Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЖИВКО ЧИНГО КАКО ПОВОД ЗА ПОЛЕМИКАТА ВАНГЕЛОВ - АНДОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Чинго (1)


Атанас Вангелов ● во 15:00 01 јуни 2016 



Дека уметничката проза на писателот Живко Чинго (1935-1987) е маркантна појава во нашата повоена литература, тоа си е еден совршен факт, надвор од секое сомнение. Нема да се претера ако се рече: тоа си е една аксиома која, како и секоја аксиома, не треба да се докажува.

Уште со неговата прва книга „Пасквелија“ тој го привлече вниманието на уметничката критика во тогашна екс-Југославија. Таа критика не се стеснуваше да го опсипе со, дотогаш, невидени комплименти. Колку за пример, ќе потсетам тука дека во тогашен НИН Мирко Милорадовиќ објави една критика за „Пасквелија“ на Чинго под наслов „О, какве приче!“, работа која не му се случила на ниден писател надвор од границите на РМ. По ист или приближен начин се огласија и други, авторетитени весници и списанија од тоа време во екс-Југославија.

Сите тие еднодушни и полетни комплименти мораше, во некоја рака, да ги смирува и „релативира“ критиката на Димитар Митрев. Најверојатно од некои свои причини кои, според мене, имаат корен во неговата потреба да им зададе coup de grace на своите лути душмани од редот на модернистите. Тие, во тоа време, го третира како догматски марксист. Или, како што пишуваше Димитар Солев, како критичар кој својот уметнички суд го базира врз „постановленија“ кои ги добива од идеолошки центар (ЦК на СКМ). И Митрев напиша една обемна студија за прозата на Чинго под наслов „Случајот Чинго“. Во таа студија го нарече писателот на „Пасквелија“ автентичен самороден и „самосвесен рапсод“ каков што не познавала нашата уметничка поза до неговата појава.

Изразот „случај“ од насловот на Митрев му послужи како добар доказ на Димитар Димитров да ја илустрира својата „хетеромна теорија“ за догматската критика на Димитар Митрев која се потпира врз каноните на вулгарниот дијамант со неговата ждоновистичка верзија во уметничката литература. Треба да се потсети тука дека, во тоа време, Димитар Димитров беше еден од теоретичарите на либералните комунисти, дека многу од писателите гравитираа кон тие либерал-комунисти под водството на Крсте Црвенковски (во РМ), а добиваа и некои крупни, клучни позиции во културата и државните медиуми сè до нивниот слом во 1971 на славна седница на ЦК СКЈ во Караѓорѓево.

Ако не треба да се трошат многу зборови за уметничката проза на Чинго, тогаш има смисла (и потреба!) во име на вистината да се рече нешто за неговиот статус и позиција во тогашниот јавен живот. Особено ако некои блиски луѓе од семејниот круг на писателот на „Пасквелија“ како, на пример, универзитетскиот професор Виолета Ачковска велат („Вечер“, 31 мај 2016) дека нејзиното „детство и младост“ биле исцело поврзани со чудесната литература на тој оригинален „рапсод од Велгошти“. Тоа со детството и младоста е, најверојатно точно и уште - разбирливо. Помалку точно и разбиливо е, меѓутоа, тврдењето на Виолета Ачковска догогогодишен миленик (и корисник! пред некој ден беа објавени детали за јавни позиции на нејзини од семејството) на режимот на Груевски, дека Чинго својот живот го поминал како „проследуван, гонет, малтретиран“.

Мене не ми е познато како и колку бил „проследуван, гонет, малтретиран“, како што не ми познато дека бил „гонет“ и „малтретиран“. Познато ми е дека не би би можел да остане надвор од видното поле на политичката полиција, затоа што тоа беше некако во – духот на времето. Како и секој истакнат писател, впрочем. Ако може да им се верува на некои документи кои ги објави лустрациската комисија на Томе Аџиев, дури и мојата ноторна скромност била предмет на интерес на таа полиција. И тоа во континуитет со - интензитет. Од многу причини и по повеќе основи за кои, можеби, ќе кажам нешто при некој друг, погоден повод.

Тука ќе споменам само дека бев бележан од таа полиција, најверојатно по падот на либералниот комунизам. Бев бележан како анархолиберал, технократ па дури и националист. Дека бев ставен на некоја мистериозна црна лисата, така што можев да објавувам во други центри (Загреб, Белград) на екс-Југославија, но не и во Скопје. Тоа и го правев. Некои видни писатели (мои пријатели) тогаш ми замераа зошто под своите текстови кои ги објавував на српски („Књижевне новине“) и на хрватски („Око“) не ставам на крајот „превео са македонског аутор“. Како што го правеа тоа Словенците Димитрие Рупељ и Тарас Кермаунер. Им одговарав дека не гледам некоја причина за тоа кога веќе можам да пишувам на српски или на хрватски. Веројатно тоа им даде причина на нашите националисти по 1990 да ме наречат „србоман“. Но не и „хрватоман“, иако објавив доста статии во загрепско „Око“ кои ги пишував на хрватски.

Дека бев бележан, дека долго бев под будното око на политичката полиција, како и писателот на славната „Пасквелија“ тоа го знаев и пред тоа. Го знаев, меѓу другото, и од писателот Ацо Алексиев кој имаше една, така да кажам, татковска наклоност кон мене. Алексиев си го имал муабетот со еден тогашен министер на полицијата. Како и по која линија, не знам. А и не се потрудив да дознаам. Тој министер на полицијата му рекол на авторот на „Деветте круга на пеколот“ (Ацо ја мина голготата Голи Оток) дека човекот (т.е. мојата скромност) патувал во странство, дека одржувал контакти со странци, дека бил уште и – јавна личност, а пак тоа било доволно да биде ставен на посебна листа како „интересен“. Кога било така со мојата скромност, како може да биде поинаку со Чинго? Иако малку знам, поточно – ич не знам, дека бил „гонет“ и „малтретиран“.
 



Quote:Чинго (2)


Атанас Вангелов ● во 08:46 03 јуни 2016 



Во 2000-та г. писателот Петре Бакевски ја објави својата прва книга новели под наслов „Гламни“. Една новела во таа книга зборува за животниот стил на артистот Ристо Шишков низ призмата на некои настани сврзани со претставата „Кенгурски скок“ (1979) на писателот Живко Чинго.

Новелата на П. Бакевски е напишана во духот на тоа што денес се вика документарна фикција. Документарна, затоа што користи настани и ликови „од животот“ кои ги препознавате и за кои имате тврди факти што подлежат на тест на вистината. Тој тест е одлика на научниот дискурс кој го користи историјата, на пример. Фикција, затоа што законот licentia poetika му допушта на авторот по своја волја, слободно, да се однесува кон настани и ликови „од животот“ за да дојде до својата уметничка порака. Таа волја и слобода ја генерира главната одлика на уметничкиот дискурс. Тој дискурс не подлежи на тестотот на вистината затоа што е вистинит и лажен истовремено.

Ликовите Ристо Шишков, Живко Чинго и Бранко Ставрев се даваат, во новелата „И тој ќе гледа од небото“ (73-131) под шифри со, така да се каже, отворен коверт во кој се наоѓаат нивните имиња. Шишков се вика Артистот. Чинго е писателот-директор, а Бранко Ставрев е – режисерот. Такви шифри се користат и за други, споредни ликови во новелата на Бакевски. Така на пример, угледниот белградски театролог Владимир Стаменковиќ кој во таа 1979 г. доаѓа да ја гледа пртставата „Кенгурски скок“ на Чинго се вика селекторот. Некои луѓе од од светот на уметноста како, на пр., П. Т. Бошковски, С. Мицковиќ, Д. Наневски (ги препозна Алексиев) се викаат писатели-советници и тн.

Што се однесува до главната порака на новелата за која тука станува збор, се сведува на тоа дека некои драматични моменти од живот на Артисот (Шишков) се заслуга на негови блиски пријатели. Меѓу кои, во тоа време, спаѓаат писателот-директор (Чинго) и режисреот (Ставрев). Тие го прават тоа од некои свои побуди, во најмала рака, спорни од морална гледна точка. Чинго и Ставрев, без да му ја мислат многу, манипулираат со некои „премногу човечки“ слабости на Артистот. Манипулираат за да постигнат некои свои цели кои се, исто така, спорни од морална гледна точка. Од своја страна, и самиот Артист е мошне добар материјал за манипулација. Во оптиката на Бакевски тој е „крајно несреќен човек! Својата несреќа ја компензира[ше] со агресија, со груби и неконтролирани истапи, со тепачки во кафеани, но и со еден невиден професинализам и целосна фанатизираност сè да се даде на глумата“ (85).

На времето, кога ја читав таа порака на Бакевски од книгата за која пишував во „Старт“, ми се виде спорна. Дури, многу повеќе од тоа: како начин да најде лек (baume во речникот на Сартр) за некои “внатрешни рани“ кои го измачуваат така што ќе им ги припишe на други како што вели, на едно место, во романот „Бунар“ писателот Димитар Башевски. Од тие прични му ја дадов книгата „Гламни“ на угледниот театролог Ацо Алексиев. Tој имаше добар увид во настаните за кои зборува новелата на Бакевски. Има многу белешки од Ацо Алексиев кои ја потврдуваат мојата интуиција дека, авторот на „Гламни“, под превезот уметничка проза, расчистува некои свои сметки со авторот на „Кенгурски скок“ на сомнителен начин од морална гледна точка. Има, меѓутоа, и белешка („точно!“) од Алексиев која му дава за право на Бакевски и која, писателот на „Кенгурски скок“, не го претставува во најдобро светло. Ќе го наведам во целот тој дел од новелата на Бакевски за кој Алексиев вели дека кажувал – вистина.

„Околу претставата се создаваше мистерија. Се пуштаа разни приказни […] Центарот за таквите приказни повоторно беше театарот. Зад тој центар стоеја режисерот и писателот-директор. Во тоа време беше ‘модерно’ да се лансираат приказни за таканаречените опасни политички претстави. Како да е претставата толку опасна, жестока и критички настроена кон власта, што постои опасност да биде забранета! Неколку режисери и неколку писатели ја сфатија како свој модел на работење. Немаше нивна, проект или новонапишана драма, а веднаш, уште на нечитано или невидено, да не се завиткаше во измислени приказни за стравот на власта од такво дело или таква претстава! Тоа беше добро пресметана игра. Многу луѓе така си градеа имиџ на слободоумни и големи автори, а всушност, зад сето тоа стоеше едно големо блефирање со власта […] Како можеше власта да се плаши, на пример, од новото дело на писателот, сега директор, односно од сценската поставка на режисерот, кога и едниот и другиот на тие функции ги постави истата власт! Играта беше заемна! Затоа и едните и другите си имаа луѓе за отстрел. Тие луѓе им требаа за да ги прикријат своите слабости, лични, творечки [на пр. Чинго како писател на „Кенгурски скок“!], организациони [пак Чинго, сега како директор на МНТ во кој се постава неговиот „Кенгурски скок“], да си ја сочуваат својата добра позиција на владеењето, да имаат сигурен успех и реноме, сè да имаат далку повеќе од другите. Тоа беше добро разработена система и со сигурност се владееше со луѓето! (84-85).
Еден таков човек „за отстрел“ е, според уметничката порака на Бакевски и Артистот кој, покрај неговите „премногу човечки“ слабости, се претставува како „невиден професионалец“ со „фанатизираност“. Последниве две работи се за него некој вид „засолниште“ (К. Косик) како и склоноста кон „испади“ и “ексцеси“ кои му служат како своевиден мелем за неговата длабока „внатрешна рана“. Зошто им треба човек „за отстрел“ на писателот-директор и на режисерот? За да ги скријат своите „слабости, лични, творечки и организациони“, одговара тој.

Има, меѓутоа, огромен број детали во новелата на Бакевски кои зборуваат за тоа дека и тој ги зел на нишан писателот-директор и режисерот. Ги зел како „луѓе за отстрел“ за да скрие и некоја своја „слабост“ која го - измачувала. Ќе се обидам да ги изложам, во прегледна форма, тие детали.
20-06-2016, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Чинго (3)



Атанас Вангелов ● во 10:49 06 јуни 2016



Не треба да биде, некој што ја чита новелата „И тој ќе гледа од небото“ од писателот Петре Бакевски, добро упатен во тајните на уметничката литература за да увиде, многу лесно и брзо, една крупна карактеристика која боде очи. Која е таа каректеристика и што вели, со самото тоа што – постои, во новела која зборува за животната драма на артистот Ристо Шишков? Драма во која свои прсти замешале блиски луѓе од неговото непосредно окружување чии побуди се, во најмала рака, спорни од морална гледна точка?

Таа карактеристика се состои во очигледниот факт што еден лик, главниот, сезнаечки раскажувач, портпарол на авторот, е претставен како олицетворение на доброто. Другите, во прв ред писателот-директор (Чинго), режисерот (Ставрев), филмскиот режисер (Гапо) итн. се олицетворение на злото. Спаѓа во тој круг, иако главниот раскажувач го зема „во одбрана и заштита“, и артистот (Шишков). Тој е човек кој не може да излезе на крај со некои свои отровни склоности. Тие прават од него подеднакво тежок, неподнослив човек како за светот, така и за себеси. Еве и некои од нив: „имаше несреден семеен живот“; „пиеше и претеруваше во пијанството“; „беше експлозивен кон своите колеги“.

Главниот раскажувач кој, по дефиниција е омнисцентен, омнипрезентен и омнипотентен во секоја наративна структура, знае дека блиски луѓе на артистот ја потхранувале неговата „болна суета“. Сето тоа го правеле за потребите на некој „своевиден експеримент.“ Експериментот требало да им разјасни каква и колкава била „човековата издржливот.“ Зошто се впуштаат во таков експеримент, уште и во живо? Тоа е матна и нејасна работа во новелата на Бакевски. Брзо се заменува со друга: „кај нашите амбициозни творци постои една итрина“, вели; „се планира и виновникот“; „некој мора да си ги измие рацете“ ако доживее неуспех претставата („Кенгурски скок“) која требало да постигне “национален триумф.“

Во времето (1979) кога се правеше претставата „Кенгурски скок“ на Чинго во МНТ со амбиција да победи на еден „Федерален фестивал“ беше на мода една социолошка теорија на Л. Голдман која, во духот на унгарскиот филозоф Ѓ. Лукач, ги објаснуваше наративните структури како конфликт на проблеметичен јунак во проблеметичен свет. Л. Голдман смисли ново име за тој проблематичен јунак на Лукач, адаптирана верзија на отуѓениот, алиениран човек во филозофската мисла Маркс. Голдман го нарече реификуван - опредметен човек.

Денес би рекле дека станува збор за напнатост која, во нејзината радикална форма, добива облик на конфликт меѓу идентитет-јас и алетритет-другиот (свет). Би додале уште, во духот на сегашната антропологија, дека односот идентитет-алтеритет не е еден еминентно полемички (Хобс, Хегел, Ниче), туку ако не повеќе, тогаш барем не помалку тој е комплементарен однос. Тоа значи дека другиот-свет е не само ривал, душман за идентитетот-единка, кој станува пречка на патот кон неговата „волја за моќ.“ Значи уште дека е дополнение (complétude). Тој душман знае да помага. Тој ја поправи несовршеноста на човекот. Иако само до – некаде.
Што значи, меѓутоа, кога писател како П. Бакевски, на пример, си постава задача на особен начин, со јазикот на литературата, да ја открие животната драма на многу надарен артист, во која свои прсти имале видни луѓе од јавниот живот (Чинго, Ставрев, Гапо) така што односот единка-свет го сведува на ривалитет? И уште, во тој ривалитет, едни не избираат средства за да постигнат некоја своја цел, сомнителна од морална гледна точка? Како, на пример, да потпалуваат „болна суета“ на артист склон кон „испади“ и „ексцеси.“ Да потпалуваат, за да им послужи артистот како алиби ако не остврат тревожна амбиција да дојдат до „национален триумф“ на „Федерален фестивал.“

Значи, во прв ред, дека во раскажувањето почнала да се меша волјата на писателот многу повеќе отколку што треба, а пак волја која се меша многу повеќе отколку што треба се нарекуваше, во марксистичката критика, тенденција. Таа критика велеше дека тденденцијата е работа која, во крајна линија, не може да ја избегне уметничката литература. Не може, затоа што и литературата, како и сите други пројави на духот (наука, религија) е суперструктура, суштински одредена од базичната структура (економијата). Така, единката е одредена (детерминизам) од класата-свет од која потекнува, во која живее и која го обликува нејзиниот духовен видокруг. Така обликуван, тој духовен видокруг доаѓа до конкретизација во единка која изразува стремеж (тенденција) на апстракцијата класа-свет.

Една работа е, меѓутоа, кога таа тенденција потекнува од внатрешната логика на уметничко дело. Сосем друга кога доаѓа од перспективата на главниот раскажувач зад кој, обично, стои авторот на дело. Во првиот случај таа тенденција доаѓа однатре. Таа е последица на односи кои ги градат ликовите. Тогаш имаат и некоја слобода, услов да бидат убедливи, наспрема главниот раскажувач (автор). Во вториот случај тенденцијата доаѓа однадвор. Тогаш таа се внесува со сила и насила во устата на ликови. Во резулат на тоа, ликовите стануваат клонирани верзии, проѕирни маски на главниот раскажувач. Тогаш станува збор за груба, отворена тендинција. Добра тенденција е онаа, велеше Маркс, која знае да се скрие. Добрите уметнички дела кријат тенденција. Лошите ја покажуваат.

Доаѓа до отворена, груба тенденција не само во делата на писатели со скромни уметнички способности, туку и кај писатели од највисок ред како што ни сведочат некои полемички страници во романот „Демони“ на Достоевски. Тогаш се работи, по правило, за психолошки мотиви со кои тешко излегуваат на крај и писатели од највисок ред. Има ли такви мотиви авторот на новелата која убедува дека писателот Чинго имал свои прсти во драмата на еден артист? Има и некои други индиции кои го зборуваат тоа што ни го кажа тенденцијата.

 



Quote:Оддолжување кон Живко Чинго


Стојан Андов ● во 15:04 09 јуни 2016 



Во три продолженија професорот Атанас Вангелов раскажа повеќе работи за едно време во нашата држава, кога беше жив и твореше писателот Живко Чинго. Текстовите на професор Вангелов ме поттикнаа и јас овде да наведам некои битни работи од моето лично искуство, кои би можеле да ја дополнат и прецизираат сликата за Живко Чинго.

Мој впечаток, но и денес мое мислење за Живко Чинго, е дека тој беше творецот со силна дарба и смелост убедливо да зборува за животот што го живееја луѓето во едно време во кое тој беше сведок. Тој беше еден од неколкуте наши прозни писатели кои направија пресврт во нашата прозна литература така што нивното литературно творештво се спротистави на догматските слики за општествените односи и за животот на луѓето содржани и прикажувани во прозната литература што му претходеше на творештвото на Живко Чинго, а чиј основен белег беше „подреденоста“ на литературата на потребата да се зацврсти општата слика за општеството и со човековиот живот а која ќе биде во рамките што ги допушта општествената мисла за класната свест. Тоа значеше дека политичкиот партиски догматизам ги даваше рамките на уметничкото, литературно, прозно претставување со што уметничкиот ангажман во литературата го правеше сѐ појалов и му даваше особини на догматска книжевност. Објавувањето на „Пасквелија“ во 1963 година на Живко Чинго делуваше како вистинско отворање на прозорците и вратите за проветрување на зачмаената атмосфера во нашата проза. 

Со Живко се запознавме додека бевме на студии, а се слушавме и се гледавме и кога тој отиде во Охрид за професор во гимназијата, а јас на работа во Кавадарци. Кога дојдов во Кавадарци за претседател на Општинското Собрание Живко повеќе пати ми доаѓаше на гости, некогаш сам, некогаш со другари. Многу добро се запознавме и почувствувавме дека имаме многу блиски погледи на општествените појави со кои се соочувавме. Објавувањето на „Пасквелија“ од една страна Живко го покажа како надарен творец кој ги надминува границите на нашето македонско општество и во тоа општество открива и афирмира некои универзални појави и вредности. На домашен план пак „Пасквелија“ му донесе судир со догматските чувари на македонската книжевност од непријателите на „редот и напредокот“.

Во 1971 година кога бев поставен за директор на Републичкиот центар за идеолошко политичко образование, случајно во Скопје се сретнав и со Живко. Посака да дојде кај мене во канцеларија и ме запозна со некои проблеми со кои се соочува. Ми кажа дека има круг на луѓе со кои, и без да сака често е во сериозен судир. Тие сѐ повеќе покажуваа нетрпеливост кон него, а нему сѐ потешко му беше да се справи со нив. Рече дека има пречки од нив и во својата работа. Како главен од тие луѓе го посочи писателот Славко Јаневски. Рече дека тој му се заканувал дека ќе го остави и без работа, на улица. Му реков дека во институцијата во која работам има слободно работно место советник во областа на културната политика. И така, тогаш тоа беше можно, утредента дојде кај мене и му го дадов решението за вработување. Сум пишувал за овие работи повеќе пати, а овде просторот не ми дозволува да ги повторувам. Затоа ќе се задржам само на неколку моменти.

Живко беше многу човечен, несклон за заткулисни работи. Против неговото лично убедување беше можноста да биде ангажиран во некои активности со кои би му загорчил животот на некој друг. Знам дека, како директор на театарот Живко го постави артистот Ристо Шишков за директор на драмата, токму затоа што ги ценеше неговите способности. Инаку со време се покажа дека повеќето од оние негови лути противници, активни во нашата литаратура, дека основна сила што нив ги терала да го напаѓаат и да го омаловажуваат Живко, била нивната бездарност.

Кога се чита текстот на професорот Вангелов се чувствува слична оценка на ова што јас овде го кажувам и тој нападите врз Живко не ги одобрува и ги смета за донекаде неосновани и усилени. Барем таков е мојот впечаток.

Живко Чинго почина на 52 години. Таа е возраст кога можат во животот да се очекуваат нови дела како резултат на постигнатата зрелост. Затоа сметам дека нашата литература со прераната смрт на Живко Чинго многу изгуби. Догодина ќе се навршат 30 години од смртта на Живко Чинго. Збунетоста и несмасностите што ги покажа нашето општество во врска со неговата смрт и неговиот погреб треба да се заборават. Но погоден е моментот да се размислува како ќе биде одбележана 30-годишнината од неговата смрт. Кога се затруени сите пори на општеството со дневно-политички партиски интереси и одмерувања, се плашам од две можности кои не би биле во согласност со личноста на Живко Чинго. Едната е – да заборавиме оти сме го имале и бил овде Живко Чинго како еден од корифеите во нашата книжевност и затоа да не обрнеме никакво внимание на важната годишнина од неговата смрт. Другата можност, што би рекле – опасност – е Живко Чинго да биде прикажан со некоја бурна пропагандна активност која ќе го употреби како личност и творец во некои дневно-политички партиски интереси. Ова второто е уште полошо и од првото. Но некои искажувања предупредуваат дека е голема реалноста тоа да се случи.

Како што реков Живко Чинго имаше проблеми со догматската мисла околу и во македонското прозно товрештво и воопшто во културата. Со тие теченија на свеста тој беше во судир. Но покрај сите тие околности, Живко не беше прогонуван од власта. Тој во животот вршеше и важни општествени функции, како што е функцијата директор на Македонскиот народен театар. Тој беше либерално настроен со цврста определеност и бескомпромисност, и затоа злоупотреба би било на личноста на Живко ако некој се обиде да го претставува како жесток антикомунист. Тој почина како член на Сојузот на комунистите на Македонија и би бил вистински злочин ако некој се обиде 30-годишнината да ја употреби за да докаже дека тој бил националист и тоа од десна провиниенција, што би се рекло со денешни зборови – Живко Чинго бил приврзаник на политиката и идеалите на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа би бил вистински злочин кон него и кон вистината, но кај нас тоа е можно – зар не се случуваат секој ден злочини од таква природа.

Во 1971 година Живко ми го доведе во посета Јордан Плевнеш. Тогаш Плевнеш имаше 18 години и беше едно бушаво момче со разиграни очи и ум и ми остави многу добар впечаток. Пред неколку месеци ми изложи една идеја како да се одбележи 30-годишнината од смртта на Живко Чинго. Тоа беше една поширока идеја, но центар во тоа беше потребата да се изготви еден документарен филм за животот и делото на Живко Чинго. Но беше загрижен за тоа дали ќе се најде една институција што ќе ги покрие потребните трошоци. Тогаш му реков да побара финансиска помош за изготвување на документарецот од Министерството за култура. Сценариото и режијата да ги преземе тој бидејќи беше близок и долгогодишен пријател со Живко и многу добро го познаваше. Јас имав доверба во него. Но времето минува, а уште не сум дознал каква ќе биде судбината на одбележувањето на 30-годишнината од смртта на Живко Чинго, дали тоа ќе биде во согласност со вредностите што ги создаде Живко или пак ќе биде една од двете можности што погоре ги наведов – да заборавиме на Живко или пак да го претставиме како кафеански патриот и нечиј партиски војник.  
 
(This post was last modified: 20-06-2016, 12:54 PM by ЈорданПетровски.)
20-06-2016, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Чинго (4)


Атанас Вангелов ● во 08:59 10 јуни 2016 



Ќе направам сега една неопходна дигресија. Би требало да помогне да се добие слика за времето во кое би можел да биде „гонет“ и „малтретиран“ (жртва) знаменитиот писател Чинго (како што ни вели сега во „Вечер“ универзитетскиот професор Виолета Ачковска), а пак кој, ако може да и се верува на наративната оптика на писателот П. Бакевски, и самиот „гонел“ и „малтретирал“ под притисок на некои пориви на кои морал да им плаќа данок.

Времето е декември 1971 г. Во тој декември се држат две клучни (27-ма и 28-ма) седници на ЦК СКМ на кои се крши ‘рбетот на т.н. либерално крило во пазувите на тогашната власт со неговата елита: Кавчич, Трипало, Никезиќ и др., а Крсте Црвенковски кај нас. ‘Рбетот го кршат прекалени и (сè уште) витални борци од Титовата гарда револуционери, турнати настрана од нова политичка елита. Во духот на филозофијата на Херберт Маркузе, таа елита не се стеснува да зборува за нови сили на „нашето време“ (студенти, интелектуалци) кои ќе ја заменат работничката класа во нејзината мисија за остварувањето на идеалот „слобода на единката како услов на слободата за сите.“ Така што велеше Маркс.

Ќе се повикам, за потребите на овој напис, на дел од излагање на Страхил Гигов кој, според мене, добро ја опишува не само општата, волнена атмосфера на тоа време, туку и политичкиот стил на онаа елита која го смени курсот на СКЈ, најверојатно под притисок на Брежнев. Делот од излагањето на кој се повикувам е публикуван во книгата “Македонски работи“ (1991) на филозофот Димитар Димитров, автор на еден опасен, субверзивен реферат под наслов “Уметност и револуција“. Тој реферат стана главна тема на две седници на ЦК СКМ. Еве што и како вели Гигов на една од тие седници кои средуваат сметки со либералните „мангупи“ (Ленин) во редовите на тогашните комунисти:

„Јас го уважувам печатот, тој може да направи голема услуга, но треба да се знае дека тој и служи на една политика. Додека тој и служи на таа политика, додека ја спроведува таа политика, дотогаш тој чини и вреди. Ако почне да ја урива, или таа политика сосем малку да ја претставува, тогаш тој е непријателски печат и треба да го гониме, ако треба и да го забраниме. Јас не се плашам од тоа. Тука некој рече ‘цврста рака’ и сл. Другари, нема цврста и мека рака. Ако треба дури и диктатура. Јас сум и за диктатура (...) Непријателот треба да се натера да не може мирно да спие, страв да го фаќа.“ (Димитров, 252.).
Гигов зборува, како што убаво може да се види, за „непријателски печат“ кој треба „да го гониме, ако треба и да го забраниме“. Зборува за “непријател“ кој не треба да се остави “мирно да спие.“ Таков, веќе идентификуван, со полно име и презиме, беше фолозофот Димитров во чија опасна близина се наоѓаше не само писателот Живко Чинго, туку и авторот на овие редови. Во времето кое уследи по тие две декемвриски седници на ЦК СКМ од 1971 беа елиминирани од политчката сцена и некои политички ѕверки од мега-формат (Црвенковски, Милосавлевски) во споредба со Димитров и неговиот субверзивен реферат. Но не и писателот Живко Чинго иако, во тоа време, стана звучно име на југословенската култура.

Како дојде до тоа писателот Чинго да се најде во толку „опасна близина“ на филозофот Димитар Димитров, а преку него и авторот на овие редови?

Во тоа време Чинго работеше во политичката школа на Андов. Беше нешто како референт или советник за култура во таа школа. Најверојатно тој или некој друг од школата на Андов дошол на идеја да се направи „дебата“ на тема односот револуција-уметност затоа што таа тама стана многу атрактивна. Практично, еден културен настан број еден во екс-Југославија. Главна заслуга за тоа имаше книгата „Sukob na knjizevnoj lijevici” (1970) на загрепскиот филозоф Станко Ласиќ. И за тоа кажува нешто либеракот Црвенковски во неговата статија “Поглед од дистанца“ (1979) која се најде во „Македонски работи“ на Димитров. Крсте бега од Димитров. Тој изложен на оган од сите „орадија“ на ЦК. Нешто подоцна прашува: „Како би се однесувал Колишевски кога би се појавила кај нас некоја посериозна студија [од онаа на авторот на „Уметност и револуција“] од типот на книгата на Ласиќ во Загреб за битката на книжевната левица“ (Димитров, 268).

Авторот на овие редови, заедно со писателот Благоја Иванов (ја имаше таа чест да биде лустриран од комисијата на Томе Аџиев затоа што му дал некои свои пари на словенечкиот поет Вено Тауфер за кои, како што е ред, веднаш дознала политичката полиција) и, најверојатно, со Чинго, требаше да напише “рецензија“ за рефератот на Димитров по кој, во јули 1971., требало да се дебатира. Тој не се појави на ниедна седница на таа комисија и, според тоа, не би можело да има негов потпис под рецензија за рефератот на Димитров. До колку има таква. Многу веројатно е таква комисија да била составена отпосле, откако пукна тиквата. К. Црвенковски тврди дека бил повлечен субверзивниот реферат на Димитров по налог на тогашниот претседател на ЦК СКМ: „Дискусијата беше спречена од […] Ангел Чемерски, на интервенција на неговиот интимус Димитар Митрев кој во материјалот е опишан како главен догматик“ (Димитров, 262).
Во прилог на тоа дека, можеби, таква комисија била составена post festum зборува и еден напис на писателот Димитар Башевски од тоа време. Откако веќе се нашол рефератот во рацете на некои двесте луѓе кои требало да дебатираат на тема уметност и револуција, дошол до некој „Бунт во домот на старците“ (наслов на првата драма на писателот Венко Андоновски) кој Димитов ги именува како „геронтократи.“ Се буни една прекалена гарда револуционери против оние кои, во стилот на младиот Маркс, преку перото на Димитар Димитров, удриле во беспоштедна критика „на сè што постои.“ Или, како што вели Гигов: „се негира сè што е од револуцијата“; „се негира сè што било до вчера […] сè е тоа агитпроп, сè е тоа нула, а ние молчиме за такви работи“ (Гигов/Димитров, 251).
Очиглдедно е дека, во тој јули од 1971 г., писателот Д. Башевски, и самиот либерал во тоа време (впрочем, тоа беш курс на Партијата!) има некои илузии дека побуната на „гернтократитите“ против оние кои критикуваат „сè што постои“ ќе може, како што би рекле денес, да се - „изменаџира“. Токму затоа и пишува: „Зошто рефератот да биде ‘рецензиран’ кога таква практика не е воспоставена за слични случаи, кога е очигледно дека тој не може да трпи никакви стилски и други измени, онаков каков што е, тој треба или да се прифати или да се отфрли...“
Како помина писателот Чинго во таа бура што ја предизвика субверзивниот, опасен реферат на Димитров? Бура за која имал очигледна, важна заслуга? Како помина писател кој, во своите раскази од двете „Пасквелии“, но и во романот „Големата вода“, безмилосно мава по колективизам на вечните „геронтократи“? Помина мошне добро! Помина добро затоа што тој не само знаел, туку и стриктно држел до својата политичка филозофија која вели: „храброст е да се молчи“ кога треба, а „лудост да се критикува“ кога не треба (Димтров, 9). Дали таа политичка филозофија го легитимира Чинго како ситна душа? Како одвратен конформист? Работата не е толку едноставна колку што изгледа на прв поглед.


Quote:ЧИНГО (5)

Атанас Вангелов ● во 14:22 11 јуни 2016 ●



Во свое време, основоположникот (Ѓурчинов: „најангажиран и најзначаен книжевен арбитер“, 1996.,183.) на нашата повоена уметничка критика Д. Митрев напиша исцрпна студија за прозата на Живко Чинго. Студија, како онаа за Чинго, би посакал и мртов писател, а камоли жив. Има, меѓутоа, и една двосмислена квалификација во студијата на Митрев. Таа квалификација вели дека писателот рапсод од Велгошти („дали во лозата чинговска постоел некаков народен рапсод од кого Чинго ја наследил неусилената раскажувачка моќ.“, Избор , 3, 1970, 286) бил и еден - опасен талент. Митрев пишува: писателот на двете „Пасквелии“ бил „беспорен талент на најспонтаното себечувствување“, но „и еден опасен талент.“ Зошто опасен? Затоа што би можел да изгуби „контрола во однос на битноста“ и, како последица на тоа, да подлегне на искушение дека сè „што се почувствувало“ било „достојно за искажување“, предупредува Митрев (Исто, 286.). Ехо од Горки? Горки велеше дека не е добро кога се кажуваат сите вистини.
Се ограничувам тука само на двосмисленоста на изразот „опасен талент.“ Зошто? Затоа што уметничката вредност на литературата на Чинго која понесува го натерала Митрев да отвори срце и да му напише една, безмалу, „чингопојка.“ Арно ама, некаде “горе“, би можеле да ја видат таа литература низ „дјоптрите“ (Митрев) на - субверзија. Од таа причина Митрев инсталира, во својата полетна „чингопојка“, еден капиџик за во случај да почне да се мати небото над Чинго. Капиџикот се прави од материјалот двосмисленост. Тој материјал вели две работи истовремено: опасен талент е а) исклучителен писател од највисок ред за кој нема споредба (според моделот: “опасна риба“ која знае да ве тресне од земја кога ја здогледувате), но и еден б) талент кој, со својата уметничка проза подрива, како тивка, длабока вода, столбови на политички систем (социјализмот) и, со тоа, станува крупна закана за тој социјализам.

Митрев беше во право кога писателот на двете „Пасквелии“ го опиша како „опасен талент.“ Неговата уметничка проза е не само тивка вода, туку и нешто како темпирана бомба. Романот „Живот и судбина“ на Василиј Гросман, на пример, Суслов го смета за поопасен („како атомските бомби на непријателите на СССР.“) од романот “Доктор Живаго“ на Пастернак. Доволно да се сфати дека, во околности кога власт (тоталитарна) почива врз покорност, гледа темпирана бомба во литературата? Оти, таа живее од и за слободата? По таа нејзина „иманентна карактеристика“, како што обично вели Д. Димитров, литературата е поопасна од реферат кој расправа за “автономна“-добра и “хетерономна“-лоша литература, онаа на нашите соцреалисти. Поопасна, затоа што добрата литература (Бабељ, Чинго на пример.) ја разбираат сите. Ја разбираат сите по простиот факт што литературата им се обраќа на сите. Добрата критика, меѓутоа, ја разбираат само некои, главно верзирани луѓе. Убаво зборуваат за тоа изразите „автономија“ и „хетерономија“ со кои се служи Димитар Димитров кога ја опишува разликата меѓу автентичната на една и идеолошки обоената литатура на друга страна. Вам ви треба и некој филозофски багаж за да ги разберете добро пораките на изразите „автономија“ и „хетерономија“.

Рефератот на Д. Димитров беше благовремено и „стручно“ демонтиран од тогашните „геронтократи“. Беше, затоа што „геронтократите“ го сфатија (со право!) како подметната бомба (по намера или по случај: последиците се исти!) под локомотивата на социјализмот која забрефтано јури кон „светлата иднина.“ Кои околностите налагаат темпирана бомба, под маската на уметничка проза (двете „Пасквелии“ на Чинго), да се демотира? Работа која потоа води кон прогон и кон малтретирање на некој писател-“бомбаџија“ (П. Шатев)? За да стане појасно тоа, ќе се повикам на роман “родствен“ (Митрев), по стил и по однос кон стварноста со прозата на Живко Чинго. Сега се ограничувам на тој роман. Толку ми допушта просторот за ваков вид написи. Потоа ќе предложам увид во уметнички црти на прозата на Чинго што ја зближуваат до романот за кој ќе зборувам.
Две години пред драматичната седница на ЦК СКМ која ги среди сметките со комуниситите-либерали се појави кај нас романот „Шега“ од Милан Кундера кој, по влезот на Советскиот сојуз во Чехословачка (1968), емигрира во Франција и оттогаш пишува на француски. Во македонскиот превод на Кундера е објавен предговорот на Луи Арагон за француското издание на “Шега“, кое се појави една година пред македонското. Арагон напиша многу ласкави зборови кои го искачија Кундера на самиот врв европски писатели. Не се излажа. Уследија потоа и други романи како, на пр., „Неподнослива леснина на постоењето“, “Бесмртност“ итн. Тие на најубав начин го потврдија предвидувањето на Арагон од 1968.

Клучно место во романот „Шега“ на Кундера од кое црпе сила, пркосен дух, ведар и отровен истовремено е - недоразбирањето Тоа е модерна верзија на непрепознавањето (anagnorisis) кај Аристотел. И во филозофијата на Албер Ками недоразбирањето e магистрална тема. Тој го вика malentendu. Така се вика и една драма на авторот на „Странецот“. Драмата на Ками има иста, длабинска структура како и драмата „Парите се отепвачка“ на нашиот Ристо Крле. Зборува за тоа недоразбирање и поетот Шарл Бодлер. Така, на пример, на едно место во неговата духовна автобиографија „Моето соголено срце“ (Mon coeur mis à nu) може да се прочита: “светот се крепи врз недоразбирањето; ако се разбереме, светот ќе пропадне“.

Драмата на јунакот (Лудвик) на Кундера е една par exelence, со сите нишани социјалистичка кафкијада или - чафкијада по нашки. Низ една таква, sui generis чафкијада, како што би рекол Страрделов, минуваат сега некои видни актери на шарената револуција. Накусо, драмата на Лудвик може да се опише вака. Јунакот на Кундера едно сака да и каже на Маркета, во која опасно се вљубил. Ама, друго разбрала власта кога доаѓа до неа тоа што Лудвиг и го напишал на разгледница. Тоа „опасно“ на Кундера е од истиот ред како и „опасниот талент“ на Митрев, за кој го кажав неопходното. Во случајот на вљубениот Лудвиг на Кундера, опасно значи – „се вљубил до уши“. Меѓутоа, токму таа и таква љубов ќе стане “опасна по живот“ кога, во сето тоа, ќе се замеша власта. Што и напишал Лудвик на убавата Маркета, а што разбрала власта?

Маркета била една непорочна душа, чиста природа, невино срце, тоа што Флобер го вика le coeur simple. Таа има бескрајна доверба во луѓето. Сè примала здраво за готово. Не знаела за задна мисла или за скриена намера. За да ја боцне малку, за да ја извади од светот на опојна „лична идила“ (Ф. Рикар зборува за тоа како одлика на многу ликови на Кундера“), тој и праќа една разгледница која едно зборува, а сосем друго кажува: “Оптимизмот е опиум за човештвото! Здравиот дух мириса на глупост! Нека живее Троцки! Лудвик. („Шега“, 46).
Така почнува кафкијадата на Лудвик, а чафкијада по нашки.
20-06-2016, 12:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Чинго (6)

Атанас Вангелов ● во 08:44 13 јуни 2016 



Времето за кое зборува уметничката проза на Живко Чинго преку топосот- фиктив Пасквелија е време на насиланата, крвава колективизација која ги правда своите злосторства со начелото целта ги оправдува средствата. Тоа начело е дух на политичката филозофија на Игнацио Лојола, основоположник на редот Језуити. Може поблиску да се одреди тоа „волнено време“ (Г. Ѓого) како време од пред Информбирото (1948): „Чинго ни доловува еден типично рурален амбиент и простор“, вели М. Ѓурчинов и прецизира: „во исклучителни, бурни времиња на големиот судбоносен пресврт - војната и револуцијата“ (Maked. knjiž., 1988, 139).

Говорот на неговите ликови, меѓутоа, брзо и лесно ве упатува на помисла дека зад обликот „Пасквелија“ се крие содржината охридско-преспански регион, „простор кој го живее својот живописен и опоен живот близу Охридското езеро“ (Исто, 139). Што значи кога облик-збор упатува на две соджини истовремено: една фиктивна, Пасквелија, и друга реална до која лесно доаѓате преку говорот на уметнички ликови и која, освен тоа, уште полесно и побрзо ја идентификувате како охридско-преспански регион, „близу Охридското езеро“? Значи, во прв ред, дека писателот едно зборува, а друго кажува. Тоа што го „зборува“ тој е директната смисла на неговата проза. Тоа што што го „кажува“ преку неговото “зборува“ е индиректната или скриената смисла на неговите Пасквелии.
Не само збор-облик како Пасквелија кај Чинго упатува на две содржини, туку тоа го прават и група зборови. Како, на пример, групата „опасен талент“ на Митрев или групата “опасно вљубен“ во “Шега“ на Кундера, за кои веќе зборував во написот „Чинго (5)“. Обрнете сега внимание на изразот група зборови. Група образуваат два, дваесет, 2 000 или 200 000 зборови. Група зборови се зборовите на расказ, роман или драма, логички поврзани, за да дадат целина. А таа целина, како и зборот Пасквелија на Чинго, упатува на две содржини. Упатува тогаш кога првата содржина станува знак кој води кон втората. Таа преобразба на содржина од група зборови (расказ, роман, драма) која почнува да работи како знак, се вика симболизација во стручната литература. Ете како Пасквелија, име за провинција кај Чинго, станува симбол на држава (РМ) која, од своја страна, станува симбол за власт во „народните демократии“, како што се викаа тоталитарните политички системи во Источна Европа до падот на Берлинскиот ѕид (1990).

Има уште еден момент на кој треба да се укаже кога е во прашање збор-облик или група зборови кои упатуваат на две содржини истовремено. Еден средновековен роторичар, опатот К.-Ф. Менестрие, ја спореди таа особеност на јазикот на уметничката литература со јазол, Nodus in scirpo. Рече вака: далечните зборови по значења, како краеви од јаже, првин се приближуваат. Потоа се вкрстуваат и преплетуваат и, со затегање, пак се оддалечуваат. Така се добива јазолот - метафора, по структура идентична со енигмата (заплет) во наративната проза (Poétique 1981, бр. 45, стр. 35), како што вели и „Поетиката“ на Аристотел. Тој уште додава дека поет е оној што знае да ги види сличностите во, навидум, различни работи (аналогии), а пак трагичар е оној кој добро „составува собитија“ (настани). Или, на планот на стилот (lexis кај Аристотел), главна е метафората. Во нејзината развиена форма станува енигма во расказ, роман или драма. Тоа што е кондензирана енигма (метафора), тоа е и развиената метафора (енигма), поправо јазолот на Клод-Франсоа Менестрие.

Онаа енигма (заплет) од романот “Шега“ на Милан Кундера, причина за неговата кафкијада или чафкијада по нашки, за кој веќе реков дека е „родствен“ (Митрев) по стил и по однос кон стварноста со уметничката проза на Чинго, може да послужи како многу добра илустрација за тоа што тука се рече по прашањето метафора и енигма. Ќе ја изоставам таа илустрација од „Шега“ на Кундера. Ќе се послужам со една од прозата на Чинго, со напомена дека тоа што ќе го кажам за Чинго, од збор до збор ќе важи за уметничката техника на Кундера во „!Шега.“ Примерот со кој ќе се послужум е од расказот „Семејството Огулиновци.“ Треба, истоврено, да ја осветли и онаа “родственот“ на Чинго со Кундера.

Многудетноста е тоа што ги разликува Огулиновци од другите во Пасквел: „Секоја пролет се раѓаше по едно Огулиновче.“ Тоа е сиромашно семејство како и секое многудетно семејство. Ама, некако среќно и ведро во таа сиромаштија: „та нив и светецот им попуштеше.“ Има уште една упадлива одлика на Огулиновци. Мајката Огулиница има „лице како зрела вишна.“ Таа „зрела вишна“ е дискретниот сигнал дека црвеноликоста-белег за Огулиноци ќе се развие во заплет (енигма) кој по дефиниција води кон некој трагичен исход.

Кога се раѓа единаесеттото Огулиновче, стариот Огулин претчувтвува дека тоа „кученце“ ќе му донесе „голема среќа.“ Затоа и го коле своето јуне за да ги нагости сите Пасквелци. Се палат огнови во градината на Огулиновци. Пасквелци носат “ѓумови ракија“, жените ги прчат “напред градите“ и така почнува веселата, иако сиромашка баханалија, честа во расказите на Чинго. Кога таа сиромашка, пасквелска баханалија доаѓа до својот врв, упаѓа стариот Огулин со непријатна вест: “Браќа мои, јунчето се стопи“. “Се стопи – се зачудија луѓето“; “Ете, се стопи-мрмореше стариот Огулин лижејќи си ги прстите.“

Доаѓа до општо негодување, стариот Огулин сака да ја поправи некако работата така што ветува некои “печени кокошки“, Пасквелци се досетуваат дека Огулиновци ќе ги гостат со нивни кокошки („какви кокошки кај Огулиновци“), тоа ги отрезнува жените кои по пердувите почнуваат „да си ги распознаваат кокошките“. Така почнува една општа брканици, а децата Огулиновци бегаат накај реката каде што налетуваат на војници. Тие ги слушаат пцовките и клетвите на пасквелските жени: „Црвенковци, ѓаволи црвени!“ Војниците прашуваат: „има ли црвени во вашиот крај?“ Пристига и стариот Огулин кој, на прашањето кој е црвен, одговара: “црвен сум како петринско вино“; “и жена ми е црвена“; „и децата ни се црвени“; „таква ни е крвта“; „такви ни се воздухот и водата.“ Тој одговор на стариот Огулин е дрска провокација за одредот војници. Ги врзуваат Огулиновци кои „во долга колона ја изминуваа[т] реката“ за да не се вратат никогаш веќе во Пасквел.

Што ни кажуваат црвеноликите „како вишна“ Огулиновци кои стануваат, „црвени“ (метафора) во понесениот монолог на стариот Огулин?

Ни кажува дека таткото Огулин зборува со ненадејна гордост (најпосле, во својата архисиромаштија, нашол со што да се гордее!) за тоа - што го одликувало неговото семејство од другите семејства во Пасквел. Или, тој зборува од една антрополошка перспектива. Војниците ја разбираат неговата гордост како дрска провокација. „Црвените“ се комунисти и антифашисти за тие војници. Нивната перспектива е идеолошка. На дело е она недоразбирање за кое го кажав главното во написот “Чинго (5)“. Како што, без недоразбирање (anagnorisis), нема добра трагедија, така нема ни добра кафкијада кај Кундера, чафкијада кај Чинго. Од тоа недоразбирање потекнува „трагичното чувствување на животот“ (М. де Унамуно), главен белег на прозата на Милан Кундера и на нашиот Живко Чинго.


Quote:Сеќавања за драматичните времиња (1)

Стојан Андов ● во 15:20 14 јуни 2016 



Овие денови пред 45 години, во далечната 1971 година бев на функцијата директор на Републичкиот центар за идеолошко политичко образование и студии. На таа функција дојдов во почетокот на 1970 година.
Имав некои тешкотии од политичка природа во есента 1969 година и проценив дека е добро да се повлечам од функцијата претседател на општината Кавадарци и да видам што друго можам да работам евентуално во Скопје. Тогашниот претседател на ЦК на СКМ Ангел Чемерски разбрал за случајот што го доживеав и самиот ме повика и ме советуваше да се повлечам и да дојдам во Скопје. Неколку дена по разговорот со Чемерски ме повика Славко Милосавлевски, тогаш секретар на Централниот Комитет на СКМ (втор човек во партијата). Ми рече дека разговарал со Јанош (партизанското име на Чемерски) и презел задача да што поитно помогне да се најде некое решение за мене.
Славко ми рече дека разговарал со Крсте Црвенковски кој му предложил решение а Славко тоа го прифатил. Тогаш биле во тек сериозни организациони промени во тогашната школа на ЦК СКМ. По новиот Статут кој штотуку бил донесен, останувала политичката школа и понатаму, ама како оддел во Центарот. Покрај политичката школа Центарот имал оддел и за политички студии. И Крсте и тој, Славко мислеле дека таа работа ќе можам јас успешно да ја работам. На Славко му реков дека со политички студии дотогаш не сум се занимавал и затоа можеби би било подобро да најдат некој поквалификуван од мене, а јас да учествувам во изготвувањето на такви студии пред се од економијата и да предавам политичка економија во партиската школа. На Славко мојата идеја не му се допадна и ми рече:
,,Со твојот начин на размислување и изградени погледи Крсте и јас сметаме дека ти си најпогодниот за таа функција”.

Да не должам многу, образованието (политичката школа) му го доверив на еден од соработниците, а лично се ангажирав да доведам луѓе што ќе можат да организираат и да изведат вистински политички студии. За таа цел се обратив на неколку личности што тогаш ги познавав да дојдат на постојана работа во Центарот, но сите одбија. Нивниот став ми стана јасен кога го прашав Томислав Чокрески зошто не доаѓа во Центарот, тој ми рече дека не сака времето да му прејде во создавање на нови институции без сигурна иднина и затоа се определува да работи на Правниот Факултет, со перспектива да стане професор. Си реков, тоа е веројатно причината и другите што одбиваат да дојдат во Центарот.

Една средба со Живко Чинго во тие денови, на која тој ми кажа дека има големи тешкотии, напади и закани од некоја група луѓе, од литературата но не само од неа и дека тие сакаат да го избркаат од работа и да остане на улица. Му реков дека има место во Центарот и нека прејде веднаш и утредента Живко беше советник за политиката во областа на културата.

Првите месеци од неговото доаѓање ги искористивме да изготви тој програма и прв настан што го организиравме од таа програма беше расправата во Центарот за ,,положбата на македонскиот јазик во јавниот живот”. Расправата беше добро втемелена. Во неа учествуваа истакнати културни работници. Имаше и доста возбуда поради тоа што такви расправи дотогаш беа многу ретки. Поучени од тој пример, да организираме расправи по несекојдневни прашања кои сепак се од битен карактер за општеството, а по предлог на Живко се одлучивме да организираме расправа на тема ,,Литературата и револуцијата” (а не како што вели Вангелов уметноста и револуцијата). Живко ми предложи да го ангажираме Димитар Димитров кој тогаш беше асистент на Филозофскиот Факултет, а држел настава и на Техничкиот Факултет. Димитров беше од наша возраст а беше и секретар по идеолошки прашања на градскиот комитет на СКМ. Го поканив Димитров на разговор и тој ја прифати идејата. Неодамна се беше развел и веќе имал нова љубов со која ќе заснива семејство ама за тоа му се потребни пари. Му реков дека и да не е така ние не сакаме џабе да работи. Го прашав колку бара, ја кажа сумата.

Тоа беше нешто повеќе од она што нашиот правилник го овозможуваше ама поради неговите лични проблеми, и поради фактот што тоа ќе биде наша прва пишувана студија му ја прифативме сумата. Направивме писмен договор што го потпишавме тој и јас, а Димитров веднаш се даде на работа. За едно три недели ми го донесе текстот. Изработивме неколку копии а две од нив зеде Живко, една за него а една за Слободан Мицковиќ чие мислење тој го почитувал. Нечекајќи го мислењето на Живко и Слободан, откако неколку пати ја прочитав студијата на Димитров му кажав на Живко ќе испратам покана на можни учесници во расправата по таа студија и му реков да размисли, заедно да го направиме списокот на поканетите. И така после неколку дена откако умноживме доволен број, испративме по еден примерок на 123 (а не околу 200, како што вели Вангелов во својата четврта колумна под наслов Чинго) личности од културата и политиката пошироко. Причина што канивме 123, иако знаевме интересот ќе биде поширок беше фактот што нашата сала во која сакавме да ја одржиме расправата имаше 123 места. Со примерокот од студијата на секого од примателите им упатив писмо за намерите и целите што ги имаме поставено со оваа расправа и со молба доколку се во можност и расположени и лично да учествуваат во расправата. Мислам оти расправата требаше да се одржи 15 – тина дена по приемот на материјалот.

Но наскоро настана вистинска бура. Откако го примиле материјалот, почнаа да ми се јавуваат личности од разни области, од книжевноста, од новинарството и воопшто од политиката. Сите тие беа и истакнати личности во тогашниот јавен живот. Сите што ми се јавија тие денови беа многу лути на мене што организирам таква расправа, а некои од нив најгрубо ме пцуеја и ми се закануваа. Многумина ми рекоа дека после овој мој чекор, за мене нема да има место во Македонија. Додека уште грмеа телефоните во мојата канцеларија, ме повика Ангел Чемерски на разговор. Почна да ме испитува за тоа со кого ова сум го договарал, дали Славко Милосавлевски знаел, дали е во договор со него или по негов налог. Му кажав дека Славко како и тој е една од личностите до кои упатив покана. Додека не го примил материјалот тој не знаеше ништо.
Едноставно мислам дека ние во Центарот треба слободно да работиме, да не бидеме врзани за кусо јаже и за се да прашаме во ЦК. Чемерски ми рече дека јас не сум свесен што сум направил и во какви г.... сум го вовлекол и него. Му реков дека материјалот што е изготвен врз основа на моја порачка и договор кој јас сум го потпишал не е некоја одлука на државен орган или на ЦК, туку дека е материјал за дискусија и сите оние што сега протестираат ќе имат можност своето мислење да го кажат во расправата. Тој тогаш многу се налути и ми рече: ,,Каква расправа!? Веднаш да си одиш од канцеларијата да напишеш писмо во кое ќе објасниш дека расправата се откажува поради тоа што материјалот не е добро подготвен и затоа ќе замолиш секој од примателите да ти го врати материјалот. Да го повлечеш тој материјал!” Добро, добро му реков само да се поздравиме и си отидов. Му кажав на Живко за разгворот кај Чемерски тој многу се замисли и замолкна. Јас потоа напишав писмо во кое ги известив примателите на материјалот дека расправата се одлага, а за датумот на одржувањето дополнително ќе бидат известени. Живко ми рече дека е добро да го испратам тоа писмо. Рече, значи покрај разговорот кај Чемерски ние не ја откажуваме расправата и не го повлекуваме материјалот. Многу подоцна во јавноста непромислени или неинформирани луѓе како јас сум ја откажал расправата и сум спречил да се расправа по тој материјал бидејќи материјалот сум го барал назад. Како извор на такви гласини сигурно беше барањето што лично ми го постави Чемерски и претпоставката дека тој навистина очекувал јас во се да го послушам.

Расправата не се одржа, секој си го зачува своето мислење, аргументите не се соочија, а сепак завладеа привремено некој мир. На 30 јуни 1971 година само 2 – 3 недели откако се дигна овој жесток бран против мојата постапка, во договор со Славко Милосавлевски (тој впрочем ми беше и шеф бидејќи јас истовремено бев и член на Извршниот Комитет на партијата, на чие чело беше тој) заминав со семејството на одмор во Хрватска на Мали Лошињ.

Во тој разговор Славко ми рече да се одморам и да се растоварам психички од притисоците што ги доживеав. Но ми рече исто така дека треба да размислиме јас за извесно време да се тргнам од Македонија. На тој став Славко очигледно останал и при крајот на јули кога по телефон едвај ме пронајде на плажата Чикат на Мали Лошињ, ме извести дека бил во тек состанок со мандатарот за новата Југословенска Влада Џемал Биједиќ и дека Славко ме предложил а Џемал веднаш прифатил а потоа се сложиле и другите (Ксенте Богоев и Никола Минчев – претседателот на Владата и претседателот на Собранието) јас да бидам избран за член на Југословенската Влада. Тоа беше како гром од ведро небо и тој мој впечаток му го кажав. Тој бараше одговор од мене а јас му реков оти морам да и кажам и на сопругата да го слушнам и нејзиното мислење. А тој ми рече да размислам веднаш и да му кажам затоа што паузата во Скопје е дадена само за да се добие мојот одговор. Пак му кажав оти многу е неочекувано за мене а тој ми рече дека овој мандат во Белград ќе трае само две години а потоа ќе се донесе новиот Устав и ќе се бира нова Влада, а рече дека за мене Републичкото раководство ќе води сметка да бидам распореден негде во Скопје. Немаше каде - прифатив, а во мислите ми проработи црвот за она искажување на Славко дека после скандалот со закажаната расправа на темата ,,Литературата и револуцијата”, ќе биде добро ако извесно време се склонам од Македонија.
 
20-06-2016, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ЧИНГО (7)

Атанас Вангелов ● во 11:09 15 јуни 2016 



Кога, во 1965 се појави книгата раскази „Нова Пасквелија“ на писателот Живко Чинго, пламна нова, беспоштедна полемика меѓу Димитар Солев, прво име на македонскиот модернизам и Димитар Митрев, кој важеше за „беспорен“ водач на реалистите.

Во септемврискиот број на „Разгледи“, бастион на модернизмот, Солев објави една провокативна статија под индикативен наслов. Статијата се викаше „Ситуација 65“. Велам индикативен, затоа што насловот „ситуација“ е наслов на дури осум тома критики (Situations I-VIII) на писателот Жан-Пол Сартр, во тоа време нешто како бајрак на европската интелектуална левица.

Има место, во статијата на Солев, кое може да посведочи дека авторот на „Ситуација 65“ ја имал в рака неговата книга „Што е литературата“ која, исто така, зборува за реализмот („Како што вели Сартр: не се работи за тоа да го одбереме своето време, туку да се одбереме ние во него“), ама на подруг, модерен начин, наспрема „теоријата на отражанието“ на бугарскиот Филозоф Тодор Павлов.
Тој стана познат и по една полемика со Мирослав Крлежа пред Втората светска војна, за која дава многу детали Станко Ласиќ во својата книга „Sukob na kniževnoj lijevici 1928-1952.” (1970). Има, во статијата на Солев, и многу други места кои зборуваат за реализмот на Митрев како, на пример: „Има некоја грозна морална пукнатина крадешкум да отстапупуваш од својата естетитка, а да ја задржуваш етиката на доследност – постојано да нагласуваш дека од секогаш си бил за она за кое твоите довчерашни мислења тврдат дека не си бил.“ (Quo vadis scriptor, 1971, 87.)

Многубројните отровни стрелички упатени на адреса на Митрев не можеа да останат без одговор. Тој одговори во ноемврскиот број на својот „Современост“ со полемиката “Помеѓу ситуации и реминисценции.“ Солев не пропушти да му врати со нова статија („Критика со патос и предрасуда“) во која го потсети водачот на реалистите на неговата „грозна морална пукнатина“. Таква „пулнатина“ била, според Солев, неговата тврда „сталинистичко-ждановистича“ критичка практика, за која Mитрев вели дека ја напаѓал “со аргументи од Бухарин“ во дискусија што ја водел “пред две години со Тодор Павлов“ (Quo vadis, 96).

За да ја документира „грозната морална пукнатина“ на човек кој бранел сталинистичка верзија на соцреализмот, Солев се служи со широки изводи (еден изнесува полни 4 страници од верзијата на неговиот одговор објавен во Quo vadis…) од текстови на Митрев кои го препорачуваат Тодор Павлов со неговата „теорија на отражението“: “литературата денес не само што треба уметнички да ги одрази настаните, но и да воздејствува за нивниот развиток“; “литературата треба да се развива во социјалистичко-реалистички правец, треба да биде во центарот на општонародната борба за социјализам“ (Исто, 98)..

Многу години подоцна, во еднен портрет за критичката практика на Митрев зборува и Милан Ѓурчинов кој, како и Солев, ја опишува како блиска до онаа верзија за која, во 1965, Митрев вели дека била позиција на Тодор Павлов со кој полемизирал на славистички конгрес (1963) во Софија:
„Како речиси единствен на критичката мисла во првите повоени години, Митрев го прифаќа налогот на времето и своето критичко кредо го заснова врз торијата на одразот на Тодор Павлов, залагајќи се за едукативно-иделошка функција на литературата.“ Од таа „теорија на отражението“ Митрев ги изведува своите главни критички мерила кои, според мислењето на Ѓурчинов “одстануваат непроменети на ниво на неговите првобитно усвоени гледишта“(Nova, makedonska književnot 1988, 194).

Ги наведувам сиве овие детали за да укажам дека појавата на Нова Пасквелија на Живко Чинго се најде во сенка на нова беспоштедна полемика која почна речиси една деценија пред тоа и која има свое ехо, на особен начин, во оној реферат на Димитар Димитров („Литератаура и револуција“), за кој Стојан Андов во својата статија „Сеќавање на драматичните времиња (1), ни дава многу нови и важни детали од прва рака. На сите тие детали кои фрлаат нова светлина врз нашата литература и некои актери на таа литература кои станаа тема на дури две политички седници на највисок политички форум (ЦК СКМ) макар и како повод, ќе се вратам подоцна. Сега ќе потсетам само дека расказите од двете Пасквелии на Живко Чинго ја стави на големи маки тогашната критичка мисла. И тоа како онаа од таборот на реалистите, така и онаа од таборот на модернистите.

Има многу места од критиката „Случајот Чинго“ на Митрев кои сведочат за тоа дека мака мачи да го објасни (и да го одбрани!) очигледното „црногледство“ на писателот на двете Пасквелии. Тоа е веќе време на „естетскиот плурализам.“ Тој плурализам и допушта на литературата не само „светли“, туку и „сиви“ и „црни“ ликови ако сака да биде - „верен одраз на стварноста“.

На таква мака се наоѓа и критиката на Милан Ѓурчинов. За да излезе некако на крај со таа мака, Ѓурчинов се повикува на „теоријата на отражението“, на онаа торија за која вели дека била „кредо“ на критичката торија и практика на Митрев и која, според него, била далеку од тоа „да пишува литературно за литературата“. Еве и како, доведен во тесно од Пасквелиите, Ѓурчинов посега по “теоријата на одражението: „..’Нова Пасквелија несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бекомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед...“ („Современа македонска книжевност, 1983, 270,)

Има, до душа, и некои спецификации тоа „одразува“ на Чинго како на пр.: а) одразува загрижено; б) одразува ангажирано, в) одразува бескомпромисно; г) го одразува сето (...) пред неговиот поглед. Има барем уште толку спецификации на „одразува“ во редовите кои следуваат по наводот на кој се повикувам. Сите тие спецификации јасно и гласно зборуваат за тоа како „одразувал“ Чинго кој имал „некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето“ (266). Одразувал на „нему својствен начин“ ама сепак – одразувал! И за тоа одразува Солев би рекол дека е „грозна морална пукнатина“, ама, изгледа, го пропуштил мигот.


Quote:Сеќавања за драматичните времиња


Стојан Андов ● во 14:00 17 јуни 2016 



Овие денови пред 45 години, во далечната 1971 година бев на функцијата директор на Републичкиот центар за идеолошко политичко образование и студии. На таа функција дојдов во почетокот на 1970 година. Имав некои тешкотии од политичка природа во есента 1969 година и проценив дека е добро да се повлечам од функцијата претседател на општината Кавадарци и да видам што друго можам да работам евентуално во Скопје. Тогашниот претседател на ЦК на СКМ Ангел Чемерски разбрал за случајот што го доживеав и самиот ме повика и ме советуваше да се повлечам и да дојдам во Скопје. Неколку дена по разговорот со Чемерски ме повика Славко Милосавлевски, тогаш секретар на Централниот комитет на СКМ (втор човек во партијата). Ми рече дека разговарал со Јанош (партизанското име на Чемерски) и презел задача што поитно да помогне да се најде некое решение за мене.
Славко ми рече дека разговарал со Крсте Црвенковски, кој му предложил решение, а Славко тоа го прифатил. Тогаш биле во тек сериозни организациони промени во тогашната школа на ЦК СКМ. По новиот Статут кој штотуку бил донесен, останувала политичката школа и понатаму, ама како оддел во Центарот. Покрај политичката школа Центарот имал оддел и за политички студии. И Крсте и тој, Славко мислеле дека таа работа ќе можам јас успешно да ја работам. На Славко му реков дека со политички студии дотогаш не сум се занимавал и затоа можеби би било подобро да најдат некој поквалификуван од мене, а јас да учествувам во изготвувањето на такви студии пред сè од економијата и да предавам политичка економија во партиската школа. На Славко мојата идеја не му се допадна и ми рече: „Со твојот начин на размислување и изградени погледи, Крсте и јас сметаме дека ти си најпогодниот за таа функција“.
Да не должам многу, образованието (политичката школа) му го доверив на еден од соработниците, а лично се ангажирав да доведам луѓе што ќе можат да организираат и да изведат вистински политички студии. За таа цел се обратив на неколку личности што тогаш ги познавав да дојдат на постојана работа во Центарот, но сите одбија. Нивниот став ми стана јасен кога го прашав Томислав Чокрески зошто не доаѓа во Центарот, тој ми рече дека не сака времето да му прејде во создавање нови институции без сигурна иднина и затоа се определува да работи на Правниот факултет, со перспектива да стане професор. Си реков, тоа е веројатно причината и другите што одбиваат да дојдат во Центарот.
Една средба со Живко Чинго во тие денови, на која тој ми кажа дека има големи тешкотии, напади и закани од некоја група луѓе, од литературата но не само од неа и дека тие сакаат да го избркаат од работа и да остане на улица. Му реков дека има место во Центарот и нека прејде веднаш и утредента Живко беше советник за политиката во областа на културата. Првите месеци од неговото доаѓање ги искористивме да изготви тој програма и прв настан што го организиравме од таа програма беше расправата во Центарот за ,,положбата на македонскиот јазик во јавниот живот“. Расправата беше добро втемелена. Во неа учествуваа истакнати културни работници. Имаше и доста возбуда поради тоа што такви расправи дотогаш беа многу ретки. Поучени од тој пример, да организираме расправи по несекојдневни прашања што сепак се од битен карактер за општеството, а по предлог на Живко се одлучивме да организираме расправа на тема ,,Литературата и револуцијата“ (а не како што вели Вангелов уметноста и револуцијата). Живко ми предложи да го ангажираме Димитар Димитров, кој тогаш беше асистент на Филозофскиот факултет, а држел настава и на Техничкиот факултет. Димитров беше од наша возраст, а беше и секретар по идеолошки прашања на градскиот комитет на СКМ. Го поканив Димитров на разговор и тој ја прифати идејата. Неодамна се беше развел и веќе имал нова љубов со која ќе заснива семејство ама за тоа му се потребни пари. Му реков дека и да не е така, ние не сакаме џабе да работи. Го прашав колку бара, ја кажа сумата.
Тоа беше нешто повеќе од она што нашиот правилник го овозможуваше, ама поради неговите лични проблеми, и поради фактот што тоа ќе биде наша прва пишувана студија, му ја прифативме сумата. Направивме писмен договор што го потпишавме тој и јас, а Димитров веднаш се даде на работа. За едно три недели ми го донесе текстот. Изработивме неколку копии, две од нив зеде Живко, една за него, а една за Слободан Мицковиќ, чие мислење тој го почитувал. Не чекајќи го мислењето на Живко и Слободан, откако неколкупати ја прочитав студијата на Димитров, му кажав на Живко дека ќе испратам покана на можни учесници во расправата по таа студија и му реков да размисли, заедно да го направиме списокот на поканетите. И така после неколку дена откако умноживме доволен број, испративме по еден примерок на 123 (а не околу 200, како што вели Вангелов во својата четврта колумна под наслов Чинго) личности од културата и политиката пошироко. Причина што поканивме 123, иако знаевме дека интересот ќе биде поширок, беше фактот што нашата сала во која сакавме да ја одржиме расправата имаше 123 места. Со примерокот од студијата на секого од примателите им упатив писмо за намерите и целите што ги имаме поставено со оваа расправа и со молба доколку се во можност и расположени и лично да учествуваат во расправата. Мислам оти расправата требаше да се одржи 15-ина дена по приемот на материјалот.
Но, наскоро настана вистинска бура. Откако го примиле материјалот, почнаа да ми се јавуваат личности од разни области, од книжевноста, од новинарството и воопшто од политиката. Сите тие беа и истакнати личности во тогашниот јавен живот. Сите што ми се јавија тие денови, беа многу лути на мене што организирам таква расправа, а некои од нив најгрубо ме пцуеја и ми се закануваа. Многумина ми рекоа дека после овој мој чекор, за мене нема да има место во Македонија. Додека уште грмеа телефоните во мојата канцеларија, ме повика Ангел Чемерски на разговор. Почна да ме испитува за тоа со кого ова сум го договарал, дали Славко Милосавлевски знаел, дали е во договор со него или по негов налог. Му кажав дека Славко како и тој е една од личностите до кои упатив покана. Додека не го примил материјалот, тој не знаеше ништо.
Едноставно мислам дека ние во Центарот треба слободно да работиме, да не бидеме врзани за кусо јаже и за сè да прашаме во ЦК. Чемерски ми рече дека јас не сум свесен што сум направил и во какви г.... сум го вовлекол и него. Му реков дека материјалот што е изготвен врз основа на моја порачка и договор што јас сум го потпишал, не е некоја одлука на државен орган или на ЦК, туку дека е материјал за дискусија и сите оние што сега протестираат, ќе имаат можност своето мислење да го кажат во расправата. Тој тогаш многу се налути и ми рече: „Каква расправа!? Веднаш да си одиш од канцеларијата да напишеш писмо во кое ќе објасниш дека расправата се откажува поради тоа што материјалот не е добро подготвен и затоа ќе замолиш секој од примателите да ти го врати материјалот. Да го повлечеш тој материјал!“ Добро, добро, му реков, само да се поздравиме и си отидов. Му кажав на Живко за разговорот кај Чемерски, тој многу се замисли и замолкна. Јас потоа напишав писмо во кое ги известив примателите на материјалот дека расправата се одлага, а за датумот на одржувањето, дополнително ќе бидат известени. Живко ми рече дека е добро да го испратам тоа писмо. Рече, значи покрај разговорот кај Чемерски ние не ја откажуваме расправата и не го повлекуваме материјалот. Многу подоцна во јавноста непромислени или неинформирани луѓе тврдеа дека јас сум ја откажал расправата и сум спречил да се расправа по тој материјал бидејќи материјалот сум го барал назад. Како извор на такви гласини сигурно беше барањето што лично ми го постави Чемерски и претпоставката дека тој навистина очекувал јас во сè да го послушам.
Расправата не се одржа, секој си го зачува своето мислење, аргументите не се соочија, а сепак завладеа привремено некој мир. На 30 јуни 1971 година само две-три недели откако се дигна овој жесток бран против мојата постапка, во договор со Славко Милосавлевски (тој впрочем ми беше и шеф бидејќи јас истовремено бев и член на Извршниот комитет на партијата, на чие чело беше тој) заминав со семејството на одмор во Хрватска, на Мали Лошињ.
Во тој разговор Славко ми рече да се одморам и да се растоварам психички од притисоците што ги доживеав. Но ми рече исто така дека треба да размислиме јас за извесно време да се тргнам од Македонија. На тој став Славко очигледно останал и при крајот на јули кога по телефон едвај ме пронајде на плажата Чикат на Мали Лошињ, ме извести дека бил во тек состанок со мандатарот за новата југословенска влада Џемал Биједиќ и дека Славко ме предложил, Џемал веднаш прифатил, а потоа се сложиле и другите (Ксенте Богоев и Никола Минчев – претседателот на Владата и претседателот на Собранието) јас да бидам избран за член на југословенската влада. Тоа беше како гром од ведро небо и тој мој впечаток му го кажав. Тој бараше одговор од мене, а јас му реков оти морам да ѝ кажам и на сопругата, да го слушнам и нејзиното мислење. А тој ми рече да размислам веднаш и да му кажам затоа што паузата во Скопје е дадена само за да се добие мојот одговор. Пак му кажав оти многу е неочекувано за мене, а тој ми рече дека овој мандат во Белград ќе трае само две години а потоа ќе се донесе новиот Устав и ќе се бира нова влада, а рече дека за мене републичкото раководство ќе води сметка да бидам распореден негде во Скопје. Немаше каде - прифатив, а во мислите ми проработи црвот за она искажување на Славко дека после скандалот со закажаната расправа на темата ,,Литературата и револуцијата“, ќе биде добро ако извесно време се тргнам од Македонија. („Плусинфо“)
 
20-06-2016, 01:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Чинго (8)

Атанас Вангелов ● во 10:50 20 јуни 2016 



Статијата „Сеќавање за драматичните времиња (1) од Стојан Андов, објавена во „Слободен печат“ од 17-19 јуни 2016 г. содржи, како што реков веќе, многу занимливи детали за судирот на нашата литературна левица во 1971 г. Тој судир многу се разликува од оној во 1966 и 1967, година во која првото име на соцреалистите Димитар Митрив, „интимус на Колишевски“ (К. Црвенковски), доби уште еден сериозен и лут противник (Петар Т. Бошковски). Овојпат, од редовите на генерацијата писатели на Чинго. Велам судир на нашата литературна левица, по углед на Станко Лалиќ кој, во третата книга од својата “Крлежологија“ (1993) зборува исцрпно, со многу детали, за „судир на книжевната левица во 1970“ кој се ограничува на јануари од таа година и на симпзиумот „Револуција и умјетност“ во организација на партиските структури на загрепскиот универзитет.

Може уште сега да се укаже на една, навидум необича карактеристика на сите оние многу занимливи детали кои ни ги соопштува статијата на Андов. Сите тие детали стануваат обични откако ќе се прпуштат низ механизмот читање факти. Имено, едно зборуваат соопштени факти како – факти, а друго кога ќе се поврзат - услов да се дојде до “фактичката вистина“ која, потоа, се дополнува со една друга - “вистина на адеквацијата“, како што се вели во стручната литература. Ќе ја појаснам таа работа со некои занимливи факти од статијата на Андов која зборува за судирот на нашата литературна левица во 1971.

Што ни кажува, на пример, фактот дека, во тоа време, писателот на двете Пасквелии бил „гонет“ и “малтретиран“, како што ни кажа во „Вечер“ професор Виолета Ачковска, но и според Чинго кој му зборувал за тоа на С. Андов пред да влезе во Центарот за идеолошко-политичко образование и студии: „ми кажа дека имал големи тешкотии, напади и закани од некоја група луѓе, од литературата но не само од неа и дека тие сакаат да го избркаат од работа и да остане на улица“? Тој факт ни кажува една вистина која доаѓа од устата на истакнат писател, која не се проверува туку само се сугерира дека директорот на Центарот немал некоја причина да мисли дека, можеби, истакнатиот писател претерувал. Сугеситијата иде од секавичната, хумана постапка на Андов достојна за почит, постапка која буди восхит кај оној кој го чита тоа. Откако дознал за таа работа, Андов постапил вака „Утредента беше [веќе] советник за политиката во областа на култура“ во Центарот во кој тукушто станал директор.

Кога, меѓутоа, истиот факт ќе се поврзе со други - кои зборуваат за тоа како Андов си дал оставка на функцијата претседател на општина Кавадарци поради „тешкотии од политичка природа“, како разговарал со Крсте Црвенковски по совет на Ангел Чемерски („ме советуваше да се повлечам и да дојдам во Скопје“), како станал директор на Центарот иако се колебал („со политички студии дотогаш не сум се занимавал“), како по инсистирање на Црвенковски и Милосавлевски сепак се прекршил („и Крсте и тој, Славко мислеле дека таа работа ќе можам јас успешно да ја работам“; “со твојот начин на размислување и изградени погледи Крсте и јас [Милосавлевски] сметаме дека ти си најпогодниот за таа функција“) – тогаш се доаѓа до тоа што во херменевтиката се вика фактичка вистина која произлегува од факти, а која не се соопштува од оној кој кажува - факти.

Таа фактичка вистина ни вели дека, во тоа време и авторот на статијата „Сеќавање...“ С. Андов бил „гонет“ и “малтретиран“ иако избегнува токму така in explicite да ни го каже тоа. Toj се служи со формулата “тешкотии од политичка природа“. Ни вели уште дека излегол на крај со тие свои “тешкотии“ со помошта на Ангел Чемерски, тогаш секретар на ЦК СКМ. Тој му советувал да им се обрати на Цренковски и Милосавлевски, крупни фигури во тогашната политичка елита. Сите тројца му помогнале да се најде “некое решение“ за него, затоа што имал “начин на размислување“ и „изградени погледи“ што им се допаѓале.

Што се однесува до писателот на Пасквелиите кој бил изложен на закани од луѓе “од литературата но не само од неа“, истите елтни политички фигури не постапиле толку ефикасно. Или не знаеле за тоа, или не сакале да знаат (тие се рамнодушни кон Чинго; тоа би требало да каже и кон - писателите), или сметале дека тој писател е помалку важен од С. Андов, што би требало да каже дека кога се под закани и „тешкотии“ политичари (Андов) и писатели (Чинго) приоритет имаат оние од политиката: “бев и член на Извршниот комитет на партијата, на чие чело беше тој [Славко Милосавлевски].” Чинго, колку што знам, тогаш немал партиска функција од калиброт на Андов. Но затоа пак директорот на Центарот, со тоа што секавично го назначил за советник во Центарот, му помогнал да излезе на крај со „заканите“ по проста причина што тој Центар под капата на ЦКСКМ.

Уште позанимливи се оние факти кои зборуваат за генезата на рефератот „Револуција и литература“ на Димитров, не „Литературата и револуцијата“ како што вели Андов во својата статија “Сеќавање...“, во која со право ја коригира мојата “Уметност и револуција“, како што стои во еден од мојата серија написи за Чинго: „по предлог на Живко се одлучивме да организираме расправа на тема „Литературата и револуцијата“ (а не како што вели Вангелов “Уметноста и револуцијата“.) Кога сме, веќе, на тоа, ред е да потсетам дека темата уметност и револуција, во таа форма и по тој ред, фигурира во првиот, теоретски дел (70 стр.) од книгата на Станко Ласиќ „Sukob na knjižеvnoj lјevici 1928-1952). Таа книга стана културен (и политички!) настан број еден во 1971. Беше тема на трибина во “Дом сунца“ во Белград. Истата година (мај) беше објавена, во белградско „Дело“ дискусија на околу 200 страници за односот и уметност-револуција итн. итн.

Ќе наведам само дел од книгата на Ласиќ кој, во збиена форма, зборува за предметот на неговата книга за која, во тоа време, не можело да не знаат Андов, Чинго и Димитров. Според мене, таа игра крупна улога во одлуката на Андов и Чинго да организираат расправа на тема “Литературата и револуцијата.“ Еве го сега тој дел: “Оваа тема нè враќа на нашиот извор: пртеснетоста [tjeskoba]. На светот без бога. На самите нас“ (1); „Зар тоа не беше судир во кој се работеше за одбрана на слободата на уметноста, на слободата на мислата против практицистичкиот утилитаризам?“; „Не. Или поточно не беше само тоа […]. Toa беше многу подлабок судир отколку што досега се мислеше. Да се сведе судирот на структурата уметност и револуција значи да се заборави дека на сите учесници во судирот револуцијата им е исто толку важна колку и уметноста“ (19); „кога некој од нив зборува за определн тип однос кон уметноста, тогаш тој пледира за определен тип револуција“ (20).

Што сакам да кажам со овие наводи? Не толку да го објаснам мојот пропуст со насловот на реферат на Димитров, очигледен притисок од книгата на Ласиќ за која, во тоа време, објавив дури критика во „Разгледи“, колку да подвлечам дека има факти во статијата на Андов кои, кога ќе се поврзат, јасно кажуваат дека тогашната духовна клима (контекст) ако не изиграла пресудна, тогаш изиграла не помала улога од нивната убава храброст да посегнат тема „од битен карактер за општеството.“ Тема, која ќе ги изложи на нови „тешкотии“ За тоа кои се фактите од тој вид, што и како кажуваат – во следниот напис.



Quote:Сеќавања за драматичните времиња (2)

Стојан Андов ● во 11:15 20 јуни 2016 



Во таа иста 1971 година дојде до темелен пресврт во државата. На 1 декември таа година во Караѓорѓево во Војводина се одржа познатата 21 седница на Раководството на Сојузот на Комунистите на Југославија каде се донесоа крупни одлуки за расчистување со антисоцијалистичките појави како што е либерализмот, национализмот и други. Играта ја водеше претседателот на Сојузот на Комунистите Јосип Броз Тито. Истиот ден така излезе случајот бев во Загреб по покана на претседателот на Владата на Хрватска Драго Харамија. Падна голем снег во Загреб па мојот лет задоцни. За 1 декември, како одговор на седницата во Караѓорѓево студентите и професорите на Загребскиот Универзитет закажаа генерален штрајк. На пат од аеродромот до Владата минував низ центарот на Загреб а таму имаше распоредено повеќе борни коли, неколку тенка и малубројни минувачи.

Во декември 1971 година се одржа седница на ЦК СКМ на која покрај другото беше и одлуката за мое разрешување од членство од партиското раководство во Републиката а на тоа место беше кооптиран дотогашниот секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Штип Боро Денков. Во Хрватска и Словенија веднаш почнаа масовни чистки. До крајот на декември 1971 година немаше некој друг важен политички настан во Македонија. Според тоа не е точно она што го пишува Вангелов дека во декември 1971 се одржале 26 и 27 седница на ЦК СКМ каде му се судело на ,,материјалот на Димитров”. Веројатно Вангелов мисли на 36 и 37 седница, но тие не се одржаа во декември 1971 туку во јануари 1973 година. Вакви навидум ситни работи има повеќе во текстовите на Вангелов и прават забуна и претставуваат опасност од создавање неточна слика за тие бурни настани.

Читајќи ја колумната Чинго (4), човек добива претстава за акробацијата што ја прави Вангелов. Тој спори со Ачковска за тоа дали Живко бил дисидент како што вели таа, или не, и наеднаш копјето го свртува против Живко и го сомничи дека ,,има нешто”, зошто Живко Чинго немал никакви последици од разврската на прашањата врзани за ,,материјалот на Димитров”. Тоа свое сомневање со втемелува на уште еден ,,факт” имено ,,тогаш или потоа”, вели Вангелов, била формирана Комисија за рецензија на ,,материјалот на Димитров” во чиј состав биле писателот Благоја Иванов, Атанас Вангелов и Живко Чинго. Вангелов дава на знаење дека Живко не се јавил на работа во таа Комисија за рецензија, бидејќи ,,не сакал” неговиот потпис да стои заедно со потписите на Благоја Иванов и неговиот т.е на Вангелов. Едноставно се фрла камен на сомневање, дека Живко Чинго и самиот бил против ,,материјалот на Димитров”.

Сакам да ги отстранам овие сомневања бидејќи немаат основа во стварноста што се случуваше тогаш. Во октомври 1972 година Тито на проширена седница на партиското раководство на Србија, едноставно наложи да бидат сменети од функциите претседателот на раководството на СКС Марко Никезиќ, секретарот Латинка Перовиќ и поголем број нивни соработници. Бранот на чистки како обично, се префрли од Србија во Македонија. Од посебно значење беше отворената седница на градскиот комитет на СКМ Скопје одржана во декември 1972 година. На таа седница Крсте Црвенковски, Славко Милосавлевски, како и градското партиско раководство беа критикувани за нивната млака, безсилна и јалова борба против анархолибарелизмот и национализмот во Македонија. Во борбата против тие ,,застрашувачки појави” на таа седница се истакна писателот Славко Јаневски кој за антипартиска дејност го нападна Живко Чинго и неговата активност во Републичкиот центар за идеолошко политичко образование и студии, но особено остро и безпоштедно ме нападна мене како раководител на таа институција кој не само што не се бори против анархолиберализмот туку ја брани и ја спроведува таквата политика. Потоа е одржана проширена седница на Претседателството и на Извршниот Комитет на СКМ, на која присуствувале и Крсте Црвенковски и Лазар Колишевски. На таа седница главен збор имал Лазар Колишевски. Тој ги критикувал Крсте Црвенковски и Славко Милосавлевски за ,,анемичната политика” на партијата во борбата против новите антипартиски појави како што се национализмот и анархолиберализмот. Инаку за антипартиска политика лично не ги обвинува ниту Крсте Црвенковски ниту Славко Милосавлевски туку ги обвинува за неефикасност во борбата против тие појави.

Лазар Колишевски во својата дискусија се задржува токму на материјалот ,,Литературата и револуцијата”. Тој меѓудругото вели дека може да разбере еден филозоф, професор на универзитет, да може да напише таков материјал но штетата на партијата не е нанесена со тоа што материјалот е напишан туку штетата настапува од фактот што тој материјал е порачан и платен од раководителот на партиската институција која стручно одговара за односот на партијата кон разните појави во свеста на луѓето, со што дава на знаење дека во пазувите на партијата постојат нејзини лути непријатели. Тој забележува дека дрскоста на раководителот на Републичкиот центар за идеолошко политичко образование и студии, Стојан Андов оди дотаму што тој антипартиски материјал го земал за основа и сакал да организира широка расправа за афирмирање на содржаните тези во материјалот меѓу раководните структури на партијата. Таа моја постапка Колишевски ја смета за препад и како знак за постоење на ,,мангупи меѓу нашите редови”. Расправата на таа проширена седница и онаа на градскиот комитет беа земени за основа за подготвување на 36 и 37 седница на ЦК СКМ кои се одржаа при крајот на јануари 1973 година. Во првите денови од јануари бев повикан во Централниот комитет каде Здравко Чупески ми ги донесе стенограмите од седницата на градскиот комитет и проширената седница на ЦК на Сојузот на Комунистите на Македонија. Бев сам во една мала сала во зградата на Централниот комитет. Стенограмите ги читав околу пет часа. Се уверив дека ми се судело и тоа многу строго и дека ми се пресудило. Кога службите ги известив дека ги прочитав стенограмите ми беше речено да појдам кај претседателот на ЦК СКМ Ангел Чемерски. Ладно се поздравивме и тој почна: ,,Знаеш во каква каша си и виде каква хајка е во тек против тебе. Обиди се некако да се оправдаш, да кажеш дека материјалот не е од областа што добро ја познаваш и дека ти е подметнат; и кажи кој ти го подметна, ако тоа го направиш ќе се има извесно разбирање кон тебе: ,,Ќе се вратиш од Белград се разбира, со политика нема да се занимаваш, а ќе се вработиш во Економскиот Институт каде ќе работиш чисто стручни теми а ако се покажеш, ќе станеш и професор на Економскиот Факултет”. После тоа извесно време молчевме. Знаев оти нема да ме разбере тоа што ќе му го кажам оти, меѓудругото и тој се наоѓа во многу сложена ситуација. Во земјата беа во налет догматските сили, тие сили гледам, Вангелов ги нарекува ,,геронтократи”, но тоа е стеснета дефиниција. Меѓу тие сили важен дел беа и млади луѓе кои во соборувањето на ,,либералите” гледаа своја шанса.
Тие луѓе, се разбира, немаа свои политички ставови туку како свои политички ставови ги застапуваа ставовите на постарите комунисти од времето на НОАБ кои делумно веќе ги беше прегазило времето. Се мислев дека нема корист било што да му кажам на Чемерски но во еден момент сепак се решив и му кажав. Му реков дека материјалот, ,,Литературата и револуцијата” немаше за цел да ги собори старите догми и да наметне нови туку ние имавме за цел со тој материјал да воспоставиме друг однос во општеството и кон литературата и кон револуцијата. Тој однос требаше да даде можност да се изнесат сите критички согледувања на практиката и на теоријата на револуцијата, а исто така да се искажат во демократска атмосфера и сите оние елементи кои значат потврдување на вредностите на револуцијата. Му реков дека не гледам било кој друг виновник за целата таа афера. Точно е дека Димитар Димитров го напиша тој материјал а знам дека и Живко Чинго и Слободан Мицковиќ го прочитаа материјалот. Но треба да се има во вид дека тој материјал јас го порачав и јас лично потпишав договор со Димитар Димитров да го изготви. Потоа, откако материјалот стана сопственост на Центарот со кој јас раководам, материјалот со лично писмо и покана го упатив на сите оние кои ги канев да учествуваат во расправата. Според тоа не можам да ја префрлам одговорноста на никого особено не на Чинго, на Мицковиќ и на Димитров бидејќи таа е само моја.

Ова е одговорот што му го давам на Вангелов. Живко Чинго немаше директни последици од аферата со материјалот ,,Литаратурата и револуцијата” а немаше последици ни Димитар Димитров бидејќи целата одговорност ја земав на себе.
Што се однесува до другиот приговор и сомничење на Чинго од страна на Вангелов поради негово (не)учествување во некаква рецензиона комисија можам да го кажам следното. Додека бев директор на Републичкиот центар за идеолошко политичко образование и студии, не постоеше никаква рецензиона комисија за материјалот ,,Литературата и револуцијата”, и како рецезенти воопшто не се спомнувале Благоја Иванов и Вангелов. Ако таква комисија постоела, тогаш таа сигурно била формирана подоцна од партијата, а можеби од УДБА а не од Центарот. Во таква комисија сигурен сум дека Живко Чинго не би прифатил да членува и да работи бидејќи колку што го знаев тоа би било против неговите основни принципи во животот. Инаку, таа комисија најверојатно би имала задача да го дисквалификува материјалот ,,Литературата и револуцијата”.

Но работите не завршија тука. Настаните низ кои минав заличуваа на вистински трилер, но не успеаа да ме скршат. Меѓутоа сите тие настани немаат додирни точки ниту со Живко Чинго ниту со Димитар Димитров и затоа на тие настани евентуално ќе се осврнам друг пат.
 
20-06-2016, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Чинго (9)


Атанас Вангелов ● во 18:18 21 јуни 2016 



Ја почнувам приказната за генезата на студијата/реферат „Литературата и револуцијата“ на филозофот Димитар Димитров според Андов, а „Револуција и литература“ според авторот на таа студија. За приказната се служам со факти кои ни ги соопшти Андов во написот „Сеќавање за драматичните времиња.(1)“.

Потсетувам на тие две верзии врзани за насловот не за да покажам (уште еднаш) дека, ете, и Стојан греши во подробности за кои ми замера. Потсетувам за да укажам дека, благата инверзија до која дошло во меморијата на Андов, упатува на неговата волја (потисната желба во речникот на Фројд) таа расправа да биде врзана (цврсто) за литературата и за нејзиниот однос кон револуцијата.
Обратно е кај Димитров. Тој има намера да зборува, во својата студија, за духот (=суштина) на револуцијата и за односот на тој дух кон литературата. Уште појасно: Андов запаметил (затоа што го очекувал тоа) Димитров да одговори на прашањето како гледа литературата на нашата револуција, антифашистичка и социјалистичка. Така запаметил, ама Димитар Димитров имал намера да зборува за тоа - што и како правела револуцијата со литературата. Макар и во една куса, догматска фаза (до 1948) која не може да се споредува со сегашната, либерална (1971). А тоа се сепак две различни работи. Дури, дијаметрално спротивни. Ете зошто Димитров ја крстил својата студија „Револуција и литература.“ Ете зошто избегнал да напише „Литературата и револуцијата“, како што запаметил Андов.

Тука се отвора прашањето за односот на Андов кон Ласиќ (под услов да го читал) од една, и за односот на Димитров кон истиот Ласиќ. Се отвора не само затоа што Ласиќ со негововиот “Сукоб...“ стана топ-тема во 1971., колку културна, толку и политичка, туку и затоа што од одговорот на тоа прашање ќе зависат и некои крупни работи. Тие работи се врзани за автономизмот на Димитров и за либерализмот на Андов. Прашањето ќе го скокнам за да ми остане простор за генезата на „Револуција и литература.“

Откако стапил на работа писателот Чинго во Центарот за идеолошко-политичко образование на Андов, “изготвил програма“ за работа, како што е ред. Според таа програма се направила дебата за “положбата на македонскиот јазик во јавниот живот“ која успеала. Поттикнати од тој убав успех кој им покажал дека требало да се прават дебати за „несекојдневни прашања“ (тоа е првата половина на 1971. Во април и мај белградска „Политика“ објавува, од недела во недела, анкета под наслов „Идеологија и стваралаштво.“ Во анкетата дефилираат многу од оние кои, во јануари, зборуваат на тема „Свеучилиште и револуција“ во Загреб. Во списанието „Дело“, белградски пандан на скопско „Разгледи“, на околу двесте страници се печатат статии на елитни југо-интелектуалци за „судирот на левицата 1928-1952.“ Судирот бил во „време у коме је исто писати и пуцати“, вели „Дело“), тие избираат тема врзана за револуцијата и литературата.

Треба, меѓутоа, да се најде човек кој ќе напише уводен реферат. Изборот паѓа на филозофот Димитров, „по предлог на Живко.“ Зошто не паднал на некој од првиот, елитен круг литературни критичари? Како, на пример, Димитар Митрев, Милан Ѓурчинов, Георги Старделов, Слободан Мицковиќ, Петар Т. Бошковски па дури и Димитар Солев? Затоа што сите тие, помалку или повеќе се “обгорени“ (Конески) од пламенот на литературните полемики во педесеттите и шеесеттите. Така „обгорени“ сите тие, во тој реферат, мора да вртат вода на своја воденица. Или, да бидат посубјективни отколку што треба. Затоа изборот (најверојатно) паѓа на Димитров. Тој е упатен и во литературата и во филозофијата. Пишува во „Погледи“ и во “„Комунист“. Згора на тоа Димитров е, потсетува Андов, и еден од – „нашите“. Имено, Димитров бил не само „на наша возраст“, туку и „секретар по идеолошки прашања на градскиот комитет на СКМ.“ Може ли еден „секретар по идеолошки прашања“ да подметне, во реферат, антиреволуционерни јајциња за атар на литературата? Таа работа е исклучена. Од таа страна може да си биде спокоен директорот на Центарот со неговиот советник, писателот Чинго.

Останува уште, во таа прва фаза, да се уредат некои “техникалии.“ Важни,. иако банални. Тие работи се уредуваат во кабинетот на Андов. (Може да се праша: зошто не му ги препуштил на својот советник?) Димитров го прифаќа предлогот да пишува реферат за Центарот. Ама, не заборава да праша што (пари) ќе добие за таа работа. Андов, во својата статија држи мошне до прецизности. Во духот на класичните реалисти од типот на Балзак le grand тој, под притисок на прецизностите, посега по славниот detail inutil (Бугарите го викаат „бесполезна подробност“) на Ролан Барт.

Ете, токму таа „бесполезна подробност“ од статијата на Андов сега вели: „неодамна се беше развел и веќе имаше нова љубов“; „затоа му [биле] потребни пари“. Директорот на Центарот го прашал што пари барал Димитров за реферат. Тој си ја кажал цената. Била повисока, “нешто повеќе“ од онаа што ја допуштал нивниот правилник за тој вид работи. Ама, Андов бил великодушен иако се работи за туѓи (државни) пари кои можат да го фрлат во нови тешкотии „од политичка природа.“ Независно од тоа или наспроти тоа, “поради неговите [на Димитров] лични проблеми“, прецизира пак, „а и поради фактот што тоа ќе биде нашата прва пишувана студија, му ја прифативме сумата.“

„И тоа не е сè“ (цитат од “Топ-шоп“). “Бесполезните подробности“ се како рујни цреши на благородно дрво кое стенка „од премногу род“ (Конески). Следува, потоа, кусата секвенца со егзекуцијата на рефератот на Димитров која, како сите други “бесполезни подробности“, бара систематско читање. Бара систематско читање, затоа што и таа секвенца е обременета со ајле скриени пораки.Треба првин на се разоткријат, па да се преведат за да се разберат. Тоа ќе го сторам во следниот напис.
 
Quote:Чинго (10)


Атанас Вангелов ● во 08:35 24 јуни 2016 
Нема добра приказна без елементот изненадување во нејзината структура. Во мојата приказна, врз основа на факти од статијата „Сеќавање...“ на Стојан Андов, има добар материјал за тој елемент. Ама, материјалот е од таков карактер што води кон изнедување со необични својства. Необичноста се состои во тоа што изнадувањето „е“ и „не-е“ истовремено. Кои се фактите од статијата на Андов што велат “е“ и „не-е“ истовремено?

Откако била средена работата со оние “техникалии“ кои, како камен на сопнување подметнале некои “проклети пари“, како што би рекол писателот Чинго, авторот на статијата “Сеќавање...“ сведочи дека Д. Димитров “веднаш се дал на работа“ и по “едно три недели“ му го донесол текстот на директорот на Центарот за идеолошко-политичко образование. Логично би било токму тие “три недели“ да го изненадат Андов кој е, ако зборува точно еден мој detail inutil, магистер по економски науки. Зошто да го изненадат?
Затоа што, за да стане магистер, тој морал да изработи магистерски труд. За да се направи таков труд, потребно е, првин да се направи исцрпна и детаљна библиографија. Таа, од своја страна, задолжува да се исчитаат два-три товара што книги, што списанија според мерата на Јордан Хаџи-Константинов Џинот од Велес. Во текот на исчитувањето на тие два-три товара книги и списанија, мора да се прават систематски исписи (ексцерпти). Зошто? Едно за да не се заборави тоа што се чита (колку што повеќе чита човек, толку повеќе заборава!) и друго за да се направи своја „архива на знаење“ која ќе се користи во текот на пишувањето на трудот. Откако ќе заврши и таа операција, следува класирањето на исчитаниот материјал. Мора да се направи некој ред затоа што systematiser c’est clarifier: да се подреди (систематизира) нешто, тоа значи да се објасни. Откако ќе заврши и таа работа, може да почне пишувањето.

Ајде сега да ставиме црта под есапот. Треба, да речеме, три недели за да се направи исцрпна библиографија за студијата „Револуција и литература.“ Едно трипати по три недели да се исчитаат оние два-три товара книги и списанија по заповед на исцрпната библиографија од кои се прават исписи. Уште толку да се стави некој ред во тие исписи и не помалку, врз основа на таа документација, да се напише студија/реферат на тема револуција и литератрура. Што ни кажува тој есап? Ни кажува дека 3+ (3 x 3) + 3 + 3 = 18 недели или близу 4 месеци и згора. Толку време треба за да се изработи пристојна студија. Под услов авторот да се повлекол во некоја своја монашка самоизолација што не било случај. Знаеме, од сведоштвото на Андов, дека бил во канџите од некоја „нова љубов.“ Дали тие канџи не разбудиле црв на сомнение кај Андов дека Димитров не ќе може да и се посвети исцело на една возвишена тема? Најверојатно не затоа што верувал дека посветеноста на Димитров на Партијата е ако не поголема, тогаш барем исто толку голема колу посветеноста на неговата „нова љубов“.

Како изгледа, колку за споредба, таа работа кај Станко Ласиќ кој напиша книга на темата “револуција и литература“ една година пред Димитров? Ласиќ зборува на неколу места за таа работа во своите „Аутобиографски записи“ (2000). На едно од тие места вели: „во мај и јуни 1968 почувствував немоќ на човек кој е речиси статист и набљудувач, а не учесник“; “меѓународната и југословенска 68 ме надмина со своите контрадикции за кои немав решение“; “тукушто почнав да барам пат од монолог кон дијалог како начин на мислење и однесување кој се трудев да го применам на предметот што го студирав -‘Sukob…1970.“ (543) Ете, така вели Ласиќ. Вели дека нему му требало минимум 3 години за “предметот што го студира“. Предметот е ист со оној што го студирал Димитров и потрошил за тоа некои „три недели,“ Дали го изненадило тоа Андов кој, по искуство, знае дека работа која бара некои 4 месеци и згора, била завршена за само „три недели“? И да и не истовремено. Зошто и да и не?

„Да“, затоа што Андов бара (со Чинго) упатен човек во таа проблематика. Тој упатен човек треба да ја прочита/оцени студијата на Димитров. Тоа е нешто како „независна арбитража“. Таков човек тој и наоѓа во ликот на литературниот критичар Слободан Мицковиќ. Тој добил една од двете копии што ги зел Чинго. Неговото “мислење тој [Чинго] го почитувал“.

„Не“, затоа што Андов малку, во споредба со писателот на Пасквелиите, го почитува мислењето на Мицковиќ, а во тој момент. Или, барем, не го почитува по ист начин. Андов држи само до својот „начин на размислување“? Тој држи само до својот „изграден поглед“? Еве и за што се сеќава Андов: “Не чекајќи го мислењето на Живко и Слободан, откако неколку пати ја прочитав студијата на Димитров му кажав на Живко ќе испратам покана на можни учесници во расправата по таа студија и му реков да размисли заедно да направиме список на поканетите.“

Ајде сега да ги тргнеме настрана сите тие емпирски факти, да си замислиме дека не дошло до бурна реакција и забрана од Јанош (Ангел Чемерски), дека дебатата по „несекојдневно прашање“ сепак се одржала и дека, на таа дебата, не бил единствен дискутант некој од врвот на ЦК СКМ кој, со својата дискусија, дал и завршен збор како што го сторил тоа Владимир Бакариќ во Загреб на дебатата „Свеучилиште и револуција.“ Да си замислиме два исхода на дебатата на Андов: еден кој ги одобрува тезите од рефератот на Димитров и друг кој ги отфрла.

Да се одобрат тези од еден реферат на тема „револуција и литература“ кои извираат од солидно фундирана студија, богата со убеделива и добро подредена документација како од критичката мисла, така и од белетристиката, тоа значи да се застане на страната на политичка елита (К. Црвенковски) во власта и на власт. Таа елита сака да ја растури болшевичката структура на СКМ/Ј, воспоставена во 1939 со жестокиот напад на Јосип Броз (во „Пролетер“) на југо-троцкистите на чело со М. Крлежа и неговиот „Дијалектички антибарбарус.“

Да се отфрлат тези на тој реферат (писателот Димитар Башевски пишува, во тоа време, дека дебата требало да има и на дебата да се прифатат или да се отфрлат тезите на рефератот) кој стои на страната на либералните комунисти, тоа значи да се вратат болшевиците (Л. Колишевски) во власта на – власт. Тие болшевици, иако сега на втор план, се во иста партија (СКЈ) како и либералните комунисти. Се работи за две полемички фракции, за две номенклатури en trêve (= примирје). Оската околу која се врти привидно монолитната структура СКЈ е Јосип Броз Тито, врховен и легендарен авторитет. Ете, токму тоа се крие зад суровите и безобѕирни зборови на Чемерски кој му рекол на Андов дека не бил “свесен што направил и во какви г... го вовлекол и него.“ Чемерски на сликовит начин, со скатолошки примеси, му ја плиснал вистината в лице на Андов. Таа вистина како и секоја впрочем е - сурова и безобѕирна. И уште, не избира зборови.
 
(This post was last modified: 24-06-2016, 05:06 PM by ЈорданПетровски.)
21-06-2016, 07:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Андов фалсификува


Атанас Вангелов ● во 09:33 29 јуни 2016 



Во својот втор напис „Сеќавања за далечните времиња“ Стојан Андов ни разоткри, по јасен и убав начин, дека неговата склоност кон „бесполезни детали“ (detail inutil кај Барт) имала своја специјална мисија, иако тешко видлива на прв поглед. Таа специјална мисија се состои во тоа да се разоткријат некои скриени намери кај луѓе како, на пример, кај авторот на овие редови. Тие луѓе едно тврдат денес, друго утре, а трето задутре. Тоа се, според речникот на Андов, акробати. Или, циркузанти. Затоа што нема добар циркус без акробати и „акробации.“

Изразите акробати и „акробации“ беа омилени во критиката на Димитар Митрев која, како што се знае, беше еминентно марксистичка по инспирација. Таа критика (марксистичка) се базираше врз славната хегелијанска тријада: теза-антитеза-синтеза или негација на негазијата која доведува до афирмација. Кога, меѓутоа, ќе се изостави третиот член од тријадата, се даоѓа до тоа на местото од „синтезата“ на Хегел да се најде негацијата на негацијата или „акробација“, како што го нарекува тоа авторот на второто „Сеќавање за далечните времиња“

Ќе го наведам во целост тоа место со „акробација“ од написот на Андов од две причини: а) за да не ми се замери дека вадам нешто од контекст кога сакам да дојдам до комотна позиција да критикува и, б) за да покажам како работи „начинот на мислење“ кој се базира вез “изграден поглед“ како што вели, сам за себе, истиот Андов. Еве го сега контекстот на таа „акробација“.

„Читајќи ја колумната Чинго (4), човек добива претстава за акробацијата што ја прави Вангелов. Тој спори со Ачковска за тоа дали Живко бил дисидент како што вели таа, или не, и наеднаш копјето го свртува против Живко и го сомничи дека ,„има нешто”, зошто Живко Чинго немал никакви последици од разврската на прашањата врзани за ,„материјалот на Димитров”. Тоа свое сомневање со [го] втемелува на уште еден ,,факт” имено ,,тогаш или потоа”, вели Вангелов, била формирана Комисија за рецензија на „материјалот на Димитров” во чиј состав биле писателот Благоја Иванов, Атанас Вангелов и Живко Чинго. Вангелов дава на знаење дека Живко не се јавил на работа во таа Комисија за рецензија, бидејќи ,,не сакал” неговиот потпис да стои заедно со потписите на Благоја Иванов и неговиот т.е на Вангелов. Едноставно се фрла камен на сомневање, дека Живко Чинго и самиот бил против ,„материјалот на Димитров”.

Што се вели на она место од мојот напис „Чинго (4)“ во кој, авторот на овие редови, „наеднаш“ го свртил копјето против писателот на славните “Пасквелии’ иако, пред тоа, копјето било навртено против професор Виолета Ачковска затоа што кажала во „Вечер“ дека, своевремено, Чинго бил „гонет“ и „малтретиран“ од власт во која бил и Андов? Ќе го наведам во целост тоа место:

„Авторот на овие редови, заедно со писателот Благоја Иванов (ја имаше таа чест да биде лустриран од комисијата на Томе Аџиев затоа што му дал некои свои пари на словенечкиот поет Вено Тауфер за кои, како што е ред, веднаш дознала политичката полиција) и, најверојатно, со Чинго, требаше да напише “рецензија“ за рефератот на Димитров по кој, во јули 1971., требало да се дебатира. Тој не се појави на ниедна седница на таа комисија и, според тоа, не би можело да има негов потпис под рецензија за рефератот на Димитров. До колку има таква. Многу веројатно е таква комисија да била составена отпосле, откако пукна тиквата. К. Црвенковски тврди дека бил повлечен субверзивниот реферат на Димитров по налог на тогашниот претседател на ЦК СКМ: „Дискусијата беше спречена од […] Ангел Чемерски, на интервенција на неговиот интимус Димитар Митрев кој во материјалот е опишан како главен догматик.“ (Димитров, 262)

Што кажува авторот на овие редови во написот „Чинго (4)“?

Тој кажува најпрвин дека бил или требало да биде член на комисија, заедно со писателите Благоја Иванов и Живко Чинго. Комисијата требало да напише „рецензија“ за студијата/реферат „Револуција и литереатура“ по која требало да се води дебата во Центарот за идеолошко-политичко образование чиј директор, во далечната 1970, станал Андов. Потоа кажува дека тој не се појавил на ниеден состанок од таа комисија и, “според тоа“, не би можело да има негов потпис на таа „рецензија“ до колку навистина имало таква комисија: „Многу веројатно е таква комисија да била составена отпосле, откако пукна тиквата.“ Значи тој, авторот на овие редови не се појавил на „ниеден состанок.“ Не Чинго, како што вели Андов, а вели (токму така и само така!) за да може, потоа, да ја лансира својата теорија за „акробации“. Кога вели токму така и само така, Андов фалсификува.

Како доаѓа до очигледна „акробација“ кај Стојан Андов која, потоа, галантно му ја припишува на авторот на овие редови? До очигледна „акробација“ доаѓа откако субјектот („авторот на овие редови“) на првата реченица од наведениот параграф во „Чинго (4)“ ќе се замени со прилошкиот додаток („со Благоја Иванов“; „со Чинго“). По тоа операција која прави субјект во реченица од прилошки додаток станува можно да се тврди дека, „наеднаш“, авторот на овие редови навртил  „копје“ против Чингое кое, пред тоа, било навртено против професор Виолета Ачкоска. Со оглед на простиот факт (не „факт“ како што милува да каже за секој факт кој не потекнува од неговите сеќавања; патем, многу држат до инверзии!) што Андов мошне комотно, со една insoutenable legéreté (Кундера) извртува (поточно: фалсификува!) туѓи текстови за да може да ги осуди како „акробации“, треба да се рече дека токму тој, „главом и брадом“, практикува такви озлогласени „акробации.“ Потоа галантно им ги припишува на други. Зошто? Затоа што тие „акробации“ будат кај него некои мрачни и мрачни „немири“ за кои Станко Ласиќ го употреби името „тјескоба“ (angustiae кај Фројд, Der Angst кај Хајдегер)..

Како што, во својот напис „Чинго 4“, користев детали од напис на писателот Димитар Башевски од тоа време, објавен во „Македонски работи на Д. Димитров (1991, 247-248), а во врска со онаа фамозна „рецензентска комисија“, така сега ќе се послужам со детаљ од неговиот роман „Бунар“ за да фрлам нешто светлина врз оној мрачен и мачен немир на „жестокиј талант“ (Белинсаки) Андов.
Една Агна, нешто како благонаклона совест и свест на главниот јунак на тој роман му вели, при еден повод, на тој јунак: “тоа што не ни се допаѓа кај самите нас, по обичај го гледаме кај други и потоа го осудуваме“ (цитирам по сеќавање). Станува збор, всушност, за особен психолошки одбранбен механизам. Тој помага да здогледаме како греда мала раска во нашите очи. Така и раската - „акробации“ во очите на Андов станува „греда“ во очите на авторот на овие редови. Станува греда откако, пред тоа, како што се виде, Стојан Андов своерачно ќе ја премести таа раска од неговите очи во очите на авторот на овие редови. Е, сега, што е тоа што буди немири кај Андов кои го туркаат кон фалсификати? Тешко е да се рече. Ама, дека има некои немири добро сведочи за тоа неговиот фалсификат. 
 
01-07-2016, 12:40 AM
Reply