Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОРИС ТРАЈКОВ,ЈАНКА ПУСТА,БИТКИТЕ ПРОТИВ ФРАНКО,ПОГИБИЈАТА ОД КОМУЊАРСКА РАКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Jugoslav Petrovski
25 August at 02:52 · Skopje, Republic of Macedonia ·

Знаете ли дека македонците, конкретно организацијата по име ВМРО. во првата половина на 20 век била нај позната во Европа, како најуспешна и најефикасна терористичко - атентаторска организација... ( Како што е денес ИСИС или Ал Каеда и сл. ).
Првото киднапирање во Европа го извршиле тие - ВМРО ( Мис Стон ).
Првите масовна терористичка ( динамитни ) акцији ( каде учесниците се заветувале дека ке убијат колку што можат повече, а кога ке им снема муниција ке се убијат себе, ) - Солунски атентатори.
Неброен број на братоубиствени атентати, на македонец со македонец - пред се по наредба на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
( Поради оваа надалеку прочуеност и “слава“ на ВМРО, дури и Анте Павелиќ го ангажира Чрноземски да ги обучува и да ги раководи неговите атентатори, при атентатот на Крал Петар во Марсеј. )
Потоа.... а, да... веројатно меѓу првите жени атентатори - Мара Бунева.
И ШУ ПРАВИМЕ СЕГА.... Ве обзема чуство на гордост, ви доаѓа да ја запеете песната за “Бабата која го кодоши Т. Александров“!??? А!?

52 Srboljub Tatarcev, Katerina Velkovska and 50 others


Quote:Srboljub Tatarcev

[Image: 14102564_349314742066927_638040457166947...e=587FAE68]

Like · Reply · 25 August at 08:55



Quote:Jordan Petrovski

Југослав дали си слушнал за Борис Трајков, бил учесник во Шпанската граѓанска војна, се борел против режимот на Франко.
Борис е син на ВМРО скиот ВОЈВОДА Крсто Трајков.
Остатокот за Борис Трајков после твојот одговор!!

пс. оваа има многу врска со твоите писанија погоре.
Like · Reply · 25 August at 09:25


Quote:Zdravko Saveski

Јас би сакал да слушнам какви информации имаш за Борис Трајков. Доста чудна личност. Учествувал во Интернационалните бригади во Шпанија, а неколку години подоцна, за време на бугарската окупација, татко му, илинденски војвода, е градоначалник на Ресен, а тој исто така соработува со фашистите. Го убија комунистите 1944 година по ослободувањето.

Like · Reply · 1 · 25 August at 15:28


Quote:Jordan Petrovski

Моите информации се со 100% веродостојност. Биографијата на Крсто таткото на Бориса и биографијата на Бориса ја разголуваат целата лага испишана како Македонска историја.
Традицијата на војводата Крсто ја продолжила неговата внука Стефанка и нејзиниот сопруг Дане.

-"Кај село Крушје има споменик на Преспанската чета, на споменикот се испишани имињата на комитите ама го нема името на ВОЈВОДАТА. Дали е можно четата да била без војвода, јас би рекол дека не е возможно. На некого му пречело името на војводата. Од писмово се гледа зошто пречело името на војводата Крсто Трајков. Пречел јасниот и цврст МАКЕДОНИЗАМ на Крсто!!"

Борис Трајков е во најтесниот избор за извршитењл на атентатот на кралот Александар, тој заедно со Владо Черноземски оди во Јанка Пуста на подготовки за извршување на атентатот. Борисовото учество во подготовките на атентатот ги отфрлат сите шпекулации дека атентатот на кралот александар е нарачка на Мусолини, Хитлер, Павелиќ ...
Учеството на Бориса во граѓнската војна во Шпанија на страна на силите кои се бореле против Франко се доказ дека ВМРО било АНТИФАШИСТИЧКО ..

Велиш Борис заради соработка софашистите бил убиен!! Бил убиен бидејки Цветко Узунов Абаз, со кого Борис е заедно во Шпанија го поткажал на ПАРТИЗАНИТЕ дека тој бил еден од оние кои требело да го убијат СРПСКИОТ Крал Александар.

Ако Борист бил фашист зар ке се борел против Франко?? Во граѓанската војна во Шпанија е заробен од Франковистите и е пратен во логор во Германија. Пратен кај "своите" а тие не го ослободиле туку некаде 1944 година кога бил распореден во некое фармерско германско семејство после неколку месеци проведени таму се одлучува на бекство и трга пеш за Македонија. Не е место да го објаснувам патешествието.

Абаз го елиминира Бориса, бидејки Борис уживал голема доверба и кај самиот Тито. Се надевам дека набргу ке ги добијам и трите писма кои Тито му ги пишувал на Бориса.

Tука можете да го видите писмото на Крсто Трајков: ВОЈВОДАТА КРСТО ТРАЈКОВ

Like · Reply · Remove Preview · 1 · 25 August at 16:05
(This post was last modified: 14-09-2016, 06:33 PM by ЈорданПетровски.)
14-09-2016, 06:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Zdravko Saveski

Хм. Недоволно уверливо. Прво, дали Крсто Трајков бил градоначалник на Ресен за време на бугарската окупација? Да или не? Второ, Борис дури во 1944 година бега од Германија? А татко му е соработник со сојузникот на Хитлер? Не знаел татко му да прати абер до Германија порано? Трето, Борис прво бил во игра за убиство на кралот Александар, а потоа отишол да се бори во Шпанија на страната на анти-франкистичките сили? Јас ја држам отворена можноста Борис во Шпанија да се борел на страната на Франко. Во секој случај, ако е невино убиен од страна на комунистите, треба да се обезбедат докази за тоа. Без тоа, останува заклучокот дека Борис Трајчев е убиен како соработник со окупаторот, исто како и татко му, „славниот“ Крсто Ресенски.

Like · Reply · 1 · 25 August at 16:19


Quote:Jordan Petrovski

Да Крсто бил градоначалник на Ресен во време на Германско/Бугарската окупација.
Дали го прочита писмото кое го има на линкот. Човек кој пишува за МАКЕДОНСКА нација, човек кој прави јасна двојба помеѓу Македонци и Бугари во време кога малкумина го правеле тоа скгурно имал сериозна причина за прифаќање на местото градоначалник на Ресен за време на окупацијата.
Дали Крсто Трајков како градоначалник е виновен за некој злостор врз цивили во Ресен од стана на окупаторот? Тоа е битното прашање.

Ако се борел Борис на стрната на Франко тогаш и Абаз бил на станата на Франко, тогаш и Тито бил на страната на Франко. Напишав погоре очекувам наскоро да ги добијам писмата кои ги упатил Тито на Бориса , писма во кои јасно се пишува за улогата на Бориса и за плановите на Тито врзана за улогата на Бориса во власта по ослободувањето.
Здравко ако си од тој крај распрашајсе каков бил пречекот на МАЧОРОКОТ прекар на Бориса кога дошол од заробеништво!!
Like · Reply · 25 August at 16:36


Quote:Zdravko Saveski

Чудни бе овие бугарските окупатори! Поставиле за кмет човек со македонско етничко чувство! Или тие биле глупави како ќускии, или фактички (наспроти сите факти) биле благонаклонети кон македонското национално сознание или... нешто не ќе да е во ред со приказната со Крсте Трајков. Писмото е од 1930. Такви фаци како него знаеле многу лесно да менуваат ставови од етничка природа. Што да ти кажам, изгубени биле со еден збор. Ако Крсто Трајков вака сметал во 1930, ништо не кажува дека така сметал и во 1941. А 1941 е важното! Дотолку бил неписмен Крсто Трајков што не знаел дека поддржува про-фашистичка окупација на сопствената земја?! Или тоа не му сметало? Или сметал дека тоа е секундарно прашање? Ништо не го пере „славниот“ Крсто Трајков што бил кмет на Ресен за време на бугарската окупација и вие вмроните само заглавувате во про-фашизам сакајќи да рехабилитирате политички проблематични личности!
Like · Reply · 1 · 25 August at 16:49


Quote:Zdravko Saveski

А за Борис ќе зборуваме кога ќе изнесеш повеќе факти од оние што ги знаеме. Абаз бил ѓубре, но дали Борис не бил соработник со окупаторот, се' додека не се докаже спротивното - тој бил. Иако не оправдувам терање „револуционерна“ правда и вонсудско егзекутирање.

Like · Reply · 25 August at 16:53


Quote:Marko Markovski

Hmmmm... Makedonist koj zbori i pišuva Bugarski. I toa na kogo mu pišuva? Na Probugarskata MPO! Jordan Petrovski, ajde oslobidi ne od tvojata golemo-bugrska fašisička propaganda, i od omrazata kon se što bilo jugoslovensko. Smiri topka i olabaj se. Agresiven si i dosaden.
Like · Reply · 1 · 25 August at 17:38 · Edited


Quote:Jordan Petrovski

Да завршиме околу Крсто Трајков бидејки тој не е тема на дискусијава со едно прашање до тебе Здравко, дали исто така ги осудуваШ грдоначалниците Македонци кои биле градоначалници за време на СРПСКАТА окупација, окупација во која се убиени многу Македонци, окупација во која се раселени многу Македонци, окупација во која дел од Македонија е колонизиран, значи на вештачки начин му е променета демографската структура.

Like · Reply · 25 August at 17:55


Quote:Jordan Petrovski

Сакаш да кажеш Здравко дека си знаел дека Борис бил во Јанка Пуста и дека бил потенцијален атентатор на српскиот крал александар, си знаел дека има писма од Тито уптени до Борис Трајков, сакаш да кажеш дека тие е познато оти Борис е убиен по налог на Абаза заради стравот на абаза дека Борис иако некомунист уживал големи симпатии од Тито.
Like · Reply · 25 August at 17:59
14-09-2016, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Учесници во Шпанската граѓанска војна од Македонија


Извори: Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220 стр., Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 284, 286, 288 и 298-299 стр. Васил Тоциновски „Враќање нема“, „Современост“, Скопје, 2012, 222-223 стр., Ѓорѓи Танковски и др. (ур.) „Зборник на загинати борци во НОВ и револуцијата од Ресен и Ресенско“, Ресен, 1983, 123-124 стр., Čedo Kapor (ur.) "Španija 1936-1939", "Vojnoizdavački zavod", Beograd, 1971, tom 5,  505-576 стр. Udruženje Španski borci 1936-1939 и Abraham Lincoln Brigade Archives.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2009

Вардарска Македонија





41. Трајковски [Трајчевски] Крстев Борис – роден на 5 јануари 1913 година во Крушје, Ресенско. Службеник. Во Шпанија дошол од Југославија на 24 [26] јуни 1937 година. Бил во ТАРТ - словенска група. Умрел 1944 година во Македонија. Според еден извор, за време на Втората светска војна тој, заедно со неговиот татко Крсте Трајков, учествувал во организирањето на бугарската окупациона власт во Ресен. Поради тоа, по ослободувањето, комунистите го убија на островот Голем град во Преспанското Езеро кон крајот на 1944 година.
14-11-2017, 07:43 PM
Reply