Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАЛИР, ТРАЕКТОРИЈА, ТРЕВНИК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Фетаи: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ перел пари преку партијата, осомничени 14 лица


22/05/2017 12:27. 
[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]
17
SHARES
FacebookTwitter
Дојдовме до заклучок дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами е изнуден исказ за „Сопот”. МВР и службени лица извршиле кривично дело тортура, фактите ги наведува сведокот, но и дел од службените лица, му направиле последици по психичкото здравје. Таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, кривичното дело застарело во 2008 година, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Во истрага “Тревник”, се сомничат три лица за изградба на три викенд куќи во Зелениково, градење без одобрение за градба. Биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за градба е добиено во 2013 година, кога веќе биле завршени. Законот за градење предвидува обратен редослед, обратните дејствија се предвидени кривични дела, рече Фетаи.
Таа кажа дека се преку изградба на автопатите Миладиновци-Шитп и Кичево-Охрид се оштетил буџетот на државата во износ од 115.117.172 евра, а осомничени се 4 лица, поранешни високи функционери.
– Во постапката за избор на изведувач избегнале јавни набавки, постапиле спротивно од барањата на кинеските услови. Тројца осомничени поттикнати од првоосомничениот преговорите ги воделе со две од трите компании, иако третата компанија имала многу пониска понуда, тие не ја ни забележале нивната понуда, рече Фетаи.
Во случајот “Талир”, обвинителката од СЈО истакна дека се работи за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
– Првоосомничениот како претседател на партијата ги знаел законите, но овозможил финансирање спротивно на законските одредби. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на личната функција. Постои основано сомнение дека првоосомничениот незаконски се финансирал, не ги вратил парите кај лицата или во буџетот на РМ, туку си ги задржал и овозможил комулирање на незаконски капитал за партијата. Тој сторил кривично дело злоупотреба на службената должност. Тој со цел да може да овозможи финансирање формирал група која се занимава со перење пари и овозможиле парите преку општинските комитети да бидат внесени во буџетот на партијата. Од 2009 до крајот на 2015 година преку готовински уплати биле внесени речиси 4.900.000 евра. Дел од осомничените ги пријавувале овие уплати како легални, а потоа незаконските пари ги преземале во име на партијата, а плаќале и преку жиро сметката. Плаќале сметки, хотелски услуги, купување на недвижен имот, рече Фетаи.
Според неа, иамло 71 договор за недвижен имот од незаконски стекнатите средства.
– Не биле за целите и активностите на средствата. Дел од купениот имот не е за партиски цели и нема партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење на пари, 9 лица како директни извршители, двајца како помагачи. Ова не бил единсгтвен начин. Првоосомничениот овозможил да бидат обезбедени услуги од ДГ Бетон АД Скопје, правно лице кое имало склучено договор за јавни набавки.За зградата на ВМРО-ДПМНЕ 424.733.242 денари, а 131.308.398 на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи вршеле услуги од јавни набавки, не можеле да бидат инвеститори, со што првоосомничениот требало да одбие. Вкучно се осомничени 14 лица. Оваа обемна истрага покажа дека иако ВМРО ДПМНЕ се покажувале како совесни, ја искористиле партијата и креирале мислење дека тие не вршеле криминал, рече Фетаи.
22-05-2017, 12:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Јанева: Новото парламентарно мнозинство да го избрише, измине или укине членот

[Image: timthumb-2-620x400.jpg]


22.05.2017
За рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија, СЈО покажа дека е на вистински пат во справување со криминалот, бараме новото парламентарно мнозинство да го избрише, измине или укине членот 20, за да може ова јавно обвинителство да продолжи со својата работа.
Сметам дека во периодот од мојот избор како обвинител, со својата работа ја оправдав довербата која ми е дадена од граѓаните. Ќе продолжиме најпрофесионално да ја вршиме својата работа.
Успеавме да изградиме интегритет, потврда е довербата на граѓаните кои ни веруваат. Не ги преслушуваме останатите 55% од разговорите, се процесуират претходните 45%. Ќе породлжиме да пуштаме обвиненија за преслушаните разговори, сите оние кои имаат
Јас како Специјален јавен обвинител сум свесна дека очекувањата од ова обвинителство се преголеми поради криминалите на власта. СЈО ќе продолжи со работа додека не ги истражиме сите работи. Монструм, Скопје 2014, Мартин Нешкоски, Диво Насеље се во предистражна постапка.
Две од денешните истраги се финансиски, а едната е за незаконско градење. Талир е прва истрага во која постои основано сомнение за перење пари. Предмет на истрагата не е политичката партија, напротив, запознавање на јавноста како одредени личности од раководството се здобиле со богатство.
Талир, Траекторија и Тревник се новите обвиненија.
22-05-2017, 12:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ГРУЕВСКИ ПРВООСОМНИЧЕН ВО ИСТРАГАТА НА СЈО ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ „ТАЛИР“

22.05.2017
Специјалните обвинителки Ленче Ристоска, Катица Јанева и Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција. (Фото: СДК.МК)
Специјалното јавно обвинителство денеска ја отвори и истрагата „Талир“ за перење пари преку незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во која првоосомничен е претседателот на партијата Никола Груевски, соопшти СЈО на денешната прес-конференција.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека постои основано сомнение дека првоосмничениот, претседателот на партијата во периодот од 2009 до 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби и дека тоа го направил од лични мотиви со злоупотреба на службена должност и овластувања. Фетаи рече дека постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.
Претходно на прес-конференцијата, специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека предмет на истрагата за перење пари не е политичката партија, туку запознавање на јавноста како поединци од раководството ја злоупотребиле партијата водени од лични мотиви.
22-05-2017, 12:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:СЈО СО ИСТРАГА ЗА ПРОНЕВЕРЕНИ 155 МИЛИОНИ ЕВРА ОД АВТОПАТИТЕ ШТО ГИ ГРАДАТ КИНЕЗИТЕ

22.О5.2017
Специјалното јавно обвинителство денеска отвори нов случај „Траекторија“ против четири службени лица, високи владини функционери, кои во втората половина од 2012 и  во текот на 2о13 година во постапка за изградба на автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле овластувањата, соопшти СЈО.
Обвинителката Фатиме Фета кажа дека постои основано сомнение дека е ошететен буџетот за 155.117.172 евра и за истиот износ на изведувачот му овозможиле на противправна имотна корист.
„Четирите лица во постапката ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки и постапиле спротивно на условите на кинеската влада и кинеската банка Ексим како заемодавач“, рече Фетаи.
Истрагата за кинеските автопати произлегува од 14. бомба на тогашната опозиција, во која беше објавен прислушуван разговор меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.
Во разговорот додека трае тендерскиот процес за автопатите, Груевски го прашува Јанакиески „За ова ти колку предлагаш?“, на што Јанакиески одговара: „5%“. Јанакиески потоа дообјаснува дека во точен износ тоа „би се движело меѓу 15 и 18“. Груевски на крај го прашува: „Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството?“.
Во друг разговор од истата бомба, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески ѝ вели на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска: „Да ти кажам ноќеска каква порака добив, ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата“ и потоа додава: „Нè тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат“.
Автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид ги гради кинеската компанија „Синохидро“ со кредит од кинеската банка „Ексим“ од 580 милиони евра.
Во октомври 2013 година, Собранието го одобри кредитот, а во ноември беше потпишан договорот меѓу Владата и кинеската компанија. Двата автопати почнаа да се градат во февруари 2014 година. Автопатот Скопје-Штип требаше да биде готов до 1 мај годинава, а Кичево-Охрид до 29 јануари следната година.
22-05-2017, 12:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Познати фирми купувале канцеларии и веднаш ги продавале на ВМРО-ДПМНЕ

Овие четири канцелариски простории се само мал дел од вкупниот имот на партијата што ја води експремиерот Никола Груевски

Автор: Владо Апостолов

Објавено на 22 мај 2017
Познати градежни компании во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за нешто повисока цена.
Тоа се градежните компании „Бауер БГ“ и „Жикол“, кои во десетгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ работеле на повеќе државни проекти откако биле избрани на тендери.
Четири имоти купени на сличен начин
Во акција кај кој се препознава образец, ВМРО-ДПМНЕ купила четири деловни простории или вкупно околу 800 квадрати во Ресен, Крушево, Гази Баба и во дебарското село Мал Папрадник.
Првиот случај е во Гази Баба.

[Image: vmro_sediste_gazi_baba_avtokomanda1.jpg]
Имотот купен од „Бауер БГ“ во Автокоманда сега е регионален штаб на ВМРО-ДПМНЕ | Фото: БИРН

„Бауер БГ“ на почетокот од 2015 легализирала дивоградба во приземјето од зграда во Автокоманда и веднаш во март истата година ја продала на ВМРО-ДПМНЕ како деловен простор за цена од околу 14.000 евра.
Со оглед дека оваа канцеларија се простира на 99 квадрати, излегува дека партијата пазарила исклучително ниска цена од 140 евра по квадрат во главниот град, во зграда што се наоѓа во непосредна близина на спортската сала во Автокоманда и која излегува на главниот булевар „Александар Македонски“.
Вториот случај исто така е купопродажен договор меѓу „Бауер БГ“ и ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат за имот во селото Мал Папрадник кое се наоѓа во близина на Дебарското Езеро.
Најнапред во април 2015 „Бауер БГ“ купува деловен простор од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во Мал Папрадник, а во август го продала на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие 83 метри квадратни компанијата ги купила за 34.000 евра, а ги продала на партијата за речиси 42.000.
И во третиот случај главни актери се „Бауер БГ“ и ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: VMRO_KRUSEVP.jpg]
Местото каде ВМРО-ДПМНЕ купило имот од „Бауер БГ“ во Крушево | Фото: Google maps

Градежната фирма во јуни 2015 купила деловен простор од ЕВН Македонија во Крушево, а потоа во август, на истиот ден како во претходниот случај, го продала на тогаш владејачката партија.
„Бауер БГ“ ги купила овие 138 метри квадрати од ЕВН за 54.301 евро, а ги продала за 55.781.
Просториите се сместени во крушевската чаршија.
Четвртиот случај на купување и брзо продавање на тогаш владеачката партија до кој дојде БИРН е меѓу ВМРО-ДПМНЕ фирмата „Жикол“.
Струмичката градежна компанија во мај 2015 во Ресен купила околу 500 квадрати деловен простор и речиси 1.300 земјиште од „ЕВН Македонија“ , приватно акционерско друштво во кои државата има удел, за сума од 184.000 евра, а за три месеци, исто така во август, ги продала на ВМРО-ДПМНЕ за 200.000.
Оваа канцеларија е сместена во објект во градот Ресен.

[Image: VMRO-RESEN.png]
Објектот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, купен преку „Жикол“ | Фото: Google maps

Овие четири канцелариски простории се само мал дел од вкупниот имот на партијата што ја води експремиерот Никола Груевски.
Низ годиниве имаше неколку процени за тоа колку во недвижнини тежи ВМРО-ДПМНЕ.
Нивниот политички опонент СДСМ во 2015 излезе со цифра дека низ цела Македонија партијата имала 63 објекти со вкупна квадратура од 12.000 метри квадратни, кои, како што тврдеше Петре Шилегов, во најголем дел биле купени во годината претходно.
СКУП Македонија наредната 2016 објави поново истражување според кое ВМРО-ДПМНЕ е запишано на 93 имотни листови на кои има површина поголема од 33.000 квадрати.

[Image: imoti-vmrooo.png]

Зошто „Бауер БГ“ би купила канцеларија во село со 500 жители?
БИРН се обиде да ги контактира компаниите „Бауер БГ“ и „Жикол“ и да побара одговори на неколку за нас логични прашања.
Нѐ интересираше зошто голема градежна компанија од рангот на „Бауер БГ“ имала потреба да купува деловен простор во Крушево и посебно во Мал Папрадник, село во близина на Дебарското Езеро во кое живеат помалку од 500 луѓе.
На тоа се надоврзува прашањето зошто, пак, веднаш ги продала канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакавме да знаеме дали е ова редовна бизнис-пракса на „Бауер БГ“, да купува деловни простории во малите градови и села од внатрешноста и веднаш да ги продава за нешто повисока сума или градежната компанија ова го правела само во овие неколку случаи.
Се интересиравме и зошто „Бауер БГ“ ѝ продала на партијата деловен простор во Автокоманда по багателна цена од 143 евра по квадрат, само неколку месеци откако го легализирала.
Со истите дилеми се обидовме да ја соочиме и градежната компанија „Жикол“ за имотот во Ресен, меѓутоа не добивме никаков одговор од двете фирми. Тие го игнорираа и прашањето дали и ВМРО-ДПМНЕ им платило за деловните простории.
Одговор на ова прашање за сега нема ниту од поранешната владејачка партија.
Кои се „Бауер БГ“ и „Жикол“?

[Image: VMRO_BAUER.jpg]

„Бауер БГ“ е скопска градежна компанија која била формирана на средина од минатата деценија, меѓутоа таа доживеа голем раст на приходите од 2009 година откако учествуваше во Скопје 2014 и во голем дел од општинските проекти.
Базата на БИРН „Скопје 2014 под лупа“ откри дека „Бауер БГ“ е петтиот најголем изведувач на овој проект, со договори вредни нешто повеќе од 33 милиони евра, од кои трите најголеми се:
1. Фасадата и оградата на Владата – 11,2 милиони евра
2. Плоштадот „Скендербег“ – 10,8 милиони евра и
3. Палатата „Емануел Чучков“ – 7,3 милиони евра.
Покрај тендерите на централно ниво, „Бауер БГ“ е една од градежните фирми што ги добиваат и најголемите проекти и од општините. Невладината Центар за граѓански комуникации објави истражување според кое компанија во 2015 била лидер во оваа категорија, додека минатата година била на второ место.
Лани добила 33 тендери во вкупна вредност од 7,3 милиони евра, додека во 2015 имала 25 тендери во вредност од 6,5 милиони евра.
Најголем број од тендерите на оваа фирма се склучени со Градот Скопје.
„Бауер БГ“ за прв пат, барем според Бирото за јавни набавки, добила тендер од државна институција во 2008 од Општина Гази Баба, кога со неа раководел денешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
Нема податоци дека „Бауер БГ“ соработувала со Град Скопје додека на негово чело беше Трифун Костовски, ама затоа соработката на оваа фирма со администрацијата на Трајановски продолжува во двата негови мандата како прв човек на Скопје.
Проширување и обновување асфалт на улици, кружни текови, пешачки мост, плоштад, канализации, нови фасади во центарот на метрополата (кај ресторанот „Пелистер“) и позлатената ограда на мостот „Гоце Делчев“ се само дел од градежните потфати кои Коце Трајановски им ги довери на браќата Благој и Горан Димитрови, кои се сопственици на „Бауер БГ“.
Жикол“, пак, е градежна компанија со поголема традиција, формирана е во 1987 година од струмичанецот Живко Пандев, а денеска покрај него фирмата ја води и неговиот син Никола.
Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струмица.
И „Жикол“, како и „Бауер БГ“ работи со државата преку тендерите, а најактуелен проект ѝ е изградбата на новиот Луна парк во Скопје, што ќе го финансира градот и ќе вреди нешто повеќе од 1,6 милиони евра.
„Жикол“ е најчест клиент на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони и за изградба на инфраструктурата на технолошко-индустриските зони има потпишано 20 договори или анекси вредни 9,7 милиони евра во периодот од 2014 до денес.
(This post was last modified: 22-05-2017, 12:26 PM by ЈорданПетровски.)
22-05-2017, 12:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



22-05-2017, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Димитриев: Политичките памфлети за наводно незаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и ги отфрламе во целост



ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која дејствувала, дејствува и ќе продолжи да дејствува врз основа на Закон и само врз основа на Закон и тоа е потврдено од сите институции надлежни за проверка на финансиското работење на политичките партии, истакна Емил Димитриев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
22 мај 2017 15:59

[Image: dimitriev-640x335.jpg]

Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на Димитриев.

Сите обиди и политички памфлети чија цел е да се претстави некакво наводно не законско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ се неточни.
Невистинити и енергично, и компромисно ги офрламе во целост. Обидот на СДС и нивната партиска испостава СЈО без докази, без факти и без аргументи да изврши компромитација и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ е многу опасен и погрешен пат.
ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави на овој обид за уништување на партијата, а СДС и СЈО ќе бидат единствено одговорни за атмосферата која ќе биде предизвикана во следниот период и во која ние ќе се спротивставиме на неправдата и неправото.
Целта на СДС и СЈО е да се скрши ВМРО-ДПМНЕ, единствената политичка сила која се грижи и која ги брани националните, државните и граѓанските интереси, со цел да се скрши Македонија.
Јасно и гласно со чест и со достоинство порачуваме дека ова нема да помине. Финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ е реализирано согласно закон, целокупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ е законски стекнат. Имотот на ВМРО-ДПМНЕ се користи за извршување на партиските функции.
ВМРО-ДПМНЕ има право да има простор за свое функционирање. СДС не може и не смее да биде во привилегирана позиција и да има простор за функционирање кој му оставен од поранешната комунистичка партија. А, ВМРО-ДПМНЕ да нема простор. Сиот имот на партијата е законски стекнат и без разлика дали е во целост оспособен за партиско функционирање како што е отприлика 95% од просторот или пак е во тек постапка за оспособување на просторот како што имаме 4-5 ситуации. Истиот тој простор се користи за потребите за функционирањето за партијата и само за функционирањето на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ нема купувано ниви и ливади како што неточно наведува СЈО. Тоа е само очаен обид да бидеме компромитирани, а и јавноста да се дефокусира.
ВМРО-ДПМНЕ го има стекнувано во сопственост само земјиштето од објектите или пак земјиштето што е на ист имотен лист со објектот во непосредна близина и слично. Што претставува и законска и рационална обврска и постапка.
Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ е изграден во целосна транспарентна, законска постапка, со примена на јавен повик за соинвеститерство, на кој секој субјект можел да се пријави за изградба на овој објект кој согласно деталниот урбанистички план бил превиден и дозволен да биде изграден.
На овој повик имаше доставено 3 понуди. Во оваа постапка ВМРО-ДПМНЕ го отстапи земјиштето во строгиот атрактивен центар на Град Скопје, кој има своја пазарна вредност со инвеститорот имаше обврска за отстапеното земјиште да изгради објект за потребите на партијата, а тоа е централниот штаб и да исплати надомест за разлика помеѓу понудата од страна на соинвеститорот и проектот врз основа на кој е склучен договор. А, остатокот од земјиштето да го искористи за сопствени потреби и видливо е дека на тој простор соинвеститорот гради хотелски објект.
ВМРО-ДПМНЕ нема добиено донација во оваа постапка како што беше неточно објавено од страна на СЈО. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и било кој граѓанин на Република Македонија имаат јасно законско право за уплата на средства на сметка на партијата. Не сме во можност да имаме контрола на волјата на кој тоа уплаќа на партиската сметка, но сме благодарни за секоја уплата. И можеме да кажеме дека тие уплати се користеле за партиски потреби и редовни партиски работи.
Лажна е информацијата пласирана од СЈО дека наводно уплатите на партиската сметка во 2014-та година биле реализирани во само 57 денови. Вистинската бројка е дека уплатите на партиската сметка во 2014-та година биле реализирани во период во 202 дена, односно во текот на целата календарска година и тоа на име членарини и донации.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не смее и не треба да се чувствуваат компромитирани. Овој безмилосен напад е само срамен обид на СДС и СЈО да наметнат чувство на непотребна вина во нашите членови.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ вие сте луѓе домаќини, чесни луѓе и патриоти за вас не може да коментира или пак да суди Фатиме Фетаи, Зоран Заев или Катица Јанева.
Бидете спокојни, бидејќи вие сте силата од која противникот се плаши, а нашата партија не ја разбиле многу посилни структури од овие кои сега тоа го посакуваат.
Го повикуваме СЈО да отвори постапка за финансирањето и работата  на  СДС, за што имаме проверени инсајдерски информации токму од лица од СЈО дека постојат разговори и дека има законски основ да отпочнат истрага и за СДС.
ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на овој притисок, тој е безобразен поттик да бидеме компромитирани за да биде скршена Македонија. Правдата ќе победи ние сме убедени во тоа.
 



22-05-2017, 09:44 PM
Reply