да изненади на овие избори? Можно ли е нападите од страна на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ врз поранешниот премиер да предизвикаат бумеранг-ефект? Што е тоа што толку многу ги исплаши овие две најголеми партии, па почнаа да фрлаат дрвја и камења по Георгиевски? А се почна со една политичка телевизиска анализа на новинарот Васко Ефтов, па потоа следуваше безобѕирниот прес(инг) на претставници на владејачката гарнитура.

Се чини дека Страво ја натера Црвенкапа, она неодамна испилено политичарче, кое, впрочем, е и директор на Центарот за комуникации на партијата на власт, да собере храброст и да го нарече Георгиевски „истрошен политичар“, притоа заборавајќи дека самиот до неодамна со поглед вперен во земјата му се благопоклонуваше на „истрошениот“. А, тогаш кога Пинки, момчето со кусо паметење, го виде Тито, на среќата и немаше крај. Следеше непроспиена недела, а политичарчето од радост три дена не ги миеше рацете (така кажуваат неговите сограѓани). Еј, па тој се поздрави со Него, со лидерот и негов идол, ечеше низ неговиот роден град! Дали за радост или за жалење, но Стравот го посети и ‘рбетот на социјалдемократите. Нивниот гласноговорник по вокација, истиот тој Георгиевски го нарече „предавник“, „тројански коњ“. Која илузија е тезата за предавник или тројански коњ да се темели на тоа дека „неговите поранешни соработници се на високи позиции кај сегашниот премиер“?! А, како би можело да биде поинаку? Дали сакате за вртење в десно да запалат лев трепкач?! Зошто не зборувавте за реалноста, за предавството на истите тие кои сега ги уживаат благодатите на функциите, напуштајки го својот довчерашен соработник и пријател?! Зошто не зборувате за нивниот морал?

Не би сакал да се добие впечаток дека ова мое пишување е одбрана на ликот или на делото на Георгиевски,бидејќи целта ми е сосема друга. Едноставно, сакам да ги бранам принципите за кои сите ние би требало да се залагаме и да ги почитуваме. Јас, во минатото многу пати сум бил на спротивната, но секогаш десна страна, со Георгиевски во однос на круцијални прашања за македонската држава и народ и во однос на својот став за одредени политичари, и сега исклучиво се обидувам да го бранам достоинството на Георгиевски, како човек и политичар, и тоа ќе го правам секогаш кога ќе се работи за повреда на достоинството и угледот на било кој друг политичар и човек. Хронологијата на случувањата ќе ја открие и потврди мојата намера.

Во јавноста е пуштена тезата дека во опозициската десница постојат предавници или тројански коњи, притоа мислејќи на Георгиевски. Според мене, тоа е само уште еден невешт обид да се дискредитира десницата, а со неа и поранешниот премиер бидејќи сите истражувања, а и расположението на граѓаните, велат дека десницата повторно ќе биде победник на овие избори и ќе ја има власта во наредните четири години. Постизборна коалиција повторно ќе биде нужно зло. Токму поради таа состојба сегашнава позиција и нејзините потенцијални партнери постојано се на тапет, на обвинителна клупа и постојано и се измислуваат разни афери или се лепат етикети, не водејќи сметка за елементарното ниво на политичка култура. И помалку учените препознаваат дека тоа е последица, но и компензација за недостигот на идеи и стравот од трет пораз во последниве пет години. Исклучиво во тој контекст ги разбирам и последните обиди за дискредитација на одделни политички личности кои, вербално и духовно и со целото свое битие и припаѓаат на десницата. Ако е јасно што е тоа што сака да го постигне левицата предводена од социјалдемократите, со приземната кампања и со лична дискредитација, не ми е јасно што сака да постигне владејачката партија со обидот за омаловажување на нивниот поранешен лидер. Наместо да се плашат, тие треба да бидат среќни зашто незадоволните вмровци, неопределените гласачи како и оние граѓани кои ги почувствувале благодетите од владеењето на Георгиевски, нема да отидат кај социјалдемократите, туку кај оној кој повторно, во иднина, ќе коалицира со нив. Единствен оправдан страв е цената што треба да ја платат, но подобро е да платат повисока цена отколку да се ризикува губење на изборите.

Во контекст на тоа, се поставува и прашањето - зошто некои политичари и новинари постојано зборуваат за некакво предавство? Дали некој има право на некого да му импутира предавство само затоа што има спротивен став од, на пример, премиерот по однос на најважните национални прашања, по однос на економијата, по однос на надворешната и внатрешната политика?! Кој им дал право на таквите некого да етикетираат како предавник само поради тоа што „некој“ не е во коалиција со СДСМ или пак со партијата која тие ја симпатизираат?! Да бидеме на чисто - никој нема право некого да обвинува дека е предавник само затоа што има свој личен политички став по однос на спорот што Република Грција го има во однос на името на нашата држава или по однос на иднината за евроинтеграциските процеси. Следна причина што исто така не ги оправдува овие предизборни атаци е фактот дека Георгиевски се уште јавно не се изјаснил дали доколку го повтори резултатот од претходните парламентарни избори, ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ или ќе му се придружи на таборот на СДСМ. Почувствува ли некој искра лажна надеж или пак се уплаши во тврдењето на Георгиевски дека со оглед на политичкиот анимозитет повеќе од 70 проценти од членството на ВМРО-НП се чувствуваат поблиски со сдсмовците отколку со дпмнеовците? За приклучување кон било кое од горенаведените трла секогаш одлучува самата личност, како резултат на коректниот или некоректниот однос на политичките конкуренти. Исто така, не е политички коректно да тврдите дека спротивставените ставови на опозициската и на владејачката десница се фингирани ставови и дека поранешниот премиер има тајна задача да одработи за сегашниот премиер. Сето ова најблаго речено е на границата на идиотизам, безмислици и кусогледост на тврдокорните и тесногради партијци кои, едноставно, забораваат дека демократскиот плурализам не подразбира само црно и бело туку и „нешто помеѓу“. Како кај десницата, така и кај левицата. Впрочем, која друга цел би го оправдала постоењето и опстојувањето на политичките партии? Демократскиот плурализам подразбира богатство и хетерогеност на програми и идеи во што победува онаа идеја или програма која е најприфатлива за народот. Искуството докажа дека победува оној лидер кој има харизма, кој се држи до своите ветувања, кој се докажал во своето лидерство, кој му мисли добро на својот народ. Граѓаните се тие кои ги препознаваат и ги казнуваат предавниците, а за среќа тоа право го немаат политичарите и новинарите. Одговор бара и прашањето: кој и зошто ги пласира ваквите небулози и во што се состои предавството? Одговорот се наметнува сам по себе. Тоа се токму оние политичари кои се плашат од волкот, од чувството да „бидат изедени“, од нивниот ноќен кошмар - пораз на изборите, кој по правило значи и крај на нивната политичка кариера и збогување со војводинската рамнина што им ја овозможи политиканството. Во однос на предавството, се повеќе сум убеден дека епилог на сите предизборни конспирации ќе биде само предавство на некоја (или нечија) нереализирана идеја за вековна власт, предавство на некој кој сака по секоја цена да остане или да се врати на власт. Друго предавство нема да има. Тоа што ќе следи е веќе видено - слобода на политичко здружување, слобода на мислата и уверувањето, како и слобода на избор.

И после се, дилемата останува. До петти јуни (и нервозните денови потоа) во воздух ќе лебди прагматизмот и рационалниот патриотизам на Георгиевски? Повторно народот ќе додели бел или црн бумбар на харизматичниот човек со нагласено „Б“, човек кој, признале или не, барем докажа дека размислува десетици години понапред од другите политичари? Во овој контекст ќе ве потсетам на една мудра политичка размисла: „Денешните демократии, политички партии и лидери можат да опстојат само доколку се во состојба да ги помират и усогласат плурализмот и заедништвото, судирот и правдата, рационалноста и идентитетот“. Се друго е трчање на куси патеки. Арена без публика...

Авторот е универзитетски професор
(This post was last modified: 21-05-2011, 08:47 PM by ЈорданПетровски.)
21-05-2011, 08:46 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

можам да ви кажам со релативно голема сигурност дека во Струмица, Куманово и Охрид ќе победи СДСМ. А, такви градови има повеќе. Затоа велам дека со 45 пратеници, во ДМПНЕ треба да бидат задоволни.

Ova e od Ljubco Georgievski , citam i tuka sum go sledam kotle ama navistina osem pisuvanje i lavina sto ja predizvika kotle a po nego ja gi ja eden kup sajtovi koi objavuvat dosta dokumenti i toa originali i za zdruzenie MK KAEDA socineta od SDSM+VMRO=SOCIJALISTI,OBEDINETI,NP,DUI,DPA,DD a ke vidime i za red novi za koi imam nekoi dilemi ama pred 3 maj ke znam kade se i tie i dali se ona vistinsko.
Znaci pozdrav do kotle i citateli i aktivni pisuvvaci i posetiteli ama fakt e da i LJUBCE go cital KOTLE a tua jas pisuvav deka tokmu ovie tri grada se dil pomegu SDSM i DPMNE ama eve ke se potvrdi i na 5 koga ke se izbrojat glasovi
Interesno e za mene kako trga presmetka megu DPMNE+NP=OBEDINETI i DD a koj prv pocna ama ete i GORDANA JANKULOVSKA se setila da se zacleni u BRANITELI da taa ke ja brani vlasta na DPMNE po sekoja cena i glava oti mnogu se izmesaja a se e e poizvesno deka SEKI e nov premier a koj e miks ajde da go otkieme recept koj se ke e u vlada po 5 juni a DPMNE so 42 pratenika ke e OPOZICIJA a golem del ke se i u PRDIKANA a i DUI e u idna vlast edino ZINGO i AMDI ke se so vtori esalon u SUTKA podolgo

EVE ajde da vidime kako ide rabota u STRUMICA OHRID i KUMANOVO pa forumgii ajde da kazeme brojki i fakti deka toa sto jas go pisav poodamna a sega i baj LJUBCE ke se ostvari
24-05-2011, 10:57 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Разурнувач, за лавината од Лиобчо и јас се согласувам, едноставно не се пропушта ниедно негово медиумско појавување а да не се цитира овде на котле, денес ќе тропне тој нешто на некое шоу- утре експресно тоа се коментира на котле, си има Лиобчо тука мал клуб обожаватели ај ти...
А за Лиобчовите “претскажувања“, снила баба просо, колку да се најде у муабет- Лиобчо познавачот...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
26-05-2011, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(26-05-2011, 11:43 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Разурнувач, за лавината од Лиобчо и јас се согласувам, едноставно не се пропушта ниедно негово медиумско појавување а да не се цитира овде на котле, денес ќе тропне тој нешто на некое шоу- утре експресно тоа се коментира на котле, си има Лиобчо тука мал клуб обожаватели ај ти...
А за Лиобчовите “претскажувања“, снила баба просо, колку да се најде у муабет- Лиобчо познавачот...


Коњанику ако ги знаеш релациите од порано, посебно случувањата 1996/97 односно расколот, многу работи ке ти се појасни. Јове беше до пред некој ден најзакоравен Љупчов противник. Во една од последните колумни посветена на Љупчо тој се уште пишуваше за Љупчо како носител на бугарофилството. За неколку месеци ваков пресврт !!??? Се обидувам да ја најдам причината... Сега го чекам уште Диневски да го стори истото.


(21-05-2011, 08:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Страв од волкот лош


Јове Кекеновски

Можно ли е ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, да изненади на овие избори? Можно ли е нападите од страна на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ врз поранешниот премиер да предизвикаат бумеранг-ефект? Што е тоа што толку многу ги исплаши овие две најголеми партии, па почнаа да фрлаат дрвја и камења по Георгиевски? А се почна со една политичка телевизиска анализа на новинарот Васко Ефтов, па потоа следуваше безобѕирниот прес(инг) на претставници на владејачката гарнитура.......


Авторот е универзитетски професор


"Kлубот на обожаватели на Љупчо" ке го бараш на друго место. Тука пишуваат најжестоките противници на Љупчо, противници од времето кога сите му бацуваа рака. Такви останавме и до ден днеска. Ако нашиот, мојот обид да ја расветлам лагата за наводното бугарофилство кое било негувано од Љупчо додека бил председател на ВМРО ДПМНЕ ти делува како заштита на Љупчо длабоко се лажеш. Диневски и компанија од УДБа не пукаа со БУГАРОФИЛСТВОТО да го "убијат" Љупчо, целта им беше и се уште им е ВМРО.
27-05-2011, 12:01 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

(24-05-2011, 10:57 PM)razurnuvac Wrote: можам да ви кажам со релативно голема сигурност дека во Струмица, Куманово и Охрид ќе победи СДСМ. А, такви градови има повеќе. Затоа велам дека со 45 пратеници, во ДМПНЕ треба да бидат задоволни.

Ova e od Ljubco Georgievski , citam i tuka sum go sledam kotle ama navistina osem pisuvanje i lavina sto ja predizvika kotle a po nego ja gi ja eden kup sajtovi koi objavuvat dosta dokumenti i toa originali i za zdruzenie MK KAEDA socineta od SDSM+VMRO=SOCIJALISTI,OBEDINETI,NP,DUI,DPA,DD a ke vidime i za red novi za koi imam nekoi dilemi ama pred 3 maj ke znam kade se i tie i dali se ona vistinsko.
Znaci pozdrav do kotle i citateli i aktivni pisuvvaci i posetiteli ama fakt e da i LJUBCE go cital KOTLE a tua jas pisuvav deka tokmu ovie tri grada se dil pomegu SDSM i DPMNE ama eve ke se potvrdi i na 5 koga ke se izbrojat glasovi
Interesno e za mene kako trga presmetka megu DPMNE+NP=OBEDINETI i DD a koj prv pocna ama ete i GORDANA JANKULOVSKA se setila da se zacleni u BRANITELI da taa ke ja brani vlasta na DPMNE po sekoja cena i glava oti mnogu se izmesaja a se e e poizvesno deka SEKI e nov premier a koj e miks ajde da go otkieme recept koj se ke e u vlada po 5 juni a DPMNE so 42 pratenika ke e OPOZICIJA a golem del ke se i u PRDIKANA a i DUI e u idna vlast edino ZINGO i AMDI ke se so vtori esalon u SUTKA podolgo

EVE ajde da vidime kako ide rabota u STRUMICA OHRID i KUMANOVO pa forumgii ajde da kazeme brojki i fakti deka toa sto jas go pisav poodamna a sega i baj LJUBCE ke se ostvari
Razurnuvac i jas potpollno se sllagam so tebe deka nikola ke padne i deka rada ke bide mandator.Edinstveno ne se sllagam deka dui ke bide vo idniot sostav.Reallno gledano dui e vo prednost samo vo kicevo i debar.Iako vo debar ima i jaka opozicija na dui cellata familija capi koi ke mu odzemat 3-4 iljadi gllasovi koi ke se kasirat na smetka na dpa.
Gostivar e na strana na osmani so sigurnost.Tetovo taci so ogromni sredstva na firmata ekollog i jakata partiska infrastruktura gi zema gllasovite.Jas misllam da otidnam na izbori vo makedonija i jas licno ke gllasam za lupce vojvodata.Makedoncite nitu imalle nitu imat po zdrav politicar vo momentot.
Za tvoeto mislenje deka kaj allbancite dui ke gi dobie izborite bidi siguren deka ali pederot mozhe da dobie samo vo dva sllucaja.izboren fallcifikat ili usa da go pobara toa od nas allbancite.Neshto se dvizhi no vo koja posoka nemam soznanija.Predsedatellot na kosovo misllam na aktuellniot ispadna kako od nebo po zhellba na usa.Damata nema nikakvo shkollo zavrsheno vo ballkan sve shto ima zavrsheno po americkite bazi vo usa i evropa.Znaci generall na policija izlezena ot americka kuhinja.Istata pred nekolku dena beshe vo makedonija vo privatna poseta.Go posetilla tetovo i se sretnalla samo so liderot na dui ali pederot.Zashto ima dve opci.Ili mu donella poraka ne pravi problemi bideiki izborite gi dobivash shtoto taka saka babo, ili e vo prashanje neshto drugo mu reklle bidi miren ne pravi problemi inace babo rekoll deka ke te kastrira i so topkite ke ti igra biljard

27-05-2011, 09:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-05-2011, 09:36 PM)sokoli Wrote: Razurnuvac i jas potpollno se sllagam so tebe deka nikola ke padne i deka rada ke bide mandator.



Се слагам со делот од твоето мислење во кое велиш дека Груевски ке падне но не се слагам со делот во кој велиш дека Рада ке е мандатар.


27-05-2011, 10:19 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

Pa obidot da zdruzeno go protnat KERIMCO site zaedno zdusno slozno kao trik dupenje na ZAPADOT ne pomina i plus i SRBIJA veke bese skrsena da si ja gleda svoja belja, se nadevam se sekavas deka GRUJO sakase brzi izbori sega i vednas se do doaganje u USA ama po toa deka vide da dobiva metalna zamena vo dva para metalni stopala koi ke odat samo i samo pravo i bez anestezija prifati fajterska bitka vo juni, koj tragase po premier i pravese trikovi te od STRANSTVO te od DOMA a se znaese SAD i EU pikiraja RADA zatoa i na BRANKO mu izbega se od kontrola , ti ukazuvam sledi da vidis kakvi lomovi ke ima vo politicki partii po 5 juni 2011 , mnogu i u SDSM veke nema da se na bel dema , ama sto vija siljokurane ke go krkat eeeeeeeeeeee RADVAJ SE
27-05-2011, 11:15 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(27-05-2011, 10:19 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(27-05-2011, 09:36 PM)sokoli Wrote: Razurnuvac i jas potpollno se sllagam so tebe deka nikola ke padne i deka rada ke bide mandator.



Се слагам со делот од твоето мислење во кое велиш дека Груевски ке падне но не се слагам со делот во кој велиш дека Рада ке е мандатар.

Рада може да биде премиер само шест месеци, после ќе и се случи владина реорганизација, како што му се случи на Кљусев.

28-05-2011, 03:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-05-2011, 03:50 AM)montehristo Wrote:
(27-05-2011, 10:19 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(27-05-2011, 09:36 PM)sokoli Wrote: Razurnuvac i jas potpollno se sllagam so tebe deka nikola ke padne i deka rada ke bide mandator.



Се слагам со делот од твоето мислење во кое велиш дека Груевски ке падне но не се слагам со делот во кој велиш дека Рада ке е мандатар.

Рада може да биде премиер само шест месеци, после ќе и се случи владина реорганизација, како што му се случи на Кљусев.


Мислам дека ке биде обратно. Рада ке биде премиер после реконструкцијата. Премиерот на владата за "национален спас" ке го смени името а тоа нема да биде "премиерот" од редовите на СДСМ.
28-05-2011, 04:47 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(26-05-2011, 11:43 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Разурнувач, за лавината од Лиобчо и јас се согласувам, едноставно не се пропушта ниедно негово медиумско појавување а да не се цитира овде на котле, денес ќе тропне тој нешто на некое шоу- утре експресно тоа се коментира на котле, си има Лиобчо тука мал клуб обожаватели ај ти...
А за Лиобчовите “претскажувања“, снила баба просо, колку да се најде у муабет- Лиобчо познавачот...

Без нервозаStarceIconwaveea9

Quote:Тој истакна дека Владата го тероризирала сопствениот народ, држејќи го потчинет со систем на астрономски казни.

„Ваквата казнена политика е токму за тоа вие да бидете мирни, за да не зборувате против власта. Па потоа да одите кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот Комитет па таму да молите. Пред 20 години зошто го уривавме Југословенскиот комунизам, за да сега го дочекаме ВМРО-овскиот комунизам“, изјави Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-НП.

Според Георгиевски оваа Влада комплетно ја уништила економијата, а 200 илјади граѓани кои пред 10 години биле средна класа сега се бореле за корка леб. Власта ја презадолжила државата за апсурдните проекти за кои требало да се враќаат по 500 милиони евра годишно рати за кредити. Георгиевски вети намалување на висината на казните и решавање на проблемот на стечајците.

„Повторно ќе ја воведеме мерката 13-та плата за администрацијата која исклучиво ќе се дава во земјоделски и сточарски производи откупени како вишок од земјоделието. Ќе го вратиме правото за откуп на предвремена пензија за тешките гранки од типот на градежна индустрија, текстилна индустрија и други“, додаде Георгиевски.

Од Народна ветија брз прием во ЕУ и НАТО и нагласија дека тие ќе бидат главниот фактор што ќе одлучел кој ќе ја формира новата влада по 5-ти јуни.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138516

28-05-2011, 07:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-05-2011, 07:44 AM)hristo Wrote: Тој истакна дека Владата го тероризирала сопствениот народ, држејќи го потчинет со систем на астрономски казни.

„Ваквата казнена политика е токму за тоа вие да бидете мирни, за да не зборувате против власта. Па потоа да одите кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот Комитет па таму да молите. Пред 20 години зошто го уривавме Југословенскиот комунизам, за да сега го дочекаме ВМРО-овскиот комунизам“, изјави Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-НП.




Да те потсетам каква беше Љупчовата "казнена" политика.


Quote:"Фокус се држи до традицијата, па во последниот број објавува голем напис за криминалот на Латас и на неговите газди, Ѕинго и Бојо Андревски, врз база на писмото што бизнисменот Зоран Азманов му го испратил на скопскиот јавен обвинител. Имено, Азманов, револтиран од пишувањето на Латас, открива дека за да се покрие криминалот при приватизацијата на Силекс, Ѕинго им платил три милиони марки на Љубчо Георгиевски и на Љубе Бошкоски, кој на времето, по упадот во Силекс во Кратово ја собра во црни вреќи целата документација на Комбинатот. "
(This post was last modified: 28-05-2011, 03:35 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2011, 03:30 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Христо, ти за Љубчо си на овие избори? Icon_razz

28-05-2011, 03:46 PM
Reply