Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.42 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Љубчо Георгиевски најави враќање или политичко самоубиство?
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Љубчо можеби е најинтересна личност што се појавила на македонската политичка сцена. Патот од најславен до најплукан го помина многу бргу, сето тоа од негова страна беше проследено со голема доза на иронија.

Најчеста етикета која што му се лепеше уште од самиот почеток беше бугарската. После толку години одбрана од неа (што се бранел сам, што други) сега како тој сам да го признава бугарофилството, а во исечекот што го ставил Ефтов вели дека за него македонски бугарофил и македонски Бугарин е едно исто.

Вчера најави враќање на политичката сцена, останува да го погледнеме интервјуто, но лесно може да се случи предвиденото враќање да се претвори во самоубиство.




28-05-2010, 02:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Љубчо Георгиевски се враќа


27.05.2010, 17:14

Љубчо Георгиевски активно се враќа на политичката сцена. Цврсто стоел зад својата одлука. Предупредува членството на ВМРО-Народна никој да не го чепка.

- Јас сум хомополитикус. Јас не можам - ако не го дадам своето политичко мислење и политички ставови и конечно тоа го кажувам заради другите на наредните избори целата своја поддршка ја давам на ВМРО-НП. Тоа го кажувам во функција за разни политички структури да не агитираат кај нашите членови. Јас стојам комплетно и морално зад таа партија, вели Георгиевски.

До предвремени избори воделе два пата. Првиот, владеачката ВМРО-ДПМНЕ сама да ги распишела, втората ДУИ да излегла од власта со цел да направела атмосфера на незадоволство. Само храбро раководство можело да го реши проблемот со името и да ја внесе Македонија во Унијата и НАТО.

- Ако се случат тие избори сметам дека сите политички партии треба да бидат на јасно. Онаа политичка партија која ќе победи на овие избори треба да има мандат да го затвори проблемот со името. Сметам да се оди на избори а да се нема политичка декларација со која сите политички партии ќе се согласат. Се друго е изгубено време на Македонија.

На последниот партиски конгрес Георгиевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ на последните избори освоиле 63 пратенички мандати благодарение што ВМРО-народна апстинирала. Станува се поочигледно дека Георгиевски е се повеќе ангажиран. Георгиевски му го отстапи кормилото на Груевски – откако ги изгуби изборите 2002-та година, кога СДСМ дојде на власт.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=60975


Ке биде жешко. ИНСАЛАЦИИТЕ тргнаа во пресудната битка. Да го слушнеме утре Љупчо. Но по најавата на емисијата на Ефтов, Љупчо ке игра за истата екипа за која игра од 1998 година, СРБОКОМУНОИСТИЧКАТА.
(This post was last modified: 28-05-2010, 02:38 AM by ЈорданПетровски.)
28-05-2010, 02:36 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Мислиш дека Георгиевски наполно свесно влезе во таква игра, а не дека за тоа повеќе се заслужни луѓето како Доста? Тоа никогаш не ми било јасно. Дали беше толку глуп целосно да ја препушти играта на тие околу него, а тој да се засити со одредени привилегии (финансиски и др.). Дали мислеше дека со Доста (како негов близок човек) ги става тие структури под контрола, дали знаеше уште тогаш за тоа каква улога имала Доста? Подоцна ќе признае за Доста, па дури ќе отиде дотаму што ќе изјави дека таа работела и за негова физичка ликвидација. Од друга страна па и ден денес застанува во одбрана на Далаверски. Тоа е најверојатно затоа што и тој имал корист од шверцот (не е веројатно само за да покаже дека не ги остава луѓето на цедило), а можеби и нешто повеќе се крие.

28-05-2010, 02:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(28-05-2010, 02:52 AM)acko Wrote: Мислиш дека Георгиевски наполно свесно влезе во таква игра, а не дека за тоа повеќе се заслужни луѓето како Доста? Тоа никогаш не ми било јасно. Дали беше толку глуп целосно да ја препушти играта на тие околу него, а тој да се засити со одредени привилегии (финансиски и др.). Дали мислеше дека со Доста (како негов близок човек) ги става тие структури под контрола, дали знаеше уште тогаш за тоа каква улога имала Доста? Подоцна ќе признае за Доста, па дури ќе отиде дотаму што ќе изјави дека таа работела и за негова физичка ликвидација. Од друга страна па и ден денес застанува во одбрана на Далаверски. Тоа е најверојатно затоа што и тој имал корист од шверцот (не е веројатно само за да покаже дека не ги остава луѓето на цедило), а можеби и нешто повеќе се крие.

Да.
Љупчо може да зборува што сака денеска но ЈАС ГО ПРЕДУПРЕДИВ ТРИ ПАТИ за тоа што подготвуваат ИНСТАЛАЦИИТЕ. Предупредувањата беа во период 1997-1998 година.
Доста во играта не е заради парите туку заради ИДЕОЛОГИЈАТА.
Задачата Змејко и Доста ја завршија порано. За почеток може да се земе Конгресот во Кичево па некаде до првиот квартал на 1999 година. Во тој период тие ги инсталираа сите "кадри" на ИНСТАЛАЦИИТЕ кои требеше да станат ВМРО вци.
Моја претпоставка за тоа што не се откажува Љупчо од Далаверски е во играта која ја одиграа ИНСТАЛАЦИИТЕ. Со парите/недвижностите "управува" Далаверски и со тоа Љупжо е целосно зависен.
Не би сакал многу да зборувам пред емисијата, но претпоставувам дека "конечно ИНСТАЛАЦИИТЕ ке го имаат доказот за БУГАРОФИЛСТВОТО на 2/3 од раководството на ВМРО ДПМНЕ.
28-05-2010, 03:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ЗАЛУДНО ГО ОПОМЕНУВАВ ЉУБЧО!

Воочувајќи ја таа опасност, во периодот 97 / 98год. трипати се сретнав со Љубчо Георгиевски, посочувајќи му ја посебно опасноста од форсирање на таткото и синот “далаверци”, а знаејќи во тие години дека синот уште во времето на владеењето на СДСМ се занимава со државен шверц со цигари.

Првиот состанок со Георгиевски беше во 1997 год., на два дена пред седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, каде дојде до заминување на Змејковски од функцијата генерален секретар. На разговорот бев викнат од Љупчо Јакимовски и шоферот на Георгиевски, Трајче.

Во разговорот инсистирав Далаверски да не биде назначен за координатор на ОК во Куманово, укажувајки му на Георгиевски за опасноста од семејството “далаверци” за самата партија, поради инволвираноста на Драган Даравелски во шверцот на цигари. Во периодот 96/97 год. имав неколкукратни посети на луѓе од Државна Безедност (инспектор Кузман од Куманово и еден негов колега од Скопје), некои “информативни разговори”, на кои секогаш ме прашуваа што знам за вклученоста на Даравелски во шверцот со цигари. Сега ми е јасно дека тоа не е поради нивна потреба од таков вид информација, туку колку навистина знам за тоа, поради тоа што веќе бев детектиран како човек кој не молчи. И оваа му го кажав на Георгиевски. Одговорот на Љубчо беше смирувачки. Ми рече да го поздравам „докторското
крило“ во Куманово и да им порачам да не се секираат оти Драган нема да стане координатор на партијата во градот.

Вториот состанок беше, во 1998 год, пред прославата на годишнината на ВМРО - ДПМНЕ. Исто како и на првиот разговаравме за негативната улога на „даравелци“ во партијата, но и за се поизвесната победа. Тогаш му ја побарав единствената услуга и му реков дека ако партијата победи сакам единствено информација зошто УДБА, (тогаш се викаше ДБК), толку се интересира за мене и ми се меша во животот на разни начини. Иако вети, услугата никогаш не ми ја стори, а вистината ја дознав дури откако со помош на еден пријател си го зедов досието во 2001година.

Третото видување беше во 1998 год., на 20-ина дена пред пријавување на кандидатите за пратеници. На тој состенок ја зедов и мојата сопруга со мене, како сведок на разговорот, бидејки имав претчувство, дека тоа ќе биде наше последно видување.
Пак ги повторив моите сомнежи во врска со мотивите на политичкиот ангажман на Драган Даравелски и неговата поврзаност со шверцот со цигари и неговата блискост со одредени структури од СДСМ, активно вклучени во веќе добро разработениот шверц. Во исто време, на Георгиевски повторно му посочив на судбината на судскиот спор кој Народна Банка на Македонија, веќе неколку години безуспешно го води против Даравелски поради неисплатени обврски кон НБМ во износ од 200. 000 ДМ.
Кој може да објасни како и зошто, експонирани членови на ВМРО- ДПМНЕ (татко и син) уживаат таква благонаклоност од страна на СДСМ, кога се знаеше како таа власт се однесуваше кон идеолошките неистомисленици!? Јас лично на свои плеќи и на плеќите на моето семејство ги почувствував “праведноста и демократичноста” на таа власт.
На таа трета средба, за прв пат на Георгиевски му кажав и за мојот судски спор со Даравелски , кој го покренав во 1996 год, за долг од
220. 000 ДМ. спор, кој фактички не се ни води. Инаку, за пошироката јавност, претседател на судот во Куманово, и по две години власт на ВМРО - ДПМНЕ остана ист човек - Миле Поповски, кој беше претседател и за време на СДСМ и остана првите две години за време на ВМРО - ДПМНЕ. Од друга страна, ВМРО -ДПМНЕ катадневно се жалеше дека судската властбила под влијание и контрола на СДСМ.
(This post was last modified: 28-05-2010, 07:16 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2010, 07:15 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#6

Внимателно го гледав и слушав Љубчо. Работите што се ставени во највата малку повеќе се измонтирани, кога ќе се чуе изворно се добива друг впечаток. Инаку Љубчо во некои работи беше малку контрадикторен. Чудно објаснување што е бугарофил што е мак. Бугарин, едноставно тој си ја прифати линијата по која беше обвинуван и сега гледа преку истата призма. Туку по неговото објаснување и еден Катарџиев излегува бугарофил. Icon_razz

За расколот скоро ништо не кажа (цело време те бугарофили, на крај судирот бил судир на суети, барем кога зборуваше толку за бугарофилство да ја поткрепеше тезата зборувана толку време за судирот) , за роварењето на службите не ни спомена, за формирањето исто слабо...

Очекував кој знае што дека ќе има вечерва... А, за некои работи и во право е, навистина личиме на Либан и во многу работи сме Срби со говорна мана. Се на се, порано повеќе ми беше интересен и подобро знаеше да испровоцира, ако и сега имаше таква цел...

Ниту ќе се врати, ниту ќе се самоубие, на политичката сцена ќе живурка...

28-05-2010, 08:24 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0
#7

Јордан напиша:
Првиот состанок со Георгиевски беше во 1997 год., на два дена пред седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, каде дојде до заминување на Змејковски од функцијата генерален секретар. На разговорот бев викнат од Љупчо Јакимовски и шоферот на Георгиевски, Трајче.

Во разговорот инсистирав Далаверски да не биде назначен за координатор на ОК во Куманово, укажувајки му на Георгиевски за опасноста од семејството “далаверци” за самата партија, поради инволвираноста на Драган Даравелски во шверцот на цигари.
======
Виде ли сега дека бев во право кога те нареков манипулатор???
Зошто не обвинуваше нас дека сме го назначиле Далаверски кога следниот ден после твојот состанок ние не бевме веќе таму? Очигледно е дека имаш тотална збрка и со настаните и со времињата... Не вреди да се полемизира натму со тебе...
П.С: Вечрва и Љубчо те закопа - самиот си го призна постоењето на бугарофилството во партијата и без да обвини некој друг за тоа... Те оставија осамен Јордане..
28-05-2010, 08:37 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0
#8

Еве ти нешто и да научиш што пишував за твојата УДБА уште во 1990 година пред одрувањето на првите парламентарни избори. Незнам кај беше ти тогаш, јас си знам - на вистинската страна!
http://makedon.blog.mk/2010/05/28/деполи...зација-ил/
28-05-2010, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(28-05-2010, 08:37 PM)Alexandro Wrote: Јордан напиша:
Првиот состанок со Георгиевски беше во 1997 год., на два дена пред седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, каде дојде до заминување на Змејковски од функцијата генерален секретар. На разговорот бев викнат од Љупчо Јакимовски и шоферот на Георгиевски, Трајче.

Во разговорот инсистирав Далаверски да не биде назначен за координатор на ОК во Куманово, укажувајки му на Георгиевски за опасноста од семејството “далаверци” за самата партија, поради инволвираноста на Драган Даравелски во шверцот на цигари.
======
Виде ли сега дека бев во право кога те нареков манипулатор???
Зошто не обвинуваше нас дека сме го назначиле Далаверски кога следниот ден после твојот состанок ние не бевме веќе таму? Очигледно е дека имаш тотална збрка и со настаните и со времињата... Не вреди да се полемизира натму со тебе...
П.С: Вечрва и Љубчо те закопа - самиот си го призна постоењето на бугарофилството во партијата и без да обвини некој друг за тоа... Те оставија осамен Јордане..


Незнам кој се обидува да МАНИПУЛИРА , ЈАС или ТИ . Овој пост стои поодамна на темата за РАСКОЛОТ. Ама да одговориш на него не ти одговара. Цитатот за ИЗБОРНАТА КОМИСИЈА И ИЗБОРОТ НА ДАЛАВЕРСКИ ЗА ПРЕСЕДАТЕЛ ИЕ е дел од истиот текст на кои ти сега се повикуваш и укажуваш на моја НАВОДНА МАНИПУЛАЦИЈА.


(11-05-2010, 03:53 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Поразот во скоро сите големи градови кој го доживеаа ИНСТАЛАЦИИТЕ педставени преку СДСМ на локалните избори 1996 година беше последно предупредување за ИНСТАЛАЦИИТЕ, кое тие го сватија сериозно . Во Скопје ипратија врвен ИНСТРУКТОР-новиот ТЕМПО.


Диневски пучот и насилните смени на раководствата во градовите изведени од страна на КСИО ги објаснува со наводно воведување на ДЕМОКРАТИЈА:


(13-04-2010, 01:18 AM)Alexandro Wrote: Најпрвин да му одговорам на Јордана за Далаверци.
И самиот знае дека многу работи во партијата се случуваа конфузно и вонинституционално. Поточно, не со соодветна одлука на надлежните партиски органи туку од страна на неформални лоби групи!
Една од првите мои заложби беше токму тоа - воспоставување на ред во работите. Моја беше идејата за внатрешна реформа на партијата. според територијалната поделба од изборниот модел. Па така од ЦК кој броеше 35 членови направивме ЦК со 120 членови (секој претседател на КИЕ - Комитет на изборна единица беше нејзин член плус целиот ИК на УМС) со тоа што за разлика од првиот состав кој не успеа да заврши регуларно ниедна седница овој вториот иако гломазен работеше според сите демократски принципи. Имаше и жестоки расправи и спротивставени мислења но сепак се беше регуларно.
Воведовме принцип за демократски избори внатре во партијата така што секој претседател на КИЕ (Куманово ако не се лажам имаше 5 КИЕ) беше избран од страна на членовите во тој комитет со тајно гласање.


Намерите на Диневски можеби навистина биле такви.
Да го потсетам дека сите патишта до пеколот се поплочени со добри намери но судот на историјата суди по делата:



Quote:Лошата кадровска политика продолжи и по
победата во 1996 на локалните избори, кои ВМРО -
ДПМНЕ ги доби убедливо во сите поголеми градски
центри во Македонија. Се форсираа луѓе кои беа
верни на поединци, а не на партиски заложби на партијата
и конечно, на Македонија. Просто, се поставуваа
послушници. Тоа беше во делокруг на Змејковски,
а потоа на Димовска.
Интересен е брзиот подем на Драган
Далаверски, кој уживаше голема поддршка од
Змејковски.
Само како пример, тој ја предложи изборната
комисија во изборната единица во Куманово за
време на вонредните партиски избори, која со фалсификат
овозможи победа на Далаверски и негово
учество во ЦК на ВМРО - ДПМНЕ.
После заминувањето
на Змејковски, грижата за него ја презема
Димовска.


За емисијата ке коментирам кога ке ја изгледам. Но напишав нешто што очекувам во овој момент од Васко и ЕКИПАТА . Мора да се до врши започнатото со "Документираната историја за Расколот во ВМРО ДПМНЕ" затоа и напишав :

(28-05-2010, 03:46 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Не би сакал многу да зборувам пред емисијата, но претпоставувам дека "конечно" ИНСТАЛАЦИИТЕ ке го имаат доказот за БУГАРОФИЛСТВОТО на 2/3 од раководството на ВМРО ДПМНЕ.


ИНСТАЛАЦИИТЕ се веке во паника. АНКЕТАТА по која излезе дека мнозинството граѓани на Македонија е за прекин на преговорите не им одИ во полза. По проценките на ИНСТАЛАЦИИТЕ грото од ти 51% граѓани се по определба ВМРО-вци. Затоа треба сега да се обезбеди "АРГУМЕНТ" дека всашност сите кои се по идејата за ВМРО се БУГАРОФИЛИ.

пс. во идниот број на ФОКУС ке излезе мој текстчво него се објаснети многу работи.
(This post was last modified: 28-05-2010, 09:34 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2010, 09:29 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0
#10

Да да манипулираш Јордане дрско и безобразно!!!
Од тоа што те заебал Даравелски во бизнисот измисли цела завера во која цел свет ти евиновен!
Самиот кажуваш во текстот што ти го цитирав дека Даравелски не бил избран за координатор два дена пред фамозната седница (ти го молиш Љубчо да не го става!!!), а на постот за Раколот ми ги отече јајцата со тезата дека ние сме го поставиле!!!
Во текстот што го цитираш парцијално - толку колку што ти одговара на твоите татаромански тези има еден податок за судирот меѓу нашето партиско обезбедување и она што Даравела и другарка ти Доста го донесоа на Илинден 1997 година еден месец пред расколот.
Ете и самиот Љубчо си призна дека и тој и пола Влада биле бугарофили и без нас!
На забегани и налудничави тези не одговарам. Објави го целиот текст од материјалот па ќе ти стане појасно!
И уште нешто - за разлика од тебе кој гледам дебечло си запливал во бугарски води јас си останувам цврсто на македонските позиции.
Збогум и нека ти е со среќа...
Овојпат конечно!!!!
28-05-2010, 09:46 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#11

Зошто баш сега?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-05-2010, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Alexandro oдговорот на предходниот пост ке го добиеш подоцна . Сега би те замолил ако сакаш да го разјасниш одењето кај Љубиш Гергиевски, епизодата со прислушните уреди:

Quote:Знам сигурно дека Љубиша Георгиевски беше против оденје во Бугарија, претпоставувајки ги негативните последици од таа посета. По тој настан се заладија односите меѓу Љубиша и Доста. Александар Диневски, наговорен од страна на Змејковски дека Љубиша Георгиевски работи против ВМРО – ДПМНЕ, ја прифаќа сугестијата на Змејковски да оди со прислушен апарат кај Љубиша да го провоцира, и така обезбедува “доказен” материал. Крајната цел на тоа е оддалечување на Љубиша Георгиевски од Љубчо Георгиевски, што тогаш и им успеа.
објавено во "ФОКУС" на 06.08.1999 година.
(This post was last modified: 28-05-2010, 10:18 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2010, 10:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(28-05-2010, 09:46 PM)Alexandro Wrote: Да да манипулираш Јордане дрско и безобразно!!!


Ако Далаверски не беше избран за преседател ИЕ, немаше да може да влезе во трката за избор за КООРДИНАТОР на КИЕ.
ИЗБОРНИТ ФАЛСИФИКАТ за избор на председател на ИЕ ГО НАПРАВИ КСИО. Змејковски, Соколов и Ти Диневски. Јасно е кој МАНИПУЛИРА.


(28-05-2010, 09:29 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Лошата кадровска политика продолжи и по
победата во 1996 на локалните избори, кои ВМРО -
ДПМНЕ ги доби убедливо во сите поголеми градски
центри во Македонија. Се форсираа луѓе кои беа
верни на поединци, а не на партиски заложби на партијата
и конечно, на Македонија. Просто, се поставуваа
послушници. Тоа беше во делокруг на Змејковски,
а потоа на Димовска.
Интересен е брзиот подем на Драган
Далаверски, кој уживаше голема поддршка од
Змејковски.
Само како пример, тој ја предложи изборната
комисија во изборната единица во Куманово за
време на вонредните партиски избори, која со фалсификат
овозможи победа на Далаверски и негово
учество во ЦК на ВМРО - ДПМНЕ.
После заминувањето
на Змејковски, грижата за него ја презема
Димовска.
28-05-2010, 10:53 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0
#14

(28-05-2010, 10:14 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Alexandro oдговорот на предходниот пост ке го добиеш подоцна . Сега би те замолил ако сакаш да го разјасниш одењето кај Љубиш Гергиевски, епизодата со прислушните уреди:

Quote:Знам сигурно дека Љубиша Георгиевски беше против оденје во Бугарија, претпоставувајки ги негативните последици од таа посета. По тој настан се заладија односите меѓу Љубиша и Доста. Александар Диневски, наговорен од страна на Змејковски дека Љубиша Георгиевски работи против ВМРО – ДПМНЕ, ја прифаќа сугестијата на Змејковски да оди со прислушен апарат кај Љубиша да го провоцира, и така обезбедува “доказен” материал. Крајната цел на тоа е оддалечување на Љубиша Георгиевски од Љубчо Георгиевски, што тогаш и им успеа.
објавено во "ФОКУС" на 06.08.1999 година.

Само уште една од твоите измислици Јордане со која само ја потвдруваш мојата дијагноза за тебе дека паранојата земала силен замав. Моја добронамерна препорака е под итно на доктор!
За глупоста и лагата што си ја пласирал дознав предоцна и лично ја расчистив со Љубиша. А планирав да те тужам па на суд да го докажеш тоа што го трескаш! Само од сожалување се премислив и згрешив... Незнаев дека имам работа со обична edit за која не важат никакви факти и аргументи. Имаш ли ти бре некаков доказ за тоа??? Ај пласирај го...
Патем, колку белешки од тебе напишале инспекторите на ДБК и зошто кога си имал таква мака не си побарал помош од никого во партијата?
Не мора да одговориш.Знаеш дека знам...
Сепак ова е последно!
28-05-2010, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(28-05-2010, 09:46 PM)Alexandro Wrote: Од тоа што те заебал Даравелски во бизнисот измисли цела завера во која цел свет ти евиновен!


Далаверски не ме заебал во бизнисот. Тоа го сторила СЛУЖБАТА. КСИО и ти сте требале да знаете дека ми водат досие и да ме предупредите. Сте имале ваш човек во АНАЛИТИКА на СДБ Куманово, сопругата на Драган Далаверски.

Од 1990година па до 1994 година со мене бил непрекинато еден човек, тој ми го донесе Драган Далаверски

Quote:...Димковски Предраг - “ПЕПИ ДЕБЕЛ”,
кој незабележително ми стана нераздвоен придруж-
ник од 1991 па навака, немаше ден да не дојде во мојата
кафеана. Ми зборуваше да го вклучам и Драган
Даравелски во бизнисот, а на тој начин да го помогнеме
ВМРО на претстојните избори. Прифатив, бидејќи
мислев дека се чисти луѓе и така ќе се сочувам од
играта која ми се подготвува. Мислејќи дека се чесни и
симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, ценев дека со заедничките бизниси зделките ќе бидат посигурни, а на тој
начин и дел од профитот ќе можеме да го оставаме на
ВМРО. Но, не било така. Во почеток ни тргна бизнисот.
Верувајќи во нив, не сомневајќи се во ништо, ги воведов
во мојот бизнис. Ги запознав со сите моите деловни
пријатели. Така, за релативно кратко време ( околу
4 месеци) направивме обрт за околу 5.000.000 ДМ. За
тоа време, тие го запознаа целиот мој бизнис. Што работам,
со кого работам и како работам. После тој,
првичен успех, „колата тргна надолу“ . Се што започ-
навме, завршуваше неуспешно. Сите заеднички здел-
ки со нив, понатаму, беа погубни за мојот бизнис.


Оваа подолу прикачено се надева го разбираш. Cи изготвувал сигурно и ти такви планови.


[Image: 1zvyko2.jpg]

[Image: 1rx1eo.jpg]

[Image: 10ws7kh.jpg]

[Image: 2z3qt5v.jpg]


Единствено Предраг и Драган во периодот кога сум следен на секој чекор, ЕДЕН ОД НИВ ДВАИЦА БИЛ СО МЕНЕ. И во Македонија и во Бугарија и во Хрватска и во Италија.....
28-05-2010, 11:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(28-05-2010, 09:46 PM)Alexandro Wrote: Во текстот што го цитираш парцијално - толку колку што ти одговара на твоите татаромански тези


Еве го целиот текст:


[Image: 2qd9axe.jpg]

[Image: 24vkzlk.jpg]

[Image: 2hej8fb.jpg]

[Image: ouy72d.jpg]

[Image: 10db9yo.jpg]

[Image: 2ppfnrp.jpg]
28-05-2010, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(28-05-2010, 09:46 PM)Alexandro Wrote: На забегани и налудничави тези не одговарам. Објави го целиот текст од материјалот па ќе ти стане појасно!
И уште нешто - за разлика од тебе кој гледам дебечло си запливал во бугарски води јас си останувам цврсто на македонските позиции.
Збогум и нека ти е со среќа...
Овојпат конечно!!!!

Во оваа непишува дека сум бил следен заради ТАТАРОМАНСКИ ТЕЗИ:


[Image: 21agw7r.jpg]


Туку пишува дека досието е отворено заради идеолошки и политижки причини.

Колку гледаш и како гледаш на мене ми е јасно. Се надевам со оваа дискусија која се води тука за "Документираната историја за Расколот во ВМРО ДПМНЕ" и на многу други.
Твоите обиди да го сокриеш GENEX односно КОС кажуваат се.


(28-05-2010, 09:46 PM)Alexandro Wrote: а на постот за Раколот ми ги отече јајцата со тезата дека ние сме го поставиле!!!

Ти сам рече дека текстот "Документираната Историја за Расколот во ВМРО ДПМНЕ" е твое дело.
Ако недостасува нешто од текстот качиш го.????

Ти засебе Диневски можеш да мислиш што сакаш, па дури дека си и Ајнштајн.
Делата зад тебе, зад мене кажуваат кои сме. И за тоа судат други луѓе, не ние самите
(This post was last modified: 29-05-2010, 12:02 AM by ЈорданПетровски.)
29-05-2010, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(28-05-2010, 11:11 PM)Alexandro Wrote:
(28-05-2010, 10:14 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Alexandro oдговорот на предходниот пост ке го добиеш подоцна . Сега би те замолил ако сакаш да го разјасниш одењето кај Љубиш Гергиевски, епизодата со прислушните уреди:

Quote:Знам сигурно дека Љубиша Георгиевски беше против оденје во Бугарија, претпоставувајки ги негативните последици од таа посета. По тој настан се заладија односите меѓу Љубиша и Доста. Александар Диневски, наговорен од страна на Змејковски дека Љубиша Георгиевски работи против ВМРО – ДПМНЕ, ја прифаќа сугестијата на Змејковски да оди со прислушен апарат кај Љубиша да го провоцира, и така обезбедува “доказен” материал. Крајната цел на тоа е оддалечување на Љубиша Георгиевски од Љубчо Георгиевски, што тогаш и им успеа.
објавено во "ФОКУС" на 06.08.1999 година.

Само уште една од твоите измислици Јордане со која само ја потвдруваш мојата дијагноза за тебе дека паранојата земала силен замав. Моја добронамерна препорака е под итно на доктор!
За глупоста и лагата што си ја пласирал дознав предоцна и лично ја расчистив со Љубиша. А планирав да те тужам па на суд да го докажеш тоа што го трескаш! Само од сожалување се премислив и згрешив... Незнаев дека имам работа со обична будала за која не важат никакви факти и аргументи. Имаш ли ти бре некаков доказ за тоа??? Ај пласирај го...


Оваа го постирав да ти ја видам чесноста.
Два три дена по излегување на текстот се сретнавме во ГТЦ, ти ми пријде и ми рече дека напишаното е точно, ми даде и твој телефон да се слушнеме за да ми кажеш уште неко работи. Телефонскиот број уште го чувам!!

Доказ е ИЗЈАВАТА на Љубиша Георгиевски и твојата изјава на мене пред сведок во ГТЦ.

Кога бев повикан на сослушување јас побарав помоШ од партијата, дотогаш немав ни на крај на умот дека на мене ке ми водат досие. Не бев член на ВМРО ДПМНЕ.
Кога и самиот Љупчо ми рече дека немoжат ништо да сторат бидејки не се власт јас го одбрав единствениот можен начин да се заштитам во тој момент. Објавив мое искажување . Текстот беше објавен во неделникот "ДЕНЕС" под наслов "ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА". Текстот е излезен на 28. 05. 1998 гоодина.
29-05-2010, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

(28-05-2010, 11:11 PM)Alexandro Wrote: Патем, колку белешки од тебе напишале инспекторите на ДБК
Не мора да одговориш.Знаеш дека знам...
Сепак ова е последно!


Многу ке ми завршиш голема работа да ги презентираш тие белешки. Јас обично кога имам да kажам нешто за некого тоа го правам ЈАВНО, ПРЕКУ ВЕСНИК. За да му дам шанса да ме демантира.

Знаењето треба да го докажеш.
29-05-2010, 12:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Соработниците кодошеле, кодошите соработувале со тајните служби



Разузнавач што врбувал соработници за тајните служби, за „Нова Македонија“ тврди дека била многу транспарентна постапката како се станува соработник на службите


Сите досегашни министри и началници, односно секретари и потсекретари во МВР, ги знаеле имињата на соработниците на тајните служби. Според нив, досиејата и имињата на таканаречените кодоши ќе се отворале селективно, а со единствена цел да бидат злоупотребувани за политички пресметки и уцени. Според изворите, тајните досиеја што ги кријат имињата на соработниците на службите, а за кои се шпекулира дека се во Белград, биле во одделението за аналитика во МВР, односно во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Разузнавач што врбувал соработници за тајните служби, за „Нова Македонија“ тврди дека била многу транспарентна постапката како се станува соработник на службите. Тој тврди дека во одделението за аналитика во УБК ги имало сите досиеја на соработниците што за одреден надомест (материјален или нематеријален) им давале извештаи и информации на оперативците од службата и вели дека треба да се прави разлика меѓу кодоши и соработници на службите.

- Соработник е лице што потпишува договор за соработка со службата. Во тој договор се наведени неговите права и обврски, а решението за соработка го потпишува директорот на ДБК. Соработникот потпишува изјава во која наведува дека свесно прифаќа да ги исполнува конкретните задачи на службата по основа на проблематиката за која е ангажиран. Кодошот е најобичен информатор и тешко дека може со конкретни докази да се докаже дека соработувал со службите, без разлика што нивните имиња и псевдоними се наоѓаат во белешките на оперативците - вели изворот.

За секој соработник на службите се води посебно досие, а сите досиеја се во одделението за аналитика во УБК, нагласува нашиот извор.

- Во МВР, во аналитиката на УБК, има список, односно картотека на соработничка мрежа. Тука се досиејата на сите соработници и досиејата на оперативните врски. Сместени се по азбучен ред. Нивните имиња и псевдоними. Во досиејата се наоѓаат и сите извештаи што соработникот ги сработил и доставил до службата. Тоа е доказ за тоа што тој го сработил. Соработникот е последен стадиум во создавање лице што за одреден надомест свесно влегува во соработнички однос со службите. Во минатото тоа беа СДБ и ДБК, а сега е УБК - објаснува тој.
Имињата на соработниците на службите ги знаат сите досегашни министри и директори на службата за безбедност и контраразузнавање.

- Пред некој да стане соработник, тој се води како „лице во оперативна позиција“. Оперативецот што го врбува врз претходни контакти со него подготвува мислење и предлог дали тој е погоден да биде ангажиран за соработник. Предлогот го доставува до директорот на службата (во минатото потсекретар). Директорот врз основа на тоа пишува нов предлог и мислење, кое оди на финално разгледување кај министерот за МВР. Министерот за МВР е последната алка што го потпишува решението за соработка со кое лицето и формално станува соработник на службата - објаснува разузнавачот.

Според изворите, лустрацијата требала да се спроведе веднаш по независноста на Македонија, а не сега. Тие истакнуваат дека најголемиот дел сегашни политичари во 1990-тите години биле премлади за да можеле да бидат ангажирани од службите. Тие не сакаат да откријат имиња и псевдоними на соработници и кодоши на службите.

Пари, коли, станови и школување на децата добивале соработниците
Надоместот за соработникот на тајните служби е различен и варира во зависност од неговиот ангажман и информациите што ги доставил до оперативците.

- Во досието на соработникот се наоѓаат сите извештаи што тој ги сработил за службата. Во зависност од неговите активности, тој добива и паричен надомест. Обично тоа изнесува една солидна плата, но ако станува збор за поголеми акции на службата, следуваа и награди од неколку илјади евра. Имаше случаи кога ги наградувавме со автомобили и со станови. Имаше и такви што бараа од службата да им го плаќа школувањето на нивните деца во странство - објаснува оперативец на тајната служба.

Автор: Емил Зафировски
29-05-2010, 12:54 AM
Reply