Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"ТВРДИНА" - 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НАЧАЛНИКОТ НА V УПРАВА ГОРАН ГРУЈОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1








(This post was last modified: 01-04-2016, 08:32 PM by ЈорданПетровски.)
31-03-2016, 10:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



31-03-2016, 10:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:НЕЛОГИЧНИ ОДЛУКИ НА КРИВИЧНИОТ СУД: ПРЕТРЕС НЕМА, ПРИТВОР ИМА



March 31, 2016  

[Image: sud1.png]

Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера го прифати предлогот на СЈО за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г. (без да ги наведе причините), а истиот ден на двапати го одби предлогот на СЈО за за издавање наредба за претрес на домот на истиот осомничен.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето за претрес од страна на СЈО „од причина што од барањето за издавање наредба за претрес и образложението на истата не произлегуваат овластувањата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите–Скопје дадени со закон.“ 
Основниот суд Скопје 1 – Скопје објави дека „Во диспозитивот на барањето за издавање наредба за претрес е наведено дека истата се бара заради пронаоѓање на траги на кривичните дела и предметите важни за кривичната постапка за која се спроведува предистражна постапка НСК КО бр.17/15 и тоа транскрипти, нотеси и други списи поврзани со незаконското следење на комуникациите, документација за спроведено ништење на системи за следење на комуникациите и друга службена документација, компјутери и компјутерска опрема, преносни мемориски уреди (екстерни харт дискови, УСБ, ЦВ, ДБД, и слично), телефонски апарати и претрес на други подвижни предмети на осомничениот Г.Г., затечени во домот и другите простории.“
Но, според Кривичниот совет на судот, СЈО „има лимитирана стварна надлежност која се однесува на овластување да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникации, во законски определениот период, а кое нешто не произлегува од барањето за издавање наредба за претрес, односно не може да се утврди за кој временски период се однесува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникации, а од која се тврди дека произлегува кривичното дело.“
Одбивајќи го барањето за претрес, Кривичниот совет смета дека „веројатноста со претресот да се постигнат одредени резултати, мора да претходи на основаното сомневање дека е извршено конкретно кривично дело кое произлегува од незаконското следење на комуникации, дотолку што не може да се преземе претрес за да се пронајдат основите на сомневање.“
Истиот суд кој ја оспори надлежноста на СЈО, и го одби барањето за претрес (како мерка за пронаоѓање на траги на кривичните дела, односно докази), истиот суд кој изјави дека „не може да се преземе претрес за да се пронајдат основите на сомневање“, сега утврди дека има основи за мерка притвор: „…по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор“.
Јавноста не е запознаена ниту за кои причини е побарана мерката притвор, ниту за кои причини е донесена одлука за притвор, иако во соопштенијата на судот за случајот „Титаник“ беа наведувани причините.
Но, ако има основи за притвор, тогаш надлежноста на СЈО воопшто не е спорна, и оттаму се поставува прашањето: Зошто судот му оневозможи на СЈО да пронајде траги на кривичните дела и предметите важни за кривичната постапка во домот на осомничениот?
Првоосомничениот во случајот „Тврдина“ се сомничи дека сторил кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело фалсификување службена исправа од член 361 став 1 в.в. член 23 од КЗ и едно кривично дело фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ.
31-03-2016, 10:19 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#4

Mie po poloshki vikame shkolajgele.Toa znaci airlija rabota.da dade dospod ushte edno dvesta trista vakvi sardini.Ovega go ispratija vo shutka.tamu e bajrush.Toj sagllam ke go ........
31-03-2016, 05:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Куќен притвор за началникот Грујевски



Кривичниот совет кој денеска одлучуваше по жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, ја прифати жалбата на одбраната, дознаваме од судски извори.
Фокус 1 апр 2016, 16:55

Кривичниот совет кој денеска одлучуваше по жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, ја прифати жалбата на одбраната, дознаваме од судски извори. Советот ја преиначи мерката привор во куќен притвор. Оваа одлука на Кривичниот совет сè уште не е правосилна.
На оваа одлука на Кривичниот совет, и одбраната, но и Обвинителството имаат право на жалба до повисокиот суд.
Претходно Судот по барање на Специјалното обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на началникот Горан Грујевски. Тој е првоосомничен во предметот „Тврдина“ и е осмничен дека заедно со поранешната министерка Гордана Јанкулоска уништил два системи за прислушување со цел прикривање кој ги користел.
01-04-2016, 05:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:СЈО: ОСОМНИЧЕНИОТ НАЧАЛНИК НА УБК ОД ДОМА МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ НА СВЕДОЦИ




Тоа што началникот веќе не е на работно место, не е доволна гаранција дека нема да врши притисоци врз неговите соработници и да се договара со нив,дури и со тие што се осомничени во истиот предмет, велат во Специјалното обвинителство
5 април , 2016
Скопје (САКАМДАКАЖАМ.МК)

[Image: lence-ristovska-i-katica-janeva-05.jpg?resize=696%2C550]
 
Осомничениот началник во УБК Горан Грујевски може непречено да влијае на сведоците затоа што Кривичниот совет само му забранил да го напушта домот каде што се спроведува мерката куќен притвор, но не му ја ограничил комуникацијата, велат од Специјалното јавно обвинителство.
Од таму објаснуваат дека изречената мерка на Кривичниот совет на Основниот суд нема да ги постигне целите, затоа што осомничениот без проблем ќе може да влијае на сведоци. Бидејќи не му е ограничена комуникацијата, тој може дома да прима гост, неограничено да зборува  и на фиксен и на домашен телефон, да користи интернет…
Ако се имаат предвид „личните, семејните и материјалните прилики на осомничениот“ на кои се повикува Советот во своето решение за куќен притвор,во СЈО коментираат дека токму материјалните прилики на началникот во УБК му овозможуваат ако сака да си купи и неколку мобилни  телефони со софистицирана техника, па дури и сателитски телефон кој потешко се следи и со нив може да одржува врска со евентуални сведоци и  да влијае на нив. Токму затоа СЈО тврди дека тоа што началникот веќе не е на работно место, не е доволна гаранција дека нема да врши притисоци врз неговите соработници и да се договара со нив, дури и со тие што се осомничени во истиот предмет.
За Горан Грујевски , СЈО побара мерка притвор токму за да осигура тој да не може да влијае на сведоци.  Судија на претходна постапка му изрече мерка притвор, но Кривичниот совет ја ублажи мерката со куќен притвор.
Во случајот „Тврдина“ се осомничени шестмина службеници на МВР, вклучително и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска  дека минатата година во март нелегално уништиле средства за прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање и фалсификувале документи со кои ќе го оправдаат тоа уништување.
Тогашната министерката за внатрешни работи, посочена како третоосомничена во овој предмет на Специјалното обвинителство утре треба да се појави на распит кај судија на претходна постапка.
 
05-04-2016, 08:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

 
[Image: 12899887_1584630781852027_266553246_n-860x680.jpg]

Скопје, 8 април, 2016 - 9:56 (META) 
Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“.
Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници и со други лица, како и податоци за тоа на кои предмети работат обвинителите и како им напредува истрагата.
Податоците во тефтерот, пишува неделникот, посочувале и на сведоци со кои обвинителите на СЈО имале контакти и информации кој од нив се согласил да изнесе информации и докази за истрагите.
Грујовски во моментов издржува куќен притвор, мерка што му ја одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, откако го преиначи решението на судијата на претходна постапка за притвор.
Тој, заедно со уште четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товари дека минатата година учествувал во уништување на системите од незаконското прислушување во МВР, вредни 10 милиони евра.







Quote:Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

[Image: lence-2.png]
 


Скопје, 8 април, 2016 - 13:52 (META) 
Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина.
Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од чија содржина произлегува дека агенти на УБК или други лица, професионалци, ги следеле обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.
– Станува збор за истрага во која ни се неопходни релеватни податоци. Не знаеме како дошле до јавноста овие информации. Можам да ви потврдам дека во домот на осомничениот е најден тефтер, но во интерес на истрагата нема да ја коментираме неговата содржина. Кога постапката ќе биде завршена и кога ќе имаме релевантни податоци, ќе ја информираме јавноста – ни изјави обвнителката Ленче Ристовска.
Во тефтерот, според информациите на „Фокус“, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници и со други лица, како и податоци за тоа на кои предмети работат и како им напредува истрагата. Податоците во тефтерот посочувале и сведоци со кои обвинителите на СЈО имале контакти, како и податоци кој од нив се согласил да изнесе информации и докази за истрагите.
Грујовски е првоосомничен во случајот „Тврдина“, што го отвори СЈО. Тој, заедно со уште четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.
08-04-2016, 02:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Судот бара докази од СЈО за осомничените во „Тврдина“
 
 
 
[Image: jankuloska.jpg]

Основниот суд Скопје еден со допис се обратил до Специјалното обвинителство дека во предлозите против осомничените во случајот Тврдина барајќи докази.
Од  Судот тврдат дека СЈО не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка.
-Не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка, односно докази на кои се базира основаноста на сомнението на начин што ќе биде образложено дали кривичните дела произлегуваат од конкретна содржина на незаконското следење на комуникации, за кој период како и да ја презентираат содржината, како би се утврдило дали предлогот за определување мерка притвор и предлогот за определување мерки за претпазиливост се поднесени од овластен тужител, извести денеска Основниот суд Скопје 1.
Во предлозите се наведуваат кривични дела наводно сторени во периодот по 25.02.2015 година и во периодот на втората половина на 2015 година до средината на март 2016 година, а во смисла на член 2 од Законот за СЈО каде е наведено дека „Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на ауди снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15.07.2015 година“. При што судијата на претходна постапка го задолжува обвинителот да ги уреди предлозите во рок од 3 дена по приемот на барањето за уредување од страна на судот“ се вели во известувањето.
За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска декаво март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.
За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор,додека зао станатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.
11-06-2016, 01:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote: СЈО: Судот ни бара чудни работи за Грујевски и за Јанкулоска

Се бара од нас да ја презентираме содржината и да дадеме опис на предметите против низа осомничени. Многу е чудно тоа, велат од СЈО.


Плусинфо ● 15:40 13 јуни 2016 ●

[Image: ka1%281%29%289%29.jpg]



Специјалното јавно обвинителство денеска се огласи во врска со предметот „Тврдина“.

Со оглед дека од судот беа доставени две барања за доуредување на предлогот за определување мерка притвор и на предлогот за определување мерки на претпазливост во предвидениот рок до судот СЈО достави два поднесока кои ги пренесуваме во интегрална форма:
„Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со предлог НСК.КО бр.17/15 од 09.06.2016 година побара од судија на претходната постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје – одделението за организиран криминал да определи мерка притвор против осомничениот Горан Грујевски за кој во ова обвинителство се води истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ, едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 в.в. член 23 од КЗ и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ. Мерката е предложена поради постоење на основите за определување на таква мерка, предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.
Постапувајќи по Ваквиот предлог, без да навлегувате во неговата основаност се обративте до Јавното обвинителство со барање таквиот предлог да го уредиме во рок од три дена, а во спротивно истиот ќе го третирате како неуреден и ќе го отфрлите, повикувајќи се на одредбата од член 87 став 3 од ЗКП.
Во образложението на ваквото Ваше барање и мотивите кои ви биле пресудни да ни го вратите предлогот за притвор на доуредување можат да се забележат неколку сосема различни правни ситуации на кои се повикувате, а заедничко е што всушност ја проблематизирате надлежноста на ова обвинителство за овој конкретен предмет.
Имено, во образложението на барањето за доуредување повикувајќи се на членот 87 став 3 од ЗКП барате Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да го дополни предлогот на начин што ќе Ви образложиме дали предметните кривични дела за кои се терети Горан Грујевски произлегуваат од содржина на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите, таквата содржина да ја презентираме и на крај што можеби е нејчудно откако би Ви ја презентирале таквата содржина да дадеме опис пак на истата содржина, а сето тоа за да утврдите дали предлогот за определување на мерка притвор е поднесен од овластен тужител во смисла на член 166 и член 17 од ЗКП, а в.в. со член 2 и член и член 5 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во тој контекст Ви укажувам дека во член 21 став 1 точка 7 од ЗКП законодавецот дал објаснување за тоа кој може да биде тужител во кривичната постапка и како такви ги определил јавниот обвинител и приватниот тужител.
Во Кривичниот законик е определено за кое кривично дело кој е овластен тужител, поточно истиот определува за кои кривични дела гони приватниот тужител, а сите други се во надлежност на јавниот обвинител, како овластен тужител.Кривичните дела за кои се терети осомничениот Горан Грујевски се гонат по службена должност и овластен тужител за истите е јавниот обвинител.Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е востановено во правниот систем на Република Македонија со Законот донесен во Собранието на Република Македонија, и со тоа станува дел од Јавнообвинителската структура. Со тоа Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство станува овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност.
Надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е предвидена во членот 5 од Законот и многу јасно е наведено дека Јавниот обвинител е овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Во тој контекст јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот неможе да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства.
Значи, доколку го видите описот на дејствијата за кои се терети осомничениот Горан Грујевски во наредбата за спроведување на истрага, заедно со приложените докази ќе видите дека истиот се терети за криминални дејствија со кои незаконски е уништена опремата за следење на комуникациите, а која била користена за незаконско следење на комуникациите. Таквиот факт впрочем е утврден со правосилна пресуда на Вашиот суд, врз основа на Предлог спогодба IV КОК ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година.
Во тој контекст сметам дека нема потреба од подолго елаборирање дека незаконското уништување на опремата за следењето на комуникациите е во целост на линија со надлежноста на ова јавно обвинителство.
Имено, самото име кажува зошто тоа е основано и која му е примарна цел. Незаконското уништување на таквата опрема со криминални дејствија во насока да се покрие незаконското следење на комуникациите и сите пропратни криминални дејствија за кои постои основано сомнение дека ги извршил осомничениот Горан Грујевски во насока да се покрие незаконското уништување на таквата опрема се кривични дела поврзани со неовластеното следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Дополнително Ви укажувам дека постапувајќи по ист ваков предлог на ова обвинителство, поднесен по истите основи и за истите кривични дела, Вашиот суд има донесено правосилно решение со кое на осомничениот Горан Грујевски му е определена мерка куќен притвор, а во меѓувреме не е изменет Законот во однос на надлежноста на ова јавно обвинителство.
Сакам да ви укажам дека согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на специјалното јавно обвинителство извира од законот, кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство.
Законот за кривична постапка бара подносител на предлог за притвор да биде овластен тужител и и истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител. Впрочем постапката по предлог за притвор е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стрикни рокови за одлучување по предлог за мерка притвор ќе доведе до апсурдни ситуаци да во секој предмет судот најпрвин ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност осомничениот во меѓувреме да стане недостапен.
Сосема на крај, сакам да Ви укажам и на суштината на членот 87 од ЗКП на кој се повикувате и кој според Вас Ви дава можност да го отфрлите предлогот за притвор како неуреден.
Имено, членот 87 став 3 од ЗКП предвидува дека, ако со овој Закон (се мисли на ЗКП) поинаку не е со законот определено, органот (се мисли на судот во овој случај) што ја води постапката ќе го повика подносителот на поднесокот кој е неразбирлив или не содржи се што е потребно да го исправи поднесокот, односно да го дополни за да може по него да се постапува, а ако тој не го стори тоа во определениот рок, ќе го отфрли поднесокот.
Од Вашиот допис неразбирливо е дали предлогот за притвор е неразбирлив или не содржи се што е потребно, па поради тоа ни го доставувате на доуредување, со предупредување дека доколку не го доуредиме, истиот ќе го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате тоа се единствените можности кои ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот ни е неразбирлив или дека не содржи се што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи кои ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение согласно член 167 од ЗКП.
Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со предлог НСК.КО бр.17/15 од 09.06.2016 година побара од судија на претходната постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје – одделението за организиран криминал да определи мерки на претпазливост против осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска за кои во ова обвинителство се води истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека Тони Јакимовски сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и едно кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ, осомничената Гордана Јанкуловска сторила едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ, осомничениот Никола Бошкоски сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 24 од КЗ и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 2 в.в. став 1 од КЗ и осомничената Валентина Симоновска, за која согласно член 468 од ЗКП се води скратена постапка, сторила шест кривични дела – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ. Мерките се предложени поради постоење на основите за определување на такви мерки, предвидени во чл.146 од ЗКП.
Постапувајќи по Ваквиот предлог, без да навлегувате во неговата основаност се обративте до Јавното обвинителство со барање таквиот предлог да го уредиме во рок од три дена, а во спротивно истиот ќе го третирате како неуреден и ќе го отфрлите, повикувајќи се на одредбата од член 87 став 3 од ЗКП.
Во образложението на ваквото Ваше барање и мотивите кои ви биле пресудни да ни го вратите предлогот за мерки на претпазливост на доуредување можат да се забележат неколку сосема различни правни ситуации на кои се повикувате, а заедничко е што всушност ја проблематизирате надлежноста на ова обвинителство за овој конкретен предмет.
Имено, во образложението на барањето за доуредување повикувајќи се на членот 87 став 3 од ЗКП барате Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да го дополни предлогот на начин што ќе Ви образложиме дали предметните кривични дела за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска произлегуваат од содржина на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите, таквата содржина да ја презентираме и на крај што можеби е нејчудно откако би Ви ја презентирале таквата содржина да дадеме опис пак на истата содржина, а сето тоа за да утврдите дали предлогот за определување на мерки на претпазливост е поднесен од овластен тужител во смисла на член 166 и член 17 од ЗКП, а в.в. со член 2 и член и член 5 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во тој контекст Ви укажувам дека во член 21 став 1 точка 7 од ЗКП законодавецот дал објаснување за тоа кој може да биде тужител во кривичната постапка и како такви ги определил јавниот обвинител и приватниот тужител.
Во Кривичниот законик е определено за кое кривично дело кој е овластен тужител, поточно истиот определува за кои кривични дела гони приватниот тужител, а сите други се во надлежност на јавниот обвинител, како овластен тужител.
Кривичните дела за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска се гонат по службена должност и овластен тужител за истите е јавниот обвинител.
Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е востановено во правниот систем на Република Македонија со Законот донесен во Собранието на Република Македонија, и со тоа станува дел од Јавнообвинителската структура. Со тоа Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство стекнува својство на овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност.
Надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е предвидена во членот 5 од Законот и многу прецизно и јасно е наведено дека Јавниот обвинител е овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Во тој контекст јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот неможе да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства.
Значи, доколку го видите описот на дејствијата за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска во наредбата за спроведување на истрага, заедно со останатата пропратна документација ќе видите дека истите се теретат за криминални дејствија со кои незаконски е уништена опремата за следење на комуникациите, а која била користена за незаконско следење на комуникациите. Таквиот факт впрочем е утврден со правосилна пресуда на Вашиот суд, врз основа на Предлог спогодба IV КОК ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година.
Во тој контекст сметам дека нема потреба од подолго елаборирање дека незаконското уништување на опремата за следењето на комуникациите е во целост на линија со надлежноста на ова јавно обвинителство.
Имено, самото име кажува зошто тоа е основано и која му е примарна цел. Незаконското уништување на таквата опрема со криминални дејствија во насока да се покрие незаконското следење на комуникациите и сите пропратни криминални дејствија за кои постои основано сомнение дека ги извршиле осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска во насока да се покрие незаконското уништување на таквата опрема се кривични дела поврзани со неовластеното следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Дополнително Ви укажувам дека постапувајќи по предлогот за определување на мерки на претпазливост на ова обвинителство, поднесен по истите основи, против истите лица и за истите кривични дела, Вашиот суд започна со материјално расправање по таквиот предлог, кој се прекина поради влошена здравствена состојба на судијата, а во меѓувреме не е изменет Законот во однос на надлежноста на ова јавно обвинителство.
Сакам да ви укажам дека согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на специјалното јавно обвинителство извира од законот, кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство.
Законот за кривична постапка бара подносител на предлог за притвор или на мерки на претпазливост да биде овластен тужител и истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител. Впрочем постапката по предлог за притвор или на мерки за претпазливост е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стрикни рокови за одлучување по предлог за определување мерки за обезбедување присуство на осомничениот ќе доведе до апсурдни ситуаци да во секој предмет судот најпрвин ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност истиот во меѓувреме да стане недостапен.
Сосема на крај, сакам да Ви укажам и на суштината на членот 87 од ЗКП на кој се повикувате и кој според Вас Ви дава можност да го отфрлите предлогот како неуреден.
Имено, членот 87 став 3 од ЗКП предвидува дека, ако со овој Закон (се мисли на ЗКП) поинаку не е со законот определено, органот (се мисли на судот во овој случај) што ја води постапката ќе го повика подносителот на поднесокот кој е неразбирлив или не содржи се што е потребно да го исправи поднесокот, односно да го дополни за да може по него да се постапува, а ако тој не го стори тоа во определениот рок, ќе го отфрли поднесокот.
Од Вашиот допис не е разбирливо дали предлогот за мерки на претпазливост е неразбирлив или не содржи се што е потребно за да ни го доставите на доуредување, па ако не го доуредиме да го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате тоа се единствените можности кои ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот ни е неразбирлив или дека не содржи се што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи кои ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение согласно член 147 од ЗКП.
13-06-2016, 05:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



16-06-2016, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Кривичниот совет ја укина одлуката на судијката Поп Стефанија за „Тврдина“



      
[Image: jankuloska-izjava-pred-sud.jpg]


Скопје, 20 јуни, 2016 - 17:49 (META) 
Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на Горан Грујовски и мерките за претпазивост против останатите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет ја Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.
„Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г. кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка. По однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. исто така опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување на мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување“, стои во соопштението на судот.
Оттаму посочуваат дека против решенијата на Кривичниот совет не е дозволена жалба.
Судијката на претходна постапка, Александра Поп-Стефанија, претходно ги отфрли барања на СЈО за притвор и мерки на претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО за предметот „Тврдина“.
Од СЈО тогаш одговорија дека станува збор за одлука во која има апсурдни и нелогични тврдења.
Началникот на петтата управа на УБК и останатите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се товарат дека уништиле два системи од незаконското прислушување, вредни 10 милиони евра.
20-06-2016, 06:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Јанкуловска: Сосема сум спокојна, немам кривични дела








јуни 23, 2016
Речиси три часа траеше распитот на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која е третоосомниченa во случајот за незаконското уништување на опремата за прислушување, случај познат како„Тврдина“, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
По азвршувањето на распитот Јанкуловска посочи дека е сосема спокојна бидејќи, како што таа тврди нема направено никакви кривични дела. Во неколку наврати одби директно да одговори на новинарските прашања, дали како министерка во периодот кога е уништена опремата знаела за таквата акција .
-Овие прашања се однесуваат на оперативно технички и тактички дејствија кои се надлежност на професионалните лица во МВР, во случајов Управата за безбедност и контраразузнавање, така да би била неупатно поранешен министер за внатрешни да се впушта во инпровизација во потрага во детали и одговор за прашање, рече Јанкулоска.
По завршувањето на распитот, екс-министерката  обвини дека Специјалното обвинителство уште еднаш покажало дека работи како продолжена рака на СДСМ и дека тоа се докажало со досегашните активности на СЈО кое отварало предмети само против функционери од владејачката партија.
Според Јанкуловска, СЈО не понудило никакви докази на денешниот распит во суд, туку  побарало изземање на судијата Поп Стефанија од случајот. Со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, СЈО бара судијката да не го води овој случај.
Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.
Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.
За екс минситерката за внатрешни, барањето за изземање на судијката е потврда за политички настап на СЈО во корист на опозицијата.
-Стојам на ставот дека Специјалното јавно обвинителство води политичка пресметка во име на опозицијата со своите политички неистомисленици. Преку конструирани случаи, ксде што на луѓето за кој тие сметаат дека се нвини политички противници, им се ставаат на товар непостоечки кривични дела и денеска уште еднаш се потврди дека СЈО и понатаму го потврдува впечатокот и практично со самото тоа што во фактот што во текот на распитот СЈО побара изземање на судијата од политички мотивирани причини, е уште една дополнителна потврдина за политичкиот настап на ова Обвинителство. Без опглед на сите механизми кои ги користат, јас секогаш кога ќе ме повика судот, сум на располагање, мој интерес е да учествувам во постапката затоа што тоа е најдобар начин да се демаскираат конструкциите, рече таа.
На новинарско прашање поврзано со серијата разговори објавени од опозицијата, од кои во најголем дел се слуша и нејзиниот глас, таа вели дека се работи за нелегално стекнати снимки, но дека очекува врз основа на тоа да биде повикувана во суд.
За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска декаво март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.
За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор и по неколку дена беше ослободен по одлуката за аболиција, додека за останатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.  По укинувањето на аболицијата, предметот се враќа кај судија на претходна постапка, аа во текот на денот се очекува и првоосомничениот началник да биде повикан на распит.
23-06-2016, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:СЈО бара изземање на судијката Поп Стефанија во случајот „Тврдина“
 
 
[Image: 13514426_1135811353127142_62415732_n-777x437.jpg]

23.06.2016
НОВА дознава дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара изземање на судијката Александра Поп Стефанија во случајот на уништување на опремата за прислушување. Поранешната министерка Гордана Јанкуловска е обвинета во овој случај, а таа се води како вработена во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, СЈО бара судијката да не го води овој случај.
Минатата недела СДСМ поднесе кривична пријава против истата судијка за несовесно и нестручно работење, а таква пријава доби и претседателот на судот Владимир Панчевски. Тие тврдеа дека тој ја вработил Поп Стефанија спротивно на законите. Судскиот совет неа ја распределил во судот за прекршоци во Скопје, а Панчевски без одлука на Советот ја вработил во Кривичниот суд.
Поп Стефанија: Партиски релации и брзорастечка кариера
Порталот „Сведок“ пишуваше дека одлуката да се вработи Поп Стефанија како судија во организиран криминал била големо изненадување со оглед на тоа што таа доаѓа од судот во Неготино каде што судела прекршоци, а нејзината кариеара покуса од 5 години вклучувајќи ги и породилните искуства.
Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.
Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.
23-06-2016, 01:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:„Сваровски“ судијката го кочи случајот „Тврдина“

28/11/2016
„Сваровски“ судијката повторно го опструира случајот „Тврдина“ во кој СЈО сомничи седум лица за кривично дело фалсификување на службена исправа и уништување на документација од Управата за безбедност и контраразузнавање.






Судијката донесе одлука дека Специјалното јавно обвинителство мора да набави акт со кој доказите од незаконски набавените разговори можат да се употребат во судска постапка.
-Од судот бевме задолжени да побараме од органот кој што ги издал тие податоци дозвола за тие да можат да бидат искористени во рамка на судска постапка односно да бидат декласифицирани со степен на употреба за судска постапка, рече Ленче Ристоска додавајќи дека ова значи кратко одложување и дека се надева дека ќе успеат да го надминат овој дел со недоразбирањето со судот иако за нив не постојат никакви пречки.
Како што рече Ристеска, од страна на судијката биле известени дека не се работи за главна расправа туку за рочиште за подготовка на главната расправа во која се дебатираше тоа дали постојат или не постојат пречки судот да постапува по доказите кои што се класифицирани, и се предложени од страна на СЈО.
-Ние се обидовме да го појасниме нашето становиште на судот дека таквите докази не постојат пречка да бидат изнесени во натамошната постапка. Не е за судот непознато да постапува по квасифицирани информации особено што и законот такво нешто не забранува односно дозволува, вели Ристеска.
Од СЈО очекуваат соработка со УБК бидејќи постои законска обврска согласно член 9, став 9 од законот за специјално јавно обвинителство кој вели дека сите органи се задолжени да соработуваат со обвинителството.
Виктор Јованов
28-11-2016, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Ќе има судење за случајот „Тврдина“, Кривичен го прифати обвинението




[Image: 22855442_10155827691274629_55637660_n.jpg]


27.10.2017
Кривичниот суд попладнево го прифати обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“, дознава НОВА ТВ од извори во Судот. Тоа значи дека на обвинетите во овој случај ќе им се суди за уништување на системите за прислушување.
Обвинети во овој случај се луѓе кои беа во полицискиот врв во време на претходната Влада. Како наредбодавач, обвинет дека наложил да се уништат системите за прислушување е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. За злоупотреба на службената положба ќе одговараат екс министерката, Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, како и двајцата бегалци, бившите началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Истрагата за предметот со кодно име „Тврдина“ беше отворена на 29.03.2016 година. СЈО обелодени дека со цел да се сокријат трагите од нелегалното прислушување, биле уништени два система за прислушување од УБК вредни 10 милиони евра. Уништувањето на системите е извршено минатата година на 28 март во отпад.
Се очекува деновиве Кривичниот суд да го одреди датумот кога обвинетите ќе седнат на обвинителна клупа. Судењето може да почне без оглед дека двајца од обвинетите, Грујевски и Бошковски, не се достапни на македонските правосудни органи и се очекува нивна екстрадиција од Солун. Ним може да им се суди и во отсуство.
27-10-2017, 05:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



02-11-2017, 09:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:СЈО бара максимална казна за Грујевски – намерно ништел документи




[Image: gre.jpg]


06.11.2017
Максимална затворска казна за поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, побара обвинителката Ленче Ристоска на денешните завршни зборови на рочиштето за случајот „Тврдина 2“.
Таа побара судот да ги цени отежнителните околности, односно тоа што обвинетиот иако знаел дека постапката е во тек, избегал.
За останатите шестмина обвинети, Ристоска побара алтернативна казна и побара судот да ги цени отежнителните околности како тоа што ниту една од нив не се покајала за дејството, но и олеснителните околности како тоа дека ниту една од обвинетите нема никаква дамка во службата во претходното работење.
Ристоска во своето излагање рече дека мотивот за уништувањето на документацијата е очигледнони јасно – „да се уништат доказите за лицата кои го правеле прислушувањето”.
„Во текот на постапката успеавме да докажеме дека обвинетите ја уништиле документацијата поврзана со системите за прислушување. Обвинетиот Горан Грујевски презел низа незаконски дејствија. Тој немал законска надлежност да формира комисија за ништење на документите. Според Законот за архивско работење, Државниот архив мора да даде одобрение за ништење на документите“, рече Ристоска.
Таа рече и дека ова се докажало со низа дописи кои Грујевски ги испратил до комисијата, а и тие ги враќаат до него. Исто така, Ристоска рече дека не постои барање до Архивот за ништење на документи.
Како што рече обвинителката, биле ништени документи од 2007 до 2015 година, што значи дека не станувало збор за годишно ништење на документи.
„Намерата да се сокријат докази доаѓа и од фактот дека процесот на ништење на документацијата започнал во исто време со ништењето на системите за прислушување. УБК нема посебна процедура за ништење на материјали, што значи требало да ангажираат фирма за ништење, а не документите да ги палат во базата во Петровец“, рече Ристоска.
Адвокатот на Грујевски, Љупчо Шврговски побара судот да ги ослободи обвинетите од обвиненијата, бидејќи во овој случај не постои кривично дело.
Адвокатите Миле Петровски и Петар Василев во своите завршни зборови ја спореа надлежноста на СЈО за овој случај. Рочиштето се уште трае.
06-11-2017, 03:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Одобрена екстрадиција за бегалците Грујевски и Бошковски

[Image: grujevski-boskovski.jpg]

05/01/2018
Судот во Солун ја одобри екстрадицијата за поранешните началници на УБК, Горан Грјевски и Никола Бошковски, јавува репортерот на ТВ 24 од Солун

Грујевски и Бошковски се теретат за  уште два други процеси во Грција. Едниот е за фалсификуваните пасоши, а другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да го забави нивното враќање.
05-01-2018, 12:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Грујевски и Бошковски ќе дадат изјава пред Комитетот за азил во Солун

13.02.18   15:20
 Поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за два дена, на 15 февруари, пред Комитетот за азил во Солун ќе ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, потврдија за МИА од адвокатскиот тим.
Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.

Грујевски и Бошковски барање за добивање политички азил во Грција доставија на 29 ноември минатата година. Овој потег, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше очекуван, со оглед на тоа дека во вакви случаи, за да се пролонгира екстрадицијата следниот чекор е барање азил.
Со поднесеното барање за политички азил пак, се отвори нов паралелен и дополнителен процес. Грујевски и Бошковски, во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил.
13-02-2018, 08:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,610
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Грција нема да ги екстрадира Грујевски и Бошкоски



[Image: grujevski-boskovski-696x490.jpg]

18.05.2018
Грчкиот Врховен суд предмалку го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат одлободени од затвор, јави дописничката на МИА од Атина.
Сепак според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ја има грчкиот министер за правда кој со негова лична одлука може да реши дали двајцата ќе бидат екстрадирани од Грција.
Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошкоски илегално ја напуштиле Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.
18-05-2018, 01:18 PM
Reply