Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТРОВСКИ ВС РЕМЕНСКИ 4
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Frosina Remenski
3 hrs · Skopje, Republic of Macedonia ·

Во време кога граѓаните на Македонија и Македонија бараат излез од ова беззаконие, партиско самоволие на власта и узурпирање на секој слободен простор за моденизација, творештво и напредок од страна на лажни авторитети и искривени вредности ..., идеолошките бариери помеѓу левицата, десницата, центарот и сите останати концепти кои опстојуваат на македонскиот политички простор СЕ ИРЕЛЕВАНТНИ - ПОТПОЛНО НЕВАЖНИ !
Јас знам, гледам, слушам, чувствувам и верувам дека, како никогаш досега македонските граѓани без разлика на етичка, верска, политичка, социјална и друга припадност, сакаат да живеат нормално и заедно ..., без да бидат вештачки раскарани и стереотипно/предрасудно поделени!
Јас знам дека, хранењето на поделбите, независно дали тоа го прават на етнички, верски, религиски или социјален план им оди во прлог само на оние кои мислат дека, со оцрнување на другите себеси ќе се претстават како спасители на граѓаните !
Јас знам дека, национализмот како бастион на авторитарните владеења својата смрт ќе ја доживее во Македонија..., затоа што народот знае колкава цена платија поранешните југословенски држави кои величеа шовинисти националисти не заради државите и националните интереси, туку заради политичките кариери !
Јас знам дека, нема граѓанин во РМ која сеуште верува дека меѓуетничките поделби се иднината за Македонија ..., напротив, гледам и споделувам примери на солидарноста, заедништво, љубов и неизмерна поддршка на доброто за сите и слободата како предуслов за развој и почитување !
Јас знам дека, оние кои скапо ги плаќаат поделбите и гнасотилаците против вистинските борци за иднината на општеството, заедницата и државата ..., чувствуваат дека нивната инвестиција е промашена!
Јас знам дека, граѓаните денес се обединети околу идеалот кој векови наназад не бил победен, ниту со војна, ниту со црна пропаганда, ниту со погибија ..., идеалот за слободата, заедништвото и правдата !
Јас знам дека, ниту еден грандиозен споменик на македонски војвода, револуционер, партизан, државник не може да го оправда квазипатриотизмот на оние кои сакаат бронзата да го прикрие нивниот кукавичлук, криминал и злоупотреба на националните чувства на граѓаните !
Јас знам дека, вистинските патриоти за државата и граѓаните не се оние кои македонската историја (која се повторува) ја користат за продлабочување на поделбите и напријателствата меѓу граѓаните, соседите, светот ..., Вистинските патриоти учат од лекциите на македонската историја и знаат како да ги обединат и зближат раскараните, како да не ги поправат грешките и како да не ја изгубат мајка Македонија !
Јас знам дека, квазипатриотите се смртно преплашени од обединувачката моќ на движењето против амбисот во кој оди државата. безперспективноста и егзодусот на граѓаните!
Бидејќи знам, а знаете и Вие дека, паднаат партиските, идеолошките, етничките, верските, социјалните и другите бариери помеѓу граѓаните на Македонија, обединети во борбата против квазипатриотите, криминалците и манипулаторите ..., следниот чекор е решитална, обединета битка за нивно праќање во историјата која ќе ја учат идните, мади генерации деца за тоа како се губеше и како се одбрани Македонија !
Затоа, да ги обединиме идеолошките/историските пароли и револуционерни, ослободителни крикови за слобода, правда и еднаквост за сите граѓани на РМ, без разлика на вера и нација !

#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот
#СмртИлиСлобода
#НемаПравдаНемаМир
#ГруевскиТиНеСиМакедонија

[video=youtube][/url][Image: safe_image.php?d=AQBQNRD5t9h4PsKI&w=158&...360&sh=360][/video]
[video=youtube][url=https://www.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DJCS6Bf_cg24&h=xAQHO-8BK&enc=AZP6JtQhM45_lfN4IVvJs3NoqkzD-plVyW2yFXehz-J9fClEMa5u9K3tiUkDweqxLPqs625Dvl4Dq6rhfA3CmxibxcKU9gKwtqV_Xm_2i0xvDl9gCpo-vwmqNxWQnQmblhSBKm_e7vJsrq_0a0K4UnumncA80HwcS1yWiqPch5kH1aCQxjQYsbC1xwB5i4lWL-ux9KzrorflItQSNLA2L2-i&s=1]
[/video]



Makedonski - Simeon Gugulovski



[Image: 2wflj7k.jpg]
03-09-2016, 01:29 AM
Reply