Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 1.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Гоце и Даме во постхумен судир
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Евтов во последната своја емисија го обвини Даме Груев за предавство на својот соборец и пријател Гоце Делчев. Кои беа причинити за такво нешто си знае тој, но еве добар одговор на таа емисија...

Гоце и Даме во постхумен судир

Делчев е убиен во борба со османлиските власти, а сé друго е приказна од кафеана, од баби, мајки, тетки и стрини, шпекулација за која не постои ниту еден релевантен историски документ, вели проф. Ванчо Ѓорѓиев, отфрлајќи ја како шпекулативна тезата за можното предавство на Делчев од Груев

Лудост е да се префрли вината за убиството на Гоце Делчев врз Даме Груев, категоричен е професорот Ванчо Ѓеорѓиев, професор на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет. Ѓеорѓиев го истражува периодот на македонската револуционерна војна и неодамна објави книга за Даме Груев.

- Делчев е убиен во борба со османлиските власти, а сé друго е приказна од кафеана, од баби, мајки, тетки и стрини, шпекулација за која не постои ниту еден релевантен историски документ - вели професорот Ѓеорѓиев, отфрлајќи ја како неоснована тезата од емисијата „Во центарот“, која минатата недела упати на Груев како потенцијална адреса на која треба да биде префрлена вината за смртта на Делчев.

Иако блиски пријатели и соработници, Груев и Делчев имале различни ставови за кревањето востание. На Велигден 1903 година, двајцата револуционери имале тридневен разговор во Солунската гимназија, за кој никогаш не било откриено на која тема се однесувал.

Главно е прифатено искажувањето на Даме Груев дека Делчев бил вознемирен поради одлуката за кревање востание, зашто сметал дека недостига оружје.

Ова разидување на ставовите на двајцата пријатели и соработници често се користи како аргумент, главно историски неоснован, за теориите за можен заговор на Груев против Делчев. Тоа беше искористено и во емисијата „Во центарот“. Но историската наука не располага со ниту еден релевантен и научнички прифатлив факт, поради што оваа опција би била сериозно третирана.

- Нема црно-бело во историската наука, но разгледувајќи ја погибијата на Делчев треба да се имаат на ум неколку податоци: станува збор за предвостаничкиот период во 1903 година, кога османлиската држава си ги извршува своите обврски за одржување на мирот и поредокот и за заштита на системот, а востаниците биле илегална организација. Исто така, кога се создава теорија на можен заговор на линијата Груев - Делчев треба да се имаат на ум и други податоци како, на пример, зошто Делчев тргнал за Серско со толку оружје ако не поддржувал востание? Зошто 1901 година Делчев двапати го посетил Даме Груев во битолскиот затвор ако не го сметал за близок - вели професорот Ѓеорѓиев, кој 15 години го истражува овој период.

Можните теории на заговор, кои наидуваат на плодна почва во домашниот политички амбиент, не ги поштедуваат ни историските толкувања. Најновото спротивставување на Даме и Гоце, отворено во оваа ТВ-емисија, во периодот кога нивните споменици штотуку осамнаа еден до друг на плоштадот “Македонија”, многумина го примија како вистинска историска перверзија и како своевидна иронија на судбината.

Делчев загинал на 4 мај 1903 година во битката во селото Баница, која траела точно 30 часа. Покрај Гоце, во оваа битка загинале уште 11 четници. Турците имале петмина загинати и осум ранети. Скриеното оружје и експлозив во селото експлодирале. Не се знае точниот број на мртвите под урнатините.

Кај мртвиот Делчев биле најдени карта на серскиот регион и упатства за уривање на железничка пруга, како и податоци за четите и борбените дејства што им се одредени.

Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари. На врховистичките сили им се припишува поткажувањето на позицијата на Делчев и неговото предавство. Постои список на имиња на членови и соработници на врховистичките формации врз кои паѓа сомнежот дека го извршиле или учествувале во убиството на Делчев.

- Многу лесно наоѓаме предавници. Се научивме брзо да ги лепиме ваквите етикети. Но треба да се имаат на ум околностите и притисоците под кои се доаѓало до информации. Но тоа се, би рекол, сериозни прашања и сложени процеси, кои науката не успеала докрај да ги расчисти - вели проф. Ѓорѓиев.

Но за евентуалното предавство на Делчев од страна на Груев навистина нема релевантни податоци.

- Првпат слушам дека Груев го предал Делчев - вели и професорката Виолета Ачковска.

Македонската историја, исполнета со разни премрежиња, чува сé уште неразјаснети прашања од македонскиот револуционерен период.

- Има и ќе останат неразјаснети, но тоа не го менува генералниот процес, ниту пак позицијата на Гоце и на Даме, кои остануваат во врвот на македонскиот пиедестал - вели проф. Ѓорѓиев.

Нивните скулптури на коњаници остануваат првопоставени на градскиот плоштад - како што им прилега на историски личности со највисоки заслуги.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21986

18-05-2010, 03:27 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#2

(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...
18-05-2010, 09:23 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#3

"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

15-10-2010, 06:39 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#4

(15-10-2010, 06:39 PM)ivan mihajlov Wrote: http://vmro.bg/index.php?option=com_cont...latestnews

........”Гоце е българин, ние сме си българи… още преди раждането на Гоце фамилията е била българска"....
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
15-10-2010, 07:24 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#5

(18-05-2010, 09:23 PM)Paradigm Wrote:
(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...

сака да кажи бугари - родени во Бугарија
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
16-10-2010, 08:45 AM
Reply
Il Schismatico Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,078
Joined: Sep 2010
Reputation: 19
#6

Офф, Зора-Конфуций е казал че първата работа на едно добро правителство е да върне истинските имена на нещата...направете го и ще престанете с уточненията дето все ви се налагат да ги правите и ви мъчат от първо отделение та до университета.
Тоз се писал българин ама имал предвид че е македонец, онзи бил влах, третиот-предавник, четвъртиот под българи разбирал всички словени и християни ...стига вече глупости, много е неудобно така!
Поздрави,
Стига плачове! Всяка луна е ужасна,
всяко слънце – горчиво, додето умре.
Любовта в сладки спазми защо ли ме тласна…
Разтвори се, мой трюм! Погълни ме, море!

http://tsvetno.blogspot.com/2008/07/blog-post_257.html
(This post was last modified: 16-10-2010, 09:56 AM by Il Schismatico.)
16-10-2010, 09:56 AM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#7

(16-10-2010, 08:45 AM)Зора Wrote:
(18-05-2010, 09:23 PM)Paradigm Wrote:
(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...

сака да кажи бугари - родени во Бугарија

Ами тия родени в Тракия, която не е била част от България, какви ли са били? Върховисити, македонци, българи или тракийци?Da_ne_si_lud
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
16-10-2010, 12:34 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#8

(16-10-2010, 12:34 PM)jingiby Wrote:
(16-10-2010, 08:45 AM)Зора Wrote:
(18-05-2010, 09:23 PM)Paradigm Wrote:
(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...

сака да кажи бугари - родени во Бугарија

Ами тия родени в Тракия, която не е била част от България, какви ли са били? Върховисити, македонци, българи или тракийци?Da_ne_si_lud

Е се разбираме де, не драпај мадина.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
16-10-2010, 07:54 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#9

[Image: Medal_Gotse_Delchev..jpg]

[Image: Medal_Gotse_Delchev.2.jpg]

Medal Commemorative of Gotse Delchev, issued in the name of the Internal Macedonian Revolutionary Organisation.Circular bronze medal with loop for ribbon suspension; the face with a head and shoulders portrait of Gotse Delchev facing right circumscribed (Internal Macedonian Revolutionary Organisation, Gotse Delchev Year 1904); the reverse with, on the right, a seated female figure representative of Macedonia, her right arm raised in supplication, a broken chain hanging from her wrist, a shield bearing the arms of Macedonia to her left, and, to the left, a standing female figure representative of Bulgaria, a shield bearing the arms of Bulgaria held in her right hand, her left arm raised, holding a shield to protect ‘Macedonia’, signed ‘Д. Н. ДИОЛЕВЪ КАЛОФЕРЪ’ and circumscribed БЪЛГАРИЯ ЗАПАЗВА СВОБОДАТА НА МАКЕДОНИЯ (Bulgaria preserve the freedom of Macedonia); ribbon lacking. The medal was issued by the IMRO in 1904 to commemorate its leader, Gotse Delchev (1872-1903), who had been killed in a skirmish with Ottoman Turkish police on 4 May 1903.

ИЗТОЧНИК:
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
(This post was last modified: 18-10-2010, 10:28 AM by jingiby.)
18-10-2010, 10:23 AM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#10

(16-10-2010, 08:45 AM)Зора Wrote:
(18-05-2010, 09:23 PM)Paradigm Wrote:
(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...

сака да кажи бугари - родени во Бугарија
Зора малко,много малко са тие врховисти родени в България.Точно тука е парадокса.Тие,които вие им викате върховисти-българи, са всъщност родени в Македония.Вземи за пример един Китанчев пръв председател на Върховния комитет. Знаеш каде е роден, нели?
От друга страна много от централистите и войводи на чети действащи в Македония били родени в България. Трудно може да се направи разграничение тука. Не се правило тогава разлика дали си от Добрич или от Охрид.Каузата била една!
(This post was last modified: 18-10-2010, 07:09 PM by Paradigm.)
18-10-2010, 07:07 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#11

Сега се сетих за един добар виц по темата за Гоце Делчев Icon_lol

По долги истражувања и обиди, научниците од МАНУ открија начин како да ревитализираат луѓе. Одлучиле прв да заживее Гоце Делчев, бидејќи другите револуционери и преродбеници не им биле предадени од браќата комунисти. Откако го заживели се собрале околу него и му рекле:
- Еве ти бај Гоце наши македонски весници, еве ти наша македонска телевизија. Гледај каква убава независна и самостојна држава направивме. Чети и гледаj два дена и ќе дојдеме да си зборуваме пак.
По два дена влегува целата делегација во собата и гледаат, Гоце го нема а на масата белешка од него:
"Аз съм в София. Вдигайте останалите. Почваме всичко отначало."
18-10-2010, 07:16 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#12

(18-10-2010, 07:07 PM)Paradigm Wrote:
(16-10-2010, 08:45 AM)Зора Wrote:
(18-05-2010, 09:23 PM)Paradigm Wrote:
(18-05-2010, 03:27 PM)acko Wrote: Во турскиот аскер имало и предавници, шпиони, врховисти и Бугари.
Како бе имало и врховисти и бугари.Тие вховистите не беа ли и они бугари или сега се смени тоа?
Аз мислам така беше централисти=македонци,врховисти=бугари,барем досега така беше...

сака да кажи бугари - родени во Бугарија
Зора малко,много малко са тие врховисти родени в България.Точно тука е парадокса.Тие,които вие им викате върховисти-българи, са всъщност родени в Македония.Вземи за пример един Китанчев пръв председател на Върховния комитет. Знаеш каде е роден, нели?
От друга страна много от централистите и войводи на чети действащи в Македония били родени в България. Трудно може да се направи разграничение тука. Не се правило тогава разлика дали си от Добрич или от Охрид.Каузата била една!


Не врховисти, изгледа сака да кажи членови на ВМРО родени во Бугарија, таквите биле многу.
Сепак моја интерпретација е на то шо сака да кажи чоекот, незнам Icon_biggrin

Хаха вицот го знам, тешко е дека Гоце би бил воодушевен од сегашната Македонска држава, ама и за Бугарската невѣрвaм декa би бил пресрекен.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
(This post was last modified: 18-10-2010, 07:21 PM by Зора.)
18-10-2010, 07:20 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#13

(18-10-2010, 07:20 PM)Зора Wrote: Не врховисти, изгледа сака да кажи членови на ВМРО родени во Бугарија, таквите биле многу. Сепак моја интерпретација е на то шо сака да кажи чоекот, незнам Icon_biggrin

Все пак почти всички са родени в Турция. България не е съществувала тогава. Тя е създадена през 1878 г. Така че и това не е верно! Da_ne_si_lud
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
18-10-2010, 07:23 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#14

(18-10-2010, 07:23 PM)jingiby Wrote:
(18-10-2010, 07:20 PM)Зора Wrote: Не врховисти, изгледа сака да кажи членови на ВМРО родени во Бугарија, таквите биле многу. Сепак моја интерпретација е на то шо сака да кажи чоекот, незнам Icon_biggrin

Все пак почти всички са родени в Турция. България не е съществувала тогава. Тя е създадена през 1878 г. Така че и това не е верно! Da_ne_si_lud
Нема нужда мисля да се заяждаш със Зора.Се разбра какво иска да каже и верно много от четите в МК беха водени или голем дел беха съставени от българи от границите на днешна България-Лука Иванов, Чернопеев,Мамин Кольо (който се биеше на връх Ножот,а за голямото участие на българи в тая титанична битка,не се споменава нито дума в МК) и много, много други. Идиотско е при такова положение автора да изкарва българите за шпиони, оти се били на страна на турците и не знам още какви глупости.
18-10-2010, 07:32 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#15

(18-10-2010, 07:32 PM)Paradigm Wrote: Идиотско е при такова положение автора да изкарва българите за шпиони, оти се били на страна на турците и не знам още какви глупости.

Авторот очигледно е идиот!Pishtoldzija
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
18-10-2010, 07:49 PM
Reply