Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Хаг ја одби жалбата на Тарчуловски
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Quote:Хаг ја одби жалбата на Тарчуловски

Уште седум години Јохан Тарчуловски ќе треба да ја издржува затворската казна за случајот „Љуботен“. Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ја одби жалбата на Тарчуловски. Со тоа случајот „Љуботен“ дефинитивно е завршен.

За разлика од него Љубе Бошкоски кој денеска се појави пред трибуналот и на кого му беше потврдена ослободителната пресуда беше испратен со зборовите, шпиун, предавнику.

А1

Очекував ако не го ослободат барем да му ја намалат казната.

И мислам дека не требале вербално да го нападнат Бошковски... А, можеби требало да викнат и по адвокатите, земаа големи пари, а ништо не направија...

19-05-2010, 11:54 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

Ovaa e stram pred se za Makedonija,zatoa sto ispadna deka za nastanite od 2001 godina edinstven vinovnik e Tarculovski.A sto se odnesuva do ovaa nova hajka po lube e smesno.Namesto da se zaprasaat koj go isprati jovan vo hag tie krivec go naogaat lube.Tipicna makedonska rabota.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
19-05-2010, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Најчевска вели:


Quote:ЗОСТО СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИЗЈАВАТА НА АДВОКАТОТ НА ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ДЕКА ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ Е С(Т)РАМ ЗА СУДСТВОТО?

Прво, Јохан Тарчуловски не беше екстрадиран од Република Македонија туку беше киднапиран (за што Хелсиншкиот комитет објави посебно соопштение во дневните весници).

Второ, На Јохан Тарчуловски никако не може да му се припише командна одговорност затоа што тој со никого не командувал.

Трето, не може Љубе Бошковски да биде ослободен од одговорност како министер за внатрешни работи кој бил директно одговорен за случувањата на терен, а да се осуди Јохан Тарчуловски кој бил само курир (пренесувач на наредбите на претседателот Трајковски, независно од тоа дали точно или неточно ги пренесувал овие наредби).

Четврто, не може Јохан Тарчуловски да се осуди, а во исто време неговиот давател на наредби, претседателот Трајковски, да се велича како миротворец.


Најстрашно од се е пораката која што Хашкиот трибунал со своето постапување во врска со Република Македонија ја испрати до јавноста. Хашкиот трибунал испрати порака дека насилството се исплати и дека насилството е легитимна алатка во политичките процеси доколку си Албанец. Имено, во врска со конфликтот од 2001 во кој претставници на албанската зедница употребија насилство во функција на постигнување политички цели, Хашкиот трибунал не се реши да осуди ниту еден претставник на вооружените луѓе од албанската заедница кои предизвикаа смрт на повеќе Македонци (припадници на македонската, албанската и другите етнички заедници во Република Македонија), разрушувања, присилно раселување на населението и страдања од голем и размери. Од друга страна, единствените судени се Македонци и единствениот осуден од овој конфликт е Македонец.

Тоа значи дека, може да се помине неказнето за употреба на насилство и оружје спротивно на Уставот и законите кога тоа го прават претставници на албанската заедница, а ќе се биде казнет доколку (се смета дека) има прекршување на законот од страна на претставник на македонската заедница.

Ова во никој случај не може да биде порака која е во функција на превенција на идни конфликти.
20-05-2010, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Здружението Обединети за Јохан Мелбурн


Quote:Хашкиот трибунал ги осудува праведните

Уште еднаш сме сведоци на изречена голема неправда од страна на Хашкиот трибунал над еден невин живот. Веста за изречената пресуда на 12 години затвор за Јохан Тарчуловски,македонското иселеништво во Австралија ја остави Македонската заедница во шок и неверување. Тешко е да се поверува дека и до ден денес, големата Европа не гледа под лупа и казнува и кога сме во право. Повеќе од јасно е дека на Европа, се уште и е тешко да го прифати огромниот придонес на Македонија во светот, да признае дека постојат луѓе како Јохан кои безусловно застанаа во одбрана на својата земја и својот народ. Здружението Обединети за Јохан, од Мелбурн остро ја осудува оваа одлука на Хашкиот трибунал и смета дека ова е само уште една потврда за непочитување на правните норми и донесување на пресуди врз база на свои впечатоци за лицето кое е обвинето. Здружението смета дека Обединетите Нации преку хашкиот трибунал како нивна административна единица уште еднаш ги прекршија сите правни процесни и материјални норми и прописи за кои наводно се залагаат. И покрај безрезервната поддршка за Јохан од Македонците од целиот свет, најдобрите адвокати да го застапуваат, не се успеа да дојде до очекуваното ослободување од затворската казна. Со ова се повредува правниот систем на Македонија, се згазува на човечката етика и се нанесува голема неправда не само врз едно лице туку и на цела нација. Здружението , Обединети за Јохан ќе продолжи и понатаму со преземање активности кои би допринеле во огласувањето на македонскиот народ против неправедната одлука со која е понижена Македонија и цела Македонска дијаспора. Македонскиот народ и понатаму треба да се бори за исправување на ваквите неправедни одлуки и за заземање на статус на почитувана земја во Европа и светот. Слобода за Јохан!
21-05-2010, 01:49 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#5

Јохан и судбина број 46664

Сакам да правам добрини. Не правам.
Не сакам да правам лошотилаци. Правам.
(Апостол Павле)

Оваа мисла на апостол Павле ја посветувам на многумина македонски журналисти, вклучително и на некои од редакцијата на „Дневник“, кои не внесоа никаква анализа, сеопфатност, пресек, ниту коментар за грозоморното, шестгодишно „правно“ нехумано малтретирање на Јохан Тарчуловски и театралната одлука на судијата, потчинет на веќе донесена одлука од друг. Медиумите известија, сувопарно, статистички, како за поплава или некоја непогода. А потоа не видов коментар, мисла, емоција, процена и суд за судот. Може ли да ми направите пресметка, ако јас го откупев тој простор на двете ударни страници, колку тоа ќе чинеше и дали воопшто ќе ми го отстапевте дури и за пари. Пишаа многу, а всушност - ништо. Како редовен читател на „Дневник“ имам право, за моите пари, да ве проценувам и оценувам. За ова, новинарите не мораа да одат во Хаг.

Инаку, очекував од судот, ако не добрина, барем правдина во Хаг. Но, ако човештвото било гладно за правда, досега ќе се наситеше. Толку војни, револуции, кралеви и цареви, режими и демократии и пак сме на почетокот. Едните (силните) делат „правда“. Другите, слабите, сакале - не сакале, „уживаат“ во неа. Па, зарем не разбравте дека „прекрасното“ сценарио на „праведливите“: за промена на границите, што ги постави крвавата чизма на Сталин (Медлин Олбрајт) беа растурени уште покрваво од Сталин, но никој не ги споменува ниту осуди „добротворите“ што со „умни“ оружја и стратегии растурија држави, територии, семејства и животи. Напротив, зедоа и страна и учество во промените. Секој од навлечените страни имаше своја стратегија, за напад или одбрана, во крвавото распаѓање.

Нема да го заборавам коментарот јавно кажан на генералот Гзим (Радост) Острени за Карпалак, каде што беа масакрирани Македонци: „Тоа беше вообичаена воена стратегија, едните успешно ги нападнаа другите и не гледам ништо погрешно во тоа“. Во Хаг излезе дека биле нарушени „добрите правила на војување“. И Карпалак и Бриони и Вејце и Лешок и Матејче и Липково и Сопот и бездомните бегалци од сопствена територија, во сопствени бегалски центри, се' е според добрите правила и бонтонот на војување.

Зарем не е за суд, дека еден ден направија двајца: брат Љубе и брат Јохан. Ако Каин го уби Авел, зошто Љубе да го брани Јохан? Штетата е двојна, тројна: од браќа направија крвави непријатели. Пак нема да се знае кој е јунак, кој предавник во Македонија. Стандардно перпетуум-мобиле и папазјанија на македонскиот карактер, историја и уште полошо - иднина. За едниот морков, за другиот стап. Нема потреба од надворешен непријател. На Македонија, доволни и' се Македонците.

Ќе заборавев: заглавието со затворскиот број 46664 му припаѓа на Нелсон Мандела. Истиот јунак јадеше и стап и морков од истите, робовладетели и демократи, кои го менуваат ликот како ден и ноќ. Историјата ја прават и розова и крвава. Во зависност од нивниот крвав и алчен интерес, си играат со судбината на слабите. Тие решаваат кој е во право, кој е за бесилка (Садам Хусеин). Плукам и се гадам од таква Европа, на која и' се додворуваат, потпикнуваат, слугуваат, војуваат многумина одовде.

Тие ќе решат кога ќе живеете и за кого ќе умрете. Следното домино на распаѓањето на Југославија е Македонија. Таа секогаш служела за „десерт“ на европската трпеза. Допрва доаѓа интересното, а ние докажавме дека сме извонреден материјал за распаѓање. Се сомневам дека Јохан ќе се врати во Македонија. Не знам која, ама Македонија нема да е, сигурно.

Ангел Иванов, Скопје
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
25-05-2010, 02:01 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Интервју

Адвокатите го упропастија Тарчуловски

Љубе Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија

Од првиот ден го убедував Јохан дека не може да ја добие судската битка во Трибуналот со македонски адвокати


Гордана Дувњак



Успеавте ли да ги средите впечатоците по враќањето од Трибуналот и конечната пресуда за вас?

Задоволен сум што го докажав она што цело време го тврдев, а тоа е дека сум невин. Уште со мојата прва изјава во Хаг реков дека залудно се трошат време и пари, бидејќи ништо не сум сторил и оти прашање на ден е кога ќе се констатира дека нема случај.



Очекувавте ли дека ќе се потврди ослободителната пресуда во жалбена постапка?

Откако влегов во политиката и станав латентна опасност за власта, постојано сум изложен на негативна кампања водена од медиумите под контрола на владејачката партија. Но, верував во себе, во способноста на моите адвокати и во непристрасноста на Хашкиот трибунал. И наместо Македонија да го прослави моето ослободување од вина, бидејќи таму не бев однесен како обичен војник кој на своја рака се вклучил во одбрана на суверенитетот и интегритетот на државата, туку како поранешен министер за внатрешни работи, хајката против мене продолжува.



Во Хаг заминавте речиси сам, наспроти 130 луѓе кои отидоа на соопштувањето на пресудата за да му дадат поддршка на Тарчуловски. Зошто?

Во Хаг отидов со автомобил, само со сопругата и ќерката, на мој сопствен трошок и следен од силна медиумска антикампања. Но, зад мене стои моќна политичка сила од 52.000 члена на Обединети за Македонија. Ги замолив моите приврзаници да не правиме спектакли, ниту во Хаг ниту по моето враќање дома. Побарав да нема собирање пред партискиот штаб, да нема славење, бидејќи како човек ми е жал за она што Груевски и неговата дружина му го прават на Тарчуловски. Не сакав дополнително да налевам масло на огнот.

Не е сеедно да бидете оставен на цедило од државата на којашто многу сте и' дале, а таа да се однесува кон некого како мајка, а кон вас како маќеа. Но,очигледно на власта најмалку и' е важна Македонија, а уште помалку еден Тарчуловски. Мојот однос кон него е поинаков, затоа што со Јохан делевме заедно и добро и зло во Шевенинген. Моите чувства кон Јохан се десет пати поискрени и почовечни од оние кои навидум се загрижени за неговата судбина. А,тоа што тој го смени односот спрема мене знам дека е по „служена должност“, бидејќи тој и неговото семејство зависат од власта.



Како реагиравте на повиците на приврзаниците на Јохан, кои на излегување Ви довикуваа „бегај, предавнику!“

Не ги слушнав. Јас и порано и сега бев во друштво со мојот адвокат. Но, што можам да очекувам од една кутра група скопски платени уличари. Не е проблем да се најдат десетина души викачи, но страшно е што таму имаше министри, пратеници, кои кога ќе ја изгубат годинава власта ќе мора да одговараат зошто ја доведоа Македонија до ова дереџе.



Колку го знаевте претходно Јохан Тарчуловски?

Господинот Тарчуловски го запознав во Хаг. Знаев само дека е обезбедување на сопругата на претседателот на државата Борис Трајковски. Од првиот ден го убедував дека не може да ја добие судската битка во Трибуналот со македонски адвокати. Со сиот респект спрема неколкумина од нив, но мора да се признае дека не го познаваат англосаксонското право, не поминале низ тамошните судски лавиринти. Не случајно јас му се заблагодарив на мојот адвокат Драган Гоџо. Станав навреме свесен дека со сето негово домашно искуство не може да ме застапува во Хаг. Таков совет добив и од останатите притвореници, а во прв ред од босанскиот генерал Хаџихасановиќ, кој ми рече дека само адвокат кој има искуство со Трибуналот може навистина да помогне. Мојата адвокатка Едина Рашидовиќ веќе имаше тројца клиенти пред мене, од кои двајца завршија со ослободителна пресуда, а еден со тригодишна казна.



Како го објаснувате тоа што сите седум жалби на Тарчуловски беа обиени како неосновани. Неговиот адвокат Апостолски рече дека не сте сакале да се сретнете со американскиот адвокат Дершовиц и да дадете изјава?

Тоа се изјави на платеници кои мора да го кажат тоа за да ги оправдаат своите високи хонорари, за кои ништо не сторија. Најголема невистина и манипулација е тврдењето дека не сум сакал да сведочам во корист на Јохан. Со ниту една изјава не сум му наштетил за да остане во затвор. Искрено жалам што тој не е на слобода. Но, доколку некој ми покаже каков било документ или со збор со кој сум придонел да се влоши позицијата на Јохан, под целосна морална и политичка одговорност се колнам дека никогаш повеќе нема да не се занимавам во животот со политика. Ова е дел од продолжената кампања на губитниците, кои зедоа 1,5 милион евра од македонската држава за наводно ослободување на Тарчуловски. Но,она што е клучен момент во целиот овој процес е неубеденоста на неговите адвокати во неговата невиност, па затоа бараа да му се намали казната на пет години. Дури и кога им се суди на монструми, нивните бранители тврдат дека клиентите им се невини и бараат ослободителна пресуда.



Но, американскиот адвокат беше најавен како врвен експерт од оваа област?

За мене е запрепастувачки како лесно неговите адвокати се откажаа од Јохан. „Талентот“ од Америка излезе со изјави дека Трибуналот бил суд на неправда, дека не треба да постои. Се поставува логично прашање, зошто тој застапува пред таков суд и како тој ќе му помогне на Јохан да му се намали казната на две третини кога го навредува Судот.

Преку моите адвокати побаравме да ни кажат на која околност треба јас да сведочам и на кои прашања да им одговорам. Свесни беа дека не можам да му помогнам, но за да направат фама пред моите симпатизери и пред оние кои силно веруваа во мене, ја лансираа тезата дека не сум сакал да сведочам. Јас бев три години во Хаг. Единствен пример некој да сведочи во второстепена постапка е Караџиќ во „случајот Краишник“ и тоа само затоа што босанскиот лидер во тоа време не им беше достапен на органите на правдата.



Дали проблемот на Јохан е во неумешноста на неговите адвокати да докажат дека тој е невин?

Апсолутно. Наместо да докажат дека тие на коишто пукале во селото се вооружени лици на кои им возвраќале, тие целата енергија ја трошеа да докажат дека Судот нема надлежност за предметот. Со своето однесување само му ја загрозија и онака лошата позиција.



Дали во оваа фаза може што било да се направи за да му се помогне на Тарчуловски?

Не сакам да создавам нови тензии, но еве ексклузивно за вашиот весник ќе кажам дека ги замолив моите адвокати да направат последен напор и да му помогнат на Тарчуловски. Мојот кабинет вчера (вторник н.з.) го контактираше кабинетот на Никола Груевски и му понуди на премиерот мојата адвокатка да разговара со него и да им даде правен совет. Верувам дека има уште шанси да се помогне. Бидејќи неговиот адвокатски тим е комплетно неспособен. Убеден сум дека доколку имаше крај себе адвокат како мојата бранителка Рашидовиќ, тој ако не беше целосно ослободен од вина, тогаш сега по изминативе години во притвор, веќе ќе беше на слобода.



Како за нецели три месеци од враќањето во Хаг од херој станавте предавник?

За да ме дискредитираат мене како личност, го изедначуваат војникот со министерот. Државната машинерија е ставена во погон не за да се прикаже Јохан како херој, туку јас како предавник. Тој е колатерална штета на оваа власт, која го злоупотребува во партиски и политички цели.



Планирате ли да се сретнете со семејството на Тарчуловски?

Мислам дека семејството на Јохан разбра дека тој е дел од една поголема игра и оти е злоупотребен. Прашање на ден е кога тие тоа ќе го признаат и ќе ја кажат вистината. Но, се' уште се зависници од режимот на Груевски и мора да молчат. Но, молкот не може да биде вечен и вистината мора еден ден да излезе на виделина. Некој ќе мора да одговора за државните пари што се фрлени во ветар, свесни дека нема ништо да се постигне.



Со исходот од Хаг и одолжувањето на процесуирање на хашките случаи, кај дел од јавноста преовладува впечатокот дека македонската страна во конфликтот е поразена. Го делите ли Вие тоа мислење?

Тоа не е точно. Македонија триумфираше на сите точки на македонското боиште. Доколу беа повлечени единиците од Тетовскиот и Липковскиот регион, јас ви тврдам дека битката ќе беше изгубена. Ние не сме поразени ни правно ни војнички.



Дали мислите дека последниве настани можат да влијаат на меѓуетничките односи?

Мојата ослободителна пресуда од Хаг во голема мера придонесе да се расчисти една вистина поврзана со воениот конфликт во 2001 година. Тоа не може да има никакво влијание на влошувањето на меѓуетничките односи. Најголема опасност за земјата е тоа што има 35 отсто невработеност, над 40 отсто сиромаштија, бидејќи тоа значи дека државата е во социјална војна. Тоа е она што треба да го загрижи македонскиот политички врв, бидејќи тие освен популизам, ништо друго не работат. Она што сега го прави Никола Груевски во однос на Али Ахмети не е ништо друго освен присилување на ДУИ да ја напушти Владата.

Картата на којашто игра Груевски е многу опасна, но тој нема друг излез, бидејќи сите други шанси ги изгуби. Крахираше на планот на економијата, нема политички дијалог, нема значајни реформи во сите области. И уште сега можам со голема точност да предвидам како ќе изгледа неговиот говор на денот на прославата на ВМРО-ДПМНЕ закажана на 17 јуни. Во негов популистички стил ќе каже дека македонските граѓани сакаат да се прекинат преговорите со Грција, дека не го даваме името. Истиот тој што се пазареше за името и прифати да се нарекуваме Република Македонија (Скопје). Еве, и јас не го давам името и сум подготвен да јадам корени ако треба.

Верувате ли дека ќе има избори?

Убеден сум повеќе од кога било. Груевски ќе направи се' за да го избрка Али Ахмети од власта и да покаже дека само поради тоа мора да оди на избори. Рејтингот на Груевски паѓа и до крајот на годинава тој ќе мора да замине од политичката сцена како поразен. Тоа мора да се случи, затоа што го гледам расположението на теренот, она што го чувствува моето членство, кое е членство и на ВМРО-ДПМНЕ. Насекаде постои разочарување од политиката на Груевски. Тие ќе ја изгубат оваа битка, бидејќи тоа е неминовно. Процесот на освестување во Македонија, колку и да е тежок, е почнат. Мора да се свртиме кон проблемите на државата и кон денешницата, а не кон антикат
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-05-2010, 08:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Хашкиот трибунал ги осудува праведните

Напишано од Radio Ilinden
Четврток, 20 Мај 2010 10:32

Уште еднаш сме сведоци на изречена голема неправда од страна на Хашкиот трибунал над еден невин живот. Веста за изречената пресуда на 12 години затвор за Јохан Тарчуловски,македонското иселеништво во Австралија ја остави Македонската заедница во шок и неверување. Тешко е да се поверува дека и до ден денес, големата Европа не гледа под лупа и казнува и кога сме во право. Повеќе од јасно е дека на Европа, се уште и е тешко да го прифати огромниот придонес на Македонија во светот, да признае дека постојат луѓе како Јохан кои безусловно застанаа во одбрана на својата земја и својот народ.

Здружението Обединети за Јохан, од Мелбурн остро ја осудува оваа одлука на Хашкиот трибунал и смета дека ова е само уште една потврда за непочитување на правните норми и донесување на пресуди врз база на свои впечатоци за лицето кое е обвинето. Здружението смета дека Обединетите Нации преку хашкиот трибунал како нивна административна единица уште еднаш ги прекршија сите правни процесни и материјални норми и прописи за кои наводно се залагаат. И покрај безрезервната поддршка за Јохан од Македонците од целиот свет, најдобрите адвокати да го застапуваат, не се успеа да дојде до очекуваното ослободување од затворската казна. Со ова се повредува правниот систем на Македонија, се згазува на човечката етика и се нанесува голема неправда не само врз едно лице туку и на цела нација.

Здружението , Обединети за Јохан ќе продолжи и понатаму со преземање активности кои би допринеле во огласувањето на македонскиот народ против неправедната одлука со која е понижена Македонија и цела Македонска дијаспора. Македонскиот народ и понатаму треба да се бори за исправување на ваквите неправедни одлуки и за заземање на статус на почитувана земја во Европа и светот. Слобода за Јохан!

Со почит

Здружение Обединети за Јохан

Мелбурн

Австралија

Objavete vase mislenje I komentar ke bide objaveno na nasava web stranica
28-05-2010, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Реакција на Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски ‘Обединети за Јохан ‘,од Мелбурн, и Радио Илинден ,Мелбурн, Австралија



До сите македонски медиуми

Почитувани ,

Со ова писмо имаме за цел да ги демантираме неточните информациите објавени во македонските медиуми дека Владата на Република Македонија ги сноси финансиските трошоци за чартер-летот до Хаг. Истовремено ја демантираме изјавата на претседателот на ‘Достоинство‘, Стојанче Ангелов, дадена за тв Сител каде што со ‘сигурност‘ тврди дека Владата на Македонија го има платено авионот за патување во Хаг и дека не верува оти едно Здружение може да си го дозволи тоа. Кога е патриотизмот во прашање и чувството да се помогне во тешки моменти, ваква акција е најмалку што може да се стори за нашиот бранител Јохан Тарчуловски.

Како што е познато на 19.05.2010 година, 130 луѓе од Македонија заминаа во Хаг во знак на поддршка и директно да присуствуваат во изрекувањето на новата пресуда во врска со случајот на Јохан Тарчуловски.

Поради тоа, наша должност е уште еднаш да ги известиме сите медиуми во Македонија и Австралија дека во оваа акција за чартер летот до Хаг голем удел имаше и акцијата на Здружението Обединети за Јохан од Мелбурн, кои уште пред да започне радио тонот на Радио Илинден, се собраа $6500, повеќе од доволно за потребната сума (4.650 евра). Целосната сума е испратена директно до Здружението на граѓани за поддршка на Јохан во Македонија. Детали за самата акција можете да прочитате и на веб страницата на http://www.radioilinden.com.au под наслов Македонците во Австралија повторно за Јохан објавена на 12 . 05.2010 год.

Уверени сме дека оваа акција беше далеку од потребна за да се искаже пред се хуман гест но и безрезервна поддршка за нашиот бранител Јохан Тарчуловски и од Македонците во Австралија. За понатамошно градење на цврсти меѓусебни односи , натамошна континуирана соработка и доверба , сметаме дека е од голема важност да се обрне внимание кон објавување на проверени и веродостојни информации во медиумите. Само на тој начин ќе се оправда новинарската етика но истовремено , одбрани и достоинството и чесните хумани акции на донаторите во вакви акции. Потребно е да се внимава со давање на волонтерски изјави во јавноста посебно кога се работи за случај каде се инволвирани и засегнати голем број на поддржувачи.

Со почит

Здружение Обединети за Јохан, Мелбурн

Радио Илинден, Мелбурн
(This post was last modified: 29-05-2010, 09:23 PM by ЈорданПетровски.)
29-05-2010, 09:22 PM
Reply