Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАЧИ ВОЈВОДА - АХМЕТИ ДПМНЕОВСКИ НАДВОЈВОДА!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ТАЧИ ВОЈВОДА - АХМЕТИ ДПМНЕОВСКИ НАДВОЈВОДА! Колумна
Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!! Кога ќе замине од  власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
Јордан Петровски

[Image: gruevski_taci_ahmeti.jpg]

Што сé нема човек да прочита деновиве низ печатените и електронските весници. Не знаеш кој повеќе го потценува македонскиот граѓанин: дали мегафоните на Грујовистите или мегафоните на Бранковистите = ИСТИТЕ?!
Го читам Нонковиќ, како ни објаснува дека Ахмети имал подобра понуда од Бранко за коалиција ама ја одбил—и ние треба да веруваме!? Треба да заборавиме дека тој истиот Али Ахмети убиваше МАКЕДОНСКИ војници, убиваше МАКЕДОНСКИ недолжни граѓани за да го добие она што не му припаѓа, а сега, од еднаш, треба да се репрограмираме и да веруваме дека тој бил загрижен за Македонците и Македонија, па затоа ги одбил наводните понуди од СДСМ, кои биле:
- Албанец да стане Премиер;
- за двојазичност на територија на целата Република,
- за истакнување на знамињата на албанската етничка заедница на целата територија на Република Македонија;
- Претседателот на Собранието да биде од албанскиот политички блок и седниците да ги води на Албански јазик;
- Директорот на УЈП да биде од албанскиот политички блок;
- Еден од директорите на УБК или БЈБ да биде од албанскиот политички блок;
- Началникот на Генералштабот ан АРМ да биде од албанскиот политички блок.
Единствениот заеднички именител во понудите кои ги добил Ахемти од двете македонски банди, според небулозите кои ги туркаат Грујовистите, била амнестијата на злосторот врз цивилите од таканаречената Татковинска војна, и—види Богати—Ахмети ја прифатил онаа посиромашката понуда на Грујовистичката банда, која не била дарежлива „пакет“ понуда како онаа на Црвенковски!?

Ахмети за шака блиски ги жртвува сите Албанци
На секој разумен човек му се наметнува логичното прашање: ЗОШТО?
Односно, како е ова можно? – Има само еден логичен одговор: И Груевски и Нонковиќ  ЛАЖАТ.
Ахмети амнестијата ја барал и од Грујовистите и од Бранковистите, и ја добил од двајцата. Изборот паднал на Груевски, од простата причина што не им треба трет за да направат Влада, а со тоа и колачот на власта не мора да го делат со трет, што во превод значи повеќе „гага“ за Ахети и неговата банда.
Низ барањето на Ахмети за амнестија на ладнокрвни убијци и измачувачи на невини цивили се гледа неговиот однос кон сопствениот коликтивитет. Тој, за да се спаси себеси или некој многу близок до него, вината на злосторот на шака поедници ја префрла на грбот на целиот албански етникум. Овој неказнет злостор ќе остане непремостлив јаз на недоверба помеѓу Македонците и Албанците, а  ќе ги зацврсти и сомничавите погледи на Запад кон нивните некогашни миленици. За да се премости тој јаз, Албанците како етничка заедница ќе мораат да ги посочат виновниците. Тогаш, Албанците ќе можат да зборуваат дека  навистина се за вистински соживот и градење на држава на граѓаните, а не на коликтивитетите. 
Еден многу поучен пример за македонските Албанци и за останатите етнички колективитети во Македонија, доаѓа од Канада: во провинцијата Квебек, населена со претежно Французи, во 1995 год. беше оддржан референдум за отцепување од Канада. Референдумот не успеа за помалку од 1% гласови. На последните федерални избори, кои се оддржаа во мај годинава, етничката, сепаратисктичка партија од Квебек доживеа катастрофа, при што доби само 4 пратеника (од 48 во 2008. год.), или помалку од 4% на гласачите во Квебек. Граѓаните на Квебек сфатија дека лидерите кои се залагаат за права на коликетивитетот, всушност се борат за лично влијание и лична корист, злоупотребувајќи ја моќта на паушалните етнички залагања заради кои ја уживаат поддршката од електоратот.
Погледнете ги „лидерите“ на  партиите на етничките колективитети: Амди Бајрам, Стоиљковиќ, Цановски, Сарач, итн, па пресметајте што добиваат нивните гласачи, а што добиваат „лидерите“.

Груевски требаше да го врати мандатот
Да се вратам на Груевски: Ако навистина Груевски сакал да стане премиер на влада на  граѓаните на Македонија, тој ќе излезеше јавно да ги обзанани барањата на Али Ахмети и ќе соопштеше дека го одбива мандатот, бидејќи под уцена не сака да составува влада. Дека, поради негово длабоко убедување, барањата на ДУИ се против Македонија како држава и против Македонците како етникум. Притоа, ќе ги ставеше Бранковстите во „небрано“, оставајќи ги нив да му ги исполнат барањата на Ахмети, кои во тој момент би ѝ биле познати на целата македонска јавност.
Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!!
Кога ќе замине од  власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во тој клучен момент, однесувањето на Албанците ќе биде пресудно за понатамошните односи внатре во државата. Етничките Македонци нема да смеат повеќе да ја забиваат главата во песок и проблемите да ги одложуваат за утре. Ова не е повик на војна. Ова е повик на спроведување на механизмите на правната држава и повик на функционирање на инститиуциите на истата таа држава.
01-03-2017, 01:54 AM
Reply