Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
САМОУБИСТВО ИЛИ УБИСТВО,ОДГОВОРОТ ГО ЗНАЕ ЃОРЃИ ИВАНОВ,ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ПОМИЛУВА КОПАЧ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:02. мај. 16.
Помилувањата на Иванов се поклопуваат со кривичните пријави на СДСМ


Мери Јордановска и Владо Апостолов Призма
Извори за БИРН тврдат дека кога претседателот ги носел одлуките за аболиција, првично се раководел од поднесените кривични пријави на опозицијата, а за да го стори тоа, морал да има пристап до предметите во Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски, како и соработка со Кривичниот суд.

[Image: 133151316.jpg]
Само еден Господ знае како Иванов дошол до имињата во истрагите на СЈО | Фото: МИА

Одлуките за аболиција и за помилување што ги донесе претседателот Ѓорге Иванов пред дваесетина дена, во голема мера се поклопуваат со содржините на кривичните пријави што СДСМ ги поднесе до Јавното обвинителство, откако ги објави таканаречените „бомби“. Извори за БИРН тврдат дека кога претседателот ги носел одлуките, првично се раководел од поднесените пријави, а за да го стори тоа, морал да има пристап до предметите во Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски.
Ако се разгледаат сите 39 одлуки за помилувања на вкупно 56 лица и кривичните пријави што СДСМ ги поднесе до Јавното обвинителство минатата година, можат да се видат истите имиња, напишани по ист редослед.
На пример, СДСМ на 20 март 2015 поднесе кривична пријава до ексминистерот Миле Јанакиески и до директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, бидејќи наводно ги присилувале затворници како да гласаат, а токму за овој двоец се однесува првата одлука за аболиција што ја потпиша Иванов.
Ист е случајот и со кривичната на опозициската партија за лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и за неговиот сопартиец во Држаната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими, како и со уште десетина кривични на СДСМ и одлуки на Иванов.
Од овој аспект не се спорни помилувањата во случаите „Пуч“ и „Поткуп“, каде што главниот осомничен е првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи таму има обвинение, кое е јавно достапно, а веројатно најчиста е ситуацијата кај осудениот - вработен во УБК, Звонко Костовски, кој со одлука на Иванов беше помилуван од затворска казна.

Како претседателот дознал за Крпач?

Сепак, Иванов не се држел само до ланските пријави на СДСМ, а доказ за тоа е и одлуката со која го аболираше сега веќе починатиот Коста Крпач, а во која се наоѓаат и Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП и директорот на НВСП, Христијан Панев. Овие тројца не се спомнати во кривичните пријави на опозицијата, иако фирмата НВСП беше дел од „бомбата“ за набавката на израелската опрема.
За случајот со опремата, СДСМ поднесе кривични само за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговата соработничка Светлана Костова и за израелскиот бизнисмен Хаим Хакијни, а Иванов токму по овој редослед ги аболираше.

[Image: IMG-20160428-WA0000.jpg]
Комбето во кое наводно пукал Крпач пред смртта

Според нашите неофицијални информации случајот за кој е помилуван Крпач индиректно е поврзан со израелската опрема и затоа уште е поголема енигмата како Иванов дознал за истрага која се оформила во СЈО и за која можеле да знаат само специјалните обвинители. СЈО веќе се изјасни дека Крпач не бил осомничен за ниту еден предмет што се води во ова обвинителство, а тој, сепак се најде на листата помилувани.
Одговорот на дилемата може да се бара во завчерашното соопштение на Основниот суд - Скопје 1 од кое дознавме дека СЈО барало судска дозвола за претрес во станот на Крпач.
Така размислува и адвокатот Александар Тортевски.
„СЈО барало дозвола да се изврши претрес во станот на Крпач. Оваа информација од судот била проследена до Иванов, кој го ставил Крпач на списокот за аболиција, иако тој бил само сведок, самиот се пријавил и соработувал со СЈО. Ниту судот, ниту Ѓорѓе Иванов не знаеле дека претрес може да се бара и во просторија на лице кое не е осомничено или е сведок, како што било во случајов“, коментира адвокатот.
Тортевски потенцира дека сите овие постапки се тајни информации.
„Овие постапки не смеат да се објавуваат и до нив по легален пат не смеел да дојде ниту Ѓорѓе Иванов,“


Quote:Тортевски: Крпач е случај за СЈО

Адвокатот Александар Тортевски смета дека СЈО мора да воспостави надлежност за сите случаи кога лица или институции вршат каква било опструкција на нивната работа.
„Па, така и во случајов СЈО мора да ги документира сите притисоци на кои Крпач бил изложен.“

Судски извори коментираат дека токму обелоденувањето на името на Крпач и неговото ставање на списокот на помилуваните, го загрозило неговото својство на сведок пред Специјалното јавно обвинителство. СЈО на 1 април поднесе иницијатива до Собранието за измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци, со цел да се заштитат овие лица, но Собранието се распушти без да ги изгласа измените.
Крпач во средата беше најден со прострелна рана во градите во својот стан, откако пред тоа наводно пукал врз комбе паркирано пред зградата во скопската населба Капиштец. Истрагата уште не открива дали станува збор за самоубиство.

Адвокатот Тортевски смета дека и за другите постапки изворот на информации е скопскиот кривичен суд.
„За мене нема дилема дека Основниот суд - Скопје 1 е изворот од кој Горѓе Иванов ги добил информациите за тоа кои се лицата против кои се водат како истражни така и предистражни постапки. Направен е целосен преглед за сите предистражни мерки кои СЈО ги барало од судот и за кои лица и кое кривично дело и по тие информации се изготвени решенијата за аболиција.“.

Хелсиншкиот комитет денот по одлуката за аболиција им поднесе кривична пријава на претседателот Иванов и на непознати лице или лица кои му ги откриле доверливите податоци од постапките на СЈО. Комитетот нема дилеми дека е повредена тајноста на постапката во овој случај, а самиот чин е кривично дело за кое законот предвидува парична или казна затвор до една година.
Иванов не ја заврши целата работа
Прашањето за тоа од каде Иванов точно знаел кого да помилува беше долго време поставувано во јавноста, бидејќи станува збор за голем број предистражни постапки, кои треба да бидат тајни. Кога ова прашање му беше поставено на Иванов за време на неговото гостување на МРТВ, тој кратко одговори дека „претседателот на државата има начини да дојде до сите информации во државата“.
Ако кривичните пријави на СДСМ зачинети со информации од другите правосудни инстиуции, биле ѕвездите водилки за аболирањата на Иванов, интересно е дека лани опозицијата во еден момент престана да поднесува кривични, а продолжи со објавувањето на снимените разговори во кои имаше индиции за криминали.





Па така, СДСМ не поднесе кривична пријава за нејзините сомнежи дека експремиерот Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески договорале милионски провизии при дилот со кинеската компанија која гради автопатишта во Македонија со парите од кинески кредити.
За овој случај, Иванов не аболираше ниту едно лице.
02-05-2016, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:04. мај. 16.
Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии


Мери Јордановска и Владо Апостолов Призма

Поврзаноста на Крпач со фирмите блиски до моќни структури во ВМРО-ДПМНЕ е можен мотив за интересот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач минатата среда беше најден мртов во неговиот стан во скопски Центар, на директен или на индиректен начин е поврзана со три компании, кои во јавноста не се експонирани, а сепак станува збор за моќни фирми со огромни приходи.
Станува збор за фирмите „Ексико“, НВСП и за агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ или скратено СГС. Токму поврзаноста на „Финзи“ со овие компании, е можен мотив за интересот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), особено зашто фирмите СГС и НВСП се спомнуваа во т.н. бомби на опозицијата.
Првата беше спомната како фирма зад која се крие поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, а втората, како фирма на која наводно треба да легне провизијата од израелската донација наменета за опрема на полициските специјалци.

[Image: SHEMA1.jpg]
Шемата околу „Финзи“

Мијалков, Луковски и Стајковиќ

Поврзаноста меѓу „Финзи“ и фирмата НВСП, пак, е преку лицето Владислав Стајковиќ, кој исто така беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, иако неизвесно е дали и каква предистражна или истражна постапка се водела против него.
БИРН успеа да го добие телефонски поранешниот директор на „Финзи“, Стајковиќ. Кога го прашавме дали знае зошто Иванов го аболирал и какви биле неговите бизнис релации со Крпач, тој кратко одговори:
„Јас не сум човек што шпекулира, па оттаму не можам да шпекулирам зошто сум аболиран. Не е во ред сега да зборувам за Крпач, да го оставиме човекот да почива во мир, не е христијански сега да зборувам за тоа“.
На прашањето дали ќе бара претседателот да ја повлече одлуката за негова аболиција, Стајковиќ рече:
„Тоа е моја работа“.
Стајковиќ, според документите од Централниот регистар, бил директор на „Финзи“ до 2011, кога на таа позиција доаѓа сега покојниот Коста Крпач. Стајковиќ е газда на НВСП и директор на „Мобико“, фирма каде што сопственик е Жарко Луковски, главен оперативен директор на Македонски Телеком, кој е во кумски врски со Сашо Мијалков и кој исто така беше аболиран од страна на Иванов.
Фирмата НВСП во моментов се води како сопственик на два медиума – Радио Слободна Македонија и Телевизија Три Куманово, а НВСП воедно е прв сопственик и на агенцијата за обезбедување СГС.
„Финзи“ е формирана 2009 година, а како сопственик се јавува фирма од Соединетите Американски Држави, Finzy LLC, лоцирана на 41 State Street Suite 106, Albany. Фирмата, според документите од САД, е регистрирана и е активна. Токму оваа адреса води кон мистериозната скопска фирма „Ексико“, бидејќи вториот газда на „Ексико“ е фирмата Калвус ЛЛЦ, исто така лоцирана на адресата 41 State Street Suite, Albany.
На ова место, ако се гледа според Google Maps, се наоѓа административна зграда, по што следува претпоставката дека на ова место се наоѓа адвокатска канцеларија која се занимава со помагање при отворање оф-шор компании. Во еден момент на оваа американска адреса имало регистрирано и 250 компании.
Обидувајќи се да ја лоцираме компанијата Finzy LLC,

на разговор објавен на каналот Youtube, каде што извесно лице се обидува да дознае дали одредена фирма (Мастер Пејперс) е регистрирана во апартманот број 106, истиот апартман каде што е регистрирана „Финзи“ ЛЛЦ. Од операторите тој добива одговор дека на тоа место е регистрирана компанија за адвокатски услуги.





Ништо без „Ексико“

Од друга страна, СГС и мистериозната офшор-компанија „Ексико“ во 2010 делеле иста адреса – Иван Милутиновиќ 14/1-2. Подоцна, СГС се сели, а „Ексико“ останува на старата локација, каде што има само поштенско сандаче и никаков знак или лого на компанијата.
„Ексико“ е веројатно најуспешната анонимна компанија во Македонија, иако е формирана уште во далечната 2001 година. Денес како нејзин сопственик се води швајцарската „T&MJ инвестмент СА“ лоцирана во Лугано.

[Image: picture.jpg]
Изминативе години „Ексико“ се јави како акционер или како партнер во „Стопанска банка АД - Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, млекарницата „Здравје Радово“ и во познатата градежна компанија „Бетон“ АД - Штип. „Ексико“ свој удел има и во хотелот „Ибис“ кој се наоѓа во непосредна близина на скопскиот плоштад, веднаш до новото седиште на „Комерцијална банка“, а фирмата е сопственик и на атрактивно земјиште на Водно, веднаш до она за кое опозицијата тврди дека е на експремиерот Никола Груевски, преку капитал од Белизе.
Преку фирмата „Архи“, „Ексико“ заедно со „Орка“ се јавуваат како сопственици и на комплексот „Панорама резиденс“, околу кој во 2014 се биеше битката во општина Центар и се случи контроверзното изгласување на ДУП-от, со помош на советникот на СДСМ, Мирослав Шиповиќ, кој претходно беше притворен за наводен криминал во сосема друг случај.
„Архи“ ја врзува „Ексико“ и со бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој води две градежни компании под брендот „Адора“. Првата е „Адора инженеринг“, а втората е „Адора груп“ за која малку се знае во јавноста. Партнер на Чифлиганец во втората и помалку позната „Адора“ е токму „Архи“, односно „Орка“ на бизнисменот Орце Камчев и „Ексико“.
„Ексико“, за која веќе истражуваше БИРН, нема своја веб-страница, а единствениот контакт е електронска адреса на hotmail. Од друга страна, оваа фирма прави огромни приходи, иако забележително е дека од година в година овие приходи се намалуваат.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, 2014 на пресконференција праша дали шефот на тајната полиција и братучед на Груевски, Сашо Мијалков, стои зад „Ексико“. Мијалков демантираше, најави тужба против Шилегов, меѓутоа досега никој не објасни чија е „Ексико“, ниту пак, се појави нејзиниот вистински газда.





Во 2013 година приходите на Ексико изнесувале 9,4 милиони евра, во 2014 изнесувале 1,2 милиони евра, а минатата година паднале на 760 илјади евра. Интересно е дека станува збор за фирма со само 13 вработени.
(This post was last modified: 04-05-2016, 01:49 PM by ЈорданПетровски.)
04-05-2016, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:04. мај. 16.
Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии


Мери Јордановска и Владо Апостолов Призма

Поврзаноста на Крпач со фирмите блиски до моќни структури во ВМРО-ДПМНЕ е можен мотив за интересот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач минатата среда беше најден мртов во неговиот стан во скопски Центар, на директен или на индиректен начин е поврзана со три компании, кои во јавноста не се експонирани, а сепак станува збор за моќни фирми со огромни приходи.
Станува збор за фирмите „Ексико“, НВСП и за агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ или скратено СГС. Токму поврзаноста на „Финзи“ со овие компании, е можен мотив за интересот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), особено зашто фирмите СГС и НВСП се спомнуваа во т.н. бомби на опозицијата.
Првата беше спомната како фирма зад која се крие поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, а втората, како фирма на која наводно треба да легне провизијата од израелската донација наменета за опрема на полициските специјалци.

[Image: SHEMA1.jpg]
Шемата околу „Финзи“

Мијалков, Луковски и Стајковиќ


Поврзаноста меѓу „Финзи“ и фирмата НВСП, пак, е преку лицето Владислав Стајковиќ, кој исто така беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, иако неизвесно е дали и каква предистражна или истражна постапка се водела против него.
БИРН успеа да го добие телефонски поранешниот директор на „Финзи“, Стајковиќ. Кога го прашавме дали знае зошто Иванов го аболирал и какви биле неговите бизнис релации со Крпач, тој кратко одговори:
„Јас не сум човек што шпекулира, па оттаму не можам да шпекулирам зошто сум аболиран. Не е во ред сега да зборувам за Крпач, да го оставиме човекот да почива во мир, не е христијански сега да зборувам за тоа“.
На прашањето дали ќе бара претседателот да ја повлече одлуката за негова аболиција, Стајковиќ рече:
„Тоа е моја работа“.
Стајковиќ, според документите од Централниот регистар, бил директор на „Финзи“ до 2011, кога на таа позиција доаѓа сега покојниот Коста Крпач. Стајковиќ е газда на НВСП и директор на „Мобико“, фирма каде што сопственик е Жарко Луковски, главен оперативен директор на Македонски Телеком, кој е во кумски врски со Сашо Мијалков и кој исто така беше аболиран од страна на Иванов.
Фирмата НВСП во моментов се води како сопственик на два медиума – Радио Слободна Македонија и Телевизија Три Куманово, а НВСП воедно е прв сопственик и на агенцијата за обезбедување СГС.
„Финзи“ е формирана 2009 година, а како сопственик се јавува фирма од Соединетите Американски Држави, Finzy LLC, лоцирана на 41 State Street Suite 106, Albany. Фирмата, според документите од САД, е регистрирана и е активна. Токму оваа адреса води кон мистериозната скопска фирма „Ексико“, бидејќи вториот газда на „Ексико“ е фирмата Калвус ЛЛЦ, исто така лоцирана на адресата 41 State Street Suite, Albany.
На ова место, ако се гледа според Google Maps, се наоѓа административна зграда, по што следува претпоставката дека на ова место се наоѓа адвокатска канцеларија која се занимава со помагање при отворање оф-шор компании. Во еден момент на оваа американска адреса имало регистрирано и 250 компании.
Обидувајќи се да ја лоцираме компанијата Finzy LLC,    наидовме на објавен разговор





каде што извесно лице се обидува да дознае дали одредена фирма (Мастер Пејперс) е регистрирана во апартманот број 106, истиот апартман каде што е регистрирана „Финзи“ ЛЛЦ. Од операторите тој добива одговор дека на тоа место е регистрирана компанија за адвокатски услуги.






Ништо без „Ексико“

Од друга страна, СГС и мистериозната офшор-компанија „Ексико“ во 2010 делеле иста адреса – Иван Милутиновиќ 14/1-2. Подоцна, СГС се сели, а „Ексико“ останува на старата локација, каде што има само поштенско сандаче и никаков знак или лого на компанијата.
„Ексико“ е веројатно најуспешната анонимна компанија во Македонија, иако е формирана уште во далечната 2001 година. Денес како нејзин сопственик се води швајцарската „T&MJ инвестмент СА“ лоцирана во Лугано.

[Image: picture.jpg]
Изминативе години „Ексико“ се јави како акционер или како партнер во „Стопанска банка АД - Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, млекарницата „Здравје Радово“ и во познатата градежна компанија „Бетон“ АД - Штип. „Ексико“ свој удел има и во хотелот „Ибис“ кој се наоѓа во непосредна близина на скопскиот плоштад, веднаш до новото седиште на „Комерцијална банка“, а фирмата е сопственик и на атрактивно земјиште на Водно, веднаш до она за кое опозицијата тврди дека е на експремиерот Никола Груевски, преку капитал од Белизе.
Преку фирмата „Архи“, „Ексико“ заедно со „Орка“ се јавуваат како сопственици и на комплексот „Панорама резиденс“, околу кој во 2014 се биеше битката во општина Центар и се случи контроверзното изгласување на ДУП-от, со помош на советникот на СДСМ, Мирослав Шиповиќ, кој претходно беше притворен за наводен криминал во сосема друг случај.
„Архи“ ја врзува „Ексико“ и со бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој води две градежни компании под брендот „Адора“. Првата е „Адора инженеринг“, а втората е „Адора груп“ за која малку се знае во јавноста. Партнер на Чифлиганец во втората и помалку позната „Адора“ е токму „Архи“, односно „Орка“ на бизнисменот Орце Камчев и „Ексико“.
„Ексико“, за која веќе истражуваше БИРН, нема своја веб-страница, а единствениот контакт е електронска адреса на hotmail. Од друга страна, оваа фирма прави огромни приходи, иако забележително е дека од година в година овие приходи се намалуваат.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, 2014 на пресконференција праша дали шефот на тајната полиција и братучед на Груевски, Сашо Мијалков, стои зад „Ексико“. Мијалков демантираше, најави тужба против Шилегов, меѓутоа досега никој не објасни чија е „Ексико“, ниту пак, се појави нејзиниот вистински газда.





Во 2013 година приходите на Ексико изнесувале 9,4 милиони евра, во 2014 изнесувале 1,2 милиони евра, а минатата година паднале на 760 илјади евра. Интересно е дека станува збор за фирма со само 13 вработени.
04-05-2016, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:СЈО: Испративме допис до ОЈО за смртта на Крпач, но не ги споделивме деталите кои ги бараа, а кои се дел од наша постапка



 
5.05.16   14:50
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ја известува јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје, по повод предистражната постапка во рамки на која се испитуваат околностите под кои настапила смртта на лицето Коста Крпач се обрати до ова Јавно обвинителство со барање за меѓуинституционална соработка.
[Image: sjo1-670x372-1-670x372.png]
„Ова Јавно обвинителство, постапувајќи согласно законските одредби го прифати барањето за меѓуинституционална соработка и до Основното јавно обвинителство Скопје достави допис со кој сподели податоци кои можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на лицето Коста Крпач. Сепак, информациите и списите кои беа барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила  смртта на лицето Коста Крпач, не се споделени со Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи истите се дел од предистражна постапка пред ова Јавно обвинителство која е во тек.
Воедно би сакале да укажеме дека иако ние го прифативме барањето за меѓуинституционална соработка и во целост соработуваме со Основното јавно обвинителство Скопје, за жал од нивна страна отсуствува ваков однос на целосна и професионална соработка. Повторно укажуваме дека иако до Основното јавно обвинителство Скопје имаме испратено барања за меѓуинституционална соработка, до сега немаме добиено никакви податоци по повод нашите барања и не ни се доставени копии од казнените списи кои сме ги побарале, иако член 81 од ЗКП јасно го предвидува ова право. Истовремено Ве известуваме дека согласно член 9 став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, сите тела за спроведување на закони, согласно Законот за кривична постапка, се обврзани да обезбедат помош по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради што очекуваме во иднина Основното јавно обвинителство Скопје да постапува во целост согласно споменатите законски одредби“, стои во соопштението од Специјалното јавно обвинителство.
05-05-2016, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Обвинителство: СЈО не ни достави докази за притисок врз Коста Крпач


Мај 6, 2016 Македонија Редакција Емагазин
[Image: obvinitelstvo.jpg]

По случување на настанот во кој лицето Коста Крпач беше пронајден починат со прострелна рана во својот дом, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш ги презеде сите мерки и дејствија за истражување на причините за смртта и околностите под кои истата настапила, информираат од Јавното обвинителство.
„Со оглед на тоа што смртта на лицето Коста Крпач во јавноста предизвика голем интерес, поради што се шират бројни шпекулации што и попречуваат на истрагата и создаваат притисок врз институциите, обвинителството со должно внимание ги следи и истражува сите објавени и добиени информации за целосно да го истражи настанот и да не дозволи резултатите од истрагата да остават простор за сомнеж на кого било и за чии било интереси и цели.
Меѓу објавите, беше и соопштението дадено од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во кое истакнува дека, цитираме: „Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач… “
Основното јавно обвинителство – Скопје испрати барања до повеќе институции, меѓу нив и до тоа обвинителство, во кое се бараше да му се достават сите податоци и документација на која во изјавата тоа обвинителство алудираше, односно да ги достават сите докази за релевантни факти, вклучително и за притисокот под кој се наоѓало лицето Коста Крпач.
Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ ниту пак било каква релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот.
Издадени се голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација. Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек.
Основното јавно обвинителство – Скопје ќе продолжи со преземање на дејствија. Соработува и ќе соработува со сите институции во насока на откривање и гонење на сторителите на кривични дела.
Веднаш штом ќе се добијат конкретни податоци за случајот, јавноста ќе биде известена„, информираат од Обвинителството.
06-05-2016, 06:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26



07-05-2016, 12:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27



10-05-2016, 09:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:СМРТТА НА КОСТА КРПАЧ СТАНУВА МИСТЕРИЈА КАКО СМРТТА НА НИКОЛА МЛАДЕНОВ?



17 мај , 2016
Смртта на Коста Крпач останува мистерија иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше, пишува агенцијата „Мета“. Крпач беше еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Новинската агенција „Мета“ денеска направи споредба на мистериозната истрага за смртта на Крпач, со мистериозната истрага за сообраќајката на новинарот Никола Младенов во 2013 година. И тогаш, по смртта на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, за што во јавноста имаше многу контроверзии, на Обвинителството му требаа три месеци за да излезе со резултати од истрагата.
Никола Младенов загина на 26 март 2013 година, но дури на 10 јули неговата смрт беше прогласена за сообраќајна несреќа.
Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод за смртта на Крпач го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и анализи, за „Мета“ изјавиле дека сè уште интензивно работат.
„Во врска со предметот за кој прашувате, пристигнати се поголем дел од побараните вештачења. Во предметот секојдневно интензивно се преземаат дејства и се работи во насока на расветлување на настанот“, стои во кусиот одговор на Обвинителството на нашите прашања.
Ова е лаконскиот одговор на прашањата што агенцијата ги поставила околу тоа дали има нови моменти во истрагата, дали се утврдени околностите за смртта на Крпач, завршило ли комплетирањето на наодите од вештачењата, обдукцијата и другите истражни мерки, како и тоа кога може да се очекуваат официјални и конкретни информации за случајот.
Телото на Крпач беше најдено на 27 април, неколку часа откако тој пукал од својот балкон кон комби паркирано на околу 50 метри од неговата зграда.
Комбито на фирмата „Мирновец пиротехника“ и денеска, како што утврдил репортер на „Мета“, сè уште стои на истото место, на паркиралиштето на булеварот Митрополит Теодисиј Гологанов. На комбито стојат и полициските маркери од крим-техничкиот увид, кои ги покажуваат дупките од куршумите, кои буквално го продупчиле возилото од двете страни, што говори за моќта на оружјето со кое било пукано.
 
17-05-2016, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Еден месец од смртта на Крпач- истрагата уште открива дали е убиство или самоубиство


[Image: kosta_krpac1.jpg]


27.05.16
Пред точно еден месец беше најдено застреланото тело на 40-годишниот Коста Крпач во неговиот стан во центарот на Скопје. До денеска се уште не е завршена истрагата на скопското обвинителство за причината за смртта на Крпач. Од обвинителството и денеска повторија дека се во тек истражни активности и кога ќе има нови информации јавноста ќе биде известена. Се уште не е соопштено дали станува збор за убиство или за самоубиство какви што беа првичните информации.
Крпач беше на списокот за аболиција на претседателот и помилувана. СЈО пак по неговата смрт објави дека против него никогаш немало предистражна постапка  туку дека тој бил сведок во истрага на специјалното обвинителство. Претпоставките се дека Крпач сведочел во истрагата за набавка на израелска безбедносна опрема и можното мито платено во таа зделка.
Коста Крпач беше академски сликар и управител на фирмата Финзи која е сопственик на новинската агенција Нетпрес. Станот во кој живееше со сопругата по неговиот погреб главно е празен, а бил и реновиран во меѓувреме. Од паркингот пред неколку дена на поправка е одвезено и комбето на фирмата Огнометика во која беше пукано со три куршуми од терасата на станот на Крпач. 
29-05-2016, 01:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Обвинителството потврди: Коста Крпач се самоубил


Јуни 2, 2016 Македонија Редакција Емагазин

[Image: 27641golema.jpg]

Основното јавно обвинителство - Скопје со соопштение ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатиот Коста Крпач било утврдено дека станува збор за самоубиство.
„И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, стои во соопштението од Основното јавно обвинителство – Скопје.
02-06-2016, 02:05 PM
Reply