Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ИМА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Алтхаузер: Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5-ти Јуни.



[Image: althauzer.jpg]

17 March, 2016 - 14:05
Неизвесно е дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни.

Без пречистен Избирачки список, балансирано медиумско известување и одвојување на државата од партијата тоа не може да се реализира вели германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.
  -Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни. Изборите не означуваат крај на еден процес, туку се само еден од многуте чекори кои земјата треба да ги преземе за да ја поврати својата евроатланска перспектива. Договорот од Пржино е се уште жив, тој е активен, некои деЛови од него се веќе спроведени, но за некои се уште се преговара.Каква и да било влада која ќе се создаде по изборите мора да биде повикана на одговорност во однос на евроатланската политика врз основа на обврските предвидени во договорот, вели  Кристине Д. Алтхаузер, Амбасадор на Германија во РМ.                           
 Невладината ,,Цивил,, смета дека избори може да се одржат само доколку се исполнат сите услови. Дел од експертите констатираат дека напредок со анемична демократија не може да има.
 На дебатата што ја организираше невладината ,,Цивил,, на тема ,,Плурализмот и политичката криза,,  беа детектирани клучните проблеми во државата и влијанието на извршната врз законодавната и судската власт.
Јулијана Пешевска
18-03-2016, 09:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СДСМ вечерва ќе ги повлече своите членови од ДИК: Нема пазарење околу фантомските гласачи


 

Либертас од високи извори во СДСМ дознава дека раководството одлучило вечерва да ги повлече своите членови во Државната изборна комисија затоа што не ја прифаќа понудата за, како што велат пазарење, односно проверка на само 70 до 80 илјади сомнителни гласачи.

18.03.16   20:50 
[Image: dik2.jpg]


За СДСМ е доказ тоа што по вкрстувањео на податозите на базите проблематични се над 490.000 запишани гласачи, а за барем 54.000 запишани избирачи во Избирачкиот список нема никаков издаден биометриски документ од соодветните институции, чие пак поседување е услов за некој граѓанин да го оствари правото да гласа.
Партијата инсистира на терен да се оди отако ќе се усвои резултат од извешрајот од вкрстената проверка на базите.




Исправна одлука.
18-03-2016, 09:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:316.000 сомнителни гласачи, кој не сака теренска проверка? 



Објавено: 00:22, 20/03/2016 

[Image: dik-drzavna-izborna-komisija.jpg]

И покрај консензуално усвоената методологија од страна на ДИК и  усвоениот извештај за сомнителни 316.000 гласачи, сепак мнозинството во ДИК не сака да се прави теренска проверка на 124.000 гласачи кои ги има на избирачкиот список во последните девет месеци, односно од 1 јули 2015 година, а кои не се јавуваат во ниту една од десетте бази на податоци добиени од државните институции.
Членовите на СДСМ во ДИК, во текот на ноќта ја напуштија седницата на комисијата поради тоа што останатите членови се противат на теренска проверка на дополнителните гласачи кои ги нема во базите на податоци или живеат во странство.
Од комисијата посочуваа дека сето тоа не е доволен аргумент да бидат подложни на теренски проверки.
Претходно, Државната изборна комисија едногласно го усвои извештајот од вкрстените проверки на сите бази на податоци, според кои сомнителни се 316.000 гласачи.
20-03-2016, 10:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ДИК на терен ќе ги проверува податоците за 110.440 избирачи



  [Image: dik_sednica_2.jpg]


20.03.2016

Нема да има никакви проверки за најспорните 124.027 гласачи (на привремена работа или престој во странство) за кои имаше сомневање дека се иселени. Тие имаат гласачко право и не се сомнители, заклучија членовите на ДИК, без гласовите на Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ. Тие не присуствуваа за оваа точка на вечерашната седница.
Теренска проверка ќе се врши на 110.440 спорни гласачи, дополнителна административна проверка ќе се врши и на 62.837 лица, а потоа ако има потреба и оваа група гласачи теренски би се проверила. Админстративно ќе се проверат податоците и група од 35.859 гласчи (најверојатно се работи за починати лица), а за 7,345 дополнително ќе се одлучи.
Членовите на ДИК од СДСМ по извесно време се вратија на седницата.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение дека дава бланко поддршка на која било одлука на ДИК во однос на бројката за теренска или административна поддршка на податоците на гласачите.
20-03-2016, 03:47 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#5

A popis da sprovedat???
20-03-2016, 08:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(20-03-2016, 08:37 PM)Larsson Wrote: A popis da sprovedat???



Сите се плашат од попис. Aјде што се плашат Албанците од попис си имаат зошто, ги нема преку 20 %, Но зошто се плашат ДПМНЕ и СДСМ ??
21-03-2016, 05:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ДИК ќе ги провери и 124-те илјади гласачи за кои реши да нема проверка?!



 
26.03.16   13:01  

Во Државната изборна комисија во тек се дополнителни консултации за тоа како да се надмине проблемот со 124-те илјади гласачи што вкрстената проверка ги исфрли како спорни, а мнозинството во ДИК реши дека нема потреба да бидат предмет на никаква дополнителна проверка, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, во синоќешното интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат-М.

[Image: 944971_781390555328477_5219472242115528223_n.jpg]
 
За одлуката да нема проверка за оваа категорија граѓани, за која не е спорно дека има избирачко право, но нема податоци за активност во последните 8-9 месеци, поради што се претпоставува дека се во странство, гласаше и Чичаковски, а седницата ја напуштија членовите на ДИК од редовите на СДСМ.
-При гласање за оваа одлука јас се приклонив кон аргументацијата на дел од членовите на ДИК кои имаат стравување дека за оваа категорија граѓани законодавецот може да предвиди други решенија и на тој начин да им биде ограничено избирачкото право. Во таа насока поддржав такво решение за сите членови во ДИК, но најмногу за оваа група граѓани, да имаат доверба во изборниот процес, а да не создадеме дополнителна недоверба во општеството со која ќе се загрози и теренската проверка. Меѓутоа, точно е дека од ова решение останаа незадоволни други двајца членови на ДИК (н.з. од СДСМ) и за да се постигне доверба и од нивна страна во целиот процес на проверка на ибирачкиот список, ние вршиме дополнителни консултации како да го надминеме овој проблем и сите четири најголеми партии да ги вратиме во процесот и да направиме проверка на избирачкиот список на начин што сите ќе имаат доверба во процесот – рече Чичаковски.
Прашан дали овој негов одговор е најава за можна промена на првичната одлука на ДИК, Чичаковски рече:
„Во моментот сакам да истакнам само дека вршиме дополнителни консултации како сите членови на ДИК да имаат целосна доверба во процесот на проверка на ибирачкиот список.“
Изборниот законик предвидува лицата што се на привремен престој или работа во странство да се стават на посебен извод од избирачкиот список за избирачкиот одбор да им обрне поголемо внимание ако дојдат да гласаат во Македонија и на тој начин да се намали можноста за злоупотреба на нивните идентите и нивното прваво на глас од други лица.
Чичаковски не сакаше да даде оценка дали процесот на проверка и прочистување на избирачкиот список може да заврши до втората половина на април кога ДИК треба да објави на јавен увид прочистен избирачки список. Тој рече дека ДИК ќе направи се теренската и администрантивната проверка да ги заокружи до 5-ти април, а за евентуално бришење гласачи од списокот потребни и се соодветни акти од надлежните органи – МВР и Управата за водење матични книги.
Управната постапка за лицата што ќе останат спорни и по теренската и административната проверка е двостепена: прво во МВР и во Управата за матични книги, а потоа пред владина комисија, но Чичаковски не сакаше да предвидува колку време ќе траат тие постапки туку само апелираше на поголема ефикасност од надлежните институции. Со оглед на тоа што може да се случи парламентот да се распушти на 7-ми април, а во неделите подоцна да се испостави дека списокот не може да се прочисти, прашан дали ќе потпише непрочистен ибирачки список за избори да има на 5-ти јуни, Чичаковски не одговори директно, само рече дека се надева оти сите ќе направат се за целиот процес да финишира како што треба.
26-03-2016, 03:03 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

Спасојевиќ ќе одигра на воената карта за да има вонредна состојба и да се прескочат изборите за одредено време. Додека паралелната власт (технички министри и специјални органи за прогон надвор од секаков закон и надвор од уставот) не се легитимизира, а странскиот фактор од петни жили се напиња да ги легитимизира, изборите ќе бидат под знак прашање.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
26-03-2016, 04:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(26-03-2016, 04:23 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Спасојевиќ ќе одигра на воената карта за да има вонредна состојба и да се прескочат изборите за одредено време. Додека паралелната власт (технички министри и специјални органи за прогон надвор од секаков закон и надвор од уставот) не се легитимизира, а странскиот фактор од петни жили се напиња да ги легитимизира, изборите ќе бидат под знак прашање.



За тоа што го пишуваш, поточно што те задолжиле да го пренесеш треба дваица.




Quote:Играта со паралелните полициски акции е опасна авантура



Петок, 25 . 03 . 2016
[Image: dsc01179.jpg]

Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост од вчерашните паралелни и одвоени акции на министерот во МВР поставен од СДСМ и „министерот„ во МВР поставен од ВМРО-ДПМНЕ, а кој водат до натамошна дестабилизација на земјата.

Имено, поразителни се сознанијата дека полициското постапување со блокадата на Централниот регистар ја организирал министерот од СДСМ, додека полициското постапување во случајот со т.н. Фабрика за афери ја организирал „министерот„ на ВМРО-ДПМНЕ, без нивна соодветна координација и меѓусебно запознавање.
НДМ потсетува дека при полициското постапување нема место за импровизации, поделби и паралелизам на старешинскиот кадар во МВР, земјаќи предвид дека станува збор за најчуствителниот орган во земјата задолжен за стабилноста и безбедноста.
НДМ предупредува дека актуелниот паралелизам и поделби во МВР може да доведе до опасен судир и меѓу полициските службеници бидејќи истите се задолжени со оружје.
Затоа, НДМ бара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се вразумат и веднаш да постигнат единство во МВР, и оттука, ги повикуваме да престанат со натамошни делби и паралелните полициски акции кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за државата и народот.
26-03-2016, 11:36 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#10

(21-03-2016, 05:05 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(20-03-2016, 08:37 PM)Larsson Wrote: A popis da sprovedat???



Сите се плашат од попис. Aјде што се плашат Албанците од попис си имаат зошто, ги нема преку 20 %, Но зошто се плашат ДПМНЕ и СДСМ ??
Bideiki se pllashat za istoto.Da ne izleze deka allbancite se poveqe od 30%.Allbancite se za popis.No nema da dozvollat PRIVREMENO VRABOTENITE VO STRANSTVO DA BIDAT IZBRISHANI OD DEFTERI.Koj poseduva dvojno drzhavjanstvo ili  se otkazhall od makedonskoto drzhavjanstvo nemu gospod neka mu e na pomosh.Koga ke dojde makedonija ke treba da se javi vo policija kako stranski drzhavjanin i ke ima pravo na samo tri meseci prestoj godishno.Dodeka jas imam makedonska licna karta.Imam makedonski pasosh.Roden sum vo makedonija.I nekoj da me izbrishe tek tako toa nema da go dozvollam.Jas vo svajcarija sum gastarbaiter.Ako vo naseleno mesto kade e ogranicuvanje na brzina 50 km/cas vozam so 80 kilometri, po kratka postapka mi se odzemat dokumenti se ekstradiram za makedonija.Ako jas ne postojam vo makedonija KADE.
Na krai na kraevi nas allbancite nikoj ne ne prashuva.No ne se dozvolluvat llazhiranja.Shto ke praime koga so popisot ke izlezat deka ima 900 iljadi makedonci 500 iljadi allbanci i 200 iljadi ostanati.A za gjoleta gllasalle 1.8 milioni gllasaci
28-03-2016, 07:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Досега 24.413 гласачи немаат основ за живеалиште во Македонија, проверката не може да заврши до избори 



13:13, 06/04/2016
[Image: izbiracki_spisoc.jpg]

Од доставените 71.793 спорни гласачи во Избирачкиот список кои биле испратени за проверка во МВР, за 68.965 гласачи е утврдено дека поседуваат патни исправи, дознава А1он од неофицијални извори од МВР.
Од овие 68.965 гласачи, како што вели изворот, досега за 24.413 е утврдено дека имаат единствено пасоши со живеалиште на македонска адреса, но не и лична карта, која е основа за живеалиште.
Неофицијално, разликата од 24.413 до 68.965 гласачи е се уште во фаза на проверка. Бидејќи тоа е огромна и сложена операција, проценките се дека во најбрз можен рок, проверката може да заврши за минимум 2-3 месеци.
Александар Тодески
06-04-2016, 06:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12













(This post was last modified: 06-04-2016, 07:07 PM by ЈорданПетровски.)
06-04-2016, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Претседателот на ДИК нема да го потпише Избирачкиот список ако има и само еден спорен гласач 


 17:35, 06/04/2016 
[Image: drzavnaizbornakomisija.jpg]

Членовите на ДИК по петчасовна седница едногласно го усвоија Извештајот за досегашната административна и теренска вкрстена проверка на спорните гласачи.
Претседателот Александар Чичаковски рече дека ако остане и само еден спорен гласач,тој нема да го потпише Избирачкиот список. Тој побара сите институции да соработуваат со ДИК.
Не е познато како ќе постапува Државната изборна комисија, која диектно не го даде одговорот дали има или нема услови услови за парламентарни избори на 5 јуни.
06-04-2016, 07:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Вељановски: Можност да потпишам за избори една недела подоцна

[Image: Trajko_Veljanoski-golema_201462791522.jpg]


Биљана Секуловска 3:58 pm - 6 април 2016
Распишувањето и оддржувањето на изборите на петти јуни, може да се одложи до 15 април, наместо на 7 април, како што најави претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена:
– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени.
Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.
06-04-2016, 07:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Министрите и замениците на СДСМ поднесоа оставки



[Image: Oliver-Spasovski-Frosina-Remenski-735x400-640x348.jpg]

Од: Нова ТВ 3:48 pm - 6 април 2016
Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесоа оставки на функциите во Владата на Република Македонија, соопштува оваа партија.
Образложението на СДСМ е следново:
Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат.
Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р.Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор.
СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија, вели опозициската партија.
 
06-04-2016, 07:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Избори на 5 јуни - Собранието се распушти!



Среда, 06.04.2016 22:59 Македонија

Завршува мандатот на овој состав, ви се заблагодарувам и ви посакувам среќа во се што ќе работите понатаму. Поминавме низ тешки премрежија и остваривме конкетни резултати кон напредокот на Македониј. Изразувам искрена благодарност и сите да продолжиме да делуваме за доброто на Македонија- порача Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Пратениците на СДСМ се упатија кон седиштето на СДСМ за каде во 23 е најавено обраќање на Зоран Заев.
06-04-2016, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17



06-04-2016, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Вељановски ќе ги распише изборите на 15 април


Вести 7 April 2016 12:21

[Image: Trajko-Veljanovski-potpisuva.jpg]

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска соопшти дека ќе ги распише предвремените парламентарни избори на 15 април.
– Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски  избори, вели во писменото соопштение до медиумите Вељановски.
Тој апелира до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера со што, како што додава „уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности“.
Собранието на Република Македонија синоќа се распушти согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
(This post was last modified: 07-04-2016, 02:29 PM by ЈорданПетровски.)
07-04-2016, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19







(This post was last modified: 07-04-2016, 03:47 PM by ЈорданПетровски.)
07-04-2016, 03:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Брисел се јави: Уште треба да се работи за да се осигура дека изборите ќе бидат кредибилни и согласно стандардите





Од ЕК сеуште без директна позивија за најавите на опозицијата дека ќе ги бојкотира изборите.
„ Го следиме развојот на настаните во Поранешната југословенска Република Македонија многу одблиску. Што се однесува до изборите за два месеци, направен е напредок во подготовките, но уште треба да се работи за да се осигура дека изборите ќе бидат кредибилни и согласно стандардите. Клучно е дека тоа да продолжи, а ние како ЕУ ќе продолжиме да се ангажираме со партнерите на терен, вклучително и со меѓународните партнери, изјави Маја Коцијанциќ, портпарол на еврокомесарот Јоханес Хан.
07-04-2016, 03:39 PM
Reply