Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Црните страници на УДБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Фељтон: Црните страници на УДБА – Елиминацијата на ВМРО по 1945 година (Том I)




МАКЕДОНИЈА 09.10.2016 18:27
„Црните страници на УДБА“ е сведоштво за едно време, бурно време. Период во кој била супресирана каква било мисла што излегувала надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на власт. Дали се работело за политичко несогласување на лево, или за тоа како се практикувала тогашната идеологија на КПЈ или, многу почесто за чиста македонска промисла, сеедно, сите биле цел. И најголем дел од нив имале формирани досиеја од тајната југословенска/македонска полиција. Од тие досиеја подоцна се ваделе материјали за прогон, кој завршувал со политичка, а често и со физичка ликвидација. Воопшто не било благопријатно да се биде неистомисленик

[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-1.jpg]

Оваа табу-тема се отвори по демократизацијата на Македонија, односно по напуштањето на Југославија. Во деведесеттите години на минатиот век сè погласно се говореше за злосторствата на УДБА кон македонската промисла. Но, немаше поконкретна акција. Сè уште беа силни институционалните вклештувања насекаде, кои ги беше развил апаратусот во период подолг од четири децении.

[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-3.jpg]

Доволно е да се погледне Извештајот на комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1966 година (објавен во Том I – Елиминацијата на ВМРО по 1945 година) за испитување на состојбата во органите на државната безбедност во републиката за да се сфати големината на проблемот. Имено, во тоа време, самата власт утврдила потреба да ја контролира работата на државната безбедност. Како што самите навеле во овој круцијален документ, кој е сведоштво за големината на злосторството кон сопствената нација, било потребно да се испита состојбата во организацијата (се мисли на денешно МВР), содржината и методите на дејствувањето на органите на Секретаријатот на МВР, посебно државната безбедност, во однос на задачите и на целите на политиката… и да се утврди дали во дејствувањето на овие органи на републичката управа имало појава на политички и на други злоупотреби и деформации.

[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-2.jpg]

Во оваа комисија ќе учествуваат претставници од повеќе разни институции и нејзините заклучоци се повеќе од индикативни, како и прецизна слика за тогашното општество. Тоа што е значајно е да се нагласи дека ова се документи што досега ја немаат здогледано светлината на денот и, на некој начин, дискретно беа препуштени на заборав. А од самиот состав на комисијата може да се заклучи дека доаѓаат од највисоко државно ниво, што за случајот имплицира дека бил од голема важност. Комисијата во својот извештај навела дека се задржале само на последните четири-пет години, односно на декадата од шеесеттите. Врз основа на својата истрага комисијата ќе поднесе извештај до Извршниот совет (владата) на СРМ.


Quote:202 досиеја на 13.450 страници Едицијата
„Црните страници на УДБА“, подготвена од Државниот архив на Република Македонија, која беше промовирана неделава, е составена од девет тома, поделена во 16 книги. Во нив се објавени 202 досиеја на 13.450 страници. Оваа недела ви го претставуваме првиот том од едицијата, насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, кој содржи вкупно 1.263 страници, поделени во два дела. Во првиот том се објавени 34 досиеја и еден Извештај на комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ, за испитување на состојбата во органите на државната безбедност во Републиката. Првиот том јасно го покажува континуитетот на ВМРО, кој е задржан и по 1945 година. Сите 34 лица, чиишто досиеја се објавени во овој том, се осудени поради тоа што биле дел од организацијата. Од друга страна, сето ова јасно говори за идеите и за концептот на Македонците за време и по Втората светска војна. Едицијата во целост го покажува тој концепт и обидите да се уништат македонскиот народ, мисла, држава, историја. Во следните девет недели неделникот „Република“, во соработка со Државниот архив, ќе ви ги претстави и другите делови од едицијата, која, несомнено, ќе предизвика голем интерес во македонската јавност.
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-11.jpg]
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-9.jpg]
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-10.jpg]
За нас е особено значајна констатацијата дека државната безбедност е прикажана како орган што работел како држава во држава. Комисијата оваа служба сликовито ја опишала како централизирана структура, која се изолирала сама себе и стоела наспроти заедницата и општеството. За потоа да искористи уште посилни термини, како на пример дека службата низ годините се мистификувала и си презела единствена улога да го штити системот, како и дека потоа самата почнала да дејствува надвор од определените надлежности и се служела со методи што не биле дозволени ниту тогаш, за пресметка со неистомислениците. Се разбира, тоа за тогашната комисија било „бирократска“ тенденција. Но, деталното анализирање на овој извештај ни дава увид за тоа колкав проблем за целото општество бил овој апарат, дури и за семоќниот ЦК на СКМ.
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-6.jpg]
Комисијата ќе констатира дека државната безбедност се претворила во механизам за политичка и за идејна контрола над општеството и дека постепено го проширувала доменот на својот увид и евиденција во поголемиот дел од општествениот живот до сферата на движењата во уметноста и во науката.
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-5.jpg]
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-12.jpg]
Ова е, практично, потврда дека целото општество било подложено на контрола на тајната полиција. Си зеле за право да се мешаат и да имаат увид во сите пори на општеството, не била поштедена ниту уметноста или науката. Но тоа не е сè. Натамошното читање на овој извештај покажува дека истражната комисија утврдила дека некои активности на оваа служба не биле нормирани со ниту еден акт или правилник, што ќе рече тие работеле како што сакаат, без никаква сопирачка. Отсуството на регулација дало можност на поединци, под изговор дека работат на доверлива акција, всушност, да работат и на лични агенди или нерегуларни цели. Со други зборови, се потврдува уште еднаш дека не постои никаква контрола на акциите што се преземани од страна на тајната полиција. И истите, констатира комисијата, се во спротивност со Уставот. За да продолжи уште подиректно, констатирајќи дека „системот и методот на работата на Службата за државна безбедност претставувале најфлагрантни повреди на уставноста и на законитоста, целосна контрола над општеството, узурпирање на уставните и на законските права на граѓаните, на работните организации и на органите на самоуправувањето“.
[Image: arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-4.jpg]
[img=740x0]http://republika.mk/wp-content/uploads/2016/10/arhiv214-ElimacijaNaVmroPo1945-tom1-1.jpg[/img]
(This post was last modified: 11-10-2016, 05:37 AM by ЈорданПетровски.)
11-10-2016, 05:34 AM
Reply