Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Велија Рамковски (клипчиња)
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#61

Kako sto rece Joco,
tuka vladeat dve bandi.
Site tie koga podobro kje poglednes pozadi sebe imaat vrvci koi vodat do UDB-a.
Predizborniot cirkus e odamna vo pogon.
Za zal posle sekoi izbori nie sveduvame smetki na poginati mladi ludje.
Seto ova sto go gledame e samo eden Teatar za golemi deca koi ne ja preminale analnata faza od svojot razvoj.
Svestete se!!!
Poglednete vo sebe i kje vidite deka vredite povekje od niv.
Sto porano se otkacite od nivnite kandzi, poskoro kje se odlepite od dnoto,
zasto tamu gledaat da ve drzat, dodeka vi stojat na ramenici i nad vodata, vie se davite.
Ne bidete slepci, ovoj slucaj e klasika, edna banda i smestuva na drugata.
Iliti sjasi Kurto da sedne Murto.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 28-11-2010, 01:33 AM by montehristo.)
28-11-2010, 01:30 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#62

(28-11-2010, 01:30 AM)montehristo Wrote: Kako sto rece Joco,
tuka vladeat dve bandi.
Site tie koga podobro kje poglednes pozadi sebe imaat vrvci koi vodat do UDB-a.
Predizborniot cirkus e odamna vo pogon.
Za zal posle sekoi izbori nie sveduvame smetki na poginati mladi ludje.
Seto ova sto go gledame e samo eden Teatar za golemi deca koi ne ja preminale analnata faza od svojot razvoj.
Svestete se!!!
Poglednete vo sebe i kje vidite deka vredite povekje od niv.
Sto porano se otkacite od nivnite kandzi, poskoro kje se odlepite od dnoto,
zasto tamu gledaat da ve drzat, dodeka vi stojat na ramenici i nad vodata, vie se davite.
Ne bidete slepci, ovoj slucaj e klasika, edna banda i smestuva na drugata.
Iliti sjasi Kurto da sedne Murto.

Aplauz За жал, финтата на службата за глумење на демократија со понуда на повеќе партии ( а кои се контролирани од нив) успешно опстанува само во Македонија.Shok
28-11-2010, 08:53 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#63

Кој тука пие нафта?! Кој го е това направил?

Quote:СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕНАДЛЕЖЕН


Стефаноски: Велија има повеќе медиуми, ама за тоа немаме докази



Советот за радиодифузија се прогласи за ненадлежен во растурањето на медиумската концентрација поврзана со телевизијата и весниците на Велија Рамковски. Претседателот на Советот е свесен дека Рамковски раководи и со електронски и со пишани медиуми, што е спротивно на законот, но вели, за тоа немало докази.
-Не можеме ништо да преземеме, иако знаеме што е проблемот. Дури и јавно беше искажано преку медиумите, од новинарите од самата куќа и преку сопственикот во неколку наврати, но тоа не е доволен доказ за на суд, вели Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија.
Документите кои вчера ги објави Сител и весникот Вечер недвосмислено покажуваат дека фирмите на Рамковски се здружиле во медиумски картел, кој функционирал преку една заедничка сметка, додека посебните сметки на весниците биле блокирани. На тој начин се изигрувале доверителите на Шпиц и Време кон кои овие медиуми имаат милионски долгови. Додека сметките на Време и Шпиц се блокирани и празни, тие непречено работат преку сметката на, за таа намена, формираниот картел. Приходите кои од реклами ги правеле весниците во периодот од 2006 до 2009 наместо на нивните поединечни сметки, оделе на заедничката сметка на картелското здружение. На тој начин, сите доверители, на кои медиумите им должеле пари немале од каде да си ги наплатат побарувањата. Тоа значи дека покрај концентрацијата на медиумската моќ, Рамковски ги изигрувал и доверителите што е исто само уште едно во низата кривични дела кои стојат зад бастионот на "Перо Наков".

За сомнителните финансиски активности, управата за јавни приходи и финансиската полиција веќе работат на случајот и како што денеска рече директорот Трајковски, задоволни се од квалитетот на документацијата
-До крајот на овој месец Управата за јавни приходи ќе излезе со детаљни согледувања и детаљно ќе ја запознае маедонската јавност со случувањата на "Перо Наков". Останува на тоа дека сме на добар пат, задоволни сме од квалитетот на материјалите. Се работи за многу фирми, долг период. И овој период што го нудиме, дека до крајот на месецов ќе излеземе со детаљни информации е навистина амбициозен", вели Трајковски.

И додека Управата за јавни приходи со зголемен интензитет работи на расчистување на неправилностите кои се во нејзина надлежноста, за концентрацијата на медиумската моќ, Советот за радиодифузија, наместо да делува, бара оправдувања во законските решенија
-Кога го пишувале овој закон претпоставувам дека не сметале дека ќе биде изигран законот. Ама и ние ги стимулираме. Луѓето знаат дека треба на различно име да отворат фирми и тоа е доволно. Очаен е законот, напишан е ради реда", вели Стефаноски.

Стефановски вели дека и кога би се докажала незаконската концентрација на медиумската моќ, Советот за радиодифузија немал ингеренции да ја одземе концесијата, туку само да побара, таа состојба да се промени. Сепак, медиумите кои работат на македонскиот пазар за Сител коментираат дека тие не бараат одземање на концесијата на Рамковски, туку овозможување на фер услови и лојална конкуренција.

Од друга страна, конфузните изјави кои во последниве неколку дена ги даваше сопственикот на А1 и во кои неколкупати самиот се демантираше, во јавноста отворија шпекулации дека Рамковски се пазари со институциите. Сепак, премиерот вчера во интервју за Сител дециден - нема пазар со Велија
-Не, не, нема таква работа. Тоа е шпекулација. И не ми паѓа на памет таква работа да се пазарам со Рамковски, вели Груевски.

И додека се чека исходот од истрагата поврзана со бастионот на Рамковски, од ден во ден излегуваат нови документи за кои даваат јасни индиции дека зад параванот на А1 телевизија и медиумите сместени во дивоградбата на "Перо Наков", стои даночно затајување, перење пари и концентрација на медиумска моќ.

Александар Спасовски
08-12-2010, 06:56 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#64

Quote:Врачени Светиклиментовите награди - Рамковски остатокот од животот ќе го посветел на Охрид

Охрид, 8. декември 2010 (ИНПРЕС)

Велија Рамковски и здружението „Богојавление“, добитници на највисокото општинско признание на Охрид, „Свети Климент“, вечерва на свечената академија во Охрид ги добија Светиклиментовите награди.
Претставници од фестивалот „Охридско Лето“ кои неодамна најавија дека не ја сакаат наградата, токму поради друштвото, не дојдоа на свеченоста.

За најоспоруваниот добитник на наградата за животно дело, Велија Рамкоски ова било почеток на она што тој требало да го прави за Охрид. Потсети кога е роден, на старите југословенски денови, кога Охрид според него нешто значел. Сега му било жал што овие 20 години самосталност впечатокот не бил ист.

- Не знам колку ми преостанува во животот но она што ми преостанува имам одредена слика за она што мислам да го вложам за себе за мојата фамилија за сите граѓани на Република Македонија, рече по добивањето на наградата Рамкоски кој се пофали со неговиот придонес во земјоделството, а неговиот неостварен сон било остатокот од животот да го посвети на Охрид и Охридското Езеро. Македонија ја гледал во НАТО и ЕУ, во европско ниво, а за тоа сликата за Охрид требало да обединува.

- Центарот во регионот е Охрид и посебно ми е пријатно што со многу луѓе во Охрид планираме заедно да работиме за доброто на сите граѓани на Република Македонија, истакна Рамкоски.

Љупчо Арнаудов претседателот на „Богојавление“ рече дека е огромна честа ова високо признание да се најде во нивните раце но и обврска во иднина уште повеќе да се посветат во својата мисија. Зборувајќи за почетоците на формирањето на ова здружение истакна дека прославата на Водици е слика која ретко се гледа на друго место.

- Нашата цел е остварена. Охрид го претворивме во центар на Балканот каде најсвечено и најбогато се прославува најголемиот празник Водици, рече Арнаудов.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески обраќајќи се пред присутните истакна дека делото на Свети Климент Охридски, словото зборот и знакот на духовно и културно распознавање е пред нас. Неговите пораки сеуште се тука и , како што рече, треба многумина кои се одговорни за иднината да ги препрочитаат и да ја сфатат нивната универзалност и применливост.

- Живееме во Охрид и затоа треба да бидеме најодговорни за неговата сегашност и иднина. Оваа генерација како и многу пред нас низ вековите се грижеле за достоинството и препознатливоста на овој свет град. Направивме многу да го разубавиме Охрид да го направиме пристојно место за живеење за граѓаните но и атрактивна туристичка дестинација за туристите, рече Петрески.

Инаку свечената академија се одржа пред полупразна сала во хотелот „Метропол“. Меѓу присутните беше и почесниот австралиски конзул, конзулот од Бугарија, и градоначалниците на Подградец и Струга. (Крај)
08-12-2010, 10:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

(08-12-2010, 06:56 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕНАДЛЕЖЕН


Стефаноски: Велија има повеќе медиуми, ама за тоа немаме докази



Советот за радиодифузија се прогласи за ненадлежен во растурањето на медиумската концентрација поврзана со телевизијата и весниците на Велија Рамковски. Претседателот на Советот е свесен дека Рамковски раководи и со електронски и со пишани медиуми, што е спротивно на законот, но вели, за тоа немало докази.
-Не можеме ништо да преземеме, иако знаеме што е проблемот. Дури и јавно беше искажано преку медиумите, од новинарите од самата куќа и преку сопственикот во неколку наврати, но тоа не е доволен доказ за на суд, вели Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија.

Да му помогнеме на Зоран Стефановски да дојде до сознание чии се А1, КОХА, ШПИЦ И ВРЕМЕ:











(This post was last modified: 09-12-2010, 04:30 PM by ЈорданПетровски.)
09-12-2010, 04:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

За чесноста на Газда Велија. ВИКИЛИКС:
Quote:The ability of defendants in civil lawsuits to file interminable, frivolous appeals prevents the Macedonian courts from enforcing valid judgments -- for example, ordering the owner of Macedonian TV station &A-18 to repay debts owed to the U.S.-based non-profit Media Loan Development Fund.



Истотака можноста на обвинетите во граѓански тужби да поднесат бескрајни непотребни жалби го спречува Македонските судови од извршување на важечки пресуди-на пример на сопст...веникот на Македонската ТВ станица А1 да ги отплати долговите кои ги должи на Американската непрофитна организација Фонд за Кредит на Развој на Медиумите.
09-12-2010, 05:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

Quote:Кеш и платни списоци на новинари пронајдени во сефот запленет на „Перо Наков“

13:48 | 12 декември 2010
Форум

Парични средства во вкупен износ од околу 50.000 евра и платни списоци со имиња на новинари на кои им биле исплатени парични средства во готово, пронајдени се во еден од двата запленети сефа на „Перо Наков“

[Image: lookup]



Ова денеска го објави Управата на финансиската полиција, потсетувајќи дека еден од двата запленети сефа, беше отворен во петокот попладне во присуство на Истражен судија и ополномоштени лица на правните лица.
„Во сефот покрај документацијата пронајдена е и поголема количина на парични средства во денари, евра и други валути во вкупен износ од околу 50.000 евра. Исто така пронајдени се и платни списоци со имиња на новинари на кои им биле исплатени парични средства во готово и истите ќе бидат предмет на понатамошна анализа“, се вели во соопштението.
За констатираната содржина од отворениот сеф изготвен е записник со детален опис на пронајдената содржина, кој ќе биде составен дел од конечниот записник.
Финансиската полиција најавува дека во наредните денови ќе се пристапи кон отпечатување и на вториот сеф, истотака во присуство на Истражен судија и ополномоштени лица, по што се очекува да биде составен и конечниот записник.



Quote:УФП води медиумска истрага

A1
12.12.2010 15:29



Управата за финансова полиција денеска пласираше информација дека еден од запленетите сефови од објектот на улицата „Перо Наков“ број 60 бил отворен во петокот.

Во сефот Финансова информира дека биле пронајдени документи и околу 50 илјади евра.

Покрај ова од управата потенцираат дека пронајдени биле и - платни списоци со имиња на новинари, на кои, тврди Финансова дека им биле исплатени пари во готово, а за нив информираат ќе биде покрената постапка.

Од снимениот видео материјал што оваа државна институција го достави до медиумите се листи со имиња и презимиња, а на повеќето од нив е испишано А1 и А2.

Финансова полиција за прв пат истрага за тековен случај води медиумски и надвор од институциите.

Предмет на истрага според МВР, УЈП и Финансова полиција никогаш не била А1 Телевизија, дали блиските релации на првиот човек на оваа институција Љупчо Стаматовски со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски прво резултираа со полициски упад во А1, а сега продолжуваат со дискредитација на медиумот и вработените во него.

Финансова полиција како и претходно МВР ги злоупотребуваат институциите пласирајќи информации кои се уште се во предистражна постапка, а епилогот во судска постапка може да излезе сосема друг.

ps. дали постои ваква управа: Управата за финансова полиција
12-12-2010, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68







Quote: Ако сака некој да ме праша нешто?
.
.
.
Страшна е бројката од .. страшна е. Нема добиено. Не ви сугерирам. Нема итрина, нема овој оној.

А придонесите и договорите?

Да, веке од март, но поради .. новото од овој месец.

А старите придонеси?

Ке видам, не знам. Тоа во случајов ич не знам како ке го направиме. Али сеедно тој што ке оди во Нова Македонија или ваму, овој што ке остани може и ке добие и придонеси. Друго нешто?

Договорите се на една година што ке ги потпишуваме ?

Не знам, не знам... "
[Image: de1iqp.jpg]


[Image: 2mgw41j.jpg]



[Image: 155895_1384777320072_1851189577_740786_355426_n.jpg]

[Image: 65724_1384778880111_1851189577_740788_2362220_n.jpg]
14-12-2010, 06:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69

[Image: 2009rq1.jpg]


[Image: 2lneqa0.jpg]
14-12-2010, 08:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

[Image: 10sbwn9.jpg]


[Image: 6en9r9.jpg]
14-12-2010, 08:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71

[Image: jzy5xe.jpg]


Обрнете внимание на следите имиња, кај нив нема плаќање на рака:

Реден број:
30 Велија Рамковски на целата плата во износ 30 000
111 Мервин Бислим во износ 30 000
122 Неда Рамковска во износ 30 000
14-12-2010, 08:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#72

Quote:Шокантно е што газдата на А1 Телевизија, Велија Рамковски, има плата од само 30.000 денари, исплатена легално, на трансакциска сметка. Без додаток во кеш. Кога исплаќал за себе, Велија Рамковски сакал да има само легално плаќање но, затоа, кога се работи за новинарите не му пречело да ги навлекува во затајување на даноци со ислати на рака.

Неговата десна рака, според цитираниот извор, Бранко Геровски (главен уредник на Шпиц) е платен 150.000 денари месечно. Главниот уредник на Време, Коле Чашуле е платен, според тој извор, околу 100.000 денари месечно.

1. МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ (главен уредник на А1)
Вкупна плата - 92.000 денари. На сметка 30.000 денари, на рака 62.000 денари
2. АНЕТА КОЧИШКИ (директор на А1)
Вкупна плата - 59.180 денари. На сметка 14.000 денари. На рака 45.180 денари
3. БИЉАНА СЕКУЛОВСКА (уредник)
Вкупна плата - 51.014 денари. На сметка 20.000 денари. На рака 31.000 денари.
4. МЕНЧЕ А. ТОЧИ (новинар)
Вкупна плата - 36.690 денари. На сметка 20.000 денари. На рака 16.690 денари.
5. ГОЦЕ МИХАЈЛОВСКИ (новинар)
Вкупна плата - 21.837 денари. На сметка 14.000 денари. На рака 7.837 денари...

Во наведените плаќања, на некои од овие или други уредници и новинари, не се пресметани покривање трошоци за телефони, бензин, и бонуси исплаќани по избор на самиот газда. Бонусот се исплаќал исто така во кеш, на рака. Во наведените износи не се пресметани ни заработки од разни проекти, редовно крстени со префикс европски, независен, демократски и слично.
15-12-2010, 02:16 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#73

Луѓе дајте најдете го клипчето кај што Селмани во една чајџилница собрал група сиромаси(отепани) албанци и згора на се Рамковски се размавтува со рацете и со неговиот глас вреѓа се живо и диво,и ќе ја рушел владата ....дајте најдете го клипот оти после ова верувајте дека ништо сериозно не сфаќам во земјава...се е мајтап тежок :D
16-12-2010, 10:07 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#74

Quote:Од лагите на Велија се огради агенцијата Нилсен
[Image: velija_five.jpg&imgSize=230&cropH=180]
Во реакцијата испратена до Канал 5 се вели:

-Дневниот весник „Време“ не е корисник на нашите податоци, ниту имаме, ниту сме имале било каква договорена обврска и воопшто не сме биле во контакт со наведениот весник.

Претпоставуваме дека некој од нашите корисници ја прекршил договорената обврска и податоците ги доставил на овој дневен весник, поради што ќе преземеме соодветни мерки, истакнуваат од Нилсен.

-Изнесените податоци не се коректно интерпретирани, затоа што ние несомнено евидентираме емитување на рекламни спотови на најзначајните телевизии во земјата, но не и финансиски трансакции, се вели во реакцијата на Нилсен.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=68857
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 22-12-2010, 02:02 PM by montehristo.)
22-12-2010, 02:01 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#75

Изгледа го уапсиле Велија...

23-12-2010, 11:37 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#76

УАПСЕН ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ...пуштете А1 следат вонредни вести!!!




p.s А што е најиронично денеска Чуму во студио 2 главна тема му беше "дали западните ветришта со апсења ќе дојдат и кај нас!!! :DDD
(This post was last modified: 23-12-2010, 11:42 PM by Makedonec.)
23-12-2010, 11:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,953
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#77

(23-12-2010, 11:38 PM)Makedonec Wrote: УАПСЕН ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ...пуштете А1 следат вонредни вести!!!




p.s А што е најиронично денеска Чуму во студио 2 главна тема му беше "дали западните ветришта со апсења ќе дојдат и кај нас!!! :DDD


Quote:Уапсен Велија Рамковски сопственикот на А1 телевизија

23.12.10 / 23:39
Скопје – Велија Рамковски сопственикот на А1 телевизија е уапсен објави вечерва телевизијата.

Oд МВР информацијата ја потврдиле за Канал 5 и наведуваат дека тој е на распит во полициска станица.

Фирми кои се поврзуваат со Рамковски беа цела на истрага за евентуални финансиски малверзации кон крајот на минатиот месец.

Телевизијата излезе со став дека е мета на напад од власта поради критичката опсервација на нејзиното работење, пред се на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта тврдеше дека станува збор за контрола на фирми кои се лоцираени на иста адреса со телевизијата

ИЗВОР
23-12-2010, 11:55 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#78

(23-12-2010, 11:55 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(23-12-2010, 11:38 PM)Makedonec Wrote: УАПСЕН ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ...пуштете А1 следат вонредни вести!!!




p.s А што е најиронично денеска Чуму во студио 2 главна тема му беше "дали западните ветришта со апсења ќе дојдат и кај нас!!! :DDD


Quote:Уапсен Велија Рамковски сопственикот на А1 телевизија

23.12.10 / 23:39
Скопје – Велија Рамковски сопственикот на А1 телевизија е уапсен објави вечерва телевизијата.

Oд МВР информацијата ја потврдиле за Канал 5 и наведуваат дека тој е на распит во полициска станица.

Фирми кои се поврзуваат со Рамковски беа цела на истрага за евентуални финансиски малверзации кон крајот на минатиот месец.

Телевизијата излезе со став дека е мета на напад од власта поради критичката опсервација на нејзиното работење, пред се на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта тврдеше дека станува збор за контрола на фирми кои се лоцираени на иста адреса со телевизијата

ИЗВОР
Сега се на потег судиите...другите си ја завршија работата!!!
23-12-2010, 11:57 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#79

На потег е ВЛАСТА и никој друг...Судовите ќе пресудат објективно ако се оставени да ја завршат работата прописно.
24-12-2010, 12:26 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#80

Еве го Лаки со ударни информации Icon_razz
24-12-2010, 12:29 AM
Reply