Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Зоран ИВАНОВСКИ, кандидат за пратеник од дијаспората
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Зоран ИВАНОВСКИ, кандидат за пратеник од дијаспората
 
ДПМНЕ го плаќаше превозот на гласачите ама и ги  подмитуваше македонските гласачи во САД
 
Денес има американско државјанство, но не заминал пред 15 години од Македонија поради „невозвратена љубов“. После серија закани и уцени од власта, дури и со оружје од телохранители на Премиерот, Зоран Ивановски добил азил во САД. Сопственик е на неколку компании таму. Работи на ископување на нафта, моментално во Њу Орлеанс на браните на Мексиканскиот брег.
Сепак, срцето му е во Македонија, па секојдневно преку социјалните мрежи се јавува со жестоки критики или иронични забелешки за состојбите овде. Вели дека секогаш бил политички активен, но не бил член на партија. „Како вас од „Фокус“ сум“, ми ја опиша неговата позиција.
Инаку Ивановски е роден битолчанец,магистрирал на „Алтернативни извори на енергија- ветерни фарми и микро хидроцентрали“. Докторатот, пак, му е  за „Нуклеарен реактор во Македонија. Токму во овие области, доколку биде повикан, би се вратил тука „со првиот авион“.
 
Разговараше: Јадранка КОСТОВА
 
ФОКУС: Иако сте долго време во САД, сепак речиси секојдневно на социјалните мрежи ги коментирате политичките настани во Македонија. Имате ли политички амбиции?
ИВАНОВСКИ: Многупати ми се поставува прашањето: зошто коментирам на дневно политичките настани во Македонија? Пред се, би рекол затоа што сум роден и образован во Македонија и по дејство на некои околности или под дејство на закана сум завршил во САД.
Но, ајде да одам степен понатаму и да објаснам на симпатизерите на власта, кои се трудат да ја прикажат потребата од глас на дијаспората и тоа го докажаа со нивниот проект од три изборни единици надвор од Македонија. Само по таа основа имам право да се потрудам да дадам мое мислење за иднината на државата, макар ова да биде сватено дека имам политички амбиции да се кандидирам за претставник на дијаспората во Македонија, како еден од тројцата претставници кои го носат најголемиот товар на буџетот на државата. Вистинскиот аргумент е дека само физички сум надвор додека целата душа ми е таму, пријателите, детството, младоста, спомените, како и целото мое семејство.
 
ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ МИ СЕ ЗАКАНИ СО ОРУЖЈЕ
 
ФОКУС: Ќе објасните ли како „под сила на закана“ сте завршиле во САД? Зошто поточно заминавте од Македонија?
ИВАНОВСКИ: Како и денес и пред да ја напуштам Македонија бев политички активен. Се борев и се залагав за порадикални промени и за нови личности и свежи идеи. Како и денес и тогаш бев мета на оние кои ги критикував, но, за разлика од денес, тогаш бев и физички во Македонија. Добивав секојдневни закани на кои не реагирав, па една вечер бев нападнат од обезбедувањето на еден македонски Премиер. Со огнено оружје ми се заканија и само среќа дека се појавија сведоци останав жив. Истото го имам докажано пред меѓународен суд, иако нема се уште дело да се пронајдат актерите на настанот. Сигурен сум дека некаде има траги кој ги испратил, кои биле личностите и која е командната одговорност. Иако правдата е бавна ќе се борам до крај да излезе на површина.
ФОКУС: Пред кој меѓународен суд сте ја докажале заканата од бодигардот на македонскиот премиер? И кој е тој Премиер?
ИВАНОВСКИ: За време на студирањето особено последната година на ЕТФ бев изразито активен во студентските избори и во НГО секторот. Во тие моменти се роди и МОСТ која денес прерасна во најголем непартиски борец за подобрување на генетскиот инженеринг на македонските избори. Исто така имав работни задачи во УНХЦР, Меѓународниот Црвен Крст и ИОМ во Македонија, Косово, Србија и насекаде на Балканот. Сепак сето тоа не остана незабележано од владејачката ДПМНЕ, во тоа време под водство на претходниот премиер. Добив прво и неколку непристојни понуди со кои ќе можам да го обезбедам станбеното прашање и вработувањето доколку ги променам боите. Бидејќи единствените бои кои ги признавам и тогаш и денес се боите на Македонија, сите понуди ги одбив.
ФОКУС: И ја плативте потоа цената за тоа?
ИВАНОВСКИ:Е тогаш почнаа моите проблеми со закани и приведувања од Подвижните полициски станици, информативни разговори во Полициската станица во Карпош, физички напад врз мене од мобилна полициска екипа, за на крај една вечер да се случи крунскиот настан. Вечерно време на улицата до студентскиот дом „Гоце Делчев“ застанаа бели немаркирани возила за кои дознав дека припаѓаа на премиерското обезбедување. Излегоа неколку неуниформирани лица и еден ми постави оружје и ми порача дека треба дефинитивно да го променам начинот на критика. Само среќа дека се појавија неколку студенти минувачи ме спаси од тоа да бидам тргнат на страна. Сето тоа го докажав пред суд во САД каде ми беше доделен азил без ограничувања.
 
ЗГРОЗЕН СУМ ОД ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА
 
ФОКУС: Би се кандидирале ли за пратеник од дијаспората? Гласавте ли воопшто на претходните изборни циклуси?
ИВАНОВСКИ: Доколку народот изрази желба да ги претставувам, доколку имам доволна поддршка, не гледам проблем да прифатам кандидатура. Јас немам намера да се откажам од својата татковина и секогаш ќе се трудам да ѝ помогнам, на свој начин. За жал, на последните избори се наоѓав во Северна Дакота во екот на ископувања и отварања на нови нафтени бушотини и бидејќи најблиското гласачко место беше повеќе од 2.000 км, не успеав да го остварам моето право.
ФОКУС: Неодамна напишавте дека сте понудиле, како што велите, на „македонските патриоти во Њу Џерси“ да биде гостин на трибина генералот Стојанче Ангелов, но тие го одбиле тоа, со образложение дека е политички чин. Од друга страна, кога пратеникот Павле Саздов организира политички предизборни трибини тоа го сметаат за акт на патриотизам. Доминираат ли во САД симпатизерите на ДПМНЕ? Како ја објаснувате нивната победата во САД и Канада?
ИВАНОВСКИ: Генералот Стојанче Ангелов беше на приватна посета во САД каде јас бев негов домаќин. Во подготовките остварив средби со членовите на црковните управи во Њу Џерзи и управата на Македонската конференција која се случува еднаш годишно. Од Њу Џерзи добив одговор, без разлика дека трибината требаше да биде приватна, некој би можел да ја разбере како политичка. Претставниците на конференцијата отидоа степен понатаму па не дозволуваа генералот, кој е ранет за одбрана на Македонија под македонска полициска унифорома, да биде на подиумот. После подолги натегања со одборот и некои верски претставници успеав да издејствувам да биде на бината, но дека не смее да се обрати кон гостите. Спротивно на тоа, денес паратеникот Саздов, има организирано предизборни политички трибини во сите цркви од Њу Џерзи до Чикаго и за тоа никој не гледа проблем дека можеби црквите би се политизирале, како што мене ми објаснија.
ФОКУС: Но како ДПМНЕ ја освојува дијаспората?
ИВАНОВСКИ:Сосема конкретно, пратениците на владејачката партија победуваат надвор токму поради користењето на сите објекти и логистика на дијаспората дополнети со огромни средства кои идат од Македонија со кои се плаќа превозот на гласачите од нивниот табор. Познавам и случаи каде со македонски пари се подмитуваат Македонци во САД. Згрозен сум од однесувањето на дел од македонската дијаспора.
 
ПЛАТИВ ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА „МАКЕДОНСКА БАНКА“
 
ФОКУС: Што Вие конкретно сте помогнале да се променат некои состојби?
ИВАНОВСКИ: Сум се потрудил да помогнам со дела. Во предизборието излезе аферата со снимениот материјал за „Македонска банка“. Не, не влегов во прибирање на физички докази, но поради тромоста на јавното обвинителство и г-динот Зврлевски, на мој трошок извршив вештачење на снимката, што го стори докажан експерт во таа област. Инаку, тој го има вештачено и снимениот материјал за градоначалникот на Венеција, за кого исто имаше наводи за корупција. Експертот беше ангажиран по препорака на високи членови на Републиканската партија во Северна Дакота каде сум претставник на мојата област.
ФОКУС: Какви беа резултатите од вештачењето за снимката од телефонскиот разговор меѓу Груевски и Ден Дончев во случајот „Македонска банка“?
ИВАНОВСКИ: Снимениот материјал беше испратен кај експертот кој заклучи дека во првата фаза на испитувањето не пронашол докази дека некој, на било каков начин, ја обработувал снимката или, како македонските политичари милуваат, снимката НЕ Е сечена, НЕ Е лепена и НЕ Е монтирана. Најинтересен момент после прелиминарното вештачење беше дека има потреба од снимка од актерите на снимениот материјал и дали можам да ги обезбедам од судот. Имено, експертот беше на мнение дека јас само вршам секундарна експертиза, која е доста честа пред судовите во САД и дека секој нормален суд или обвинител веќе има отворено дело поради сложеноста на потенцијалниот криминал. Замислете го неговото изненадување кога објаснив дека нема дело и тешко ќе можеме да одиме на наредниот степен.
ФОКУС: Не разбрав како ја оценил снимката? И за каква секундарна анализа мислите?
ИВАНОВСКИ: Вториот дел од процесот беше со судски налог да се обезбеди снимен материјал од учесниците кои изговараат одредени зборови како на пример “милион” или слично за да може да се спореди со истиот збор кој се слуша на снимката. Потоа експертот би ги споредил и би потврдил дека судски снимениот материјал ХХ1 се совпаѓа со гласот на снимката Х1 со што би се потврдил идентитетот на актерите на снимката.
 
ИМАМЕ ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ИЗБОРНА ЛИСТА
 
ФОКУС: Дали за снимките од „бомбите“ поверувавте дека се „сечени, лепени и монтирани“, како што постојано се вадеше владејачката партија, иако за изминатава година не обезбеди експертиза која ќе го потврди нивното објаснување?
ИВАНОВСКИ: Кога првиот пат го слушнав снимениот материјал немав никаков сомнеж во нивната автентичност. Можеби главната причина беше фактот дека ги следам актуелните настани, па секоја нова снимка само се вклопуваше во реалноста која ни се случува. Не треба да слушнете снимка за да се сомневате кој може да даде наредба за уништивање на објект кој чини или, да се поправам, ќе нѐ чини $70 милиони. Мислам на објектот на господинот Фијат Цаноскикој е во завршница пред судовите во Европа од каде ќе стигне сметката за лудиот пир на врхушката на власт.
ФОКУС: ДИК одлучи воопшто да не се проверуваат 124.027 гласачи, кои ги нема во ниту една институционална база, за коишто заклучиле дека се веројатно иселени граѓани, но со право на глас. Се сомневате ли дека во оваа грмушка се крие зајакот. Односно, дека се злоупотребува правото на глас на иселените? Дали некој друг во Македонија гласа во нивно име?
ИВАНОВСКИ: Како реков претходно, скоро сум 99.99 отсто сигурен дека има генетски модифицирана изборна листа. Не мислам дека злоупотребата е само во една ставка како посочувате односно иселени лица, напротив и покојни, лица со потреба за помош, фамилијарни членови кои одбиваат послушност, лица кои немаат право да гласаат во Македонија туку само во трите изборни единици во дијаспората и за крај да ги споменам и  преместувањата на гласачите по изборни единици. На пример, доколку сите гласови на една партија која освоила 30.000 биле во една единица истата би имала 2 или 3 пратеника, а во моментот нема ниту еден бидејќи никаде не успеале да го преминат прагот.
ФОКУС: Груевски вели „не гласаат адресите“!
ИВАНОВСКИ: Изјавата на поранешниот премиер дека гласаат гласачите а не адресите е во најмала рака смешно, бидејќи огромно е значењето колку избирачи има секоја изборна единица и за можноста за еднаква застапеност на помалите партии, но и за подеднаквиот глас на гласачите од различните изборни единици. И присилувањето на излезност на 10 сигурни гласачи за возврат на вработување или било која друга бенефиција, која им следува на граѓаните според устав, според мене е злоупотреба на правото на глас.
За крај би рекол дека чергиџето ни е поткренато од криење се и сешто под него, сите овие 25 години од осамостојувањето до денес, и сега е вистинскиот момент да го подигнеме и исчистиме со индустриска хемикалија и со тоа еднаш засекогаш да раскрстиме со минатото. Доколку за генетскиот инжинеринг со изборните листи измислиме некое модифицирано решение, резултатот ќе биде уште посложена изборна измама и бесконечно вртење во круг после кој и кампања за 10 деца и 10 гласачи по семејство нема да ни помогне.
 
МЕДЕН МЕСЕЦ НА ВЛАДАТА И БАНКИТЕ
 
ФОКУС: Оценивте дека стопанството ни е во клиничка смрт. На што ја темелите ваквата дијагноза? И како да ја оправиме економијата?
ИВАНОВСКИ: Најбитниот момент за рестартирање на економијата и прекинување (на одржување) на клиничката смрт, во која се наоѓа стопанството, е воведување на нови правила за игра на банките. Правила на еднаквост со која подеднаква можност за заработка би имале и стопанствениците. Во 2015 г., банките, во медениот месец кој го имале со владата досега, го зголемиле профитот за цели 50 отсто.
ФОКУС: Како влегоа во меден месец банките и владата?
ИВАНОВСКИ: Медениот месец е поради политичката криза во која се наоѓа владата и нејзината потреба за резерва пари на располагање во секој момент. Пари, кои ѝ се  потребни за кредитирање на буџетот бидејќи постои реална можност да не можат да се задолжат непродуктивно пред ЕУ банките, односно да издаваат еврообврзници за финансирање на буџетот кој е под тежок притисок поради непродуктивни ставки. Гледаме засилено темпо на трошење, особено во предизборието. Впрочем, доказ за тоа е дефицитот кој за првите 6 месеци мислам дека ќе го постигне проектираното годишно ниво.
ФОКУС: До оваа влада тешко допираат било какви критички забелешки, но, според Вас, каде треба да се насочи Владата?
ИВАНОВСКИ: Државата треба да работи на капитални проекти од стратешки интерес, а не како конкуренција на приватниот сектор, како на пример со купување на возила за ЈСП и конкурирање на приватниците или, впрочем, како главен вработувач во сите области на индустријата. Владата треба да обезбеди рамноправни услови за сите актери. Во ниту еден случај владата не смее да ги бенифицира странските инвеститори на штета на домашните. Затоа што се забележува дека не сите имаат еднаква шанса.
ФОКУС: Но и така да биде, кога ќе се соочат со нашите судови, тука настанува дополнителен проблем за компаниите.                           
ИВАНОВСКИ: Да, и затоа треба да обезбеди клима на сигурност  со правен систем, односно судови кои функционираат. И тука давам предлог да се воведе Специјален индустриски суд, а не за политички добивање на поени и гласови да прави притисок на капиталот. Им даваат ред бенифиции на приватните инвеститори, од комуналии до олеснувања во такси и субвенции, со цел вработувањето да оди преку локалните центри на партијата.
ФОКУС: Претпоставувам дека проектот „Скопје 2014“ не го  сметате за „капитален од стратешки интерес“?
ИВАНОВСКИ: Што се однесува до глупоста од епски размери, „Скопје 2014“, не би сакал ни да почнам да зборувам на таа тема. Сепак морам да кажам дека единственото со кое би се согласил со симпатизерите на опозицијата е дека „Скопје 2014“ е најголема епска глупост од цар Самоил до денес, да не го споменувам Воинот на Коњ.
 
ЗАМЕНА НА РЕК БИТОЛА СО НУКЛЕАРЕН БЛОК
 
ФОКУС: Според Вас, кои се стратешките проекти?
ИВАНОВСКИ: Стратешки инвестициски проекти се Коридор 8, автопат кој ќе ги поврзе Прилеп и Велес преку Бабуна, довршување на историскиот проект пруга  од Скопје до Софија, аревитализација на Битола со Солун, електрификација на пругата Велес- Битола.
Владата треба да инвестира во нови извори на енергија за да го задоволи зголемувањето на потрошувачката и најболниот проблем,  замена на РЕК Битола. Инвестирање во ветерни фарми, фотоволтаици.  гасификација на градовите со цел да почнеме да се затоплуваме како целиот свет и да го намалиме загадувањето кое е чувствителен проблем поради греење на дрво, но и на пластика, гума и други канцерогени материјали. Загрижувачки е податокот на енормно зголемен број на луѓе заболени од канцерогени болести, но и здравствени проблеми со дишните патишта, кои според многу истражувања, во голема мера се предизвикани од загадувањето на воздухот.
ФОКУС: Сите овие проекти, што ги споменавте, да бидат странски инвестиции, или тоа не е важно?
ИВАНОВСКИ: Сите проекти, без разлика на начинот на инвестирањето, треба да бидат заокружени со македонски компании и работници, кои ќе бидат жители на околина во која се работи проектот. Важно да се напомене е дека компаниите кои ќе бидат ангажирани во проектот ќе бидат ограничени во нивната застапеност на проектот. На пример, во зависност од местото, секое правно лице ќе нема можност да биде застапено со повеќе од 10 работници или градежни машини. Ова правило ќе помогне да се избегне можноста од групирање на профитот и монополизација на проектот на една компанија,која потоа ќе го извлече профитот преку “оф шор”зоните како Белизе, разни острови или Швајцарија.
ФОКУС: Потекнувате од Битола, па во што го гледате потенцијалот за економски равој на Пелагонија?
ИВАНОВСКИ: Како некој кој се родил во Битола ќе пробам да ја објаснам мојата идеа за економскa преродба на градот на конзулите. Затоа што сметам дека економијата од година во година тоне. Битола е местото каде што се произведува 80 отсто од електричната енергија и се одржува стабилноста на македонскиот електро енергетски систем. РЕК, за жал, е пензионер на кој веќе многу долго време му се одложува пензионирањето, но очигледно e дека сакале или не, ќе се случи.
Неодамна, според некои информации, разбрав дека се испаднати трите блока од гигантот.
ФОКУС: И што предлагате за „пензионерот“ РЕК Битола?
ИВАНОВСКИ: Во РЕК Битола се инсталирани трисоветски блока со 225 MW. Покрај производството на енергија има уште еден многу важен момент на стабилност на системот со амортизирање на ударите поради вклучување/исклучување на големи потрошувачи. Вклучувањето/исклучување кога нема голем производител лесно може да доведат до низа на настани кои би ги активирале заштитите и би го дестабилизирале системот. Замената на РЕК Битола е единствено можна со нуклеарен блок како во Кршко, канадски блок од 675 MW илиамерикански ГЕ од 1000MW.
Пред тоа, еден од најголемите проекти кој треба да се реализира е хидроцентралата Чебрен и Галиште. Како што претходно напоменав, со компании од пелагонискиот регион кои нема да имаат повеќе од 10 градежни машини или работници со кои голем дел од парите потребни за проектот ќе се вратат во регионот. Имено, околу 80 отсто од средствата потребни за инвестиција се трошат за заокружување на градежни работи. Секундарно е отворање на нова цементарница која ќе ги поврати инвестициите потребни за неа во првите неколку години поради обемот на материјал потребен за ХЕЦ.
 
ВЛАДЕЈАЧКИ ШОПИНГ ТУРИ НА 5-ТА АВЕНИЈА
 
ФОКУС: Подолго време живеете во САД, а овде послединве недели е засилена антиамериканската кампања од провладините мегафони. Каде ја гледате иницијалната каписла за ваква хистерија?
ИВАНОВСКИ: Иницијалната каписла е во владејачката партија. Истата има различни планови за менаџирање со проблемите, како патување на премиерот во Грција додека во македонскиот парламент се носи неуставниот закон за амнестија на Хашките случаи. Или, патување во САД и шопинг на 5-та авенија нa Менхетен кога нивните коалициски партнери имаат некои собири. Со сложеноста на ситуацијата во која се наоѓаат, посегнуваат по се порадикални планови.
ФОКУС: На оној лански контра-митинг на ДПМНЕ, што се одржа ден после големиот собир што го организираше опозицијата, беа карактеристични одредени руски симболи, поточно слики со Путин. Кокетира ли власта со Русија или станува збор за нешто посериозно?
ИВАНОВСКИ: Мора да се држиме до еден многу битен пат односно евроатланските интеграции. Со влезот во ЕУ, не мислам дека ќе се решат или магично ќе исчезнат сите проблеми или со влезот во НАТО ќе се оствари мојата желба или омраза кон Русија. Со  влезот во НАТО, конечно сите ќе бидеме под ист чадор и доколку има некои несогласувања помеѓу големите сили, ние нема да бидеме место каде тие ќе си ги одмерат силите на наша територија и на наша штета, како што беше случај најмалку 5 пати во минатиот век. Со влезот во ЕУ ќе се отворат вратите за економска комуникација со сите Македонци кои останале на другата страна на границата.
ФОКУС: Ама кокетира ли власта со Москва?
ИВАНОВСКИ:Не мислам дека власта кокетира со Русија, туку само бара начин да го одвлече вниманието на народот од криминалот кој излезе на површина. Како инаку ќе ги оправдаат половина милион долари месечно и неколку ПР компании кои ги плаќаат од членарина на симпатизерите на ДПМНЕ, а кои служат за претставување на партијата во подобро светло пред американските политичари. Или барем така реферираа.
 
МАЈСТОРИТЕ НА ВОЈНАТА ЈА ПОДОТВОРИЈА ПАНДОРИНАТА КУТИЈА
 
ФОКУС: Како ви изгледаше од „преку океанот“ играта со орелот и крстот меѓу коалициските партнери ДПМНЕ и ДУИ?
ИВАНОВСКИ: Политиката е систематскo организирање на омразата. Најдобар пример за тоа ни го даде Вождот од поранешната држава. Истиот на совршен начин успеваше да ги поттикне различните групи и да ги употреби за генерирање на се поголема моќ со која ќе владее со малцинството над мнозинството. Можеби звучи контрадикторно, но тој со својата инвентивност успеваше да пронајде начин и ја примени погорната формула над различните групи или подгрупи и на еден ентитет. Дали било Србите кои живеат на Косово со оние кои живеат во Белград, и кои во сите години на настаните после 90-те беа против лудилото кое им беше наметнато. Од таа гледна точка, гледам потреба за изразито сензитивен пристап кон релаксирање на меѓунационалните односи во Македонија, но и на разликите кои се јавуваат помеѓу метрополата и провинцијата, која како збор веќе се одомаќини и веќе опишува разлика и во еден ентитет во Македонија.
ФОКУС: Сепак, овде сега е најизразен анимозитетот меѓу приврзаниците на власта и сите останати во македонскиот кампус. Се заговара од одредени дворски новинари и експерти дури и граѓански судири. Како омразата стана главна алатка во политиката?
ИВАНОВСКИ: Политиката ќе ги употреби сите алатки кои и стојат на располагање за да се одржи на власт без разлика дека насекаде има граници. Тие граници ги поставува народот со критичкиот момент на излегување на улица или српскиот 5-ти октомври. Сложената ситуација во која се наоѓа партијата на власт, или подобро коалицијата на власт, ги тера да посегнат по радикални алатки. Мислам дека до сега веќе ги искористија сите помеки планови, но проблемот со корупцијата и критиката се уште не се амортизирани и во очајните последни моменти ги активираат мајсторите на војната со што ја подотвараат кутијата на Пандора не плашејќи се дека сите може да нѐ проголта.
ФОКУС: Сепак тие постојано за тоа обвинуваат некакви „странски служби“, опозицијата , соросоиди ...
ИВАНОВСКИ: Да ве потсетам, но аргументите на двете партии на власт против одлагањето на изборите за 24 април, беа сензитивната состојба со бегалците, можноста од колапс на државата и меѓунационални немири. Ден после одложувањето на изборите на 5 јуни, пак, си  влегоа во проекти за поставување на орли и крстови. Според одредени мои сознанија,симболот веќе бил подолго време во приватна куќа, па некои членови само го откупиле и го поставија на јавна површина.
 

Quote:Рамка 1
ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ДА НЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ИЗБОР НА ВЛАДАТА
 
ФОКУС: Рековте дека најголем товар за буџетот се токму тројцата пратеници од дијспората. Сметате дека тие не ја оправдаа нивната улога наспроти трошоците?
ИВАНОВСКИ: Пратениците од  дијаспората воошто не ја оправдаа улогата и средствата кои се потрошени за нивниот избор. Еден од пратениците, впрочем, има огромен број на скандали и кривични пријави во неговата држава и во Македонија. Затоа ја споделив мојата идеја пратениците од дијаспората да можат да учествуваат во сите комисии и да добијат парламентарен глас за закони, но не и глас при формирање на влада. Што значи, би се одзела главната алатка за која се борат партиите, или барем една партија, но истите би можеле да работат на градење на мостови помеѓу иселениците и татковината.

 

Quote:Рамка 2
ИВАНОВ НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОМИЛУВА СИТЕ ОБВИНЕТИ
 
ФОКУС: После експресната и панична реакција на Уставниот суд, очекувате ли дека претседателот Ѓорге Иванов ќе го амнестира злосторничкото здружение „Титаник“?
ИВАНОВСКИ: Сигурен сум дека или претседателот Иванов ќе помилува високи функционери на владеачката партија или во тајните преговори со опозицијата ќе го стави тоа на маса за да можат преговарачите од страна на владејачката партија да издејствуваат најповолен резултат. Сепак, читајќи на колку обвинениjа работи СЈО и колку има обвинети, мислам дека и да сака претседателот нема да може да ги помилува сите инволвирани во генетскиот предизборен иизборен инжинеринг.

 

Quote:Рамка 3
АКО МИ СЕ ДАДЕ ШАНСА, ДОАЃАМ СО ПРВИОТ АВИОН
 
ФОКУС: Размислувате ли можеби да се вратите овде, со оглед на вашата посветеност за состојбите во Македонија?
ИВАНОВСКИ: Желбата да се вратам и да помогнам секогаш гори и ме тера да размислувам на каков начин можам да бидам од најголема корист. Сепак, најголем дел од одговорот на тоа прашање лежи во мојот народ и дали тој смета дека со моето враќање би можел нешто да променам. Доколку ми биде понудена шанса за било кое место во возобновување на Електро енергетскиот систем односно Чебрен, Галиште или Ветерни фарми, би бил назад на првиот авион. Затоа што сметам дека имам голем капацитет и знаење кои би ги вложил во унапредување и развој на овие сегменти, кои сметам дека се од голема важност за мојот народ и мојата татковина.
31-03-2016, 05:11 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Quote:ФОКУС: Подолго време живеете во САД, а овде послединве недели е засилена антиамериканската кампања од провладините мегафони. Каде ја гледате иницијалната каписла за ваква хистерија?

ИВАНОВСКИ: Иницијалната каписла е во владејачката партија.

Каков глуп човек. Какво тупо списание. Кое глупо прашање и каков соодветно глуп одговор.
Антиамериканска кампања= кампања против американските паликуќи. Трагите се сосема очигледни, кој ги оркестрира кризите во Македонија, од чии пари се хранети шарените окупатори, кој ги с`ска косовските паравојници, кој бутка паралелна власт во Македонија, кој гледа Македонија да ја банкротира- тоа е се` дело на американското воено лоби. Колку и цврсто да мижете удбаши, очигледни се трагите...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
17-09-2016, 01:58 AM
Reply