Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ВЕКЕ БАРААТ БОРЧКИ ПЕНЗИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,651
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Зоран Заев да им вети боречка доживотна минимална пензија на сите борци за слобода кои гинат 24/7 со години, оваа жртва за Македонија некој мора и материјално да ја вреднува, остајте овие будалаштини за Сорос и кур се тресе, изгинавме на кромид и паштета од 20 денара!!!

Објавено на 14.06.2016 во 02:06:38 часот 
[Image: 82629PMSunday,June22,2014sale%20%281%29.jpg&w=60&h=60]
Саше Ивановски
Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Едвај чекам Грујо и ДПМНЕ да си заминат од власт.
За малце да одмориме и ние новинарите.
Изгинавме, волку скандали по единица време немало нигде никаде...
Се чувствувам како анти авионски артилерац за време на бомбардирањето на Германија од сојузниците во 45-та...
Мејлот е пун со афери од цела земја плус сите амбасади во светот, весниците и вестите полни со гафови и глупости, секој прес на Грујо е земјотрес од магнитуда 8 рихтерова скала по политичка глупост и скандалозност, секоја седница на собрание, секој изминат ден носи нови и нови будалаштини, ова е истоштувачки и душевадечки, ќе треба да ни се пресмета боречка пензија на нас новинарите по ослободувањето, полудевме!!!
Немам време ни за физичка активност, ни за дружење, ни за семејството ни за пријателите... Од стрес и од превработеност и од немаштија сме доведени до тотално лудило!
И такви сме стотици и стотици во првите редови!
И државта кога ќе се ослободи ќе мора да ни се оддолжи, трудот кој сме го дале за оваа земја барем да ни се врати како некаква материјална сигурност не за нас туку за нашите деца и најблиски, бар да не ни се смеат додека сме живи:
- Ете бре копук, изгина и не урпопасти, и сега што, некој фала да не ти рече, што ќе јадеме сега?!
Замолувам, тамо у таа програмата која што нели ја нема и не постои, под точка разно да се убаци дека сите оние околу 1000 души кои ќе ги одреди некаков одбор на револуцијата да бидат наградени со боречка пензија, исто како што партизаните гинеле по тоа планините, така и ние гинеме на улици на тастатурите и на пресовите и по судниците и тивко умираме со години од стрес ќотек немаштија беда и гнев кој разорува души и психа...
Знам ја дека ова е малку може некоректно од моја страна, ама гладен док не си побара нема ни да му дадат да јаде...
Знам и дека е уште рано, ама ќе заборавиме после, ќе загусти, а после ќе се расправаме кој се бил заборавен, револуцијата го прегазила... Ничие дело, ничија храброст, ничија жртва, ничие достоинство не смее да биде заборавено и ненаградено. Не смееме да си дозволиме оние кои се фрлиле пред багерите на режимот потоа да се свираат како голи стапови по улиците да им се смеат сите.
Државата мора да ја промовира и наградува ХРАБРОСТА во тешки времиња, кога вредело да се застане против застранување, против мафија, против НАРОДНИ КРВОПИЈЦИ!
Висината на овој додаток треба да биде минимален, како социјална помош, чисто како сигурност дека никој од овие борци што со години гинеле у први редови нема бар да биде гладен или некој од неговите блиски по ослободувањето. Никогаш не се знае што може да му се задеси на човек, какви се судбини може да ги снајде луѓето,
Скопје врие од бездомници и луѓе кои молат за корка леб. Никој не смее да гладува, но особено не првоборците!
 
 
14-06-2016, 11:52 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Шарените окупатори Јордане. Шарените ОКУПАТОРИ.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
27-06-2016, 10:07 PM
Reply