Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ ПОШЕГУВАЛО МАГАРЕТО НА ЗАЈАКОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Јордан Петровски 06.11.2016
 
 Според РЕПУБЛИКА: Струја во македонското општество, во минатото наречена пројугословенска;
 
 
[Image: kol218-srvbov-1-2.jpg]
 
 
Струја во македонското општество, во минатото наречена ПРОМИЛОШЕВИЌЕВСКА!! Група за ВЕЛИКАСРБИЈА во чии склоп би влегла повторно и ВАРДАР БАНОВИНА:

 
[Image: 9zJGf.jpg]
 
За оние кои не се информирани, Силјан Аврамовски е еден од најозогласенте УДБИНИ џелати на ВМРО-овци!! Силјан Аврамовски во ДБК е со најдолг стаж!! A бил и минстер на МВР во владата на СДСМ после 2002 година.Наместо Сијан Аврамовски да биде суден за злоделата кои ги сторил протв Македонците кои биле за Самостојна и Демократска Македонија "патриотот" Груевски го именува 2006 година за заменик на директор во ДБК!!
За волја на вистината "патриотот" Груевски недозволи да биде суден ниту еден од џелатите. Нездозволувањето да им се суди на џелатите од двете "таблоа" говори само за каков тоа од кој тип е патриотизмот на Груевски ...
 
За тоа кој е Латасалијас ГЕЏА ке го цитирам човекот број 2 во ДПМНЕ, Мартин Протугер :
 
Quote:Овој Латас ќе го убијам еден ден еве ја ти кажувам ако е мртов ја сум, треба бе едно десетина луѓе да се убијат во државава за да биде као што треба, после ќе каже не работел за служба српска, како не работи. Му реков еднаш не може никого да разубедиме дека не работиш за српска служба, по шо српска агенда тераш овдека и тоа е.
 


Покрај транскриптот еве и аудио снимка од обвинувањето на Мартин Протугер:







пс. дали е можно колумнистот на РЕПУБЛИКА да не ги знае овие податоци за Силјан Аврамовски и за Драган Павловиќ Латас алијас ГЕЏА?
11-11-2016, 12:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Мирчевски до Бабановски: По­ми­на вре­ме­то ко­га се пла­шев­ме од уд­ба­шки­те за­ка­ни

[Image: republika-studio-Custom.jpg]

10.11.2016 11:41
[Image: nenad-mircevski2.jpg]
Ненад Мирчевски

Ед­на не­де­ла по об­ја­ву­ва­ње­то на тек­стот во не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“, во кој се ана­ли­зи­ра удар­на­та ту­па­ни­ца во цр­на­та кам­па­ња на СДСМ со­ста­ве­на од по­ра­неш­ни при­пад­ни­ци на тај­на­та по­ли­ци­ја и ше­фо­ви на УД­БА и при­тоа се по­тсе­ту­ва на нив­ни­те уд­ба­шки ме­то­ди при спра­ву­ва­ње со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те, се по­ја­ви еден од спо­ме­на­ти­те, по­ра­неш­ни­от уд­баш Иван Ба­ба­нов­ски, за да го по­твр­ди се­кој на­пи­шан збор од ко­лум­на­та на Ни­ко­ла Ср­бов.
Не­ко­гаш­ни­от шеф на Тре­ти­от од­дел на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност (по­ра­неш­на УД­БА), од­го­во­рен за уни­шту­ва­ње­то на мно­гу чо­веч­ки суд­би­ни во 80-ти­те и во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ми­на­та­та не­де­ла се оби­де по­втор­но да ги упо­тре­би уд­ба­шки­те ве­шти­ни вр­шеј­ќи упад во ре­дак­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ за да ис­пра­ти за­ка­на за ли­кви­да­ци­ја до на­ши­от ко­лум­нист Ни­ко­ла Ср­бов. Очиг­лед­но, овој мра­чен лик од уште по­мрач­но­то ма­ке­дон­ско ми­на­то сѐ уште мис­ли де­ка жи­вее во вре­ме­то во кое за­ка­ни­те, ли­кви­да­ци­и­те и из­жи­ву­ва­ња­та со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те беа не­го­во се­којд­не­вие.
За по­тсе­ту­ва­ње, Ба­ба­нов­ски при­дру­жу­ван од уште еден чо­век, во сре­да­та поп­лад­не упад­на во про­сто­ри­и­те на „Ре­пуб­ли­ка“ и ис­пра­ти за­ка­ни по жи­во­тот на Ср­бов со збо­ро­ви­те: „По из­бо­ри­те на 12 де­кем­ври, ка­же­те му на Ср­бов де­ка ќе за­вр­ши на Дрис­ла“.
Ба­ба­нов­ски, ина­ку лу­стри­ран ка­ко по­ра­не­шен функ­ци­о­нер на тај­ни­те служ­би, ве­ро­јат­но ре­а­ги­ра на нас­лов­ни­от текст на 218. број на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“.
Во од­нос на овој очиг­лед­но до­бро исп­ла­ни­ран ин­ци­дент, ка­ко гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ са­кам да го из­ве­стам до­тич­ни­от гос­по­дин де­ка слу­ча­јот е при­ја­вен во по­ли­ци­ска­та ста­ни­ца „Цен­тар“, ка­де што е ре­ги­стри­ран, а из­ве­сте­ни се и си­те ре­ле­вант­ни но­ви­нар­ски ор­га­ни­за­ции и прет­став­ни­ци на дип­ло­мат­ски­от кор во Ма­ке­до­ни­ја.
Во исто вре­ме, од мое лич­но име и во име на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, са­кам да му го по­ра­чам след­но­во:

[Image: ivan-babanovski.jpeg]


Гос­по­ди­не Ба­ба­нов­ски,

По­ми­на вре­ме­то во кое вие и ва­ши­те со­ра­бот­ни­ци го пла­ше­вте, ма­че­вте и ли­кви­ди­ра­вте се­кој не­и­сто­мис­ле­ник, про­тив­ник на то­гаш­ни­от си­стем, акти­вист за сло­бод­на и не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. По­ми­на вре­ме­то во кое мрач­ни­те ли­ко­ви ка­ко вас ги ре­а­ли­зи­раа ва­кви­те мрач­ни сце­на­ри­ја и се изв­ле­ку­ваа од од­го­вор­ност. За раз­ли­ка од то­гаш, ко­га бла­го­да­ре­ние на служ­ба­та сте има­ле моќ да си по­и­гру­ва­те со чо­веч­ки жи­во­ти и суд­би­ни, де­нес би­де­те уве­рен де­ка не мо­же­те да се по­ви­ка­те ни­ту на мо­ќта на За­ев ни­ту на мо­ќта на ча­до­рот за да ги пра­ви­те исти­те зло­де­ла. Ед­но­став­но, ни­ту не­кој ви се пла­ши ни­ту не­кој мо­же да ве спа­си! Не­ка не ве за­ла­жу­ва ни­кој од ова по­ли­тич­ко-кри­ми­нал­но друш­тво де­ка на 12 де­кем­ври ќе се слу­чи не­што што ќе ви да­де мож­ност и си­ла да го ис­пра­ти­те Ср­бов или кој би­ло друг во „Дрис­ла“. На­про­тив, на 12 де­кем­ври ти и тво­ја­та бан­да ќе за­вр­ши­те на бу­ни­ште­то од исто­ри­ја­та, за­ед­но со се­то ва­ше ѓу­бре што го соз­да­до­вте во из­ми­на­ти­от пер­и­од. Да не те ла­же ѓа­во­лот ни­ту се­га, ни­ту на 12 де­кем­ври, по­втор­но да се приб­ли­жиш до на­ша­та ре­дак­ци­ја. Се­пак, ако мо­и­те збо­ро­ви не мо­жат да те пре­мис­лат, те со­ве­ту­вам след­на­та по­ра­ка до Ср­бов или до кој би­ло но­ви­нар или со­ра­бот­ник на „Ре­пуб­ли­ка“ да не ја ис­пра­ќаш на та­ков ку­ка­вич­ки на­чин пре­ку ко­ле­шки. Те охра­бру­вам да би­деш маж и да ме по­ба­раш ме­не ка­ко уред­ник или не­кој друг од­го­во­рен во ме­ди­у­мот за ди­рект­но да ни ја пре­не­сеш за­ка­на­та. Те уве­ру­вам де­ка ќе би­деш со­од­вет­но пре­че­кан и уште по­со­од­вет­но ис­пра­тен.


[Image: kol218-srvbov-1-2-520x502.jpg]
Ка­ко Ср­бов го воз­не­ми­ри Ба­ба­нов­ски?

Во ко­лум­на­та од ми­на­ти­от број со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“ на­ши­от ко­лум­нист Ни­ко­ла Ср­бов ана­ли­зи­ра де­ка се­гаш­на­та удар­на ту­па­ни­ца на СДСМ е со­ста­ве­на од ста­ри ка­дри од Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност и по­ра­неш­ни ше­фо­ви на ДБК. Ср­бов по­тсе­ту­ва де­ка „овие ка­дри во прет­ход­ни­от си­стем и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век беа но­си­те­ли на иде­ја­та за уни­шту­ва­ње на сè што зна­чи ВМРО, а де­нес се пос­ле­ден бе­дем на СДСМ за од­бра­на на оваа се­дум­де­це­ни­ска ми­си­ја“.
Тој во­ед­но наг­ла­су­ва де­ка „во ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца, ко­ја има пол­на уста „де­мо­кра­ти­ја“, 90 про­цен­ти од лу­ѓе­то што ја во­дат кам­па­ња­та на СДСМ се лу­стри­ра­ни“.
Во де­лот од ко­лум­на­та по­све­тен на Ба­ба­нов­ски, Ср­бов пи­шу­ва:

Quote:„Иван Ба­ба­мов­ски, кој ве­ќе две го­ди­ни актив­но учес­тву­ва во соз­да­ва­ње­то на кри­за­та во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво, сво­ја­та ка­ри­е­ра ка­ко опе­ра­ти­вец на УДБ ја поч­ну­ва со обра­бо­тка на иле­гал­ни гру­пи во СР Ма­ке­до­ни­ја, кои но­се­ле предз­нак ВМРО, па та­ка, ед­на од жр­тви­те на Ба­ба­мов­ски е Бо­рис­лав Гра­ди­шки, пред­вод­ни­кот на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Бунт“. До­кол­ку мис­ли­те де­ка обра­бо­тка на иле­гал­ни гру­пи би­ла „ло­гич­на“ за тој пер­и­од и де­ка пре­ку неа се чу­вал ин­те­гри­те­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та, мо­же­би ќе ве раз­у­бе­ди фа­ктот де­ка во бо­га­та­та ка­ри­е­ра на Иван Ба­ба­мов­ски ка­ко жр­тви ги на­о­ѓа­ме и Ан­те По­пов­ски и Га­не То­до­ров­ски, кои Ба­ба­мов­ски ги обра­бо­ту­вал пре­ку „Слав­јан“ – Сла­вко Ја­нев­ски. Ба­ба­мов­ски бил актив­но вклу­чен и во обра­бо­тка­та на ма­ке­дон­ски­от ди­си­дент Дра­ган Бог­да­нов­ски, кој ја пред­во­дел ДО­ОМ, а по­доц­на се ја­ву­ва ка­ко еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ.“
11-11-2016, 12:28 AM
Reply