Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕВО НА КОНТРАПРОТЕСТИТЕ МОРА ДА БИДЕ СУДЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Во секоја демократска и правна држава институциите на системот не ги бранат контрапротестанти, параполиции и паравоени структури. Секаде институциите на системот се бранат ако за тоа се укаже потреба со институции кои според Уставот се задолжениза тоа-ПОЛИЦИЈАТА и НИКОЈ ДРУГ.
Попречувањето на со Устав загарантираното право на ПРОТЕСТ мора да се казни. МВР или ОЈО МОРА Ствчо Јакимовски да го гони кривично.
Ако не го сторат тоа а уверен сум дека нема тоа ке биде уште едно злодело за кое ке треба да се суди Зврлевски и неговата дружина.


[Image: Cdl-8E1UsAEX6Hp1.jpg] 

Има уште нешто многу страшно а што неможе да се санкционира со закон а тоа е злоупотребата на луѓето.
Таа злоуотреба најсликовито ја искажува еден од КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ. Тој вели:

- Зошто протестирате?
- За да го заштитиме Уставниот суд.
- Што мислите за одлуката да може да се помилува за изборни измами.
- Мислам дека не треба са помилува за изборен криминал.






(This post was last modified: 15-03-2016, 07:34 PM by ЈорданПетровски.)
15-03-2016, 07:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:МВР најави кривична пријава против Стевчо Јакимовски



[Image: stevceustaven.jpg]


Објавеново 16:13 16 март 2016
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска ќе поднесе кривична пријава против С. Ј. и А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.
Вчера првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А. Т. организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“ предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ. На 14.03.2016 година, велат од МВР и информираат дека платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, најавиле организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје.
„Во горе наведениот акт било наведено дека протестот ќе започне на 15.03.2016 во 18.00ч пред зградата на Владата на РМ, оттаму групата на граѓани би се упатиле кон собранието на РМ од каде групата би се упатила кон зградата на Уставениот суд на РМ. Таму групата би останала да протестира се до наредниот ден односно до објавувањето на одлуката на Уставниот суд. Мапата за движење била доставена како прилог на известувањето. На настанот организаторот претпоставувал присуство на околу 1000 граѓани и истиот се обврзал да обезбеди редарска служба од најмалку педесетина редари. За самиот настан организаторот доставил и известување до повеќето електронски и пишани медиуми. По дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот Суд на РМ од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14.03,2016 година во вечерните часови одржале прес конференција на која што пред претставниците на медиумите во РМ најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд на РМ со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд на РМ. На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР на РМ-СВР-Скопје највил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир“, се објаснува во соопштението од полицијата.
Вчера во утринските часови „по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т.“, започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, со што, соопшти МВР, С. Ј. и А. Т. сториле кривично дело.
16-03-2016, 10:48 PM
Reply