Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТОТАЛ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Латас на распит во СЈО за затајување данок во случајот „Тотал“





Уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас кој е осомничен во два случаи на СЈО „Тотал“ и „Тревник“ денеска речиси час и половина  беше во Обвинителството. По завршување на распитот, тој излезе од задната врата на СЈО и со брзање се упати кон неговиот автомобил.
На прашањето на новинарите зошто бил повикан кусо одговори: „Не бев на распит, бев да подигнам документи. Тоа е моја работа“, рече Латас на заминување.
Според информациите на НОВА ТВ Латас бил во СЈО на распит како осомничен во случајот „Тотал“ за даночно затајување како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.
Како што изјави обвинителката Фатиме Фетаи осомничениот си купувал мебел од 65.000 евра, душеци од 3.000, рачен часовник „брајтлинг“ од 2.300 евра, персиски теписи и врвно дизајнирани кујнски садови.
Три од фирмите кои се под истрага во овој случај воопшто немале вработени што би ја користеле опремата, а четвртата имала само двајца вработени, кои биле ангажирани дури во 2014 и во 2015 година.
31-05-2017, 12:28 PM
Reply