Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ КЕ ИМА ИЛИ НЕ ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Договорено – конечно избори на 11 декември


 
[Image: FLESH_MK_lideri.jpg]

 31.06.2016
Изборите ќе се одржат на 11 декември. Договорот вечерва во Клубот на пратениците го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии.
Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава.
Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2 септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.
На лидерската средба е договорено и Љуљзим Хазими да биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.



Јас некако не сум убеден дека СДСМ нема пак да бара изборите да се одложат.
(This post was last modified: 01-09-2016, 04:32 PM by ЈорданПетровски.)
01-09-2016, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Договорот за избори - набивање рогови на целата нација!


Поради неисполнетост на суштинските услови за фер-избори, по ад-хок Комисијата ќе следи и ад-хок влада, и ад-хок избори, а единствено кризата ќе остане трајна, оценуваат аналитичари.

[Image: 0,,18551004_303,00.jpg]

01.09.2016
Честитки и основа за оптимизам, или нова демагогија пред уште една нова изборно-политичка фарса? Има од сѐ по нешто во реакциите по вчерашниот договор на четирите лидери на најголемите партии во Македонија, за одржување предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Лидерите триумфалистички го дочекаа договорот, кој беше поздравен и од странските дипломати инволвирани во преговарачкиот процес, а високи очекувања од него стигнаа и од Брисел. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, уште синоќа со заедничко соопштение го поздравија договорот.
„Апелираме до сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, за да им се овозможи на сите граѓани слободен избор и по изборите да се изгради влада која ќе се справи со клучните реформи и ќе работи за интересите на сите граѓани. Во иста насока, сите политички сили треба итно да ги обноват нивните напори за спроведување на остатокот од политичкиот договор, вклучувајќи ги и Итните реформски приоритети“, се наведува во соопштението.

Рогови на целата нација

Но, токму поради фактот што досега никакви реформи не им претходеа на изборите, домашни аналитичари предупредуваат дека во такви услови изборите нема да бидат ни фер ни демократски, туку „по стариот терк“, и дека партиите со овој договор длабоко ги потценија очекувањата на граѓаните за суштински промени.
„Исходот на вчерашните преговори наликува на набивање воловски рогови врз цела нација од страна на четирите партии, а притоа нѐ уверуваат дека само што не сме полетале како гулаби“, вели аналитичарот Арсим Зеколи.

[Image: 0,,19347016_404,00.jpg]

Ова веќе не е политика, туку координирана психолошко-пропагандна операција за убедување на, од нив полудените граѓани, дека црното е бело, а белото црно, дека од нетранспарентни преговори може да се изродат услови за транспарентни избори, дека од недемократски партии може да очекуваме демократски промени, а од партиски мегафони реформа на медиумите. Реалноста е едноставна и спротивна на изјавите на лидерите на големата четворка и на странските дипломати. Во Македонија нема ни минимум услови ниту за фер ниту за слободни, а камоли за демократски избори“, дециден е Зеколи.
Изборот на петиот член на ад-хок комисијата, т.н. „еден Албанец“ тој го смета како илустративен пример за начинот на кој ќе се одвиваат предизборните кампањи и самите избори.
„Имено, на сите ни е јасно што претставува тој нов член на комисијата, но симптоматично е што никој не наоѓа за потребно да запраша кого всушност претставува тој, и како новинар, и како 'еден Албанец'? Стравувам дека во таа, навидум небитна ситуација поврзана со оваа Kомисија, се крие симптомот чии последици ќе ги почувствуваме на следните избори, во кои демократијата ќе ја изгуби својата претставничка смисла. Токму затоа мислам дека по ад-хок Комисијата за медиуми ќе уследи ад-хок влада и на крај ад-хок избори. Само кризата ќе остане перманентна“, категоричен е во оценката Зеколи.

Магарето лета!

Тоа што четворицата лидери изјавија дека условите за одржување на фер и демократски избори се исполнети, голем дел од граѓаните го сметаат за „некаков чуден и сомнителен компромис“. За таквите сомнежи сведочат и нивните бројни коментари на социјалните мрежи. Секако, не недостигаат ниту победнички изјави од приврзаници на опонентските партии, и сите уште сега најавуваат „сигурна победа“.

[Image: 0,,19245479_404,00.jpg]

Петар Гошев, поранешен министер и гувернер на НБРМ, е фрапиран од оценката дека се исполнети условите за фер-избори.
„Да се даде таква изјава во околностите што ни се познати на сите, значи да се каже дека магарето станало пердувесто животно и дека пролетало. Услови за фер и демократски избори нема. Нема, затоа што ниту една од основните причини кои доведоа до политичката криза на суштински начин не е отстранета“, вели Гошев и ги повторува неколкуте причини елаборирани без прекин во последните години.
Според него, супституцијата на државата од страна на партијата на власт не само што не е отстранета, или барем намалена, туку за време на синџирот договори од Пржино го достигнала својот климакс. Бројните индиции за извршена и системски инсталирана корупција (огромен грабеж на јавни пари) од највисоки државни функционери и ројните индиции за флагрантно кршење на човековите права од истите, досега останаа судски неистражени и непроцесуирани, со голема извесност дека до тоа нема да дојде до денот кога граѓаните треба да го направат својот избор.
„Монополизираноста на медиумскиот простор од владеачката врхушка исто така остана негибната, а иновациите од последната епизода од Пржино во оваа област се и под нивото на 'системската креативност' од еднопартискиот систем. Политичката корупција на избирачите - директното и индиректното плаќање за добивање гласови - исто така продолжи со несмален интензитет, на контото на крајно ризичното ниво на зголемување на јавниот долг. Доволно е да кажеме дека годинава расходите на државата ќе бидат повисоки од проектираните приходи (собрани од компаниите и граѓаните) за близу 800 милиони евра, или околу 9 проценти од БДП“, посочува поранешниот гувернер на НБРМ.
Со тоа, во периодот кога условите за фер и демократски избори требаше да се подобрат, тој укажува дека партијата на власт само ја зголемила својата економска и политичка моќ над опозицијата, продолжувајќи на незаконит и антидемократски начин да ги користи/злоупотребува сите извори на моќ и инструменти за нејзина реализација: незаконски видови на примена на присила, себеизземање од примената на законите кога нејзини функционери доаѓаат во судир со нив, натамошно криење од јавноста на вистинските настани и процеси во земјата...
„Во таков амбиент голем број од граѓаните, дефинитивно, нема да бидат во состојба да донесат одлука базирана на потребен број релевантни информации. И токму поради тоа, кога Првиот Апаш во државата бесрамно и кочоперно изјавува дека само граѓаните ќе одлучат кој е подобар - се чини, тој го остварува својот концепт дека за корупцијата да се одлучува на митинзи, а не во судските институции“, посочува Гошев.

[Image: 0,,17594684_401,00.jpg]
Во реакциите по договорот за избори во декември има од сѐ по нешто

Утре техничка влада

Потписниците на Договорот не се осврнуваат на ваквите критики. Сметаат дека изборите се единствен пат за излез од кризата и од синоќа се посветени исклучиво на формализирање на обврските од договорот. Утре во парламентот треба да биде изгласана техничката влада која ќе ги организира изборите, а во која ќе партиципираат и кадри од опозициската СДСМ - двајца министри и тројца дополнителни заменици- министри. Засега е само потврдено дека во преодниот период до изборите со МВР повторно ќе раководи Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ. Од петок нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде новинарката Санта Аргирова, чиј мандат ќе трае до крајот на изборниот процес. Исто толкав мандат ќе има и петчлената Привремена комисија за следење на медиумското претставување, чиј петти член вчера беше избран во партиски преговори. Тоа е новинарот Љуљзим Хазими, универзитетски професор и извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ). Во петок треба да се имплементираат и опозициските забелешки за Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување.

DW.COM
02-09-2016, 02:32 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

На Дојче Веле му диктираат од Стејт Департментот, “Дојче“ е маркетиншки трик.
Според однесувањето на сите инволвирани, вклучително амбасадорската филијала на американското воено лоби во Македонија, избори на 11-ти декември сепак ќе има?
Да заклучиме дека сепак ќе има.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
15-11-2016, 07:00 PM
Reply