Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Него, дечки, мора да седнеме да поразговараме малку околу Коста Рацин
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:29/12.2016
Него, дечки, мора да седнеме да поразговараме малку околу Коста Рацин. Околу неговото отровно, штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа. Убаво е ова што сме горе-долу обединети во спротиставувањето на удбашките подметнувања и притисоци кои доаѓаат преку СДСМ и нивните странски партнери. Горе-долу, противникот е разобличен. Се преброивме и точно знаеме кој на која страна е во борбата. По две години војна, никој не може да каже дека не знаел, не слушнал, не бил во тек — максимум што може да каже е она кукавичкото, јас брат не се замарам со политика.
Но, овие манифестации не ни доаѓаат од никаде, не се создаваат сами од себе. Народ што израѓа Верушевци и Богоевци, Црпковци и Црпнатици, има некој подлабок проблем, за кој мораме да зборуваме отворено и без пардон. Можеме да кажеме дека сме соочени со пропаганда од соседните држави, потплатување на Македонци да одработуваат за туѓи бели дворови (see what I did here?), и донекаде би биле во право. Како што прочитав пред некој месец (не се сеќавам веќе каде) за резонирањето на некој како решил каде да се приклони во операцијата Пуч — не сакам да ме спомнуваат во последната строфа на некоја песна со генерации како некој што заслужува во неговата пуста куќа да хукат хутове


Апсолутно сум подготвен да ја посочам вината за кризата кон странскиот фактор, странските служби, кон странскиот милијардер кој вештачки го продолжува животот на трулата југословенска збирштина на агенти, новинари,академици и уметници. Но, ајде да поразговараме малку и за нашата домашна одговорност, што е тоа во нас што не прави подложни на вакви влијанија, нејзините почетоци, за тоа како оваа трагична македонска приказна воопшто почна? А почна, како и секое раѓање, со многу надежно исчекување, низ болки и маки, крв и пот. Почна со Коста Апостолов Солев Рацин, џуџето од Велес (yes, I went there).
За да ме разберете, првин, ве молам прочитајте ја оваа негова песна, постирана на македонското катче од глобален марксистички интернет сајт — https://www.marxists.org/makedonski/raci...m#nastruga
 
 Тука, во оваа песна, јас ја доживувам целата беда на македончето, јасно спротиставена на големината на достигнувањата кои тогаш ни биле на дофат. Коста зема преубава оригинална народна песна, песна на љубовта и човечките достигнувања, и ја покрива со мрачна коприна на длабокиот нихилизам, ништавилото, кое е во суштината на неговата филозофија. Бидејќи, разберете, не се бориме со Верушевци и Богоевци, ниту со партиите од левицата, нивните невладини организации, медиуми, странски помагачи… Ова е борба со филозофијата на нивното движење. Во срцевината на нашето движење е животот, прогресот, иднината. Во внатрешноста на нивниот призрак е празнотијата, сивилото, стравот од светот, неуспехот и смртта. Претставете си да сте млад човек кој живее во време на невиден технолошки прогрес. Каде во новоизградени згради со чудни имиња како монополо или мануфактурата се дробел феудалниот поредок во кој дотогаш живеела Македонија. Време кога човекот сфатил дека веќе нема да мора да седи цел ден згрбавен над маса и со роботско повторување на движења да создава примитивни уреди, клинци, потковици, седла и налани, рачно да ткае платно или со коњи и магариња да се обидува да врши зрно пченица повеќе за децата да не му умрат од глад, или да оди да поток да удира платно од камен за да го подиспере малку од потта од претходните денови, или рачно да цепи дрва за да се потстопли, повторно за децата да не му умрат од премрзнатост. Да живееш во време кога се осознало дека целиот овој труд може да биде заменет со машини.
И сега, замисли да си млад човек и да живееш на почетокот на едно волшебно доба за човештвото. Не мора да имаш бујна фантазија за да претставуваш што доаѓа. Некои луѓе од чудни далечни земји како Англија, Америка, Франција, веќе стигнале во тоа ново време на волшебства. Веќе знаеш дека постојат параходи и телеграфи. Наслушнуваш дека еден друг генијалец од ова поднебје се качил на еден таков параход и отишол во Америка за да ја совлада енергијата на молњата и да ја натера да му служи на човештвото. Значи, се што треба да направиш, како млад човек од една од посиромашните отомански провинции на која, по неколку крвави војни, и дошло времето да стане дел од европскиот модерен век, е да бидеш отворен кон промените, кон новата технологија, но, (а ова е уште поважно) и кон филозофијата на живеењето која довела до овие технолошки промени. И тука е моментот каде ние се лизнуваме. Песната на Рацин звучи лудистички, звучи како да тој се спротиставува на технолошкиот напредок. Сака работата која се вршела рачно, а денес многу попродуктивно и ефикасно се врши со машина, повторно да се врши рачно, бидејќи така луѓето ќе имале производ на својот труд во своите раце. Како што лудистите фрлале налани во машините во Холандија за да ги испокршат и да го спречат напредокот.
Но, ова не е сосем точно. Македонската левица го прифатила технолошкиот напредок. Честопати левите поети (не баш Рацин) ги воспевале високите печки, достигнувањето на квотите на производство на челик, тракторите и комбајните кои ги замениле коњите и воловите од полињата. Но, многу пострашно, Рацин го негира човечкиот индивидуализам кој довел до овие технолошки напредоци. Откритието на парната машина, телеграфот, пеницилинот, тоа не било колективен труд на илјадници луѓе кои седнале да мислат и смислиле нешто. Не, тоа било резултат на еден претприемчив човек, кој вложил сопствен труд и знаење, како и свои финансиски средства, и постигнал нешто за што целото човештво потоа морало да му честита и да му се поклони. Нормално, луѓето кои ги граделе првите фабрики и железници во Македонија, очекувале нивната инвестиција да им се исплати. Како што е полезна за целата земја, за целото општество, да биде полезна и за нив, пропорционално со вложеното во нејзината изградба. Мнозина од нив ризикувале и не успеале, пропаднале во обидот да направат нова, модерна мелница на жито или дистилерија на алкохол. Но, мнозина успеале, и станале богати. Што прави Коста Рацин во овие услови? Прочитајте ја песната уште еднаш, ако сакате. Како мало, уплашено македонче (намерно напишано со мала буква), тој тагува по времето кога поминува, кое исчезнува. Каде ни се дуќаните, дуќанџиите, зошто се затворени кепенците, прашува Коста? Можеби затоа што макотрпната работа која со часови, по цел ден, се вршела во нив, една машина во мануфактурата ја завршува за пет минути? Затоа што центарот на производство од чаршијата се сели во предградијата на градовите, каде токму во времето на Рацин се отвораат првите македонски фабрики, Пиварата, Алкалоид, Тиквеш… Затоа што сме почнале да заличуваме на модерна, прогресивна, напредна држава.
Тука доаѓаме до вистинската завист и злоба во филозофијата на Рацин. Тој ги мразел успешните. Не можел да смисли дека некој негов сограѓанин ќе постигне нешто и ќе се издигне над колективната беда и медиокритет. Затоа е подготвен да ламентира над минатото време на рачниот труд во чаршијата иако сигурно бил свесен дека новото, индустриско доба носи далеку поголем просперитет за сите — не сакал некој да има малку поголем просперитет од другиот, иако целосно го заслужил, во пропорција на неговиот вложен личен труд и инвестиција. Филозофијата на Рацин е — нека цркне козата на комшијата, море нека цркне и комшијата, иако таа коза го храни целото село. Сите да бидеме еднакви, па макар и по цена да останеме во времето на макотрпна рачна работа, и да дозволиме светот и векот да минува покрај нас. Подобро сите да одиме со искинати облеки и чевли, гладни и премрзнати, отколку на сите да ни биде малку подобро, ама на некои од нас да им биде ептен подобро отколку на другите. Подобро сите да возиме Југо, отколку дваесетина да возат бентли а сите други да возат голф, опел, мазда.
Дали, драги мои, разбирате колку малку недостасува од себичната, одмаздољубива, ситничава, денунцијантска, македончевска поезија на Коста Рацин до моментот кога кодоши оделе од прозорец до прозорец да се обидат да намирисаат во чија куќа се јаде месо и да го пријават сопственикот на куќата во полиција како ратни профитер? Поезијата на Рацин инспирирала симнување на глутници волци во градовите, кои првин ги национализирале тие неколку фабрики што сме ги имале, заедно со железниците, рудниците, браните и монополите, а потоа, кога тоа не им било доволно, дошле по чаршиските дуќани со нивните кепенци, по градските куќи на чорбаџиите, трговците, адвокатите, поповите, па потоа и по поскромните куќи на обичните градски луѓе кои не биле “од нивна”, за на крај да дојдат по нивите на селаните и да ја извршат погубната колективизација. Меѓу трговците, секако било и семејството Фирфови, на чија ќерка Рацин и се колнел на вечна љубов. Рацин, се разбира, не бил жив за да види каква злоба, пакост, какви злосторства, грабеж, стрелања, претепувања, лажни и монтирани судења, масовни прогонства… извршиле луѓето кои биле инспирирана и мотивирани од неговите песни. Кои сериозно ги сфатиле неговите клетви кон банките и кон газдите кои ја пиеле крвта на работниците, како што Рацин пее.
Сфаќате ли колкава трагедија е да правиш држава со таква копучаана, па уште и агресивна, или јакобински настроена, што би рекле куртоните од партијата Левица? Во цел свет националните држави биле изградени на урнатините на феудалните држави од страна на граѓанската класа — трговците, индустријалците, железничките магнати, банкарите. Тие имале пари да финансираат талентирани млади луѓе кои ќе пишуваат или пеат вдахновено за иднината која доаѓа и за националните држави кои треба да се создадат на место на феудалните градови — државички засновани врз селанство и примитивна чаршиско-еснафска индустрија. Имале пари да си ги исшколуваат децата да отпатуваат до Лондон, Париз, Санкт Петерсбург, Филаделфија, да станат правници, да ги напишат уставите на тие идни држави. Точно, процесот на национализација со себе исто така донел страшни злосторства додека етнички и верски мешаните феудални империи од минатото не постанале еднонационални индустријализирани држави. Но, овој процес не го воделе масите. Го воделе индивидуалците кои, со својата способност, знаење, подготвеност да ризикуваат (честопати и врски и потплатување) се издигнале над масата. Нема пример национална држава да се направи од пролетаријатот, од луѓето на кои Рацин им се обраќа, а кои одвај биле едно скалило над добиток за влеча.
Рацин е ловроносниот поет на едно уплашено, себично, грабливо, тоталитарно време кое го повикувал и посакувал со неговите песни. Единственото добро нешто што може да се каже за Рацин е дека умрел на време, пред да стане партиски комесар и цензор, човек кој ќе одобрувал која книга е доволно револуционерна за да смее да се објави, а која книга значи дека авторот треба да биде пратен на превоспитување (или нешто уште полошо). Пред да се претвори во кодош и денунцијант како Славко Јаневски. Убиен е од неговите, нормално, од еден од ѕверовите кои ги инспирирал на грабеж (под претпоставка убиецот воопшто да бил писмен да ги прочита песните на Рацин — можеби не ни му бил потребен друг поттик отколку да намириса дека доаѓа време на разграбување на имотот што неговите трудољубиви соседи домаќини го имале стекнато).
Општеството кое Рацин го посакувал, во кое поединецот мора да биде потчинет на масата, мора да биде владеено само со брутална сила, со тајна (или не толку тајна) политичка полиција, која ќе ги гони неистомислениците, сите што нема да го воспеваат комунистичкиот режим. Да ја преживеел војната, Рацин можеби ќе имал доблест да крене рака и да каже, полека бе другари, не се боревме за ова. И ќе го отепале малку подоцна, на друго место. Поверојатно ќе се запиел. Најверојатно ќе станел политички комесар во некоја издавачка куќа и ќе решавал што смее, а што не смее да се отпечати како политички одобрена литература.
Свесен сум дека ќе се соочам со силни критики за напишаното погоре. Но, луѓе, ние мораме да седнеме и да разговараме за изворот на злото со кое сме соочени. Не можеме вечно да ги третираме симптомите на злокобната идеја која е всадена во нашиот народ и никогаш не била целосно откорната. Попусто се занимаваме со симптоминте на болеста како што се Верушевски и Богоевски. Лиценцата да грабаат, да убиваат, да мислат дека тие треба да владеат со оваа земја, тие ја црпат од нејзините почетоци, од идеалите врз кои таа е изградена. А изградена е токму на идеалите поставени од Рацин — дека ако некој ја дигне главата половина сантиметар повисоко од другите, треба да му ја сечеме. Па макар и ако со тоа негово издигнување успеал да види нешто повеќе од нас, и потоа да ни прераскаже за тоа, и да не поведе во насока која ќе биде подобра и за поединецот и за општеството како колектив. Мораме да зборуваме за пизмата и омразата кон успешноста која е во срцевината на режимот кој владеел со Македонија од 1940ите години, во времето кога сме требале за првпат да развиваме слободна и демократска национална држава, отворени кон Европа и светот. Истата таа омраза ја гледаме денес кога нови македончиња бладаат да сме им ги земеле фабриките на странците што дошле тука да не експлоатираат. Кога гледаме со каква омраза и гнев се истура врз најуспешните меѓу нас, кои рамноправно разговараат со директорите на најголемите светски компании и банки и ги убедуваат да отворат фабрика, рудник, изградат пат или железница во Македонија. Една од политичките опции во Македонија е заснована на колективизам, идејно е спротиставена на самата помисла на индивидуален успех, и е подготвена на секакво зло, грабеж и војна за да ги реализира своите цели. Мораме да бидеме свесни и отворено да разговараме за ова.

Цветин Чилиманов
29-12-2016, 05:30 PM
Reply