Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кризата во Македонија – ризик за автократски тренд
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кризата во Македонија – ризик за автократски тренд


16 мај, 2017
  • Милена Ѓорѓиевска

Дискусија во „Фридом хаус“ во Вашингтон, за можните последици од ситуацијата во Македонија врз Западен Балкан

ВАШИНГТОН — 
Ако кризата во Македонија не се реши преку мирен трансфер на власта, постои вистинска опасност од автократски тренд во регионот. Ова беше еден од заклучоците на вчерашната дискусија во „Фридом хаус“ во Вашингтон, за можните последици од кризата врз иднината на Западен Балкан.
Според нив, прашање на време е кога македонската ситуација ќе им се случи и на сличните владетели во регионот, ако не ги адресираат проблемите навреме.
Никола Димитров, поранешен амбасадор на Македонија во САД, вели дека без владеење на право, стабилност на институциите и слободни медиуми нема излез од кризата.

[Image: 2F50324F-1757-42E1-8A4B-6290522EE966_w250_r1_s.jpg]

Овие проблеми се предизвик за целиот регион. Разликата е што во Македонија, машинеријата на злоупотреби беше јавно откриена со прислушувањето. Сите ја слушнавме. На многу начини, ова ќе биде голема лекција за сите лидери во регионот, дали ако бидат фатени во слично нешто, ќе можат да се извлечат“, вели Димитров.
Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии на Југосточна Европа, вели дека постои можност ситуацијата во Македонија да се одрази врз стабилноста на Западниот Балкан.
„Ќе доведе до тренд на влади кои не се одговорни, кои не го почитуваат владеењето на правото и ја задушуваат слободата на медиумите. Тоа оди во негативен правец, и единствен начин да се излезе од тоа би било некаков вид револуционарна криза, што не е во ничиј интерес. Тоа е една од последиците што можат да се случат“, смета Бибер.

[Image: DFBA6965-EAFE-4729-942B-F122929CE0BE_w250_r1_s.jpg]

Според Игор Бандовиќ, од Европски фонд за Балканот, САД и Европската унија треба да помогнат во промовирање и поддршка на одговорни влади во овој регион.
„Влади кои ќе можат да осигураат владеење на право, демократија и човекови права. Со овие вредности, граѓаните ќе можат да се чувствуваат послободно, отворени и демократски“, убеден е тој.
Тие заклучија дека постојат црвени линии, кои владите на Балканот не смеат да ги поминат, а САД и ЕУ мора да покажат поголема решителност за одредени прашања, бидејќи според нив, моменталниот вакуум создава простор за руско влијание во овие држави.

[Image: 18447173_10158728559075451_5961053182262...e=59B60C58]


[Image: 18446515_10158728559085451_7266883958469...e=59BFED59]


[Image: 18485962_10158725762820451_8325951573857...e=59B52EAC]



За онаа што го пишував во текстот ДАЛИ СЛУЖБАТА ПАК КЕ ИЗБЕРЕ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ кој вчера го објавив се потврди денеска.  Би било интерсно да дознаеме , во кое својство таму присуствувал Никола Димитров? Чии ставови изнесувал? Кој му ги покривал трошоците за патувањето и престојот?
Димитров заборава дека со отворањето на доисета 2000 година власта на СДСМ беше фатена во НЕУСТАВНО прислушкување и воопшто не споменува барем од текстот тоа не се гледа дека НЕУСТАВНОТО ПРИСЛУШКУВАЊЕ имало и  во  периотд 1991-1998 а и во перид 1998-2001 година! За прислушкување  1991- 1998 година постоеа и сеуште постојат непобитни докази дека го вршела власта со цел да ги задуши демократските процеси во Македонија  а со тоа  и раскин со ТОТАЛИТАРНИОТ КОМУНИСТИЧКИ СИСТЕМ. Никако да го слушнам Никола Димитрив да спомене за злоупотребите на власта на СДСМ на Тајната полиција а не пак да побара одговорност за носителите на тие злоупотреби. Можеби неспоменувањето е од причина што ке биде дел од власта која ке ја формирмират тие луѓе.
(This post was last modified: 17-05-2017, 01:25 PM by ЈорданПетровски.)
17-05-2017, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Dušan Petrovski


'„Овие проблеми се предизвик за целиот регион. Разликата е што во Македонија, машинеријата на злоупотреби беше јавно откриена со прислушувањето. Сите ја слушнавме. На многу начини, ова ќе биде голема лекција за сите лидери во регионот, дали ако бидат фатени во слично нешто, ќе можат да се извлечат“, вели Димитров.'
Во Македонија од прислушкувањето се прави проблем само кога се обзнанува шпиунирањето на службеници и партиски/државни раководители. Но, што е суштинскиот проблем со „Бомбите на Заев“? Тоа е истиот проблем кој беше затечен со „Големо уво“, „Дувло“, „Сина птица“, „Бугарска амбасада“ итн--т.е. отварањето на архивите на СДБ/ДБК: масовната употреба на прислушкување, но уште повеќе целосно иследување на сите граѓани кои се сметаат за опасност по поредокот/статусот кво. Прислушкувањето на политичарите и раководителите е само врвот на ледениот брег, леден брег кој македонскиот Титаник упорно го игнорира.
17-05-2017, 07:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: Nikola_D.jpg]
[Image: Nikola_D_1.jpg]
17-05-2017, 08:48 PM
Reply