Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Зошто гласаме за идиоти?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,201
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:





[Image: Pp1W8BuRyOoZxp0Icc6xp9D_bVBRVhKJH4teHOIc...GNNcJ=h310]


Неколку брзи толкувања. Прво затоа што луѓето сакаат спектакл, а не вистинско преставништво и дискусија за сериозните проблеми кои не тангираат сите.
Политиката пати од „аверзивна селекција“, поради што секогаш се бира погрешната работа. Според ефектот Данинг-Кругер, интелигентните личности се критички настроени, пред се со самите себе, преценувајќи ги сопствените ограничувања. Тој што е идиот се осеќа супер сигурен во себе, не разбирајќи ги сопствените недостатоци. Во политиката се наградува активноста, емоцијата, симпатијата, оттука се бираат почесто идиоти, на сметка на разумни луѓе и говорници.
Идиотите создаваат нови идиоти, бидејќи се опкружуват со слични на себе. Одлуките се носат преку систем на популизам и снаоѓање (The art of muddling through, според Линдблом). Во тој контекст не се потребни паметни советници, доволни се yesman, навијачи, дерачи и слични. Нивниот конформизам е најдобрата гаранција за успех во нивните кариери.
Затоа што имаме тенденција да ги наградуваме „негативните елити“. Кога ќе го собереш целиот политички спектрум, точно е дека не се сите исти. Но, што им е заедничко?! Речиси ништо, освен најважното, а тоа е задржување на постоечкиот систем. Дотолку е полоша работата кога некој политичар ќе одбере флоскуларно, и против сите емпириски докази да се обидува да излезе од негативната елита, претставувајќи се баш како различен.
Во овој контекст важат неколку закони: Законот на тривилајност на Паркинсон, според кој идиотите разговараат за тривијални прашања или ги одговараат со празни флоскули, немајќи капацитет да се соочат со комплексните проблеми. Потоа, „законот на Пут“, според кој глупавиот ќе биде награден со унапредување, каде може да направи помалку штета, затоа што според „принципот на Питер“, во една хиерархија, секој вработен има тенденција да напредува до степенот на лична некомпетност.
Така, според законот на „free rider“ на Манкур Олсон, на никој не му е гајле за колективната нерационалност и индвидуалниот утилитаризам. Од друга страна, токму колективните изборни одлуки, како што има докажано нобеловецот Кенет Ероу, се „нерационални“ и водат кон субоптимални одлуки, тоа е теоремата на Ероу или парадоксот на Кондорсет. Од парадокс во парадокс ете како хордите на имбецили, според терминологијата на Еко, ја претвори демократијата, во медиокрација.

Ивор Мицковски фб статус
09-12-2016, 06:02 PM
Reply