Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОНИШТУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА НОВА ИГРА НА ТРИ КИБРИТКИ ОД ГРУЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Поништувањето на аболицијата во правно политички замки



мај 19, 2016
[Image: 5E49890C-5600-4137-8D8F-4764297C2266_cx0...1_s_r1.jpg]
Архивска фотографија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат на претседателот да му се даде можност да ги укине аболициите, додека СДСМ бара со автентично толкување на законот, политичките помилувања да бидат прогласени за неважечки.
Пратениците од власта и опозицијата преку две различни иницијативи поднесени до собранието се обидуваат да ја изменат одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Едната иницијатива е поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а другата од СДСМ.

Талат Џафери од ДУИ, кој заедно со Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, се подносители на измените вели дека иницијативата на владејачката коалиција е единствениот излезен пат за надминување на кризата која ја предизвика одлуката на Иванов поради која дојде до жестоки реакции од дома и надвор.
„Иницијативата што ја поднесовме се измени и дополнувања на законот за помилувања со која се предвидува можноста Иванов да ја повлече одлуката по сопствена иницијатива или по барање на засегнатите лица, имајќи предвид дека претходно немало таква законска можност и во тој контекст се дава можност да има законска основа за повлекување на истата“, вели Џафери.
Давање на законска можност за поништување на аболиција може да се применува за понатамошни такви одлуки на претседателот, а важењето ретроактивно е противзаконски и противуставно, тврди портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој вели и дека постоела опасност во иднина некој тоа да го оспори пред Уставниот суд, па повлекувањето на одлуките за помилување да се прогласат за неважечки. Опозициската партија исто така поднесе иницијатива за автентично толкување на законот за помилување, конкретно на членот единаесет.
„Бараме она што е правно најодржливо кога е во прашање криминалната аболиција на Иванов, а тоа е дека членот 11 во законот за помилувања веќе не постои е укинат со измените од 2009 година и решенијата донесени од страна на Ѓорге Иванов во минатиот месец всушност мора да се поништат бидејќи истите немаат законски основ за нивно донесување“, вели Шилегов.
Не се толку важни правните толкувања, туку политичката волја навистина да се повлече аболицијата, оценува Башким Бакиу, политиколог од Институтот за истражување политики и добро владеење.
„Де факто самиот систем им дава преголема моќ на политичките партии, често пати тие и ја злоупотребуваат. Сега од нив зависи оваа разрешница. Тие ќе се оправдуваат, ќе се повикуваат на правна разрешница, на постоење или не постоење на таква можност, но сепак реално нема политичка волја, нема волја кај политичките партии кој што во периодов се дури и над системот“, вели Бакиу.
Од 12 април, кога Иванов ја донесе одлуката за аболиција, не запреа ниту домашните ниту странските реакции, а континуирано се одржуваат и протести низ повеќе градови. Од помилувани лица најголем дел се од ВМРО-ДПМНЕ или луѓе кои се поврзуваат со функционери од партијата. До кабинетот на Иванов дванаесет лица побараа повлекување на одлуката за аболиција меѓу кои се и Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Трајко Вељаноски.
19-05-2016, 12:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Илија Димовски и Талат Џафери поднесоа Предлог-закон за поништување на аболицијата



Објавено на 19 мај 2016, 11:30 од Редакција на Капитал 
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, е потпишан заедно со неговиот колега од ДУИ, Талат Џафери, на Предлог-законот за дополнување на Законот за помилување, кој е прва точка на денешната седница на Собранието, а со него се цели на создавање правна основа за поништување на аболицијата дадена од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Во решението поднесено од Димовски и од Џафери се предлага претседателот на Републиката да може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување.
Според предлогот што денеска ќе се најде пред пратениците (по скратена постапка) „лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување“, а претседателот на Републиката „е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.”
19-05-2016, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа можност за селективно повлекување на аболициите

 
19.05.16   17:58  

Со 63 гласови „за“ ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа можност за селективно повлекување на аболициите


[Image: sobranie_sednica_6_1-670x380.jpg]


Со  дополнувањата на Предлог-законот за помилување се предвидува нов член со кој се уредува можноста претседателот на државата да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување, а како што е наведено во Предлогот за дополнување претседателот е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.
Овој закон не е во согласност со препораките на меѓународната заедница.
Американскиот помошник заменик државен секретар Хојт Брајан Ји денеска изјави дека целосно повлекување на аболицијата, а не делумно е единствен начин да се поправи штетата што е нанесена на кредбилитетот на Македонија и ќе овозможи излез од политичката криза.


19-05-2016, 08:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Хојт Ји: Итно да се поправи штетата од помилувањето, делумното повлекување ќе го зголеми чувството на неказнивост

 
19.05.16   12:49
Со одлуката за аболиција од 12 април донесена од претседателот на државата се поткопува владеењето на правото и принципот на одговорност. Оваа аболиција не само што му нанесе штета на владеењето на правото во Македонија, туку и на кредибилноста на Македонија како земја која се определила да се интегрира во евроатлантските институции. Многу е важно лидерите итно да делуваат за да се поправи штетата предизвикана од оваа аболиција и тоа да го направат на јасен, целосен и недвосмислен начин и што е можно поитно.

[Image: hoj_ji1-670x375.jpg]

Ова го изјави заменик помошникот државен секретар на Стејт департментот Хојт Брајан Ји по дводневните средби и разговори со политичките лидери во државата, за време на посетата посветена за изнаоѓање решение за излез на земјата од политичката криза. Тој нагласи дека сите негови средби и разговори вчера и денеска биле за одлуката за аболиција од 12 април.
– Доколку лидерите ја отповикаат аболицијата делумно или на селективен начин тоа ќе придонесе за зголемување  на чувството за неказнивост во земјава и за недостиг на одговорност. Одговорноста подразбира и тоа лидерите на партиите да дадат целосна поддршка на институциите во земјата одговорни за владеење на правото, вклучувајќи го и Специјалното јавно обвинителство. Се додека постои одговорност во однос на тврдењата за незаконски дејствија поврзани со материјалите од прислушувањето, како и за други кривични дела, Македонија ќе остане заглавена во оваа криза и нема да биде во можност да постигне напредок кон нејзините најважни цели што подразбира напредок во однос на евроатлантските интеграции, подвлече американскиот дипломат.
Веруваме дека Владата преку своите активности, како што посочи, мора да покаже посветеност за робусна и плуралистична демократија и имплементација на реформите на кои се обврзаа политичките партии со договорот од Пржино. Тоа значи вклучување на опозицијата и на ставовите на граѓанското општество. Оваа инклузивност, вели Ји, ќе биде клучна за воспоставување на системот на контрола и рамнотежа во однос на моќта на Владата што на Македонија и е потребно за да оди напред.
– Со цел да биде здрава демократија и да се врати на евроатлантскиот пат Македонија мора да ја обнови посветеноста на начелата на плуралната демократија, владеење на правото, почитување на концептот на контрола и рамнотежа и транспарентност со што нема да се повторува старата пракса. Со години САД се силни и веродостојни партнери на Македонија. Затоа ги повикуваме сега македонските лидери да ги преземат активностите што ги спомнав погоре, да ги спроведат реформите согласно договорот од Пржино, да ги зајакнат институциите и да изградат инклузивна, одговорна влада. Доколку лидерите на земјата го направат тоа, САД ќе продолжат да даваат поддршка на нивните напори и да бидат силен партнер, порача американскиот дипломат.
Заменик помошникот државен секретар на Стејт департментот Хојт Брајан Ји во рамки на дводневната посета на Македонија, која е трета во изминатите 13 месеци, имаше средби со лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино.



19-05-2016, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



19-05-2016, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Законот за помилување како тезга за самопослужување


Измените во Законот за помилување не го решаваат проблемот, туку креираат нов, велат експертски и дипломатски извори. Власта е задоволна од законското решение.

[Image: 0,,19199831_303,00.jpg]

Големо незадоволство владее во демократската јавност по измените во Законот за помилување, со кои владејачкото мнозинство инсталираше двојна можност: претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција по сопствена иницијатива или по барање на засегнатите лица. Во правни кругови велат дека ваквото решение не е случајно, затоа што јасно прејудицира дека главната цел е аболицијата да биде повлекувана исклучиво по барање на засегнатите.
Нелогичноста на ова решение уште при расправата за законските измени ја посочи и пратеникот на ДУИ, Рафиз Алити, кој потенцираше дека нема потреба аболицијата да биде повлекувана по барање на помилуваните лица, кога веќе на претседателот му се дава можност да го стори тоа. Но, неговата аргументација не беше прифатена, што јасно укажа во која насока е планирано да се спроведува законот.
„Ова решение овозможува селективност и ќе води кон поткопување на правото и на еднаквоста на граѓаните пред законот. Не може да се смета дека овие законски измени се соодветно решение, бидејќи креираат нов проблем“, велат дипломатски извори. Тие не го коментираат фактот што ваквото решение е усвоено откако функционерот на американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји, порача дека делумно или селективно повлекување на помилувањата дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивност во државата, но велат дека „имаат јасна слика што се случува“.

Помилување за повлекување од политиката?

Како што дознава ДВ, владејачката партија ја објаснувала потребата од вакво решение со став дека дел од нејзините помилувани функционери немало да побараат повлекување на аболицијата, но планирале целосно да се повлечат од политиката.
„Правилото - 'не барам повлекување на аболицијата, бидејќи ќе се повлечам од политиката', не може да функционира во земја која тврди дека се залага за владеење на правото. Законот за помилување не смее да функционира како тезга за самопослужување. Ако по своја иницијатива некои помилувани лица во иднина решат да не бидат активни или видливи на политичката сцена, тоа не значи дека отсуството од политиката може да им биде супституирано со ослободување од докажувањето на нивната вина или невиност низ судска постапка. Повлекувањето од политиката е приватна 'разрешница' на нечии лични, идни планови, а ние зборуваме за неопходноста од правна разрешница. Не може спроведувањето на правдата да се трампа со повлекување од политиката“, вели поранешен судија.
Во домашната јавност владее огромно незадоволство од законските измени. „Затвор за криминалците - слобода за народот“, „Ќе си лежите“, „Доста е од игри со аболицијата“, беа дел од пораките кои на синоќешниот протест ги истакнаа учесниците во „Шарената револуција“, со барање изигрувањето на правдата и обидите за погребување на прижинскиот договор да бидат остро санкционирани. Порталот „Сведок“, повикувајќи се на доброинформирани извори од меѓународните организации во Скопје, синоќа објави дека меѓународните претставници во земјава подготвиле „црна листа“ на која се имињата на околу 60 лица - политичари, бизнисмени и нивни блиски лица, дел непознати за јавноста, кои биле мамки во криењето на вистинската сопственост на фирмите и сметките во странство. Според истите извори, релевантни институции кои се должни да разменуваат податоци со нивните европски и американски колеги, веќе доставиле податоци за имот и сметки на лица за кои постојат сомневања дека се стекнати на незаконски начин, со перење пари или со трговија на оружје и дрога. На листата биле и високи политичари, осомничени за коруптивни активности, за кои дел се слушнал и во објавените „бомби“.

[Image: 0,,19206752_401,00.jpg]

Извршители на нечистите работи

ДУИ, пак, вчера ја поздрави одлука на Собранието за измена на Законот за помилување, со став дека тоа ќе овозможи решавање на големиот проблем со кој се соочи земјата по одлуката на Иванов да помилува 56 лица.
„По создавањето на законските услови за повлекување на одлуката за помилување, ДУИ, како потписник на Договорот од Скопје за надминување на политичката криза, бара г. Иванов да дејствува веднаш во согласност со неговите јавни изјави и да ја промени својата одлука за помилување. Исто така, ДУИ ги охрабрува сите 56 помилувани лица што е можно поскоро да упатат барања до г. Иванов за да се повлече одлуката која беше донесена без нивна согласност и да овозможат правдата да ја обелодени вистината“, се вели во соопштението на партијата.
И додека ДУИ ги поздравува законските измени, во албанскиот опозициски блок кулминира незадоволство од прислужничката улога на интегративците.

[Image: 0,,18050837_404,00.jpg]
Африм Гаши, Беса

„Ако евентуално имаше останато уште некој граѓанин што мислел дека ДУИ е партија која ги артикулира интересите на Албанците, по ова што се случи последните два дена, мислам дека такви луѓе во Македонија веќе не постојат“, вели Африм Гаши од движењето „Беса“.
„Убеден сум дека и на голем дел на членови на ДУИ тоа им е јасно. ДУИ од партија произлезена од УЧК се преобрази во партија која денес е целосно под контрола на Никола Груевски. Освен што е потчинета, таа исто така е и понижена пред целата јавност, затоа што Груевски буквално ги тера да му ја вршат нечистата работа која тие не сакаат да ја извршат јавно. Тоа што пред зградата на Владата на 9-ти мај излегоа на протест над 30.000 Албанци, беше знак дека Албанците целосно и многу јасно ја прочитаа подлата политичка игра на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Од тој ден ДУИ веќе нема никаков легитимитет и кредибилитет да ги претставува Албанците во Македонија“, дециден е Гаши.
Според него, не постојат зборови со кои може да се опише како еден лидер можел да се доведе во толку срамна ситуација.
„Со постапките кои ги презедоа за 'усмртување' на пржинскиот договор, постапувајќи против барањата од меѓународната заедница, а дотолку повеќе на барањата на Албанците, со тоа што се свика Собранието и се изгласа политичка влада, со тоа што не се повлече аболицијата и СЈО не се остави да работи без пречки, на ДУИ и паднаа сите маски и таа остана разголена пред јавноста како партија која му служи само на Никола Груевски и никому друг“, вели Гаши.
Според информации од Кабинетот на претседателот, од 56 аболирани лица 12 поднеле барање за повлекување на аболицијата, а од високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа официјално го побарале само партискиот лидер Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

DW.COM
20-05-2016, 01:15 PM
Reply