Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАРГЕТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Случај „Таргет“ на СЈО – Нелегалното прислушување е вршено од УБК 



[Image: 27A48AA6-DC3B-4AFA-B360-2EBE0FCE933F_cx0...1_s_r1.jpg]

18.11.2016
Од страна на УБК нелегално биле прислушувани најмалку 5.800 телефонски броеви. Имаме докази за тоа кој и како прислушувал, а сега ги истражуваме мотивите, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Десетмина поранешни и сегашни вработени во УБК се осомничени дека, злоупотребувајќи ја опремата на Управата, незаконски прислушувале најмалку 5.800 телефонски броеви, рече обвинителката Фатиме Фетаи, објавувајќи ја новата истрага на СЈО наречена Таргет. Вработените во УБК, кои се осомничени за злоупотреба на службената должност и овластување, биле од највисока позиција до најниските ешалони. Фетаи рече дека е утврдено дека над 4.200 телефонски броеви биле прислушувани без судски налог, а над 1.500 телефонски броеви биле прислушувани надвор од временскиот период за кој бил издаден судскиот налог. Имајќи ги предид телефонските броеви со кои нелегално прислушуваните комуницирале, се доаѓа до над 20 илјади нелегално прислушувани, рекоа во обвинителството.

Фетаи рече дека основно прашања е кој, на кој начин и со какви мотиви вршел незаконито прислушување во Македонија. Имаме докази за тоа кој и како прислушувал, а сега ги истражуваме мотивите, рече таа.

Прислушувањето, рече обвинителката Фетаи, било вршено со три различни системи за прислушување – еден во 2008, вториот од крајот на 2008 до почетокот на 2015 и третиот во 2015 година. Првите два системи се уништени и тоа ја одолговлечило истрагата. Имаме не само вербални, туку и материјални докази, рече таа.
Фетаи рече дека постои основано сомнение дека првоосомничениот, кој бил на раководна позиција во УБК, ги слушал разговорите и без судски налог давал наредби за додавање на телефонски броеви кои биле во блиски лични односи со него, меѓу кои имало и политичари.
Второосомничениот раководител на оддел во УБК, исто така спротивно на закон давал наредби кои броеви да се следат, сам ставал броеви за следење и ги слушал разговорите кои се снимани без судски наредби. Во компјутерот одземен од неговата канцеларија биле пронајдени докази за нелегално прислушување.
Третоосомничената, исто така раководителка во УБК, ги проследувала наредбите од првите двајца, двајца од останатите се сомничат дека незаконски ги внесувале броевите во системот, а останатите се сомничат дека правеле транскрипти од разговорите за потребите на првите двајца осомничени.
СЈО нема да бара притвор за осомничените.
Вработен во УБК го забележал ова, земал дел од транскриптите и од аудио записите од нелегално прислушуваните разговори, по што му ги дал на друг човек, за преку трет човек да стигнат до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.



http://www.slobodnaevropa.mk/a/28126034.html
Овие докази ќе влијаат и на случајот Пуч, зашто е утврдено дека обвинетите биле прислушување надвор од периодот утврден во судскиот налог.

Немаме докази за странски служби и жолти комбиња, рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска, одговарајќи на новинарски прашање.
Специјалната обвинителка Катица Јанева на почетокот на денешната прес-конференција рече дека биле уништени темелните вредности на уставниот поредок. Ниту е почитувана приватноста, ниту тајноста на комуникациите, рече таа.






Quote:Јас не знам што чекаат од ВМРО-ДПМНЕ. И тоа подолго време. СЈО објавува нови и нови истраги, па и обвиненија, а тие не рагираат.
Се што ВМРО-ДПМНЕ и Груевски треба да направат е да ја објават анализата од израелската експертска компанија, која Груевски ја спомна лани во јануари, а која со истражувања, мерења и други докази има утврдено дека прислушувањето е вршено со жолти комбиња и клонирање на базни станици. Така ќе дознаеме и за која странска служба станува збор.
И завршена ќе биде работата. СЈО ќе биде демаскирано.
18-11-2016, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Mакедонскитe синови на Чаушеску


Колумна на Катерина Блажевска
18.11.2016
Каде се сега странските служби, жолтите комбиња, приказните за сечено, лепено, креирано, монтирано… Од доказите со кои располага СЈО, станува многу појасно зошто Груевски со месеци си ја брка сопствената опашка, бегајќи што подалеку од рочиштата за „Пуч“. Ќе морал да одговара на многу незодни прашања, кои длабоко ќе му го тангираат и кредибилитетот на номинацијата во изборната трка, но и учинокот на фамилијата.
Особено на оној дел од фамилијата кој со години бил распослан и распашан меѓу бројните кабелчиња и шарените сигнални светла, кои потврдуваат дека опремата за надзор работи под полна пареа, турбо, овердозирана од телефонски броеви, ставени на незаконско слушање, а голем дел од нив и „заборавени“ да се исклучат.
Осум години, две клучни лица во УБК и осум нивни соизвршители, ја користеле и позицијата во Управата, но и опремата набавена од средства на граѓаните, за да упаѓаат токму во приватноста на граѓаните – политичари, бизнисмени, новинари…
Малку е да се каже дека осомничените ја злоупотребиле службената положба и дека злоупотребиле државен ресурс (софистицирана опрема) третирајќи ја за свои приватни партиски игри. Податоците за незаконско следење на телефонски броеви што ги објави СЈО, ја откриваат и нивната опседнатост и налудничавост не само преку незаконскиот надзор врз политичките опоненти, туку и врз „нивните“.
Според импозантната бројка на денови или години во кои незаконски биле следени нејзините комуникации, апсурдно но вистинито, токму министерката Гордана Јанкулоска станала една од високопрофилните жртви на нејзините инвестиции во монструозниот хибрид МВРО-ВМРО, во кој самата секој ден ѕидала по една тула.
Не ја сфатила навреме суштината на изреката „Каменот од блиску доаѓа“. Не претпоставувала дека од страна на нејзини (формално) подредени од УБК, и таа ќе биде (долго)трајно вградена во прислушниот апарат.
Да знаела, немаше во разговорите толку невнимателно да се опушта, споделувајќи со соговорниците многу здрави детали за болното владеење на нејзината партија, по што во еден од многуте моменти на искреност, дури и воздржаниот Ставрески ќе си дозволи да даде релевантна министерска дијагноза: „Ние сме лудаци“.
Факот дека на списокот на прислушкувани на Јанкулоска и прават друштво Миле Јанакиески и други високи функционери од партијата и Владата, но и верните партиски коалиционери Али Ахмети и Муса Џафери, јасно ја открива неограничената параноја што владеела во ВМРО-ДПМНЕ и болниот начин на кој пастирот го контролирал и своето, и коалициското стадо.
Приказните за некаква нескршлива внатрешна кохезија, за доверба, за единство и други слатки зборови со кои го покриваа скандалот во овие две горчливи години, сега можат да ги однесат на истата дробилица каде што Големиот Брат(учед) веќе испратил дел од опремата на уништување.
Не се потребни многу зборови за да се каже колку некој морал да биде параноичен, професионално неодговорен, морално деформиран, ментално исфрустриран и воајерски дефиниран, но пред се, политички несигурен, за да посегне по незаконски упад во приватноста на најмалку 5.827 лица и на неброен број други кои во посочениот период комуницирале со нив – најмалку 20.000. Барем според она што досега е евидентирано на аудио-снимките.
Од опструкциите или од соработката со телекомуникациски оператор ќе зависи дали таа бројка ќе порасне, или заедно со дел од веќе избришаните логови, ќе стане темна бројка на нашите претпоставки за обемот на злосторството.
Она што е јасно, е дека листата на незаконски следените комуникации е драматично подолга од законските следените. Но, за кулминацијата на бесчестието и лудилото сведочи и податокот дека незаконското следење продолжило дури и по објавувањето на „бомбите“, но и во текот на оваа година.
Како и зошто, во судска постапка ќе треба да одговорат раскалашените поседници на политичка моќ. Ќе мора нивните фантазмагории за жолти комбиња и светски заговори да ги документираат исто како што тимот на СЈО и експертот од „Ериксон“ ги документирале трагите од надзорните оргии на УБК врз приватноста на „почитуваниот народ“.
Во тој процес, на овие луѓе не им недостигала ни мрачна амбиција, ни техника. Биле многу посуперирни во однос на некогашната диктаторско-прислушкувачка „икона“, Николае Чаушеску, кој не запрел во намерата да влезе во животот на сите Романци. Негов хендикеп била старата телефонска централа, во која рачно се прикачувале броевите што требало да се слушаат.
За да си ја олесни работата, во еден момент издал налог телефоните на граѓаните да мора да бидат заменети со нови модели, во кои микрофоните биле фабрички вградени. Речиси половина нација веќе имала нови телефони до декември 1989 година, пред диктаторот да биде ликвидиран. Само смртта го спречила Чаушеску во намерата комплетно да ја озвучи целата нација.
Не треба да потсетувам дека ова се случувало речиси пред три децении во Романија. Таа денес е демократска земја, членка на ЕУ, во која антикорупциските политики бележат енормно високи резултати. Во Македонија ова се случува денес, или како што потенцира обвинителката Катица Јанева, точно 25 години по прогласувањето на Уставот на самостојна и независна Македонија (17.11.1991), акт кој ги грантира основните права на граѓните, а кои по четврт век се толку грубо изгазени.
Предметот „Таргет“ не имплицира дека се случил ексцес во тајната служба. Сомнежите упатуваат на повеќегодишна практика на партиски стратези во тајната полиција и рутиниран начин на работа – методи типични за тоталитарни држави, за каква што требало да биде крунисана и Македонија од мала издвоена врхушка, за нејзини лични потреби и моќ, а наводно „за доброто на народот“.
И тоа ќе мора да биде правно санкционирано, без оглед што засегнатите се надеваат дека „нивниот народ“ на избори ќе одлучува за вистината и правдата. Тој филм овде нема да се гледа. Дострелите на авторираната врхушка се прочитани и во Македонија и во демократскиот свет.
Додека едниот братучед шеташе низ Баварија со цел да остави впечаток дека и натаму е „радо виден гостин“ во најуспешните европските држави, тамошни медиуми го објавија одговорот на германската влада на прашањето за состојбата со човековите права во Македонија, поставено од пратениците Луизе Амтсберг, Фолкер Бек, Мануел Сарацин, други пратеници и пратеничката група на Зелените во Бундестагот:
„Една од причините за кризата е заострената конфронтација меѓу владејачките и опозициските партии, натамошно засилена со еклатантното погрешно однесување на Владата и тајната служба, кое опозицијата го обелодени со објавување снимки од телефонски разговори. Притоа, од снимките се создава впечаток дека највисоките владини кругови во најмала рака имале сознанија за активностите на тајните служби“, се вели во одговорот
Во него се потенцира и дека „клучни за идниот развој на Македонија се непречената работа на СЈО и имплементирање на препораките од Извештајот на Прибе“. Прва на листата во тој извештај – е неопходноста од темелни реформи во УБК.
Само по длабока и целосна екстракција на практиките за приватизирање и злоупотреба на тајната полиција, ниедна власт не ќе може да биде несанкционирано сеприсутна во животите на граѓаните, на досегашниот волунатристички и незаконски начин.
Тоталитарната симетрија и апсолутната контрола ги бројат своите последни денови. Оние кои не сакаат да го разберат и прифатат тоа, дури ни задоцнето, први ќе стигнат до бездната каде што ќе бидат јавно погребани манирите на неограничената прислушкувачка мегаломанија, заедно со нивиот личен учинок во градењето на најмрачниот и срамен УБК-овски „дигитален магацин“ во Македонија.
18-11-2016, 04:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:МИЈАЛКОВ-ГРУЕВСКИ ДА ГИ СПОРЕДИМЕ СО НИКОЛАЕ ЧАУШЕСКУ ОД МАКЕДОНИЈА

[img=829x0]http://www.kotle.ca/media/k2/items/cache/4c704b823894e663c696fb5ee0a8793f_L.jpg[/img]
Едно од илјадиниците неуставно потпишани решенија за прислушкување од Фрчковски

Јордан Петровски18.11.2016
Почитуваната Блажевска за да ни ја прикаже желбата на власта на Мијалков-Груевски за тотална контрола врз луѓето неморала во колумната  Mакедонскитe синови на Чаушеску да се мачи па да истражува за Чаушеску, можела да ги отвори странициата на комисијата за лустрација и во доказите за лустрираните да најде непобитни материјални докази дека Чаушеску бил бил идолошки татко и денешниве борци за враќање на слободата и демократијата.  Да најде докази дека Мијалков-Груевски само го продолжиле онаа што го чинеле нивните предходници, продолжиле со НЕУСТАВНО прислушкување, следење, на ИЛЈАДНИЦИ граѓани на Р. Македонија.
Според мене ако почитуваната Блажевска се послужила со таков пример ке испратела јасна порака до СДСМ и до СЈО. Порака која во овој момент е потребна како воздухот на човека!
Пораката до СДСМ, ке е дека МОРА сега пред денот на изборите да се изјасни што ке стори по прашање на НЕУСТАВНОТО прислушкување на властите од 1991 па до 2006/8 гидина.
Пораката до СЈО, ке е дека МОРА да го го опфати НЕУСТАВНОТО прислушкување и пред 2008 година. За тоа има законска можност!! Во прислушкуваните разговори постојат разговори, располагам со сериозни индиции дека има разговори кои се врзани за неуставните прислушкувања, следења за период 1991-1998 година.
Се надевам дека конечно, барем онаа малкуте новинари во Македонија кои сеуште држат до својот углед аво кој според мојот суд спаѓа и почитуваната Блажевска, се свесни дека ако не се изведат пред лицето на правдата сите лица кои биле дел од власта од 1991 до 2006/8 а кои издавале налози за неуставно следење, прислушкување, поточно за кршење на со Устав загарантираните индивидуални човеко права и слободи со судскиот процес против оваа гарнитура која ја злопупотребила УБК нема да означи крај на работата на Тајната Идеолошка Полиција.
18-11-2016, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Судот повторно одби да издаде наредбa за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникацискиот оператор


02.12.2016, Скопје – Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје составен од судиите Владимир Панчевски како претседател на советот и судиите Дијана Груевска Илиевска и Љубинка Башевска, како членови на советот и по втор пат одби да издаде наредба за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникацискиот оператор, потврдувајќи ја несогласноста која ја изразил судијата на претходна постапка.
Судот го користи истото образложение за наводно нејасно и непрецизно барање, иако во барањето јасно е наведено дека се бараат компјутерски податоци складирани во сервери, а кои се однесуваат на записи од кои може да се утврди кои сé телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите.
Исто така за Судот е нејасно како ова Jавно обвинителство ја утврдило локацијата на серверите, иако во јавноста веќе беше објавено дека ваквите податоци се обезбедени токму од телекомуникацискиот оператор. Во оваа насока сакаме да истакнеме дека Судот тврди дека уредите за кои е побаран претресот „се сервери кои се преносливи, односно се уреди кои можат да ја променат својата моментална локација“, без да каже на кои докази го базира ваквото становиште. Потсетуваме дека претходната наредба за пребарување на компјутерски системи беше одбиена токму поради нејзина наводна непрецизност околу локацијата на серверите на кои е потребно да се изврши претрес, па нејасно е зошто Судот го менува ставот околу потребата од дефинирање на локацијата каде се наоѓаат серверите.
Воедно Kривичниот совет во ист состав ја одбил како неоснована и жалбата изјавена против решението на судијата за претходна постапка – Елена Јосифовиќ со кое беше одбиено нашето барање за одземање на компјутери од Управата за безбедност и контраразузнавање.
Напомнуваме дека согласно член 41 од Законот за кривична постапка заради остварување на функцијата на кривично гонење јавниот обвинител е оној кој раководи со предистражната постапка, а согласно член 291 од истиот закон, истражната постапка ја спроведува исто така јавниот обвинител. Имајќи го предвид наведено, како и фактот дека од страна на судии во истиот суд веќе се издавани наредби за одземање на предмети и пребарување во компјутерски системи по однос на истиот предмет на истражување, нејасно е зошто речиси без исклучок се одбиваат барањата кои ова Јавно обвинителство ги упатува, а по кои постапуваат споменатите судии.
Сакаме да укажеме и дека едното решение е донесено на 29.11.2016 година, додека другото на 01.12.2016 година, но двете се доставени денес, со што се повторува праксата на Судот, доставата на одлуките со кои се одбиваат барањата на ова Јавно обвинителство, најчесто да се врши во петок.
Исто така ја известуваме јавноста дека сеуште не ни е доставен записникот од одржаното рочиште за подготовка на главната расправа кај судијата Лидија Петровска.
03-12-2016, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Кој го злоупотреби интерниот систем за снимање на Кривичен суд?!




[Image: cista-696x696.jpg]

03.12.2016
На профил на извесна Билјана Костеска од Прилеп, вчера беше поставена фотографија од првото рочиште на судскиот процес ,,Тврдина” , кој е прв предмет оформен од Специјално јавно обвинителство влезен во судска процедура. За овој предмет првоосомничен е поранешниот началник на Петта управа Горан Грујовски и уште шестмина вработени во УБК.


[Image: biljana-pr-300x225.jpg]

Фотографијата во меѓувреме е симната од профилот, но како што  дознаваме СЈО е известено за овој сериозен инцидент, бидејќи најверојатно фотографијата е направена од интерниот систем на судот, кој не требало да биде вклучен за овој процес. Според неофицијални информации од Специјално јавно обвинителство, тие ќе побараат да се истражи кој го злоупотребил интерниот систем  во судот кој е наменет за снимање на судски процеси со заштитени сведоци, но не и за други процеси. Според наши информации, за да се направи ваква фотографија чиј агол укажува на тоа дека е симната од снимка направена од камерата што се наоѓа зад судечкиот судија, треба некој да  да го вклучи системот што се наоѓа во друга просторија и да го набљудува и снимањето и целиот судски процес.
На форографијата до адвокатот Никола Додевски седи првообвинетиот Горан Грујовски, а се гледаат и обвинителката Ленче Ристовска, како и новинари што го следат процесот.
На барање на одбраната не беше дозволено снимање и фотографирање на почетокот на рочиштето, што значи исклучена е можноста на тој начин да е направена спорната фотографија. На новинарите на сите, не само на овој процес не им се дозволува користење на мобилни телефони.
Инаку, обвинетите се товарат за незаконско уништување на документација која беше клучен доказ во истрагата за откривање на начинот на кој УБК вршела прислушување.
Судскиот процес го води судијката Лидија Петровска , која се споменуваше во Бомбите што ги објави опозицијата, поради што СЈО барше нејзино изземање, но беше одбиено.
Профилот на Билјана Костеска од Прилеп е нетипичен и најверојатно станува збор за лажен профил.
04-12-2016, 02:23 PM
Reply