Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Деветтиот круг во „заробената“ држава
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,599
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Со Македонија 26 години владеат корумпирани елити, а во последните години мафијата метастазираше низ сите општествени пори и институции. Изборите се последна шанса да се урне тој систем. Коментар на Борис Георгиевски.

[Image: 36058178_303.jpg]

В недела на 11 декември, македонските граѓани по деветти пат ќе гласаат на парламентарни избори. Сите досегашни циклуси, од 1990 наваму, добиваа по некој драматичен епитет: некои беа историски, други најавуваа пресвртници, промени, па дури и преродби... Доколку се навратите на ветувањата дадени во кампањите досега Македонија требаше да биде рајска градина: без невработени, со плати од илјадници евра, со признат статус и име и членство во најмоќните евроатлантски организации и институции.
Ништо од тоа не се оствари.
И овие избори веќе беа прогласени за такви: историски, судбински, решавачки. Живот или смрт! Трагедијата е што, повторно, навистина се такви.
Избори по избори, година по година, на многумина им мина младоста чекајќи да помине транзицијата, да дојде нешто подобро. Некои остареа, многумина заминаа, оние што останаа имаат сѐ помалку надеж. Одисејата во овие 26 години - деветте изборни циклуси станаа како круговите на Данте. По секој од нив, гревот беше поголем, а страдањата пострашни.
Продефилираа низ македонските изборни кругови лакомите, алчните, завидливите, скржавците, злобните, горделивите, расипниците, измамници, крадци, па дури и убијци. Не недостасуваа ниту гатачите, пророците, волшебниците, лицемерите, подлите и злите советници, сејачите на раздор, расколниците... Останаа корумпираните политичари, тро народ кој никој веќе не се осудува ниту да го преброи, и ограбена земја.
Македонија денес е најсиромашната земја во Европа.
Македонија денес е веројатно најкорумпирана држава во Европа.
Во Македонија денес веќе нема слободни медиуми. 
Со Македонија 26 години владеат корумпирани елити, а во последните години мафијата метастазираше низ сите општествени пори и институции на системот.
Во Македонија веќе нема живот.
Личната карта е одамна заменета со партиска книшка без која нема ни работа, ни плата, ни воздух. За оние кои ја немаат останува само пасошот и карта во еден правец.
Од Македонија порано се заминувало, денес масовно се бега... безглаво како да ве гонат демоните, минотаурите и кентаурите на Данте.

[Image: 19277081_401.jpg]


Шанса
Демократијата ја нуди таа прекрасна можност, еднаш на четири или помалку години, граѓаните да им порачаат на зајдените властодршци што мислат за нив и нивната политика. Сами, задскриени зад параванот, со пенкалото в рака и со надеж за нешто подобро. Слушнавме и видовме во изминатите месеци дека ни тоа свето право на гласачот не било почитувано во претходните изборни циклуси. Надежта е дека овојпат изборниот резултат ќе ја покаже вистинската волја на граѓаните. Ништо помалку и ништо повеќе.
Македонските граѓани се тие кои одлучуваат за иднината на својата земја. Никаде во светот нема „добар народ“ и „лоши политичари“, но има народ кој гласа од протест, од убедување или од корист. На крајот секој „народ“ си ја добива власта која ја заслужува.
Во Македонија сѐ помалку ги има оние кои својот глас го даваат некому од убедување. Земјата е жестоко поларизирана меѓу незадоволните кои бараат безусловни промени и застапниците на статус-квото кои во него гледаат корист; најчесто лична.
По десет години владеење на ВМРО-ДПМНЕ клиентелизмот, непотизмот и корупцијата кои ја произведуваат личната корист за поединци или групи, предизвикаа штета која го става во прашање и самиот физички опстанок на државата. Тој систем мора да се смени, а власта која го практикуваше безусловно да падне.
Сите граѓани имаат обврска да размислат добро кому и зошто ќе го дадат својот глас. Свеста за општото пред личното добро треба да преовлада. За некој студент, на пример, тоа е избор меѓу мерит систем во Македонија или Шенген систем во ЕУ, зелена карта за САД или Канада. За пензионерот, тоа е избор меѓу удобноста на бесплатниот превоз во кинески автобус или иднината на неговото внуче.

Да не се лажеме, периодот на Чистилиштето во Македонија, по сѐ што се случуваше во изминатите години, ќе трае долго. Нема експресни решенија, ниту чудотворни лекови за македонската болест. Она што е клучно е да се стави крај на системот кој од Македонија направи заробена држава, како што неодамна оцени и самата Европска Комисија. Суверенитетот од моќните елити да му се врати на народот, повторно да се воспостават контролните механизми и уставната поделба на власта. Само на тој начин ќе се обезбеди дека некој нов Груевски нема да се повтори.
Рајот во Македонија можеби никогаш нема да го дочекаме, но генерациите кои доаѓаат не заслужуваат да останат вечни заробеници во деветтиот круг на пеколот.
11-12-2016, 02:44 AM
Reply