Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИВАНОВ МУ ГО ДОДЕЛИ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Заев најави дека ќе се обиде да ја состави новата влада и за помалку од десет дена.
 
[Image: %D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82.jpg]
(This post was last modified: 17-05-2017, 01:36 PM by ЈорданПетровски.)
17-05-2017, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



17-05-2017, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: Zaev_izjava.jpg]
17-05-2017, 09:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Тодоров: Будно ќе ја следиме работата на Заев

 
17.05.17   17:13 
Интегрален текст од прес конференција, Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

[Image: 10103-dobivanjeto-na-mandatot-e-samo-zat...stite1.jpg]
Почитувани,
Вложените напори за заштита на државните и национални интереси вродија со плод. Политичкиот отпор на ВМРО-ДПМНЕ и 80 дневните најдолги и најмасовни протести на стотици илјади граѓани низ целата држава резултираа со неопходните гаранции дека нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија. Огромен придонес во тоа имаше и Претседателот Ѓорге Иванов кој со својот принципиелен став не отстапи и се бореше да обезбеди сигурност дека иднината на земјата нема да се крои врз основа на туѓи декларации или платформи.
Целата јавност беше сведок на постизборната измама преточена во тиранската платформа која стана основа за формирање на идното парламентарно мнозинство и претставуваше ризик за иднината на Македонија. Реализацијата на елементите од тиранската платформа, за кои Зоран Заев изјавуваше дека имал позитивен став кон нив, значеше директно загрозување на мултиетничкото општество какво што го градевме и претворање на државата во бинационална. Таа опасност беше реална и затоа народот остро реагираше. Народот се спротистави на сите најави за менување на банкнотите, двојазичните униформи и најавите дека Македонија ќе биде прогласена за геноцидна држава.
На сите овие сценарија реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Иако победивме и ја добивме поддршката од граѓаните на декемвриските избори, на СДС му понудивме да ја отфрли платформата со што ќе ја добиеше нашата поддршка да формира Влада.
Тоа не се случи. СДС ја отфрли понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ја пролонгираше политичката криза. Неодговорното и деструктивно однесување на СДС кулминираше со политичкото насилство при обидот да го изберат Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. СДС ги погази и Уставот и законите и деловникот за работа на Собранието.

Доколку Зоран Заев собереше храброст и порано се оградеше од тиранската платформа, Република Македонија не мораше да ги минува и овие месеци во политичка криза. Доколку Зоран Заев порано ги дадеше гаранциите кои ги побара Претседателот Ѓорге Иванов, досега ќе беа деблокирани сите процеси и ќе имавме локални избори. Денешното добивање на мандатот е само затруен плод на затруеното дрво.
Почитувани,
Од денес натаму СДС и Зоран Заев ја имаат целата одговорност. Тие го контролираат парламентарното мнозинство и од нив зависи формирањето на идната Влада.
Зоран Заев е првиот мандатар кој потпишува гаранции дека нема да ги наруши највисоките државни и национални интереси. Тоа не било побарано ниту од Бранко Црвенковски, ниту од Хари Костов, ниту од Владо Бучковски. Тоа доволно говори за сериозноста на информациите кои предупредуваа на ризикот со кој се соочува Македонија.
На гаранцијата која Заев ја потпиша денеска не се потпишани првите луѓе на партиите на Албанците кои му ја дадоа нивната поддршка. Во име на актуелното парламентарно мнозинство е потпишан само Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ знае колку тежи зборот на Зоран Заев. Безброј пати Заев едно зборувал, а друго правел. Безброј пати Заев едно ќе кажел вечерта, а веќе друго кажува следниот ден.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ја следи неговата работа и нема да дозволи од какви било причини да отстапи од гаранциите кои ги даде.
Почитувани,
Дозволете на крај да им честитаме на граѓаните што беа истрајни во своите барања да се обезбедат гаранции за интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Тие се вистинскиот владетел во оваа земја. Знаеме дека мнозинството граѓани гласаа за програмата на Коалицијата за Подобра Македонија. Знаеме дека таа поддршка се зголемува откако сите ја видоа деструктивноста на СДС и дека Зоран Заев има сосема други приоритети од приоритетите на граѓаните. Затоа Остануваме на ставот дека потребни се нови предвремени парламентарни избори на кои ќе се слушне гласот на народот.

Tuktuk0ni  Tuktuk0ni
18-05-2017, 12:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: На гаранцијата од Заев ги нема потписите од неговите коалициски партнери


Го има само потписот на бесрамниот политичар полн со т.н. селски итроштини кој според договорот меѓу тиранските коалициони партнери ќе е мандатарот на новото парламентарно мнозинство,велат од иницијативата

 

[Image: protestanti__7_.jpg]
Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, денеска излезе со соопштение за давањето на мандатот на Зоран Заев од страна на шефот на државата Ѓорге Иванов.Според нив, денеска Зоран Заев потпишал документ со кој се откажа од Тиранската платформа .
„Но, на тој документ ги нема потписите на неговите партнери од тиранската коалиција, иако Заев ветуваше дека ќе ги обезбеди. Го немаше потписот на луѓето за кои пред 100 години тука не живееле Македонци туку Бугари, го немаше потписот на луѓето кои гласно говорат дека македонската химна и македонското знаме не ги чувствувале како свои. Логично, го немаше ни потписот на луѓето кои среде македонскиот парламент ја пееа албанската химна. Немаше потписи од клучните играчи кои учествуваа во газењето и дробењето на македонскиот Устав, понижувањето на демократијата и уништувањето на правната држава, односно луѓето кои Македонија ја носат на патот кон укинување како државен ентитет.
Го има само потписот на бесрамниот политичар полн со т.н. селски итроштини кој според договорот меѓу тиранските коалициони партнери ќе е мандатарот на новото парламентарно мнозинство.
Ова е показател за неколку работи. Прво, уште еднаш се потврди дека зборот на Зоран Заев не вреди ништо, што не е нешто што не сме го знаеле. Второ, со недостигот на нивните потписи на изјавата со која тој гарантира унитарност, независност, недоведување на Македонија во подредена положба во однос на други држави и неприфаќање на платформи и декларации со кои се повредуваат државните интереси и се подрива Уставот, се поставува една јасна дилема: Заев или мисли дека ќе ги превесла партнерите од тиранската коалиција, или граѓаните на Република Македонија пред кои ја даде оваа „заклетва“.
Притоа, мора да се спомене дека токму карактерот на Зоран Заев и неговото политичко делување е причината поради која тој е првиот во историјата на независна Македонија кој мора да потпишува документ со кој гарантира дека нема да ја растури државата. Ваков документ не им се дава на потпис на политичари кои уживаат барем каква-таква доверба од сопствениот народ.

[Image: %D0%83%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B5_%D0%98%D0...B2__7_.JPG]
Неговиот карактер значи дека за него овој документ можеби и не значи ништо. Но, за судовите ќе значи. За претседателот кој во моментов мораше да постапи по службена должност ќе значи. И најважно...
За нас ќе значи. За сите нас. Овој документ постои во многу поради сите ние, кои пред 80 дена тргнавме на еден пат. На нашиот пат. На патот на почитта, достоинството и правдата. И тој пат ќе продолжиме да го одиме. Добро го знаеме Зоран Заев и неговите ветувања и гаранции кои како што се покажа и денес - не вредат ништо. Неговиот пат не е патот по кој Македонија ќе се развива како мултиетничко општество.
Владините коалиции формирани врз база на документи создадени во соседни држави не се патот по кој Македонија нема да биде доведена во положба на потчинетост кон други држави. Неговото повикување на легитимитет врз основ на тапкањето по рамо од странски центри кои функционираат по принципот „кај има сила, нема правдина“, не е патот по кој се заштитува уставниот поредок во Република Македонија. Токму спротивното.
Но, со него и со извршителите на државен удар во Македонија понатаму ќе се занимаваат оние кои единствено имаат право да го прават тоа - Судовите и Граѓаните. Вие. Ние. Сите ние, заеднички. Битката за правна држава тукушто започна. Таму каде што ќе се појави притисок од странските центри кои поради сопствените интереси ќе поддржуваат минхаузенски и шарлатански политички избори, притисок кој неретко се јавувал и во форма на дипломатски дефилеа по судските ходници... таму ќе се јави и отпорот“-велат од иницијативата.
18-05-2017, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Албанските партнери на Заев не се откажуваат од Тиранската платформа, бараат редефинирање


17 May 2017 22:43

[Image: Kasami-Besa.jpg]


Албанските коалициони партнери на Зоран Заев, наспроти гаранциите на лидерот на СДСМ за добивање на мандатот од формирање на Влада, не се откажуваат од Тиранската платформа и ги повторуваат своите барања за редефинирање на државата.
Првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, веднаш по денешната средба со Заев гостуваше во дебатна емисија на ТВ 21, каде што изјави дека во ниту еден момент не било прифатено од страна на албанските партии да се воздржат од албанската платформа.
На средбата што се одржа денес, тој и Зоран Заев не дискутирале дали БЕСА ќе учествувале или не во владата. За тоа што гарантира Заев при добивањето на мандатот од Иванов, Касами експлицитно  рече дека условите се утврдени во албанската платформа.
-Во ниту еден момент не беше прифатено од страна на албанските партии да се воздржат од албанската платформа. Политички барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија, како и за унапредување на правата на граѓаните, вклучувајќи ги етничките Албанци во Македонија. Ова имплицира редефинирање на Македонија, рече Касами.
Oвој став на Билал Касами доаѓа по добивањето на мандатот на Зоран Заев за формирање влада од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
18-05-2017, 01:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(17-05-2017, 09:08 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: Zaev_izjava.jpg]











Набргу ке видиме кој е лажан дали Македонците или Албанците ??
19-05-2017, 12:39 AM
Reply