Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
САМОУБИСТВО ИЛИ УБИСТВО,ОДГОВОРОТ ГО ЗНАЕ ЃОРЃИ ИВАНОВ,ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ПОМИЛУВА КОПАЧ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Драма во Капиштец – аболирано лице од Иванов пукаше во комбе





27.04.16   15:36

Едно лице, за кое неофицијално се вели дека беше аболиран од претседателот, денеска пукаше во комбе. Пукањето со рафални истрели беше пред еден час, објави А1он.


[Image: 13081871_10208948311006750_1983728483_n.jpg]


Во комбето завршија неколку куршуми. Лицето, се уште е во неговиот стан од каде што и се пукаше. Околу влезот и зградата се силни полициски сили. Зградата се наоѓа во Капиштец. Комбето во кое беше пукано беше празно и нема повредени.


[Image: 13101129_10208948292286282_514892214_n.jpg]

Станот од кој е пукано е во сопственост на лице кое е аболирано од Ѓорге Иванов, и за кое има информација дека е сопственик на веб-портал.


[Image: 13090175_10208948292166279_877534746_n.jpg]
[Image: 13081803_10208948293046301_2016962567_n.jpg]


Quote:Лицето кое пукаше изврши и самоубиство 



 16:54, 27/04/2016 
[Image: DSC_0063-640x320.jpg]

Човекот кој пукаше попладнево од својот балкон кон паркингот во Капиштец и кој неодамна беше аболиран од Ѓорге Иванов и е сопственик на веб порталот Нетпрес, К.К. изврши самоубиство.
Според информациите на А1он од полицијата, при влегувањето со сила во станот од кој беше пукано го откриле неговото безживотно тело. Екипите на брза помош се упатија кон влезот каде се наоѓа станот од каде што беше пукано.
28-04-2016, 12:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПАДНА ПРВАТА ЖРТВА ПОРАДИ ПРИТИСОЦИТЕ НА СЈО: СЈО и СДСМ од денес имаат и крв на рацете – детали за трагедијата!



April 28, 2016  /  By admin

Денеска многумина можеа да ја видат информацијата дека лице од Скопје кое досега не било познато по никакви испади, насилства и слично, пукало во комбе во близина на цветниот пазар во Скопје, како што претходно информиравме се работи за управителот на фирмата која е сопственик на порталот „Нетпрес“

[Image: Kosta_krpac.jpg]

Според првичните оценки на негови блиски луѓе и пријатели, по пукањето во комбето, [b]Коста Крпач извршил самоубиство како последица на трауми и малтретирања од постапка која ја води СЈО – Специјалното јавно обвинителство за него, под кодно име ФИНЗИ, со што и официјално Крпач е првата жртва на тортурата на СЈО.[/b]
Кризата во која влегол била поради постојаните напади од страна на СЈО, кои речиси секојдневно го малтретирале и повикувале на информативни разговори на кои го уценувале да даде лажна изјава, во спротивно нешто многу лошо ќе му се случело. Ова не било крајот, имено Оливер и СЈО постојано му испраќале полиција во неговиот дом, која упаѓала вооружена до заби, и го малтретирала пред неговата сопруга и дете во доцните ноќни часови. Според кажувањата на најблиските тој постојано бил следен од непознати лица, а била следена и неговата комуникација.


[Image: samoubistvo_netpress.jpg]
 

Поради психолошката тортура која СЈО и Оливер постојано ја вршеле врз Коста Крпач неколку пати посетил психијатар, наведувајќи ги овие образложенија, но очигледно ни стручната помош на психијатрите не помогнала, со што овој млад семеен човек се одлучил под притисок на Катица и Оливер да си го одземе животот и зад себе да остави сопруга и дете.

Екипа на брзата помош после чекање од еден час влезе во зградата на улицата „Народен фронт“ во близина на Цветниот пазар од каде што денеска околу 13.30 часот беше пукано врз паркирани возила, при што беше погодено едно комбе. [b]Полицијата подолг период се обидуваше да влезе во станот од каде што дојдоа истрелите, а кој бил барикадиран од внатрешна страна. [/b]
[b]При истрелите, насочени кон паркингот, нема повредени. Нанесена е само материјална штета врз комбе на компанијата „Мирновец пиротехника“, кое подолг период е паркирано во близина на зградата од каде што дошле истрелите[/b].


[Image: pukanje-04.jpg]

Она што повеќе вознемирува од оваа трагедија е реакцијата на социјалните мрежи на претставниците на СДСМ и соросоидите кои во последните две недели секојдневно протестираат, давајќи поддршка на СЈО и СДСМ, преку насилство и хулиганство.
Меѓу оние кои се радуваат на оваа трагедија се Влатко Васиљ познат твитер активист, Владимир Вангелов „дете за сите протести“, Мухамед Зекири новинар, претставникот на ЛГБТ Љуми Зекири, колумистот Ивор Мицковски инаку близок пријател на Наташа Савова која своевремено беше прв ПР стратег на Бранко Црвенковски.


[Image: gnidi.jpg][Image: gnidi5.jpg][Image: gnidi3.jpg][Image: gnidi6.jpg]
(This post was last modified: 28-04-2016, 12:33 PM by ЈорданПетровски.)
28-04-2016, 12:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Изнесено телото на лицето кое се самоуби во Капиштец 



 18:38, 27/04/2016 
[Image: Screenshot_813-673x320.jpg]

Погребалниот сервис „Бутел“ го изнесе безживотното тело на сопственикот на порталот Нетпрес, Коста Крпач кој денеска пукаше во скопската населба Капиштец, а потоа се самоуби.





Тој неодамна беше аболиран од Ѓорге Иванов. Според информациите кои излегоа во јавноста, неговото име се поврзуваше со две фирми од Белизе.
Александар Тодески
28-04-2016, 12:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите ја прославуваат првата жртва!



April 28, 2016  /  By admin


Трагедијата која попладнево се случи во Скопје во која животот го загуби управителот на фирмата која е сопственик на „Нетпресс“, а која е резултат на постојаното психичко малтретирање врз сега починатиот Коста Крпач од страна на СЈО и Оливер не ги одврати обвинителите денес да ја прослават првата жртва на нивното нелегално, непрофесионално и насилно функционирање

[Image: katica_rucek.jpg]

Додека во државата се случуваат самоубиства предизвикани од политички притисоци кои се спроведуваат преку СЈО и бандите на Оливер Спасовски во МВР, оние кои се најодговорни за трагедијата денес решија на ручек да ја прослават и првата жртва од нивното работење.
Имено, Катица Јанева заедно со обвинителите од СЈО во ресторанот „Пелистер“ попладнево околу 16.00 часот се гоштевале на ручек додека од нивните раце капе крв.

[Image: samoubistvo_netpress.jpg]
Поради притисок од страна на обвинителите од СЈО и постојаното следење на Коста Крпач од страна на бандите во МВР под контрола на Оливер Спасовски, кои секојдневно вооружени му упаѓале и го малтретирале пред сопругата и детето, тој денес си го одзема животот.
Како што дознаваме од неговите блиски, тој постојано бил следен и прислушуван, бил повикуван на разговори во СЈО каде што бил подолжен на тортура и притисоци, под уцена да даде лажен исказ за што против Катица Јанева има и кривична пријава. Крпач дури и побарал професионална помош поради притисоците, но тоа не било доволно.
Ова го прави овој млад човек кој зад себе остави цело семејство, прва политичка жртва под торутрата на СЈО и СДСМ. Но, како и нивните послушници кои денес се радуваа на оваа трагедија, така и тие денес одлучија дека е ден кога треба да се радуваат и да ја прославуваат првата трагедија предизвикана од нивното работење.
 



Tuktuk0ni Tuktuk0ni Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
28-04-2016, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:СЈО: Крпач доброволно се јави и беше сведок, имаме докази за притисокот под кој се наоѓаше 



Соопштение на Специјалното јавно обвинителство:

[Image: sjo-670x375.png]

28.04.16   11:11 
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека ова Јавно обвинителство правело било каков притисок врз сега покојниот Коста Крпач.
Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач.
Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба ние сме отворени за соработка со органите на прогонот кои ја испитуваат смртта на сега покојниот.
Во оваа прилика сакаме да појасниме и дека пред ова Јавно обвинителство никогаш не била водена кривична постапка против сега покојниот Коста Крпач и истиот никогаш немал својство на осомничено лице. Од тие причини за нас нејасна е одлуката на Претседателот на Република Македонија да го помилува токму ова лице и сеуште чекаме одговор на поднесеното барање за достава на податоци од каде му се информациите на Претседателот на Република Македонија дека наводно против ова лице се водела кривична постапка.
Предвид наведеното би сакале да им укажеме на одредени медиуми да се воздржат од објавувањето на тенденциозни натписи и непроверени информации, кои не само што фрлаат невистинито светло на настаните, туку истите се на штета на утврдување на вистината и задоволување на правдата. Воедно повторно апелираме до сите медиуми пред објават било каква информација, да го исконтактираат ова Јавно обвинителство, со цел проверка на информациите кои планираат да ги објават, особено имајќи предвид дека ова Јавно обвинителство доследно го почитува начелото на транспарентност и во рамки на можностите, секогаш е отворено и достапно за соработка.



Зошто Иванов помилувал лице против кое немало ниту устрага ниту обвинение??  Одговорот Иванов ке мора да го даде пред истржни органи.

(This post was last modified: 28-04-2016, 12:48 PM by ЈорданПетровски.)
28-04-2016, 12:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:СЈО ПРИЗНА ДЕКА ВРШЕЛЕ ПРЕТРЕСИ ВО ДОМОТ НА КРПАЧ:Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси



April 28, 2016  /  By admin

Специјалното јавно обвинителство призна дека се вршеле претреси во домот за Коста Крпач, лицето кое вчера се самоуби во скопски Капиштец, пишува Пресс24.

[Image: katica_rucek.jpg]

Во писмено соопштение од СЈО велат дека Крпач бил сведок во постапката .
„Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач.“ – стои во соопштението на СЈО.
“Сепак, од СЈО на новинарско прашање признаваат дека претходно се вршеле претреси во домот на Крпач.
„Веќе сте известени дека лицето Коста Крпач пред ова јавно обвинителство имаше својство на сведок, со кој имавме добра соработка. Во таа насока Ве известуваме дека сведоците немаат право на адвокат и правото на адвокат е обезбедено само на осомничени лица.
“Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси, но со оглед дека предистражната постапка е тајна, можеме само да ве известиме дека тие претреси се вршени согласно законските одредби и истите се соодветно документирани, така што нема сомнение дека се работи за законити дејствија.“ – велат од СЈО.
Останува нејасно зошто СЈО имало потреба да изврши претрес кај лице кое доброволно соработувало.
28-04-2016, 12:53 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Уште какви гнасни измислици ќе му лепите на Иванов, ау па да во удбашки стил- атентат врз личноста. Прво бил зрел за Бардовци, па бил фикус, сега е конспиратор...
Ајмо звиждаљке Јордане!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-04-2016, 07:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(28-04-2016, 07:40 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Уште какви гнасни измислици ќе му лепите на Иванов, ау па да во удбашки стил- атентат врз личноста. Прво бил зрел за Бардовци, па бил фикус, сега е конспиратор...
Ајмо звиждаљке Јордане!




Ајде Коњанику помогни ни да се освестиме, кажи ни за кој предмет и за кое дело е аболициран Коста Крпач
28-04-2016, 10:03 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

Бидејќи си такво жарче по било што обоено СДСМ, голташ се` што ќе ти надроби Геро и се крстиш во СЈО, кажи тука колку пати од СЈО му упаѓале у стан и вршеле “претрес“.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-04-2016, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(28-04-2016, 10:59 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Бидејќи си такво жарче по било што обоено СДСМ, голташ се` што ќе ти надроби Геро и се крстиш во СЈО, кажи тука колку пати од СЈО му упаѓале у стан и вршеле “претрес“.




Изјава, записник од СЈО дека му правеле претрес во станот.
28-04-2016, 11:35 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#11

А ако ти дадам линк демек ти одма ќе го кликнеш, или пак скраја да е, ќе го смениш ставот.
За записници, ти како докажан човек на служби имаш пристап до такви списи. Јас немам. Ама ова твоево оро не да смрди на службици, татне.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-04-2016, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Зошто судот првично го именуваше Крпач за осомничен а потоа го промени ставот?


28 April, 2016 - 21:07

[Image: osnoven-sud_8_0.jpg]


Основниот суд Скопје 1 доцна попладнево издаде две соопштенија поврзани со случајот Крпач, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во градите.
Во првото соопштение судот наведува дека на почетокот на Април, по барање на СЈО, судија на претходна постапка издал наредба за претрес на домот на Коста Крпач.
Во ова соопштение судот наведува дека е издадена дозвола за претрес на дом на осомничено лице. Во текот на денот СЈО преку свое соопштение објави дека Крпач бил сведок во предистражна постапка за еден случај а не осомничено лице.


[Image: krpac_eden.jpg?itok=AXOf0_8u]


Во второто соопштение на судот кое е ставено на сајтот подоцна, зборот осомничен е избришан пред иницијалите на Коста Крпач.Тоа е единствената разлика во содржината на двете соопштенија на кривичниот суд.


[Image: krpac_dva.jpg?itok=S2aJgd9S]


Судот исто така соопшти дека била издадена и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Република Македонија од две фирми (меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува Коста Крпач).
Крпач инаку никогаш не бил сопственик на фирма регистрирана во централниот регистар, туку само управител, односно директор на фирмата Финзи, која меѓу другото е сопственик на агенцијата Нетпрес и за која постојат сомнежи дека преку неа одела набавката со мито на израелска безбедносна опрема.
Судот наведува и дека наредбата за претрес била одобрена на почетокот на Април а името на Коста Крпач се појави на списокот на Иванов на аболирани веќе на 12-ти Април. 
29-04-2016, 01:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(29-04-2016, 01:01 AM)МрачниотКоњаник Wrote: А ако ти дадам линк демек ти одма ќе го кликнеш, или пак скраја да е, ќе го смениш ставот.
За записници, ти како докажан човек на служби имаш пристап до такви списи. Јас немам. Ама ова твоево оро не да смрди на службици, татне.




Ако немаш пристап до записници од каде знаеш за случувањата.  Tuktuk0ni Lazgo
29-04-2016, 01:44 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#14

Тоа те копка тебе а, некој шо не е од службите а знае за случувањата...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-04-2016, 02:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Случај Крпач: Во Македонија е изгубена границата меѓу мафијата и државата?


Во стручни кругови зголемени се сомнежите дека Владата намерно создава хаос со надлежностите во МВР, за да се скријат траги од пресметки со клучни сведоци кои проговориле за криминалите на власта

[Image: 0,,17183453_303,00.jpg]

Во Институтот за судска медицина вчера заврши обдукцијата на телото на Коста Крпач (40), академски сликар, управител на фирмата „Финзи“ и лице аболирано од претседателот Иванов, кој пред два дена беше пронајден мртов во неговиот дом во скопската населба Капиштец. Резултатите кои ќе му бидат предадени на обвинителот надлежен за овој случај, ќе дадат одговор на прашањето дали Крпач се самоубил или бил застрелан од друго лице. И покрај тоа што криминалистичката статистика покажува многу мал процент на самоубиства со застрелување во градниот кош, според извори од истрагата, не е исклучено дека се случило токму тоа. Нова светлина врз случајот фрли вчерашното соопштение на Специјалното јавно обвинителство, според кое, кај нив никогаш не била водена кривична постапка против Коста Крпач и никогаш немал својство на осомничено лице.
„Од тие причини за нас е нејасна одлуката на претседателот на Република Македонија да го помилува токму ова лице и се уште чекаме одговор на поднесеното барање за достава на податоци од каде му се информациите на претседателот дека наводно против ова лице се водела кривична постапка“, соопшти СЈО. Од таму потенцираат дека Крпач доброволно се јавил СЈО во својство на сведок за една предистражна постапка и дека „соработката со него била беспрекорна“.
До синоќа никој од истрагата не се обратил до Специјалното обвинителство, кое соопшти дека „поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓало лицето Коста Крпач“ и дека СЈО е отворено за соработка со органите на прогонот кои сега ја испитуваат неговата смрт.


[Image: 0,,19151269_404,00.jpg]


Најтешките денови на Крпач


Како Крпач станал мета на притисоци? По барање на СЈО, во почетокот на април, судија на претходна постапка одобрил наредба за претрес во домот на Крпач, како и за одземање на документи од Централниот регистар, меѓу кои и за една фирма во која тој во одреден период се јавувал како сопственик. Откако завршила таа постапка, во која тој немал статус на осомничено лице, а била насочена кон истражување активности на други физички и правни лица со кои во еден период Крпач имал деловна комуникација, веднаш се вклучил алармот кај многумина засегнати од истрагата на СЈО. Како што дознаваме, од тој момент започнале најтешките денови во животот на Коста Крпач. Ситуацијата кулминирала откако бил виден како влегува во зградата во која е привремено сместено СЈО. Евиденцијата на сите што влегуваат во таа зграда ја вршеле лица од доверба на еден претходно осомничен, а сега аболиран началник во МВР. Следењето траело 24/7, по распоред, шема и пунктови. Сите лица што биле снимени дека влегуваат во СЈО, а кои можеле со свое сведочење да станат потенцијална опасност за засегнатите од постапките на обвинителството, потоа биле изложувани на постојано испрашување, „советување“, широкогради ветувања, а ако тоа не давало резултат, следувале енормни притисоци и закани од засегнатите центри на моќ. Тоа му се случувало и на Крпач, без прекин, до кобниот ден. Извори упатени во истрагата, поради суптилноста на информациите поврзани со овој случај, засега не сакаат јавно да коментираат. Но, ја илустрираат сцената и активностите што се одвиваат во неа.
„Криминалните банди во насилството за расчистување на сметките помеѓу сопернички групации или во пресметка со претставници на институции кои им застануваат на криминалниот пат (полицајци, обвинители, судии или политичари) применуваат најбрутални средства со цел да ја остварат својата доминација. Особено загрижува што ваквите групации заштитата ја добиваат од власта, поради испреплетеност на нивните меѓусебни интереси. Токму поради ова, евидентно е дека кај нас досега нема ниту еден насилен инцидент од криминални банди кон претставници на власта. Ова остава широк простор за истражување. Секаде во светот мафијата има за цел да ги отстрани државните службеници кои им стојат на патот, применувајќи најбрутални средства на застрашување, па дури и ликвидации, каков што беше случајот со обвинителот Фалконе во Италија. Кај нас вакви случаи не се среќаваат, поради што се поставува прашањето каде е демаркациската линија помеѓу мафијата и државата. И дали воопшто постои демаркациска линија меѓу мафијата и државата“, вели соговорникот.

Како Бугарија пред две децении

Според безбедности експерти, вакви случаи на убиства и самоубиства најмногу биле изразени во периодот по деведесетите години на минатиот век, во фазата на трансформација на комунистичкото општествено уредување во капиталистичко. Како еклатантен пример за тоа, ги посочуваат состојбите во Бугарија во тој период, кога корумпирани политичари истовремено биле и заштитници на криминалното подземје, со чија помош доаѓале на власт.
„Безбедносните служби беа целосно под капата на корумпираната власт која ги оневозможуваше во нивно дејствување во борба со бандите. Неретко и криминални босови се наоѓаа на високи позиции во полициските структури (пример е и Албанија во деведесетите години). Моќта на бандите беше огромна, па беа убиени и премиери во опкружувањето - во Бугарија и Србија. Во периодот кој следуваше, поради структурните промени на патот кон ЕУ, дојде до стабилизирање на состојбите на овој план. Но, и криминалот доби нови димензии со преминување во нови софистицирани форми (криминал преку тендери), со што од улиците се пресели во институциите. Тоа е очигледно и од годишните извештаи на Европол“, констатираат тие. Според нивна оценка, поради партизираноста и нефункционалноста на институции задолжени за борба со криминалот, во периодот што следува и Македонија може да стане сведок на она што се случуваше во нејзиното соседство пред две децении.


Создавање хаос


Таков став дели и професорот Ѓорѓи Спасов, кој во еден период беше амбасадор во Софија.

[Image: 0,,2513886_4,00.jpg]

„Македонија, за жал, влегува во состојба во која се наоѓаше Бугарија пред 20 години. Тогаш се случуваа многу неразјаснети убиства и самоубиства поврзани со пресметки во подземјето и немоќта на полицијата и на судството. Правдата се делеше на улица, а полицијата која и сама беше вмешана во пресметките ја играше улогата на статистичар кој само ги евидентира и пребројува жртвите. Се случуваа и самоубиства на луѓе, за кои подоцна се дознаваше дека тоа им било изнудено од мафијата. Премиерот Андреј Луканов беше ликвидиран во 1996 година пред неговиот дом од платени убијци облечени како ѓубреџии. Кога луѓе во сферата на бизнисот ќе сфатат дека судот не ги заштитува, тие ја преземаат правдата во свои раце и сами си го наплатуваат долгот или се одмаздуваат за направена штета. Убиствата на можни незгодни сведоци за направен криминал таму беа вообичаена работа долго време“, потсетува Спасов.
Истиот ден и речиси во исто време кога во скопски Капиштец се одвивала драма во домот на Крпач, во битолската населба Карпош со куршум во ногата беше застрелан Борче Петковски, локален функционер на СДСМ и поранешен пратеник. Настанот се случил додека Петковски седел и разговарал со поранешен градоначалник и со поранешен началник на УБК. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека не сака да става ништо во политичка конотација и дека остава МВР да го истражи случајот.
Неколку началници уште минатата недела му откажаa послушност на Спасовски и примаат наредби од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков. Во стручни кругови се зголемени сомнежите дека Владата намерно создава хаос во МВР со одземање на надлежностите на министерот, за да се спречат или забошатат истраги и да се скријат траги од пресметки со клучни сведоци кои проговориле за криминалите на власта или се подготвуваат да го сторат тоа.
DW.COM
29-04-2016, 10:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:САМОУБИСТВО ОД ЗАСЕДА

 

  • Колумната не се препорачува за деца под 77 годиниНеопходен е надзор на родител или старател
 

29/04/2016
Кога ѕверовите ќе нема што друго да јадат, почнуваат да се јадат меѓу себе. Ова би била најблиската асоцијација како јас го разбирам (само)убиството на Коста Крпач, сопственикот на провладин веб-портал и на фирма на чија сметка легнале парите од провизијата за набавената израелска опрема за прислушување. Во моментите кога СЈО на виделина го вади сиот валкан веш на Грујо и неговото криминално опкружување, има ли поголема причина за постење сомнеж дека Крпач е ликвидиран? За мене – не!
Тоа што Крпач неодамна беше аболиран од страна на Хорхе, може, ама не мора ништо да значи од причина што тој беше еден од аболираните против кои не се водеше судска постапка. Зошто Хорхе, предизвикувачот на најмасовните протести кои досега се случиле во државава направи такви, за сиот разумен свет, глупави и несфатливи потези, никому не му е јасно. Ама, од друга страна пак, што може друго да се очекува од некој кој својата политичка кариера ја започнал со малоумната изјава „Македонија е како космодиск: шашаво изгледа, ама функционира“. Сега, 7 години подоцна, Македонија сѐ уште изгледа шашаво, само што во меѓувреме престана да функционира.
Она што на јавноста ѝ беше соопштено е дека пред да се самоубие пукајќи си во градите, Коста трипати пукал во комбе кое било паркирано на паркингот од спротивната страна на улицата. Логично е да се запрашаме, од што мака човек кој решил да си го одземе животот би пукал во некое комбе паркирано преку улица? И сега за да ја дознаеме вистината ќе треба да чекаме Зврлевски да спроведе „независна“ истрага.
Ако ме прашате мене, сигурен сум дека бате Саше и неговиот баџанак извештајот го напишале неколку денови пред да се случи „самоубиството“. Читај: класичната ликвидација! Единствената дилема која ја имам е дали, како и некои други „самоубиства“ слични на ова, несреќникот во себе истрелал повеќе куршуми, или пак тоа му успеало од прва рака?
Јасно е дека политичката ситуација во Македонија влегува во фазата на чистилиштето. Како што се стега обрачот околу политичката мафија, како што СЈО ќе ги обелоденува нивните криминали, така ќе зачестуваат „самоубиствата“ и „несреќните случаи“ со трагични последици на лица кои на некаков начин биле инволвирани во бездушното пљачкање на државата. Ако може да се повлече паралела, ќе се случува нешто слично како во Косово, каде десетици граѓани кои како (не)заштитени сведоци требаше да се појават во судот во Хаг во процесот против поранешниот командант на ОВК и подоцнежен премиер Рамуш Харадинај, настрадаа во неразјаснети околности.
И додека во јавноста сѐ уште не беше раширена веста за настанот, во редакцијата на полтронските и бедни „курири“ веднаш се активираше алармот за тревога. На „премудрите“ платеници на портокаловата банда не им требаше никаква истрага. Во пусулчето кое им стигна од „извори блиски на фамилијата“ пишувало оти починатиот Крпач бил изложен на тортура од страна на СЈО, па не можејќи да го издржи сето тоа самиот си пресудил!?
Ете што била работата! Затоа Грујо сака да ги укине сите институции во државава. Што ќе му се обвинителство, полиција и судови, кога сето тоа го има на едно место? Во куририте. Три во едно. Затоа целиот државен апарат со декрет треба да се забрани! Под итно! Предлагам веднаш после празниците Уставниот суд да донесе една таква одлука, што би било екстремен пример на демократија непознат и невиден во светски рамки. Одма потоа Уставниот би се самоукинал, што со оглед на тоа како функционира не би било никаква штета.
И таман ќе помислите дека државата го достигнала дното, дека дури и најистакнатите припадници на владејачката банда имаат какви такви морални норми од кои не можат да одат подолу, одма следува демант.
Така деновиве прилично „срамежливо“ беше лиферувана информацијата дека на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Гордана Јанкулоска била промовирана во доктор на науки. Темата на која екс министерката докторирала се однесувала на „сузбивањето на транснационалниот финансиско-економски криминал“!
Чудесна е оваа наша Македонија!
 
Автор:
Чеге Вара <Прилеп, ебаго!
(This post was last modified: 29-04-2016, 07:59 PM by ЈорданПетровски.)
29-04-2016, 04:25 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#17

Ау токму овој морален и интелектуален гигант Ѓорѓи Спасов е за верување и за консултирање:
Quote:Таков став дели и професорот Ѓорѓи Спасов, кој во еден период беше амбасадор во Софија.
Завеса дечкич. Твојте трици се за добиточна храна.  Iconwaveea9
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-04-2016, 05:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Во она групно интервју на МТВ пред  десетина дена, претседателот Иванов, одговарајќи на прашање како знаел кого треба да помилува кога предистражните постапки на Специјалното обвинителство се тајна, одговори: „Претседателот на државата има начини да дојде до сите информации во државата“.
Е па сега, бидејќи никој не знае зошто еден од списокот на 56 помилувани политичари и нивни соработници е најден мртов со прострелна рана, можеби и самиот Иванов треба да биде викнат на распит за да ѝ помогне на истрагата. Оти човекот, ниту бил осомничен, ниту бил обвинет, а не бил ни политичар, туку бил сведок, а претседателот го помилувал. Истрагата треба да открие што знае претседателот и неговиот стручен тим што го правел списокот за помилувања, а никој друг не го знае.
Излегува дека само Иванов знае зошто сведокот на СЈО Коста Крпач се нашол на списокот на помилувани. Веројатно знае и каква врска има тоа со неговата смрт.  Или, имало и други што имале начини да дојдат до сите информации во државата.
29-04-2016, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19






Мери Јордановска: Неколку пати се слушнав телефонски со покојниот Коста Крпач и му поставив прашања за неговата поврзаност со фамилијата
01-05-2016, 01:47 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#20

Ох Мери Јордановска, “новинарка“... Јордан жаркиот навијач за СДСМ на далечина...
Тоа што СЈО му го претресува станот НА СОПСТВЕНИОТ СВЕДОК не се важи, ама Мери Јовановска шо мисли дека бил поврзан со “фамилија“ е тоа од Бога послание?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
01-05-2016, 06:28 PM
Reply