Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СО АБОЛИЦИЈАТА ИВАНОВ ПОКАЖА ДЕКА И ТОЈ Е ДЛАБОКО ИНВОЛВИРАН ВО КРИМИНАЛОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Претседателот Иванов прогласи аболиција за сите случаи поврзани со прислушуваните разговори


Претседателот Ѓорге Иванов прогласи аболиција за сите обвинети и осомничени во постапките кои што се водат во случаите „Пуч“ и „Поткуп“ и во сите други случаи покренати од страна на Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.

Претседателот Иванов ова го објави во денешното обраќање до јавноста.





- Во последните две години во Македонија има политичка криза, најдлабока до сега. Две политички страни се завојувани и повеќе не бираат средства кои би ги употребиле во оваа политичка битка. Политиката во Македонија се претвори во тоа кој на кого повеќе кривични пријави ќе му поднесе. Со цел да ставам крај на оваа политичка криза, која ќе заврши со фер и демократски избори, согласно сите мои уставни и законски надлежности, донесов одлука да ги прекинам сите кривични постапки против политичари и од власта и од опозицијата - речe Иванов.

Првата реакција на експерти по оваа одлука е дека со овој општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси, практично претстанува предметот на работа на Специјалното јавно обвинителство.
Иванов рече дека не информирал никого и не побарал дозвола од никого пред да ја донесе одлуката. Според него, странските фактори премногу влијаеле во државните работи и крајно време било тоа да се прекине, бидејќи тие се воделе од нивни лични интереси.

- Можно е двете страни да ме напаѓаат за оваа одлука, но јас сум подготвен да се справам со сите напади. Доста Македонецот оди против Македонец, ова нема да го дозволам во мојот мандат. Политичарите во иднина, без разлика која партија ќе победи, треба да се занимаваат со сериозни прашања за државата и притоа да не носат одлуки под закани и уцени. Нема да дозволам никој да влијае врз нив - рече Иванов.

Според МИА, Иванов рекол дека донел одлука и за аболиција за еден политичар кој издржува затворска казна. Најверојатно станува збор за Љубе Бошковски, лидерот на Обединети за Македонија. Според други информации, станува збор за осуден од случајот „Пуч“.
Одлуката на Иванов стапува во сила веднаш.
(This post was last modified: 12-04-2016, 07:13 PM by ЈорданПетровски.)
12-04-2016, 07:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Иванов одбил да се објаснува со странските дипломати

[Image: ivanov_30.jpg]



Попладнево разговор со претседателот Ѓорге Иванов побарале Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, како и дипломатските претсавници на САД , на Велика Британија и на Германија, неофицијално дознава Плусинфо.
Исто така дознаваме дека претседателот Иванов одбил да се сретне со било кој дипломат со образложение дека неговиот распоред бил пренатрупан. Иванов одбил да објаснува било што и по телефон со образложение дека неговата одлука за аболиција е негово право и дека за тоа никому не треба поднесува сметки. 
ОБНОВЕНО
Плусинфо дознава дека американскиот амбасадор Џес Бејли и  Кристине Алтхаузер, германската амбасадорка во моментов се во претседателската резиденција на средба со Иванов.  
12-04-2016, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев: Ова е државен удар, заедно со граѓаните ќе го вратиме уставниот поредок!






Лицето Ѓорге Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија. Ова е државен удар, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ по одлуката на претседателот Иванов за аболицијата.
„Криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани. Иванов денеска стана директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија. Тој сака парите украдени од граѓаните од криминалната банда да не бидат вратени кај граѓаните. Од денеска нема правна држава. Го погазија Уставот, законите, достоинството на граѓаните. Денеска го погребаа Договорот од Пржино. Македонија тоа нема да го дозволи. Нема да дозволиме целосно рушење на државата. Заедно со граѓаните застануваме на страната на Македонија. Од денеска, со граѓаните ќе го вратиме правото и правната држава. Бараме, заштитникот на криминалците, лицето Ѓорѓе Иванов, веднаш да поднесе оставка. Доколку тоа не го стори денеска, државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија“, рече Заев.
Затоа Собранието мора веднаш да биде свикано и да покрене постапка за отповикување на Ѓорѓе Иванов, додаде лидерот на СДСМ:

„Во името на целата демократска и правдољувива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правнаразрешница. Криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можнст да ја докажат својата невиност. Јас, Зоран Заев, на чело на демократска Македонија, ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите и селата низ цела Македонија. Или Груевски или Македонија. Ако досега некој имаше било каква дилема, Иванов денеска ја расчисти. Ќе победи Македонија!“, рече Заев.
12-04-2016, 07:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Хан: Акцијата на претседателот Иванов е сериозен ризик за евроатланската иднина на земјата


[Image: %d1%85%d0%b0%d0%bd%2811%29.jpg]

Денешната акција на претседателот Иванов не во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали се се уште можни кредибилни избори, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер.

 „Ова е е сериозен ризик за евро-атлантската иднина на нивната земја. Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачката маса и да ја продолжат работата на реформите”, напиша Хан на Твитер.
12-04-2016, 07:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ДС бара импичмент за Ѓорге Иванов

[Image: pavle%20trajanov_1%286%29.jpg]



Претседателот Ѓорге Иванов извши своевиден "државен удар" врз Уставниот поредок и врз владеење на правото, со одлуката за аболиција, вели Демократскиот сојуз. 

Демократскиот сојуз оценува дека „со оваa одлука Ѓорге Иванов не вовлекува во хаос и вонредна состојба, поради што бараме да се одржи итна седница на Парламентот, на која ќе се отвори постапка за импичмент на Ѓорге Иванов и да се спречи безвластие во Македонија“.
12-04-2016, 07:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Револтирани граѓани тргнаа кон седиштето на ВМРО - ДПМНЕ, го пробиваат полицискиот кордон

Граѓаните што протестираа пред народната канцеларија на претседателот во Скопје, револтирани поради одлуката на Иванов за аболиција се упатија кон седиштето на ВМРО - ДПМНЕ.

- Да го пожолтиме белиот дворец на ВМРО - ДПМНЕ - повика новинарот Огнен Јаневски кој рече дека со денешната одлука на Иванов не само што се укинува Договорот од Пржино, туку и се укинува СЈО.

„Робија, оставка“, „Уааа“, скандираат присутните кои се упатија кон партиското седиште на владејачката партија. Кордон полицајци се упати кон зградата на ВМРО - ДПМНЕ за да ја спречи толпата во намерата да дојде пред зградата, па револтираните почнаа да фрлаат јајца и по полицајците.  Во моментов го пробиваат полицискиот кордон. 


[Image: 12966045_10208736824912525_561842745_n.jpg]
[Image: %D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE.jpg]
[Image: 12988156_10153661789712499_1161442312_n.jpg]
12-04-2016, 07:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на Фејсбук испрати реакција по одлуката на Иванов за аболиција:



[Image: %D0%A7%D0%B0%D1%80%D0%BB%D1%81-%D0%95%D0...1%80-3.jpg]


“Денешната изјава на претседателот бара појаснување. Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза.”
12-04-2016, 07:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Иванов прогласи крај на државата


Екипа на БИРН
Шок и неверување владее меѓу политичката и експертската јавност, по говорот на претседателот Ѓорге Иванов, кој ги аболицираше сите политичари против кои се води истрага, има обвинение или пресуда
[Image: Gjorge%20Ivanov%20by%20MIA%20800.jpg]

Неверојатен пресврт доживеа политичката криза во Македонија откако претседателот Иванов, во дух на теорија на заговор обзнани дека Македонија е жртва на „странски“ интереси кои намерно креираат политичка криза. Поради тоа, тој се решил да го пресече „Гордиевиот јазол“ и да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна, а сето тоа „во интерес на државата и на нацијата“.
„Сето она што се случуваше во изминатиот период резултираше со досега невидена политичка компромитираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување, бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација. Погледнете што им се направи на нашите политичари и од власта и од опозицијата. Тие толку многу завојуваа што работите отидоа толку лично и далеку. Си отворија меѓусебно толку многу кривични постапки што сега и едните и другите се подготвени да употребат секакви можни средства само да не бидат поразени на следните избори, зошто не знаат до каде оди другата стана во продлабочувањето на личната пресметка, реваншизмот, омразата и ксенофобијата“, рече Иванов.

Тој нагласи дека одлуката ја донел самостојно, без да се консултира со кого и да е.
„Ако се консултирав со нив знаев дека ќе ме одбијат и агонијата ќе продолжеше“, рече Иванов, претпоставувајќи дека најголем дел од аболицираните не се виновни за делата за кои се товарат и рече дека доколку некого пропуштил да помилува тоа дополнително ќе го стори.
Првичните толкувања на говорот на Иванов, кој не соопшти конкретни имиња, одат во насока на тоа дека се ослободени од каква било кривична одговорност поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бившиот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на опозицијата Зоран Заев за случајот „Пуч“, Горан Грујевски, началник на Петтата управа во МВР, секретарот на Владата Кирил Божиновски....
Воедно, одлуката укажува дека залудни беа и истражните постапки што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случаите „Тортура“, „Тврдина“ и „Титаник“.
Од СЈО засега се воздржуваат од коментар.
Повеќе информации и поврда за одлуката на Иванов бараат и од амбасадата на САД од каде што за БИРН велат дека „одлуката на Претседателот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија кон владеење на правото“.
Со реакции се јавија политичките познавачи, кои тврдат дека со ова уште повеќе се создава можноста за цветање на криминалот и корупцијата.


Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд

[Image: trendafil-Ivanovski-MIA.jpg]

„Ова е најниското и најгрозното нешто што можеше да се очекува. Ја насетувавме опасноста ова да се случи, меѓутоа очекувавме дека претседателот пред сѐ ќе се грижи за граѓаните и за демократијата. Меѓутоа, овој таканаречен претседател тоа не го стори, тој целосно ги уништи напорите на домашната и на меѓународната јавноста, која траеше повеќе од една година, да се вратат работите во нормала. Тој во конкретниот случај не дава милост, тој ја дразни милоста“, вели Трендафил Ивановски, додавајќи дека аболицијата се однесува на одредено лице, на одредено дело, спротивно на тоа што денеска го направил Иванов, помилувал група сторители во одредено време.
Арсим Зеколи, политички аналитичар
„Во држава која се знае дека е партиска и во која цути криминал и корупција, ваквата одлука е за очекување. Ова е последица на една култура на неказнивост за која ЕУ веќе десет години прогледува низ прсти. Се поставува едно суштинско прашање. Дали ние може да се наречеме држава? Немаме Парламент, нема судство, имаме партизирана полиција. Стануваме преседан на светско ниво. Ова е целосно несфатливо“.


Денко Малески, професор по меѓународно право

[Image: denko-maleski-printskrin.jpg]


„Големиот проблем на Македонија е истиот оној со кој се соочија источноевропските држави во 1991 година, а тоа е проблем на неконтролираната власт, кога полицијата и тајните служби беа алатка за остварување на волјата на партијата. Тој е проблемот со кој и ние се соочуваме. Впрочем, откривањето на објавените снимки тоа го документираа, дека навистина постоела злоупотреба на власта која се практикувала во различни домени.
Процесот што се покрена по извештајот на Прибе и Пржинскиот договор беше со цел да се утврди вистината. Затоа и беше формирано СЈО. И што значи сега укинувањето на кривичните постапки? Дали е ова доказ дека оваа држава може да функционира само ако е корумпирана? Јас не знам како би го направиле тој премин на контролирана власт во Македонија. Бидејќи од кривичните постапки требаше да се извлече поука и да се редизајнира нашиот систем.
Која е сега смислата на СЈО, ако тоа не може да ги процесуира главните актери во целата приказна и дали ќе има смисла обвинителството да продолжи со некои активности? Се поставува и прашањето што ако сè престане? Како ќе се изведе таа демократска реформа која ѝ е потребна на Македонија? Навистина не ми е јасно“.

Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

„Шокирана сум, ова е невидена работа. Претседателот негира сѐ што значи било каква виновност во државава. Тој зборуваше едно, а сега прави сосема спротивно и со ова негова одлука кризата се продлабочува, не се решава. Сега ми е јасна изјавата на ексминистерката Гордана Јанкулоска која велеше дека не е важно што ќе работи Специјалното јавно обвинителство. Тој го негира целиот правосуден систем во Македонија - обвинителите, судиите и адвокатите“.
Преку Твитер, се јави и Питер Ванхауте, поранешниот преговарач во пржинскиот процес, кој порача дека „темелните европски вредности се пуштени низ вода“.
12-04-2016, 07:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се согласуваат со одлуката на Иванов


Ниту од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ниту од опозициската СДСМ не се согласуваат со денешната одлука на Иванов. Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека одлуката на Иванов претставува „државен удар“ и дека претседателот станал соучесник во злосторничкото здружување.
„Од денеска нема правна држава. Го погребаа Договорот од Пржино. Но, со граѓаните ќе го вратиме правото. Бараме лицето Ѓорге Иванов да поднесе оставка, да се свика Собранието кое ќе го отповика веднаш. Криминалците треба да одговараат за тоа што го сториле, а невините да имаат можност да ја докажат својата невиност“, рече Заев и додаде дека не ја прифаќа аболицијата бидејќи не се чувствува виновен.


Од владејачката ВМРО ДПМНЕ „не се сомневаат дека претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки“, но во конкретниов изразуваат силно несогласување.
„Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата волја и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации кои ни беа наметнувани и беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио. Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања“, се вели во соопштението.
12-04-2016, 07:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10













12-04-2016, 07:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Ховит: Итен состанок во Брисел по одлуката на Иванов за амнестија и аболиција



 
Кршењето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино.


[Image: 190519_10150125535036689_1369174_n1.jpg]

– Политичарите во Брисел итно ги проучуваат и се консултираат за последните случувања во Скопје и можам да предупредам на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за кршење на Договорот од Пржино – рече европратеникот, кој заедно со Иво Вајгл и Едвард Кукан, како и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан беа медијатори на политичките разговори за решавањето на политичката криза.
Ховит потсети дека Иванов, по одлуката на Уставниот суд да му одобри на претседателот да аболицира лица за изборен криминал, педофилија и трговија со дрога, ги уверил дека нема да презема такви чекори.
– Истакнувам дека претседателот Иванов претходно даде уверување дека нема да дава амнестија за политички криминал и оти ќе го почитува Договорот од Пржино, кој вклучува и широка меѓупартиска поддршка на Специјалното обвинителство – рече Ховит
12-04-2016, 09:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Jove Kekenovski


ОСТАВКА на ИВАНОВ - ВЕДНАШ

Не ми е јасно како е можно претседателот Ѓ. Иванов да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија!?.
Колку што мене ми е познато:
1. Со општ акт неможат да се сопрат сите кривични постапки кои се водат
2. За секој случај поединечно треба да се донесе посебно решение, (што не е направено или не знаеме дека е направено)
3. Во решенијата треба за секој поединец кој е опфатен со кривичната постапка, да се наведе правниот основ, име и презиме на лицето, делото или делата за кое се однесува актот како и образложение на причините за донесувањето
4. Бидејки кривичните постапки се во тек, не е можно судијата кој го води предметот да ја стопира постапката врз основа на општ акт.
Со груба злоупотреба на ингеренциите, Иванов оневозможи правдата да дојде до израз.
Ако неговата одлука стапува на сила ВЕДНАШ, тогаш е потребно и негова ОСТАВКА ВЕДНАШ
12-04-2016, 09:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13








12-04-2016, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14








12-04-2016, 10:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Ахмети: Одлуката на нелигитимниот претседател Иванов е избрзана



Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е избрзана и непромислена.
- Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и една таква одлука од т.н. претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност, изјави Ахмети по средбата со словенечкиот и со хрватскиот претседател Борут Пахор, и Колинда Грабар Китаровиќ, кои престојуваат во работна посета на Македонија. 

МИА
12-04-2016, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:КОНТРАПРОТЕСТ ПРЕД СДСМ?





[Image: bd0a5d287b16e4a66d59b325604bb0a3ab857a27...=696%2C494]
аматерска фотографија


Поголема група граѓани вечерва се упати на протест пред седиштето на СДСМ, јавуваат граѓани од околните згради на улицата Павел Шатев.
Во непосредна близина е и зградата во која живее поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Сообраќајот е блокиран. Полиција го контролира пристапот кон тој дел од градот.
Засега никој не објавува кој ги организирал овие протести. Очевидци велат дека по слободна проценка не се повеќе од 150-200 луѓе.
12-04-2016, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:EU slams Macedonia president, doubts vote can be valid



By Reuters
Published: 17:18 GMT, 12 April 2016


BRUSSELS, April 12 (Reuters) - The commissioner in charge of European Union relations with would-be member states condemned a move on Tuesday by Macedonia's president to end legal proceedings against politicians and questioned whether a parliamentary election expected soon could be credible.

Enlargement Commissioner Johannes Hahn also said that recent actions by Macedonia's leadership had jeopardised the former Yugoslav republic's prospects of closer relations with the European Union and NATO.
"Today's actions of President (Gjorge) Ivanov are not in line with my understanding of rule of law," Hahn said on Twitter. "In light of these developments, I have serious doubts if credible elections are still possible.
"Political leaders must know that the actions we have seen recently put the EuroAtlantic future of their country seriously at risk. Democracy means compromise and serving the citizens. I call upon all political parties to get back to the negotiating table and work for reforms." (Reporting by Alastair Macdonald; @macdonaldrtr)
12-04-2016, 10:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Statement by the Spokesperson on the latest development in the former Yugoslav Republic of Macedonia


12/04/2016
The former Yugoslav Republic of Macedonia has committed itself to promoting the rule of law and fighting impunity. Against this background, today's decision by President Ivanov on the pardoning of a number of officials raises serious concerns. It comes at a time when all parties should be seeking ways to preserve the Przino Agreement.
 
We call on all sides to avoid interventions that risk undermining years of efforts within the country and with the support of the international community to strengthen the rule of law.
 
It is important to support the work of the Special Prosecutor and her team established by parliament as part of the Przino Agreement to continue to investigate the serious issues brought forward last year.
 
It is equally important to prepare for credible elections and to keep the country on the Euro-Atlantic path. It is therefore essential that all parties return to dialogue and find a common agreement that serves the citizens.
Quote:Република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнувањето. Оттука, денешната одлука на претседателот Иванов да помилува неколкумина функционери раѓа сериозна загриженост. Тоа се случува токму кога сите страни треба да бараат начини за зачувување на Договорот од Пржино.
Ги повикуваме сите страни да избегуваат интервенции ризични по долгогодишните напори на државата поддржани од меѓународната заедница во насока на зајакнување на владеењето на правото
Важно е да се поддржи работата на Специјалната обвинителка и на нејзиниот тим, воспоставени од Собранието како дел од Договорот од Пржино за таа да продолжи да води истрага за сериозните прашања од минатата година.
Поеднакво се важни подготовките за кредибилни избори за да се задржи државата на евроатланскиот пат. Оттука, ос сутинско значење е сите страни да му се вратат на дијалогот за да се изнајде заедничко решение во служба на граѓаните.
(This post was last modified: 12-04-2016, 10:38 PM by ЈорданПетровски.)
12-04-2016, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



12-04-2016, 11:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Шкариќ за Фактор: Одлуката на Иванов ќе падне, таа е незаконска!



aприл 12, 2016

Професорот Светомир Шкариќ за Фактор објаснува дека одлуката за аболиција е незаконска.
„Македонскиот  претседателот Ѓорѓе Иванов  се одлучил на мерката аболиција а не на  мерката помилување.  За да може некого да аболира мора да се потпре  на Законот за помилување од 1993 година кој му овозможуваше на шефот на државата по  исклучок без спроведена предходна постапка да ослободува  од гонење  одредени лица за сторени кривични дела. Но тој член од Законот е укинат со законот за помилување од 2009 година . Со други зборови овој вид на аболиција престана да важи. Таа норма стана мртва и не може никој да ја оживее освен Собранието со донесување на нов Закон.
Таму Собранието има нормативна  функција,  но не и Уставниот суд. Уставниот суд не може да ја врати  во живот избришаната норма. Тоа е работа на Собранието,  а таква норма Законодавниот дом не донела.
 Според тоа,  македонскиот шеф на државата оваа аболиција ја прави надвор од законските норми .  По носењето на една ваква одлука,  претседателот Ѓорѓе Иванов  заслужува  импичмент бидејќи со ставањето  потпис  тој го крши законот.
 Од гледиште на важечките норми од Законот за помилување од 1993 година, отварање на постапката за аболиција е можна само по службена должност од страна на министерот за правда. Без содејство на министерот за правда, претседателот  Ѓорѓе Иванов не може да врши никаква аболиција , вели  универзитетски професор   Светомир Шкариќ. Професорот по уставно право   е убеден и  дека Специјалното јавно обвинителство  нема да биде укинато.  СЈО ќе продолжи да работи затоа што постојат многу индиции за  сторени кривични дела“, смета некогашниот професор на  шефот на државата  Светомир  Шкариќ.
12-04-2016, 11:47 PM
Reply