Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ТОДОРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Дедото на починатата Тамара пукал во Тодоров


Дедото на починатата Тамара од Велес е лицето кое пред малку пукало во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, дознава редакцијата на МКД.мк. 

[Image: mkd-319361.jpg?itok=-DKfP8p8]

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите кога пристигнувал за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари, се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него. 



Quote:[Image: napad-520x293.jpg]

Обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер го направил Љупчо Стојановски, 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од страна на полицијата, објави Вест.
01-06-2017, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Снимка од инцидентот пред МЗ и обидот за убиство на Тодоров




01-06-2017, 02:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:КОН ТОДОРОВ БИЛО ПУКАНО СО ГАСЕН ПИШТОЛ, КОЈ НЕ МОЖЕ ДА УБИЕ



[Image: ministerstvo-za-zdravstvo-3283289.jpg]

01.06.2017
Полиција врши увид пред Министерството за здравство по пукањето кон бившиот министер Тодоров. (Фото: СДК.МК)
Напаѓачот во ексминистерот за здравство Никола Тодоров пукал со несмртоносен гасен пиштол, кој не може да убие,  потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Инцидентот се случил околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.
Љ.С. (60) од село Долно Каласлари, неофицијално дедо по мајка на починатата Тамара од Велес, два пати пукнал кон поранешниот министер за здравство. Полицијата го приведе Љ. С. Тодоров не е повреден.
Повеќе информации за случајот МВР најави на прес-конференција попладнево.
01-06-2017, 03:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Мајката на Тамара за НОВА: Го осудувам нападот, иако ми е татко
 

[Image: tamara-protest6.jpg]

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, за НОВА  потврди дека лицето кое пукало во екс министерот Никола Тодоров е нејзиниот татко, 57 годишниот Љупчо Стојановски од село Каласлари.  Таа вели дека е во шок, а за нападот пред Министерство за здравство дознала од медиумите.

Quote:„Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто. Не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилството, иако ми е татко. Цел живот се борев за правда и еве што се случи. Во моето семејство никогаш немало насилство“, изјави за НОВА Жаклина Димовска, мајка и на малата Тамара девојчето кое почина чекајќи да замине на лекување во странство.

Вооружениот напад се случи претпладнево на скалите пред Министерството за здравство. Влегувајќи во зградата 60.годишниот Љупчо Стојановски од велешкото село Долно Каласлари му се приближил на екс министерот од зад грб, го вперил пиштолот во него и испукал три куршуми.
Тодоров ја задржал присебноста и успеал да ги избегне трите куршуми кои биле испукани директно кон него. Напаѓачот веднаш бил совладан од неговото обезбедување и е приведен во полициска станица. Тодоров не е повреден.
01-06-2017, 03:26 PM
Reply