Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Велија Рамковски (клипчиња)
Author Message
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

(28-12-2010, 03:32 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Никола и христо, дното на А1 другиве медиумски постројки тешко некогаш ќе го стигнат. А1 маршевката не е опозиционерска- контра владата, таа е антидржавна. Грчките монархофашисти добиваат повеќе време пред камери во Македонија на А1 отколку во Грција. Па имаш симулација на преговори за име. Па вонредните дешавки на Борјан. Па невротичните испади на внука му Тањичка среде Брисел. Тоа не е опозиционерско обоено новинарство. Тоа е ревносно службување на антидржавната кауза. Затоа е А1 онолку гнасна колку што е и затоа онолку аплаузи дека им ги поапсија директорите, не дека беа против државното уредување, тие беа против државата.

Se soglasuvam so tebe,bidejki kako sto odat rabotite lesno moze da ni se smaci od se,pa da prestaneme da se informirame sto se slucuva vo nasata drzava,pa i vo sosedstvoto.A toa e voved kon totalitarizam i diktatura.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
29-12-2010, 12:02 AM
Reply
demmian
Unregistered

 

Ххаахахахахахха Icon_razz Icon_razz Icon_razz
Малку да се насмееме Icon_razz Icon_razz Icon_razz

Стихотворба,која случајно ја открив не знам кој е јунакот што ја измислил Icon_razz



Велија црни Велија
дом ти е црна келија
престолнини не те собраја
џандари тебе подбраја!

.................Не беше роден Велија
да гниеш в црна келија!
Таму те сонце не грее
таму те ветре не вее

Вмро грев не простува
Вмро криминалци пеплосува!
Шутка твоја друга дома стана
ке бидиш на диета, без луксузна хранa !
29-12-2010, 02:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-12-2010, 03:32 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Никола и христо, дното на А1 другиве медиумски постројки тешко некогаш ќе го стигнат. А1 маршевката не е опозиционерска- контра владата, таа е антидржавна. Грчките монархофашисти добиваат повеќе време пред камери во Македонија на А1 отколку во Грција. Па имаш симулација на преговори за име. Па вонредните дешавки на Борјан. Па невротичните испади на внука му Тањичка среде Брисел. Тоа не е опозиционерско обоено новинарство. Тоа е ревносно службување на антидржавната кауза. Затоа е А1 онолку гнасна колку што е и затоа онолку аплаузи дека им ги поапсија директорите, не дека беа против државното уредување, тие беа против државата.



BravoBravoBravoBravo
29-12-2010, 02:26 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(29-12-2010, 02:12 AM)demmian Wrote: Ххаахахахахахха Icon_razz Icon_razz Icon_razz
Малку да се насмееме Icon_razz Icon_razz Icon_razz

Стихотворба,која случајно ја открив не знам кој е јунакот што ја измислил Icon_razz



Велија црни Велија
дом ти е црна келија
престолнини не те собраја
џандари тебе подбраја!

.................Не беше роден Велија
да гниеш в црна келија!
Таму те сонце не грее
таму те ветре не вее

Вмро грев не простува
Вмро криминалци пеплосува!
Шутка твоја друга дома стана
ке бидиш на диета, без луксузна хранa !

А барем, служат ли СМОКИ?
29-12-2010, 02:36 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Абе не реков дека А1 е којзнае каква телевизија. Ама сепак народ повеќе сака да гледа она што се прави во власта, не во опозицијата. Не сум глупав, знам што "демократа" е Борјан и Секулата, само ајде да ги споредиме со Сител, Канал 5, МТВ...99 % од медиумите во МК се контролирани од службите. Пред се од службите, па после партиите. Затоа што партиите без службите не смеат и не можат. Затоа постои КОТЛЕ што е наш издувен вентил.
29-12-2010, 04:22 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Дали е на повидок зделаката помеѓу Рамковски и Власта?

Quote:Датум: 10.01.2011, 15:15

СЛУЧАЈ “ПАЈАЖИНА“

Исчезнаа 500 регистри со докази од магацин на "Перо Наков"

Над 500 регистри со доказен материјал исчезнале од просторија во магацин на улицата "Перо Наков" 60 иако просторијата била запечатена по последната акција "Пајажина" на МВР, УЈП и на Финансиската полиција.

Ова денеска го соопштија од Финансиската полиција откако инспектори во присуство на двајца од притворените управители вршеа попис во магацините.

Инспекторите веднаш забележале дека недостигаат голем број од доказите, кои претходно биле фотографирани и снимени.

Просторијата била запечатена, но најверојатно се користел спореден влез или доказите се изнесувале низ прозор.

- При извршениот увид службените лица констатираа дека и покрај запечатувањето, непознато лице или лица влегле во просториите кои требаше да бидат предмет на понатамошна истрага и успеале да изнесат обемна документација - велат од УЈП.
10-01-2011, 08:33 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(10-01-2011, 08:33 PM)Solenik Wrote: Дали е на повидок зделаката помеѓу Рамковски и Власта?

Quote:Датум: 10.01.2011, 15:15

СЛУЧАЈ “ПАЈАЖИНА“

Исчезнаа 500 регистри со докази од магацин на "Перо Наков"

Над 500 регистри со доказен материјал исчезнале од просторија во магацин на улицата "Перо Наков" 60 иако просторијата била запечатена по последната акција "Пајажина" на МВР, УЈП и на Финансиската полиција.

Ова денеска го соопштија од Финансиската полиција откако инспектори во присуство на двајца од притворените управители вршеа попис во магацините.

Инспекторите веднаш забележале дека недостигаат голем број од доказите, кои претходно биле фотографирани и снимени.

Просторијата била запечатена, но најверојатно се користел спореден влез или доказите се изнесувале низ прозор.

- При извршениот увид службените лица констатираа дека и покрај запечатувањето, непознато лице или лица влегле во просториите кои требаше да бидат предмет на понатамошна истрага и успеале да изнесат обемна документација - велат од УЈП.

М м м убава работа...УБАВА РАБОТА! Прашање за милион КОЈ МОРОН ВЕРУВА ВО ОВА?
10-01-2011, 10:45 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(10-01-2011, 10:45 PM)Nikola Wrote:
(10-01-2011, 08:33 PM)Solenik Wrote: Дали е на повидок зделаката помеѓу Рамковски и Власта?

Quote:Датум: 10.01.2011, 15:15

СЛУЧАЈ “ПАЈАЖИНА“

Исчезнаа 500 регистри со докази од магацин на "Перо Наков"

Над 500 регистри со доказен материјал исчезнале од просторија во магацин на улицата "Перо Наков" 60 иако просторијата била запечатена по последната акција "Пајажина" на МВР, УЈП и на Финансиската полиција.

Ова денеска го соопштија од Финансиската полиција откако инспектори во присуство на двајца од притворените управители вршеа попис во магацините.

Инспекторите веднаш забележале дека недостигаат голем број од доказите, кои претходно биле фотографирани и снимени.

Просторијата била запечатена, но најверојатно се користел спореден влез или доказите се изнесувале низ прозор.

- При извршениот увид службените лица констатираа дека и покрај запечатувањето, непознато лице или лица влегле во просториите кои требаше да бидат предмет на понатамошна истрага и успеале да изнесат обемна документација - велат од УЈП.

М м м убава работа...УБАВА РАБОТА! Прашање за милион КОЈ МОРОН ВЕРУВА ВО ОВА?

Браво за Велија. Значи ја испазари работава. Оличен трговец. Е ај сега некој нека каже дека ВЛАДАТА СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА. Јас си мислам дека ВЛАДАТА СЕ БОРИ ЗА КОНТРОЛА ВРЗ МЕДИУМИТЕ. Би сакал да го чујам комнтарот на Србин или Националист по ова прашање.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
(This post was last modified: 11-01-2011, 03:45 AM by nikoj.)
11-01-2011, 03:45 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

За играње со докази е многу опасно,и е подлежно на кривичен прогон,и со доживотен апс.И тоа автоматски,без никаков судски процес.
Имено доказите кои се наоѓаат во тие регистри,се многу важни,бидејќи казната која треба како и целиот процес може да биде доведено во прашање.
За еден најдобар пример ке го опишам Ричард Никсон,за време на истрагата на Вотергате.Кој одбиваше да ги предаде доказите (лентите)на обвинителството му се закануваше долгогодишен апс.
Затоа треба да се поведе истрага,како се случило овие докази да изчезнат.Бидејќи станува збор за сериозен случај,како и за углед на Правосудните и Истражните институции.
Особено за ваков случај,каде државата е економски оштетена, а со тоа и довербата на граѓаните кон функционирањето на фер-плеј услови во економскиот живот.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
15-01-2011, 01:44 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(15-01-2011, 01:44 AM)basilius_2 Wrote: За играње со докази е многу опасно,и е подлежно на кривичен прогон,и со доживотен апс.И тоа автоматски,без никаков судски процес.
Имено доказите кои се наоѓаат во тие регистри,се многу важни,бидејќи казната која треба како и целиот процес може да биде доведено во прашање.
За еден најдобар пример ке го опишам Ричард Никсон,за време на истрагата на Вотергате.Кој одбиваше да ги предаде доказите (лентите)на обвинителството му се закануваше долгогодишен апс.
Затоа треба да се поведе истрага,како се случило овие докази да изчезнат.Бидејќи станува збор за сериозен случај,како и за углед на Правосудните и Истражните институции.
Особено за ваков случај,каде државата е економски оштетена, а со тоа и довербата на граѓаните кон функционирањето на фер-плеј услови во економскиот живот.
Само за потсетување Господинот Ричард Никсон живеел и работел во Америка. Далеку е Америка од нас. Кај нас Грујо и Велија си се договориле како ке се одвива сево ова и ОПАААА никој не видел 500 регистри како исчезнуваат. И уште нешто зарем кога се прибираат докази се оставаат да се чуваат од страна на обвинетиот. Тоа само кај нас е можно. Нели УЈП има депо за чување докази. Или би требало. Кој ке ми каже дека доказите не се оставени таму како варијанта за пазарење? И зошто никој не го бара Хеди?

DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
15-01-2011, 03:45 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Во право си Никој,бидејќи наместо државата,нашите политичатри ја бираат мафијата,со неа да владеат и да ја штитат од се.
И во Америка,еден период бил таков,но Американското општество,снајде сили да го реши тој проблем.Кај нас е проблемот што досега не се најдоа луѓе или јунаци што црвената чума ќе ја поразат.
Еве и тоа е поентата на овој форум,да охрабриме една слободна демократска дебата,да ги кажеме нашите вистински проблеми,и заедно како една комуна да најдеме решение за тие проблеми..
Дебатите и сите партии во Македонија,како што напиша Јанко Бачев,во својата последна колумна,глумат а не практицираат демократија во Македонија.
Поентата на демократија освен права е и да најдеме начин како нашите права да ги браниме,ако довербата која сме ја дале на нашите политичари ја злоупотребат.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 17-01-2011, 04:47 PM by basilius_2.)
17-01-2011, 04:46 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(17-01-2011, 04:46 PM)basilius_2 Wrote: Во право си Никој,бидејќи наместо државата,нашите политичатри ја бираат мафијата,со неа да владеат и да ја штитат од се.
И во Америка,еден период бил таков,но Американското општество,снајде сили да го реши тој проблем.Кај нас е проблемот што досега не се најдоа луѓе или јунаци што црвената чума ќе ја поразат.
Еве и тоа е поентата на овој форум,да охрабриме една слободна демократска дебата,да ги кажеме нашите вистински проблеми,и заедно како една комуна да најдеме решение за тие проблеми..
Дебатите и сите партии во Македонија,како што напиша Јанко Бачев,во својата последна колумна,глумат а не практицираат демократија во Македонија.
Поентата на демократија освен права е и да најдеме начин како нашите права да ги браниме,ако довербата која сме ја дале на нашите политичари ја злоупотребат.
Буквално сите демократии поминале низ периоди каде некоја банда имала контрола врз нешто. Некои била под целосна контрола како нас некои помалку. Едно не ми е јасно. До кога вака. До кога народов ке молчи и ке гласа за Курто или за Мурто. Не е дека нема опции. На нас ни треба лабава коалициона влада со повеќе политички субјекти внатре ама сите политички субјекти мора да имаат аспирации за преземање на целата власт наредните избори. Само тоа ке ги натера на работа.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
18-01-2011, 04:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Покренато обвинение против Рамковски и за уште 22 осомничени
10:21 | 23 март 2011
Форум

Основното јавно обвинителство за организиран криминал вчера поднело обвинение против Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија и уште 22 лица за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, даночно затајување и оштетување на доверители

[Image: lookup]

Обвинителството го товари Велија Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите.
Исто лице се појавувало како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менувале. Според Обвинителството, доказ дека сите овие фирми биле меѓусебно поврзани говорел фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми.
Според материјалните докази и превземените истражни мерки, една од фирмите во која имало тројца вработени на име изработка сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до телевизијата доставиле фактури во износ од 3 милиони евра, кои биле книжени и за овој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветни даноци.
Според обвинението, исто така се исплаќале големи износи на име плати за вработените, главно во телевизијата, а притоа биле пријавувани на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и другите вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, без да се плати данок за овие давачки.
Во обвинението се опфатени и злоупотребите при плаќањето односно неплаќањето на рекламите, исплаќањето на огромни средства во износ од околу 430 илјади евра од медиумот на приватните сметки на Рамковски и членовите на неговото семејство кои воопшто не биле вработени во телевизијата.
Според обвинението, градењето на дивоградбата во која живее Рамковски и неговото семејство во Нерези била платена од сметката на телевизијата во износ од околу 270 илјади евра, а било прикажано дека се вршат градежни работи за телевизијата.
Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.
Била извршена исплата од една од фирмите регистрирана како книговодствено биро на еден од пишаните медиуми за наводно рекламирање во износ од околу 880 илјади евра,
Исплаќањето на платите во готово, на вработените во пишаните медиуми, собирањето на дневниот пазар во готовина, која никаде не била прикажувана.
Во соопштението до јавноста, обвинителството соопштува дека додека работеле на овој предмет биле изложени и се уште се изложени на невиден притисок од страна на медиумите на „Перо Наков“.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести јавноста дека нема да подлегне на притисоците од било кој вид и дека ќе продолжи како и досега одговорно и законито да ги извршува своите обврски во гонењето на најсериозните облици на криминал во нашата земја“ се вели во соопштението на јавното обвинителство за организиран криминал.
23-03-2011, 11:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Случајот со снимките повторно актуелен!!
Дали Миленко се обидува со наметнување на стара тема да го спаси Груевски од медиумскиот линч, кој му го приредува секојдневно СДСМ.

"Чудо" е што на јадицата на Миленко се фати преискусниот Героски кој важи за голем борец против диктатурата на Груевски.
Ако Героски е толку засегнат заради причината што доживеа тогаш блам со текстот дека снимката е од полициско прислушкување можеше да сочека до петок, до денот кога ке почне изборниот молк, па тогаш да ја актуелизира случката, односно изјавата на Миленко.

Се плашам да не биде по онаа народната ни случајните случки не се случуваат случајно.




Quote:Талибанецот од Карпош


6. Своевремено постоеше интегрална аудиоснимка направена од Цветин Чилиманов за време на уреднички состанок на Време" и Шпиц" што го водеше газдата Велија Рамковски. Таму Велија кажуваше како не плаќа данок, како уценува новинари, како влијае врз ова-она... Тогаш, кога ја објавив снимката булументата величина на чело со Бранко Героски бараше податоци кој ми ја дал снимката, бараше да преземе акција Јавното обвинителство, тврдеше дека полицијата прислушувала, тврдеше дека снимката нелегално ја емитувам. И еве, сега пак има снимка. Овој пат измонтирана. Не го слушнав Героски да го користи истиот речник и истите аргумент" како пред некоја година. Двојни стандарди??? Ма, неееее!

VECHER




Quote:Обвинителу, читаш ли што пишува Миленко за Цветин?

[Image: Gero%20profil%20picture.jpg]
Бранко Героски

Еве што пишува Миленко Неделковски во својата колумна во „Вечер“: „Своевремено постоеше интегрална аудиоснимка направена од Цветин Чилиманов за време на уреднички состанок на Време и Шпиц, што го водеше газдата Велија Рамковски. Таму Велија кажуваше како не плаќа данок, како уценува новинари, како влијае врз ова-она... Тогаш, кога ја објавив снимката, булументата величина на чело со Бранко Героски бараше податоци кој ми ја дал снимката, бараше да преземе акција Јавното обвинителство, тврдеше дека полицијата прислушувала, тврдеше дека снимката нелегално ја емитувам. И еве, сега пак има снимка. Овој пат измонтирана. Не го слушнав Героски да го користи истиот речник и истите аргументи како пред некоја година. Двојни стандарди??? Ма, неееее!“

Пишува и како по обичај, прикрива клучни факти. Пред се, јас и Велија јавно ја потврдивме автентичноста на снимката. Ако Миленко прави паралела помеѓу таа снимка и снимките на кои, според Заев, е гласот на Груевски, тоа значи дека посредно признава дека и тие снимки се автентични. Јас такво признание од Никола Груевски не сум чул, но не ја отфрлам можноста Миленко да знае нешто повеќе од мене за својот личен пријател.

Инаку, неовластеното прислушување и тонско снимање се казнува според член 151 од Кривичниот законик на Република Македонија. Предвидена е затворска казна до една година или парична казна. Одговараат и тој што снимал и тој што ја пренесува снимката на трети лица. Да, тогаш кога некој го снимал Велија на колегиум на „Време“, јас барав истрага и се сомневав во МВР, како единствена стручна институција која би можела да има и овластување да врши такво снимање.

Не ни сонував дека тоа можел да го направи Чилиманов, подоцна советник во кабинетот на Ѓорге Иванов, сега дописник на МИА од Вашингтон. Се уште не можам да поверувам дека тоа е вистина, но кога Миленко вели така, мора да е проверено. Според тоа, сега обвинителот може да направи разлика и еве му јасна ситуација да реагира по допрен глас.

Како што веќе напишав, јас искрено посакувам Груевски уверливо да демантира дека снимките на кои го слушаме не се автентични и дека се монтирани. Дај боже да е така. Но, тогаш полицијата мора да го открие монтажерот или неовластениот снимач. А судот да го казни. Кој знае, можеби Миленко може да помогне. Како што сега го откри Чилиманов и го посрамоти пред целата македонска јавност.

PLUSINFO



23-04-2014, 04:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Чилиманов не признава дека снимката со Велија е негова, лаже ли Миленко?

Во врска со денеска објавената колумна на Бранко Героски на „Плусинфо“, до редакцијата се обрати Цветин Чилиманов со свој одговор и замолница да биде објавен во целост.



Подолу може да го прочитате интегралното:

Писмо од Цветин Чилиманов.



„Навистина депримира на кое ниво се сведе македонскиот печат. Кој ме знае, знае дека никогаш не бегам од долги и жолчни расправи, но во овој случај, пред да му одговорам на Бранко Героски, човек кој некогаш нешто значеше за новинарството во Македонија, кој ме прозива на својот портал, морам да застанам и подразмислам малку за тоа што ќе ме чека утре. Преписка со Саше Поликлинико?



Но, добро, кога веќе лично сум прозван, убаво домашно воспитување е да се одговори. Особено бидејќи се работи за тема која за мене лично е многу тешка, и на која јас и Героски излеговме на различните страни од приказната.



Сега се актуелни снимки и монтажи, а конкретната снимка за која што зборува Героски е направена некаде на крајот на 2007 година, кога Велија Рамковски, поранешниот газда на поранешната А1 телевизија, отворено им се закануваше на група од 50-ина новинари, уредници, фоторепортери и други вработени во весникот Време. Снимката покажува како Велија отворено се заканува дека сите вработени ќе ги избрка од работа доколку не потпишат отказ од фирмата која во моментот го издаваше весникот, и потоа потпишат договор за истото работно место, но во друга фирма, со што де факто ќе се откажеа од неплатените придонеси и другите права кои им следуваат. Старата фирма, потоа, се разбира, ќе одеше во стечај. Велија, на снимката, воедно вели дека условите за работа кај него и не се така лоши и тој не им се мешал многу на новинарите во работата, освен кога сакале да пишуваат за кривичните истраги против некој од неговите пријатели, како што се Јорго Ќука или директорката на УЈП Петра Митева (ова второто е особено интересно и открива многу за начинот на кој функционираат македонските медиумски олигарси, имајќи предвид дека во 2005 година истото тоа УЈП, под политички притисок, не откри никакви неправилности и и изрече смешна казна на А1 телевизија, овозможувајќи Пајажината да продолжи да се плете уште неколку години и да доведе до нивото во кое ја проголта целата телевизија). Велија овие закани ги изрече по неколкумесечно праќање посредници, кои во негово име се закануваа и ги заплашуваа новинарите. Во таква, крајно нарушена атмосфера во весникот, конечно големиот газда дојде и лично да им се закани на собраните новинари, на кои им должеше пари, дека тие што нема да го прифатат неговиот план ќе бидат отпуштени. Се сеќавам дека по настапот на Велија, на заедничкиот сервер на редакцијата имаше десетина снимки од газда Велија, кои за неколку дена ги имаше пола Скопје и кои служеа за терање мајтап со тоа до каде му отишол паметот на малиот Берлускони од Дебреште. Две од нив Миленко Неделковски подоцна објави во својата емисија, а да проверам низ моите стари компјутери, сигурно ќе најдам уште неколку. Лично не гледам ништо спорно тие да излезат во јавноста, како сведоштво за корумпираноста на еден македонски медиумски газда.



Додека Велија викаше и им се закануваше на новинарите на весникот Време, на другиот крај на ходникот, Героски, денес истакнат борец за слободата на медиумите, и колегите од весникот Шпиц, си молчеа. Јас самиот, и неколку мои тазе избркани колеги, јавно проговоривме за притисоците кои се вршеа кон нас и за очигледно криминалниот начин на кој Велија го водеше својот весник, што подоцна се покажа дека е само мал дел од вкупниот криминал кој се вршел во компаниите на кои газда Велија ставаше свои потчинети луѓе да бидат формални директори. Инаку, неколку години подоцна, кога две од тие снимки излегоа на Јутјуб, се сеќавам дека Героски отворено лажеше дека се работи за полициска снимка на негов телефонски разговор со Велија, од кој неговите реплики биле измонтирани. Денес на истиот Героски треба да му веруваме дека е експерт за немонтирани снимки.



За контекст за помладите читатели, кога Героски го продаде Дневник на ВАЦ на Срѓан Керим, во пакет со практично сите други дневни весници во Македонија, (правејќи неверојатна концентрација и монопол на пазарот) јас го напуштив овој весник за да бидам дел од весникот Време, проектот на Велија Рамковски да ја прошири својата ТВ империја кон печатените медиуми. Одеше како што одеше, тоа е време кога печатените медиуми веќе почнаа да пропаѓаат, а по некоја година кај Рамковски дојде и Героски, избркан од Дневник и во потрага по ухлебување. За човек како мене навикнат да работи во компанија која сама си го вадеше лебот, тоа што следеше беше навистина тажно и непријатно. Весниците веќе не носеа пари, нивното опстојување зависеше од волјата на олигархиските газди, а Героски покажа дека е шампион како таа волја и амбиција да ја подгрее, насочи и искористи. Додека Време се обидуваше колку – толку да зачува некое ниво и допир со реалноста, бесплатниот Шпиц на Героски почна кампања од Велија да прави политички лидер, премиер или барем министер за земјоделие. Героски, како Грима Црвоустиот, му ја полнеше главата на својот газда дека тој е над законот, дури и во тоалет одеше по него не давајќи му ни минута мир, и на крајот го фати на својата јадица. Велија почна да оди по кабинетите во Скопје и да се заканува дека неговата телевизија е калашњиков со кој може да создава или уништува политичари, а новинарската школа на Героски, составена од млади, слабо платени деца, кои главно се потпишуваа на неговите текстови, не правеше никаков проблем да ги извршува наредбите. На крајот, Велија се откажа од услугите на новинарите од Време, кои се обидуваа да задржат некакво ниво на професионалност и допир со реалноста, а ги задржа околу себе ласкавците кои си поигруваа со него, и му ги користеа телевизијата и
весниците како орудие за остварување на своите болни амбиции.



Да не бидам разбран погрешно, сосем е во ред медиумите да бидат критичари или поддржувачи на една политичка опција, но ние дојдовме во ситуација во која најмоќната медиумска групација во земјата правеше се што може за да запре здраворазумски реформи како што беше воведувањето дисциплина во платните односи, затоа што нејзиниот газда не сакаше да ги плати бедните придонесите за здравствено и пензиско осигурување за своите вработени, или киријата за просториите кои ги изнајмуваше. Медиумите на Велија прогласуваа јасни анти-корупциски случаи како тој за Петра Митева, за спорни, затоа што се работеше за луѓе кои му се нашле, или требаше да му се најдат на газда Велија. Почнаа кампања против градоначалникот на Скопје затоа што бараше да се платат давачките за зградата на А1 телевизија. Сето тоа под професионалната палка на Бранко Героски. Оваа школа на крајот, доведе до целосно партизирање на медиумите во Македонија, кои се поделија според партиските линии, и влегоа во отворена војна за преземање или одбрана на власта, за која сите знаеме како заврши. Останувам на тоа дека, многу подобро и за Велија лично, и за А1 телевизија, и за новинарството во Македонија, ќе беше да ги послушаше своите вработени кои му укажуваа дека има граници на неговото однесување и дека не може вечно да го избегнува работењето според законот, место што ги слушаше тие кои го сскаа да биде нашиот Берлускони“.


Quote:Во одговор на дописот од Чилиманов, главниот и одговорен уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски, вели:



„Цветине, прво да ги расчистиме елементарните факти. Јас не сум избркан од „Дневник“, туку ја напуштив редакцијата со спогодба. Ова е клевета, за која еден твој колега своевремено одговараше на суд и беше осуден, но се спаси со врски во Апелација.

Второ, јас не дојдов во Време по ухлебие, туку по барање на Велија Рамковски. Всушност, тоа било идеја на нашиот колега Георги Барбаровски. Ене ти го Барбаровски, жив и здрав е, нека ти потврди ако не веруваш.

Трето, кога дојдов во Време во 2005 година, затекнав весник со низок тираж и со многу проблеми. Пред кризата на „Перо Наков“, во 2010 година, која за мене останува политичка конструкција, Велија Рамковски беше индиректен сопственик на три дневни весници, со тираж од околу 100.000 примероци и на најмодерната печатница во Македонија.

Четврто, ти, како и многу други, ја преценувате мојата улога во менувањето на политичките позиции на газда Велија. Во периодот за кој зборуваш, а тоа е 2007 година, Рамковски е жесток поддржувач на Никола Груевски. Не е претерано ако кажам дека неговите „А1 телевизија“ и „Време“ во 2006 година клучно придонесоа Груевски по првпат да победи на изборите. Во 2007 и во 2008 година, Рамковски остана голем поддржувач на Груевски и жесток критичар на Црвенковски. Програмата за субвенционирање на земјоделците, со која се прослави Груевски, беше програма на Велија Рамковски. Лично сум седел на маса со Велија, со Ленче Николовска и со министри од владата на Груевски, кога се расправало како и кому да се поделат субвенциите.

Петто, судирот меѓу Рамковски и Груевски не се случи ниту поради мене или тебе, ниту поради политичките амбиции на Рамковски, туку пред се поради тоа што Велија чувствуваше потреба да оствари контрола врз начинот на кој се делат субвенциите за земјоделците. Во тој период почна и антиквизацијата на Македонија и тогаш првпат Велија ги обнови контактите со странските дипломатски претставници во Скопје и од жесток поддржувач на Груевски, стана негов жесток критичар.

Шесто, позната ми е, Цветине, твојата битка и битката на твоите истомисленици од редакцијата на Време за тоа како да си ги наплатат парите за придонеси и другите бенефиции од Рамковски. Точно е дека јас не го поддржав начинот на кој вие сакавте да ја остварите целта, преку неработење, преку бели штрајкови, преку плачење по кабинети, преку кодошење и преку тајно и неовластено снимање на уреднички колегиуми.

Седмо, ти, Цветине, не признаваш дека е твоја снимката што Миленко ја прикажа на телевизија. Точно е дека јас се посомневав дека тајното снимање го извршила тајната полиција, бидејќи во нормална држава поинаку и не смее да биде. Ти не си бил овластен и не си можел да бидеш да ја сториш таа валкана работа. Како и да е, добро е што не признаваш дека снимката е од тебе, како што тврди Миленко, бидејќи ако признаеш, јавниот обвинител ќе мора веднаш да те повика, бидејќи неовластеното тонско снимање е кривично дело според член 151 од КЗ на РМ.

Мене, Цветине, ми останува да продолжам да се думам кој од вас двајцата лаже - ти или Миленко. Јас сакам да верувам дека ти си во право, дека од тебе не е снимката за која станува збор, но твојот пријател Миленко го тврди спротивното. Мислам дека ќе е добро вие двајцата да си расчистите меѓу себе кој ја лаже македонската јавност, а потоа да собереш храброст и доблест и тоа да ни го соопштиш. Цветине, ти сепак ни должиш директен и недвосмислен одговор дали ти си тој што извршил неовластено тонско снимање или не си. Без да дадеш таков одговор, немаш елементарно морално право да дебатираш со мене.

Му наложив на уредникот во целина да го објави твојот допис, кој содржи некрофилски елементи и многубројни лаги и клевети, само за да не речеш утре дека ти било ускратено правото на одговор. А тоа што ти не си смел и храбар да дадеш директен одговор на она за што те обвини Миленко, тоа е твој личен проблем. Во иднина, своите лични проблеми ќе си ги решаваш на друго место, а не со писма до Плусинфо“.

PLUSINFO



Мојот кометар за случувањата ке следува во петок!!
23-04-2014, 04:50 AM
Reply