Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЉУЉЗИМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Емилија Лазаревска

02.09.2016

Во 2006 година кога ВМРО победи на парламентарните избори, ден потоа на прашање на мој колега во неврзан разговор со Гордана Јанкуловска која тогаш беше генсек на партијата, како и изгледа сега ситуацијата,таа лаконски одговори-,,Веќе е подобро”. Бевме многу изненадени од нејзината самоувереност и комоција по победата ,бидејќи знаевме каква мачна работа ги чека – формирање влада,комбинаторики,коалиции,голема невработеност, се уште кревки меѓунационални односи....Но, со оглед на тоа што долго време пред тоа и две три години по победата се претставуваа како скромни, работливи, непоткупливи,луѓе од народот , а со пропагандата и го уверија во тоа, дури потоа, по 2008 година по самитот на НАТО во Букурешт,кога се разбуди вмровскиот лав во нив,сфативме што значи таа куса реплика и често ја анализиравме. Таа знаеше дека е добро за нив , врхушката, бидејќи очигледно пеколниот план за киднапирање на државата и власта , недопирливоста , управувањето со туѓи животи, изолацијата во тесен круг, игнорирањето на се што не мисли како нив,создавањето на своја нација,држава и град без нас во нив,им било разработено до најситниот детаљ.
Сега, сто дена пред изборите , на кои им претходеше еден мачен и тежок период, некако ми се врати истото чувство на нелагодност дека некој смета дека е веќе подобро, иако ситуацијата во општеството е повеќе од сериозна.Насмеани лица, еуфорични изјави, заеднички фотографии, поддршки, групирања , честитки-и велат , веќе било подобро. Се слават сопствените ангажмани,иако некои привремени. Како да не се сака работите да се претстават со вистинското име ,туку сега треба молчешкум да прифатиме дека е ,,нормално” уредникот на информативната програма на Јавниот сервис МТВ да биде именуван од политичка партија, па таа била и опозициска која се бори против нам омразениот груевистички режим. Првпат вака, апла , партија предлага уредник во државната телевизија , кој има ограничен мандат и временски и суштински. Ние , што имаме искуство со телевизиско новинарство и покривање изборни циклуси,знаеме дека и не е баш некоја филозофија да обезбедиш рамноправен третман на политичките партии. Доколку сакаш и знаеш . 2 минути и 30 секунди од митинг, 1 минута и 30 секунди прес и 1 минута изјава. Ете толку,тоа нели ќе се брои ,и ете рамноправен третман. Голема работа е да го обезбедиш ова , да бидеш критички ориентиран и за време на избори, и да добиеш оцена дека си професионален и објективен. Ете тоа ,според мене е вистински новинарски успех!Но, да оставиме делата да зборуваат за нас.
Токму заради тоа, претпочитам прво да скокнам , па да кажам оп. Претпочитам молчешкум да си ја вршиме работата. Претпочитав оваа техникалија на броење минути да ја завршеше постоечкиот уредувачки тим во МТВ. Така ќе го сочувавме новинарското достоинство. Преку професионалноста ,стручноста и компетентноста, сега има партиска налепница. Тие што ќе трчаат по партиските митинзи се оние од тефтерчето на Гоца. Груевистичката инсталација е нечепната. Не само таму,во секоја пора од општеството. А тоа не се најдобрите , туку најпослушните. Уверете не дека нашите биографии,со богати референци,не мора прво да ги испратиме на партиската електронска пошта . Или, сепак, за секој случај да си го приберам во плакар комплетчето за револуции?!
А да , ќе заборавев, ве молам да му кажете на Љуљзима – кој го предложи како петти член во ад-хок телото?
03-09-2016, 12:53 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

“во неврзан разговор со Гордана Јанкуловска која тогаш беше генсек на партијата,“
Ах Гоца ви го изгоре дробчето црно удбашко, затоа не престанувате да ја спомнувате...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
23-09-2016, 03:30 AM
Reply