Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ СЈО ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ ЗАДАЧАТА ЗАРАДИ КОЈА БЕШЕ ФОРМИРАНО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Што СЈО нема да може да прави од денеска?


[Image: sjo-3.jpg]



5 јуни , 2017
Специјалното јавно обвинителство од денеска нема може да поднесува обвиненија за случаите што ги презеде од Основните јавни обвинителства на 4 декември 2015 година, а станува збор за вкупно 34 предмети.
Ова произлегува од одредбите во Законот за СЈО со кои рокот за поднесување обвиненија е ограничен на 18 месеци.
Имено, членот 22 од Законот за СЈО вели дека „јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство (Катица Јанева, н.з.) може да поднесе обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и на материјалите во негова надлежност“.
На 4 декември 2015 година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство на СЈО му предадоа 31 предмет од незаконското прислушување, а Јанева и нејзиниот тим добија и случаи од обвинителствата во Битола и во Куманово. На 15 декември 2015 година, специјалната јавна обвинителка соопшти дека СЈО е надлежно и ќе работи по 34 предмети, вклучувајќи го и случајот „Пуч“.
Според последниот шестмесечен извештај на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, СЈО во овие 18 месеци отворило истраги по четири случаи преземени од основните јавни обвинителства во Скопје и во Битола и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
  • Транспортер“ – Овој предмет е преземен од ОЈО Битола. Осомничени се вкупно 21 лице за злоупотреба на службената положба и овластување, околу малверзации со превозот на ученици во Битола. Првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. На почетокот на април оваа година, СЈО поднесе обвинение за овој случај, но засега не е закажно судење. (Овој случај СЈО ќе продолжи да го води);
  • Пуч“ – Овој предмет е преземен од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција во фаза на судење. СЈО го повлече обвинителниот акт за овој случај, поднесен во текот на 2015 година, бидејќи, како што беше соопштија од обвинителството, тие не можат да застапуваат обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаат и истрагите што се отворени од нивна страна. Обвинети во овој случај беа пет лица, меѓу кои сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски;
  • Титаник“ (конкретно, истражна постапка во рамките на првиот случај на „Титаник“) – Случајот е преземен од ОЈО Скопје. Осомничени се две лица за изборни нерегуларности, конкретно за кривичното дело уништување на изборен материјал. Овој предмет, според извештајот на СЈО, е во завршна фаза, односно се подготвува обвинение. Нема информација дали обвинението е веќе поднесено;
  • Тортура“ – Овој случај е преземен од ОЈО Скопје, а се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во акцијата „Кампања“. Осомничени во случајот се седум лица, припадници на полициската едница „Алфа“, меѓу кои и командантот на единицата Ивица Анчевски-Пуки. Тие се товарат за мачење и друго сурово, нечовечко или
    понижувачко постапување и казнување. Според СЈО, нечовечкото апсење тие го сториле за да му удоволат на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. За овој случај, според досегашните информации, СЈО не поднесе обвинение.
Инаку, на 30 јуни истекува и рокот за поднесување обвиненија за случаите што произлегуваат од прислушуваните материјали што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му ги предаде на СЈО на 30 декември 2015 година.
Специјалното јавно обвинителство досега поднесе вкупно три обвиненија – за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за случајот „Тврдина 2“, каде првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и за случајот „Транспортер“.
05-06-2017, 02:00 PM
Reply