Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„Платформа за демократска Македонија“ – „Заедно за слободна Македонија“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Четиринаесет опозициони партии потпишаа денес „Платформа за демократска Македонија“ – „Заедно за слободна Македонија“. Во платформата се укажува дека „Целото наше општество се наоѓа во заложништво на криминалната банда на власт и можеме да го ослободиме само доколку заедно и цврсто застанеме зад овие демократски начела и принципи:
„Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски!
Медиумите мора да бидат слободни и објективни!
Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!
Институциите мора да бидат независни!“
[Image: plat1.jpg]
Во платформата се истакнува дека криминалот и корупцијата го киднапираа системот, ги заробија државните институции и им донесоа несигурност и сиромаштија на граѓаните: „За вистинска и безкомпромисна борба против корупцијата и криминалот потребно е: Целосна поддршка на работата на независната институција СЈО. Департизирана полиција во служба на граѓаните. Независна агенција за борба против корупцијата. Силно граѓанско општество како гласен борец против злоупотребите.“
[Image: plat2.jpg]
 
Потписниците на платформата ја ги повикаа сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5-ти јуни 2016 година.
[Image: plat3.jpg]
 



09-04-2016, 05:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и ПЕИ 




[Image: zaev-fijat-685x320.jpg]

11.04.2016
„Поддршката за демократска Македонија расте. Денеска потпишавме со ПЕИ, со господинот Фијат Цановски, со којшто во минатото СДСМ имал соработка. Оваа платформа за демократска Македонија не обединува сите. Јас се надевам дека ќе продолжи да расте.
– Ја користам приликата заедно да повикаме да ни се приклучат сите слободоумни граѓани, сите демократи во ова наше општество, на принципиелен основ, на основа на начелата на коишто полага оваа платформа за демократска Македонија, заради тоа што повеќе не се работи за лични интереси, не се работи за партии и поединци, се работи за Македонија и нејзината иднина“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.
11-04-2016, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Ангелов: Се приклучуваме на Платформата за демократска Македонија, за рушење на криминалниот режим

„Како политичка партија којашто произлегува од македонските бранители, со десна ориентација, покрај некои лоши искуства во минатото со СДСМ, и покрај одредени мали разлики за некои прашања, сепак ние се приклучуваме на оваа Платформа за демократска Македонија. Бидејќи целта е една, целта е рушење на овој недемократски, криминален и корумпиран режим“, рече претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, по потпишувањето на Платформата за демократска Македонија со партијата Достоинство..





Дали вашата партија е пререгистрирана?
Апсолутно е пререгистрирана, инаку не би можел да зборувам во името на партијата.

Може да ни кажете кога?
За тоа ќе ја видите мојата изјава од 2015 година. Ја пререгистриравме тогаш кога истекоа четири години, збунет сум вака од волку камери. Јас да бидам искрен ретко кога имам ваква можност, и се надевам дека благодарение на нашата борба, благодарение на оваа платформа, ќе имаме можност Македонија да стане една нормална демократска држава во која медиумите нема да се плашат да ги покриваат настаните, дури и на помалите политички пратии. Инаку, Достоинство два пати настапи самојстојно на Парламентарните избори, и два пати освои по повеќе од 9.000 гласови, и е една партија којашто ако Македонија би била една изборна единица би била Парламентарна партија, и првиот, и вториот пат од 2011 година, наваму. Ние сме благодарни на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што сериозно потегна иницијатива Македонија да биде трансформирана во една изборна единица, односно промена на изборниот закон. За жал ВМРО-ДПМНЕ се исплаши од можноста Македонија да биде една изборна единица и воопшто несакала ниту да разговара на оваа тема. А, тогаш ќе ја видевте нашата вистинска моќ, бидејќи Достоинство кога Македонија би била една изборна единица, би тежело многу повеќе од овие 10.000 гласови, одговори Ангелов.
13-04-2016, 01:16 PM
Reply