Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Велија Рамковски (клипчиња)
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:30-дневен притвор за 17 осомничени

Мери Јордановска


24.12.2010 23:57



Десетина комбиња и силно полициско обезбедување се уште се пред Кривичниот суд, осомничените се во комбињата и чекаат да бидат спроведени во затворот во Шутка.

Сите осомничени, 17 досега добија 30-дневен притвор во Шутка. Станува збор за сопственикот на А1 Телевизија, Велија Рамковски, директорката на А1 Телевизија, Анета Кочишки, постарата ќерка на Рамковски, како и неговиот брат, поранешниот директор на Телевизијата и многу други вработени во фирмите на „Перо Наков“.

Распитот во судот траеше десет часа но, вкупно судската полициска постапка траеше точно 24 часа.

Адвокатите се уште немаат излезено официјално да го соопштат решението на судот. Се полнат комбињата со осомничените, вкупно се 23, од кои 17 ќе завршат во Шутка, додека останатите не и се достапни на полицијата.

Оваа одлука на судот, адвокатите ја сметаат за скандалозна, бидејќи е донесена без конкретни вештачења, без факти и без докази.

Пред судот се собрани роднини и пријатели на сите осомничени лица, сите се разочарани од оваа одлука на истражниот судија.
25-12-2010, 12:09 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Ајде, ајде, денес Велија, утре Влатче (Милчин) па Бане на Црвенковци... белким ќе има нов ден и за овој народ...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-12-2010, 06:36 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6

(25-12-2010, 06:36 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Ајде, ајде, денес Велија, утре Влатче (Милчин) па Бане на Црвенковци... белким ќе има нов ден и за овој народ...



Of-topic
МрачниотКоњаник ти пожелувам добредојде на форумов од екипата на Котле.
25-12-2010, 08:37 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(25-12-2010, 08:37 AM)Администратор Wrote:
(25-12-2010, 06:36 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Ајде, ајде, денес Велија, утре Влатче (Милчин) па Бане на Црвенковци... белким ќе има нов ден и за овој народ...



Of-topic
МрачниотКоњаник ти пожелувам добредојде на форумов од екипата на Котле.
Аааа благодарам, благодарам, еве да се вмешам во интересново друштво расположено за дискутирање...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-12-2010, 04:29 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

А што е најсимпатично во целава ситуација е тоа што, "независната" и "најобјективната" А1 телевизија,уште не сака да соопшти дека Хедис Рамковски е во бегство и не и е достапен на полицијата!!!
(This post was last modified: 26-12-2010, 10:21 PM by Makedonec.)
26-12-2010, 10:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(26-12-2010, 10:20 PM)Makedonec Wrote: А што е најсимпатично во целава ситуација е тоа што, "независната" и "најобјективната" А1 телевизија,уште не сака да соопшти дека Хедис Рамковски е во бегство и не и е достапен на полицијата!!!


Да. Тое е проблемот на Чакидовски, Јовановски, Секуловска. Сеуште не сметаат за ретардирани.
27-12-2010, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: [Image: 161497_1547303649_2527466_q.jpg] Arsov Tale

во Основен суд Скопје 1 се снима нова сезона на емисијата „МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА“, овој пат водител е истражениот судија, а негов премиерен гостин Анета Кочишки(управител на А1 ТВ).
...непропуштајте го најгледаното шоу на оваа власт и проследете дали Кочишки ќе успее да освои три машини за перење (пари)!??

Одговорите можете да ги видите н...а http://www.kotle.ca/ под наслов:
ДАЛИ СЕ ДОКАЖА ДЕКА БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ Е СЕЛЕКТИВНА?

[Image: 166448_1710652136609_1547303649_31645234_1224904_n.jpg]
27-12-2010, 01:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Зошто се крие Хеди Рамковски?

Недела, 26 Декември 2010

Министерството за внатрешни работи распиша интерна потерница по синот на Велија Рамковски за кого постојат оперативни сознанија и информации дека се уште се крие во државата.
Триесет и шест годишниот Хеди Рамковски е недостапен за органите на прогонот, а се трага и по странските државјани опфатени со кривичната пријава од случајот „Пајажина“.
[Image: hedirrr-240.jpg]
Покрај прашањето за тоа каде се крие Хеди, се поставуваат и неколку други прашања кои се однесуваат на тоа што прави тој во моментот додека го бараат институциите. Дали синот на Рамковски во моментов уништува документација и дали со ваквата постапка тој сака да влијае врз сведоците?

Одбегнувањето на Хеди Рамковски да се пријави во институциите, се во тотална спротивност со изјавите на адвокатот Мирослав Вујиќ, кој тврдеше дека нема потреба од изрекување на мерка притвор, и дека сите осомничени во овој случај ќе соработувале со институциите.
(This post was last modified: 27-12-2010, 03:05 AM by ЈорданПетровски.)
27-12-2010, 03:04 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Interesna kolumna na Teuta Arifi vo denesen DNEVNIK:

Quote:...Затоа е особено важно судскиот процес што се води против сопственикот на „А1“ и другите осомничени да биде фер, непристрасен и дистанциран од политички влијанија. Овој судски процес не смее да го доведе во прашање работењето на телевизијата „А1“ и на трите дневни весници. Ако работењето на споменатите медиуми се доведе во прашање или се доведува во прашање нивната уредувачка политика, тогаш тоа само ќе докаже и потврди дека мотив да добиеме власт не е унапредувањето на процесите и подобрувањето на позициите на државата, туку, ете, битката сме ја воделе за да станеме уредници на сите можни вести на сите можни телевизии.

Колку и да звучи како Ками, сепак е вистинито: кога еден медиум е слободен, тој може да биде добар или лош, ама ако медиумот ја нема својата слобода, може да биде само лош.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7FEBA2BC9A
27-12-2010, 01:30 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Komentari na kolumnata:

Од: ferhunde
Датум: 27.12.2010 12:37:25
Ve molam pocituvana, Vie ste nezavisen analiticar ili Visok funkcioner vo vladeacka partija. Pa vlastea e vo vasi race Sto begate od odgovorot . KOga i sami znaete deka ne e vo red zosto se soglasuvate i ste nem posmatrec na scenite na apsenjata . Vie, nikoj drug nema pogolema moznost toa da go spreci ta zatoa i vi se doveri vlasta. Pokazete hrabrost i sila Politicarot sto otvoreno se bori moze da bide dobar i los no onoj koj nemo posmatra e samo LOS

Од: sale
Датум: 27.12.2010 12:26:51
ama, gospodjo teuta, zarem zaboravate deka i vie ste vo vlasta? istata koja bese vo ljubov so ramkovski i istata koja sega mu stava lisici
27-12-2010, 01:33 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(09-12-2010, 03:29 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:The ability of defendants in civil lawsuits to file interminable, frivolous appeals prevents the Macedonian courts from enforcing valid judgments -- for example, ordering the owner of Macedonian TV station &A-18 to repay debts owed to the U.S.-based non-profit Media Loan Development Fund. By mid-2007, the MOI,s PSU should have fully investigated and pressed charges, as applicable, in the majority of alleged police abuse cases alleged to have occurred in 2006; Macedonian authorities should ensure the anti-TIP National Action Plan has been approved and implemented, and Macedonia should demonstrate progress in moving toward a Tier 1 rating in the annual TIP report for ¶2006.


English to Macedonian translation


Способноста на обвинетите во граѓански тужби до податотека вечен, лекомислен жалби спречува македонските судови од спроведувањето валидни судски решенија - на пример, наредување на сопственикот на македонски ТВ станици и А-18 да го отплати долговите кон американската непрофитна Медиуми за заем Фонд за развој. До средината на 2007 година, на МВР, а ЕПС треба да имаат целосно истражени и покрена обвинение, како што е применливо, во поголемиот дел од наводна полициска злоупотреба случаи наводно биле извршени во 2006 година, македонските власти треба да обезбедат анти-СОВЕТ Националниот план за акција е одобрено и спроведени, и Македонија треба да покаже напредок во движењето кон Група 1 оценка во годишниот извештај за СОВЕТ ¶ 2006 година.
Listen
27-12-2010, 07:56 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(27-12-2010, 01:30 PM)hristo Wrote: Interesna kolumna na Teuta Arifi vo denesen DNEVNIK:

Quote:...Затоа е особено важно судскиот процес што се води против сопственикот на „А1“ и другите осомничени да биде фер, непристрасен и дистанциран од политички влијанија. Овој судски процес не смее да го доведе во прашање работењето на телевизијата „А1“ и на трите дневни весници. Ако работењето на споменатите медиуми се доведе во прашање или се доведува во прашање нивната уредувачка политика, тогаш тоа само ќе докаже и потврди дека мотив да добиеме власт не е унапредувањето на процесите и подобрувањето на позициите на државата, туку, ете, битката сме ја воделе за да станеме уредници на сите можни вести на сите можни телевизии.

Колку и да звучи како Ками, сепак е вистинито: кога еден медиум е слободен, тој може да биде добар или лош, ама ако медиумот ја нема својата слобода, може да биде само лош.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7FEBA2BC9A
Ах леле кутрата Теута се загрижи за своите колеги- авторски пера кои пишуваат по нарачка. Ах, нема новогодишен надоместок...
Ако медиумите на Велија се угаснат, демек крив ќе биде оној што го апси Велија а не Велија што перел пари преку нив.
Нашиве драги комуњари и удбаши ја надградиле одбрамбената тактика на нојот: наместо главата да ја заријат во песок, тие си ја зариваат во сопствениот задник.
Оф корс, каде на друго место ќе се прочитаат такви глупости ако не во “Дневник“.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
27-12-2010, 08:27 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(27-12-2010, 03:04 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Зошто се крие Хеди Рамковски?

Недела, 26 Декември 2010

Министерството за внатрешни работи распиша интерна потерница по синот на Велија Рамковски за кого постојат оперативни сознанија и информации дека се уште се крие во државата.
Триесет и шест годишниот Хеди Рамковски е недостапен за органите на прогонот, а се трага и по странските државјани опфатени со кривичната пријава од случајот „Пајажина“.
[Image: hedirrr-240.jpg]
Покрај прашањето за тоа каде се крие Хеди, се поставуваат и неколку други прашања кои се однесуваат на тоа што прави тој во моментот додека го бараат институциите. Дали синот на Рамковски во моментов уништува документација и дали со ваквата постапка тој сака да влијае врз сведоците?

Одбегнувањето на Хеди Рамковски да се пријави во институциите, се во тотална спротивност со изјавите на адвокатот Мирослав Вујиќ, кој тврдеше дека нема потреба од изрекување на мерка притвор, и дека сите осомничени во овој случај ќе соработувале со институциите.
Овега требало порано да го уапсат, не заради било каков криминал туку чисто онака заради грдоќа...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
27-12-2010, 08:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(24-12-2010, 07:32 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Групација Дисиденти ‎-Јордан Петровски:

Господине Трајановски, ако сум дисдент незначи дека сум деспарадос. Моето неслагање со властите во Македонија било и е заради непочитување на законот. Сум бил повикуван на разговори, ми упаѓале во домот, на работното, ме...сто без налози, тогаш или немало активисти или пак активистите не биле активисти власт бил Бранко Црвенковски.
Сигурни сте дека полицијата немал никакви налози.??? Дали сте сигурен дека полицијата во овој случај немала налог. Така беше и на 25.11 па потоа излезе дека имало судски налог. Сигурни сте дека полицијата немал никакви налози.??? Полицијата има законско право да извршува приведувања и после 22 часот. Вие дадовте линк од Најчевска, таму е објаснето и тоа. Во дописите кои ги имам од Хелсиншкиот комитет за заштита на човекови права на чие чело тогаш беше госпоѓата Најчевска многу јасно е опишано што спаѓа под злоупотреба на службените овластувања на полицијата. Можеби пристапот на активистите не е ист заради тоа што тогаш на власт беше Бранко Црвенковски па правата/злоупотребите на полицијата не се предмет на мониторинг на активистите, освен во случаи кога е тепан некој Ром.




Quote:Кавга во Собранието за составот на Комисијата за заштита од дискриминација


27.12.2010 - 20:26 | Македонија
Седумте членови на Комисијата за заштита од дискриминација кои ги именуваше Собранието беа повод за жестока дебата.


Опозицијата обвинува дека членовите биле избрани по партиски критериум.

Според нив, токму оние кои што значеле синоним за борба против дискриминација како на пример Мирјана Најчевска, Звонко Шаврески како и Славчо Димитров, биле отфрлени од листата, а на нивно место биле ставени лица кои што немале никакво искуство од оваа област.

За владејачкото мнозинство пак, иако ова можеби не е најдобриот состав на членови, сепак сметаат дека ќе биде доволно добар и ќе ја спроведе доследно својата функција.

Членовите на Комисијата за заштита од дискриминација ќе имаат петгодишен мандат. Според најавите, ќе почне да функционира од почетокот на идната година.

Законот за дискриминација како и комисијата ќе имаат за задача да ги штитат правата на маргиналните групи на граѓани.

Елена Бошковска



Најчевска е слика за тоа како се работи против заштитата на човекповите права.
Во времето на нејзиното раководење со Хелсиншкиот комитет во Македонија имаше најголем прогон на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ.
Така да неизборот на Најчевска е сосема во ред.
27-12-2010, 09:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(27-12-2010, 08:27 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(27-12-2010, 01:30 PM)hristo Wrote: Interesna kolumna na Teuta Arifi vo denesen DNEVNIK:

Quote:...Затоа е особено важно судскиот процес што се води против сопственикот на „А1“ и другите осомничени да биде фер, непристрасен и дистанциран од политички влијанија. Овој судски процес не смее да го доведе во прашање работењето на телевизијата „А1“ и на трите дневни весници. Ако работењето на споменатите медиуми се доведе во прашање или се доведува во прашање нивната уредувачка политика, тогаш тоа само ќе докаже и потврди дека мотив да добиеме власт не е унапредувањето на процесите и подобрувањето на позициите на државата, туку, ете, битката сме ја воделе за да станеме уредници на сите можни вести на сите можни телевизии.

Колку и да звучи како Ками, сепак е вистинито: кога еден медиум е слободен, тој може да биде добар или лош, ама ако медиумот ја нема својата слобода, може да биде само лош.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7FEBA2BC9A
Ах леле кутрата Теута се загрижи за своите колеги- авторски пера кои пишуваат по нарачка. Ах, нема новогодишен надоместок...
Ако медиумите на Велија се угаснат, демек крив ќе биде оној што го апси Велија а не Велија што перел пари преку нив.
Нашиве драги комуњари и удбаши ја надградиле одбрамбената тактика на нојот: наместо главата да ја заријат во песок, тие си ја зариваат во сопствениот задник.
Оф корс, каде на друго место ќе се прочитаат такви глупости ако не во “Дневник“.

Многу остро зборуваш. Дури и Латас е помек во осуда на новинарите на А1Icon_lol


Quote:...Кланот на Велија е готов. Сметките ќе бидат блокирани, магацините затворени, а имотот запрен од понатамошен промет. Што со новинарите? Одовде ќе ја започнам иницијативата до ЗНМ, и моите колеги од каде и да се, да се направи се што се може во заштита на интегритетот и егзистенцијата на новинарите од А1. Јас, од сега, нити еден збор нема да изговорам на нивна штета, обвинување за нивното соучесничко молчење, или полемика со нив.

Додека не застанат на свои, новинарски нозе...

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=876ADFE7...F695A8DEF3
27-12-2010, 11:08 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(27-12-2010, 11:08 PM)hristo Wrote:
(27-12-2010, 08:27 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(27-12-2010, 01:30 PM)hristo Wrote: Interesna kolumna na Teuta Arifi vo denesen DNEVNIK:

Quote:...Затоа е особено важно судскиот процес што се води против сопственикот на „А1“ и другите осомничени да биде фер, непристрасен и дистанциран од политички влијанија. Овој судски процес не смее да го доведе во прашање работењето на телевизијата „А1“ и на трите дневни весници. Ако работењето на споменатите медиуми се доведе во прашање или се доведува во прашање нивната уредувачка политика, тогаш тоа само ќе докаже и потврди дека мотив да добиеме власт не е унапредувањето на процесите и подобрувањето на позициите на државата, туку, ете, битката сме ја воделе за да станеме уредници на сите можни вести на сите можни телевизии.

Колку и да звучи како Ками, сепак е вистинито: кога еден медиум е слободен, тој може да биде добар или лош, ама ако медиумот ја нема својата слобода, може да биде само лош.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7FEBA2BC9A
Ах леле кутрата Теута се загрижи за своите колеги- авторски пера кои пишуваат по нарачка. Ах, нема новогодишен надоместок...
Ако медиумите на Велија се угаснат, демек крив ќе биде оној што го апси Велија а не Велија што перел пари преку нив.
Нашиве драги комуњари и удбаши ја надградиле одбрамбената тактика на нојот: наместо главата да ја заријат во песок, тие си ја зариваат во сопствениот задник.
Оф корс, каде на друго место ќе се прочитаат такви глупости ако не во “Дневник“.

Многу оштро зборуваш. Дури и Латас е помек во осуда на новинарите на А1Icon_lol


Quote:...Кланот на Велија е готов. Сметките ќе бидат блокирани, магацините затворени, а имотот запрен од понатамошен промет. Што со новинарите? Одовде ќе ја започнам иницијативата до ЗНМ, и моите колеги од каде и да се, да се направи се што се може во заштита на интегритетот и егзистенцијата на новинарите од А1. Јас, од сега, нити еден збор нема да изговорам на нивна штета, обвинување за нивното соучесничко молчење, или полемика со нив.

Додека не застанат на свои, новинарски нозе...

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=876ADFE7...F695A8DEF3

Тоа е проблемот што кичмата им е искривена така да умеат само на колена да го *******!!!
An inch today is tomorrow’s mile.
28-12-2010, 12:06 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(27-12-2010, 11:08 PM)hristo Wrote:
(27-12-2010, 08:27 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(27-12-2010, 01:30 PM)hristo Wrote: Interesna kolumna na Teuta Arifi vo denesen DNEVNIK:

Quote:...Затоа е особено важно судскиот процес што се води против сопственикот на „А1“ и другите осомничени да биде фер, непристрасен и дистанциран од политички влијанија. Овој судски процес не смее да го доведе во прашање работењето на телевизијата „А1“ и на трите дневни весници. Ако работењето на споменатите медиуми се доведе во прашање или се доведува во прашање нивната уредувачка политика, тогаш тоа само ќе докаже и потврди дека мотив да добиеме власт не е унапредувањето на процесите и подобрувањето на позициите на државата, туку, ете, битката сме ја воделе за да станеме уредници на сите можни вести на сите можни телевизии.

Колку и да звучи како Ками, сепак е вистинито: кога еден медиум е слободен, тој може да биде добар или лош, ама ако медиумот ја нема својата слобода, може да биде само лош.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7FEBA2BC9A
Ах леле кутрата Теута се загрижи за своите колеги- авторски пера кои пишуваат по нарачка. Ах, нема новогодишен надоместок...
Ако медиумите на Велија се угаснат, демек крив ќе биде оној што го апси Велија а не Велија што перел пари преку нив.
Нашиве драги комуњари и удбаши ја надградиле одбрамбената тактика на нојот: наместо главата да ја заријат во песок, тие си ја зариваат во сопствениот задник.
Оф корс, каде на друго место ќе се прочитаат такви глупости ако не во “Дневник“.

Многу оштро зборуваш. Дури и Латас е помек во осуда на новинарите на А1Icon_lol
Што немав работа отидов на утрински дот ком да видам како другите комуњари фарбаат народ па коа прочитав:

Загриженост и неизвесност, но и решителност да се продолжи со професионалното извршување на задачите, владее деновиве во А1 телевизија по четврточното апсење на сопственикот Велија Рамковски, како и директорот на медиумот.

па коа ме фати една смеаааа Icon_lolIcon_lol
Мислам, “професионалност“ и “новинар на А1“ се два спротивставени поими.
Наводно на Фиат Цановски му било понудено да стане нов управник на А1 ама тој знаејќи колку е жежок компирот, одбил.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-12-2010, 03:44 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(28-12-2010, 03:44 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Што немав работа отидов на утрински дот ком да видам како другите комуњари фарбаат народ па коа прочитав:

Загриженост и неизвесност, но и решителност да се продолжи со професионалното извршување на задачите, владее деновиве во А1 телевизија по четврточното апсење на сопственикот Велија Рамковски, како и директорот на медиумот.

па коа ме фати една смеаааа Icon_lolIcon_lol
Мислам, “професионалност“ и “новинар на А1“ се два спротивставени поими.
Наводно на Фиат Цановски му било понудено да стане нов управник на А1 ама тој знаејќи колку е жежок компирот, одбил.

Новинарите на А1 ке треба да се угледаат на високите новинарски стандарди на главните провладини медијуми: МТВ1, ТВ Сител, Канал 5, и да почнат, како нив, професионално да известуваат. Абе, коњаник, ми го развесели утротоSmajlito
28-12-2010, 08:00 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Сите преземаат страна, нема објективност во медиумите. А1 е најгледана зашто кога е некој на власт, нормално дека луѓето сакаат да слушнат што навистина се прави во државата, иако е опозициски настроена, сепак ќе дознаат некои работи кои сигурно нема да ги дознаат на Сител, Канал 5, МТВ. Објективност нема во македонските медиуми.
28-12-2010, 01:59 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Никола и христо, дното на А1 другиве медиумски постројки тешко некогаш ќе го стигнат. А1 маршевката не е опозиционерска- контра владата, таа е антидржавна. Грчките монархофашисти добиваат повеќе време пред камери во Македонија на А1 отколку во Грција. Па имаш симулација на преговори за име. Па вонредните дешавки на Борјан. Па невротичните испади на внука му Тањичка среде Брисел. Тоа не е опозиционерско обоено новинарство. Тоа е ревносно службување на антидржавната кауза. Затоа е А1 онолку гнасна колку што е и затоа онолку аплаузи дека им ги поапсија директорите, не дека беа против државното уредување, тие беа против државата.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-12-2010, 03:32 PM
Reply