Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Крсте Црвенковски
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Почеток на периодот на лидерството на Крсте Црвенковски во Македонија




[Image: C3D12BEF6F6157428DBD47E339A537E6.jpg]


Стојан Андов ● во 13:23 30 август 2016
Во броевите од 20 и 27 август, во додатокот „Култура, уметност и наука“ на белградска „Политика“ објавен е еден многу интересен текст, налик на трилер, од Душан Глишовиќ. Текстот ги прикажува интригите на западните тајни служби околу Андриќ и бравурите на Тито, кој ги неутрализирал тие интриги. Почеток на овој „трилер“ е објавувањето на расказот од Иво Андриќ „Лага“, кој всушност бил дел од тогаш необјавениот роман за Латас-паша, во новогодишниот број на тогаш многу тиражниот весник „Борба“, во 1959 година. Заплетот почнува кога во првите денови од јануари се уфрлил германскиот литерарен критичар Франц Енгелберт, објавувајќи свој текст и свое толкување на расказот „Лага“ во германскиот весник „Тагес шпигел“.

Овој германски критичар настојува да докаже дека расказот „Лага“, всушност е напад врз Тито од страна на Андриќ. За да ги појасни работите Енгелберт прави анализа на текстот на „Лага“. Бидејќи во расказот на Андриќ се зборува за Латас Паша кој во средината на 19 век бил испратен во Босна да ги смири босанските бегови, од султанот бил назначен за „сераскер“, што на турски јазик значело „врховен командант“, односно маршал. Овој сераскер, како што е познато, во Босна во 19 век вовел лична тиранија која ја одржувал делумно со жестоки репресалии, а многу добар дел и со неограничени лаги и лажни ветувања. Истакнувајќи го тој факт Енгелберт вели дека е очигледно дека тие кажувања на Андриќ се однесуваат на Тито, кој исто така со лаги се одржува на власт. Енгелберт наведува примери како сераскерот сите ги лажел во очи на неговото евентуално патување. Во очи на тој настан сераскерот им кажувал на сите, дури и на своите соработници погрешни податоци и за тоа каде ќе оди, кога ќе тргнува, со што ќе оди итн. Сличноста меѓу Тито и Латас-паша во нивната особина за лаги и измами Енгелберт ја истакнал со примерот со патувањето на Тито дека ќе било со авион во некои пријателски земји од Азија и Африка, а тоа соопштение било лажно бидејќи веднаш по тргнувањето на Тито било објавено дека на патување оди со бродот „Галеб“ и така, ситно, Енгелберт наведува докази дека Андриќ со својот расказ „Лага“ го разобличува Тито како голем лажго и дека тој расказ е очигледно антирежимски.

Глишовиќ прецизно ги објаснува околностите во кои се случувале тие настани. Тој потсетува дека Тито во 1957 година ја признал Демократска Република Германија (Источна Германија) како независна држава што предизвикало силен гнев во Сојузна Република Германија (Западна Германија) чија влада ги прекинала дипломатските односи со Југославија. Глишовиќ навестува дека оваа интервенција на Енгелберт е еден од повеќето случаи на политичката елита во Сојузна Република Германија за одмазда кон Тито токму поради тој Титов потег. Глишовиќ ги проширува сомневањата, укажувајќи дека оваа интрига на Енгелберт не е само германска туку зад неа стојат некои кругови во САД бидејќи весникот „Тагес шпигел“ почнувал да излегува во 1945 година под американско покровителство. Понатаму Глишовиќ наведува причини поради кои на така индиректен начин не само Германците туку и САД сакале да го притиснат Тито. Замислата била да се искористи веќе навестеното можно доделување на Нобеловата награда на Андриќ, така што би се испровоцирала реакција на Тито против Андриќ, слична на онаа реакција на режимот на Хрушчов против Борис Пастернак. Имено Пастернак во 1958 година ја доби Нобеловата награда, но набрзо потоа беше принуден да не ја прими, бидејќи беше изложен на страотен притисок од советскиот режим. Конкретна причина за тоа било објавувањето во Италија на романот на Пастернак „Доктор Живаго“ со образложение дека режимот не дозволува тој роман да се објави во Советскиот Сојуз. Резоните на Енгелберт и евентуално на ЦИА, како што навестува Глишовиќ, биле на Тито да му се намести случај како на Пастернак.

Андриќ, вели Глишовиќ бил погоден за таа намена не само поради објавувањето на расказот „Лага“, туку и поради фактот што тој бил амбасадор на југословенската кралска влада од 1939 до 1941 година во Берлин, при Хитлеровиот режим. Сеедно што вршејќи ја таа служба Андриќ не направил ништо што би го компромитирало, Глишовиќ смета дека Енгелберт и оние кои стоеле зад него оценуваат дека на Титовиот комунистички режим му пречи самиот факт што Андриќ во тоа опасно време бил во Берлин амбасадор при режимот на Хитлер. Значи, сугерирал Енгелберт дека ако Андриќ не ја доживее истата судбина како Пастернак, тогаш по објавувањето на неговиот расказ „Лага“, тој како писател ќе биде ставен сосем настрана, под лед. Како прв потег во тој правец Енгелберт укажува на фактот што на преминот од 1958 во 1959 година Андриќ ја напушта позицијата претседател на Сојузот на книжевниците на Југославија и на негово место дошол Мирослав Крлежа, кој, да додадеме, по сфаќањата на некои западни кругови во тоа време бил близок до Титовиот режим. Но, сите овие местенки се покажале сосем погрешни, промашени. Наскоро по сите овие настани објавена е нова книга на Андриќ во Југославија, а не бил повлечен ни предлогот на Друштвото на писателите на Југославија Андриќ да добие Нобелова награда. За две години од оваа измислена афера, во 1961 година, Андриќ ја доби Нобеловата награда и при предавањето му беше приредено големо признание.

Се покажа дека центрите на Запад воопшто не ги погодиле намерите на Тито. Во замислениот план да ја зајакне независноста во водењето на надворешната политика на Југославија од двата блока тој ги влечел своите потези во ова време кое го интересира и Енгелберт. Тито, кој и сосем како и другите Западни земји остро реагираше против инвазијата на Црвената армија во Унгарија во 1956 година, а да докаже дека не е прозападен и зависен од западните центри во надворешната политика, ја призна ДДР. Во работењето на својот нов проект Тито почувствува нужност да се дистанцира и од Запад. Така тој во 1958 година го откажа договорот за воена помош од 800 милиони долари, од САД на Југославија. Сите тие потези Тито ги направил за да се покаже во светот како аниматор и креатор на нова светска политичка сила – блокот на неврзаните земји. За таа цел тој го презел тоа големо поморско патување со „Галеб“. Со тоа патување на Тито се отворија патиштата на југословенската дипломатија да се впушти во акција која резултираше со одржувањето на првиот Самит на неврзаните земји на 1 септември 1961 година во Белград на кој учествуваа 25 земји.

Сите овие околности за нас се интересни ако се гледаат од посебен агол. Треба да истакнеме дека Тито патуваше со „Галеб“ од 3 декември 1958 до 8 март 1959 година. На „Галеб“ Тито поведе голема делегација во која учествуваа политичари на високи функции, дипломати, а имаше и уметници, од кои најмногу книжевници. Меѓу нив беше и Лазар Колишевски како член на сојузното Политбиро, а со него заедно од Македонија беше и писателот Славко Јаневски. На ова патување Тито на „Галеб“ организирал безброј свечени и раскошни приеми, со размена на многу и скапи подароци. Гостите на Тито на „Галеб“ уште немале јасна претстава за тоа што Тито работи и зошто така работи и му се нафрлиле на Тито со остри критики. Ороводец на таа болшевичка критика насочена кон Тито бил нашиот тогашен политички лидер Лазар Колишевски. Тој остро протестирал против раскошот на свечените приеми, против скапите облеки, против скапите подароци, но најмногу против некои протоколарни решенија. Имено, Тито на ова патување сакал да се претстави како демократски настроен шеф на држава, а не како политички аскет. Токму затоа, во протоколот веднаш по Тито како член на делегацијата била третирана неговата сопруга Јованка Броз. Тоа особено го налутило Лазар Колишевски бидејќи по рангот на функциите што ги извршувале членовите тој требало да биде втор човек. Таа мала побуна иако му го расипала расположението на Тито не му попречила да го спроведе својот план. Но, на палубата на „Галеб“ и во неговите салони се одигра еден настан кој имаше влијание на нашата историја. Тито тогаш го оценил Лазо како болшевички аскет и како човек кој не го разбира светот што доаѓа. Лазо немаше веднаш последици, но наскоро се виде дека е ставен на трансфер-листа. По него, во 1963 година за лидер на СКМ дојде Крсте Црвенковски. Со тоа почна периодот на Крсте Црвенковски во политичкиот развој на Македонија. 
 
(This post was last modified: 31-08-2016, 01:23 AM by ЈорданПетровски.)
31-08-2016, 01:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Доаѓањето на Крсте на лидерската функција



Стојан Андов ●  05.09. 2016

Кога се врати бродот „Галеб“ од тримесечното патување, Тито беше начисто дека Колишевски треба да биде сменет од лидерската функција во Сојузот на комунистите на Македонија. Но, за два месеца требаше да се одржи Третиот конгрес на СКМ, за кој, веќе се беше подготвено, одново да го избере Колишевски за лидер на македонските комунисти. Тито посакуваше таа смена да не изгледа како смена, туку да добие форма на доброволно одење на Колишевски од таа функција, на некоја од највисоките функции во Федерацијата. Исто така Тито сметаше дека по Колишевски во Македонија треба како лидер да дојде најдобриот од сите оние кои во Македонија го сочинуваа нејзиниот раководен слој. Дури и да не биде предложена од Колишевски таа личност, ако така се постапи Тито сметаше дека македонската јавност ќе добие претстава дека се работи за континуитет и дека новиот лидер е предложен и поддржан од Лазо Колишевски.

Ваквиот концепт на Тито едноставно му се налагаше од реалната ситуација во Југославија. Треба да потсетиме дека неговиот проект за создавање на трет блок на кој неформално на чело ќе биде Југославија и тој лично, блок на неврзаните земји, се уште беше во почетна фаза и мнозинството од релевантните политичари во Југославија целата таа работа не ја разбираа и уште не можеа да ја прифатат како сериозен и реален проект. Едвард Кардељ, на пример, најблискиот соработник на Тито, не ги одобруваше првите чекори што ги правеше Тито на надворешен план во Европа. Титовото признавање на Источна Германија, Кардељ не го одобри, дури со еден круг на свои соработници даде знаци на противење. Целата работа ним им изгледаше вака: Југославија зазеде правилен став против интервенцијата на Црвената армија во Унгарија во 1956 година, но веќе 1957 година со признавањето на независноста на Источна Германија фактички се вброи меѓу земјите на Советскиот блок, бидејќи таа земја дотогаш ја признаваа само Советскиот сојуз и неговите сателити. По повод на тие настани, но и други, врзани за внатрешното уредување на Југославија, фактички се појави голема разлика меѓу ставовите на Тито и Кардељ.

Дури и кога самиот Кардељ не настапуваше, барањата на словенечките раководни луѓе за укинување на Сојузниот инвестиционен фонд, на пример, кој парите што ги прибираше од цела Југославија, без некои посебни критериуми речиси арбитрарно ги делеше по републиките, Словенија се чувствуваше по тоа прашање многу засегната. Излезот Кардељ го гледаше во темелни промени во системот со посилно воведување на пазарните критериуми како регулатори на економските текови. Неговите впечатоци од раните 50-ти години кога ги посети Шведска, Норвешка и Данска му даваа уверување дека и Југославија може да го копира тој пат, врз пазарно-економски принципи да изгради државна интервенција како коректив со која државата ќе се претвори во социјална држава, која се грижи за сите.

Иако ограничено, сепак Кардељ цврсто се држеше за престројување на Југославија кон Запад, но без членство во НАТО или во Европската Заедница. Тие разлики меѓу Тито и Кардељ по стратегиските прашања на внатрешното уредување на земјата и нејзината надворешна политика, станаа голем товар на земјата, внесоа голема затегнатост во односите на тие две личности што, според некои неодамнешни податоци, Тито за да го оневозможи Кардељ во неговата дејност барал од Ранковиќ спрема Кардељ да примени мерки што ќе ја неутрализираат неговата дејност. Уште не е расчистено дали во врска со тој судир или без врска со него дојде до несреќата нешто подоцна, во ловот во Караѓорѓево, кога некоја пушка случајно пукнала и го погодила Кардељ во тилот од што тој тешко се опорави.

И Коча Поповиќ, тогашниот министер за надворешни работи не го прифаќаше Титовото приближување на Југославија кон Советскиот блок и неубедливата причина за тоа приближување - неизвесното формирање на трет политички блок.
На Тито не му беше сеедно, по една или по друга основа во Југославија, „од Триглав до Гевгелија“ да се формира опозиција на неговиот проект за создавање на нов, трет политички блок во светот. Една од опасностите што тој ги согледуваше, е во Македонија да се случи нешто слично, како што во Словенија се случи, т.е компактното политичко раководство во Републиката, што во Словенија застана зад Кардељ, во Македонија да застане зад Лазо. И затоа тој причека во македонското раководство да дојде до некоја пукнатина под чие дејство ќе биде погоден и Лазо Колишевски.

Неочекувано наскоро се појави таков случај. Вера Ацева, легендарна и неустрашива партизанка и комунистичка раководителка, која беше член на најтесното политичко раководство во Републиката, во 1960 год. му упати на Лазо писмо со остра критика, обвинувајќи го за узурпација на одлучувањето и на водењето на политиката, без и надвор од избраните органи. На Тито му дојде многу згодно да покаже голема грижа за тој настан и да побара од Александар Ранковиќ да појде во Македонија да помогне да се реши тој спор. Ранковиќ, според очекувањата, во спорот меѓу Вера и Лазо ја зеде страната на Лазо, а Вера беше отстранета и испратена во Белград на работа. На Тито тоа му беше доволно. Со тоа се покажа дека не постои во Македонија еднодушна поддршка на Лазо Колишевски; напротив, дека постои отпор и дека тој отпор сам Колишевски не можел да го скрши, туку била потребна интервенцијата на Ранковиќ. Кај голем дел од политичката јавност таа интервенција од Србија во Македонија, оставила мачен впечаток. Со тоа веќе се отворија патиштата за смена на Лазо.

Требаше, уште да се најде вистинска замена за него, човек кој ќе има пошироки погледи за состојбите во Југославија и за местото на Југославија во светот, а исто така ќе биде поблизок со Тито. Треба да се каже дека во дотогашното работење Колишевски главно во Федерацијата соработуваше со Ранковиќ, а го почитуваше Тито. Новиот што ќе дојде, Тито очекуваше да биде директно поврзан со него. Но исто така Тито не сакаше да се добие впечаток дека новиот лидер во Македонија е наметнат од него. Напротив тој ги водеше работите така што јавноста да биде убедена дека личноста што ќе го замени Колишевски, фактички доаѓа на тоа место по предлог и барање на Лазо Колишевски. Тие услови најмногу ги исполнуваше Крсте Црвенковски. Тој беше близок, може да се каже најблизок соработник на Колишевски, вршејќи ја повеќе години функцијата Организационен секретар на ЦК СКМ. Таа прилика на Тито му се укажа во 1963 година, кога колегата на Колишевски од Србија, Петар Стамболиќ беше тргнат од лидерската позиција на српските комунисти и беше избран за претседател на Сојузниот извршен совет (Сојузната Влада).

Колишевски тогаш беше избран за претседател на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, а истата година за Секретар на ЦК на СКМ е избран Крсте Црвенковски. Покрај сите околности кои ги споменавме, во прилог на Крсте одеше и фактот што тој како министер за просвета и култура во Сојузната влада во Белград покажа способност, динамика и ширина со што доби заслужен углед во целата земја.

Така беше изведена таа сложена операција, во даден момент, која инаку траеше речиси четири години, на замена на Лазо со Крсте Црвенковски и доаѓањето на Црвенковски на лидерската позиција во Македонија. На Лазо му беше сосем јасно дека е шега, а не вистина споредувањето на неговата нова функција со онаа на Стамболиќ, но тој молчеше. Од сите тие промени во македонската јавност беше забележано молчењето на Лазо, што даваше на знаење дека промените оставиле горчина во него. Тогаш Лазар Колишевски имаше 49 години, а Крсте Црвенковски 42 години.
05-09-2016, 03:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: zvx8if.jpg]


[Image: 6zonrk.jpg]
18-10-2016, 11:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 5wim8p.jpg]
19-10-2016, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 10ws879.jpg]
19-10-2016, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: fnb9d3.jpg]
19-10-2016, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: bhg6fq.jpg]
19-10-2016, 12:45 AM
Reply