Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАНКО СТАМКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Панко Стамковски е роден во село Арменско, Леринско 1939 година во
предвечерието на Втората светска војна.
Неговиот татко во тоа време бил
мобилизиран како грчки војник, но свесен
дека со тоа ќе ја брани грчката
денационализаторска политика, заедно со
голем број македонски војници се
предал на Италијанците кои како сојузник
на Бугарија на своите "заробеници" им
дозволиле да заминат за Бугарија
Откако го зел илегално своето семејство,
заминал за Софија каде останале се до
1947 година кога се преселиле во
слободниот дел на Македонија, во Скопје.
Малку потоа татко му се вклучил во грчката
граѓанска војна, а тој со мајка
му останал во Скопје. Истата вечер, од
заминувањето на татко му, по налог на
ОЗНА биле интернирани во Кичево каде
останале до 1955 година. Истата година
Панко со неполни шеснаесет години се
вработил во Штипскиот театар од каде
заминал во Велешкиот, па потоа во Радио
Скопје. Имал големи проблеми во тоа
време, бидејќи не сакал да прими
југословенско државјанство. Тие негови
патешествија од театар до театар траеле се
до 1962 година кога заминал за
Австралија
Повод за нашиот разговор беше неговата
несебична работа на полето на
афирмацијата на македонската нација на
петтиот континент

Господине Стамковски, повеќе од сигурно е дека
вашиот животен пат обилува со
многу доживувања вредни за споменување, но
сепак да започнеме со вашето одење
за Австралија. Ќе н& кажете ли кои беа
причините што ве натераа да имигрирате во оваа
далечна земја?

СТАМКОСКИ: Притисоците и омаловажувањата врз
мене, поради непримањето на
југословенско државјанство до последниот ден не
престанаа. Кога не ми дозволија да одам
на турнеја со штипскиот театар во Пиринска
Македонија, донесов решение да се преселам во
Австралија.

Овде дојдов со италијанскиот брод "Рома" на 21
октомври 1962 година. Како интелектуалец
кој не го зборува англискиот јазик, првите
години ми беа најтешки.

Кои се Вашите први впечатоци за македонската
имиграција во Австралија и дали успеавте
лесно да се вклопите во нејзините активности?

СТАМКОСКИ: Македонската имиграција во
Австралија во тоа време беше печалбарска, што
воглавно си остана и до ден-денес. Првата моја
општествена ангажираност беше во
Културно-уметничкото друштво "Светлост" при
Црковната општина "Свети Ѓорѓи". Како поранешен
артист преку ликот Донче Македонче настапував
со сатиричен хумор, за кој текстовите ги
пишував самиот.

Подоцна влегов во управата на фудбалскиот клуб
"Македонија". Прво бев во контролата
комисија, но тогашниот благајник, Ванчо
Неделковски, никогаш не ми даде да направам
контрола во финансиската работа. По една година
станав и потсекретар, ама моите
добронамерни забелешки управата тешко ги
примаше. Никако не сакаа да се откажат од
петокраката, која ја имаа за клупски симбол, за
што фудбалската федерација не имаше на око
како комунисти и секогаш ни се светеа со казни
и тендециозно судење. Единствено мојот
предлог, клубот да ги носи традиционалните
македонски бои -црвено-црната беше едногласно
прифатен, така што со време тоа го прифатија и
скоро сите останати македонски клубови во
Австралија.

Подоцна, кога не бев во управата им дадов 12
везени амблеми со македонскиот грбовен
лав, кои беа испратени од Канада. Така лавот
стана симбол на тимот кој во тоа време го
достигна својот врвен зенит од неговото
постоење. 

МНОГУМИНА ПРЕКУ ВЕСНИКОТ СЕ ОСОЗНАА КАКО

МАКЕДОНЦИ

Кажете нешто за вашата активност во Движењето
за ослободување на Македонија
(ДОМ и ДООМ)?

СТАМКОСКИ: Во 1971 година дојдовме до првите
броеви на "Македонска Нација"
испратени на Пецо Димовски од Белгија. По
запознавање со платформата на ДОМ, го
формиравме првиот поткомитет на Организацијата
во Австрлаија. За да ги прошириме активностите,
отидовме во Волонгонг и Канбера за да се
запознаеме со лицата кои н& ги препорача и чии
адреси ги добивме од тогашниот организационен
секретар, покојниот Благоја Шамбевски. Лесна
му земја! Поставивме контакти со тие лица, кои
во тоа време ги удираа и темелите на првите цркви
на Волонгонг и Канбера. Истите луѓе беа
инволвирани во с# што допринесуваше за афирмацијата на
македонството, на политичко, црковно,
културно-просветно или спортско поле. За кусо време
се воспоставија врски не само низ цела
Австралија, туку и низ цел свет. Со "мистериозното" убиство
на Шамбевски,организацијата почна да опаѓа,
особено кога во неа влегоа луѓе од УДБ-а со
цел да ја растурат. Без да бидам известен на
моето место како политички секретар на ДООМ
беше поставен Ване Петровски - Џо. Тоа беше
првата неправда кон мене од страна на
Драган Богдановски, ама подоцна таа
непромислена грешка, токму нему најмногу му се
освети. По сугестија на Џо и на уште некои
негови истомисленици во Уставот беше воведена
клаузула смртна казна. Целта беше постигната.
Движењето беше деноноќно контролирано од
тајните полиции на европските и прекуокеанските
земји. Тоа уште повеќе се засили по убиството на
организациониот секретар Благој Шамбевски.
Почна општ прогон на членовите од Движењето.
УДБ-а триумфираше и ликуваше. Во Мелбрун беше
поведен судски процес поради десетина
запалени коли на противниците на ДООМ. На судот
не им се судеше на лица, туку на ДООМ.
Полицијата не пронајде кој го изврши тој
"терористички" акт, иако целта беше јасна -
компромитирање на Движењето и заплашување на
членството па и народот, а знаевме кој во
минатото, па и сега го прави тоа.

Кои беа побудите за да се завземете со
издавањето на неделникот "Македонија"?

СТАМКОСКИ: 1982 година заедно со петнаесетина
истомисленици ја формиравме
организацијата "Македонско-Австралиско
независно здружение". Имавме идеја да го оттргнеме
нашето иселеништво од летаргијата што настапи
по пропаѓањето на ДООМ. За жал пак ја
повторивме кобната грешка. Примивме неколку
неискусни колебливци, кои веднаш штом се
дограбаа до позиции, почнаа да ја кочат
работата. На крајот тројца од нас си поставивме за
задача издавање на неделен весник. Кон идејата
се приклучи уште еден аутсајдер, ама додека
се подготовуваме за започнување и откако јас со
мои пари купив некои машини за
печатењето, двајца н& се откажаа, уверени дека
со весникот што ќе го издаваме, не можеме
да се надеваме на голем одзив и профит, поради
фактот што кириличното писмо повеќе од
половината не го знаеја во тоа време. А и
мотото на весникот за слободна независна и
обединета Македонија, за 99% во тоа време беше
страв и трепет и неостворлива идеја. Третата
пречка со која бевме свесни дека ќе се соочиме,
беше, што за првпат се појавува
македонска активност на приватна основа, во
време кога с# беше поврзано со црквите и
нивните општини.

Сепак по големите инсистирања на еден од
четворицата, на 2 август 1982 година го
издадовме првиот број. За жал, дали и тој
очекуваше поголем профит или се исплаши од предизвикот,
по шест месеци ме напушти, така што јас и
мојата сопруга Марика бевме присилени да
продолжиме и да не се предадеме.

Како беше примен весникот од Македонците во
Австралија?

СТАМКОСКИ: За Македонците секоја нова идеја е
тешко сварлива. Научени да читаат туѓи
антимакедонски весници, Македонците во
"Македонија" не видоа свој весник, туку - судија за
нивните заблуди. Заради тоа се замерив со
многумина, иако по доста години од истите добив и
комплименти. Многумина преку овој весник се
описменија и осознаја како Македонци.
Првпат имаа прилика да ја прочитаат и да ја
видат сликата на Ченто и да ја научат вистината за
него. И не само за него, туку и за стотици
други Македонци и табу теми. Пред појавувањето на
овој весник, самото спомнување на независна и
обединета Македонија го заплашуваше
Македонецот. Денес независноста е опсесија на
секој Македонец во Австралија. Картата на
обединета Македонија е во скоро секој дом. Овде
во Австралија први го расклинкавме
погрешното убедување за "нашето славјанско
потекло". За да не бидам погрешно разбран, не
е тоа заслуга само на весникот, туку и на
патриотската читачка публика, без која тешко ќе
опстаневме.
22-10-2016, 12:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:НАЈГОЛЕМ ПРОТИВНИК - МАЈКЛ РАДИН


Сте поминале доста тешки години!

СТАМКОСКИ: Никогаш не сум размислувал колкава е
цената на моето жртвување, ама
сигурно знам дека е ништожна во споредба со
дадените животи на олтарот за слободата на
Македонија. Ако весникот беше прифатен од
поголемиот број Македонци, нашите успеси како
народ, ќе беа многу поглеми.

Можете да дадете некој поконкретен пример?

СТАМКОСКИ: Кога овој весник во 1984 година се
обиде да ги подучи Македонците како
е најдобро да се пополнат пописните формулари,
најголем мој противник стана Мајкл Радин и
неговите пулени од Мелбурн. Тие се обидоа да ме
убедат дека правам најголемо злосторство
што ги подучувам Македонците во формуларите да
запишат: држава на раѓање - Македонија,
народнсот - Македонец, јазик кој се зборува
дома - македонски. Се исплашија дека ако
Македонците ме послушаат, резултатите ќе бидат
пораз за југословенството. Лесно можеше да
се случи во австралиските статистики да биде
избришана одредницата - Југословени, затоа што само
Македонците се декларираат како такви.

Со таквите антимакедонски постапки дојде до
тоа, народот да се сомнева во секоја добра
идеја. Се заплаши, а многумина и наполно кренаа
раце од с# што е македонско, та почнаа да
се интресираат единствено за своите лични
интереси. Дури и по растурањето на Југославија, тие
некогашни југо-медии продолжија да им служат на
оние кои беа, а "потајно" и с# уште се, за
Југославија.

Погрешното преставување на нашето иселеништво
од страна на режимските медии, како нешто
сосем друго од она што навистина сме, придонесе
во статистиките на Австралија нашиот број да
биде ништожен, до тој степен, што никој
сеиризоно не смета на нас. Често пати политичарите си
поигруваат со нас, а привилегиите и паричната
помош кои ни следуваат како на трета најголема
етничка група во Австралија, им ги доделуваат
на други. Нашата конфузија скапо ја плаќаме и
ден-денес. "Македонија" за сето свое
публикување се бореше токму против тие аномалии.

Колкав е успехот на "Македонија" во разбивање
на заблудите?

СТАМКОСКИ: Како една од најважните задачи на
овој весник беше да го разбие
погрешното натурено убедување за нашето
потекло. Согледувајќи дека "словенизмот", покрај
грцизмот и комунизмот е најголемата пречка да
се обединат Макеоднците, секоја прилика ја
користев да ги сузбивам туѓите пропаганди,
докажувајќи го спритивното.

ПОРОБЕНИТЕ НАРОДИ СО РАЗВЕАНО ЗНАМЕ ПРАВАТ
ДРЖАВИ

Колку што ми е познато, идејата за
шеснаесеткракото сонце за знаме на Македонија
исто така потекнува од вас, господине Панко?

СТАМКОСКИ: Во новогодишниот број на
"Македонија" во 1983 година беше поместен и
календар со карта на целокупна Македонија. Во
средината на картата која е со црвена
подлога го ставив шеснаесткракото сонце.
Дизајнот на сонцето им се допадна на голем број
читатели, а и поради фактот што во јавноста
настапувавме со разни симболи и знамиња, јас во
весникот го дадов описот, димензиите и боите на
нашето македонско знаме, објавувајќи го
како знаме на целокупна Македонија. На ова
веднаш реагираше една "наша" режимска
радио-станица, тврдејќи дека прво се прави
држава, а потоа знаме. Јас мислам спротивно од
тоа. Поробените народи се дигаат на востанија
со развеано знаме за да направат држава. И
зошто да немаме знаме, ако веќе не можеме да
имаме обединета држава!? Знамето е
камен-темелник врз кој ќе се гради идната
слободна, независна и обединета Македонија. Тоа,
шеснаесеткрако сонце за кусо време стана
обединувачки симбол, не само на Македонците
во Австралија, туку и ширум светот. За
предавството на знамето, за тој срамен чин, виновниците
еден ден ќе мораат да одговараат пред судот на
народот. А ним многу добро им е познат
гневот на народот, та затоа за да ги смират
страстите пред срамното предавство, изрежираа дури и
атентат врз Глигоров. И додека с# уште траеше
шокот, во Парламентот го донесоа законот за
менување на знамето.

Во времето на пропаѓањето на комунзимот и
првите повеќепартиски избори во Р.
Македонија, како и за време на одржувањето на
Референдумот за самостојна
држава, Вие бевте назначен за потпретседател на
ВМРО - ДПМНЕ за иселеништвото.
Кажете ни нешто за таа Ваша активност? 

СТАМКОСКИ: По антидиктаторската револуција во

Романија, размислував дали и кај нас не е
потребно да се изврши истото. Во овој весник
напишав, а и му пренесов на покојниот Костадин
Диневски во Скопје, дека нам Македонците ни е
потребен "Комитет за национален спас".
Диневски еднодушно ја прифати идејата и како
директор на претпријатието "Македонка" финансиски
беше во состојба да ја поткрепи секоја
патриотска национална акција. За таа цел веднаш
воспостави врска со истомисленици и беше
формирана МААК. Со смртта на Диневски, многу
работи во МААК не излегоа како што беа
планирани. МААК наместо партија, беше прогласена
за движење. А нам ни требаше политичка партија
која ќе се бори за превземање на власта во
свои раце, како ХДЗ, која во тоа време веќе
беше формирана во Хрватска. По дебаклот со
МААК, Драган Богдановски, кој меѓувремено
повторно се врати во Шведска, изработи
проглас и полититичка платформа за формирање на
политичката Демократска партија за
макеоднско национално едиснтво ВМРО - ДПМНЕ.
Мене ми беше поверено едно од трите
потпретседателски места. Целата влада беше
составена од емигранти. Тоа беше во феврурари
1990 година. По објавувањето на платформата
наВМРО - ДПМНЕ во списанието "Млад
Борец" идејата наиде на добар прием кај
патриотско освестените Македонци во Македонија,
така што од неколкуте разочарани членови на
МААК се формира и ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш објавив повик до читателите за
материјално да ја помогнеме новата партија. Се јавија
неколкумина и првиот јавен собир се одржа во
македонскиот центар во Саншајн, предградие на
Мелбурн.Таа вечер собравме 7.500 долари готови
пари, а беа ветени уште 13.000 долари. За
жал, парите дојдоа во рацете на Иван Соколов,
кој без мое знаење беше назначен за
"пртседател на собирната акција". Со парите тој
самоиницијативно купи две факсимил машини, едната
за себе, а другата ја однесе лично во
Централниот комитет на МВРО-ДПМНЕ, со што успеа
секоја информација да оди преку него, ама и да
ги "цензурира" и злоупотребува.

Како и да е, тој ги постави врските со
Змејковски, од кого ни донесе и писмо со кое беше
назначен за "коориднатор" на ВМРО-ДПМНЕ за цела
Австралија.

Уште едно мое разочарување кога убаво знам дека
на Првото основачко собрание на
Поткомитет на ВМРО-ДПМНЕ во Мелбурн, Соколов
заедно со сите негоиви поткрепители и
истомисленици, одби да велзе во раководството,
со образложение дека Партијата "Обединети
Македонци" ќе има поголема шанса на првите
повеќепартиски избори.Кога завршија изборите и
откако се видоа резултатите, тој со уште некои
аутсајдери формира паралелен Поткомитет и употреби
с# за да го дискредитира првиот. Времето покажа
колку било тоа оправдано, а поверението што
му беше дадено придонесе ВМРО-ДПМНЕ во
Австралија да стагнира, на општо задоволство
од режимлиите.
(This post was last modified: 26-10-2016, 01:32 PM by ЈорданПетровски.)
22-10-2016, 12:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:МИТРОПОЛИТОТ ПЕТАР ТРЕБА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА

    СВЕТЕЦ

    Што мислите за актуелната власт во Република
    Македонија?

    СТАМКОСКИ: За власта, изгласана од национално
    одродениот дел на Македоцните, не вреди
    ни да се размислува. Едноставнио, секој кој
    гласал за таа власт, придонел за националното
    предавство извршено на 5 октомври 1995 година и
    сноси целосна вина.

    Постојат ли можности за победа на национално
    определените партии на следните избори во
    Република Македонија?

    СТАМКОСКИ: Ако во Македонија не победи
    национална партија, тогаш со сигурност се знае
    дека на Македонија и нема спас. Дури и за
    Албанија светот има поголем респект, отколку за
    Македонија. Економски разграбена и
    распродадена, таа повеќе е туѓа одошто наша. Дури и
    "Макпетрол" повеќе е српски, одошто македонски.
    "Тајниот" договор пред 3 години во
    Лондон помеѓу "Макпетрол" и Мулти Корпорацијата
    Генекс од Белград, во Македонија
    малкумина знаат, а тие што знаат, молчат за да
    ги зачуваат своите лични интереси. Парите што одат
    за Србија не се за инвестиции, туку тоа е
    профитот од - инвестициите што Србија ги има вложено во
    Македонија. Се разбира многумина новопечени
    македонски бизнисмени од тоа добро се
    запарија.

    Во Република Македонија моментално има голем
    број на туѓи наоружани граѓани, а тоа не е
    ништо друго туку окупација. "Нашата" влада е
    глува и нема. Што можеме да очекуваме од
    една таква влада, посебно ние од дијаспората,
    кои од неа сме сметани за "граѓани од втор
    степен".

    Господине Панко, би ве замолил да ни кажете
    нешто околу недоразбирањата или расколот,
    ако така можам да го наречам, во Македонската
    епархија, за Австралија и Нов
    Зеланд?

    СТАМКОСКИ: На тоа прашање најдобро е да ви
    одговорат компетентните, а тоа е самата
    Епархија и лицата кои се задолжени во нејзината
    управа. Колку што мене ми е познато, Епархијата
    требаше да ја запознае пошироката јавност со
    досегашните успеси и неуспеси. Се чекаат
    резултите од судскиот процес кој заврши пред
    еден месец во Мелбурн.Индикациите зборуваат
    дека од тој процес противниците нема да излезат
    победници, иако за потребите на судскиот
    процес, во врска со канонските закони,
    "консултант" го имале грчкиот владика Езекил. Од
    резултатите на овој процес, многу ќе зависи
    како ќе реагираат и другите наши општини ширум
    Австралија. Некаде работите веќе стивнуваат и
    противниците на реформите се отстрануваат од
    управите, што докажува дека има здрави сили кои
    размислуваат логично. Сепак, далеку сме од
    конечното разрешување и враќањето на
    Митрополитот Господин Петар во татковината, тешко
    може да се оправда. Што стои зад сето тоа, тој
    е должен самиот да го изнесе пред јавноста.

    За неговото Високо Преосвештенство Митрополт Г.
    Петар имате напишано дека не е
    Владика, туку Светец. - Ќе сакате ли тоа да го
    дообјасните за читателите на
    "Македонско Сонце" и за пошироката јавност?

    СТАМКОСКИ: Тоа го рече друг, јас само го
    пренесов во "Македонија". Митрополт Петар
    навистина може да биде Светец за живот, но тоа
    воглавно зависи од него лично и неговите
    Христијански и човечни принципи, дали за Светец
    ќе остане и по неговото предавање во рацете на

    Господ Бог. Тој врши едно дело за кое никој од
    САС не се нафати. Штетите што досега се
    сторени во оваа Епархија само Господ Бог или
    вистински Светец може да ги донесе на некаков
    ред. Тоа што алчните за пари го имаат замесено
    во последните триесетина години, да биде
    испечено за неколку години, е рамно на дело од
    светец. Господин Петар го одбра најсилниот
    адут во истерување на правдата до крај:
    Вистината и вербата во Бога и народот. Секоја друга
    сила ќе потклекне пред такви силни адути и
    верувам дека тоа ќе се случи во најскора иднина.
    Господин Петар е најзаслужен да го понесе чинот
    Архиепископ и верувам дека ако тој дојде
    на тоа место, нашата македонска црква повторно

    ќе биде возобновена во патријаршија.

    На крајот, како поборник за Обединување на
    Македонија, што му препорачувате на
    секој Македонец?

    СТАМКОСКИ: Да верува во обединувањето! С# што е
    постигнато во светот е направено,
    затоа што некој верувал во можноста. Некој
    верувал дека може да се отиде на месечината и
    тоа е постигнато. Па обединувањето на
    Македонија не е потешко од едно патување на
    Месечината! А, ако земеме во предвид дека никој
    не е против обединувањето, тогаш зошто и
    да не работиме на тоа? Како прво, секој треба
    да сфати дека од обединувањето секој во
    Македонија ќе има полза, а тоа е лесно
    изводливо, ако се стави крај на корупциите што се
    спроведуваат кај нас од одродените поединечни
    типови на сметка од мнозинството.

    Истиот момент кога секој Македонец ќе почне да
    верува во конечниот триумф, Македонија
    ќе започне да се обединува. Никој не ќе може да
    го спречи тој процес!

    Противници на идејата за обединување не смее да
    има ниту од страна на малцинствата, затоа што
    и за нив ќе биде подобро да живеат во таа идна
    обединета Македонија, одошто било во која
    друга балканска држава.Тие еднаш треба да
    сватат дека с# што имаат денес, не им го дале ни
    Грција ни Албанија, ни Србија, па ниту
    Бугарија.

    Македонија отсекогаш раѓала гении во сите
    области од човечкото општество. Денес можеби ги
    има многу повеќе одошто било кога порано.
    Верувам дека Македонија наскоро ќе го
    даде најдостојниот меѓу достојните, кому
    единствената цел ќе му биде Обединувањето на
    Македонија. Негови учители ќе бидат најголемите
    светски маченици на олтарот од слободата. 
22-10-2016, 12:30 PM
Reply