Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ СЕ ПРОДУКТИВНИ ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ ЛУЃЕ КОИ НЕ ПОЧИТУВАТ СОПСТВЕН ПОТПИС
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кризата во Македонија на преговарачка маса, в петок преговори во Виена за излез од кризата






[Image: 231850]

18.04.2016
Меѓународната заедница за во петок во Виена планира средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија, дознава АЛСАТ- М. Поканата до партиите формално ја упатуваат тројцата европратеници вклучени во постигнувањето и спроведувањето на договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. Но, во Виена е предвидено и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли. 
18-04-2016, 01:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СДСМ ќе се консултира со #протестирам за преговорите во Виена



Политичките партии молчат по поканата од ЕУ за средба во Виена. Од СДСМ најавуваат дека ќе го консултираат и невладиниот сектор.

[Image: 0,,18228193_303,00.jpg]


Делегацијата на ЕУ испратила писма-покани од името на тројцата европратеници кои посредуваат во македонската политичка криза и заедно со комесарот Хан ги канат политичките лидери на разговори во Виена в петок на 22 април, потврдија предмалку од кабинетот на Хан за Дојче Веле.
На средбата се поканети лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои го потпишаа и Договорот од Пржино.
„Целта на состанокот ќе биде да се разговара за изнаоѓање решение за кризата и да се осигура дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и реформските приоритети“, вели портпаролката на комесарот Маја Коцијанчич. Комесарот Хан сака да се види со лидерите во најбрз рок, дополнува портпаролката. „Тие мора да покажа желба за да ја вратат земјата назад на евро-атлантскиот пат“, вели Коцијанчич.
Од македонските политички партии засега нема реакција по најавата од ЕУ. Во опозициската СДСМ започнуваат широки консултации во рамките на коалицијата, но и со невладините организации кои се дел од движењето #протестирам. Конечната одлука дали воопшто ќе се учествува на разговорите во Виена и со каква агенда ќе биде донесена деновиве по консултации со политичките партнери и со невладините организации.
На социјалните мрежи веќе се забележливи бројни реакции од оние кои деновиве протестираа против амнестијата на Иванов и бараа оставка од него, и од владата. Во првичните реакции, граѓанските организации бараат или да се бојкотираат преговорите во Виена, или на нив да бидат поканети и тие.

DW
(This post was last modified: 18-04-2016, 04:14 PM by ЈорданПетровски.)
18-04-2016, 04:13 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Америка на колку меѓународни договори се поплука од 1995 до сега? А самата ги потпиша?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-05-2016, 10:49 PM
Reply