Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ Е РЕЖИСЕРОТ НА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 27.04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Код на ТВ Телма: Големо сценарио за крвавите настани во Собранието на 27 април


Има сериозни сомневања за предизвикување организиран хаос во дејствувањето на полициските сили за време на настаните на 27 април во и надвор од Собранието. Многубројните решенија за одмор, пропусти во комуницирањето, непреземањето одговорност на началници и команданти и други одговорни лица едноставно укажуваат на тоа дека во МВР на 27 април некој намерно ги предизвикал овие командни пропусти за да се зголеми хаосот во полициското дејствување за спречување на настаните во Собранието кога група пратеници беа крвнички претепани во прес-салата, се вели во вечерашнава емисија Код емитувана на ТВ Телма.

[Image: mkd-321365.jpg?itok=NzNY6IiE]

Како два часа да немаше воопшто полиција во Скопје? Тој ден дел полицајци биле ангажирани на судењето за случајот Диво Насеље, на кое редовно се ангажираат 100 полицајци од ЕБР. Судењето беше одложено, а специјалците заминале дома. Во Скопје тој ден се одржаа и два спортски настани - фудбалскиот натпревар Работнички - Шкупи и ракометниот Вардар - Флензбург. Големо полициско обезбедување било ангажирано за двата натпревари.
Во Собранието за време на редовните протести имало 60 полицајци, од кои 12 од ЕБР, а изброени биле 5.000 демонстранти. Вообичаено за таква бројка потребно е распоредување на 300 полицајци.
Според истражувањето на новинарите на Код, токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Муковски и Василевски биле тие што ги извадиле шипките од главниот влез на Собранието. Освен тоа, ниту присутните полицајците воопшто не се потрудиле да ги спречат демонстрантите да влезат во Собранието.
Според истражувањето на новинарите на Код, собраниското обезбедување немало никаква наредба од претседателот на Собранието, тогаш само претседавач, за какво било дејствување, и според законите, без одобрение тие не смееле да преземат никакви мерки. Тоа е оправдување, но не и покритие, велат познавачите на работата на полицијата, затоа што полицајците имаат едно генерално овластување и тие се должни да интервенираат секогаш кога се исполнети условите за спречување кривично дело.
Тој ден началникот и заменикот на Шестата управа на МВР, Тони Станковски и Горан Митевски, биле на одмор. МВР неколку дена претходно ја укина забраната за користење одмори донесена од почетокот на годината по почнувањето на серијата протести во Скопје.
Горан Митевски, поранешниот директор на УБК, за Код изјави дека Митко Чавков има двојна одговорност, како директор на Бирото за јавна безбедност и како шеф на оперативниот штаб формиран за демонстрациите.
„Од одговорност не е ослободен ниту министерот, кој и без Чавков имал можност да издаде наредба за употреба на специјалните единици во Собранието. Секој припадник на МВР, по добиена информација за вршење кривично дело, има обврска да преземе нешто. Но ништо од тоа не се случи. Очигледно е дека демонстрантите од внатре имале соодветна логистика и насочување на предводниците на тоа сценарио побрзо да стигнат до салата во која се наоѓаа пратениците. УБК во случајов е најодговорна затоа што не информирала навремено дека парламентот е загрозен. Сето ова укажува на тоа дека се работи за големо сценарио и за тоа дека и пратеници и дел од вработените во Собранието учествувале во отворањето на вратите“, изјави Митевски.
Според Код, веќе се идентификувани тројца пратеници што биле замешани во сето ова.
Официјалните информации од МВР кажуваат дека досега се суспендирани вработените во полиција Оливер Поповски, Марјан Митевски, Абдулфетах Алими, Сашо Милошески Утката, Мите Михајлов Џаџката, командантот на „алфите“ Ивица Антевски Пуки и Дејан Димковски.

[Image: mkd-321366.jpg?itok=4k1mFAuJ]
Што се однесува на луѓето со фантомките, кои очигледно имале една од клучните улоги во организирањето на тепањето на пратениците во прес-салата, во емисијата се вели дека група полицајци, припадници на единицата „Алфи“ и поранешни криминалци претходно чекале во едно од кафулињата на кејот од Вардар.
Тие добиле наредба, ги ставиле фантомките и со трчање од кејот се упатиле во Собранието. Фантомките се дел од соодветната опрема на специјалците за извршување специфични работни задачи. Не се знае од каде точно влегле луѓето со фантомки во собраниската зграда, но се претпоставува дека тоа било сторено преку некои специјални влезови, а тоа значи дека некој ги пропуштил без неопходната проверка и легитимирање.
За адвокатите што биле консултирани од КОД, нема никакво сомневање дека се работи за злосторничко здружување.
На ова укажува и обидот на двајца вработени од УБК, неколку дена по настаните, кои без соодветна проверка и регистрација влегле во мониторинг-собата на Собранието и се обиделе да ги земат снимките од безбедносните камери. Тие зеле два хард диска, но не и снимките запишани на дигиталните видеорекордери што се наоѓале во друга просторија.
И овие две лица од УБК, чиј началник е Борислав Богдановски, се идентификувани и се дел од широката истрага за настаните во Собранието на 27 април, кои биле обемни и организирани.



15-05-2017, 12:40 AM
Reply