Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЛАГОЈА ШАМБЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ЛАЖЕН МИТ НА УДБА:ШАМБЕВСКИ НЕ Е УБИЕН ....


[Image: dca6745fdbb9da5b038270324f6ced2f_L.jpg]


 Јордан Петровски 12.11.2014


 Мистеријата, поточно маниулацијата за смрта на Благоја Шамбевски конечно решена благодарејки на Саша Узунов.



[Image: padnalazenudbashambevski.jpg]
"Зачудува" фактот што никој од семејството на Шамбевски, од соборците на Шамбевскии не сакаа да ја кажат вистината сите овие години а некој од нив МОРАЛ да ја знае, во умреницата која ја издал лекарот јасно пишувало за причината за смрта.
Со оваа откритие на Саша Узунов се потврдуват нашите укажувања за целта на формирањето на ДООМ, зброрувам за времето кога ДООМ е воден од Драган Богдановски, ДООМ треблео да ја покрие активноста на ВМРО, да створи лажни "борци" за Самостојна, Обединета и Демократска Македонија. "Борци" кој ке ги попречуваат сите вистински активности во битката за идеалот на ВМРО ... Зар нема појасен доказ за нашите трвдења, славиме докажан соработник на УДБа, Драган Богдановски и говориме веке 40 години дека Шамбевски е убиен од УДБа а ги одмолчуваме вистинскитењ борци за ИДЕАЛОТ на ВМРО, носителите на КОНТИНУИТЕТОТ на ВМРО.
Извештајот на Германската полиција кој ми го прати Саша Узунов:
Нас Aнглиски:
 
In 1974 a Macedonian anti-Communist dissident Blagoja Sambevski, an opponent of Tito's Yugoslavia and Secretary of the emigre organisation DOOM (Movement for the Liberation and Unification of Macedonia), was found dead at the hotel he was working at as a night porter in Munich, West Germany.
The Yugoslav intelligence service (UDBa /SDB) was believed to be behind his death, however, German police has just revealed that his death was ruled to be of natural causes after an autopsy was conducted.
The official statement in German translated reads:
"Mr. Blagoje Sambevski was found dead on 01.08.1974, at 10:00 clock, at his workplace, a hotel in Munich, Schillerstrasse. 11 a.
"The body was autopsied on behalf of the Munich Public Prosecutor at the Institute of Legal Medicine Munich.

"Because his death was due to natural, disease-related, it was not recorded as a murder by the police nor the prosecutor.
"Bavarian State Police investigations in the context of Ex-Yugoslavia associated the 1960s to the 1980s revealed there was connection with the death of Mr Sambevski. There is also no current investigation into the death of the Mr Sambevski.
If your have any evidence which could prove that killing of Mr Sambevski, please contact us at the Bavarian State Police."
Offical response from Detective Chief Inspector Herbert Linder, Bavarian State Police:
 
На Германски:
Sehr geehrter Herr Uzunov,

Meine Recherchen haben ergeben, dass Herr Blagoje Sambevski am 01.08.1974, gegen 10.00 Uhr, an seinem Arbeitsplatz, einem Hotel in München, Schillerstr. 11 a, tot aufgefunden wurde.

Der Leichnam wurde im Auftrag der Staatsanwaltschaft München I im Institut für Rechtsmedizin München obduziert. Aufgrund der dabei erhobenen Befunde wurde von einem natürlichen, krankheitsbedingten Ableben ausgegangen. Deshalb sind zu diesem Sterbefall weder bei der Polizei, noch bei der Staatsanwaltschaft Unterlagen archiviert.

Nach Auskunft des für die Ermittlungen im Zusammenhang mit Tötungsdelikten an Exiljugoslawen in den 1960er bis 1980er Jahren zuständigen Bayerischen Landeskriminalamtes liegen auch dort keine weiteren Erkenntnisse im Zusammenhang mit dem Tod von Herrn Sambevski vor. Es werden deshalb auch aktuell keine Ermittlungen zum Tod des Herrn Sambevski geführt.

Sollten Ihre Recherchen weitere Anhaltspunkte oder Beweise ergeben, die eine Tötung des Herrn Sambevski belegen könnten, wenden Sie sich bitte an das Bayerische Landeskriminalamt in 80636 München, Maillingerstr. 15.

 Mit freundlichen Grüßen

Herbert Linder
Erster Kriminalhauptkommissar
07-03-2017, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:БЛАГОЈА ШАМБЕВСКИ НЕ САМО ШТО НЕ БИЛ УБИЕН ТУКУ БИЛ И СОРАБОТНИК НА УДБА


[Image: 32a94b4f860c9ea010c2508169f36f36_L.jpg]
 Јордан Петровски
Пред две години го објавив текастот ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ЛАЖЕН МИТ НА УДБА:ШАМБЕВСКИ НЕ Е УБИЕН .... во кој го презентирав откритието на Саша Узунов , поточно писмото кое Саша Узунов го добил од Минхенската полиција како одговор на барањето на Саша Узунов да добие одговор за деталите околу "убиството" на Благоја Шамбевски. Во посмото од Mинхенската полиција стоеше дека врз Шамбевски не е извршено убиство.
Многумина ме напаѓаа заради објава на текстот ама никој не се најде да даде доказ дека писмото на Минхенската полиција е фалсификат или пак доказ дека Шамбевски бил убиен.
Пред извесно ги добив книгите "ЦРНИТЕ СТРАНИЦИ НА УДБА" каде што најдов делови и од досието на Шамбевски. Читајки го досието на Шамбевски, поточно деловите од досието на Шамбевски кои беа објавени во петиот том а во втор дел, дојдов до потврда дека писмото на Минхенската полиција е точно!! Потврда дека Шамбевски не е убиен.
Во текстот ке прикачам неколку службени белешки од кои јас заклучив дека УДБа не го убила Шамбевски а не го убила бидејки немала зошто да го убие Шамбевски! Од службената белешка од мај 1967 се гледа дека УДБа прави план да го ангажира Шамбевски за свој соработник:
 
[Image: Shambe_1964_A.jpg]
 
Но оваа службена белешка открива и уште една многу битна работа а тоа е дека Шамбевски во период 1957-1961година БИЛ СОРАБОТНИК НА УДБА!!
 
[Image: Shambe_1964_A_1.jpg]
 
Има неколку службени белешки кои се врзани за текот на разговорите на Шамбевски со инспекторот кој бил задожен да го ангажира Шамбевски. Инспекторот бил истиот кој го имал Шамбевски како соработник во период 1957-1961 година. Но заради текстот да не стане преобемен не ги прикачив. Од службените белешки кои се објавени во "ЦРНИТЕ СТРАНИЦИ НА УДБА"а кои се врзани за текот на разговорите, договорите на Шамбевски и УДБа за негово повторно ангажирање ја одбрав оваа која е последна од службените белешки врзани за повторното ангажирање на Шамбевски за соработник на УДБа. Дали оваа службена белешка е и последна и во досието на Шабевски незнам, поточно немам можност да направам увид бидејки немам можност за пристап до целото досие на Шамбевски. 


[Image: Shambe_1964_4_A.jpg]
 
[Image: Shambe_1964_3_A.jpg]
 
Од оваа службена белешка се гледа дека Шамбевски прифатил да се сретне со инспекторот на УДБа а средбата да се наорави во Венеција. На средбата по се требело да се договорат деталите и испекторот да му даде инструкции на Шамбевски за тоа што УДБа сака тој да одработи.
Ако Шамбевски прифатил да стане соработник зошто би го убила УДБа?
 
[Image: Shambe_1964_10.jpg]
 
Смрта на Шамбевски до ден денеска е предмет на голема манипулација а таа манипулација се состои во тоа дека Шамбевски бил наводно убиен. Таа манипулација започнува уште на погребот од групата која била блиска со Драган Богдановски. Ке цитирам дел од прошталниот говор кој го одржал Драган Богдановски на погребот:


Quote:Шамбета го нема повеќе на македонскиот револуционерен фронт, но неговите убијци залудно ликуваат, зошто тој ќе им се одмазди мртов од гробот. Шамбевски беше учител во едно револуционерно училиште, тој воспита и оформи за револуционерна дејност десетици и стотици млади македонски патриоти кои ќе го продолжат неговото револуционерно дело. Шамбевски мислеше навреме за изградување и подмладување на раководниот и борбениот кадар на ДООМ, тој постојано зборуваше на неговите другари во Централниот Комитет на ДООМ „Ние ќе бидеме лоши револуционери ако навреме не си оформиме револуционерно и организационо млади луѓе, кои при нашето исчезнување од овој свет, или ако ни се случи нешто друго, требе да ја продолжат нашата народна работа“. Почивај спокојно боен другар!, твојата борба продолжува, има кој да те наследи на кормилото на македонската илинденска револуција. Да те наследи и да те одмазди. Нема да оставиме славното илинденско знаме кое ти го држеше така често, и кое така виооко го развеваше, да падие во нечесни раце, да биде свиткано. Него ќе го развиеме наскоро во страдалната македонска земја. Македонската револуција во чиј пламен ти изгоре продолжува кон својот победоносен крај.

НЕКА ТИ БИДЕ ВЕЧНА ПАМЕТ !

Драган Богдановски


Покрај Драган Богдановски, еве што напишал за смрта на Шамбевски, Гојко Јаковлевски-Гоце:


Quote: „За случајот прв ме извести Антон, Македонец, по потекло од егејскиот дел на Македонија, кој живееше во близина на станот на семејството Шамбевски во Минхен и беше чест гостин кај нив. Нешто подоцна, на телефон во Западен Берлин ми се јави сопругата на покојниот Благој, Хрватка од Босна и Херцеговина, и ми рече: ’Гоце, Благој не е убиен, беше несреќен случај. Благој беше болен, Благој беше многу болен. Паднал и паѓајќи ја удрил главата на креветот и тоа било утврдено од лекарите и од полицијата’. Вечерта на телефон од Гетеборг, Шведска, ми се јави и Драган Богдановски и ми рече: ’Гоце, Шамбе не е убиен од УДБ-а‘. Меѓутоа, наредниот ден, повторно ме побара за да ми каже дека има оправдани сомневања, а и многу индиции дека Шамбевски бил убиен, бидејќи главата му била распукана во задниот дел, а вратата на собата заклучена однадвор“, пишува Гојко Јаковлески, по повод 30-годишнината од смртта на Шамбевски.

Јаковлески и' ги пренел сомневањата на Богдановски на сопругата на Шамбевски, а првата нејзина реакција била дека можеби тој сакал да прави „стории“, фама од таа работа. Меѓутоа, подоцна го побарала и се согласила дека во сомневањата на Богдановски има вистина и оти нејзиниот Благој можеби е жртва на политички пресметки.

Од напишаното јасно се гледа дека Гојко Јаковлевски-Гоце е човекот кој ја гради приказната за убиство на Шамбески и и на сопругата на Шамбевски и наметнува причини за сомнеж. 
Еве што напишал во неговиот фељтон Виктор Цветаноски, фељтонист, новинар а бил и дописник на „Нова Македонија“ од Софија. 


Quote:Шамбевски ликвидиран од агенти на УДБ-а
Виктор Цветаноски

Ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година ќе биде ликвидиран Благој Шамбевски, политички емигрант, тогаш секретар на ДООМ. За него нема сигурни докази дека го убиле агенти на УДБ-а, но сите индиции говорат дека е жртва на тајните југословенски служби. Неговото мртво тело го пронашле во минхенскиот хотел „Ројал“, каде што работел како рецепционер. Се претпоставува дека убиецот или убијците дошле во хотелот како гости и го ликвидирале. Побарале соба за ноќевање и кога ги одвел за да им ја покаже го удриле со тврд предмет по главата, по што останал мртов на самото место.


Еве неколку делови од службени белешки од досието на Шамбевски:
Во досието има службена белешка од човекот кој бил вечерта пред да почине Шамбевски со него
 
[Image: Shambe_1964_8_b.jpg]
 
Извештај на соработник Б на "УДБа", во кој ја потврдува изјавата на соработник A, соработник A, кој бил вечерта пред да почине Шамбески со Шамбевски. Соработникот Б објаснува малку повеке за собата каде што Шамбевски починал. Од неговата изјава се гледа дека таа соба не била користена за гости, туку ја користел персоналот.
Шамбевски му се жалел на соработникот A на главоболка!! 
 
[Image: Shambe_1964_9_1.jpg]
 
 Според договорот соработникот А се јавил во 20 часот кај Шамбевски дома за да се сретнат според договорот од предходната вечер:
 
[Image: Shambe_1964_9_2.jpg]
 
Сопругата на Шамбесвки му соопштила на соработникот А дека Шамбевски е мртов! Кога соработникот А стасал во домот на Шамбевски, сопругата на Шасмбевски му рекал дека Шамбевски е убиен!
На соработникот Б, сопругата на Шамбевскиму го кажала следново:


Quote: 
[Image: Shambe_1964_8_A.jpg]
 


Уште едно сведочење ама оваа е од сораборник од битпла под псевдоним "МАРАТОНЕЦ"
 
Quote:[Image: Shambe_1964_7.jpg]
 

За да се добие вистинаита информација за причините за смрта на Шамбевски помогна Саша Узунов побара детали за смрта на Шамбевски од полицијата во Минхен. Во посмото од Минхенската полиција стоеше дека врз Шамбевски не е извршено убиство.
Се наметнува прашање зошто, Драган Богдановски, Гојко Јаковлевски и уше некои членови на ДООМ, блиски до Драган Богдановски ја пласирале тезата за убиство на Шамбевски а таа теза опстојубва кај луѓето кои биле блиски со Драган и до ден денеска. Во некои дискусии сум напоменувал дека треба да сочекаме околу кажувањето на последен збор за улогата на Шамбевски. Тоа сум го велел затоа што од пред некоја година добив сознанија дека Шамбевски, бил соработник на УДБа и дека не бил убиен, но несакав да изнесувам такви информации во јавност без некој пишан доказ! Сознанијата ги добив од луѓе на ВМРО, поточно од еден од основачите на ВМРО СДРМА, значи сознанијата сум ги добил човек кој бил навистина прогонуван од УДБа и човек за кој постојат премногу докази дека УДБа не го скршила, неуспеала од него да направи свој соработник, од човек кој е еден од чертворицата ОСНОВАЧИ на ВМРО СДРМА ПРАВДА и човек кој е НОСИТЕЛ на континуитетот на вистинското ВМРО, ВМРО то со десничарка провиненција!!
Зошто тогаш Драган и неговите блиски соработници не го прифатиле извештајот на полицијата од минхен, одговорот денеска е лесно да се даде. Драган Богдановски бил СОРАБОТНИК на УДБа, Гојко Јаковлевски бил соработник кој имал посериозна функција, бил ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА во Западен Берлин, Виктор Цветаноски бил допосник на Нова Македонија од Софија а според сведочњата на луѓе кои биле информирани од прва рака за тоа кој можел да стане дописник од странство и Цветаноски за да стане дописник морал да прифати соработничка улога.
Целта на стварање на лажни митови за борци за Македонската кауза имал за цел да оневозможи да ги осознаеме луѓето кои навистина се борњлњ за Македонската кауза.
Сум го напишал следново одамна:

Quote:Засега за луѓето од ВМРО ПРВДА неможат да се најдат повеке податоци. Тоа е од причина што ако ги изучуваме нив ке видиме дека МАКЕДОНЦИТЕ се нескршливи, дека за идеалот поднесувале затворања, прогонувања, преживеале голготи и тоа ке ни биде пример за тоа какви треба и ние да бидеме.
Со години на нас ни се нудат "херои" кои службата ги скршила и ги направила свои соработници. Што мислиш зар службата неможе да го сокрие податокот дека Драган Богдановски бил нивни соработник или за било кој друг нивни соработник, може, но на неа и е целта, да го убие во старт градењето на патриотизам во карактерот на Македонецот.


 Во текстот користев материјали од досието на Благоја Шамбевски објавени во V том книга 2 од едицијата ЦРНИТЕ СТРАНИЦИ НА УДБА
07-03-2017, 11:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Срце јуначко УДБАШКО чекаше неколку месеци да се подзаборават моите текстови па тогаш тргна пак да ја сервира лагата. Многу е “чудно“ историчар од кив на Блаже Миновски кога го читал досието на Шамбевски не ги забележал изјавите на сопругата на Шамбевски, контактите на Шамбевски со УДБа и неговата подготвеност повторно да соработува со УДБа!!


[Image: MINOVSKI_SHAMBE.jpg]


[Image: MINOVSKI_SHAMBE_1.jpg]

[url=https://imgbb.com/][/url]
(This post was last modified: 07-05-2017, 01:03 PM by ЈорданПетровски.)
07-05-2017, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: MINOVSKI_SHAMBE_2.jpg]
[Image: MINOVSKI_SHAMBE_3.jpg]

[url=https://imgbb.com/][/url]
07-05-2017, 01:07 PM
Reply