Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕРДОГАН Е НОВИОТ ХОМЕИНИ !!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Берлин: Турција е поддржувач на милитантниот исламизам и тероризам


Германската влада во Турција, според информациите на АРД, гледа „централна акциона платформа“ за исламистички и терористички организации на Блискиот Исток.

[Image: 0,,18954658_303,00.jpg]

Главното студио на Првиот германски јавен телевизиски канал АРД своите информации ги темели на одговорот на германската влада на прашање упатено од пратеничката група на Левицата, кој носи назнака „доверливо“, а до кој дошла редакцијата на АРД.

„Идеолошки афинитет“

Во владината изјава се вели: Анкара со години соработува со исламистите. Кај конзервативно-исламската владејачка партија АКП и кај претседателот Реџеп Таип Ердоган постои „идеолошки афинитет“ на пример кон Муслиманското братство во Египет. „Како резултат на од 2011 година постепено исламизираната внатрешна и надворешна политика на Анкара, Турција се разви во централна акциона платформа за исламистички групации во регионот на Блискиот и Средниот Исток“, цитира АРД од владиниот одговор.
Во него се укажува на турската поддршка на вооружените исламисти во Сирија и палестинската организација Хамас.
Со ова германската влада првпат официјално упатува на директна врска меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и терористичка организација, зашто Хамас, кој владее во Појасот Газа од 2003 година, во ЕУ е класифициран токму во таа категорија.

Проценки од БНД

Владиниот одговор, наведува АРД, се базира врз проценките на Германската служба за информации, БНД. Германската влада меѓутоа не сака да ја објави јавно својата изјава, поради државни причини, наведува АРД, повикувајќи се на образложението на парламентарниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Оле Шредер.
Досега германската влада искажуваше само навестувања за блискоста на турската политика кон милитантниот исламизам, се вели во извештајот на АРД. Во подготвувањето на одговорот на прашањето на Левицата, Министерството за внатрешни работи не се консултирало со Министерството за надворешни работи.
16-08-2016, 04:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: 2usu1c1.jpg]


На некоја од идните олимпијади уверен сум дека ке се случи истото и со Турските натпреварувачки.
17-08-2016, 07:45 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Ти си што Јордане? Уверен?! На тебе ти диктираат се`, кај тебе нема сопствено уверување.
Берлин е најголемиот поддржувач на радикалнио ислам во Европа. Од 1941 па навака.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
17-09-2016, 01:42 AM
Reply