Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛУДИЛОТО НЕМА КРАЈ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,202
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Шокантно: потврдено дека Италија е дел од државниот преврат во Македонија


Вторник, 09.08.2016 23:55

Информациите дека зад прислушкувањето на околу еден милион телефонски разговори во Македонија, во период 2010-2015 година стојат техничките и разузнавачки капацитети на САД и Велика Британија, и дипломатската логистика на Италија која создавала и одржувала контакти и планирања со Зоран Верушевски (екс директор на ДБК од СДСМ), Зоран Заев но, и друго лица од СДСМ, активисти на соросоидите и подземјето прв пат се појави низ изјавите на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас при неговоро гостување кај Јанко Илковски на Сител 3, уште пред неколку месеци, како и серија текстови во дневниот весник Вечер на таа тема во тој период.

[Image: photo_verybig_19840.jpg]

Италијанската дипломастка врска и ставањето на Верушевски, според тие наведени информации, почнало уште во деведесеттите и потоа, кога Верушевски бил на функција во македонската амбасада во Италија, а подоцна Верушевски создадениот фонд од незнакнски прибавени туѓи телефонски разговори за пари и други видови награда ги продавал на италијанските разузнавачи, како и на други амбасади во Македонија.
Да нема забуна, Верушевски и неговите соработници (кои ова го признаа и на суд) неможат да создадат база од околу еден милион прислушкувани разговори, нивниот фонд е само дел од вкупната маса разговори прибавени преку ангажман на други, големи странски, глобални разузнавачки системи кои имаат моќ да следат и забележат близу еден милион телефонски разговори во Македонија. Верушевски само го дополнил вкупниот фонд, и плус им давал безбедносни и разузнавачки информации, опис и карактеристики на настани и личности кои се прислушкувани за потреби на странските разузнавачи, а потоа и за потреби на СДСМ и активистите на фондацијата Сорос, како и подземјето кое ги користело за рекет и уцени.

[Image: Misadventures%20in%20Macedonia%20%20%20Balkanalysis.jpg]

Она што наведените домашни новинари и медиуми одамна го објавија, неодамна до последна буква го потврдија - италијанските новинари, истражувачи Матео Албертини и Крис Делисо, и своите заклучоци од повеќемесечните истражувања за вмешаноста на италијанскиот амбасадор Белини во обид за државен преврат во Македонија и соработката со СДСМ, Зоран Заев и Верушевски го објавија на сајтот Balkanalysis.com
Инволвираноста на италијанската дипломатија и тајната служба во обидот за државен удар во Македонија, конекцијата со поранешниот прв разузнавач, првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, како и сите хронолошки фази од политичката криза во Македонија, се предмет на анализата од петнаесет страници објавена минатиот месец на интернет-порталот „Balkanalysis.com“, посветена на случувањата изминатата една и пол година.
Анализата ја изработиле двајцата автори Матео Албертини и Kрис Делисо. Првиот е соработник на „Balkanalysis.com“ од Милано, а ги покрива темите врзани за Западен Балкан и релациите со Италија, а вториот е основач и директор на конкретниот портал, по потекло Американец, кој од 1998 година живеел во три балкански земји постојано патувајќи и истражувајќи како новинар и аналитичар.
Моментно стациониран во Скопје, Делисо пишува на теми врзани со балканскиот политички развој и социјалните трендови, регионалната безбедност и тајните служби, тероризмот.  Оваа анализа е целосно достапна на http://www.balkanalysis.com/blog/2016/07...macedonia/) и истата дело од серијалот слични истражувања во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и во Словенија.
Според Албертино и Делисо Македонија е единственото место каде што италијанските дипломати и разузнавачки служби се целосно компромитирани и судејќи врз основа на информациите со кои располагаат, односите меѓу Македонија и Италија веќе никогаш нема да биде како порано. 

Дневниот весник Дневник пренесува дел од тие анализи:

[Image: beleli.jpg]

Италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели негира дека имал какви било тајни средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев за работи поврзани со планираниот државен удар, освен официјалните - во амбасадата и во седиштето на СДСМ, се вели во анализата објавена на порталот „Балканализис.ком“ со наслов „Италијанските безбедносни служби во МЕНА и на Балканот, Дел 3: Авантурите во Македонија“.
Таа е дел од серијалот слични истражувања во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и во Словенија. И покрај тоа што Белели негирал, а подоцна и извор на „Балканализис.ком“ во италијанската дипломатија на авторите им изјавил дека познавајќи го семејството Белели, не му е верно оти амбасадорот е толку паметен да може да се вмеша во операција за државен удар - Албертино и Делисо наведуваат два момента од септември 2014, кои заслужуваат да бидат нагласени:
- Прво, Зоран Верушевски побарал да му гарантираат пат за бегство барајќи од Заев да му обезбеди италијанска работна дозвола преку Белели; според неколку извори Верушевски очекувал да стане професор, или да работи во тинк-тенк во земјата каде што работел неколку години претходно (во дипломатска мисија) и на тој начин вешто да избега од хаосот што ќе го предизвика претстојниот пуч.
Без разлика дали визата била обезбедена, препредениот поранешен шеф на службата во Македонија знаел дека дури и барањето би го намамило Белели, па на тој начин би ја добил неговата соработка.
Втората работа е непромисленото одење на Заев кај Груевски и директно упатената закана дека нерегионална странска разузнавачка служба му ги дала снимените податоци - пишува во анализата.

[Image: beleli%20%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B2%202.jpg]
Друг интересен факт е што Белели за време на интервјуто за „Балканализис.ком“ не можел да се сети кога точно Заев му кажал дека му го прислушуваат телефонот, ами само дека му соопштил дека биле следени комуникациите на шестмина амбасадори.
- Прашан дали Заев му дал слична папка, Белели ни кажа: „лидерот на СДСМ не понуди, а јас не побарав транскрипти од моите комуникации“ - пишуваат Албертини и Делисо.
Но подоцна, без да биде прашан, Белели самиот им открил специфичен детаљ за папката разговори, која наводно не ја примил, што за авторите е уште една потврда дека нешто не одговара во сликата што Белели ја презентира. Тој им рекол оти претпоставува дека разговорите биле преведени на англиски или италијански и веќе впечатокот на авторите бил поинаков. 

[Image: Zaev-Janeva-Verusevski-640x341.jpg]

Дали беа прислушувани сите локални телекомуникациски мрежи?

Kако и да е, амбасадорот воопшто не бил заинтересиран да ја открие вистината што точно се случи во Македонија. А кога е во прашање коренот на проблемот, анализата му дава посебно значење на едно од најважните, но неодговорени прашања, кое остана отворено и во извештајот на Прибе: - Дали биле прислушувани сите локални телекомуникациски мрежи?
Ова може да биде исклучително важно бидејќи еден извор, кој е во тек со случајот, истакна за „Балканализис“ оти најверојатно сите снимки биле направени на мрежата на „Т-мобиле“, не на другите. Ако е така, тогаш е можно да не била користена само владината опрема СИГИНТ и дека можеби дополнително бил искористен методот на софтверски упад, слично како во случајот со „Телеком Италија“ за упад во опремата на МВР.
Ако ова се покаже точно, целиот случај може да добие целосно нови димензии - потенцираат авторите. Според нив, кога станува збор за Прибе, во изјавите на Белели има уште еден контрадикторен момент, а тоа е дека тој имал една кратка средба со Верушевски, што претходно воопшто не им била спомената на авторите на анализата кога претходно имале разговор со висок претставник на тимот од амбасадата.
- Уште едно прашање што остана неодговорено од нашето интервју со Белели е како еден италијански член на тимот на Прибе, инспекторот Маурицио Варанезе, по Пржино, стана советник во канцеларијата на специјалниот обвинител од СЈО? Се сомневаме дека одлуката има врска на повисоко ниво со помагање во водењето на СЈО во вистинската насока во однос на тоа кои би биле неговите должности - е нагласено во анализата.

[Image: mogerini-se-izvini.jpg]

Дали и што знаеше Федерика Могерини?

Според Албертини и Делисо, следен важен момент во анализирањето на хронологијата на политичката криза е појавата на сограѓанката на Белели, шефицата за надворешна политика на Европската комисија Федерика Могерини. Летото пред да почнат бомбите на СДСМ, во јули 2014 година, таа беше на неколкудневна мисија на Балканот. Могерини во Скопје се сретна со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзиниот сопартиец Дамјан Манчевски, во периодот кога СДСМ протестира и го бојкотира Собранието.
„Висок претставник на тимот на Прибе претходно ни призна дека тој го знае она што сите во Македонија веќе го знаат: дека лукавата Шекеринска (штитеничка на основачот на СДСМ Бранко Црвенковски) отсекогаш била вистински лидер на партијата. Помалку интелигентниот Заев беше испратен само за јавни обраќања - претседател само на име, рурален градоначалник кој лесно може да биде жртвуван“, пишува во анализата.
[Image: ZZ%20-%20Copy%201.jpg]

Според изворите на „Балканализис“ Манчевски бил назначен од СДСМ да избере точно кои од прислушуваните разговори од четиригодишниот плен на Верушевски ќе се користат. Бомбите почнаа на 9 февруари 2015 година. 
Според изјавите на Белели, тој не се сеќавал дали Шекеринска и Манчевски ја информирале за бомбите, ама без да биде прашан самиот се заплеткал откривајќи дека имало уште еден состанок зад затворени врати, на кој не присуствувал и не знаел што било дискутирано.
Вториот факт е дека на 2 септември 2014 година Могерини предупреди во Европскиот парламент дека работите во Македонија би можеле да тргнат во несакана насока ако не биде решен спорот за името со Грција. „Една од главните цели на кампањата на СДСМ е (според насоките од Запад) да се создадат услови за промена на името.
Оттаму, нешто се случило во периодот меѓу јули и септември 2014 година што го зацврсти ставот на Италија и создаде загриженост дека може да дојде до дестабилизација. Беше ли тоа директно кажано на Могерини или пак на Белели, или на некој друг? Веројатно никогаш нема да дознаеме. Но веројатно е дека Могерини ја прифатила политиката на СДСМ, која беше на работ да организира голем државен удар“, се вели во анализата.
На крајот авторите завршуваат со почетната поента дека останува нејасна причината за вмешаноста на италијанската дипломатија и тајна служба во креирањето и развојот на македонската политичка криза. „Нејасно е и дали во отсуство на отворена и транспарентна истрага за обидот за државен удар некогаш ќе се докаже или разоткрие она што во јавноста се перципира како италијанското соучество“, порачуваат авторите.

[Image: %D0%B7%D0%B7.jpg]

ГРЧКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОДЛУКИТЕ НА МОГЕРИНИ

Ако Могерини била неинформирана за Македонија додека беше италијански министер за надворешни работи, тогаш кој ја информира кога се пресели во Брисел, е главната дилема на авторите. Имено, во службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) има двајца експерти чии информации сигурно помогнале за насочување на нејзината политика. Првиот е Ален Лероа, француски поранешен специјален претставник на ЕУ во Македонија, кој беше задолжен за ЕЕАС кога се избираше експертскиот тим на Прибе. Лероа беше во Македонија од 2001 до 2002 година, периодот на војна кој резултира со четирипартиските преговори кои резултираа со Охридскиот рамковен договор.
- Вознемирувачките сличности меѓу странското мешање во настаните од 2001 година и оние од 2015 година ја направи веќе циничната македонската јавност уште понезадоволна - коментираат авторите на анализата.
Вториот човек од влијание од кабинетот на Могерини, Ана Везироглу, е исто така многу интересен лик. Таа била штитеничка на многу влијателниот италијански либерален дипломат Стефано Санино и беше назначена во кабинетот на Могерини да ги покрива Западен Балкан, Турција и други теми. Ова именување, се вели во анализата, и овозможило на грчката страна влијание од високо ниво врз одлуките на Kомисијата под Могерини, која стана многу корисна во промовирањето на грчките национални интереси за време на кризата во Македонија.


БЕЛЕЛИ ЖРТВА КАКО ЗАЕВ, КЛУЧЕН Е ФИЛИПО KАНДЕЛА

[Image: thumbs_b_c_a7033495ecf218c0e5a8123ec39e9aa8.jpg]

Белели, констатираат авторите, бил жртвуван како и Заев, на сличен начин, само од други структури. Но токму ваквата поставеност на работите ги поттикнало на заклучокот дека една од клучните фигури на италијанската улога во македонската криза е претставникот на италијанската тајна служба (АИСЕ) во Македонија, Филипо Kандела
За него е интересно тоа што не е наведен на листата со вработени во италијанското МНР. - Иако точната разузнавачка улога на Kандела во кризата останува непозната, многу е веројатно дека АИСЕ презела потемелни мерки за да ја избегне видливоста и му дозволила на Белели да ја преземе целата критика - се вели во анализата.

ПОВТОРУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Авторите на анализата наведуваат уште една вознемирувачка сличност, односно повторување на историјата во смисла на вмешаност на западните сили во поставување на балканската политичка сцена. Тие ја споредуваат хронологијата на настаните со т.н. мирцштегска реформска програма од 1903 до 1909 година.
Имено, наменета да ја смири кризата во завојуваната отоманска Македонија, реформската програма и дала на секоја голема сила зона на територијална контрола во географска Македонија. Тие требало да ги набљудуваат реформите побарани од султанот, но наместо тоа целата мисија очекувано се свела на борба за моќ и интереси.
Еден од клучните сојузи бил оној меѓу Британија и Италија за да ги неутрализираат некои од континенталните сили и Русија. Во 1911 година, две години по пропаѓањето на реформите, почнала италијанско-либиската војна.
„Да се вратиме во 2015 година кога Македонија повторно стана предмет на геополитички интриги и трпеше поради историската мигрантска криза од Турција и од Грција. Експлозијата на мигрантската криза поттикна специјален извештај на италијанското разузнавање за потенцијалните безбедносни ризици за Италија од мигрантите што патуваат преку балканската рута. Досега ниту еден медиум не извести за ова“, пишува во анализата.  (Дневник)


START.MK

Импресум
contact: media@vesti.mk

Уредник:

Драган Павловиќ Латас
latas@vesti.mk
(This post was last modified: 09-08-2016, 01:26 AM by ЈорданПетровски.)
09-08-2016, 01:23 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

На Јордан удбашот лудилото нема крај- работи за некого, не знае за кого... Ни благодарам нема од него кога ќе му кажат за кого всушност работи. Кутриот сакаше да одработи за англиски лорд, а тоа да ми ти било таму некои жабари...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
12-08-2016, 07:33 PM
Reply