Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БУГАРИТЕ ПРОТИВ ОРУЖЕНА БОРБА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Дочев е Бугарин и е соработник на американската разузнавачка служба по ВСВ.
Делот кој го издвоив со црвено е по мене најбитното. Зошто?? Затоа што нема логика Бугаринот Дочев да го попречува вооружениот бунт, бунт за ослободување на "БУГАРИТЕ" во Македонија од Југословенско ропство.
По логика, за секој Бугарин востание на "БУГАРИТЕ" во Македонија ке било добредојдено па макар тие биле и ПЕТ души! Со тоа востание ке се докажело дека во Македонија живеат Бугари ама Дочев бил против! Зошто бил против тоа САД да го вооружат движењето во Македонија а тоа е ВМРО СДРМА ПРАВДА која во моментот кога почнале апсењата броела околу 28 илјади члена. Значи се работи за сериозна сила. Повторно и оваа, бројката на членови на ВМРО СДРМА ПРАВДА го дематира Дочев бидејки од тие 28 илјади сигурно дека неколку илјади би се одважиле да поведат оружен бунт. Единствен одговор на сите прашање е еден, а тоа е дека Дочев ја знаел вистината, востанието кое го подготвувал Ванчо Михајлов со ВМРО СДРМА ПРАВДА не би било во полза на Бугарија!! Востанието ке било чисто МАКЕДОНСКО и се рабира постоела опасност тоа востание да се прошири и на Пиринскиот дел од Македонија.





Quote: Wrote: Wrote:[Image: DochevzaMi2fc8.jpg]

Дочев изјави дека го лично го познава Ванчо Михајлов, и дека го има криено во Австрија после ВСВ, како и дека му обезбедил фалсификувани патни исправи за да може да влезе во Италија. Тој ни објасни дека тогаш работел за ЦИЦ, и дека документацијата ја набавил од нив (ЦИЦ), но без да ги информира дека станува збор за Михајлов. (Ова можеби е вистина, или не; можно е, но треба да се провери)

Понатаму Дочев ни објасни дека Михајлов му бил лут после следниов инцидент: во 1950 г Михајлов поднел извештај до американската војска во Германија, изјавувајќи дека има илјадници следбеници кои се подготвени и расположени за вооружено востание против југословенската влада доколку САД ги снабди со оружје.
ЦИЦ го запраша Дочев да прокоментира за ова, при што тој (Дочев), одговори дека според негово мислење тврдењето на Михајлов е далеку преувеличено; дека Михалов несомнемо имал неколкумина следбеници кои би се кренале по наредба на Михајлов, но дека нивната бројка не е ни од далеку блиска до онаа која ја тврди Михајлов. Дочев бил на мнение дека оваа сознание протекло до Михајлов бидејќи брзу после неговото пристигнување во Канада, во време кога Македонците биле срдечни спрема него, стасало писмо од Михајлов во кое тој им рекол на сето МПО дека Дочев е нивни непријател, и да не му помагаат на никаков начин.
08-07-2016, 09:54 AM
Reply