Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
lПРИКАЗНА ЗА ЛИСИЦАТА И ОВЕНОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Лавината што ќе го збрише Груевски


[Image: 10cuvzn.jpg]

Ана Пановска
Фокус, бр. 1090, 26.08.2016 г.

Ау! Мртвило. Ништо не се менува! Лани, ова време, си го лажевме паметот дека, еве, тргна! Ќе биде нешто кога веќе го имаме Пржинскиот договор. Ете, опозицијата ќе се врати во Парламентот, па ќе се направи некоја мешовита влада со министри од опозицијата, како јаки контролори на забеганата власт, а и Груевски ќе си даде оставка до „Нова година“, па ќе се формира Специјално обвинителество, па ќе се прочисти избирачкиот список, па ќе се случат реформи во медиумската сфера, па... Како и да е, еден непоправлив оптимист како мене помисли дека во таа надежна „операција“ има штоф. И, криво-лево работата божем тргна. Се распосла штофот и што да се види? Целиот изеден од молци, партал! Нема здраво место за да може некако да се подзакрпи.
Опозицијата се врати во Парламентот колку да ја инфицираат, да ја подзаразат и да ја извалкаат. Добро, се донесоа договорените закони и на тоа остана. Сè се претвори во една општа масовна компромитација.
Министрите од опозицијата ги истуркаа на клоци, ги понижија и нека бидат среќни што не завршија во некој ендек.
„Премиерот“ Груевски и понатаму си е премиер во чии раце цврсто се стегнати дизгините на арабаџиската кола „Македонија“, кинисана по удолницата, која само по некоја случајност, ако се подзакачи на некоја јака, здрава преостаната пенушка, може да доживее некаков амортизиран пад кој ќе спречи таа конечно да се разбие на парам-парче.

ДОДЕКА УКАПИРА ДЕКА Е КРАЈ

Специјалното обвинителство нема сила, нема инструменти и нема можност за завршница. Секаде е блокирано. Обичните судови уште на стартот се „нарогушија“. Не се ни трудеа да одглумат „независност“ и јавно се изложија, отворено ставајќи се во партиска битка за одбрана на режимот. Со безочното непријателство кон СЈО и отфрлањето на сите предлози околу притворите со кои обвинителството се обиде да ја спречи можноста за натамошно мешетарење на осомничените, баш судството на посреден начин го приложи „крунскиот доказ“ за криминалите на власта и со тоа вербално му пресуди на Груевски и неговите.
Останува за некои идни времиња таа пресуда да излезе и во пишана форма. Велам „некои идни времиња“, зашто сега на власта сè уште и е доволно удобно за да може да си дозволи и натаму да ги остава и опозицијата и народот да се крчкаат на тивок оган, особено ако „продуктите“ во тенџерето помирливо си пливкаат во топличката вода, не обидувајќи се да го размрдаат и да го превртат тенџерето пред Груевски да укапира дека е КРАЈ. Кога тој тоа ќе го укапира, тогаш водата во тенџерето ќе ја стави на вриење, ќе проба сè да уништи, сè да изврие, да се јагленоса, па дури и газерот на тенџерето ќе гледа докрај да го изгори. Тука лежеше и основниот, оправдан страв и на меѓународната заедница, која се обиде, со учеството во Пржинскиот договор, како дресер на диво крволочно животно да му пријде на Груевски кротко и одоколу за да не го разбесни ѕверот во него, малку да го припитоми и незначително да го онеспособи, колку да се дотурка работата до некакви, какви-такви избори.
Значи поднасловите од Пржинскиот договор се тука. Еве и поглавјето околу медиумите се „запиша“ како нешто договорено. Супер! Ад-хок тело за медиуми! И тоа тело ќе се стокми партиски три спрема еден и пол, во најдобар случај.Но, еве, да веруваме во колегите што се предложени од партиите дека, сепак, ќе бидат неутрални и дека колку и да бидат притискани од предлагачите ќе си го додржат својот професионален интегритет. Е, сега, што задача ќе има тоа тело? Да го мониторира и да го оценува балансираното известување на медиумите во период од 100 дена пред изборите. И што? Еве, ќе мониторира. Еве, ќе оценува.

И ШТО АКО МЕДИУМИТЕ ДОБИЈАТ КЕЦ?

Па, речиси цела нација веќе 10 години мониторира и оценува дека им се гади од пропагандата на Сител, Канал 5, Алфа и МТВ. Дури и самите вмровци засрамено велат дека се претерало. Да не зборуваме за светските новинарски асоцијации кои нашето телевизиско новинарство, со чесни исклучоци, не би го ни мониторирале. Пријатели, новинари, кои учествувале во подготовките на некои од извештаите за слободата на медиумите во Македонија во слободен разговор велат дека не им е јасно што мониторирале. Едноставно, сметаат дека тоа што го виделе во Македонија кај главните национални телевизии не би требало да биде предмет на оценка на новинарски професионалци. Тоа би им го препуштиле на други служби, кои би реагирале според други закони, а не според закон за медиуми.
И сега, 100 дена ќе се мониторира и ќе се оценува. И, еве, оценката за „балансираното“ известување, на пример, за Сител да биде „кец“. Ќе го затворат ли Сител сред изборна кампања? Можеби не ми се познати некои детали, па се прашувам дали „телово“ ќе дава секој ден групен извештај пред јавноста и каков механизам е предвиден кога, не велам доколку, ќе се констатира грубо кршење на правилата за медиумско избалансирано „обојување“ на програмите. За жал, ваква, или слична синтагма не сретнав во договорените работи меѓу партиите. Се бара само „избалансирано известување“, што и да не гледам знам дека до секунда ќе биде исполнето.
Ќе биде „ред вода, ред риба“, со стоперка ќе се мери секој извештај од митинзите, коференциите за печат, претставувањето на програмите, настапите на носителите на листите, секому подеднакво. Така изгледа избалансирано извстувањето во врска со изборите! Арно, ама, во тоа „избалансирано известување“ не влегуваат прикаските, сториите, уводите и коментарите на водителите, фалешниците за овој и оној проект, овој или оној медицински или хуманитарен подвиг. Па тоа поплавените подрачја ќе бидат „лав стори“. Околу секое патче и мудбаче ќе се прават репортажи. Е, сега, ако во тие стории влезе со сурат некој од власта, нема што да се прави. Е, толку кај нас се може.

БЛИСКА СРЕДБА СО ЕКОНОМИЈАТА

Да направевме некој автопат и да требаше баш во изборната кампања да се пушта во употреба, батали правила, балансирано известување, а бе сите ќе замижевме, па нека ни истрча Груевски пред камерите со ножиците, само пусто да имаме нешто што другите држави околу нас веќе одамна го имаат. За жал, на благонадежните телевизии им останува во тие 100 дена да ѝ го пумпаат рејтингот на власта со стории и репортажи околу подрумчињата, каналчињата, пази во екот на кампањата веќе исчистени, па со обновените шупи и надокнадените алати, па обештетувањето за добитокот...
Аха! Ова било потценување на несреќата на луѓето? Мрш, бре! Вие по вода пуштивте 25 луѓе и не ги спомнавте. Опасно и безобѕирно ги потценивте. Тие живи жени, мажи, деца се претворија во жртви токму поради вас и, море, има сите до еден да си ги носите на душа. Додуша оваа власт има за носење на душа бааги голем товар. Чудо како досега издржа на нозе. Но, објаснувањето е сепак едноставно. Наспроти себе има едно пасивно население чиј праг на издржливост е просто недофатлив, има една „официјална“ партиска опозиција и една скриена внатрешна опозиција на опозицијата, која си гледа сеир и не знам дали повеќе сака да го снема Груевски или, пак, Заев. Како и да е времето ќе покаже дали Заев изигра добро што седна на маса со Груевски и дали воопшто со одредбите на Пржинскиот договор оваа власт нешто значително се разниша. Мртвило!
И додека сите чмаеме и се прпелкаме во тоа мртвило, една огромна лавина злокобно нè дебне. Таа балансира на врвот, надвор од дворските игри. Забрзано се окрупнува, а и времето за неа забрзано работи и се ближи моментот кога таа со сета разорна сила ќе се струполи врз Македонија. Набргу ќе имаме блиска средба со нашата ЕКОНОМИЈА, лавината којашто ќе го збрише и Груевски, и Пржино, и работници и пензионери, и администрација и социјалци. Гадно! Овде застанувам. Ги поканувам стопанствениците да ни кажат што нè чека!
31-08-2016, 02:15 PM
Reply