Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ, СО НЕГОВИ ЗБОРОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ, СО НЕГОВИ ЗБОРОВИ (1): Нема држави, туку народи поврзани со Хитлер!
[Image: milcin.jpg]


17.10.2016
Ги јадосала нашите тодоралександровци мојата колумна „Тестаментот на Александров“ во која го цитирав и коментирав неговото претсмртно интервју објавено во лондонски Тајмс. Ми го испорачаа своето негодување за време на моето гостување во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77. Во својата порака ми порачаа да си ја гледам работата и да не се занимавам со историјата. Но, не помина многу и Миленко Неделковски се позанимава со историјата со чекан во рака. Тодоралександровци го одмолчаа неговиот „подвиг“, кршењето на спомен-плочата на загинатите војници од бугарската армија (11-та македонска дивизија) во која војувал и нивниот идол Тодор Александров. Крај не му се фаќа на новокомпонираниот патриотизам!


А што можело да ги јадоса нашите тодоралександровци? Тоа што на македонската јавност ѝ го претставив интервјуто на Александров во кое: а) се декларирал како Бугарин од Македонија; б) признал дека преговарал и договарал со комунисти, и в) изјавил дека автономна Македонија ја гледа како рамноправен дел од една, ако не балканска, тогаш југословенска федерација? Интервјуто никогаш не било објавено на македонски, од него може да се насети растревоженоста на Александров по објавувањето на Мајскиот манифест. Интервјуто е факт. А премолчувањето и извртувањето на фактите се пропагандни инструменти со кои се фалсификува историјата. Извртувањето и премолчувањето не смеат да се премолчат. Последиците се погубни. И тоа е факт со кој сме соочени денес и овде.
Споредбата на тоа интервју на Александров со интервјуто што Ванчо Михајлов му го дал на македонскиот новинар Борис Вишински укажува на тоа дека Александров од драматичната 1924 година и Михајлов од 1989 година би се согласиле само во тоа дека се Бугари од Македонија. И ова интервју е автентично. Своите одговори сомничавиот Михајлов ги испратил написмено, преку своите најдоверливи луѓе. Интервјуто е прв пат објавено на 8 јануари 2001 година во бугарскиот весник Демократија, па на 18 јануари 2001 во органот на МПО Македонска трибуна (на англиски, бугарски и, прашањата на Вишински, на македонски), потоа на македонски во Дело (не знам дали комплетно), па на 5 септември 2012 година на сајтот на ВМРО на Каракачанов.
Во 1924 година, автономистот Александров предвидувал дека кога ќе бидат исполнети условите „...делот од Македонија кој е во рацете на Бугарија ќе мора исто така да биде инкорпориран во автономна Македонија“. На прашањето од Вишински: „Како водач на македонското ослободително движење вие ја имавте историската можност да ја прогласите независноста на Македонија како држава со еднаков статус со сите други балкански држави. Што ве спречи да го направите тоа?“ Михајлов одговара: а) „Ослободувањето од југословенскиот јарем кој беше наметнат од режимот на кралот Александар Караѓорѓевиќ беше дочекано со голем вохит од нашето население во Македонија; или, уште поточно кажано, од оној голем дел од населението што не само што се чувствуваа – како секогаш дотогаш – како Бугари, туку и никогаш не бегаа од проширувањето на Бугарија до Охрид, до Хрупишта кај Костур и до брегот на Белото Море близу Кавала. Токму тие Бугари излегоа во првата линија да ја пречекаат бугарската војска во Македонија кога пропадна Југославија. Во тој момент, и со недели по тоа, радоста на тој широк круг патриоти не се намалуваше.“ б) Два-три дена по овој ден на ослободување, или само десетина часови по него, ќе беше малку бајато, без вкус, некој да појде во Скопје и во други места и да извика „Да живее автономна Македонија“. Затоа ниеден наш човек не беше поттикнат да одржи таков говор. Инаку би можело дури и меѓу најлутите патриоти Бугари да избие тепачка. в) Со најдлабока искреност треба да се каже дека во она време (1941 година, м.з.) имаше наши луѓе кои интимно беа колебливи во својата верба дека состојбата („ослободувањето“, м.з.) која тогаш настапи во Македонија ќе потрае. Иван Михајлов беше еден од оние (несомнено повеќето од нив молчаливи), кои уште од почетокот веруваа дека војната ќе почне со надежи за Бугарите, но таа војна од која тие очекуваа крајно решение, ќе биде загубена војна. г) Бидејќи војната ќе биде загубена за Германија и за народите на еден или на друг начин поврзани со неа, на почетокот беше направен обид кај завојуваните во полза на независна Македонија. И веројатно затоа што тоа беше почетокот на војната, не добивме никаков поттикнувачки одговор. д) Кон крајот на војната, истите фактори категорично го поттикнуваа Иван Михајлов јавно да прогласи независна Македонија. Но тоа беше толку доцна, што јас намерно отидов во Скопје со сопругата и од таму соопштив дека не можам да го прифатам нивниот предлог зашто е премногу доцна. И додадов дека одбивам да преземам одговорност пред сопствениот народ за злото кое може да го предизвикам со своите постапки. Самите Германци (во книгата на Валтер Хаген Тајниот фронт / Die Geheime Front) напишаа дека колку и да им е непријатен овој одговор, тие сметаат дека Михајлов правилно го исполнува долгот кон својот народ.“
Ванчо премолчува кои се народите поврзани со Хитлерова Германија, а премолчува и на кој начин биле поврзани. Симптоматично е и тоа што Ванчо не пишува за држави, туку за народи поврзани со Хитлерова Германија, вклучително и Бугарите, во Бугарија и во Македонија, и премолчува дека делови од „поврзаните“ народи не само што не верувале дека настанатата „состојба“ ќе потрае, туку со пушка в рака, вклучително и Македонците, се кренале за да ѝ го скратат траењето.

Толку од автономизмот на Михајлов. Во 1941 му било многу рано, а во 1944 му било многу доцна! Всушност, Ванчо Михајлов не можел да биде ни квислинг од рангот на неговиот сојузник Анте Павелиќ, кому, по распаѓањето на Југославија во април 1941 година, Хитлер му дозволил да прогласи независна хрватска држава (НДХ). Ванчо просто немал каде да прогласи независна Македонија. Географска Македонија, поделена на три дела по Балканските војни, во април 1941 година била поделена уште еднаш. Источните делови од Вардарска и Егејска Македонија ги „ослободила“ Бугарија, западните делови од Вардарска и Егејска Македонија ги окупирала Италија на Мусолини, првиот тутор на Ванчо Михајлов, а Солун (сонуваниот главен град на Ванчовата Македонија) и централниот дел од Егејска Македонија биле окупирани од најмоќната од „завојуваните“, Хитлерова Германија. Пиринска Македонија си останала во Царството Бугарија. Ванчо останал со прстот в уста. Не му било дадено ништо, освен да се засолни во Загреб од почетокот на војната до крајот на 1944 година. Во 1943 година, од Хитлер и Химлер му било побарано од своите следбеници да формира три баталјона доброволци кои ќе бидат вооружени со германско оружје. Познати како Охрана, тие во 1943 и 1944 година во Костурско, Воденско и Леринско војувале против грчкото движење на отпорот, во кое голем дел биле Македонци (СНОФ). Хитлер одново се сетил на Ванчо кога бугарската армија почнала да се повлекува од Македонија. Побарал Ванчо да прогласи сателитска држава Македонија, „за да се спаси што може да се спаси“. Останува непознато кои граници ѝ ги определил Хитлер на државата што требало да ја прогласи Ванчо. Ванчо молчи за тоа дали Хитлер, на пример, лут на капитулираната Бугарија, му ја понудил Пиринска Македонија? Или му понудил да прогласи држава на територијата на географска Македонија?
На 3 септември 1944 година, со германски авион, Ванчо и неговата сопруга биле транспортирани од Загреб во Софија, а два дена подоцна биле транспортирани во Скопје. На 6 септември, Ванчо го известил Берлин дека ја одбива понудата поради „неможноста да добие локална подршка“, а на 8 септември го напуштил Скопје со персоналот на германскиот конзулат. Два месеци подоцна, на 13 ноември, партизаните го ослободиле Скопје.
Една од вештините на Ванчо Михајлов била способноста да процени кога треба да исчезне, да го снема, да биде отсутен и од далечина да ги планира и да ги раководи своите конспиративни операции. И одговорите во неговото интервју биле таква операција, завештание упатено до неговите следбеници во Република Македонија. Радко (Ванчо бил љубител на псевдоними, м.з.) веќе бил известен дека тие креваат глас. Но за тоа, во продолженијата на оваа колумна.


(This post was last modified: 18-10-2016, 05:22 PM by ЈорданПетровски.)
18-10-2016, 05:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ставре Темелковски
18.10.2016

Владимре за терминот ТОДОРАЛЕКСАНДРОВЦИ зборуваме,а кои се на спротивната страна? Лазоколишевци?Кироглигоровци?Крстецрвенковци?Или Кузманпитувци? Последниот знам дека е предаден од своите,знам дека бил студент во Београд,знам дека студирале заедно со вашиот татко и знам дека славната 41-ва год одржал говор во Прилеп пред околу 3000 мештани и повикувал да не се дига пушка на БРАТСКАТА ВОЈСКА,која чинам со цвеќе беше дочекана од цела Вардарска Бановина во тоа време,галиба од што предходно им беше многу убаво,а ВИЗУРАТА ТИ тоа гледам многу површно го опсервира.О ва беше објавено во Нова Македонија во времето на Пандета Колемиш негде 94-та година.Помеѓу предходните ТРОЈЦА галиба нема суштинска разлика ,мислам на ВИЗУРАТА НА НЕШТАТА де,од тие причини јас во ова писание ги гледам КАКО ЕДНО,За мојата де ВИЗУРА зборувам,визави ТВОЈАТА!
За тебе Тодоралександровци кој се ? Сегашниве ГРујовци? Па на ова нит пилците нема да ти поверуваат,мене повеќе хумористично ми изгледа.Зар банда што узурпирала партија и држава во последниве 10 и кусур години на што ревносно и помогнале твоите до неодамна политички шефови: Бранко Црвенковски,Киро Глигоров и други,може и смее да се поистуветуваат со Тодор или уште помалце со Ванчо? Оваа Београдска банда што на партиски собир ираше пиеса на КОСОВКА ДЕВОЈКА? Што резобнови Офицерски дом(На која Армија?),Српски театар?Што слави Зебрењак?Кајмакчалан само со присуство на Српски големци визави другите актери во тој историски настан? Па Лазо Колишевич е Владо Черноземски за ови Владимире.Викаш ,, нивниот идол Тодор Александров,, викаш имал ,, претсмртно интервју објавено во лондонски Тајмс,,? Јас би сакал некој политичар од нашава географија во изминативе 7 децении да имал интервју во тој медиум. Но на ТВОЈА ВИЗУРА тоа не и е важно,како што нит еден нашинец од Ново Село – Штипско ,тогаш 24 – та год го можел тоа? Викаш ,, Крај не му се фаќа на новокомпонираниот патриотизам!,, да така е,се согласувам,тоа е новиот HARD Македонизам кој не однесе до Пакистан,визави ТВОЈОТ SOFT Македонизам кој го роди НАЈНОВИОВ продукт Паскокузманов галиба.
Кај е за мене суштината што воопшто се одлучив да ти се обратам,а тоа е точката (а) во твојата ,,аргументација,, дека Тодор е ЛОШИОТ, а тоа е дека бил Бугарин,дека така се чувствувал??? Нели не ти изгледа бар малце надвор од ТВОЈАТА ВИЗУРА дека тоа е ЕТНО ФАШИСТИЧКИ ОДНОС кон една нација врз која што се градел ИДЕОЛОШКИ ОДНОС НА ВАШАТА идеологија или идеологијата на вашите предходници? За Македонија не смее да се бори никој што не е Маконец или уште полошо не смее нит да умре за Макеонија? Или тоа важи само за тие што се чувствувале за Бугари,само тие го имаат екслузивитетот на вашата идеолошка визура??? А да не зборувам ако се биде БУГАРИН ОД МАКЕДОНИЈА, тој по DEFAULT е државен непријател бр 1,само ако се обидел да суштестува како таков,па макар и еден на број бил.Зар ова е АЛТЕРНАТИВНАТА ВИЗУРА на оваа Београдска багра што се докосна до вашите институции? Овие ли ,,вредности,, кои се проткајуваат во твојава како викаш колумна?Одлично Владимре,Одлично.Не знам само нешто,а тоа е , како сеуште може да ви бидат криви Тодор и Ванчо кој од дамна се заминати од овој свет,толку ли сте немоќни за нови идеи,нова иднина за идните поколенија,па да се враќаме назад во минатиот век. Нејсе,кога веке го спомна и Ванчо Михајлов-Радко(во што е проблемот што користел псевдоними,кога и Комунистите пос 41-та користеле псевдоними и тоа на ВОЈВОДИ НА ВМРО,на тоа ,,лошите,, Бугари ВМРОвски војводи),ке ти кажам следново: Нема тука ништо спорно Владимире, ова на нас уште 1990-тите ни кажуваа во школо, фактите дека Михајлов требало да создаде држава под патронат на Германија се неспорни, ама условите биле такви што не можело. Веќе Германија се повлекувала,тебе спорно ти е дека бил со Германците???ИЛИ СПОРНО ТИ Е СТО ГЕРМАНЦИТЕ ЛОГИСТИЦИРАЛЕ ВО МАРСЕЈСКИОТ АТЕНТАТ?Еми има една макасима:НЕПРИЈАТЕЛОТ НА МОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ,Е МОЈ ПРИЈАТЕЛ.Како и да завртиш ВИЗУРАТА ТИ Е БЕОГРАДСКА,не можеш никако да избегаш од тоа,еве аргументи:
Факт е дека тие Германците ни понудиле создавање држава, а не Тито!
Ова се историски факти од германски извор!
Демек Иван ќе правел Германска марионетска, а пос 1945 ние имавме Белградска Српска марионетка ,така е или се лажам галиба?Или ова не ја интересира ТВОЈАТА ВИЗУРА?
Еве Владимире кажими што е полошо!!!Не за друго туку за да ги искомпарираме ВИЗУРИТЕ ,ништо друго,попатно и Словачка и Хрватска беа такви, па гледаме кај се ,
сите шо беа со Германците први влегоа ЕУ и НАТО и имаат Германски инвестиции и поддршка,дали е така?
Ај што сме сеуште врзани со Београд(Од тебе нит збор за тоа), ама нашиве се свртени кон Анкара, Москва, Пекинг...наместо Виена, Берлин, Париз, Лондон,КАЖИ ТИ КОЈА ПОЗИЦИЈА ИМАШ ЗА ДА СМЕ НА ЈАСНО,нели за ИДЕОЛОГИЈА ЗБОРУВАМЕ ТАКА???
Ах бе Владимире,значи излегува дека Хитлер ни дал држава, а Сталин народ !!!Јел могуче???Icon_razz
Е сега Грујо што ви изпогани и држава и народ јас ли ви сум крив? Или уште помалце Ванче Михајлов ли ви е крив?А бе ваш си е Грујо ваш,само што мало више воли кеш ТУКА Е РАЗЛИКАТА ГАЛИБА ИМА РАЗЛИКА ДА ПРИФАЌАМ ! Во очекување на продолжението на твојава колумна,те поздравувам.
18-10-2016, 05:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ВРЕВАТА НЕ Е АРГУМЕНТ

На хејтерите кои не умеат да мислат надвор од категориите Бугари и бугарофили и Срби и србомани, засега ќе им одговорам само со неколку цитати од написот на театарскиот критичар Александар Милосављевиќ „Случајот на гостувањето на претставата Свети Сава во Белград“: Написот е објавен во зборникот Културата на власта – индекс на смени и забрани објавен во Белград, 1994 од издавачот Радио Б92. 
„Токму скандалот со гостувањето на зеничката претстава Свети Сава во Белград им отвори очи на многумина за механизмот на функционирањето на манипулацијата со народот со помош на националната митологија. (...) А по сè се чинеше дека поинаква иднина ја чека драмата која во 1988 година го доби признанието ’Бранислав Нушиќ’ – годишната награда на Здружението на драмските писатели на Србија за најдобар драмски текст. (...Па сепак, низ чаршијата набрзо се рашири глас дека извесен млад писател со долга коса во својата драма грдо и лошо го изнавредил најголемиот српски светија, Сава Немањиќ, и – веќе гласините си го правеа своето провоцирајќи јавни, а почесто полујавни, главно кафеански полемики на темата дали Растко, подоцнежниот монах Сава, навистина бил женкар, пцујач, па и убиец, како што за него пишуваат безбожните и антисрпски писатели. Сето тоа се случуваше во контекст на сеопштото, но постепено будење на националната и православната – религиозната свест.“
Во таа атмосфера, дури и моќниот Милорад Вучелиќ, тогашниот директор на театарот Звездара, се откажа од идејата Свети Сава да ја доживее својата праизведба во неговиот театар и во моја режија. 
„Премиерата беше изведена кон крајот на јануари 1991 година во Народното позориште во Зеница. Фактот дека управникот на овој театар, Радован Марушиќ, беше Хрват, а режисерот на претставата, Владимир Милчин, Македонец, подоцна ќе се појавува како важен елемент на ’обвинението’, а ретко кој од ’обвинителите’ ќе се присети дека огромен дел од ансамблот на тој театар, како и на самата претстава, го сочинуваа актери од српска националност кои, заедно со другите свои колеги, пламено, но безуспешно ќе ја бранат оваа претстава. 
Во што лежи проблемот со Свети Сава? Најпрвин во фактот дека, пишувајќи за српскиот болјар, подоцна духовник и државник, авторот Синиша Ковачевиќ го отворил прашањето за одност меѓу српскиот мит, српската историја и подоцнежната употреба на историјата и митот за политички цели. (...) Во својата режисерска белешка Милчин запишал: ’Свети Сава е сценско преиспитување на проблемот дали во себеси сме го превозмогнале романтизмот и потребата од митови, дали сме излегле од деветнаесеттиот век. Драмата го релативизира митот така што ја открива болната свест на протагонистот за жртвата што ја принесува на олтарот на историјата.’ 
Нема сомнеж дека во покачената тензија на предвоената тензија тоа лето Господово 1990, ваквото релативизирање на митот (а токму дневната политика тогаш инсистираше на митот заради поефикасно хомогенизирање на народот), ваквата интерпретација на животот на еден Немањиќ, па уште и светителот Сава, можела да ги вознемири исклучително чувствителните духови, но, од друга страна, тешко беше да се поверува дека меѓу повредените ќе се најдат и оние пописмените.
Појасна светлина на присуството на хулиганите пред театарот фрла податокот дека од почетокот на демонстрациите комплетното безредие го набљудуваа милиционери. Достоинствени, какви што ги дал Господ, овој пат тие со ништо не укажуваа на можност да се замешаат, а будистичкиот мир со кој ги набљудуваа настаните укажуваше на тоа дека ништо нема да ги наведе да го спречат дивеењето на демонстрантите на чија милост и немилост беше препуштена театарската публика. Но, во еден момент, милиционерот кој би можел да биде некаков ’шеф на парадата’ му пристапил на Владе Милчин и сталожено го прашал дали тој, како режисер на претставата поради која настанал целиот тој метеж, сака милицијата да почне да ги тепа младите демонстранти. Милчин бил уште посталожен и така било избегнато фабрикувањето класична инцидентна ситуација која најверојатно уште повеќе би ги искомплицирала приликите пред Југословенско драмско позориште, но би укажала и на не баш блескавите перспективи на животот во државата во која изборите би ги добиле типови како Вук Драшковиќ или Војислав Шешељ.“
Дел од драмата таа вечер беше кога портирот ме викна на службениот влез во театарот кај што ме пречека Војислав Шешељ со закана дека ќе настрадаме доколку сепак се обидеме да ја одиграме претставата. Драшковиќ се огради од дополнителната изјава на Шешељ дека тие кои демонстрирале против претставата треба да бидат заштитени дури и во случај патем да ги испотепале сите актери.
Во својот напис, Александар Милосављевиќ ја цитира изјавата на една, не го кажува името, исклучително важна и влијателна личност во српската култура. Неколку месеци пред гостувањето во Белград, таа личност изјавувала: „Зеничкиот Свети Сава ќе дојде во Белград само преку мене мртов.“
Толку по повод обвиненијата за наводното србоманство на „београдскиот ѓак“ Милчин, напишани од луѓе кои имаат проблеми со азбуката и со јазикот. Таквите хајки не се новина на балканските меридијани и напоредници. Но, времето кога важеше правилото „Колку е поголема лагата, толку е поголема веројатноста дека ќе фати место“ е на заминување. До скоро читање!


Владимир Милчин

October 19 at 7:29am · 


Quote:РАБОТЕЛ ЗА УДБА А ВЕЛИ НЕ БИЛ СРПСКИ ИЗМЕЌАР

[Image: f63fb9fc1888bac2143cb5d1de3bea0f_L.jpg]

Јордан Петровски 19.10.2016
Како и секој тврдокорен комуњар и измеќар кога ке се најде во ситуација пропагандните памфлети вперени против МАКЕДОСКОТО НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ да му бидат експерсно и лесно со непобитни аргументи демантирани, измеќарот во паника ке се обиде да објасни дека белото не е бело. Тоа измеќарот не го прави за оние кои пред се и над се веруваат на факти и докази, туку тоа го прави за својата платена од него измеќарска дружина за да колку толку им влее надеж дека лагите кои тој ги блуе ке опстојат а со тоа и нивната измеќарштина и понатака ке биде плаќана!!
Да се обидеш една антиверска, атихристијанска представа да ја предствиш како антисрпска е будалија без граница. 
Шлаг на будалијата е како крунски доказ да понудиш реакција на Шешељ и Драшковиќ, луѓе кои биле во служба на безбедносните структури на комунистичкиот сиситем на Југославија, вистинскиот организатор на деветомартовските протести во Белград!!!!
Комуњарите а посебно измеќариве, никогаш неможат да разберат дека ниту еден НАЦИОНАЛИСТ за да оствари некоја сопствена цел нема да ги втурне во воени страдања припадниците на сопстевниот народ.

Сега од општото Icon_razz да преминам на конкретното, ликот и неделото на измеќарот!!

Quote:
Со оглед дека Службата има стапено во контакт со него, и фактот што е присутен во средината каде е можно да се очекува однесувања од позиции на граѓанска десница и други видови непријателски активности, контактите ќе продолжат и ќе се создаваат услови за градење на соработнички однос. Од наведените причини предлагаме ДРАМАТУРГ да се дерегистрира од ПОО, а неговото досие да остане во ОПЕРАТИВНИОТ архив на СДБ. ИстиотЕ И ЌЕ БИДЕ КОРИСТЕН како ОПЕРАРТИВНА ПОЗИЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ И КОМЕНТАРИТЕ на ПОО-а и лица безбедносно интересни од позиции на граѓанска ДЕСНИЦА, како и следење на состојбите во овие средини кои претставуваат интерес на СДБ.

Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левици и десници. Во Македонија не е вршен прогон на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 99%) се прогонувани заради заложбата за САМОСТОЈНА и ДЕМОКРАТСКА Држава Македонија!!
Најголем противник на лустрацијата во Македонија беше соработникот на УДБа под псевдоним "ДРАМАТУРГ" алијас Владе Милчин сe разбира во таа битка да се одбрани српштината, српските инсталации во МВР, во ДБК, во АРМ, во Уставното суд, во владите на Р. Македонија се приклучија сите оние кои Владе Милчин ги плаќање во овие 25 годдини. Стотината милиони долари кои Владе ги делеше, купија многу измеќарски души. Со години Владе преку тие измеќари го држеше и за жал се уште го држи под контрола медиумскиот простор во Македонија!!
Да попречуваш откривање на злостори на служби кои убиле илјадници Македонци, иако официјално се говори за 187 изврешени смртни пресуди, да попречуваш откривање на злостор на десетици илјади невино осудени Македонци, Македонци осудени за заложбата за Самостојна и Демократска Македонија, заложба за ОСЛОБОДУВАЊЕ од СРПСКОТО ропство. Да попречуваш откривање на злостор со прогон на илјадници Македонци и по 1991 година, по РЕФЕРЕНДУМОТ со кој Македнците јасно ја изразија волјата за Самостојна Македонија. Македониа надвор од канџите на БеОград е НЕПОБИТЕН доказ дека само оние кои се подготвени да се продадaт за еден сладолед а не пак за стотици или илјадници евра ке стојат на браникот на СРПШТИНАТА, браник кој беше и е дебело финансиран од "ДРАМАТУРГ"!
пс. се надевам дека ПЛУСИНФО ке го превземе овој текст и со тоа ке покаже дека пред парите, оние кои ги добиваат од Милчин им е видувањото на "вистините" на Владе Милчин од друг агол и се разбира можност за полемика која ке доведе до вистината!!
ппс. повиката по изборот на Илиевски за судија во судот во Стразбур не е затоа што тој нема да ги застапува Српските интереси туку е од причина што Милчин и неговата измеќарска дружина сака со судското место за Наташа Габер во Стразбур, кое е многи добро платено, да и се раздолажт за лојаноста во битката против Македонските борци за Самостојна и Демократска Македонија!!
 
22-10-2016, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Милчин го воскреснува „ванчомихајловизмот“ со удбашки манипулации

Никола Србов 21.10.2016 
Сите знаеме дека Милчин не е некој приучен лик, кој чул, но не разбрал, знаеме дека станува збор за интелектуалец со долг стаж, но, исто така, знаеме и дека манипулира со своите написи. Тенденцијата на Милчин е да ја воскресне етикетата „ванчомихајловисти“, која беше користена од 1945 година до 1998 година од страна на службите за државна безбедност, преку кои ја десеткуваа македонската интелегенција.
Стапицата што сака да ја подметне Милчин е во ставањето знак за еднаквост меѓу Тодор Александров и Ванчо Михајлов, со што секој што го почитува Александров, по автоматизам е „ванчомихајловист“ и треба да оди во логор. Секој што е приврзаник на идејата на Македонската револуционерна организација е приврзаник на Александров, а со тоа, според Милчин, тој е „ванчомихајловист“. Значи сѐ што е пред 1945 година е „ванчомихајловистичко“. Врвна манипулација за недоволно информирани луѓе, но Милчин направил превид околу информираноста. Почитуваниот треба да знае дека историја не се учи, а уште помалку се пишува со приложување бројки и букви без нивно толкување. Тоа не е наука.
На самиот почеток сакам да му поставам неколку прашања на почитуваниот Милчин со надеж дека ќе одговори.
1. Како може да се служи со ликот и со делото на една историска личност, во случајов со Ванчо Михајлов, која досега не е обработена од македонската историографија и не се испишани, ниту историографски обработени, нејзините темни, односно светли страни (и покрај тоа што историографијата не познава страни), како пресудува кого ќе оквалификува како „ванчомихајловист“ во негативен контекст, и зошто во негативен, односно позитивен контекст кога ликот не е обработен?
2. Зошто досега не е напишан ниту еден научен труд за ликот и за делото на Ванчо Михајлов?
3. Дали неистражувањето на оваа личност од македонската историја било во полза на властите и на безбедносните служби за да можат во матно да ги ловат своите неистомисленици сѐ до 1998 година?
Сега да преминеме на факти. Во последната колумна почитуваниот Милчин изнел фрагменти од последното интервју на Ванчо Михајлов, но го пропушта клучното за ова интервју, а тоа е, кој го направил интервјуто, по чија наредба, за какви цели и зошто не било веднаш објавено во Македонија? Во јануари 1990 година Ванчо Михајлов на писмено му испратил одговори на новинарот Вишински, а подоцна следувала и средба меѓу нив двајца.

[Image: kol216-srbov-milcin.jpg]

За да не го правам истото што го прави почитуваниот, јас ќе приложам документи. Број на лично досие 7.860. „Во април 1990 година соработникот ’Стручњак‘ преку бугарскиот архимандрит во Ватикан, Ѓорѓи Елдаров, и со гаранција на директорот на Радио Ватикан, остварил средба со емигрантот Ванчо Михајлов во неговиот стан во Рим, со кого разговарале за актуелните настани во Југославија и во СР Македонија…“. Притоа „Стручњак“ на службениците од СДБ им пренел: „Со Ванчо Михајлов се сретнав во Рим, во неговиот апартман, на 7 април 1990 година. На средбата беа и Вида Боева и Антон Попов“. Почитуван Милчин, ова е, всушност, средбата по интервјуто за кое вие пишувате и манипулирате. Ваша должност кон читателите е да им кажете дека Вишински заминал во Рим со знаење на безбедносните служби со цел да се добијат нови сознанија за „Илегални“ – Ванчо Михајлов, и за „Центарот на Илегални“ – станот каде што живеел Ванчо Михајлов, кој, патем, бил скициран од страна на УДБ, која знаела каде стои и најмалата ваза во станот.
Зошто манипулирате со интервју што не е целосно објавено? Прво, кога во интервјуто е вмешана службата за државна безбедност, ќе се согласите и вие, тоа не било направено со цел да се информира јавноста за ставовите на Ванчо Михајлов, туку за потребите на службата. Па се поставува прашањето, што сакала да скрие СДБ со необјавувањето на интервјуто, зар не мислите дека доколку тоа било во светлината на ставовите на Михајлов, такви какви што ги знаеме, дека СДБ не би го објавила веднаш и со тоа да си ја бетонира тезата за „ванчомихајловизмот“? Кога веќе сте се нафатиле да пишувате за една целосно неистражена личност, сте требале барем малку да прочепкате. А дали вие го имате прочитано целото интервју? Зошто не ѝ кажувате на јавноста дека, цитирам: „Според Ванчо Михајлов, отворените демократски процеси во Југославија ќе доведеле до дестабилизација и до распаѓање на Југославија и ќе се остварела неговата идеја за обединета и независна Македонија“. Ова е изјава на Вишински во СДБ, дел од разговорот со Михајлов, но јас тука не ја прикажувам целосно со цел да ви докажам дека преку манипулации можеме и од Ванчо да направиме првоборец, небаре станува збор за Гоце Делчев, но не е тоа целта на историографијата. Се плашите ли од ваквите зборови на човекот што УДБ го чуваше со цел преку неговото име да уништува илјадници македонски фамилии? Дали ова се коси со вашите потреби од неговото име во политички цели дури и денес, 26 години по неговата смрт? Околу ставовите изнесени од страна на Михајлов во интервјуто, Вишински го изјавил следново: „Околу прашањето за обединета и независна Македонија во рамки на бугарската држава или самостојна, тој повеќе е за самостојна држава“. Оваа реченица е погреб на митот што го градела УДБ, оваа реченица е последниот доказ за сепаратизмот на Ванчо Михајлов, кој се залагал за независна Македонија од негови лични побуди. Националниот момент во неговите ставови е друго прашање, но вие сте напишале „толку од автономизмот на Михајлов“ па еве ви одговор со зборовите на Михајлов пренесени преку Вишински.
Зошто не било објавено интервјуто во Македонија? На 20 април 1990 година службеник на СДБ контактирал телефонски со Вида Боева, а во својата белешка службеникот запишал: „Без да ја прашам, Вида кажа дека пред извесно време кај нив во станот дошол Вишински и имал разговор со Ванчо Михајлов. (…). На разговорот присуствувала и Вида и како поинтересно го издвојува тоа што Ванчо Михајлов го прашал зошто не го објавил интервјуто што му го дал. Вишински кажал дека се плашел да го објави и дека ’тоа интервју е за во архива‘. По заминувањето на Вишински, В. Михајлов прокоментирал: ’Сигурно е испратен од некого, сам не доаѓа‘“.
Овој дел ќе го завршам со прашањето: Зошто УДБ се залагала да ја добие архивата на Ванчо Михајлов во акцијата „Латина“, а тоа не го правеле научните државни институции? Дали се плашела од тоа што го има во архивата во случај да оди контра нејзиниот мит и таа да падне во туѓи раце? „На прашањето на (…) [соработникот] дали во ковчезите е архивата на Ванчо Михајлов, Вида одговорила дека архивата е добро скриена и не е во станот“. Толку.
Во своите писанија почитуваниот пишува за контактите на Тодор Александров со Советскиот Сојуз, со што неговата крајна интенција е ставајќи го Александров во некоја идеолошка рамка, која, наводно, денес се коси со идеологијата на десницата во Македонија, на десничариве да им се одмилел ликот на овој македонски деец.
Клучното во целава манипулација е тоа што Милчин не знае каков е и каков бил поривот за обединета Македонија кај македонскиот народ. Не сфаќа дека љубовта кон Македонија и желбата за достигнување на крајната цел не познавала идеологии и партии, а не познава ни денес, таа е пред сѐ и над сѐ. Имам впечаток дека Милчин не е доволно информиран за дејноста на Александров бидејќи и за него се служи со лесно достапни интервјуа, јас во овој момент само ќе го надополнам.


Quote:„На 30 декември 1923 година, Централниот комитет на ВМРО прави Проект за спогодба со Советска Русија во кој се наведува: ВМРО, која ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправа и најголема можна социјална правда, има цел обединување на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 г. Со Букурешкиот договор за мир и со Нејскиот во 1919 година, во една политичка единка, која подоцна ќе биде рамноправен член на една балканска федерација, или барем во првата своја етапа – на една југословенска федерација“. Потпишано лично од Тодор Александров.


Во еден дел Владимир Милчин ни го посочува делот за кој ни самиот тој не сфаќа дека го прави Александров уште поголем. Милчин ни го одвоил делот од интервјуто на Александров во кое тој се согласува Македонија да влезе во рамки на Југославија со цела нејзина територија како федерална единица со признаен македонски народ и со сите права.
Ќе му дадам уште еден бонус на Милчин:
Пред одржувањето на изборите во Кралството Југославија, во кампањата се вклучила и ВМРО на чело со Александров. Во писмото испратено до Македонците што се наоѓале под српска окупација, во точка 3. Александров запишал: „Ако српската шовинистичка власт не дозволи да се изберат локални водачи, сите избирачи да ги дадат своите гласови на комунистите, под услов последните да се согласат во прво време да се борат за федеративно уредување и за примена на договорот за малцинствата“. Со последниот дел од реченицата Александров ги потсетувал и самите комунисти дека треба да се борат за федерален статус и за признавање на Македонците.
Почитуван, дали ви е малку појасна прагматичноста кај македонските дејци за достигнување на целта? Доколку не ви се разјасни, ќе ви дополнам уште со неколку факти.
Во 1974 година, во пресрет на Конгресот на ДООМ, кој требал да се одржи во Минхен, Драган Богдановски испратил писмо до својот близок соработник од Париз во кое му пишал дека сака во Движењето да внесе социјалистичка компонента сѐ со цел да добијат помош од Советскиот Сојуз, или од одредени кругови во СФРЈ, кои се појавиле по носењето на Уставот во 1974 година. Замислете, антикомунистичката, антидржавната политичка емиграција зборувала за социјализам, но тоа, почитуван Милчин, се вика прагматичност кон постигнување на целта, обединета и независна Македонија.

На крајот ќе завршам со зборовите на генералот Михајло Апостолски запишани во неговите последни сеќавања: „Додека бев на школување во Белград, во едно писмо мајка ми ми пишуваше дека Тодор Поп Орушов е убиен и дека тие се во голема жалост. Интересно е што цензорите не сфатиле за кого станува збор бидејќи беше пишан како Поп Орушов, а стануваше збор за Тодор Александров“. Гледате почитуван, фамилијата на генералот жалела за убиството на еден од најголемите водачи на ВМРО.

REPUBLIKA
22-10-2016, 09:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:За Ванчо Михајлов, со негови зборови (2): Од автономија до анексија



Владимир Милчин 23.10.2016
Веројатно има читатели кои сметаат дека во моите колумни за Александров и Михајлов има премногу цитати и дека тоа ги прави напорни за читање. Но јас сметам дека цитирањето, а не прераскажувањето, ќе придонесе за расчистувањето на маглите и митовите. Читањето мора да му претходи на толкувањето. Толкувачот мора да ја сподели со читателот својата лектира и своите извори. И да толкува дури откако ќе ги сподели. Особено доколку тоа го прави во средина која гори од предубедувања и страсти, резултат на перманентното бомбардирање со пропаганда која ја контаминира и јавноста и приватноста. Затоа јас се придржувам за правилото: Најпрвин цитирај, потоа коментирај!

Во интервјуто што му го дал на дописникот на весникот Хрватска (гласило на Хрватски ослободилачки покрет, основан 1947 година во Аргентина од поглавникот Анте Павелиќ) во септември 1970 година, на прашањето: „Зар балканските марксисти не беа за независна Македонија која би влегла во една балканска федерација?“, Иван Михајлов одговара: „Македонски марксисти имаше малку. До август 1944 година во Скопје биле регистрирани околу 8000 работници. Ниту еден од нив не станал партизан. А за селаните не станува ни збор. Партизаните беа само една незначителна бројка бивши студенти од белградскиот универзитет, а со нив и извесен број Албанци и главно таканаречените ’србомани’, кои по јазикот и сите етнографски одлики се Бугари, но во некои села недалеку од српската граница потпаднале под влијание на српските чети.“

Зар Ванчо ја одбил понудата да формира независна Македонија само поради една незначителна бројка патизани и си ја здувнал? Или Ванчо се уплашил, или бројката и не била толку незначителна. А Црвената армија била далеку од Македонија, ниту еден советски војник не стапнал на македонска територија. Но, тоа и не е толку важно од денешен аспект. Важно е тоа што Ванчо и во 1970 година тврдел дека во Македонија, доколку ги исклучиме националностите, има само Бугари и ’србомани’.

И ете, тука лежи срцевината на спорот: Јас никому не му го оспорувам правото да се чувствува Бугарин и така да се изјаснува, а најмалку на Тодор или на Ванчо, но не можам да прифатам некој да ми го оспорува правото да се чувствувам Македонец и да го сведува на србоманство. Тоа е мојата визура, дополнета со антифашизмот, за кој се надевав дека во 21 век нема да морам да го нагласувам и застапувам, но се излажав. Мојата визура секако е левичарска, но антисталинистичка. Очекувам својата визура да ја појаснат и оние кои се вознемирија од мојата колумна За Ванчо, со негови зборови? Јас бев многу прецизен кога групата што ми ја испрати пораката да не сум се занимавал со историјата и да сум си ја гледал работата, ја опишав како тодоралександровци, а на крајот од тој пасус ја доопишав како новокомпонирани патриоти. За нив и денес мислам дека се под идеите на Тодор Александров.

Излезени се од под шинелот на Никола Груевски. Од под чиј шинел е излезен тој, сè уште не знам, но знам и имам многу аргументи да докажам дека не е од под моето палто (веројатно сум еден од Македонците кои беа и сè уште се мета на нападите не само од страна на неговите „курири“ и гаулајтери, туку и од страна на Груевски лично), како што ми подметнува најопширниот од оние кои се вознемирија од мојата колумна.

На прашањето од дописникот на Хрватска: „Бидејќи словенското население во Македонија било и сега е во мнозинството бугарско, како може да се објасни тоа што ВМРО и легалните организации во емиграција ја застапуваат идејата за независна Македонија?“, Ванчо во 1970 година одговара: „Оваа позиција е усвоена уште при создавањето на ВМРО во 1893 година. Основачите го имале на ум држењето на некои големи сили кои ги признавале бугарските етнографски граници, но не сакале да го поддржат создавањето поголема бугарска држава. Ја имале предвид и зависта на соседните балкански држави; а сакале да излезат со најприфатлива програма пред другите народности во Македонија (Грците, Власите, Албанците и, пред сè, Турците). (...) Ние и денес сметаме дека најдоброто решение е следното: независна Македонија, но без никакво негирање и газење на која и да е историска народност, локално признавана и од турскиот режим. Тоа е сосема во духот на македонскиот ослободителен идеал: независна Македонија како Швајцарија на Балканот.“ Но, во таа Швајцарија Ванчо не гледа Македонци, но тие од незначителна бројка, како што тврди тој, во меѓувреме нараснале до мнозинско население во Македонија. Ванчо тврди дека само народностите признавани и од турскиот режим имале право на постоење. Тој аргумент ме потсети на аргументот на белградскиот професор Војин Димитриевиќ, со кого полемизирав на една конференција организирана од Универзитетот во Кент на почетокот на 1990-тите години. Тој тврдеше дека правото за формирање независни држави завршило во 1918 година, па според тоа, Република Македонија не може да биде независна држава!
Дописникот на Хрватска го поставува и клучното прашање: „Доколку Југославија се распадне, во која насока ќе тргне онаа област која денес го носи името македонска народна република?“, и добива одговор од Ванчо: „Засега има барем два пата: или независност или обединување со Бугарија, евентуално и во форма на некаква автономија, со оглед на тоа дека, иако се малцинство – таму има и други народности. Дозволувам дека во оваа насока одат мислите и на некои бугарски комунисти, а можеби во помали размери и мислите на некои пропаднати ренегати.“ Дописникот не прашал, а Ванчо не објаснил за какви и кои ренегати (отпадници, м.з.) се работи, иако претходно во интервјуто со тој збор обележува Македонци, односно „србомани“.

На последните две страници од брошурата (отпечатена на бугарски јазик во септември 1993 година) во која е објавено интервјуто, поместено е обраќањето на Ванчо Михајлов, До сите браќа и сестри во Пиринска Македонија, во кое тој ги зацврстува ставовите изнесени пред 20 години во интервјуто за Хрватска:

„Она што во денешно време е особено важно и справедливо е следното: Бугарија да се прошири на јужните и западните македонски области, кои пред сто години биле исцртани како граници претежно на бугарското племе. Меѓу тоа време и денешното време би можел да се прифати следниот преоден компромис: Независна Македонија во сите нејзини географски граници, кои што ги посочува самото населението кое живее во нив. (...) Македонската нација и јазик не постојат. Тоа се измислици на фантазии како српската, за да се искористат како аргументи пред луѓето кои не го познаваат добро ни минатото ни сегашноста. ВМРО секогаш правилно гледала на етнографските и политичките стремежи на Белград. Денешната таканаречена Република Македонија содржи во себе низа неправди и фалсификати.“ Под ова, на левата страна: Италија, 11.03.1990 година, а на десната – Ваш: (факсимил) Иван Михајлов, Член на ЦК на ВМРО од 1924 година до ден денешен. По шест месеци, починал. По смртта на Тодор Александров, Ванчо го фатил патот кој го оддалечил од заложбите на Александров за автономија на Македонија надвор од границите на Бугарија и го одвел до барањето анексија на Македонија од страна на Бугарија, со автономија само како преоден компромис. Да поживеел уште само 12 месеци, Ванчо ќе ги видел резултатите од референдумот на кој мнозинството од населението се изјаснило за независна Република Македонија.
Десет години подоцна, издавачката куќа Менора, со финансиска подршка од Фондацијата отворено општество Македонија, ја објави на „непостоечкиот“ македонски јазик книгата По трнливиот пат на македонското ослободително дело од Иван Михајлов, објавена на бугарски во 1939 година под псевдонимот Брегалнички.  

PLUSINFO
(This post was last modified: 24-10-2016, 12:08 AM by ЈорданПетровски.)
24-10-2016, 12:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Виктор Канзуров  фб статус
23.10.2016



Quote:Било је то у некој земљи сељака,
али и радника, бирократа, техно-менаџера,
и полицијских сарадника ;) Icon_razz
на брдовитом Балкану,

У престионици егзотичне федерације, са конфедералним елементима,
скупило се друштванце са позоришним и иним еполетама,

Гостовало је Македонско народно позориште,
у Југословенском драмском, публици на поприште,
па се сви након претставе лепо окупише
и у београдском Дому Армије свратише

Нису биле јавке,
како каже прелепа прича Бориса Пиљњака,
него су биле чудне 80-те,
када је у ваздуху висила дилема свака

Настављамо на другом језику, на коме је написана колумна овде постирана, али биће речи управо о оцу аутора овога текста са поста, аутора текста-великог Македонца (посебно када се ради о дистинкцији са Бугарима), правог, часног и поштеног Југословена, борца против Ванча Михајлова и Тодора Александрова, Владета Милчина, који је не знам зашто, веома селективан или прави се блесав, па не спомиње у негативном контексту и Гоцета Делчева и Ђорчета Петрова рецимо, који су исто били издајници и бугараши, али које је Милчинова странка, кријући њихов прави идентитет, дајући им велики пијетет, уврстила у македонистички пантеон, као што је ДПМНЕ-Ваљево по испробаним југокомунистичким рецептом, то урадила са Александровим (не и са Михајловим, полако Милчине, ту те је мржња заслепела, па желиш да ујединиш оне које мрзиш!)... Icon_razz


На друштвото на актерите на МНТ, кои се гоштевале во белградскиот Дом на Армијата, по театарското гостување, му пристапил и еден човек од Македонија, кој веќе неколку години живеел и работел во Белград, ама пустиот бил со бугарски идентитет. Седнал некако до Милчина постариот, значи покрај Илија актерот со прилепски произход, па збор по збор, натурализираниот белграѓанец, малку на шега, а повеќе сериозно, секако и провокативно, споменал нешто за бугарштината прилепска, историска. Стариот Илија не се збунил, не случајно бил член на Бугарскиот централен акционен комитет во Прилеп, кој пролетта 1941 год. ги дочекал како ослободителни бугарските војски во тој град, па рекол: „До 1945 година, немаше човек во Прилеп, кој не беше Бугарин!“.
Продолжил во вечерта белградска, Илија да глаголи пред соговорникот, за терзијата-прилепчанец Марко Цепенков, за неговиот бугарски јазик, за „нашинците“ во цепенковиот „Силјан Штркот“ (кои во оригиналната книга - се „Бугари“), за караџицата, за неговиот колега-актер, таму присутен до нив на масата - Петре Прличко, дека бил србоман... и такви ни ти работи...
Завршила вечерта, останал споменот за Илија Милчин (со негови зборови ;) Icon_razz ), кој мене ми е раскажанан и сетики на него се присетував, додека ги читав идеолошко-догматските чкрабаници Милчинови јуниорски, за Тодора и Радкота. Како што ми се кажани думите белградски Милчинови сениорски, така ги пренесувам тука, а свидетелот на настанот, подготвен е со име и презиме, во есеј да ги публикува.
А вие, почитувани читатели, клајте им есап на писанијата Милчинови јуниорски, србокомунистички... Icon_razz )))
(This post was last modified: 24-10-2016, 10:24 AM by ЈорданПетровски.)
24-10-2016, 12:07 AM
Reply