Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ КЕ ПОСАКА ВЕКЕ БРИШЕ "ПАТОС" СО ГРУЈО-КРАЈ НА УШТЕ ЕДЕН УМОБОЛЕН ВЛАСТОДРЖЕЦ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО Груевски се пазари - ајде да ги одложиме изборите, ама аболицијата да остане?!

[Image: gru%2817%29.jpg]



 23:21 05 мај 2016| Прочитано47571| [Image: print.png]Печати

На изненадување на сите партии вклучени во разговорите со дипломатите во Скопје за решавање на политичката криза, ВМРО ДПМНЕ е партијата која најмногу бара, па дури и ја убедува и ДУИ на Али Ахмети, да се одложат изборите, преку свикување на седница на парламентот, дознава Плусинфо од добро упатени извори. 

Најверојатно станува збор за стратегија на луѓето од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да си ја сочуват аболиција што ја добија на подарок од претседателот Ѓорге Иванов, брифираат извори од тимовите вклучени во преговорите.

Атмосферата која се создава на тековните разговори со дипломатите остава впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ, под силниот притисок на САД и ЕУ, како и од поединечни членки на ЕУ за укинување на аболицијата, излез бара преку пазарење. Имено, изворите велат дека Никола Груевски е подготвен да ги одложи изборите, во замена аболицијата да не се поништи.

Како што тврдат нашите извори, со ваквиот потег, ВМРО-ДПМНЕ се обидува и СДСМ да биде задоволен, со тоа што ќе биде исполнет еден од двата нивни предуслова.

PLUSINFO
(This post was last modified: 06-05-2016, 09:39 PM by ЈорданПетровски.)
06-05-2016, 09:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО-ДПМНЕ: Неточно е дека сме се пазареле со аболицијата



[Image: %d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be%2847%29.jpg]


12:29 06 мај 2016| Прочитано3205


Интегрален текст од демант на ВМРО-ДПМНЕ:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира лагите изнесени на интернет порталот Плусинфо во текстот „ЕКСКЛУЗИВНО Груевски се пазари - ајде да ги одложиме изборите, ама аболицијата да остане?!“, кој подоцна беше преземен од други проопозициски портали.
За нас е разбирливо дека портал кој работи исклучиво по диктат на СДСМ ќе ги објавува само ставовите и желбите на Бихаќка. Сепак заради целокупната јавност должни сме да појасниме дека ништо од текстот не соодветствува со реалноста. Во посочениот текст станува збор повторно за пуста желба на СДСМ која Заев се срами да ја изусти па мора друг да ја напише. Зоран Заев е единствениот кој добива од пркинувањето на кривичните постапки. По втор пат.
Вистината е следна. ВМРО ДПМНЕ ниту се пазарела, ниту ќе се пазари кога се во прашање интересите на граѓаните и државата. Врвен интерес е излегување од кризата преку одржување на избори на кои граѓаните би одлучиле кому ќе му ја дадат довербата за да ја води Македонија. Ова е приоритет и на ВМРО ДПМНЕ. За жал, заради паничниот страв на СДСМ од немањето поддршка за нивните деструктивни политики, предвремените парламентарни избори еднаш веќе се откажаа. Со тоа СДСМ се промовираше во единствената опозициска партија во светот која бега и се плаши од избори.
Во однос на прекинувањето на кривичните постапки од страна на претседателот Ѓорге Иванов, ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, но ќе го повториме уште еднаш. Прекинувањето на постапките не е во согласност со политиките на партијата секој што сторил каков било криминал да одговара за тоа. Ставот на ВМРО ДПМНЕ беше ист и кога Зоран Заев беше аболициран од Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Затоа ние сеуште го повикуваме Зоран Заев да побара поништување и на аболицијата од Црвенковски и да ги врати 8-те милиони евра за кои беше оштетена Република Македонија со криминалот во Глобал.
Затоа сосема е нелогично и неточно тврдењето дека ВМРО ДПМНЕ се пазарело со аболицијата. ВМРО ДПМНЕ беше првата партија која иницираше преку заедничко писмо да биде побарано Претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука.“


PLUSINFO
06-05-2016, 09:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ВМРО-ДПМНЕ „демантира“, а не ги спомнува изборите на 5 јуни?!


[Image: nikola-gruevski%284%29.jpg]

Објавеново 13:12 06 мај 2016| Прочитано11012


Во одговор на „демантот“ од ВМРО-ДПМНЕ на текстот на Плусинфо под наслов „ЕКСКЛУЗИВНО Груевски се пазари - ајде да ги одложиме изборите, ама аболицијата да остане?!“, сакам да го кажам следното – сведоци за вистинитоста на наводите во овој текст се учесниците во разговорите што се водат со странските дипломати.

Во „демантот“ потпишан од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ништо, всушност, не се демантира. Во целиот текст со ниту еден збор веќе не се спомнуваат изборите на 5 јуни. Тоа е случајно? Прашувам отворено и директно - ќе оди ли ВМРО-ДПМНЕ на избори на 5 јуни или нема да оди? Ќе ги информира ли партијата своите членови и симпатизери дека нема ништо од јунските избори?

Во „демантот“ исто така не се спомнува ништо за можноста одлуките на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција да се укинат. ВМРО-ДПМНЕ, како сериозна политичка партија, знае дека постои законска можност тоа да се направи и без волјата на претседателот Иванов. Како што и ќе се случи. За тоа веќе е разговарано. Прашувам отворено и директно - кога мисли ВМРО-ДПМНЕ да ги информира своите членови и симпатизери дека нема да има ништо и од аболицијата?

Според информациите со кои располагам, меѓународните лобисти на оваа партија веќе го информирале раководството дека ниту еден посериозен фактор во меѓународната заедница веќе не го поддржува ставот на оваа партија изборите да се одржат на 5 јуни и аболицијата, за која и врапците знаат дека е договорена меѓу лидерот Никола Груевски и уценетиот Иванов, да опстане.

Според информациите со кои располагам, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ веќе расправал за новонастанатата ситуација, за очекуваните удари и за потребата итно да се промени стратегијата во преговорите. Дотолку повеќе што веќе е јасно дека ДУИ и ДПА нема да учествуваат на изборите закажани на 5 јуни и одлучно бараат аболицијата да се укине. Затоа кликата на Никола Груевски е во паника и хаос.

Според информациите со кои располагам, во пониските ешалони на ВМРО-ДПМНЕ веќе се води полујавна, но гласна дебата за прашањето дали е потребно поради криминалните дејанија на луѓе од партискиот врв и поради нечии хирови, целата партија да се фрла во оган, членовите и симпатизерите да се подбуцнуваат на немири, на блокади и на насилства, а партијата долготрајно да биде меѓународни изолирана и стигматизирана како деспотска, антизападна, криминогена и авантуристичка.

Ете, нека повели Центарот за комуникации нека ги демантира овие наводи. Но, нека се погрижи во следниот демант јасно и гласно да му порача на своето членство и на симпатизерите на партијата – одиме на избори на 5 јуни! Ако смее...

Бранко Героски
Раководител на проектот Плусинфо  

PLUSINFO
06-05-2016, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Демант од ВМРО-ДПМНЕ: Не се пазариме за аболиција!

 21:18 09 мај 2016|


[Image: vmro%20logo%283%29.jpg]



Интегрален текст на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку својот мегафон Плусинфо продолжува со исти невистини да ја манипулира македонската јавност.
Тоа што текстот „Изборите од 5 јуни заборавени, ВМРО-ДПМНЕ смислува сценарија за спас, ама без насилство“ објавен на порталот Плусинфо е непотпишан јасно говори дека авторот е од Бихаќка. Станува збор за истата лага од пред три дена, налик на многуте кои и досега СДСМ најпрво ги продуцира во своите Фабрики за афери, а потоа ги пласира преку своите мегафони.
ВМРО-ДПМНЕ ниту се пазарела, ниту ќе се пазари кога се во прашање интересите на граѓаните и државата. Ова веќе еднаш го соопштивме во демантот на веста „ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски се пазари - ајде да ги одложиме изборите, ама аболицијата да остане?!", објавена на порталот Плусинфо од 06.05.2016.
Денес СДСМ повторно преку порталот кој работи исклучиво по диктат на Бихаќка ги објавува само ставовите и желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ. Сепак заради целокупната јавност должни сме да соопштиме дека повторно текстот не соодветствува со реалноста. И во новиот текст повторно станува збор за пуста желба на СДСМ која Заев се срами да ја изусти па мора друг да ја напише. Зоран Заев е единствениот кој добива од прекинувањето на кривичните постапки. По втор пат.
Врвен интерес за државата е излегувањето од кризата кое единствено може да се случи преку одржување на избори на кои граѓаните би одлучиле кому ќе му ја дадат довербата за да ја води Македонија. Ова е приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ.
За жал, заради паничниот страв на СДСМ од немањето поддршка меѓу граѓаните за нивните деструктивни политики и сценарија, предвремените парламентарни избори еднаш веќе се откажаа. Со тоа СДСМ се промовираше во единствената опозициска партија во светот која бега и се плаши од избори.
Во однос на прекинувањето на кривичните постапки од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен и соопштен многупати досега, но ќе го повториме уште еднаш. Прекинувањето на постапките не е во согласност со политиките на партијата секој што сторил каков било криминал да одговара за тоа. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше ист и кога Зоран Заев беше аболициран од Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Затоа ние сеуште го повикуваме Зоран Заев да побара поништување и на аболицијата од Црвенковски и да ги врати 8-те милиони евра за кои беше оштетена Република Македонија со криминалот во Глобал.
Од таму, сосема е нелогично и неточно тврдењето дека ВМРО ДПМНЕ се пазарело со аболицијата. ВМРО ДПМНЕ беше првата партија која иницираше преку заедничко писмо да биде побарано Претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука.
Ве молиме, демантот да биде објавен во целост на ист простор на кој беше објавена непроверената и лажна вест.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 






Quote:Branko Geroski
2 hrs ·

И пак ни збор за 5 јуни, ни повик за укинување на аболицијата, ни демант на сите други наводи во текстот на Плусинфо. Инаку, автор на текстот сум јас, ако тоа на ВМРО-ДПМНЕ толку многу му значи...
(This post was last modified: 09-05-2016, 11:20 PM by ЈорданПетровски.)
09-05-2016, 11:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

ВМРО-ДПМНЕ го брифираат "Дневник"!! ВМРО-ДПМНЕ Плусинфо го демантираат. Каков распад! Има ли пилот во авионот?



Quote:ДНЕВНИК

ИЗБОРИ ИЛИ НОВО СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

[Image: w0m1x3.jpg]
10-05-2016, 01:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: f6ae93ed368542384aedf40a9140415a_L.jpg]


И СЕЛАНИВЕ удрија против Грујо!! Што народ сте бре човекот ви нуди планови за крави, овци, кози, ви нуди планови оние што избегале од селото во град, пак да ги врати во селото.

Jeee Jeee Jeee
13-05-2016, 08:49 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Интересно од кого доаѓа оваа “квалификација“:

Quote:... ЕДЕН УМОБОЛЕН ВЛАСТОДРЖЕЦ

Напишано од Јордан, човекот којшто пикаше микрофони под масите во неговата кафана за да прислушкува туѓи муабети.  Iconwaveea9
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-05-2016, 10:46 PM
Reply