Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Џелатите и жртвите не одат заедно во борба
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,201
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Во Македонија како никогаш порано се судираат неколку политичко-правни концепти или квазиконцепти, за каква треба да биде разрешницата на тоа што власта го нарекува „вештачка политичка криза“, а ние другите „природна или нужна разрешница на режимот“. 

[Image: mkd-290307.jpg?itok=oiPSCmrF]

Тоа „политичко-правни“ треба да се раздвои, затоа што не патуваат на паралелни шини, туку осудени се да се судрат, односно политичката разврска со правната разврска, во некоја идна и имагинарна точка во времето.
Односно, може да се каже дека и политичката консолидација на опозицијата како реална алтернатива, и правната разрешница на криминалите на ВМРО, но и коруптивното поведение и на други политички чинители, се меѓусебно поврзани, комплементарни се, во насока на конечно ослободување од системот на ДПМНЕ.
И тука не знаеме што е прво, односно, не е лесно да се каже дали евентуалната правна разврска е возможна доколку партиите меѓусебно се договараат и калкулираат, не го реформираат системот, односно, политички се натпреваруваат кој ќе го преземе наследеното. Подеднакво, мали се гаранциите дека ќе дојде до битни и значителни политички промени во нашиот систем, ако правната разврска се употреби, не за ресетирање на системот, туку за негово преживување.
Затоа мислам дека политичкото расклимување на режимот и правното расклимување на системот, во кој режимот на фамилијата е најголемиот, но не и единствениот дел, треба да патуваат заедно. Тоа, со дадената опозиција засега не е можно.
Не мислам дека не е можно стриктно од правен аспект, поради фактот дека лидерот на опозицијата има аболирано минато, или актуелни обвиненија кои делуваат оправдани. Повеќе мислам на политичкиот аспект каде двете страни заемно си се штитат од правните консеквенци, додека политички ја впрегнуваат истата партиска матрица која кулминираше со методите на ДПМНЕ.
Во големиот систем што моментно се распоредува за рушење на режимот, единствената слаба алка е политиката на актуелното лидерство на СДСМ. Останува фактот дека ДПМНЕ во овој момент најмалку стравува од опозицијата, а најмногу од механизмите кои нашите меѓународни пријатели ги имаат потпомогнато, или издејствувано кај нашите политички лидери, и покрај нивното калкулантство. За пример земете ја изјавата на Ванхојте околу рокот на СЈО, или пак, редукционизмот на договореното во Пржино, наспроти препораките на Прибе. Иронично, како што се приближува падот на ДПМНЕ, така поведението и менталниот склоп во опозицијата ја асимилира методологијата на режимот. Основниот проблем е што раководството на СДСМ нема идеја, ниту концепт за сопствена политика, единствена, јасна и транспарентна, со што би понудила алтернатива на политичкиот концепт и систем кој ДПМНЕ го доведе до совршенство, а државата и нас сите, до катастрофа.
Што значи, проблемот на опозицијата е пред сѐ политички. Ако политички не може да се одлепи од наследството на ДПМНЕ, тогаш, јасно е зошто се стреми кон опозициски монопол, зошто е агресивна кон секоја критика, зошто толку лесно ни ги провоцира аналогиите со начинот на функционирање на власта. Јас не сум од тие што викаат „сите се исти“, тоа би било навредливо кон многу квалитетни индивидуи. Јас велам раководството на СДСМ, што од неспособност, што од себичност, го реплицира системот на ДПМНЕ. Еве неколку прости примери. На Миленко и Јанко, ги мобилизираа како новинарски пера Политико или еден Доказ. За време на министерувањето на Спасовски, наместо стручност и транспарентност, покажаа некомпетентност и криминогени алфи, по теркот на ДПМНЕ со Ален Зекиров и слични. На системот на власта да купува и диктира во медиумскиот простор, почнаа да купуваат медиуми и да диктираат едноумие. Развиваат култ на личноста кон Заев, што во најмала рака делува смешно. Стигматизираат, етикетираат, исто како што прави и власта. На своите митинзи, или за своите политички тези, кои знаат да бидат и исправни, употребуваат луѓе од разузнавањето, далеку од профили кои треба да се експонираат во прави редови. И ова се само простите аналогии, признавам.
Што да кажеме околу целиот принцип на системска солидарност со режимот и разочараните очекување за реформи од Пржино. Што да кажеме околу фактот дека еднаш на позиција, немаат постапено по ниедно прашање битно за граѓаните и нивните права. Што да кажеме околу катастрофата на измислениот концепт „полу власт-полу граѓанство“, преку кој реалниот граѓански сектор го асимилираа, партизираа, без тоа да создаде каква било политичка предност. Заев веќе се покажува како поголем популист од Груевски. Се однесува како власт меѓу властите, граѓанин меѓу граѓаните. Тоа е еден трансверзален популизам, амбивалентен популизам, кој ја проектира митолошката фигура на новиот Минотаур, во стариот системски лавиринт. Не може да се помири владеењето со режимлиите, со консензусот на бесните и обесправени граѓани. Моќта и бесот не одат заедно. Џелатот и жртвите не одат заедно во иста битка.
Подеднакво голем политички проблем лежи во привидот и декларативноста на демократичноста. Наспроти тоа царува еден катастрофален триумфализам на новото едноумие, кој се базира на интересот на владеење и немањето алтернатива, како од времето на Тачер. Полето на алтернативата не е дозволено, освен ако не е маргинализирано и сведено на проста алузија или претстава за конфликт. Нешто како лесно оправдание дека некој секогаш му штети на ова опозициско раководство. Повикот и евоцирањето на промени се легитимни само како празни декларации и самопромоции, односно, за лажење на граѓаните и одржување на суштинската конзервација. Тоа што не се разбира е дека ако политиката се откажала од радикална промена на реалноста, тогаш таа се стреми само кон просто менаџирање, администрирање, владеење со постојното, додека демократијата се заменува со бланко делегирање на власта, која функционира по принципот на автоматски пилот во одржување на постојните односи на моќ. Поинаку кажано, предвидува конзервација на постојното и продолжување на агонијата на неправдата.
Но, најголемиот политички проблем, и тоа се претвори во излитена фраза со вмровското „немате програма“, иако има реални корени, е дека ова опозициско раководство нема никаков политички концепт. Не мора преку програма, преку политички концепт, како конкретно, а не декларативно и апстрактно, ќе ја вратат демократијата во Македонија. Или како што самите тврдат, ќе го врателе животот?! Како ќе одговорат со изградена, единствена, транспарентна политика, а не со флоскули, на милион помали и поголеми прашања кои ги тангираат државата и граѓаните? Да направат проекција за кои вредности во нашето општество ќе се залагаат, да нацртаат слика, како тоа ќе го изведат. Ништо од тоа. ДПМНЕ има политички концепт, фашизоиден, партиски, криминоген, но тој е соопштен и напишан со огромни букви на челата на обесправените или себичните граѓани на Македонија. На една таква понуда и концепт, мораш да одговориш со сопствена идеја, за што си, како до тоа, и со што ќе го привлечеш неопределениот гласач. Повторно, ништо од тоа.
Сега е јасно зошто мислам дека политичкото дејствување на опозицијата, не патува паралелно со аспирациите и трудот на граѓаните и тоа малку институции кои се надеваат и работат на правна разврска, но и на поинаква политика од досегашната. Ако опозицијата продолжи на овој начин, неминовно ќе се соочи со комплетно втопување со актуелната власт, суштински релативизирајќи ги нивните криминали, а со тоа и потребата од правна разрешница и казна. Ваквата политика на Заев, ја загрозува правдата.
Малку и за прагматичниот аспект на политичките тактики на опозицијата кон следните избори. Опозицијата не успеа суштински да создаде опозициски фронт, тоа е суровата реалност. Не успеа поради некомпетентност, или пак, од себичност и кратковидност не сакаа да ги обединат сите сили кои носат гласови во една единствена коалиција. Прелесното откажување од десничарскиот блок е огромна грешка. Оставени сами на себе, не верувам дека изборниот механизам ќе им дозволи да освојат нешто пратеници, но секако дека ќе отидат загубени илјадници гласови на разочарани од ВМРО и неопределените. Дури и нешто да добијат, сигурно нема да го дадат на опозицијата. Таквата постапка СДСМ го остава во коалиција со Лиле - ДОМ, да, повторам, со Лиле, која до вчера ја делеше власта со Груевски. Или со Позитивната Алијанса на заробениот во фиоката на режимот, Бучковски. Тука се и Шарените. Но, веќе навестив што мислам за оваа партиско-граѓанска коалиција, овој несреќен хибрид, кај кој зад шминката на шаренило и демократија, се крие партиска махинација и промоција на личности кои сами по себе не носат гласови, евентуално ги бетонираат веќе определeните за СДСМ.
Потегот со граѓанскиот концепт на партија во мултиетничка, но пред сѐ етнички поделена и националистички настроена земја, мислам дека ќе заслужи посебно место во политиколошките учебници, за тоа како не треба да се води една политичка кампања. Да се разбереме, идејата за граѓанско општество и граѓански партии, наместо етнички блокови е исправна и добредојдена, проблемот е колку навистина ја исполнува зацртаната цел. Инвестирањето во Мухи, Адеми, братството и единството помеѓу Македонците и Албанците, во духот на Тито или американското „e pluribus unum“, е погрешна стратегија кога се соочуваш со ВМРО. Еве зошто така мислам. СДСМ наголемо се фали дека Албанците се зачленуваат во СДСМ. Многумина дури и веруваат во таа приказна. Дотолку полошо.
Тргнете ги на страна двојазичноста и федерализацијата кои се смешни аргументи, односно, пропаганда на ВМРО. ВМРО се радува на фалењето на СДСМ дека во партијата се зачленуваат Албанци. Тоа им дава погонско гориво за револт и консолидирање на сопствените редови, па дури и за допирање до неопределeните. Од друга страна, што реално ќе се случи со гласовите на Албанците. Некој навистина поверувал дека Албанците во маса ќе гласаат за македонски пратеници и еден-двајца албански?! Зарем мислите дека албанските партии нема да им се обратат на новопечените албански членови од СДСМ со зборовите: Одлично што работевте за СДСМ, сега ќе гласате за албански листи, зошто Албанците треба да имаат 20 пратеници, или сакате да немате албански пратеници и претставници во власта?! Верувам дека одговорот на ова прашање, албанскиот електорат многу подобро го разбира, од опозициското раководство.
Посебна опсервација заслужува и кокетирањето на опозицијата со бившите разузнавачи, од кои едни се појавуваат во први редови на митинзи, а други ни демистифицираат добро познати нешта во 2016 година. Местото на тие лица не е им е во преден план. Веќе се гледа дека нивните позиции и самото присуство, и носат повеќе штета на опозицијата, отколку корист. Веќе се насетуваат интрапартиски и екстрапартиски поделби. Но мислам дека ја разбирам нивната улога во деконструкцијата на режимот. По бомбите и деконструкцијата на митот на Сашо Мијалков и други високи функционери на ДПМНЕ, сега настапува една друга сезона, која повторно ја издава сличноста на политичката матрица на Заев и компанија со онаа на Груевски и фамилијата. Со Верушевски и Богоевски опозицијата ја отвора сезоната на лов на вештерки.
Настапот на Богоевски е сигналот дека треба со сета сила да се удри по монструмите и вештерките на македонското општество, но селективно. Тоа е политички легитимно, но тоа е и политички, општествено и морално поразително за нашата веќе поделена држава. Тоа е принципот на ВМРО – Бранко е крив! Македонија ужива да ги руши, гази, до крв да ги замрази своите некогашни или актуелни моќници, на кои до вчера им се тресела или им слугувала. Но, тоа ли е целта на едно поделено и оштетено општество?! Да бара крв, да дели правда во облик на омраза, или да се нафати со суштината и да направи се, виновниците, криминалците, сите што ќе се докаже дека се огрешиле со законот, да си ја добијат заслужената казна низ правна процедура. Само така, со правда и со институции, со департизирање и промена на примордијалните логики, може да се задоволи овој народ, без дополнително да се дели, без да се закрвува и за идни генерации. Омразата е за кукавици, овозможување и остварување на правдата е вистинска храброст. Настрана фактот дека ваквото однесување само дополнително ќе ја подели опозициската партија, и ќе ја оддалечи од поддршката на меѓународниот фактор. Настрана што фокусирањето само на монструмите е одлично алиби да се помести погледот од маките и одговорностите на овој народ, за кои денес политичарите се натпреваруваат да им најдат оправдување и лесно искупување.
Општествената и социјалната мизерија, човечката мизерија, треба да имаат најголемо право да бидат чуени и разбрани од тие што сакаат демократија. Нашето општество, е во голем долг кон сите тие луѓе, тие што ги нарекуваме мизерни и уплашени, додека елитите ни се натпреваруваат како да изградат политичка кариера врз нивните егзистенцијални катастрофи.
Ова е општество каде претпоследните се борат со последните, а ние се замараме со кокетирањето на првите и вторите во општеството. Ако погледот на тие долу и на тие горе им е само во политиката на политикантите, значи дека политика нема. Ако гневот ни е само кон монструмите, а обврските, грешките и потребите на народот ги заборавиме, ќе видите, се ќе остане како што било. Како по земјотресите. Се тресеа згради и куќи, но градот остана на нозе, а жителите и понатаму останаа само мртви души.
Народот бара одмазда, ќе бара можеби и крв, но овој народ повеќе заслужува и осуда, и прекор, но и иднина и соочување со реалноста. Дајте му правда, но дајте му и малку вистинска политика. Како што се прашало дали има судија во Берлин, ќе се прашаме и во Скопје, дали има по некој чесен политичар?
Одговорот е дека нема. Опозицијата на Заев се надева дека СЈО и понатаму ќе им ја води изборната кампања, додека тие на СЈО му возвраќаат преку дилови со режимот. Се надева дека народот ќе гласа за него, од проста желба на народот да го казни ВМРО. Се надева конечно дека благодарение на странскиот притисок и макар тесниот пораз, секако ќе формира коалициона влада со ДПМНЕ. Мисли дека победата е во отстранувањето на Груевски, а не во промена на овој криминален систем, кој тој се надева да го наследи. Политиката на Заев едноставно е во конфликт со системските реформи, со правната разрешница која овој народ ја бара и ја очекува. Македонската политика и систем и понатаму потсетуваат на лавиринтот на митолошкиот Минотаур, единствена надеж е дека политичките калкуланти еден ден ќе се загубат во лавиринтот што самите го изградиле или помогнале да се одржи. 
Ивор Мицковски
30-10-2016, 01:17 AM
Reply