Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Бранко Героски - Ѓорѓи Спасов
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Продадените безрбетници се обидуваат да го фатат последниот воз


  15:08 04 мај 2016
[Image: iskra1.jpg]Искра Манојлоска

Не сум видел толку многу луѓе да се плашат. Вака не треба да изгледа една либерална, демократска земја, рече Ванхауте денеска на настанот „Трибунис цивилис“, кој претставува симболичен суд на цивилното општество.

Питер Ванхауте, како познавач на политичката состојба во Македонија, вели дека во земјата постои клима на страв. Тој ја спореди Македонија со Германија во времето на нацизмот.

Професорот Љубомир Фрчкоски рече дека кога сето ова ќе заврши, клиентите на режимот ќе се чудат што да прават. Фактите стануваат валидни само кога се изречени од суверенот. Правото е збир на одлуки на суверенот.

- Венкоандоновистиката, милчоманчевистиката се мејнстрим на колаборација со диктатура. Ги сметам за особено одбивни, бидејќи својата расипана ролја ја продаваат во три чекора - рече Фрчкоски.

Според него, тие го продале своето име кое некогаш нешто значело и само создаваат илузија дека нешто критикуваат, а потоа предвидуваат и некоја трета опција во која себеси се гледаат како дел.

- Тоа се некадарници што се продале - констатира Фрчкоски.

Професорот Стево Пендаровски вели дека не му се блиски тезите дека интелектуалците треба да ги предводат револуциите. Спортистите молчат за спортските сали во места во кои нема вода. Според него, во Македонија немало ниту еден дисидент во комунизмот.

- Молчењето го прекинуваат кога се гледа крајот на диктатурата. Тоа се безрбетници. Треба да ги прифатиме назад, но тие се и ќе останат безрбетници – рече Пендаровски.

Според поранешниот амбасадор во Македонија, Ерван Фуере, стравот потекнува од владејачката партија. Тој вели дека во 2006 година состојбата во медиумите била многу подобра. Фуере констатира дека тие што ќе кренат глас, се нарекувани непријатели на државата.

- Никола Груевски уште настојува дека прислушуваните разговори се добиени од странски служби, кои не сака да ги именува, но никој веќе не верува во тоа – рече Фуере.

Ана Чупеска од Правниот факултет вели дека во Македонија постои колаборационистичка тишина.

- Преку молчењето се настојува да се остане чист и недопрен од политика. Со тоа се сака да се побегне од објектот на моќта. Да признаеш дека постои репресија, а да молчиш за неа е криминал – вели Чупеска.

Режисерот Слободан Унковски вели дека Груевски е нарачател на уметнички дела на големо, како турски серии, кои го пасивизираат умот на наукот. Според него, Груевски се однесува како мецена, но со парите од граѓаните финансира крајно сомнителни уметнички вредности.





Quote:Gjorgji Spasov
4 May at 18:26

Денес од некој симболичен граѓански суд беа осудени венкоандонизмот и милчоманчевизмот. Останува од некој нареден суд да бидат осудени фрчковизмот и милчинизмот за секогаш на власт да остане груевизмот.
(This post was last modified: 08-05-2016, 11:37 PM by ЈорданПетровски.)
08-05-2016, 12:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Дискурс што предизвикува гадење


Бранко Героски
13:07 08 мај 2016

Се мислам, до каде ли ќе ја тераме полемикава со професорот Ѓорги Спасов?
Човекот има некоја чудна потреба секогаш кога СДСМ ќе пркне, кога ќе се фати вистинскиот ветер, кога ќе се заплови во вистинската насока, да се обидува на барикадите да ги „приведува“ неодлучните, на првата линија на фронтот да ги кооптира конвертитите и да сее страв од „првоборците“, кои демек први ќе застанат редот во постреволуционерни привилегии.

Еднаш јас, троа љуто и уште два пати Тричко пријателски го опоменува човеков да не форсира тема што објективно не постои, да не се тревожи и да не прави непотребни штети. Ама ете, изгледа дека Спасов не умее да ги совлада сопствените фрустрации, или можеби, како што се сомнева Тричко (а и не само тој), исполнува нечија задача.

Се сеќавам, така беше и во 2009 година, кога по тригодишната криза во СДСМ, на чело на партијата се врати Бранко Црвенковски.

Професорот Спасов тогаш го формираше движењето ДЕМОС, една инсталација со очигледна задача да и нанесе удар на опозициската партија која почна да се крева и две години подоцна освои досега најголем успех на изборите во овие десет години.
Истото се случи и во 2014 година, кога Спасов предвиде голема победа на СДСМ, во ситуација кога на секој келнер му беше јасно дека никој, а не кревкиот СДСМ, не може да победи на изборна кланица што ја организира Груевски. Моите повици за бојкот на изборите и подоцна за бојкот на нелегитимниот парламент (потег без кој СДСМ немаше шанса да се факторизира и да стаса до овде), тој ги нарече повик за „колективно самоубиство“’ на опозицијата.

И еве го сега, пак во клучните моменти, кога на фронтот за слобода владее дух на заедништво, Спасов од нас бара оргазмички да ги поздравуваме „поддршките“ од Милчо Манчевски, од Венко Андоновски и од сличните. Аман веќе, кој и да ја стокмил оваа нарачка, мора да е комплетен идиот. Па кој им забранил на Милчо, на Венко, на Влатко и на другите да дојдат да барикадите? Кој ги оспорува нивните дела? Кој му забранил на Милчо да направи еден спот за протестите? Кој му забранил на Венко да говори против режимот, а на Влатко да ни отсвири една бунтовна песна?

Здодевен е Спасов. Неговиот дискурс депримира, предизвикува гадење. Можеби и не треба да го третираме толку сериозно. Знаете како вели онаа народната - кога човек ќе тргне по патот, ако се врти по секое куче што лае по него, никаде нема да стаса.
 
08-05-2016, 11:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ГЕРОСКИ: Дали го уплативте вашиот пензиски придонес за промените?


22:00 04 мај 2016


Во пост на Фејсбук, Ѓорги Спасов пишува: „Денес од некој симболичен граѓански суд беа осудени венкоандонизмот и милчоманчевизмот. Останува од некој нареден суд да бидат осудени фрчковизмот и милчинизмот за секогаш на власт да остане груевизмот".

На коментарот на Слободан Унковски дека станувало збор за дебата и за став на еден од учесниците, Спасов запењавено додава: „Слободане. Тито да објавил дека сите што не излегле во партизани уште 1941 ќе ги смета за колаборационисти на окупаторот, револуцијата никога не би успеала. Ваков третман на Венко и на Манчевски е злобен и не фер. Еве еднаш на Фрчко на Тричко и на Геровски да им признаеме дека се првоборци и нека ги остават другите без етикетирање и закани да го дадат својот придонес за промените".

Ми се наметнуваат неколку прашања во врска со ова:

Прво, точно ли е дека и Венко Андоновски ја поддржал Шарената револуција? Ако е точно, тоа е вест на денот. Останува, значи, уште само на Есма Реџепова да и дозволиме да го даде својот „придонес за промените".

Второ, да не доцнат нешто националните пензии? Мислам, ние што не сме со власта тука сме немоќни, но ништо не не кошта да напишеме еден транспарент против доцнењето на месечниот грујов поткуп за нашите Мефистофелеси.

Трето, зошто Спасов се насекирал за тоа кои се „првоборци"? Годината не е 1941-ва, туку 1945-та. Сега сите идат во партизани. Кога ќе победиме, „првоборството" ќе се докажува со два сведока. Еве, јас лично ќе се заложам Спасов да биде во комисијата што ќе дели партизански споменици. Инаку, на мене и сега ми е јасно дека конвертитите и Мефистофелесите полесно од мене, од Милчин, од Фрчко, од Тричко и од десетина други будали како нас, ќе ги обезбедат своите сведоци, своите ловорики и своите национални пензии, ако има такви (а би било штета да нема, нели, оти овие што сега даваат „придонес за промените" тоа го сметаат за нешто како пензиски придонес).

Затоа, професоре Спасов, успокојте се. Вие никогаш не сте биле и нема да бидете во загуба. Ние тоа нема да го дозволиме. Сите вие ќе си го дадете вашиот (пензиски) придонес. Кај нас револуциите ги јадат своите деца, но ги поштедуваат лунгурите. 
 
(пост на Фејсбук)
08-05-2016, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Дрн, дрн гуслари


Во Македонија постои една група на тнр. „естрадни интелектуалци„ кои така сами себе се нарекуваат, без никој да им го признае тоа, и кои се убедени дека знаат се, кои мислат дека во право се за се, и кои се убедени дека без нив Македонија не би имала ниту Устав ниту Рамковен договор , ниту демократија, ниту морал.
Тие си ја имаат доделено улогата на солачи на памет, и кога се на власт и кога се во опозициа. Тие по потреба се експерти, незвисни интелектуалци, идеолози на партијата, членови и кандидати на партии за највисоките функции во државата, но најмногу сакат да изигруваат морална совест на општеството а своето морализирање да го практикуваат како експерти за „идејно-политичка диференцијација„ во јавниот медиумиски простор.
Исто како и крајните десничари, овој вид на интелектуален џган, има поган јазик и користи вулгарен речник не за да убедува некого во нешто или да води пристојна дебата на некоја тема, туку да омаловажи, да оцрни, да сатанизира,да исмее, да подели на наши и нивни и да нагласи дека само тој е на вистинската страна кај што е и„народот„. Во оваа смисла, тој џган не се разликува од сегашните најодвратни владини пропагандисти во земјата кои го користат истиот говор , истиот метод на омаловажуавање и оцрнување на политичките опоненти, и истата убеденост дека „правдата и вистината се само на нивна страна„. Затоа многумина избегнуваат јавно да се замерат со нив. Се плашат луѓето да не бидат од нив повлечени во калта за таму да се борат со нив и во еден момент да сватат дека тие „интелектуални величини„ всушност цел живот во калта уживаат.
Откако некои од нив, се спасија од кривичен прогон за некакви „ролекси што ги нуделе како подарок, од казни за употреба на полицијата на битпазарските настани, за пукањето врз студенти при угушувањето на Државниот универзитет во Тетово, за големи јавни набавки без јавни тендери од уметнички слики и рејбан наочари до расни коњи за полицијата, и откако ни раскажаа фантастични приказни за атентатот врз Претседателот Глигоров, по кој од министри на полицијата беа унапредени во министри за надворешни работи, тие во едно невреме и станаа најдобри пријатели на министерката на полицијата Доста Димовска, која за нив беше веќе„сестра Доста„ и која им обезбеди еден убав период да се преспие безбедно под чадорот на тогашната власт.
Тогаш од таквите ништо не слушнавме за некаков „молк на интелектуалците„. Тогаш тие беа „кетмани„ за кои ,сестра Доста во чие време се случи исто така афера на прислушување, па и аболиција, беше најдобриот министер на полицијата во Македонија, а интелктуалниот молк не само што беше оправдан ,за некое време, туку и мошне лукреативен во споредба со колумните на Венко Андоновски кој на дневна основа остро ги критикуваше политиките на Љупчо Георгиевски.
Но таквите се убедени дека постои политичка амнезија, дека никој ништо не памети, дека тоа што тие го правеле било секогаш оправдано, и дека од позицијата на „врховни ајатоласи„ во нашиот Калифат, веќе 25 години, можат да судат и осудуваат, да омаловажуваат, јавно да навредуваат, да го користат својот поган јазик за зацрстување на поделбите во име на некоја од нив замислена морална чистота и „вертикала„.
Таквите забораваат дека токму заради нивното однесување од времето кога беа познати како дел од „четворочлената банда„ во владата на СДСМ, и кога тоа нивно однесување беше под директна заштита на Мирка и Латас, целата партија не може до ден денес, да се ослободи од критиките за политичка ароганција ,квазиелитизам и криминализирност. Не. Тие себе се нарекуваа реформисти а сите други во партијата за нив беа „апартчици„. Тие се нарекуваа „млади лавови„ а другите беа „стари и истрошени„. Тие беа „урбани фаци„ а сите други екологисти„ И ги одржуваа поделбите преку медиумите сместувајќи се себе си секогаш на „напредната„ страна и користејќи ги добиените функции од партијата само за лични цели. Сега, пак испливаа на површината и започнаа со поделбите, користејќи ја темата за молкот на интелектуалците и гусларите, креативците и екумените сместувајќи ја темата во својата сопствена „прделана„
И вистина, ако не ви е важен резултатот од напорите на многумина за промена на оваа власт ,кои не бараат слава и признание, туку ви е важно само истакнувањето на вашите заслуги, вие вистина може по цел ден да гуслате, омаловажувате, навредувате и морализирате и да останете во илузијата дека само од таквите како вас, и неколкумина самопрогласени елитисти околу вас, зависел и Уставот и Рамковниот договор па и Шарената револуција и промената на диктатурата.
А илузијата е тешка болест. Таа е еден вид политичко слепило кое е резултат на нарцизмот кај поедини личности ,кој и не е толку страшен се додека тие не се занимаваат со јавна дејност и додека не сватат дека нивната несреќа е во тоа што се заљубени во погрешен човек, и дека нивната завист е отровна.
Што се однесува до молкот на интелектуалците, но не само на интелектуалците туку и на секој човек пред злосторот, сосема е познато дека тој е исто така злостор. И тоа не е некоја голема мудрост. Но, денес има многу поважни работи од празното морализирање, особено од страна на луѓе кои одамна го изгубиле својот морален компас.
Во овој момент, иако некои сметаа дека веќе била 1945, односно дека е време да се поделат медаљите за ослободување од окупаторот, окупаторот е се уште силен и е на нозе. И уште никој не е сигурен како ќе се ослободиме од него. Затоа, сечија помош е потребна.
Гласовите на Милчо Манчевски и на Влатко Стефановски против диктатурата на Груевски многу подалеку се слушаат од гласовите на локалните трубадури. И гласовите на таквите луѓе, независно што некогаш молчеле или очекувале поинакво однесување од сегашната власт, треба да се охрабруваат и поздравуваат а не јавно да се изразува „моралната згаденост„ од нивната наводна политичка превртливост, од нивното некогашно „слугување „на диктатурата, и да се оправдува својот речник и својата завист со изјави дека тоа немало врска со почитувањето на нивното творештво.
„Вистинската промена, изјави за Ал сат, една лидерка на Шарената револуција, ќе се случи кога масата „контрапротестанти„ без страв, и со свест дека се измамени, ќе и се приклучи на шарената револуција„. И јас со неа целосно се согласувам. И никој нема право, рече таа, да ги прашува каде бевте кога ние „гиневме„. ако ни е важна целта а не самобендисаноста.


Ѓорѓи Спасов
08-05-2016, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Многу шарање не е на арно


Бранко Героски
Објавеново 13:02 15 мај 2016

Нашите Мефистофелеси, тие конвертити кои сè уште немаат храброст, или образ можеби, да го раскинат пактот со ѓаволот што им носи привилегии, безбедност и олимписки мир, продолжуваат со нивниот лицемерен обид да резервираат место во ложата на Шарената револуција, позиција од која може лежерно да се биде присутен, повремено да се просере нешто што нивните медиумски шамани ќе го протолкуваат како „значајна поддршка“ за „каузата“, а сепак да се биде неекспониран, за секој случај, имено за случај револуцијата да пропадне.

Всушност, не сум сосема сигурен колку целата таа постановка е нивна изворна идеја (склон сум кон помислата дека тие немаат храброст ни за еден таков получекор кон барикадите), а колку е потфат на нивните апологети, на луѓе кои во последниве неколку години некако успеаја да ги променат дресовите и да фатат чекор со новото време, во очекување на новото „заслужено“ место во историјата што се раѓа. Додека Мефистофелесите мудро молчат и глумат „изненаѓени и увреѓени“ од критиките во кои беа потсетени на нивниот долгогодишен кукавички молк и на колаборационизмот со режимот (за што треба јавно да се извинат, најмалку тоа), овие вториве, шаманите, агресивно ја форсираат приказната дека на фронтот за слобода и демократија се потребни сите (и вистинските борци и тие што ја преспаа деценијата под јорган планина) и дека критиките за конвертитството ѝ штетеле на каузата.

Пред некој ден ме посети еден скопски бизнисмен. Ми кажа дека „активистите“ кои биле под негова „контрола“ (сите од ред „јаки момци“ демек) биле незадоволни од моите „препукувања“ со Мефистофелесите и со нивните апологети и дека биле со намера да преземат нешто. Се загрижиле неговите „интелектуалци“ со кратки вратови. Па тој дошол со мене да „поразговара“. Нормално, „пријателски“. Ова е најблагата верзија на заканата што ја добив на маса и која, ако евентуално продолжи, ќе ме принуди јавно да го соопштам името на заканувачот, инаку познат по тоа што правеше „успешни“ зделки и трупаше пари и со груевци, баш како и во времето на СДСМ.

Освен тоа, покрај неколку ебиветровци на Фејсбук и од лумпен-порталите, на кои не вреди да им се придава значење, двајца мои колеги, новинари, еден повозрасен и еден релативно помлад, деновиве се обидоа да ги земат во заштита нашите Мефистофелеси и да ја убедат јавноста дека немало невини (?), дека сепак сите сме биле исти и дека затоа сега сите треба заедно да си се гушкаме и да бидеме дел од Шарената револуција.

Интересно е дека повозрасниот колега своевремено беше најблизок соработник на Панде Колемишевски и еден од најголемите борци против плурализацијата на македонскиот печат, додека вториот е познат голуб превртач, шарен да пошарен не може да биде, со сомнителни врски кај џандарите, до пред неколку години дел од најелитната пропагандистичка дивизија на Груевски (тогаш главен уредник на неговото водечко печатено гласило), а освен тоа и промотор и заштитник на еден од најбруталните пропагандисти на режимот, инаку негов близок роднина.

На сите нив гласно им порачувам – јас Шарената револуција не ја разбирам како обединување со вакви превртливци. Извинете, за мојот вкус, тоа е премногу шарање!
И им велам дека нема да ме интересираат ни опозицијата, ни СДСМ, ни граѓанскиот сектор, ни „каузата“, ако поради неа, „каузата“ пуста како што тие ја разбираат, треба да се придржувам кон некакви директиви да се заборават зделките поради кои спомнатиот бизнисмен не е ништо поразличен од сите оние негови колеги за кои денес вревиме дека треба да се доведат на трупчето под сабјата на Катица, ако „каузата“ треба да значи дека треба да примам совети од еден подопашник на Колемишевски кој цела една деценија зема плата од мафијашки фондови, ако „каузата“ значи дека банка на маса ќе држи еден познат полициски жбир, чија историја на бесчестието во новинарството им е позната на многу негови колеги.

Ало дечки, ако е тоа „каузата“, да ви се мочам јас во неа! Јасно?!

Велите, да не се правело штета... Да не отворале полемики... Да глумиме дека сите сме по малку виновни, за вие да се чувствувате полесно, за да се наредите во редицата за првоборечки привилегии, што самите ја измисливте. Што се однесува до мене, нема проблем, нека ви биде – слободно прекрстете се, пресоблечете ги дресовите, одглумете ја вашата нова ролја, побарајте ги и добијте ги вашите привилегии, какви што секогаш сте имале и пак ќе имате. Јас не сум дел од тоа ваше ебено друштво и не сакам ни да бидам. Терајте си, ама внимавајте, многу внимавајте!
Ако сакате мир, има да престанете со овие лајнарии! Има бре да престанете да се курчите! И да ви биде јасно – додека власта со години за мене и на неколку слични на мене, ни бара црно под ноктите, ни се заканува, нè навредува, нè клевети, до мера што веќе и самата се измори и веќе нема што да најде и да смисли а да не е смислено и кажано, вие бевте главно поштедени. Можеби случајно, можеби намерно, но бевте засолнети и дебело платени со пари од фамилијата. Вие имате обврски кон фамилијата и тие обврски не се престанати. Јас тоа го знам, а ако е неопходно, ќе се потрудам тоа да го разберат и да го видат сите што сега превртуваат со очите и мантраат – ама да не се караме, ама ова ни штети, ама може за тоа и утре…

Добро, може и утре. Сега сакате резервирано столче на барикадите? Веќе го имате. Сакате да не се прават штети? Па не ги правете тогаш, идиоти едни! Затнете си ги муцките! Има бре да престанете да предизвикувате, оти во спротивно, на предизвикот ќе ви се одговори. Јас лично ќе ви одговорам. Најжестоко! Има пичвајз да биде! Има да боли! И да знаете, не зборувам јас во ничие име, како вие (па на тој во чие име јадете лајна да му биде непријатно), јас зборувам само во свое име. И ви порачувам уште еднаш – има бре пичвајз да биде!

Патем, треба да ви биде јасно дека јас сум само еден од многуте на кои фитиљот им е краток (така е тоа со фитиљите, се кратат пустите со годините), еден од оние на кои им се гади од вашето бедно позирање, еден од оние на кои малку им недостасува за да експлодираат. Колку сме такви? Не знам… Колку сме, толку сме, токму сме.

Затоа, внимавајте добро!
15-05-2016, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Gjorgji Spasov
9 mins ·

Кус расказ
Си била една Слободна и независна крава. Во селото ја викале Геровка. Пасела таа по многу пасишта. И давала мнооогу млеко. Арно ама. Секогаш кога ќе го наполнела канчето со млеко го удирала со едната нога или со другата и го истурала млекото на земја. И не се плашела од никого. Млекото за неа немало никаква важност. Еден ден некој ја прашал. Да не си ти ма од шарените крави што вака се однесуваш? А таа одговорила. Од секогаш сум била од шарените крави и тука компромис нема. Така таа продолжила ем да си пасе ем да го истура млекото .Но селаните престанале да купуваат геровки. Не им било доволно што таа за себе мислела дека е од шарените крави.
15-05-2016, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Toni Dimitrievski
1 hr ·

Za sharenosta na migot



Ako vo nekoja rabota ovdeshnive javni lichnosti se veshti, togash rechi si sum stootstotno siguren deka toa e vo umeshnosta na sozdavanje na alibi za sebe si, za svoeto mesto i uloga vo procesite - nekogashni ili segashni, seedno. Sho da pravam - priznavam deka kako najtaze primer me motivirashe ona luto pisanie na gerovski protiv eden biznismen ("x"), eden postar novinar ("y") i eden relativno pomlad novinar ("z").
Da se razbereme - voopshto ne me tangira nivnata personalna kavga, me interesiraat javnite repekusi. Imeno, od toa pisanie najvpechatlivo e alibito. Ona na avtorot na tekstot, no i prenesenite alibija na napadnatite novinari ("y" i "z") oti nivnata teza za potrebata od "sharenorevolucionerna splotenost" shto, sosema legitimno, ja napadja gerovski (dodushe vo interes na sopstvenoto alibi) e vsushnost alibi na "imenuvanite". Duri vidlivo e i alibito na biznismenot "x" vo oblik na "peri/nosi".
Donekade imam razbiranje: promenite shto pred nas kako opshtestvo i individui se rasposlani vo razni moznosti, provociraat eden vakov, bi rekol, "odbranben mehanizam". I kako ne bi koga, medjudrugoto, promenite nuzno baraat totalna "generalka" na javnata scena, vkluchitelno i na se ona shto bilo so godini i godini butano pod tepih ili po choshinja. A vo nedostig na deklarirani koncepti koj bi odgovorile na osnovnite prashanja za celite shto sakame da gi postigneme (pritoa detektirajchi gi site prichini shto ne dovedoa do ovde - so ime i prezime) logichno e vo preden plan da se isturaat personalnite raspravii koi ni se prikazuvaat kako borba na koncepti, iako voopshto ne se toa.
Poveche nalikuvaat na bordelska prepirka okolu dimenziite, oblikot i bojata na novi charshavi shto treba da se nabavat.
16-05-2016, 12:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Геро одма да се прати на психијатар, сега ги обвини Ерол Ризаов и Жоро дека работеле за Грујо, пред тоа распали по Спасов со иста теза, по мене плука и тоа го тврди 24/7 веќе 4 години, бара крв и мокраќа и досиеа кој каде бил и за што се залагал од 1980-та па наваму за да ги примел во ОТПОРОТ?!?!


Објавено на 15.05.2016 во 15:21:21 часот | Колумни


[Image: 82629PMSunday,June22,2014sale%20(1).jpg&w=60&h=60]Саше Ивановски
Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

Има ли бре некој од јавната опозициска сфера што ги задоволува строгите критериуми на уредникот на Плусинфо и Слободен Печат за да биде дел од отпорот?!


Ваљда треба да направиме легитимации со редни броеви и кај Геро треба да се аплицира со крв и мокраќа и со досие за што се си се злагал уназад 20-30 години и потоа Геро да седне у Долна Матка со тоа кучето јапанско и да мозга цел викенд и да одлучи кој смее да биде дел од отпорот?!?!

Иронично е што ако некој му аплицира за таква отпорашка легитимација со името Бранко Геровски и ако ги извади сите негови шурувања со Грујо во периодот 2004-та до 2008-ма тогаш сам на себе нема да може да си даде таква легитимација според тие негови строги критериуми?!

Свесен ли е овој забеган човек залуден од моќ. пари и слава дека мозочето малку му штукнало и дека се однесува како куче каснато од волк кој имал беснило?!

Одамна човекот приватно плука по Борјан, се скара со екипата на Фокус, приватно зад грб плука и збори се најлошо за Ацо Кабранов, плука по сите колеги од екс А1 вклучително и дечките од Бриф, со мене војува веќе 4 години, сега најново е дека предавници биле и Ерол Ризаов и Жоро?! Пред тоа за предавник го прогласи Спасов?! Кој е сега на ред? Гошев и Сашо Ордановски? Што треба да направат они, да се дрзнат во нешто да не се согласат со него?!

Свесен ли е овој човек дека веќе е траги-комичен? Па опозицијата има 20 колумнисти, истурени новинари и аналитичари и он веќе елиминираше пола од нив, со интенција ова да иде до крај за на крај да останат само он и евентуално Владе Милчин затоа што Владе сеуште одлучува за кој ќе се даваат грантовите на Сорос?!

Газолижењето на Геро на Владе Милчин ги надминува перверзиите на газолижења на Грујо од страна на Миленко, Латас, Мирка и Јанко ЗАЕДНО!

Да не збориме пак дека НИКАД не напишал директна конфронтација со ниеден лидер на опозицијата НИКОГАШ?! Како е можно еден толку јако морален јако храбар и јако принципиелен новинар море новинариште НИКАД отворено да не се судрил со ниту еден лидер на опозицијата?!?! Дали е тоа можеби затоа што мора послушно да служи и да слуша за да биде колку толку помогнат во своите медиски проекти за потоа да се фали како он бил КРАЛ на медиумите, иако сите медиуми му се помогнати со стотици илади евра па и милиони евра што од НВО секторот што од бизнисмени блиски на опозицијата?!

Значи Геро, оди човече прегледај се на психијатар, среди се малце, одмори, земи одмор ако треба, оди пак еден месец низ Русија малце шетај, стварно веќе одамна правиш повеќе штета отколку корист!

И кога сме кај принципиелноста, смешно е како ти на сите им бараш влакно во јајцето а ваму се гушкаш јавно и ги нарекуваш свои пријатели Владо Пешевски и Зоран Ставревски?!?! Каде е тука принципиелноста, со кое право ти маршираш како дел од шарената револуција?!?!

А што е и со тоа што твоите новинари одбиваат да им поставуваат незгодни прашања на прес конференции на министрите и премиерот?!

И кога го обвинуваш Жоро за Нонковиќ, каде е твојата вина за Љупче Златев?! Ти го обучи за новинар во твојата школа за новинари?!

Па дури и твојата помош за Марјан од Доказ кој почна да плука и по Андреј Жерновски и по Циц и по Радмила Шекеринска и Бобо Дајнерс и почна и за Заев да плука во партнерство со Љупчо Палевски?!

Разбираш ли дека според твоите стандарди ти треба одма да се утепаш?!
16-05-2016, 06:37 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

Лелеее Јодан се јадосува сега шо не може да им отиде на хепенингот и да им улита со еден интелектуален клизечи старт! Па да им објасни како Грујо е диктатор и пол... Џабе гоненици на Фејсбук, дис ис да шит:
Quote:... рече Ванхауте денеска на настанот „Трибунис цивилис“, кој претставува симболичен суд на цивилното општество. 

Професорот Стево Пендаровски вели дека не му се блиски тезите...

... рече Фуере

Ана Чупеска од Правниот факултет...

Саше Ивановски сопственик на Мактел....

Ја виде листава на учесници духот на Че Гевара и му се сврте на духот на Адолф Хитлер:
“ Мадре де Диос! Адолфе, премногу Титови тифусари ти избегале за време битката на Неретва!“
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 20-05-2016, 11:21 PM by МрачниотКоњаник.)
20-05-2016, 11:20 PM
Reply