Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Тестаментот на Александров
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Против заборавот: Тестаментот на Александров (1)



Владимир Милчин
31.08.2016
Бездна од игнорантство, незнаење, премолчување и фалсификати зјапнала меѓу историјата и македонцките работи и толку е длабока што и денес предизвикува трагични, но сè почесто и трагикомични последици. Во центарот на Скопје, пред белата тврдина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, небаре одбранбен бедем, никнала катна гаража закитена со името на Тодор Александров. И не е таа единствената катна гаража во главниот град на Република Македонија на која недокваканиот ум, освен логичната функција во неа да се паркираат автомобили, ѝ доделил и апсурдна, но, така верува недокваканиот ум, и патриотска функција на историски „незаборавник˝.

Не знам дали Груевски лично кумувал на ова банализирање на историјата, но немам сомневање дека тој го аминувал. За чудо, ова кумство не предизвика голема реакција во јавноста. Многу поголема реакција, па дури и огорченост, предизвика видеото во кое неколку млади луѓе, паднати во екстаза пред преполната трпеза, во црни маици украсени со мапата на Македонија од трите дела и сонцето од Кутлиш, пеат песна за тоа дека не ми идат ни Гоце Делчев, ни Даме Груев, тук´ ми иде Тодор Александров... Дал´ некого плашат ил´ се бодрат за бој што ќе го поведат на чело со Тодор Александров, убиен во планините на Пиринска Македонија пред 88 години, на 31 август 1924 година?

Прашањето кој го нарачал неговото убиство, извршено од членови на ВМРО пред очите на членот на ЦК Александар Протогеров, сè уште претставува најголема загатка во крвавата историја на ВМРО. Меѓусебните сомничења и обвинувања довеле до крвави пресметки во кои биле ликвидирани сите, и од лево и од десно, кои претставувале пречка за подемот на Иван (Ванчо) Михајлов, секретарот на Александров, до позицијата на шеф на ВМРО со неограничена моќ.

Едно е сигурно: Михајлов најмногу профитирал од смртта на својот покровител Александров, со кого се согласувал во ставот дека во Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија не живеат етнички Македонци, туку етнички Бугари. „Јас сум орудие само на идејата за ослободување на Македонија и обединување на бугарскиот народ“ – му напишал Александров на Протогеров на 3 април 1917 година. „Јас сум Бугарин од Македонија. Го прифаќам географското име на мојата татковина Македонија“ – изјавил Иван Михајлов на 1 октомври 1989 година (објавено во Македонска трибина на 18 јануари 2001 година, м.з.). И Александров и Михајлов никогаш не го прифатиле постоењето на македонскиот национален идентитет. До својата смрт се декларирале како македонски Бугари. Како ова се вклопува во „македонштината“ на оние распеани патриотчиња кои може да ги оправда само игнорантството во кое се формирани?

Убиството на Александров не останало неодбележано од европската јавност. На 16 септември 1924 година, две недели по убиството, лондонски Тајмс објавил статијата на својот софиски дописник, рускиот новинар Леонид Неманов, под наслов Македонските барања – декларација на убиениот лидер. На почетокот на својата статија, дописникот на Тајмс објаснува зошто токму тогаш побарал интервју со Тодор Александров: „На 1 август 1924 година имав ноќно интервју со Александров во планините на Македонија, во близината на бугарската граница. Тој беше придружуван од комити вооружени до заби. Бев нестрплив да откријам колку е цврст сојузот на Македонската револуционерна организација со болшевиците, кои во својот орган Балканска федерација, печатен во Виена, објавија дека македонските водачи потпишале манифест со кој силно ја поддржуваат политиката на Советите за уривање на сите влади на Балканот. (Потоа) беше соопштено и дека најмалку двајца од македонскиот триумвират, Александров и Протогеров, го отфрлиле овој манифест, опишан на 5 август во Тајмс како фалсификат, па единствениот начин да се добие дефинитивна информација за тоа беше да се информирам од Александров лично.“

Не знам дали Александров чувствувал дека животот му е загрозен по веста дека го потпишал Мајскиот манифест, односно по оспорувањето на таа вест, но неговите ставови искажани во завршниот дел од интервјуто претставуваат политички тестамент на Александров: „Нашите барања се многу скромни. Ние не сакаме Југославија да се распадне; напротив, ние посакуваме Југославија да стане федерална, слободна и силна држава. Во името на организацијата, јас официјално изјавувам дека организацијата ќе ја запре својата вооружена борба доколку бидат исполнети следните услови:

1. Распуштање на субвенционираните официјални српски чети на Стојан Мишев, Циклев и другите предавници низ цела Македонија и казнување на членовите на овие чети за злосторствата што ги направиле (силувања, убиства и разбојништво);

2. Примена на клаузулите од Мировниот договор за заштита на правата на националните малцинства, под контрола на Лигата на народите и со гаранции од големите сили;

3. Амнестија за сите уапсени Македонци и дозвола за враќање во Македонија на бегалците и емигрантите, исто така под контрола на Лигата на народите и со гаранции од големите сили;

4. Изборите за Скупштината да бидат слободни и да им се даде право на Македонците да формираат легални политички партии.

Ова се нашите основни барања и доколку нашите барања бидат исполнети на стриктен, лојален и чесен начин, ние ќе се обврземе да го оставиме нашето оружје и да ја прекинеме нашата вооружена борба.

На ист начин како и другите народи вклучени во Југославија, ние инсистираме Југославија да се реконструира во федерална држава во која Македонија ќе влезе како членка на федерацијата со еднакви права како другите членки на југословенската федерација. Имајќи го предвид неизбежното распаѓање на Грција во блиска иднина (веројатно мислел на последиците од поразот на Грција во Мала Азија во 1922 година, м.з.), ние бараме македонската територија која е сега под грчка власт да биде вклучена во автономната Македонија. Кога сите услови спомнати погоре ќе бидат искрено и чесно спроведени, делот од Македонија кој е во рацете на Бугарија ќе мора исто така да биде инкорпориран во Автономна Македонија. Убеден сум дека само на ваков начин и со постапките што ги наведов ќе биде можно да се избегне болшевизмот на Балканскиот Полуостров, да биде обезбеден мирот на Балканот и да биде создадена силна и долговечна Југославија. Должност е на западните европски демократии, во кои ние сè уште веруваме, да ја спасат Македонија од смртта и македонското население од уништување, или, што е иста работа, од болшевизмот“.

Согласноста на Александров Македонија (со еднакви права како другите членки!) да биде вклучена во федерална, слободна и силна Југославија, на која тој ѝ предвидел долговечност(!), претставува драматичен пресврт, речиси салто мортале со фатален крај. Најголемото промашување во прогнозите на Александров не е дека федерална, слободна и силна Југославија би можела да биде долговечна, туку дека грчкиот пораз во војната со Турција би можел да доведе до распаѓање на Грција и вклучување на Егејска Македонија во Автономна Македонија, која веќе би била членка на федерална Југославија. Грција не се распаднала. Размената на населението што уследила, го овозможила етничкото чистење, односно грцизирањето на Егејска Македонија и Тракија, финализирано со поразот на ДАГ во Граѓанската војна во Грција.

Иронија на историјата претставува фактот дека токму комунистите, од кои Александров остро се оградувал и со кои претходно жестоко се пресметувал, низ антифашистичката борба ја создале Демократска Федеративна Југославија. И Балканската федерација на рамноправни народи била комунистичка, односно коминтерновска идеја и живеела сè до моментот кога станала пречка за Сталиновите (и Черчиловите) планови и договори за поделба на Европа на сфери на влијание. Болшевизмот го поразил комунизмот, а Сталиновиот империјализам го збришал интернационализмот. Резолуцијата на Информбирото од 48-та ѝ ставила крај на културната автономија за Македонците во Пиринска Македонија, договорена меѓу Димитров и Тито, и ја олеснила победата на монархофашистите во Грција.
(Статијата Македонските барања – декларација на убиениот лидер објавена во лондонски Тајмс на 16 септември 1924, објавена е на бугарски во Независна Македонија на 6 септември 1924 година и, одново на англиски, во Македонска трибина во 2009 година, во бројот за август и септември.)


PLUSINFO


Поголем доказ дека на Александров пред се и над се му биле интересите на Македонците и Македонија здравје. Додека Бугарија нудела можност/помош за формирање на Македонска држава била прифатена од ВМРО. Кога станало јасно дека Бугарија ни на крај на умот нема да прифати формирање на Македонска држава, Александров побарал решение на друга страна. Такво нешто неможе да направи никој друг освен МАКЕДОНЕЦ!

[Image: 2qnmxj9.jpg]

БОРЕЦ за БУГАРСКА КАУЗА прифаќа Македонија да влезе во состав на СРБОСЛАВИЈА.
Тоа комуњарскиот мозок никогаш нема да го разбере бидејки ако го разбира ке разбере што значи лозунгот на ДЕСНОТО ВИСТИНСКОТО, ВМРО: "ЗДРУЖУВАЊЕ И СО ЦРН ЃАВОЛ ДО САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА!!"
31-08-2016, 08:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПРОТИВ ЗАБОРАВОТ: ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДРОВ (2)



Владимир Милчин
06.09.2016
Дали неодамна објавената и помпезно промовираната „Енциклопедија ВМРО 1893-1934“ ни кажува нешто ново за потписот на Александров под Мајскиот манифест и за неговата смрт?

Изданието на Матица македонска е поддржано од Министерството за култура на РМ, со кое раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а главен редактор на претенциозното издание е Никола Жежов, еден од задолжените за пишување на „новата историја“ на Македонија. Не, изданието помалку кажува, повеќе премолчува. Енциклопедиската единица Александров Тодор завршува со:

„Бил еден од потписниците на Мајскиот манифест од 6 мај 1924 година. На 31 август 1924 година бил убиен кај селото Сугарево, Пиринска Македонија.“ И толку. Ни збор за двајцата убијци, војводи на ВМРО. Ни збор за обвинувањата за тоа кој го инспирирал или го нарачал убиството. Ни збор за тоа дека Александров бил убиен пред очите на членот на ЦК ВМРО, идниот губитник Александар Протогеров. Во истата енциклопедија, во единицата Мајски манифест на ВМРО, формулацијата за потписот е поинаква:

„Овој документ бил потпишан на 6 мај 1924 година, а од името на ЦК ВМРО го потпишале Петар Чаулев, Александар Протогеров и Тодор Александров со негово овластување.“

Значи, дали некој некого наместил? Дали Александров го наместил Протогеров така што избегнал лично да го потпише Манифестот, или Протогеров го наместил Александров со тоа што го потпишал под документот?

Како и да е, обајцата се откажале од Мајскиот манифест на 1 август 1924 година со декларација во која го нарекле „мистификација“. Цочо В. Билјарски, кого нашите „енциклопедисти“ често го наведуваат како свој извор, во предговорот за неговата публикација Тодор Александров – Непубликувани спомени, документи и материјали (Софија, 2002) за откажувањето напишал: „Тоа било резултат на притисокот од бугарската влада и веројатното ангажирање на функционери на британската влада да дејствуваат во насока на давање автономија на Македонија за време на мајскиот престој на Т. Александров во Лондон.“

Што кажува самиот Александров во „Тајмс“ за виенските преговори со Коминтерната и за Мајскиот манифест?

„Изјавувам дека не сум го потпишал ниту манифестот објавен во списанието Балканска федерација како документ на Централниот комитет на Македонската организација, ниту пак сум потпишал каков и да е сличен документ. Ако мојот потпис стои под тој манифест, тој е лажен. Протогеров исто така потврди дека не го потпишал тој манифест. Ние немаме никаква желба да се бориме против европскиот капитализам, кој нас не нè засега. Организацијата има само една цел: ослободување на Македонија. И сè додека сум жив и сè додека сум на чело на организацијата, јас нема да дозволам организацијата да се откаже од неа, од својата фундаментална и единствена цел, и да стане инструмент за цели кои ѝ се туѓи.

Организацијата нема ништо заедничко со комунизмот и болшевизмот. Не го негирам фактот дека болшевиците неколку пати се обидуваа да ја придобијат организацијата, но секогаш иницијативата за преговори доаѓаше од кај нив. По една наредба од Москва, бугарскиот комунистички печат престана да нè напаѓа во 1922, иако ние не баравме од никого да нè поштеди од нападите на комунистичките весници. Во 1923, советските агенти одново ми предложија да почнеме преговори. Јас тогаш ги поставив следните услови како неопходна подготовка за преговори: распуштање на комунистичката чета на Пандурски, згаснување на македонскиот комунистички весник „Освобождение“ и распуштање на комунистичката организација на македонските емигранти.

Мојот ултиматум беше прифатен и комплетно спроведен во август 1923, но во септември истата година се случи востанието на земјоделците [мисли на партијата на Стамболиски, м.з.] и комунистите во Бугарија и јас тогаш им соопштив на комунистите дека сметам дека сите востанија и државни удари ја комплицираат и онака тешката ситуација во Бугарија и дека се штетни и неприфатливи. Во името на организацијата ги информирав комунистите дека независноста на Бугарија ми значи многу и, бидејќи комунистички државен удар би ја загрозил оваа независност, организацијата ќе биде обврзана секој обид да се урне сегашната влада и да се замени со влада на комунистите и земјоделците да го смета за удар врз независноста на Бугарија и дека, консеквентно на тоа, ќе започне директна и безмилосна борба со авторите на ваквите обиди и ќе постапува со нив како што постапува со сите свои непријатели. Јасно е дека по ваквата декларација преговорите не можеа да продолжат.“

Во книгата „Предавниците на македонското дело“, подготвена од ЦК на ВМРО (Oб) и објавена на бугарски во Прага 1926 година [на македонски дури во 1983 година, м.з.], вака се опишуваат настаните пред објавувањето на Мајскиот манифест:

„Новата ориентација на македонското ослободително движење требаше да им се соопшти на македонскиот народ и на македонските револуционерни дејци. Со оглед дека Декларацијата и Обединувачкиот протокол не беа наменети за публикување, ЦК ВМРО реши да упати еден манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционерни дејци, во кој да ја изложи новата политика на Организацијата.

Со изработувањето на манифестот се зафати самиот Протогеров; меѓутоа, човекот не можеше тоа да го направи. Се мачеше еден-два дена — најпосле се откажа да го пишува манифестот. По овој неуспех на Протогеров, кој настојуваше да ги убеди присутните дека еволуцијата во неговите сфаќања — тој најдолго ја поднесуваше својата политичка исповед — била резултат на сегашната македонска реалност, со изработката на манифестот беше задолжен Влахов, кој и го напиша врз основа на принципите положени во Декларацијата. Сите членови на ЦК дадоа свои забелешки во врска со некои пасуси во манифестот. Самиот Александров заклучи дека пасусите за бугарската влада се недоволно силни, и според неговото лично настојување, тие пасуси мора да се зајакнат.

Манифестот требаше да се преработи. Александров брзаше да ја напушти Виена [ненадејно отпатувал во Лондон, м.з.] и бидејќи на враќање за Бугарија немало да помине низ Виена, во присуство на Влахов, тој ги ополномоштува Протогеров и Чаулев да го потпишат. До тоа и доаѓа. Откако е преработен, на 6 мај — поради невнимание, Чаулев го напишал датумот 5 мај — Манифестот е потпишан од членовите на ЦК што се наоѓаат во Виена: Протогеров и Чаулев и, по полномоштво на Александров, потпишан пак од нив.“

Во изјавата за Тајмс, Александров не негира дека неколку пати преговарал со Москва, иако се обидува да го обезвреди тој факт, повторувајќи дека иницијативите за преговори секогаш доаѓале од болшевиците.

„Јас не можам да одречам дека во нашата организација има „леви“ елементи кои постојано тврдат дека во петте години [по Првата светска војна, м.з.] не успеавме да добиеме ништо од Лигата на народите, Париз или Лондон, и дека, консеквентно на тоа, мора да се обидеме да постигнеме договор со Москва. Под влијание на „левите“, но одново по иницијатива на советските претставници во Виена, преговорите одново почнаа во 1924 година. Како услов за договор со нас, претставниците на Москва побараа организацијата да се согласи со „советизација“ на Бугарија и Македонија. Ние одговоривме дека овој услов е неприфатлив за нас и преговорите беа прекинати. Оттогаш преговорите не беа обновени. Повторувам дека сè додека сум на чело на организацијата, таа ќе се бори со сите средства против болшевизмот, кој, според мене, е многу штетен за македонското национално движење. И одново пред неколку дена, во името на организацијата ги известив бугарските комунисти дека организацијата нема да дозволи комунистички државен удар во Бугарија.“ Се разбира, Александров не ја спомнува телеграмата со која од Влахов барал да го одложи објавувањето на Мајскиот манифест: „Никакво објавување, никаков весник.“

Пораката на Александров очигледно била упатена до Западна Европа и, преку неа, до бугарската влада на Цанков. Но, Александров се преценил. Поверувал дека легендата за него е толку силна што му овозможува да ги диктира чекорите во танцот со десницата и со левицата едновремено. Но, танцот се претворил во танц на смртта. Митот за Александров и неговата организација бил потрошен. Паднал тој, веднаш по него паднала и левицата, протогеровистичката десница била истребена, Протогеров бил убиен, организацијата била забранета во Бугарија и завршила во скутот на Мусолини. Овој танц веќе го водел наследникот на Александров, Иван Михајлов, кој веќе на 3 септември, само три дена по смртта на Александров, им рекол на своите луѓе:

„Бидна што бидна. Време е за работа.“ Откако завршил крвавиот пир, Михајлов му изјавил на новинарот Неманов дека Т. Александров „бил подло убиен од комунистите и нивните подли орудија.“

На 13 септември, дури две недели по убиството, Протогеров го потпишал соопштението за гибелта на Александров во кое се тврди дека „заговорот е комплетно разоткриен“ и кое завршува со извикот: „Тодор Александров е мртов. Да живеат тодоралександровци!“

На 15 септември, премиерот Цанков цинично оценил дека кризата во ВМРО се должи на „идејните разлики и борбата за лидерство“, но дека таа прераснала во пресметка заради одмазда.

„Иако сè уште не е кажан последниот збор за убиството на Т. Александров, за кое досега се изговорени какви ли неверојатни и неверојатни хипотези, трагите водат кон ген. А. Протогеров и некои кругови во владата на проф. А. Цанков“, пишува во својот предговор Цочо В. Билјарски во 2002 година.

Што велат за тоа нашите „енциклопедисти“?

На стр. 172 го срочиле следното: „Поради објавувањето на Мајскиот манифест во текот на летото 1924 година кулминирала внатрешната криза и поделби во ВМРО кои завршиле со убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година.
„Шупливоста на оваа фраза, која не соопштува никаква вистина, укажува само на неодговорноста на „енциклопедистите“, свесно или несвесно, лажат кога тврдат дека од 31 август 1924 немало поделби! Најподробниот опис на она што „завршило“ со убиството го дава бугарскиот дисидентски писател и новинар Георги Марков, протеран од Бугарија во 1969 година и убиен на една лондонска улица со отровот рицин, шприцнат во неговата нога со убод со чадор. Во својата книга Камбаните бијат сами – насилство и политика во Бугарија 1919-1947, во поглавјето Крвавата чистка [книгата е објавена во Софија, 1994 година, м.з.], тој го опишува погромот врз левицата извршен во Горна Џумаја, Софија и Пловдив во септември 1924 година од страна на михајловистите и протогеровистите, потпомогнати од бугарската армија и полиција.

П.С. Денешните тодоралександровци кои ги пизмат масоните зашто некој ги „подучил“ дека масоните биле непријатели на Македонија би можеле да го прочитаат барем предговорот на Цочо В. Билјарски во неговата книга Тодор Александров – Непубликувани спомени, документи и материјали.
На стр. 17 ќе прочитаат дека во Извештајот од декември 1922 година, ЦК ВМРО на Александров го истакнува како свој успех „преземањето на раководството на Големата масонска ложа на Бугарија“!
 
06-09-2016, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ОДГОВОР ПО ПОВОД НАПАДИТЕ ОД ВЛАДИМИР МИЛЧИН

[Image: mpz-todor-aleksandrov.jpg]

МПЗ ТОДР АЛЕКСАНДРОВ,ОДГОВОРПО ПОВОД НАПАДИТЕОДВЛАДИМИР МИЛЧИН И НЕГОВОТО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА ЛИКОТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ  ОБЈАВЕН  НА ПОРТАЛОТ - „Плус инфо“

07 Септември 2016 

Македонското патриотското здружение Тодор Александров и неговите членови реагираат во врска со текстот објавен во порталот „Плус инфо“ од господинот Владимир Милчин насловен како “Против заборвот-Тестамен на Алексндров”.
Имено ние членовите на МПЗ Тодор Александров се почуствувавме за навредени и засегнати порад тоа што г.Милчин без факти не напаѓа нас и нашиот трибун Тодор Алексадаров.  Ние сме здружение кое се залага заштита на ликот и делото на Тодор Александров но, и на сите Македонци кои се бореа за Независна Македонија, поради што реагираме со овој контра аргументиран одговор:
1. Господине Владимир Милчин за борбата наречена македонска кауза - борба за создавање на автономна, независна и самостојна Македонска држава во нејзините етнички граници се бореа многу наши претци меѓу кои и Тодор Александров кој беше еден од најголемите лидери на ВМРО во борбата за Независна Македонија.
2. Посебен белег оставија: корифејот Дамјан Груев-кој е најзаслужен за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО), Гоце Делчев и Тодор Александров кој најдолг период беше на чело на ВМРО.
3. Во Македонија влијанието на соседните пропаганди од секогаш беше присутно, а најсилно беше грчкото, српското и бугарското.
4. Господинот Милчин сакајќи да го деградира и оцрни како и во комунизмот ликот и делото на Александров, цитира дека тој се декларирал како македонски Бугарин. Со тој став Милчин сака да предизвика конфузија кај македонската јавност, но треба да знае дека Тодор Александров, а и сите други македонски дејци од лева и десна провиненција биле воспитаници и учеле во бугарско црковни училишта на бугарската егзархија, па така во некои документи се среќава терминот македонски Бугарин кој за нив има црковно значење, а не етничко како припадници на егзархијата. Но нивната борба беше за автономија и незавсина Македонија. Во најголем дел од документите Тодор Александров и сите други македонски револуционери од плејадата на ВМРО ги користат термините макеоднски народ,македонско население и ја издигнуваат паролата Независна Македонија и Македонија на Македонците во нејзините географско етнографски граници.
Точно е твредењето дека ВМРО предводена од Тодор Александров ја прифаќаше идеата за Балканска федерација,во која Македонија би влегла како рамноправна политичка целина со другите држави,но во таа Југословенска федерација Македонија да биде рамноправна и да го има правото на отцепување,таа идеа за Макеоднија како рамноправна држава во Балканската федрација ја прифаќаа и ВМРО-автономситичка и ВМРО –Обединета која се форимира една година по убистивото на Александров во 1925 година.
5.Со негирањето на Тодор Александров и ВМРО како организација господинот Милчин и таквите како него ја негираат вооружената борба на македонскиот народ која ВМРО - Александрова ја води по поделбата во Букурешт во 1913 година како единстевена Органзиација која ја продолжи вооружената борба на македонскиот наорд за слобода и обединување на разделена Македонија.  Единствена респектабилна сила која ја продолжи вооружената борба по 1913 година беше ВМРО и ЦК предводен од Тодор Александров која испрати Декларација против поделбата на Македонија по Балканските војни до Големите сили и балканските држави кога Македонија беше поделена на три дела, делот кој влезе во Кралевина Југославија доби име Вардарска Македонија, а населението беше именувано како „Јужни Срби“ и ова е факт од кој не може да се избега..
Во текстoт на Милчин тој критички се осврнава и кон младите членови на Македонското патриотското здружение Тодор Александров, кои на прославата на Илинден во Крушево ја пеат песната “Нешто ќе те питам бабо”.
Прво на таа илинденска пролслава присустувуваа повеќе здруженија кои допатуваа од цел Македонија со пешадиски марш или со коњи , тие патриоти се поклонуваат и секоја година, доаѓаат од цела Македонија патувајќи неколку дена. Правење споредба во поглед на сваќањето за градењето на Македонската држава помеѓу овие млади луѓе во Крушево кои пеат македонски патриотски песни од МПЗ Тодор Александров и оние на господинот Милчин од Шарената револуција претставува обична иронија и има голема разлика. Членовите на МПЗ Тодор Александров, ги слават, чествуваат, организираат трибини и панихиди за сите македонски револуционери и херои кои се бореа за македонска држава, а тие на  господинот Милчин ги сквернават, обезличуваат спомениците и спомен обележјата на македонските револуционери и херои од македонската историја.
Се поставува прашањето со кое морално право критикува г. Милчин ?.
Дали господинот Милчин има минимум совест, доблест и морално право да ги критиковаа овие млади македонски патриоти кои ги величат и слават сите македонски дејци и македонски патриоти за создавање на Обединета, независна и самостојна Македонска држава. Милчин кој како подржувач на Шарената револуција мотивира млади луѓе да уништуаат споменици на македонски херои и немо гледаа како тие  стотици изманипулирани млади за пари  (платени по 20-30 евра) низ цела Македонија подолг период уништуваат  спомениици кои значат идентификација на Македонецот и неговата борба за Македонска држава и поставуваме прашање дали има во светот некоја во некоја земја демостранти од еден народ кој ги уништуваат и сквернавт нивните национални херои кои се бореле и гинеле за нивна слобода,НЕ, нема таков пример,а го има само кај нас со Шарената револуција.
Во Скопје беа сквернавени, Спомениците на Александар Македонски, децата бегалци од Егејска Македонија, на борците од НОБ и АСНОМ др, Општинската зграда ,во Битола споменикот на Филип Втори, киното на браќата Манаки со што е навреден Влашкиот етникум во Битола и др, и низ другите градови на Македонија. Овие платеници ги осквернавија спомен обележјето на АСНОМ со кое се круниса и постави столбот на македонската државност, со овај чин беше осквернавен еден од најсветите настани во историјата на македонскиот народ 2 август 1944 во Прохор Пчински кога се создаде Макеоднската држава. Шарената револуција на Милчин ги сквернавеа и спомен обележјата на децата беглаци од егејска Македонија кои се бора за човекови права и слобода, со тоа тие индирекно го подржаа теророт на грчката монархофашистичка власт која го тероризираше во континуитет и уништуваше македонскиот етникум во егејска Македонија.
7.  Омразата на Милчин и неговите приврзаници кон ликот и делото на македонскиот патриот Тодор Александров е голема таа омраза тие ја имат и кон другите макеоднски револуционери при што најавуваат и рушење на спомениците и нивно размонтиравање но, мора да признаете без факти и докази, односно со испревртување на вистината и фактите.
8. Тодор Александров е еден од ретките македонски револуционери кој се обиде да ги помири и поврзи лево и десно ориентираните македонски борци за создавање на Македонска држава. За оваа негова идеја Александров влезе во контакт и преговори со Советскиот сојуз.Тодор Александров заедно со павел шатев го започнаа во 1923 година процесто на обединување на макеоднските револуционерни во единствен револуционерен фрон,за Независна Македонија во идната Балканска федерација.Павел Шатев уште во 1901 година имал зедничка револуционерна борба со Тодор Александров при што за него ќе напише- “Александров ми остави впечаток на еден доста рационален, трезевн  ум, готов во секој момент да се жртвува пред олтарот на ослободителното дело, ние двајцата добро се разбириавме и по цели часови разговаравме, јас независно од тоа што бев одкинат од моите другари во Солун, бев полн со надеж дека повторно ќе влезам во врска со нив и го убедував и Тодор Александров да стане наш другар. Тодор Александров независно што наполно ја возприемаше и помагаше нашата борба сепак со својот трезвен ум размислуваше за многу поголема организација. Неговиот трезвен ум работеше непрекинато и тој не го губеше своето слободно време и работеше постојано сакајќи да му биде корисен на ослободителното движење.  Александров бараше патишта и методи за дејство, за да се органзиариаат народните маси и да се создадат големи организации, што би биле раководени од еден центар, кој во даден момент би располагал со духот и телото на луѓето од градските и селските маси на Организацијата. Така Александров размислуваше за создавање на една моќна и еластична организација додека јас мислев само тоа како да извршам некаков атентат. Но иако патиштата ни беа различни Александров секогаш ни помагаше и ни беше од корист”.
Во преговорите учествуваа: Павел Шатев во својство на посредник ( имаше добри односи со Руските комунисти) и како преговарачи: Димитар Влахов, Петар Чаулев и неговиот зет од сестра Михаил Монев. Преговорите се одржуваа во Виена. Резултат на преговорите е донесување на Мајскиот манифест. Тодор Александров и Александар Протогеров го потпишаа Мајскиот манифест но со взаемен договор со преговарачите истиот да не биде одма објавен односно да созреат политичките и воените прилики на Балканот и Европа. За жал во предвечерито пред да биде публикуван во јавноста Манифестот беше изменет без знаење на Александров. Првичните анекси на Мајскиот манфист предвидуваа дека ВМРО ја прифаќа моралната и материјлна подршка на Коминтерната и Советска Русија, но без никакво влијане и на комунистичката интернационла врз независноста на самата Организација. Во изменетиот текст на Мајски манифест кој се случил без знаење на Александров се прифаќало ВМРО да стане орудие на коминтенрата па дури и да ја наметнува комунистичката идеа во самата Организација.Од тие причини стравувајќи да не се болшевизира Организацијата Александров го откажал својот потпис. Марија Коев Александрова ќерката на Тодор Александров ќе истакне-“мојот татако се откажа од манифестот бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава”.
По повлекувањето на потписот од Манифиестот Александров бил во нов отворен судир во текот на 1924 година и со новиот бугарски премиер Цанков, на кој му исратил писмо во кое пишувало дека, ако и новата бугарска влада на чело со Цанков ја напаѓа ВМРО и се обидува да ја спречи во нејзината борба за Незавсна Македонија, ВМРО ќе се бори и протв неа, а на премиeрот Цанков, дека “ќе му се скрши главата” и ќе го снајде истото што и Стамболиски. Во таква констелација на односите и отворен судир со двете бугарски влади, а уште поголем судир со комунистичките партии беше убиен Тодор Александров  и тој беше подло на спиење егзекутиран на 31 август 1924 година, во близина на селото Сугарево.
9. Во повеќето спомени на макеоднските дејци современиц на тој период потенцирани се организаторите на атентатот на Александров: Војводата Алеко Паша и бившо воено лице во бугарската војска Георги Атанасов и неговите платени убици војводите Штерју Влахов и Динчо Вртенаров. Штерју Влахов и Вретенаров биле познати како зулумџии и плачкаши на македонскиот народ во Петрич и Банска Македонија.Сепак убиството на Тодор Александров и неговите наредбодавци ќе остане мистерија која уште долго ќе се полемизира во историските кругови. Што се однесува на територијата во која живееше македонското население во Банско и Пиринска Македонија таа во времето на Тодор Александров, функционираше како „држава во држава“ во самата Бугарска држава.
10. Доколку не дојдеше до предвремено објавување на Мајскиот манифест вероватно и ќе се реализираше соработката на ВМРО со Советскиот Сојуз, а во тој случај историските настани за Македонското прашање ќе имаа друг тек. Имено, ако се има во предвид влијанието и улогата која ја одигра Русија во Втората светска војна, едно е сигурно со нејзина дипломатска помош и Македонија ќе беше територијално обединета, многу поголема и помоќна.
11. Сите средби на Тодор Александров во Виена со советските престсвници и изработените документи, со знаење на Димитар Влахов биле препраќани со тајна шифра до владата на Александар Цанков во Софија и до Министрот за надворешни работи Христо Калфов. (ДАРМ, Фонд Благој Видов, „Некои моменти“ 55.) Така да уште пред да се врати Александров во Софија,бугарските политички фактори и ЦК на Бугарската комунситичка партија биле информирани за постигнатите договори помеѓу ЦК на ВМРО предводен од Тодор Александров со Советскиот Сојуз и коминтерната(види спомени Петар Ацев, и научен труд Тодор Александров од проф д-р Зоран Тодорвски, Дражавен архив на Р.Македонија,стр.253(Откажување на Тодор Александров од Мајскиот Манифест).
12. Тодор Александров е еден од оние македонски патриоти кој кога се работеше за македонското прашање, имаше храброст да му контрира,  да му прети, да ги  омаловажува и да наредува нивни ликвидации: на кралеви на странски држави, премиери на Бугарската влада, на министри за одбрана, за безбедност, за надворешни работи и други непријатели на македонското ослободително дело. Со кое право овај македонски патриот, Милчин го критикува и го нарекува дека е Бугарин без да ги согледа времето и условите во кои делувале тогашните протагонисти кога Тодор Александров за создавањето на македонска држава се залагаше, контрираше и влегуваше во судир со премиерите на Бугарија,кралството СХС и Грција: Станболиски,, Цанков и на министерите на Бугарската влада: за одбрана Русев, за надворешни работи Калфов, за безбедност Даскалов со стие Александров Тодор беше во судир а дел беа и ликвидирани од ВМРО бидејќи не ја подржуваа нејзината борба за Независна Македонија др.
Заради Ваше сознание: Неговиот лут политички непријател преговарачот Димитар Влахов ќе изјави: „Тодор Александров пројавуваше диктаторски манири, дури и кон некои бугарски фашистички министри и генерали. Тој се опитуваше да им диктира, тој ги навредуваше меѓу нив беа Цанков генералите  Русев, Калфов“,кои во Александров гледаа опасен сепаратист, (Види Д. Влахов, Одбрани статии – 1924-1947, Скопје, 1948, 172.)
13. Во Егејска Македонија македонското првославно население беше третирано как Грци тие кои се спротиставува беа тепани, измачувани и убивани, тоа се факти и од нив исто така, нема бегање но факт е дека и таму Тодор Александров повремено испраќаше чети кои се бореа против грчките војски и жандарми,со потпишувањето на Нејскиот договор за размена на населеине помеѓу Бугарија и Грција со кој 86 000 до 100 000 Македонци беа протерани,Тодор Александров и ЦК на ВМРО реагирале  против протерувањето на македонското население од Егејска Македонија.
14.Зошто господинот Милчин во неговата колумна не напиша за тоа дека по 1920 година Тодор Александров ја издигнува паролата Независна Македонаија и велегува во отворен воен судир со бугарската влада на Александар Стамболиски и во овие воени судири помеѓу ВМРО на Тодор Александров и бугарската власт ВМРО ја ликвидирала целата бугарска влада, министерот за внатрешни работи Александар Димитров и премиерот Стамболиски. Во овај  период 1922 година бугарската влада на Стамболиски ќе влезе во коалиција и сојуз со српаската валст на кралството СХС и заеднички ќе се борат против ВМРО на Тодор Александров со цел да се уништи ВМРО и македонското прашање да се затвори врз одлуките донесени со Букурешкиот договор,тој сојуз помеѓу Српската власт и Бугарија е крунисан со Нишкиот договр со кој се предвидувало уништување на ВМРО и нејзините чети и ликвидација пред се на Тодор Александров.Во својата борба и програма Тодор Александров во 1920 исткнал во неколку весници дека ВМРО ја продолужува борбата на старата Гоцеделчева ВМРО и ја издигнува парполата Незавсина Македонија.
Точно е тоа дека ВМРО и Тодор Александров во 1923 година постигнал договор со Бугарските комунисти БКП за соработка.Тодор Александров на Васил Коларов од БКП му рекол “во Петричко ние Македонците сме на власт”.Исто така Тодор Александров бил спремен да соработува со сите кои ќе ја подржат борбата на ВМРО за Независна Македонија,тој соработувал и со крајно десни и со крајно леви организации и сили.Во поглед на Комунситичката партија Тодор Александрпв ќе изјави-ВМРО,не ја смета комунистичката партија за свој непријател,напротив националната револуција не ја исклучува и социјалната, напротив таа е нејзина неизбежна претпоставка.Во склоп на самата соработка и зближување помеѓу ВМРО и БКП Тодор Александров побарал од бугарските комунисти да ги повлечат нивните пунктови од Принска Македонија која била под власт на ВМРО и бастион на самата Организација.Единствен услов кој побарал Тодор Александров од бугарските комуисти било за време на Септемвриското востание 1923 година бугарските комунисти да не востануваат во Петричкиот округ-Пиринска Македонија.Но БКП- бугарските комунисти го прекршиле овај договр во септември 1923 година по избувнувањето на Септемвриското востание во Бугрија тие се кренале и во Пиринска Макеоднија при што бил нарушен договорт со Тодор Александров,па така и четите на ВМРО влегуваат во судир со бугарските комунисти,при што во таа граѓанска војна ќе загинат и многу Македонци кои ќе земат учество и во четите на ВМРО,но и во бугарските комунистички чети предводени од БКП.
15. Што се однесува за Вашите критики за пеењето на песната Ќе те питам стара бабо, тоа е само песна во која македонскиот народен пеач го опеал овој
македонски патриот. Ние како негови подржувачи имаме право да ја пееме и во тоа не гледаме ништо лошо.Во песната турскиот ага-бег ја прашува старат баба дали во нејзиното село биле војводите Гоце Делчев или Даме Груев, на што бабата му одговорила дека не биле Даме и Гоце тулу дека бил со својата чета војводата Тодор Александаров.
За сознание на Милчин песната е испеана на 2 август 1992 година, на народен собир во Смилево, Битолско, пеач гајдаџија од прилепскиот дел на Мариово. (Види, Димитар Галев, Тодор Александров од Автономија до самостојна држава, Скопје, 1995, 190.)
Инаку во интерес на вистината, а заради Ваше сознание од истата песна има повеќе верзии и во некои од нив се споменува името на други македонски патриот. Тоа што на господин Милчин и такви како него им смета името на Тодор Александров е нивни проблем,повеќе треба да се заложат да ги почитуваат македонските херои од колку да ги  сквернават, омаловважуваат и оцрнуваат.
16. За на крај.
 Господине Владимир Милчин колку што ни е познато Вие по струка сте режисер по глума. Значи Вие не сте компетентни да зборувате за Историја,а уште помалку за македонските херои патриоти и револуционери кои се бореа за Независна Македонија,пред се не само што голем дел ги деградирате и оцрнувате туку и јавно учествувавте во сквернавењето на споменците на македонските херои Ви препорачуваме во иднина,намсто да ги сквернавите да ги славите и почитувате сите дејци кои се бореа за Независна Македонија и слобода на македонскиот народ.
Ние МПЗ Тодор Александров апелираме,секогаш да ги согледуваме времето, условите, политичките и воени прилики во кои делувале македонските револуцинери и нашите предци низ историјата,кога сме немале ни држава ни македонска институција,пред да носиме осуди и да бидат деградирани  и омаловажувани овие револционери, денес од нашите, фотељи ,плажи и кафани е грев да ги оцрнуваме. Да ги почитуваме сите Македонци кои со пушка во рака се бореа за наша слобода и македонска држава,денес кога благодарение на нив ние денешните македонски генерации имаме држава,а не знаеме да ја сочуваме.Сите овие Македонци кои се бореле за слобода и најголем дел од нив и загинеле во борните против разно разните окупатори,со сите нивни маани и доблести заслужуваат од нас денешните Македонци почит.
Во иднина Македонското патриотското здружение Тодор Александров како и до сега ќе продолжи да ги слави,чествува макеоднските херои од сите периоди на македонската историја,без да ги дели на “леви” или “десни” туку да ги слави како македонски патриоти кои се бореа и своите животи за  наша слобода и Гоце Делчев,и Ѓорче Петров и Даме Груев и Сарафов,и Сандански и Матов и Татарчев и Александров и Влахов и Чаулев и Ченто и Богдановски и сите  кои се бореа и своите животи ги посветија на борбата за слобода и создазање на македонска држава.
Во иднина МПЗ Тодор Алексндров нема намера да влегува во безпредметни расправии со такви ликови како годподинот Милчин,кои имаат намера само да навредуваат и обезличуваат,напротив нашето здужение се залага за заштита на македонскиот национален иднетитет, национално помирување и во македонската историја и денес.
Македонското патриотското здружение -Тодор Александров
07-09-2016, 11:29 PM
Reply